КАФЕ ПАУЗА

Tag: спиритуално

  • Филм: Животот на Пи (Life of Pi)

    Филм: Животот на Пи (Life of Pi)

    Сами избираме во што ќе веруваме

    rnrnФилм: Животот на Пи (Life of Pi)Режија: Анг ЛиrnrnУлоги: Сурај Шарма, Ирфан Кан, Адил ХусеинrnrnВреметраење: 127 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 21 ноември 2012rnrnЖанр: авантура, драмаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnАко сте ја читале книгата „Животот на Пи“ (Life of Pi) од Јан Мартел, заборавете на сите слики кои вашата имагинација ги создала за време на читањето. Екранизацијата на режисерот Анг Ли е магија која може да ја надмине фантазијата на многу читатели. Спектакуларните визуелни ефекти во 3Д техника лесно ќе ве внесат во свет каков што не сте посетиле досега. Задоволството од следењето на овој празник за очите ќе трае додека го гледате филмот, ќе трае и долго после тоа. Но, кога ќе дојдете до неговиот крај ненадејно ќе ви ги плесне в лице силните пораки што ги носи и оттогаш тој за вас ќе се претвори во незаборавно духовно патување.Филм: Животот на Пи (Life of Pi)Во воведот во таа авантура еден писател се среќава со Пи Пател затоа што слушнал дека има да му раскаже извонредна приказна според која може да напише книга. Пи ќе му вети дека ќе му ја раскаже, но и дека на крај ќе го убеди да верува во Бог. Почнувајќи од детството и адолесценцијата, кога практикувал три религии одеднаш во желба подобро да го запознае Бог, стигнува до кулминацијата кога останува сам на сред Пацификот во еден чамец заедно со тигар.Филм: Животот на Пи (Life of Pi)Неговото семејство поради финансиски проблеми ќе мора да ја затвори зоолошката градина што ја поседува и да се пресели во Канада. Со себе ќе ги понесат животните од зоолошката затоа што таму можат да ги продадат поскапо, но нема да стигнат до ветената земја откако бродот со кој патуваат ќе потоне поради бура. Пи е единствениот човек кој ќе преживее благодарение на чамецот за спасување, а во него друштво ќе му прават зебра, орангутан, хиена и тигар. За кратко време животните ќе се испоубијат меѓу себе и ќе останат само Пи и тигарот. Нему не му останува ништо друго освен да си направи мал сплав врзан за чамецот каде што ќе ги смести залихите од храна и вода за пиење и ќе биде безбеден.Филм: Животот на Пи (Life of Pi)Предизвикот со кој главниот јунак понатаму се соочува на сред океан е психолошката војна помеѓу него и тигарот за тоа кој ќе има повеќе храброст и надеж за да преживее подолго. Во таа битка една во друга се прелеваат две паралелни приказни со истата драма и истите ликови: едната е буквално таква каква што ја гледате на екранот, а во другата животните се алегорија на човечки карактери. Самите одбирате во која од нив ќе верувате.rn
    rn

    „Во животот е важно да расчистиш со работите како што треба. Само тогаш можеш да се помириш. Во спротивно, ти остануваат зборови кои требало да ги кажеш, но никогаш не си ги кажал, а на твоето срце му тежи грижа на совест“. – Пи Пател.

    rnФилм: Животот на Пи (Life of Pi)Овој избор го правите дури на крајот. Тоа не го прави филмот тежок за следење и лесно ќе го разберете. Не е комплициран, доста јасно ги пренесува пораките, а особено ќе им се допадне на љубителите на литературата. Темите што ги обработува се слични на оние од делата на Херман Хесе и Пауло Коелјо, така што нивните фанови не би требало да се двоумат дали да ја изгледаат екранизацијата на „Животот на Пи“.rn
    rn

    „Претпоставувам дека на крајот целиот живот се претвора во чин на помирување, но секогаш најмногу ме боли тоа што не сум имал можност да се збогувам (со минатото)“. – Пи Пател

    rnФилм: Животот на Пи (Life of Pi)Дополнителен мотив мора да бидат и техничките карактеристики на овој филм. Собра неколку Оскари, меѓу кои за најдобра режија, за кинематографија и визуелни ефекти. Оној последниот е резултат на живописните кадри кои се плод на најдобрите филмски визуелни ефекти кои светот ги видел досега. Едноставно, „Животот на Пи“ допира до сите сетила до кои може да допре еден филм, особено ако го гледате во 3Д. Ќе треба да почекаме некое време пред да се појави некое слично вакво остварување.Филм: Животот на Пи (Life of Pi)Филм: Животот на Пи (Life of Pi)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стара црква претворена во модерна библиотека

    Стара црква претворена во модерна библиотека

    Досега сме имале прилика да видиме безброј инвентивни решенија, кога станува збора за модерни библиотеки. Но, холандскиот синџир библиотеки „Selexyz“, дефинитивно ја поседува една од најнеобичните библиотеки на целиот свет. Станува збор за поранешна црва од 13 век, која се наоѓа во градот Мастрих во Холандија. Овој проект е реализиран благодарение на архитектонската компанија „Merkx + Girod“. Тие успеале да направат фузија помеѓу спиритуалното и модерното, правејќи ја оваа библиотека многу несекојдневна.Стара црква претворена во модерна библиотекаКатедралата се простира на површина од 750 квадратни метри, но е доста висока, па архитектите решиле да ја искористат оваа поволност. Тие ја граделе библиотеката во вертикала, без притоа да ги оштетат религиозните мотиви или структурата на градбата. Во самата библиотека има и прекрасно кафуле, кое им овозможува на посетителите вистински да уживаат во својата пауза.Стара црква претворена во модерна библиотекаСтара црква претворена во модерна библиотекаСтара црква претворена во модерна библиотекаСтара црква претворена во модерна библиотекаСтара црква претворена во модерна библиотекаСтара црква претворена во модерна библиотекаСтара црква претворена во модерна библиотекаСтара црква претворена во модерна библиотекаЗа крај погледнете ги овие модерни куќи и овој ноќен клуб, кои некогаш исто така биле цркви.rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вистинската боја за вашата спална соба

    Вистинската боја за вашата спална соба

    Секоја боја има своја енергија и вибрација, а различните нијанси будат различни емоции. Бидејќи сите ние сме различни помеѓу себе, бојата на нашата спална соба треба правилно да ја избереме, во согласност со нашите интереси и потреби.rnrnВистинската боја за вашата спална собаrnrnСекоја боја кореспондира со различна страна на компасот, па затоа најважно е најпрво да се утврди каде е точно лоцирана. Како генерално правило, собите кои се наоѓаат на север и исток најдобро одговараат со ладни бои, како што се сината, зелената и виолетовата. Собите пак, кои се наоѓаат на запад и на југ, најдобро кореспондираат со топлите бои, како црвена, портокалова и жолта. За белата се вели дека има моќ на исцелување. Особено е препорачливо да се употреби во северниот дел од собата.rnrnЦрвената е полна со енергија и е активна боја која има стимулативен ефект на вашето тело. Не е препорачлива за спални соби, особено не за детски, бидејќи може да вознемирува во спиењето. Но, доколку се чувствувате летаргично или пак мислите дека тешко се мотивирате, употребата на црвената боја на југозападниот дел од собата може да ви го подигне нивото на енергија. Таа често се поврзува со чувството за мирис.rnrnВистинската боја за вашата спална собаrnrnПортокаловата е боја на среќата, која инспирира на социјална интеракција и на оптимизам. Нејзините воздигнувачки ефекти ја прават многу забавна, па затоа е препорачлива за детски соби. Најдобро е да се употреби во соба која е свртена јужно. Доколку собата не се наоѓа свртена кон југ, можете да ставите некаква декорација или некое парче уметност на јужниот ѕид. Таа често се поврзува со чувството за вкус.rnrnВистинската боја за вашата спална собаrnrnЖолтата боја го стимулира умот и ја поддржува комуникацијата и концентрацијата, правејќи ја идеална за соба за работа и учење. Но, таа е и една од најдобрите бои за спална соба и може да се употреби за соба која се наоѓа на исток, југоисток, југ или југозапад. Таа често се поврзува со чувството за вид.rnrnВистинската боја за вашата спална собаrnrnЗелената ја претставува природата и го симболизира балансот, изобилството и  исцелувањето. Зелената може да се додаде во собата, преку бојадисување, растенија или преку парчиња уметност. Зелената е најефективна во соби кои се наоѓаат на север или пак на северниот дел од собата. Таа хармонизира и создава мир. Зелената боја често се поврзува со чувството за допир.rnrnВистинската боја за вашата спална собаrnrnСините нијанси се познати по нивните смирувачки и исцелителни моќи. Бидејќи делува психолошки, сината боја е идеална за спална соба, особено за луѓе кои се премногу активни и зафатени по цели денови или пак за оние кои патат од вознемиреност. Сината боја се поврзува и со креативност и инспирација, па затоа е одлична и за детска соба. Сината боја е најефективна доколку собата е свртена кон запад или северозапад, а често се поврзува со исцелување.rnrnВистинската боја за вашата спална собаrnrnТемносината боја е длабоко спиритуална и најдобро е да се употребува во спалната соба на луѓе кои имаат силна верба. Таа е одлична за употреба во соби за одмор, релаксација и опуштање.rnrnВистинската боја за вашата спална собаrnrnВиолетовата има најголем смирувачки ефект од сите бои и е одлична за спални соби и соби за мирување. Таа исто така се поврзува со спиритуалноста.rnrnВистинската боја за вашата спална собаrnrnДоколку сакате совети во врска со изборот на соодветната боја за која било соба во вашиот дом, прочитајте ја серијата содржини на тема: „Боите во домот го менуваат вашето расположение“, и тоа доколку се љубители на топли бои, ладни бои или на неутрални бои во уредувањето, а информирајте се и детално за значењето на боите околу нас.