rnПокрај останатите квалитети и карактеристики, секој хороскопски знак има и свои спиритуални дарби и таленти. На тој начин успеваат да воспостават баланс во себе, но и да ги задржат мирот и фокусот. Дознајте која спиритуална дарба ја има вашиот хороскопски знак.rnrn
rn
Овен
rnКон спиритуалното, пристапуваат како и кон сè друго во животот – директно. Искрени се во своите намери и верувања, но претераната самодоверба може да ја засили ароганцијата.rnrnНивниот карактеристичен спиритуален талент е прекогницијата, па затоа тие умеат да дознаат сè пред сите останати.rn
Бик
rnБиковите полека, но сигурно, чекорат кон спиритуалниот развој. Внимателни се, но и умеат да се чуваат од психички напади. Поради тоа што се реални и отворени, лесно учат нови спиритуални дисциплини.rnrnПарапсихологијата е нивниот специфичен талент, па поради тоа полесно ги примаат сите спиритуални траги од околината.rn
Близнаци
rnТие обожаваат да комуницираат и да делат совети на другите, но претераното размислување може да биде пречка во духовното отворање. Поради тоа, потребно е да го ограничат степенот на комуникација.rnrnБлизнаците се родени медиуми, па доколку ја негуваат оваа дарба, можеби еден ден ќе може да бидат поврзани со духовниот и реалниот свет истовремено.rn
Рак
rnЧувствителен и внимателен знак, чии стравови можат да ја блокираат комуникацијата. Нивната сочувствителна страна е позитивниот дел од нивната личност, но и се доволно мудри да препознаат ако некој си поигрува со нив.rnrnРаковите интуитивно разбираат слики и симболи, па би можеле да бидат надарени за толкување тарот карти.rnrn
rn
Лав
rnЛавовите уживаат во вниманието што го добиваат од другите, а имаат и изразена интуиција, која често се граничи со видовитост. Она што им пречи да го остварат својот природен спиритуален талент, е големото его.rnrnВидовитоста, односно талентот да се претпостават одредени последици и случувања, може многу да им помогне и на самите Лавови, но и на нивните блиски.rn
Девица
rnТие имаат голем потенцијал, кој за жал, е згушен од недостатокот на самодоверба и лежерниот став кон животот. Доколку ги победат овие пречки, лесно може да пристапат до библиотеката на духовните знаења.rnrnТие обожаваат астрологија, а и често може точно да го погодат вашиот хороскопски знак само врз основа на краток разговор или од самата ваша појава.rn
Вага
rnВагите тешко ја прифаќаат спиритуалната енергија, бидејќи се плашат дека погрешно ќе ја користат. Затоа, треба да бидат храбри и отворени и да престанат да ја негираат својата спиритуална енергија.rnrnРодени се за Таи Чи или било која друга медитација во движење. Поради тоа, спиритуалната енергија е лесно достапна за нив, од моментот кога ќе ја препознаат.rn
Скорпија
rnТие се мистични и поседуваат голем потенцијал за канализирање на спиритуалната енергија. Воодушевени се од окултното и непознатото и сакаат да ја истражат оваа тематика.rnrnОна за што се талентирани е телепатијата. Сакаат да дознаат што другите мислат, но и да се обидат да манипулираат со мислите на другите.rnrn
rn
Стрелец
rnОвој знак е скептичен во однос на тоа дали верува во спиритуалноста, но секогаш добива јасен знак дека постои нешто над светот кој ни е познат. Во кризни ситуации тие успеваат да ја увидат и препознаат спиритуалната енергија која ги следи.rnrnТие би можеле да бидат одличен астрален патувач, во моменти кога се целосно отворени за енергијата на спиритуалниот свет.rn
Јарец
rnТие спиритуалниот свет го сфаќаат сериозно и ги нервира кога некој се обидува да го побие нивното мислење. Нив ги привлекуваат старите спиритуални обреди, додека кон новите се сомничави и скептични.rnrnЈарците може да покажат талент во толкување на древни записи, руни или други знаци поврзани со спиритуалноста.rn
Водолија
rnВодолиите се свесни дека постои нешто над овој свет, но трагаат по рационален научен одговор на спиритуалните феномени на кои сведочат. Но, тие ја чувствуваат енергијата на другите ентитети.rnrnСо помош на спиритуалниот канал со другите ентитети, нивната свест може да гледа и слуша што таму се случува.rn
Риби
rnТие се вистински емпати, препуштени на спиритуалните вибрации. Често се преполнети со емоции кои им ги мешаат спиритуалната енергија и реалноста.rnrnЗа Рибите може да се каже дека се екстрасенс, односно исклучително чувствителни луѓе кои можат да ја почувствуваат вашата болка, емоција и психолошка состојба.rnrnПрочитајте повеќе и за осмата чакра.