КАФЕ ПАУЗА

Tag: сознанија

  • Што навистина значи доколку жолтата е вашата омилена боја?

    Што навистина значи доколку жолтата е вашата омилена боја?

    Жолтата боја е една од најмалку омилените бои во светот. Значи, кога ќе прашате некого, „Која е вашата омилена боја?“, многу ретко се случува да добиете одговор „жолта“. Но, всушност, овој одговор може да каже многу за личноста и она што го кажува е најчесто добро. За малкумината кои ја сакате оваа боја, издвоени се неколку интересни сознанија кои ќе ве изненадат.rnrnrnrnСподелуваме со вас сè што оваа боја кажува за вас, за да можете да бидете горд вљубеник во жолтата боја.rn

    1. Уживате во учењето и споделувањето знаење

    rnШто навистина значи доколку ваша омилена боја е жолтата?rnrnЛуѓето кои ја издвојуваат жолтата боја како нивна омилена боја, уживаат во учењето и споделувањето на нивното знаење со други луѓе. Тоа не се однесува секогаш на некое специфично знаење, туку на некои тривијални или чудни информации. Вие сакате да бидете паметни и да научите што е можно повеќе.rn

    2. Имате многу среќа

    rnШто навистина значи доколку ваша омилена боја е жолтата?rnrnВие секогаш имате среќа, не затоа што животот ви е совршен, туку затоа што сте позитивна личност која е во потрага по среќата и затоа што секогаш се обидувате да ја видите чашата половина полна. Се трудите да ја видите светлата страна од нештата и да извлечете максимум од ситуацијата.rn

    3. Вие сте како сонце

    rnШто навистина значи доколку ваша омилена боја е жолтата?rnrnАко сте „луди“ по жолтата боја, луѓето често ве споредуваат со сонцето бидејќи сте „светли“, позитивни и во постојана потрага по среќата. Нема облаци и лошо време кога сте во близина. Ова се случува затоа што секогаш се трудите да ја видите добрата страна на секоја ситуација во која се наоѓате, па затоа вие сте оние со насмевка на лицето во секое време.rn

    4. Вие сте многу комуникативни

    rnШто навистина значи доколку ваша омилена боја е жолтата?rnrnАко ви е жолтата боја омилена, значи дека најверојатно сте многу комуникативна личност која ужива во предизвиците. Не ви е проблем да се дружите. Запознавањето со нови луѓе и разговорот со нив е нешто што го правите со леснотија, па дури и ако сте срамежливи.rn

    5. Динамични сте, но внимателни

    rnШто навистина значи доколку ваша омилена боја е жолтата?rnrnАко сметате дека сте вљубеник во жолтата боја, вие сте динамична личност, но тоа не значи дека не сте внимателни. Вие правите пресметки и не донесувате одлуки без детално да анализирате. Понекогаш може да бидете импулсивни, но се обидувате да се заштитите што е можно подобро, за да можете да уживате во сите прекрасни работи што животот ги нуди.rn

    6. Забавни сте!

    rnШто навистина значи доколку ваша омилена боја е жолтата?rnrnЛуѓето кои уживаат во жолтата боја обично се забавни и многу весели. Може да сте познати како „кловнови“ во групата бидејќи секогаш сте весели и сјаете. „Останете позитивни“ е вашето мото. Вие сте забавни и тоа е навистина одлично затоа што луѓето уживаат во ваша близина додека вие зрачите и правите сè да биде добро.rnrnМожеби сакате да прочитате и зошто жените ја мразеа оваа боја, но сфатија дека не се во право, а оваа нијанса ќе ви даде побогат изглед.rnrn 

  • 10 сурови сознанија кои најмногу ќе го зајакнат вашиот карактер

    10 сурови сознанија кои најмногу ќе го зајакнат вашиот карактер

    Карактерот и мудроста се развиваат со текот на времето. Тие произлегуваат од подемите, лекциите и победите. Всушност, семето на нашиот напредок се наоѓа во минатите неуспеси. Нашите најголеми приказни потекнуваат од најголемите пречки со кои сме се соочиле. Погледнете ги 10-те сурови вистини кои најмногу ќе го зајакнат вашиот карактер.rnrn10 сурови сознанија кои најмногу ќе го зајакнат вашиот карактерrn

    1. Првиот чекор никогаш не е лесен

    rnПочетоците на вистинските нешта се секогаш најтешки, но оваа тешкотија ќе ве однесе до врвот. Бидете силни и издржете. На крајот ќе ви се исплати. Најголемото чудо кај успехот нема да биде тоа што сте завршиле, туку силата и храброста кои ви биле потребни за да почнете. Не заборавајте дека и силните чувствуваат слабост, разликата е што тие продолжуваат понатаму.rn

    2. Добрите нешта никогаш не се брзи и лесни

    rnЖивотот не е лесен, но навистина вреди. Ако очекувате да биде лесен, постојано ќе се разочарувате. Прилагодете го вашиот труд на вашите цели, правете секој ден чекор плус и борете се посилно од кога било. Упорноста е најчеста одлика на успешните луѓе. Тие едноставно не сакаат да се откажуваат. Колку подолго издржите, толку е поголема веројатноста дека ќе се случи нешто што ви е од корист.rn

    3. Секогаш ќе имате помалку контрола отколку што мислите

    rnЕдинственото нешто што можете целосно да го контролирате се вашите реакции во разни ситуации. Колку повеќе се прилагодите на реалноста, толку полесно ќе се справите со неуспесите. Нема потреба да контролирате сè за да пронајдете мир и среќа. Само дајте го најдоброто од себе и дозволете ѝ на судбината да си го направи своето.rn

    4. Не можете да го избегнете ризикот без да го избегнете животот

    rnЖивотот е ризик. Среќата е ризик. Ако понекогаш воопшто не ви е страв, нешто не правите како што треба. Немојте да се грижите за грешките и неуспесите, грижете се за животот што не го живеете и среќата што ја пропуштате. Дозволете си да излезете од удобната зона и учете од вашите грешки.rn

    5. Најголемите проблеми обично се само во вашата глава

    rnГлавната причина за несреќа и пораз не е моменталната ситуација, туку мислите за неа. Среќата и успехот се сведуваат на две состојки – начинот на кој размислувате и начинот на кој делувате врз основа на вашите мисли. Луѓето се неверојатни кога почнуваат да мислат дека можат да прават неверојатни нешта. Често, да го пронајдете вашиот пат не значи да откриете нешто ново, туку да употребите нова перспектива за нештата што се веќе овде.rn

    6. Долготрајната среќа не се купува туку се заслужува

    rnПрестанете да се грижите за нештата што можете да ги допрете и грижете се за нештата што можат да ве допрат. Секој има барем една страст што го оживува, а вашата должност е да ја пронајдете и да ја задржите. Што и да правите, немојте да го жртвувате животот и да се помирите со преживување. Уживајте во даровите што не се купуваат со пари. Ветете си дека ќе останете верни на вашата љубов и вредности.rn

    7. Нема да ве поддржуваат сите

    rnАко секоја навреда и лош збор ги сфаќате сериозно, ќе бидете навредени до крајот на животот. Едно од најослободувачките нешта што можете да ги научите е дека не треба да се сложувате со сите и не мора сите да се согласуваат со вас. Потребно е долго време за да престанете да си судите низ туѓи очи, но штом ќе го направите тоа, светот ќе биде ваш. Па, престанете да се грижите за туѓото мислење бидејќи потребно ви е само вашето одобрување.rn

    8. Подобро ви е без некои луѓе

    rnВо најтешките моменти од животот ќе откриете кои луѓе ви се вистински пријатели. Забележете кој останува со вас, а кој не и биде благодарни за оние што ќе си заминат и ќе ви остават простор за луѓето кои ви се вистински потребни.rn

    9. Не можете да бидете среќни без одредена количина тага

    rnНеопходно е да има малку тага во вашиот живот. Не може да очекувате да чувствувате задоволство ако никогаш не сте почувствувале болка. Не постои радост без тага, надеж без несигурност и слично. Животот е серија подеми и падови, авантура која бара ризикување и делување, кое може да заврши со успех или неуспех.rn

    10. Што било, било, животот продолжува понатаму

    rnАко се чувствувате лошо поради нешто што се случило во минатото, тоа може многу да влијае на вашата продуктивност во сегашноста. Можете да се сожалувате или да го третирате тој настан како дар што ви овозможува осознавање. Вдишете длабоко, сè ќе биде во ред. Можеби не денес, но подобри денови секако ќе дојдат. Ќе има периоди кога ништо нема да ви оди по план, ќе се чувствувате заглавено, но нема засекогаш да биде така. Понекогаш е потребно да останете позитивни што е можно подолго за да го видите сонцето зад густите облаци.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека имате силен карактер.

  • Необични факти за Фејсбук кои веројатно не сте ги знаеле

    Необични факти за Фејсбук кои веројатно не сте ги знаеле

    Популарната социјална мрежа која го револуционизираше електронскиот медиум и користењето на светската Интернет мрежа – Фејсбук, покрај основните и добро познатите правила и функции и нашата секојдневна употреба, крие и неколку интересни факти и сознанија за кои досега веројатно не сте слушнале. Фејсбук постои уште од 2004-тата година и оттогаш па наваму брои милиони корисници кои се во постојан контакт со своите пријатели и познаници. Како еден од најуспешните бизнис проекти, компанијата вреди приближно 50 милиони долари, а во продолжение прочитајте 10 од нејзините најнеобични факти.rnrn

    Не можете да го блокирате Марк Закерберг, на Фејсбук.
    Не можете да го блокирате Марк Закерберг на Фејсбук
    rnrn

  • 8 интересни факти за веѓите кои можеби досега не сте ги знаеле

    8 интересни факти за веѓите кои можеби досега не сте ги знаеле

    Ви ги издвојуваме 8-те најинтересни и малку бизарни факти за веѓите кои има големи шанси досега да не сте ги чуле. Со оглед на тоа што тие се една од главните знаци за убавина, овие факти можат добро да ви дојдат и во нивното понатамошно негување.rnrn(1) 8 интересни факти за веѓите кои можеби досега не сте ги знаелеrn

    1. И веѓите можат да имаат локни

    rnПонекогаш може да се случи и веѓите да добијат виткана форма, исто како и кај косата. Ова се случува кај оние кои имаат природно кадрава или брановидна коса, но неретко се појавува и кај оние со рамна. Доколку сакате да ја намалите нивната појава, вие треба да ги отстранувате влакната во правецот кон кој растат.rn

    2. Тие се поактивни за време на летото

    rnВлакненцата кои ги чинат веѓите растат многу побрзо за време на летото, најмногу поради топлото време и фактот што и ние сме поактивни во овој дел од годината. За време на зимата тие растат многу побавно, па затоа и ви делува како повеќе да се средени.rn

    3. Веѓите можат да ви овозможат подобар вид

    rnОбликот на челната коска, како и самите веѓи, имаат уникатен дизајн со цел да го задржат дождот, влагата и потта подалеку од очите, правејќи го нашиот вид секогаш јасен.rn

    4. Мона Лиза нема веѓи

    rnНикогаш не сте размислувале за тоа, зар не? Само замислите колку туристи ја фотографирале оваа позната слика без притоа да го забележат овој интересен факт. Постои еден извештај од 2007 година каде што се претпоставува дека Леонардо да Винчи или намерно ги изоставил веѓите или пак, тие случајно биле отстранети за време на чистењето на сликата.rnrn(3) 8 интересни факти за веѓите кои можеби досега не сте ги знаелеrn

    5. Гелот за веѓи не бил отсекогаш хит

    rnГелот е модерен од неодамна бидејќи денешните веѓи се средена верзија од дебелите и густи веѓи кои биле хит во 80-тите. Порано се користела невидлива маскара со цел да се задржат веѓите на своето место, додека денес постојат најразлични специјални производи кои меѓу другото се и водоотпорни.rn

    6. Веѓите не го менуваат обликот на лицето

    rnНо, тие без сомнение им даваат на луѓето впечаток за нашето расположение. Дали сме среќни, лути, изненадени? Нивната задача е да го дополнат начинот на кој однатре се чувствуваме.rn

    7. Споените веѓи порано биле знак за интелигенција

    rnВо многу култури за време на историјата, споените веѓи поттикнувале огромна почит.rn

    8. Стресот влијае врз растот на веѓите

    rnСтресот може да влијае врз брзината со која ви растат веѓите, како и дали тие воопшто ќе растат.

  • „Рандом“ изненадувачки факти

    „Рандом“ изненадувачки факти

    Сте знаеле ли колку слоновите се плашат од пчели, или колкав процент од убиствата се разрешуваат? Светот е чудно место каде секојдневно се случуваат многу интересни работи и се дознаваат многу зачудувачки факти. Овие факти ќе ве изненадат, зачудат или пак насмеат.rnrnРандом изненадувачки фактиrn

      rn011

    • Џон Бон Џови е сопственик на ресторан кој нема ценовник. Гостите плаќаат онолку колку што имаат или волонтираат во замена за својот оброк.
    • rn011

    • Кошаркарот Тим Данкан ја жртвувал својата кариера и наместо директно да замине во НБА лигата, останал 4 години да заврши факултет. Тој на својата мајка додека била на смртна постела ѝ дал ветување дека ќе дипломира, па така и сторил.
    • rn011

    • Луѓето многу често имитираат нечиј говор поради симпатија кон личноста, со цел да се зближат и да се асоцираат со нив.
    • rn011

    • Едно истражување покажало дека брокерите се повеќе манипулативни и помалку совесни од дијагностицираните психопати.
    • rn

    rnРандом изненадувачки фактиrn

      rn011

    • Астронаутите кои се вратиле од вселената, тврдат дека истата мириса како прегорен стек или жежок метал.
    • rn011

    • Ако умрете во Амстердам без најблиските и никој не дојде на вашиот погреб, поет ќе напише песна за вас и ќе ја рецитира на вашиот погреб.
    • rn011

    • Бил Клинтон испратил вкупно 2 имејл-пораки за време на неговата функција како претседател.
    • rn011

    • Дени Трејо е познат по улогите на негативци кои ги толкува. Тој самиот тврди дека одбира такви улоги за да ги научи младите што се случува со лошите луѓе, дека тие завршуваат во затвор или умираат.
    • rn

    rnРандом изненадувачки фактиrn

      rn011

    • Главниот преведувач во европскиот парламент, Лоанис Икономоу, течно зборува 32 светски јазици.
    • rn011

    • Дури 70% од убиствата во Детроит не се разрешуваат.
    • rn011

    • На Шон Конери му била понудена улогата на Гандалф во „Господарот на прстените“, но тој одбил образложувајќи дека не го разбирал сценариото. Доколку прифател ќе заработел 400 милиони долари, со оглед на тоа што му биле понудени 15% од заработувачката.
    • rn011

    • Во текот на деведесеттите, сите учителки во Северна Кореа со цел да добијат сертификат, морале да знаат да свират на хармоника.
    • rn

    rnРандом изненадувачки фактиrn

      rn011

    • Куче-скитник има спасено 50 американски војници во Авганистан. Преку група на Фејсбук биле собрани 21.000 американски долари со цел да се доведат кучињата скитници во Америка и да се спојат со американските војници.
    • rn011

    • Норвешка добива 98-99% од својата електрична енергија преку хидроцентрали, повеќе од која било друга земја.
    • rn011

    • На Фејсбук постојат околу 30 милиони профили на луѓе кои се починати.
    • rn011

    • Во најголемиот затвор во Боливија има посебно општество за затворениците, во кое нема ни стражари. Затворениците си одбираат свои лидери, имат свои закони, се вработуваат за да платат кирија за своите ќелии, а доколку сакаат можат да живеат таму со своите семејства.
    • rn011

    • Во 1973 година, пијан возач удрил во најизолираното дрво во светот и го уништил. Дрвото се наоѓало во средината на пустината Сахара.
    • rn011

    • Местото Окинава во Јапонија има повеќе од 450 жители кои се постари од 100 години, и е познато како најздравото место во светот.
    • rn011

    • Збирот на сите броеви на тркалото за рулет е 666.
    • rn

    rnРандом изненадувачки фактиrn

      rn011

    • Оригиналната верзија на филмот „Трон“ не ја добил наградата за најдобри специјални ефекти, бидејќи продуцентите биле обвинети дека „лажеле“ со тоа што употребувале компјутери.
    • rn011

    • Поради количината на гранит во неговата конструкција, Централната станица во Њујорк произведува повеќе радијација отколку што е дозволиво во нуклеарна постројка.
    • rn011

    • Кевин Спејси е актер кој навистина го чува својот приватен живот за себе. Самиот тој има изјавено: „Колку помалку знаете за тоа каков сум во приватниот живот, толку моите улоги во филмовите се поубедливи.“
    • rn011

    • Кондомите „Магнус“ се дизајнирани така што би биле прикладни за многу мажи. Ова е еден вид маркетиншки трик, бидејќи нивното купување навистина го поттикнува егото.
    • rn

    rnРандом изненадувачки фактиrn

      rn011

    • Слоновите премногу се плашат од пчели. Тие дури имаат и звук со кој меѓусебно си сигнализираат кога доаѓаат пчели.
    • rn011

    • Диктаторот Сталин толку го мразел својот син, што кога тој безуспешно се обидел да се самоубие, Сталин искоментирал „Тој не може ни да пука право“. За време на војната кога неговиот син бил киднапиран од страна на Германците, Сталин ја одбил размената со војници за да го врати назад.
    • rn011

    • Коко е позната горила, за која се вели дека покрај другото, разбирала над 2.000 англиски зборови. За време на нејзината средба со телевизиската ѕвезда господин Роџерс, Коко му ги соблекла чевлите исто како што тој го направил тоа во почетоците на неговото шоу. Коко еднаш ги излажала своите тренери со помош на јазик со знаци, обвинувајќи едно маче за штетата на ѕидот која сама ја предизвикала.
    • rn

    rnРандом изненадувачки фактиrn

      rn011

    • Помеѓу 1939 и 1989 во Шпанија биле украдени околу 300.000 новороденчиња од страна на поврзана мрежа за криминал, која се состоела од доктори, медицински сестри, свештеници и калуѓерки. Тие им кажувале на родителите дека нивните деца умреле.
    • rn011

    • Има казна од 5 долари за кој било член на академијата Top Gun за цитирање на истоимениот филм.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Факти за кофеинот кои треба да ги знаете

    Факти за кофеинот кои треба да ги знаете

    Кофеинот за првпат бил изолиран во 1820 година, а денес се смета за „скриена дрога“ која може да се најде во многу популарни пијалаци и лекови. Факти за кофеинот кои треба да ги знаете

    rnrn

      rn011

    • Хемискиот назив на кофеионт е 1,3,7-триметилксантин.
    • rn011

    • Кофеинот се создава по природен пат во дури 60 различни растенија меѓу кои спаѓаат и зрната кафе (најчестиот извор на кофеин), листовите чај, гуараната (изворот на кофеин во енергетските пијалаци) и оревите од видот Кола.
    • rn011

    • Кофеинот се добива со варење под притисок на зрната и листовите со помош на јаглерод диоксид. На тој начин се добива кофеин во форма на прашок.
    • rn011

    • Умереното количество на кофеин го зголемува нивото на допамин заради што се чувствуваме посреќни и ги блокира рецепторите за аденозин што ја намалува сонливоста.
    • rn011

    • Меѓу другото, кофеинот ја зголемува способноста за учење, разбирање, памтење, рефлексно реагирање и појасно размислување.
    • rn011

    • Кофеинот има исто влијание врз одредени делови од мозокот како и кокаинот, хероинот и амфетамините. Разликата е во тоа што ефектите на кофеинот се поблаги од ефектите на другите супстанци.
    • rn011

    • Но, кофеинот има и негативни ефекти. Тој предизвикува несоница затоа што стимулативниот ефект на кофеинот го одржува мозокот активен и ја блокира потребата за сон. Освен тоа, кофеинот делува како диуретик и поттикнува често уринирање што е уште една причина за несоница. Кофеинот, исто така, ја забрзува работата на дигестивниот систем и може да предизвика дијареја.
    • rn011

    • Атлетичарите имаат голема корист од кофеинот. Пет милиграми кофеин на еден килограм од телесната тежина ја зголемуваат издржливоста преку редуцирање на гликозата и го подобруваат согорувањето на мастите.
    • rn011

    • Ова е причината поради која Меѓународниот олимписки комитет ја забранил консумацијата на кофеин за време на натпреварите.
    • rn011

    • Се проценува дека секоја година се консумираат околу 12.000 тони кофеин и тоа најчесто преку кафето (54%) и чајот (43%), а остатокот од 3% отпаѓа на храна и пијалаци кои содржат кофеин.
    • rn

    rnФакти за кофеинот кои треба да ги знаетеrn

      rn011

    • Предозирањето со кофеин може да биде смртоносно. Смртоносното количество кофеин изнесува 150–200 милиграми кофеин на еден килограм телесна тежина. Тоа се 100 шолји кафе испиени во рок од 4 часа.
    • rn011

    • Во 2007 година, забележана е смрт заради предозираност со кофеин откако еден човек испил 30 таблети „No doz“ кои се направени на база на кофеин.
    • rn011

    • Кофеинот целосно се апсорбира во организмот за 30–45 минути, а неговото дејство трае околу 3 часа.
    • rn011

    • Потврдено е дека кофеинот предизвикува зависност. Апстиненцијата започнува после 12–24 часа, а трае 2–9 дена. Симптомите вклучуваат главоболка, замор, депресија, раздразливост и намалена енергија.
    • rn011

    • И безкофеинските производи содржат кофеин. Во Америка безкофеинскиот производ подразбира помалку од 2,5% кофеин во него.
    • rn011

    • За време на последните денови од Втората светска војна, Хитлер примал инјенции со гликоза и кофеин за да ја одржува енергијата.
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 интересни сознанија поврзани со соновите

    10 интересни сознанија поврзани со соновите

    Автор: Моника ТрајковскаrnrnСоновите се составени од слики, идеи и чувства кои се јавуваат неволно во мозокот за време на РЕМ фазата од спиењето. Тие знаат да нѐ збунуваат, да нѐ фасцинираат или да нѐ преокупираат. Некогаш дури и нѐ преплашуваат. Друг пат се толку забавни, што ни е криво што сме се разбудиле. Која е причината и смислата на сонувањето сѐ уште не е доволно јасно. Тоа е долгогодишна тема на дебата во психологијата, филозофијата и религијата. Но и покрај нивната мистериозност, има неколку проверени факти за сонувањето и за она што се случува со нашето тело додека спиеме, кои е интересно да се знаат.10 интересни сознанија поврзани со соновитеrn

    1. Додека спиеме сме парализирани

    rnВерувале или не, додека спиеме сме целосно парализирани. Се претпоставува дека ова се случува заради заштита на телото. Доколку не би биле парализирани, би можеле да почнеме да го правиме она што се случува во нашиот сон. Еден вид нарушување на оваа состојба е месечарењето. Оние кои месечарат за време на сонот стануваат, шетаат по домот, дури во некои ситуации можат да направат нормален разговор со некој кој ќе им се најде на патот, без тој да забележи дека разговара со личност која спие. Наредниот ден кога ќе се разбудат, тие не се сеќаваат воопшто на својата мини авантура во текот на вечерта.rn
    rn

    2. Надворешните дразби влијаат врз нашите соништа

    rnНа сите ни се случило да сонуваме како ни ѕвони мобилниот. И покрај тоа што се обидуваме да се јавиме, тој нѐ прекинува да ѕвони бидејќи звукот доаѓа од реалноста. Истото се случува и кога некој пробува да нѐ разбуди – ние ја сонуваме токму таа личност како нѐ повикува и во сонот. Или пак кога треба рано да станеме ѕвонењето на алармот го слушаме во сонот и го исклучуваме спонтано во реалноста, а подоцна не се сеќаваме на тоа. Но не се само звуците оние кои успеваат да се пробијат до нашите соништа. Се случува да сонуваме дека сме многу жедни или гладни и наеднаш успеваме да најдеме вода или многу вкусна храна, но и покрај сѐ, ние не успеваме да ги задоволиме тие потреби бидејќи се дел од нашата реалност.10 интересни сознанија поврзани со соновитеrn

    3. Оние кои пробуваат да се откажат од цигарите, имаат поживи соништа

    rnДолгогодишните пушачи кои одеднаш прекинуваат да пушат, имаат мала промена во нивните соништа. Тие почнуваат да сонуваат поживи соништа проследени со поинтензивни чувства. Исто така, тие барем еднаш во месецот сонуваат како палат цигара и откако ќе се разбудат чувствуваат огромна грижа на совест, исто како тоа да се случило во реалноста.10 интересни сознанија поврзани со соновитеrn

    4. Соновите прикажуваат поинаква слика за реалноста

    rnАко сонувате конкретно некој предмет, најчесто тој не е вистинската причината за вашиот сон. Несвесното пробува симболично да го спореди сонот со нешто слично и на тој начин ве приближува до вистинското значење. Тоа е исто како да пишувате текст за група мравки, во кој велите дека се машини кои никогаш не запираат. Соновите со своите содржини се таинствени и мистериозни и потребно е да имате големо познавање за себе, за да можете да го дешифрирате нивното значење и да ја откриете симболиката која ја затскриваат.10 интересни сознанија поврзани со соновитеrn

    5. Не сонуваат сите луѓе во боја

    rn12% од луѓето сонуваат само во црно-бела варијанта, а останатите скоро секогаш сонуваат во боја. Има неколку сонови кои се јавуваат многу често и кај голем број луѓе, како настан во училиште, бегање од некој/нешто, неуспешен обид за трчање кој изгледа како забавено движење, сексуални искуства, паѓање од големи височини, летање, доцнење, паѓање заб, неуспешност на испит или автомобилска несреќа. Оние кои сонуваат некој интензивен сон во црно-бела варијанта, најчесто по будењето имаат послаба реакција, од оние кои сонуваат во боја.10 интересни сознанија поврзани со соновитеrn

    6. Го сонуваме само тоа што го знаеме

    rnВо  соништата честопати се случува да ни се појават непознати луѓе. Меѓутоа тие воопшто не се непознати за нашиот мозок. Голем број од луѓето кои секојдневно ги сретнувате во продавница, на бензинска станица или пак во дискотека, остануваат запаметени и покрај тоа што вие не сте свесни за нив. Злобниот убиец кој ве бркал во претходниот сон, можеби е мажот од бензинската станица, кој му ставил бензин еднаш на татко ви, кога сте биле дете. Поради тоа што секојдневно се сретнуваме со голем број луѓе, нашиот мозок има неограничени лица за употреба во соновите.10 интересни сознанија поврзани со соновитеrn

    7. Соновите ја спречуваат психозата

    rnВо неодамнешно истражување за спиењето и сонувањето, студентите кои биле будени на почетокот на секоја РЕМ фаза (фаза во која започнува сонувањето), но биле оставени да спијат 8 часови во текот на вечерта, имале помала концентрација, раздразливост, халуцинации и знаци на психоза по само 3 дена. Кога конечно им се дозволило без прекин да спијат и да сонуваат, нивниот мозок го надоместил изгубеното време, со значително зголемување на должината на РЕМ фазата.10 интересни сознанија поврзани со соновитеrn

    8. Сите сонуваме

    rnСите луѓе сонуваат (освен оние кои имаат потешки психолошки нарушувања кои се манифестираат со неспособност за сонување). Но, постојат разлики помеѓу соновите на мажите и жените, како и помеѓу нивните физички реакции на самиот сон. Мажите почесто сонуваат други мажи, повеќе непознати, сцени со коли или насилство, секс со непознати партнерки… Од друга страна пак, жените сонуваат подеднакво и мажи и жени, повеќе личности од фамилијата отколку непознати, имаат појаки чувства, подолго траење на самиот сон…rn
    rn

    9. 90% од соништата се забораваат

    rnВо првите 5 минути по будењето, веќе сме заборавиле 50% од сонот. Во наредните 10 минути 90% од сонот е целосно заборавен. Интересен пример за заборавањето на соништата е случката на поетот Семјуел Тејлор Колриџ, кој кога се разбудил после прекрасен сон едно утро, веднаш земал лист хартија и почнал да пишува поема наречена „Визија во сонот“. На пола поема тој бил прекинат и подоцна кога се вратил не можел да се сети на остатокот, па поемата останала недовршена.10 интересни сознанија поврзани со соновитеrn

    10. И слепите сонуваат

    rnОние кои со текот на времето ослепуваат, сѐ уште продолжуваат да гледаат во своите соништа. Луѓето кои се родени слепи имаат малку поинаков начин на сонување. Нивните соништа не се воопшто помалку интензивни од оние кои гледаат, но наместо од слики тие се составени од звуци, миризби, допири и емоции. На мозокот му е тешко да создаде нешто што претходно не го искусил на некој начин, но тоа не го спречува да се адаптира на ситуацијата.10 интересни сознанија поврзани со соновите
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни сознанија за човечкиот организам

    Интересни сознанија за човечкиот организам

    Истражувачите од Универзитетот во Лондон и Универзитетот Милано-Бикока од Италија, дошле до интересни сознанија поврзани со човечкиот организам. Тие докажале дека, она во што гледате, значително влијае на јачината на болката што ја чувствувате. Ако гледате во раката додека ви вадат крв или ве вакцинираат, ќе почувствувате помала болка, отколку ако ја завртите главата на друга страна.rnrnИнтересни сознанија за човечкиот организамrnrnИстражувачите вршеле испитувања на група доброволци на кои рацете им ги изложувале на висока температура, до граница на издржливост. Оние кои својата рака ја гледале во огледало, можеле да издржат за три степени повисока температура од оние чија рака била скриена. Кога раката ја гледале во огледало што зголемува (конкавно), толеранцијата на болка дополнително се зголемувала.rnrnОсвен тоа што истражувачите откриле на кој начин мозокот ја процесира болката, тие се надеваат дека овие истражувања во иднина ќе помогнат во лекувањето на пациенти кои патат од хронични болки.rnrnЕве уште неколку интересни сознанија поврзани со човечкиот организам:rn

    Десното уво за прислушување

    rnЛевото уво подобро препознава музика, но ако сакате да чуете нечиј разговор, користете го десното, бидејќи тоа е надарено да препознава говор, тврди Дејвид Гифин, истражувач од универзитетот во Калифорнија.rnrnИнтересни сознанија за човечкиот организамrnrn

    За успех е важно добро да се наспиете

    rnrnТоа што ќе го прочитате пред спиење подобро и подолго се помни, бидејќи во текот на сонот меморијата се засилува, вели Кенди Хејмгартнер, познат научник. Па затоа, ако треба да научите некој говор, задолжително прочитајте го пред спиење.rnrn

    Полесно до тоалет со фантазија за секс

    rnrnАко морате да одите во тоалет, а во близина го нема, мислете на секс. Тоа ќе го намали непријатното чувство бидејќи ќе го окупира мозокот (и уринарниот систем), вели американскиот специјалист уролог д-р Лери Липшалц.rnrnИнтересни сознанија за човечкиот организамrnrn

    Со стегање на мускулите се штитат очите и видот

    rnrnКратковидоста не е наследна, велат стручњаците, туку најчесто е предизвикана од предолго гледање во монитор. Со наизменично стегање и отпуштање на мускулите на телото, се одмораат очите и се вежба видот.rnrn

    Со надразнување на вистинските нерви полесно се дише

    rnrnСтимулирањето на нервите во увото доведува до создавање рефлексно надразнување, кое може да предизвика грч на мускул во грлото, вели американскиот оториноларинголог Скот Шафер. Ваквиот грч го олеснува грепкањето и скокоткањето во грлото.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Факти и занимливости за пивото

    Факти и занимливости за пивото

    Пивото е најконсумираниот алкохолен пијалак ширум светот. Верувале или не, се продава дури и на Антарктикот. Се верува дека пивото е измислено далеку пред нашата ера, а досега се развиени преку 200 техники за неговата изработка. Еве неколку факти поврзани со него.rnrnФакти и занимливости за пивото
    rn

    „Пивото е доказ дека Господ нѐ сака и дека сака да бидеме среќни“ – Бенџамин Френклин

    rnФакти и занимливости за пивотоrn

      rn011

    • Во Белгија се произведуваат повеќе од 400 различни брендови на пиво.
    • rn011

    • Најскапото пиво во светот е „Vielle Bon Secours“ кое чини 79 долари по шише, а може да се најде во барот „Bierdrome“ во Лондон.
    • rn011

    • Најстариот пишан рецепт кој е некогаш пронајден е за пиво.
    • rn011

    • Најпопуларно пиво во светот е Хајнекен.
    • rn

    rnФакти и занимливости за пивотоrn

      rn011

    • Првата лименка пиво е направена во 1935 година.
    • rn011

    • Некогашниот американски претседател Џорџ Вашингтон имал своја пиварница на имотот во Маунт Вернон.
    • rn011

    • Пивото е полно со калории.
    • rn

    rnФакти и занимливости за пивотоrn

      rn011

    • Во Велика Британија, во просек се пијат 100 литри пиво по човек годишно.
    • rn011

    • Старите Вавилонци биле многу сериозни кога станувало збор за пивото. Доколку се одлучело дека пивото не е со добар квалитет, тие го давеле производителот во сопственото пиво.
    • rn011

    • Едно шише пиво после напорен ден е одлично за релаксација и опуштање, а помага и при заспивањето.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.