КАФЕ ПАУЗА

Tag: сода бикарбона

  • Најевтините и најефикасни начини за избелување на белите алишта

    Најевтините и најефикасни начини за избелување на белите алишта

    Белата облека во многу случаи е одличен и практичен избор, но проблемот е што тешко се одржува нејзината белина. Со современиот начин на живеење, неретко немаме време да ги групираме алиштата за перење според боја, па тоа за жал резултира со потемнети бели алишта кои изгледаат како валкани. Со помош на овие неколку трикови, вашите бели парчиња облека повторно ќе заблескаат во потполно бел сјај.rnrnnajevtinite-i-najefikasni-nachini-za-izbeluvanje-na-belite-alishta-kafepauza.mkrnrnЕден од најевтините начини за совршено избелување на белата облека е со помош на калиум перманганат кој може да се купи во аптека.rnrnРецептот е едноставен. Во 10 литри врела вода ставете неколку кристали калиум перманганат. Водата ќе стане розова, но тоа нека не ве плаши. Немојте да претерувате со количината за да не добиете темновиолетова боја.rnrnДодадете 200 грама детергент за перење и промешајте, па потоа додадете ја мократа облека. Легенот покријте го со најлонска кеса или фолија и оставете ја така да седи 4-5 часа (може и преку ноќ). Нека не ве буни бојата на водата, облеката ќе биде побела од кога било. Кога ќе ги извадите алиштата од течноста, исцедете ги и пикнете ги во машина за перење. Перете ги како и вообичаено.rnrnАко алиштата биле перени пред избелувањето, тогаш само исплакнете ги и ставете ги да се сушат. Облеката ќе ви биде беспрекорно бела.rn

    Дополнителни трикови:

    rn

      rn011

    • Во текот на перењето во прашокот за перење можете да додавате по 2-3 лажици сода бикарбона. Ќе заштедите на скапи средства за избелување, а облеката ќе ви биде совршено бела. Содата ја смалува тврдоста на водата, па така средствата за перење стануваат поефикасни.
    • rn011

    • Прашокот за пециво е исто така добар избелувач. Пред перењето истресете една ќесичка во прашокот за перење и промешајте. Резултатот нема да изостане.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ги отстраните жолтите дамки од пот на облеката?

    Како да ги отстраните жолтите дамки од пот на облеката?

    Дамките од пот на облеката многу пати нѐ натерале да се откажеме од омилената маица, кошула или фустан. За да им го вратите стариот сјај на алиштата и да ги спасите од фрлање, применете ги овие неколку супер трикови, со помош на неочекувани производи за домаќинството, кои ефикасно ги елиминираат трагите од пот и не ја оштетуваат ткаенината.rnrnkako-da-gi-otstranite-zholtite-damki-od-pot-na-oblekata-kafepauza.mkrn

    1. Сок од лимон

    rnПомешајте еднаква количина свежо исцеден лимонов сок и вода. Со мешавината натопете ги дамките од пот и добро истријте ја површината. После тоа облеката исперете ја стандардно со прашок.rn

    2. Аспирин

    rnИситнете 2 Аспирина и измешајте ги со шолја топла вода. Прелијте ја смесата врз дамката и оставете да делува околу 3 часа, а потоа исперете.rn

    3. Сода бикарбона

    rnСода бикарбоната помешајте ја со малку вода, додека не добиете смеса како тесто. Во тенок слој намачкајте ја смесата врз дамката и оставете да делува околу 1 час. Исперете во машина за перење на стандарден начин.rn

    4. Кујнска сол

    rnСолта помешајте ја со топла вода, измешајте додека не се растопи и нанесете врз дамките пред да исперете.rn

    5. Бел оцет

    rnДиректно на дамката нанесете оцет и оставете да делува неколку минути, а потоа исперете.rnrnСовет: Ниедна од наведените состојки за отстранување на дамките не треба да се користи на нежни материјали. Доколку после првиот обид, дамката не излегува, во целост повторете ја постапката додека добиете не чисто парче облека без жолти дамки од пот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Домашно изработена паста за заби за неодоливо блескава насмевка

    Домашно изработена паста за заби за неодоливо блескава насмевка

    Некои стари трикови за дентална хигиена не само што се економични туку се и многу здрави за вас. Домашно изработената паста за заби не чини многу и е лесна за правење, а ќе ги направи вашите заби совршено бели и притоа ќе го освежи вашиот здив и ќе ви помогне во борбата против кариес.rnrnДомашно изработена паста за заби за неодоливо блескава насмевкаrnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 100 грама сода бикарбона
    • rn011

    • 120 милилитри масло од кокос
    • rn011

    • 30-40 капки есенцијално масло од нане
    • rn011

    • 1 пакетче прашок стевија
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnrnДоколку маслото од кокос е густо, ставете го неколку секунди во микробранова додека не се стопи. Ставете ги сите состојки во длабок сад и мешајте темелно додека целосно не се спојат. Потоа сипете ја мешавината во тегла и цврсто затворете ја. Домашно изработената паста може да трае и до 6 месеци без да биде сместена во фрижидер.rn

    Зошто оваа паста за заби е ефикасна?

    rn1. Сода бикарбоната има долга историја како чистач на заби. И покрај тоа што има репутација како продукт кој е премногу груб, реалноста е дека е помека од голем број комерцијални пасти за заби. Таа исто така се бори против забниот камен, ги убива бактериите кои создаваат гингивитис и ги уништува темните дамки.rnrn2. Кокосовото масло можеби ви изгледа како необична состојка за борба против кариес, но студиите откриле дека овој природен антибиотик кој истовремено е и антибактириски е одличен при одржување на цврстината и здравјето на забите.rnrn3. Маслото од нане нема никакви здравствени придобивки, но ѝ овозможува на пастата да има студен и освежителен вкус.rnrn4. Стевијата е големо изненадување. Таа истовремено го подобрува вкусот без додавање на шеќер, има антибактериско дејство и се бори против забниот камен. Кој би рекол?rnrnДомашно изработена паста за заби за неодоливо блескава насмевкаrnrnЗа овој едноставен рецепт кој го подобрува денталното здравје потребни ви се само неколку минути за да го направите, а ќе ви трае со месеци. И покрај тоа што оваа паста за заби е добра за повеќето луѓе, сепак не се препорачува за оние со премногу чувствителни заби.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Релаксирајте се во детоксицирачка бања

    Релаксирајте се во детоксицирачка бања

    Стресниот начин на живот навистина бара од нас одвреме-навреме да се разгалиме себеси пружајќи си некакво задоволство. Бањата за детоксикација е совршен избор, покрај тоа што ве релаксира, го ослободува телото од токсини. Следете го овој рецепт и опуштете се во детоксицирачка бања.rnrnРелаксирајте се во детоксицирачка бањаrn

    1. Планирајте ја бањата за ден кога имате минимум 40 минути слободни

    rnПрвите дваесет минути ќе му помогнат на вашето тело да се ослободи од токсините, додека во другите дваесет минути телото ги апсорбира минералите од водата.rnrnРелаксирајте се во детоксицирачка бањаrn

    2. Наполнете ја кадата со топла вода

    rnДоколку сте во можност користете филтер за хлор.rnrn

    3. Додадете морска сол или магнезиум сулфат

    rnМагнезиумот лесно ќе се раствори во водата, а носи многу благодети за вашето здравје. Ќе ве ослободи од замор, напнатост и стрес. Борец е против болката во зглобовите и плус ова е одличен начин да го надокнадите нивото на магнезиум во телото. Голема предност е што е многу евтин и лесно ќе го најдете во аптеки или маркети. За деца со тежина до 27 килограми додадете половина филџан во стандардна количина вода во кадата. За деца од 27 до 45 килограми додадете еден филџан, а за возрасни два филџани.rnrnРелаксирајте се во детоксицирачка бањаrn

    4. Додадете 1-2 филџани сода бикарбона

    rnСодата е позната по моќта на прочистување како и по анти-габичните својства. Покрај тоа, ја остава кожата мека.rnrn

    5. Додадете мелен ѓумбир или свеж чај од ѓумбир

    rnОвој чекор не е задолжителен, иако ѓумбирот би помогнал да се покачи топлината на вашето тело за полесно да се исфрлаат токсините. Не додавајте премногу бидејќи може да предизвика црвенило на вашата кожа, но тоа е поради топлината, а не е опасно. Во зависност од тоа колку сте чувствителни, а и од тоа колку вода сте додале во кадата, може да додадете количина од 1 лажица или третина чаша. Ѓумбирот е многу корисен доколку сакате да се ослободите од грип или настинка, бидејќи откако по излезот од кадата ќе се завиткате во пешкир, вашето тело поради моќта на ѓумбирот ќе продолжи да се детоксицира уште неколку часа.rnrnРелаксирајте се во детоксицирачка бањаrn

    6. Додадете масла за ароматерапија

    rnИ овој чекор не е задолжителен, но со сигурност ќе ви пружи дополнително уживање. Одберете го вашиот омилен мирис за да искусите релакисрачко и пријатно искуство. Околу дваесетина капки би биле доволни за стандардна бања. Доколку преферирате, можете да користите и свежи билки како нане, лаванда, камилица и др. Секако, секогаш е добредојдено да си ја разубавите атмосферата со свеќи.rnrn

    7. Промешајте ги добро сите состојки и започнете со уживање

    rnПрепорачливо е да останете околу четириесет минути, но доколку обврските не ви го дозволуваат тоа, останете макар дваесет. Внимателно излезете од кадата, солта може да ја направи вашата када лизгава.rnrn

    8. Пијте многу вода

    rnСекогаш кога вашето тело се детоксицира, со бања, масажа, или каква било терапија, помогнете да ги исфрли токсините. Доколку не пиете многу вода, голема е веројатноста подоцна да се чувствувате лошо и омалаксано. За крај, истријте го телото со четка со растителни влакна. Ова ќе помогне да се стимулира лимфниот систем и да го олесни ослободувањето од токсините. Направете долги и нежни потези насочени кон срцето.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ефикасни домашни третмани за сите видови коса

    Ефикасни домашни третмани за сите видови коса

    Јајцата, јогуртот или медот ви изгледаат како состојки со кои може да си подготвите појадок, но да не забораваме дека имаат и друга, мошне корисна примена. Сите состојки во вашата кујна би можеле да ги искористите за најразлични видови домашни третмани, а нивната голема предност е тоа што се евтини, и пред сè природни.rnrnЕфикасни домашни третмани за сите видови косаrnrnОва се домашни третмани за различни видови коса, кои нема да ви одземат многу време, ниту ќе ве чинат многу пари, па затоа вреди да ги пробате.rn

    За сите видови коса

    rnЈајцата се вистински помагател на природната убавина. Жолчката, богата со протеини е природен хидратант, а белката содржи бактерии кои го уништуваат вишокот маснотии.rnrnНачин на подготовка – За нормална коса употребете го целото јајце, за мрсна коса само белките, додека за сува коса употребете ги само жолчките од јајцата. Нанесете половина чаша од состојките од јајцата кои се прикладни за вашиот тип коса, на чиста и водена коса. Оставете да постои 20 минути, потоа измијте ја косата со шампон и ладна вода. Третманот со цело јајце може да се прави еднаш месечно, додека третманот само со белки може да се прави на секои две недели.rn

    За коса без сјај

    rnЗагаденоста на воздухот е голем причинител на сувото и безживотно влакно, но исто така и купечките продукти можат многу негативно да влијаат на вашата коса, особено ако претерувате со нивна употреба. Она што ù треба на вашата коса е природен третман. Млечните производи, како киселата павлака или јогуртот, можат да помогнат за подобрување на состојбата на безживотната коса. Млечната киселина нежно ја отстранува нечистотијата, додека млечните масти ù даваат природна влажност на косата.rnrnНачин на подготовка – Вмасирајте половина чаша кисела павлака или јогурт на влажна коса и оставете да дејствува 20 минути. Потоа исплакнете прво со топла, а потоа со ладна вода и користете го шампонот кој обично го употребувате. Третманот може да се прави секоја втора недела.rnrnЕфикасни домашни третмани за сите видови косаrn

    За иритиран скалп

    rnКиселината од лимоновиот сок, помага вашиот скалп да се ослободи од сувите лушпи од кожата, а маслиновото масло го хидрира скалпот.rnrnНачин на подготовка – Измешајте две лажици свежо исцеден сок од лимон, две лажици маслиново масло и две лажици вода. Мешавината нанесете ја на влажен скалп и почекајте 20 минути. Иплакнете со шампон и повторувајте го третманот секоја втора недела.rn

    За слаба и нормална коса

    rnЗа да го постигнете посакуваниот ефект на вашата коса употребете го пивото, а благодетното дејство е предизвикано од пивскиот квасец.rnrnНачин на подготовка – Половина чаша пиво (истурете го во еден сад и почекајте неколку часа), се меша со една кафена лажичка сончогледово масло и сирови јајца (количината на смесата е според должината на вашата коса). Нанесете на чиста и влажна коса, почекајте 15 минути и исплакнете ја косата со ладна вода. Друг начин е да нанесете пиво на сува коса, бидејќи кога течноста испарува, протеините од пивото, како пченицата и хмељот, ја јакнат структурата на косата. Третманот може да се повторува на секои две недели.rn

    За сува и оштетена коса

    rnБез разлика дали дехидрацијата на вашата коса е предизвикана од загадена вода, прекумерна експонација на сонце или други фактори, бидете сигурни дека природата може да ви помогне. Медот по природен пат ја лекува сувата и оштетена коса.rnrnНачин на подготовка – Вмасирајте половина шолја мед на влажна и чиста коса и почекајте 20 минути. Потоа исплакнете со топла вода. Исто така, може да додадете 1-2 лажички маслиново масло со цел медот полесно да дејствува. За коса оштетена од сонцето, направете го истиот третман, само што во медот ќе додадете состојка која содржи протеини, како авокадо или жолчка од јајце. Третманот пожелно е да го правите еднаш месечно.rnrnЕфикасни домашни третмани за сите видови косаrn

    За мрсна коса

    rnДоколку се користи правилно, пченкарното брашно е ефикасна состојка против мрсната коса.rnrnНачин на подготовка – Посипете една до две лажици пченкарно брашно по површината на сува коса, почекајте десет минути, па исчеткајте ја косата нанадвор. Третманот може да го повторувате на секои два дена.rn

    За кадрава коса

    rnНе само што има моќ да ја поправи оштетената коса, авокадото содржи комбинација на хранливи материи кои ја смируваат кадравата коса.rnrnНачин на подготовка – Изблендирајте половина авокадо и масирајте на влажна и чиста коса. Оставете да отстои 15 минути, а потоа оплакнете. За поголема хидратација, во смесата од авокадо може да додадете 1-2 лажици од некоја хидратантна состојка, како павлака, жолчка од јајце или мајонез. Третманот повторувајте го на секои две недели.rn

    За остарена коса

    rnУште една од многуте примени на сода бикарбона. Оваа состојка може да ја искористите за подмладување на косата.rnrnНачин на подготовка – Измешајте една до две лажички сода бикарбона со малку вода, така што ќе добиете паста. Вмасирајте врз влажна коса и оставете да стои 15 минути. Исплакнете со вода и шампон. Овој третман за вашата коса би можеле да го повторувате на секои две недели.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку едноставни трикови за неодолива насмевка

    Неколку едноставни трикови за неодолива насмевка

    Нема ниедна личност на планетава која не посакала барем еднаш во животот да има прекрасна филмска насмевка со снежно бели заби. Погледнете ги наредниве неколку совети и трикови кои доколку редовно ги применувате ќе успеете брзо и едноставно да ги избелите вашите заби и да ја добиете неодоливата насмевка која веќе подолго време ја посакувате.rnrnНеколку едноставни трикови за неодолива насмевкаrn

    Сол и оцет

    rnОвој трик за избелување на забите е познат од многу одамна и голем број од оние што го пробале велат дека е многу ефикасен. Измешајте една лажичка сол со неколку капки јаболков оцет. Откако ќе се појави малку пена во мешавината, нанесете ја на четка и измијте ги вашите заби. Потоа измијте ги забите повторно, но овој пат со паста за заби. Се препорачува овој метод да не се повторува повеќе од еднаш во неделата.rnrnНеколку едноставни трикови за неодолива насмевкаrn

    Сода

    rnБрз и едноставен начин за избелување на вашите заби е да ги исплакнувате од време на време со мешавина од по една лажичка сода, 3% хидроген и вода. Убаво исчеткајте ги вашите заби со мешавината и притоа внимавајте да не ја голтнете. И за овој трик се препорачува да не го употребувате повеќе од еднаш неделно.rnrnНеколку едноставни трикови за неодолива насмевкаrn

    Лушпа од портокал

    rnБелата страна од внатрешноста на лушпата од портокалот содржи состојки кои одлично ги избелуваат забите. Направете им мала „масажа“ на вашите заби со лушпата од портокал и по само неколку „третмани“ веќе ќе ја забележите разликата. За подобри резултати додадете и малку сол на внатрешноста од лушпата и не заборавајте потоа да ги измиете вашите заби со обична паста. Третманот можете да го практикувате и со лушпа од лимон.rnrnНеколку едноставни трикови за неодолива насмевкаrn

    Јаболков оцет

    rnДокажано е дека јаболковиот оцет многу помага при белеење на забите, но многу е важно да бидете внимателни при неговата употреба бидејќи киселината го нагризува надворешниот слој на забите. Поради тоа разложете една лажичка во 120 милилитри вода и ќе добиете течност за плакнење која претставува здрав начин за избелување на вашите заби.rnrnНеколку едноставни трикови за неодолива насмевка

  • 7 изненадувачки примени на сода бикарбоната

    7 изненадувачки примени на сода бикарбоната

    Сода бикарбоната може да се примени на различни начини во домаќинството, од состојка која ќе го потпомогне растењето на тестото, до средство за отстранување на непријатната миризба во фрижидерот. Но, сте ги знаеле ли нејзините козметички примени?rnrn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnУште старите Египќани користеле смеса слична на сода бикарбоната наместо сапун за бањање. Ова соединение има антисептички, антигабичен и ексфолирачки ефект. Еве како да ги искористите неговите својства и поинаку да го примените во секојдневниот живот:rn

    1. Мијте ги забите за природен избелувачки ефект

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnПовеќето пасти за заби содржат содиум лаурил сулфат како примарна состојка, која го предизвикува пенењето. Ваквите пасти може да имаат негативни ефекти, како хиперсензитивност на забите и непцата. Доколку не сакате супероксид во вашата уста, подобра опција за белење на вашите заби е сода бикарбоната. Ставете малку на четкичкта или за подобар ефект, комбинирајте ја со паста за заби без споменатата состојка (барајте ознака „SLS free“). Згора на тоа, содата го неутрализира лошиот здив.rn

    2. Чистете го лицето со здрав ексфолијант

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnТриењето на лицето со груби гелови за пилинг и ексфолијација на кожата не е добро за вашето лице, бидејќи нејзиниот горен слој ви треба за да ве штити од навлегување на нечистотиите и за одржување на нејзината влажност.rnrnАко сакате да го триете вашето лице, подобро правете го тоа со природни состојки. Искомбинирајте сода бикарбона со една лажичка мед и истријте го лицето со смесата. Маската можете да ја оставите да делува една минута или пак веднаш да го исплакнете лицето. Оваа маска има освежувачки и смирувачки ефект, а делува и против создавање акни. Можете да ја примените и на стапалата и на лактите. За затегнување на кожата и чистење од црнки направете маска од сода бикарбона и портокал.rn

    3. Направете си дезодоранс со вашиот омилен мирис

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnИзмешајте 4 лажици сода бикарбона со 10 капки од вашето омилено есенцијално масло и нанесете малку под пазувите. Иако ова звучи како женски рецепт, постојат и многу мажествени мириси како маслото од кедарово дрво. Девојките можат да ја сместат смесата во празно кутивче од руж за да можат да го користат домашно приготвениот дезодоранс повеќе пати во текот на денот, чувајќи го секогаш на дофат во својата чанта. За нанесување, најдобро е да користите четкичка.rn

    4. Исушете го непоканетиот гостин на вашиот образ

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnИзмешајте малку сода и вода и нанесете ја добиената смеса директно на акната на вашата кожа. Овој метод е одличен за брзо сушење на површинските акни, но не е препорачливо за третирање длабоки цисти.rn

    5. Темелно измијте ја косата

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnДоколку сакате да ја намалите употребата на шампон или пак темелно да отстраните некои средства кои се длабоко навлезени во коренот на вашето влакно, еве го рецептот што треба да го приготвите. Наполнете една чаша со топла вода и ставете една лажица сода бикарбона. Понесете го природно приготвениот препарат со вас во бањата. Намокрете ја косата и потоа исипете ја смесата убаво насекаде. Исчешлајте ја косата и потоа исплакнете ја. Плакнете додека да се изгуби лизгавото чувство.rn

    6. Смирете го стомакот

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnКиселините, честото создавање гасови и други проблеми со стомакот може брзо да се ублажат со помош на содата поради нејзините алкални својства кои ги неутрализираат киселините што го предизвикуваат проблемот. Измешајте мала лажичка сода бикарбона во чаша со топла вода и испијте ја течноста наеднаш. Многу брзо ќе почувствувате олеснување.rn

    7. Наполнете ја кадата со вода и сода

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnРастворете малку сода бикарбона во вашата полна када. Ќе почувствувате смирување и омекнување на кожата, а покрај тоа, не мора ни да употребите сапун, што понекогаш може да биде и добро.rnrnЗнаете ли некои други интересни примени на сода бикарбоната?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете си маска за лице од портокал и сода бикарбона

    Направете си маска за лице од портокал и сода бикарбона

    Колку и да уживаме во скапите маски за лице, од време на време не е лошо да си подготвиме нешто и самите. Сода бикарбоната е бомба за ексфолијација на кожата и за отстранување на црнките. Додавајќи малку сок од портокал, ќе ги затегнете порите и природно ќе ја избелите кожата благодарение на витаминот Ц.rnrnНаправете си маска за лице од портокал и сода бикарбонаrn

    Подготовка:

    rn

      rn011

    • Измешајте една лажица сода бикарбона со една лажица сок од портокал за да добиете густа смеса.
    • rn011

    • Нанесете тенок слој на лицето, вратот и на деколтето. Ќе осетите пецкање, но тоа е зашто маската делува. Оставете ја да стои 20 минути.
    • rn011

    • Намокрете ги врвовите од прстите и тријте со кружни движења за дополнителна ексфолијација.
    • rn011

    • Исплакнете го лицето и уживајте во неговиот свеж сјај.
    • rn

    rnНапомена: Може да забележите мало црвенило по миењето, но тоа ќе исчезне за кратко. Оние со осетлива кожа може да ја остават маската да делува пократко време.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 домаќински трикови за блескав дом

    15 домаќински трикови за блескав дом

    Навистина е тешко да се одржува еден дом беспрекорно чист и уреден. Уште потешко е ако не сте домаќин/ка и не знаете да се справите со извалканиот килим, замачканите прозорци, дрвениот мебел кој нема сјај и што ли уште не. Следуваат 15 совети кои ќе ви го олеснат домаќинскиот живот.rn
    rn

    Како да ги исчистите жолтите дирки на вашето пијано?

    rnМожеби ќе ви звучи чудно, но ако ставите малку мајонез на дирките и оставите така да постојат 2-3 минути, а потоа ги исполирате со мека и чиста ткаенина, тие повторно ќе ја добијат својата природна бела боја.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како едноставно да го кренете јајцето кое ви паднало на подот?

    rnАко не сакајќи ви падне живо јајце на кујнскиот под и не знаете како да се справите со нередот – не грижете се, имаме решение за вас! Истурете сол врз јајцето на око кое требаше да биде ваш оброк и оставете така да стои 20-тина минути. Потоа лесно ќе можете да го исчистите.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да ги отстраните дамките од црвено вино?

    rnНа секој може да му се случи да му се истури црвено вино на тепихот. И тогаш сите ги фаќа паника дека дамката нема никогаш да се исчисти. Нема потреба од тоа. Најпрво со некое памучно крпче впијте го вишокот вино. Потоа врз црвената дамка истурете сол, оставете да делува 5 минути и на крајот исплакнете со студена вода. Ако е потребно, повторете ја постапката додека не се исчисти дамката.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да ги дезинфицирате детските играчки?

    rnДецата си играат буквално низ секое ќоше од домот и нивните играчки се полнат со безброј бактерии. За да го заштитите вашето дете, внуче, братче или сестриче од разни инфекции, измешајте 4 супени лажици сода бикарбона во 950 мл вода и со добиениот раствор избришете ги играчките.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да го спречите капењето восок од свеќите?

    rnСите сакаме за некоја посебна пригода да ставиме елегантна свеќа на трпезата која ќе создаде убава атмосфера за присутните гости, меѓутоа домаќинот воопшто не е среќен кога ќе ги види восочните капки врз омилениот чаршав. За да го спречите ова, ставете ги свеќите да седат во солена вода  неколку часа и оставете ги целосно да се исушат пред да ги запалите.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Со што да го чистите вашиот мебел за да блеска?

    rnПромешајте зејтин и лимонов сок во однос 2:1 и со добиената течност исполирајте го вашиот дрвен мебел и тој ќе свети.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да отстраните лепенки и етикети со цена?

    rnПотопете крпа во оцет и притиснете ја на налепницата неколку секунди. Тргнете ја крпата и етикетата би требало да се отстрани со лесно повлекување.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да го вратите сјајот на вашите бакарни садови?

    rnБакарот потемнува и потоа не изгледа добро, а со следниве трикови ќе успеете да му ја вратите свежината. Наполнете шише со прскалка од пола литар со раствор од загреан бел оцет и 3 супени лажици сол и испрскајте ги бакарните предмети. Оставете го растворот кратко да делува и потоа избришете.15 домаќински трикови за блескав домЗа да блескаат вашите бакарни садови, на една памучна крпа сипете кечап, премачкајте ги и оставете ги така една минута, а потоа исполирајте ги и исплакнете ги со вода. Киселината која ја содржи кечапот ќе помогне да ги отстраните дамките и да го вратите бронзениот сјај.rn
    rn

    Како да ја отстраните рѓата од славината на чешмата?

    rnПотопете крпа или тоалетна хартија во бел оцет, замотајте ја чешмата со неа и оставете ја да делува 25 минути. Отстранете ја крпата, избришете ја чешмата и рѓата ќе исчезне.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да го отстраните бигорот кој се насобрал на вашиот туш?

    rnВодата содржи бигор и често се случува да се затнат дупчињата на тушот, кој притоа нема да испушта силен млаз. За да го исчистите вашиот туш, во поголемо тенџере загрејте бел оцет (не треба да зоврие) и ставете го тушот во него да седи 1 час. Потоа исплакнете и мисијата е завршена.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Со што најубаво ќе ги исчистите вашите прозорци?

    rnИзмешајте еднакви количества вода и бел оцет во шише со прскалка и со подготвениот раствор испрскајте ги прозорите. Со крпа која не испушта влакненца или уште подобро со весник, избришете ги прозорите и тие ќе бидат идеално блескави.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да го вратите сјајот на алуминиумските садови?

    rnЗапочнете со тоа што ќе излупите две јаболка. Ставете ги лушпите во алуминиумскиот сад кој сакате да го исчистите и во него сипете вода за да се покријат. Варете ја водата со лушпите неколку минути, сè додека не забележите дека нечистотијата од дното на садот почне да се вади. Тргнете го садот од рингла и оставете водата да се олади. Потоа измијте го садот, избришете го и ќе можете да се огледувате во него. 🙂15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да ги отстраните масните дамки?

    rnИмате мрсна дамка на вашиот омилен килим? Еве совет кој можеби ќе ви помогне да ја исчистите: во 70% алкохол ставете сол во сооднос 4:1. Со подготвената смеса бришете ја дамката во насока на влакната на тепихот. Оставете да се исуши и со правосмукалка вшмукајте ја солта која ќе остане на тепихот.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да го неутрализирате чудниот мирис во машината за миење садови?

    rnНајпрво извадете ги сите садови од машината. Потоа наполнете ја фиоката за детергент со сода бикарбона и пуштете ја машината да работи на празно. Непријатниот мирис ќе исчезне.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да ги заштитите вашите балконски столици од напукнување?

    rnАко столиците во вашиот двор се направени од ратан или од уште послаб мебел, на едно меко чисто крпче сипете растително масло и премачкајте ги за да бидат блескави и еластични.rn15 домаќински трикови за блескав дом
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn