КАФЕ ПАУЗА

Tag: соба

  • Креативни идеи за уредување розови соби

    Креативни идеи за уредување розови соби

    Розовата е позитивна и забавна боја, која ве поттикнува да бидете креативни. Можеби оваа боја ве асоцира на детска соба, но не мора да значи. Тинејџерските соби, а и спалните соби за возрасни, совршено би изгледале декорирани во оваа боја. Доколку не сакате да претерате со розовото, пробајте со розови детали, како розови срциња или цвеќиња, или бојадисајте еден ѕид розов, а другите во различна боја. Розовата е топла боја која релаксира, па ако сакате промена во својата соба, внесете розова свежина. Еве некои идеи за уредување и декорација на розови соби.rnrnrnКреативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови собиrnrnДоколку сакате повеќе идеи за декорација на соби, погледнете ги овие дизајни на женски тинејџерски соби.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Притиснете едно копче и добијте модерна соба

    Притиснете едно копче и добијте модерна соба

    Со притискање само едно копче, големиот сандак, се претвора во модерен и удобен простор за живеење. Масивниот транспортен контејнер кој магично се претвора во соба за спиење и одморање, е изработен од архитектот Адам Калкин. Во т.н. „Push Button House“ (Куќа на копче) има кревет за спиење, кауч за релаксирање, маса за јадење, простор за бања, мала библиотека и голем број ламби. Притиснете едно копче и добијте модерна собаОваа неверојатна архитектонска инсталација, користи хидраулична моќ, за да ја отвори собата за само 90 секунди. Архитектот во иднина планира уште поамбициозен проект од сличен карактер т.н. „Push Button House 2“, каде што од сличен контејнер сака да „раздипли“ дури 5 соби! Едвај чекаме да го видиме тоа чудо. 🙂Притиснете едно копче и добијте модерна собаПритиснете едно копче и добијте модерна собаПритиснете едно копче и добијте модерна собаКалкин очигледно има неверојатна перцепција за дизајн и способност да ја пронајде убавината во најобичните нешта. Ќе можете некогаш повторно да погледнете во контејнер за транспорт, без да помислите на можните дизајни кои можат да произлезат од него? 🙂Притиснете едно копче и добијте модерна соба
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • На кој начин работи едностраното огледало?

    На кој начин работи едностраното огледало?

    Сигурно сите сте виделе сцена од криминалистички филм каде што детективите набљудувале испрашување на осомничен преку прозорец кој од другата страна изгледа како сосема обично огледало…rnrnНа кој начин работи едностраното огледало?rnrnОгледалото кое тие го употребуваат има тенок слој делумно рефлектирачка обвивка. Но, само околу 80% од светлината се одбива, додека останатите 20% поминуваат низ него. За да се надокнади за овој процес, собата за испрашување, односно страната каде што се гледа огледало, е околу 10 пати посветла за да им овозможи на набљудувачите од другата соба добро да го видат осомничениот.rnrnБидејќи собата за набљудување е многу потемна, количината на светлината која поминува од светлата соба не е доволна да создаде слика од темната страна. Поради тоа, колку и да се трудите, доколку сте во просторијата за испрашување, не можете да видите ништо од она што се случува од другата страна на огледалото.

  • Црно-бело во боја

    Црно-бело во боја

    Еран Амир е човекот коj знае како да излезе од сивилото. Изработил интересно видео во кое сè во собата обоил во сиви нијанси, вклучително и себеси, притоа постепено враќајќи ги оригиналните бои…rn

    Црно-бело во боја

    rn
    rn

    „Видеото „Black & White (In Colour)“ е симено со камера во боја и нема никави дополнителни корекции, како би се променила бојата на снимките“, тврди Амир.

    rn
    rn

    rn

    rn

    Погледнете го и процесот на создавање на видеото:

    rn

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бојата на собата влијае колку често имате секс

    Бојата на собата влијае колку често имате секс

    Според резултатите од последното истражување, луѓето кои имаат виолетови спални соби имаат најмногу секс. Во просек тие неделно имаат 3,49 пати секс, што е значително повеќе за разлика од оние луѓе чии ѕидови на спалната соба и мебелот им се во друга боја.rnrnБојата на собата влијае колку често имате сексrnrnВеднаш зад нив се наоѓаат оние чија спална соба е црвена, а на трето место се оние во чија соба доминира небесно сината боја. Истражувањето опфатило 2.000 луѓе, а со него се докажало и дека луѓето кои имаат свилена постела имаат 4,25 пати секс во просек неделно.rn

    Комплетната листа:

    rn1. Виолетова – 3,49rnrn2. Црвена – 3,18rnrn3. Небесно сина – 3,14rnrn4. Розова – 3,02rnrn5. Црна – 3,0rnrn6. Сина – 2,76rnrn7. Жолта – 2,43rnrn8. Портокалова – 2,36rnrn9. Кафена – 2,10rnrn10. Бела – 2,02rnrn11. Окер – 1,97rnrn12. Зелена – 1,89rnrn13. Сива – 1,80rn

    Како постелата влијае врз сексуалниот живот (просечно во неделата):

    rn1. Свила – 4,35rnrn2. Памук – 2,72rnrn3. Најлон – 2,35rnrn4. Полиестер – 2,33rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да развиете фотографско памтење за 30 дена?

    Како да развиете фотографско памтење за 30 дена?

    Сите сакаат да можат да памтат сè што ќе видат. За жал, не сите се раѓаат со таква способност. Со овој трик, ќе ги стигнете оние со добра фотографска меморија, за само 30 дена.rnrnКако да развиете фотографско памтење за 30 дена?rn

    Што ви е потребно:

    rn

      rn011

    • темна соба
    • rn011

    • јако светло
    • rn011

    • книга
    • rn011

    • картон отсечен во форма на еден пасус од книгата
    • rn

    rnЗа оваа техника треба да одвојувате по 15 минути секој ден. Во текот на првиот месец, на вашите очи ќе им бидат потребни по 5 минути за да се приспособуваат за читање на дневна светлина.rnrn1. Најдете темна просторија во вашиот дом, во која можете да бидете сами, без никој да ви го одвлекува вниманието 15 минути. Можете да ја користите бањата. Во просторијата треба да има јако светло.rnrn2. Сместете се блиску до прекинувачот за светлото. Земете ја книгата и парчето картон в раце.rnrn3. Покријте ја страницата, оставајќи отворен само еден параграф од книгата. Држете ја книгата пред вас. Затворете ги очите и потоа отворете ги. Прилагодете ја оддалеченоста од книгата, така за вашите очи да можат лесно да се фокусираат на напишаното.rnrn4. Изгасете го светлото. Ќе видите сјајна репликација од параграфот во воздухот, додека очите ви се привикнуваат на темнината. Пуштете го светлото повторно на секунда и пак изгасете го.rnrn5. Ќе ви се создаде визуелен отпечаток од материјалот кој бил пред вас претходно. Кога овој отпечаток ќе избледи, пуштете го светлото пак за делче од секунда и погледнете во пасусот.rnrn6. Повторувајте го овој процес сè додека не успеете да се сетите на секој збор од пасусот по ред. На крајот ќе бидете во можност да го прочитате целиот пасус од отпечатокот кој е запишан во вашиот мозок.rnrnВажно е да не се обесхрабрувате додека трае процесот. Оваа техника функционирала за војската 70 години. Редовно практикувајќи ја, ќе ја развиете до степен што ќе можете да ја примените во секој дел од денот.rnrnНапомена: Прескокнувајќи само еден ден, може да го пролонгира процесот и да бара дополнителен тренинг во времетраење од цела недела.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Е ова е студентска соба!

    Е ова е студентска соба!

    Студентот Дерек Ло е еден од покреативните луѓе кои се разбираат во технологија. За неколку стотини долари, тој ја претворил својата соба во студентскиот дом во автоматизиран животен простор. Импресивната автоматизирана соба ја направил уште кога бил бруцош на Универзитетот во Беркли, а во неа тој не мора да мрдне со прст.rnrnЕ ова е студентска соба!rnrnЗа да ја промени атмосферата во собата, нему му е потребен каков било уред на кој има интернет бидејќи има направено апликација или уште поедноставно, сите работи функционираат и на гласовна команда. Потребни му биле отприлика три месеци да го создаде ова чудо.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Несекојдневни спални соби

    Несекојдневни спални соби

    Дали посакувате да сонувате уште пред да заспиете? Овие необични спални соби ќе ве внесат во светот на фантазијата, каде сите ваши соништа можат да се исполнат.rnrnНесекојдневни спални собиrnrnОваа спална соба се наоѓа на островот Микинос, Грција. Наутро кога ќе станете, можете да се релаксирате во базенот кој е поставен веднаш пред креветот.rnrnНесекојдневни спални собиrnrnНесекојдневно искуство ви нуди токму оваа хотелска соба која се наоѓа во Шведска. Инспирирана од филмот „Трон“, ова место изгледа како да спиете во светлечки компјутерски чип.rnrnНесекојдневни спални собиrnrnДоколку ја сакате природата, ќе немате никаков проблем да спиете во ваква спална соба. Оваа соба е дизајнирана од архитектот Ville Hara од Хелсинки.rnrnНесекојдневни спални собиrnrnХотелска соба во Лондон нуди несекојдневно доживување каде целиот мебел е качен на платформа.rnrnНесекојдневни спални собиrnrnВо ваква разиграна и шарена соба никогаш нема да ви стане досадно. Доколку телевизорот сместен на таванот не ви го одвлече вниманието, тогаш со сигурност шарените балони ќе ве расположат.rnrnНесекојдневни спални собиrnrnОваа спална соба во форма на гнездо, е совршено место каде можете да се опуштите од напорниот ден. Изгледа толку комфорно, што ќе посакате веднаш да се нурнете во огромните перници.rnrnНесекојдневни спални собиrnrnОгромниот душек во форма на буквата „L“, означувајќи ја љубовта, е специјално дизајниран за хотелската соба „LLove“, во Токио.rnrnНесекојдневни спални собиrnrnСоба која изгледа како авионска кабина со многубројни копчиња, е вистински предизвик за сите вљубеници во технологијата.rnrnПогледнете како би изгледало да спиете и под водите на Индискиот океан, а ако сте љубители на тематско внатрешно уредување, размислете за пиратска детска соба.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хотелска соба декорирана со графити

    Хотелска соба декорирана со графити

    Додека повеќето од нас се навикнати да гледаат графити нацртани на напуштени згради или во метро станици, сопствениците на францускиот хотел „Au Vieux Panier“ лоциран во Марсеј, се одлучиле токму со овој вид уметност да декорираат една од хотелските соби.Хотелска соба декорирана со графитиФранцускиот графити-артист Тилт, кому му било дозволено да дизајнира една од собите, одлучил половина да ја остави бела, а другата половина да ја обои со графити. Ја нарекол „Панична соба“. Контрастот е толку силен, а изведбата толку прецизна и детаљна, што буквално изгледа како дизајнот да е отсечен од половина од собата со ножици.Хотелска соба декорирана со графитиИмено, сопствениците на хотелот секоја година им отстапуваат 6 соби на познати уметници и дизајнери, оставајќи ги целосно и слободно да се изразат, без никакво ограничување.rn
    rn

    „Концептот е 6 соби за 6 уметници, а идејата е гостите да спијат во уметничко дело. Сите соби се менуваат секоја година. Оваа година ни е трета сезона. За да ги избереме артистите, објавуваме оглас, од кој потоа ги селектираме најнеобичните и најинтересни светови, изјавува Џесика, една од вработените во хотелот.rnrn„Сакаме на уметниците да им овозможиме тридимензионален простор за работа, но од друга страна и да им овозможиме на гостите да ја видат уметноста на поинаков начин, влегувајќи во светот на артистот. Ние не наметнуваме теми, артистите имаат комплетна слобода да ја изразат својата креативност.“

    rnХотелска соба декорирана со графитиХотелска соба декорирана со графитиХотелска соба декорирана со графитиХотелска соба декорирана со графитиВо периодот додека се изработуваат новите дизајни на собите, хотелот се затвора и не работи околу еден месец. Работата на Тилт траела една недела, а за престој во неа треба да платите 136 евра.Хотелска соба декорирана со графитиХотелска соба декорирана со графитиХотелска соба декорирана со графитиХотелска соба декорирана со графитиХотелска соба декорирана со графитиХотелска соба декорирана со графитиОстанатите 5 соби имаат сосема поинаква тематика. Нив можете да ги погледнете на сајтот на хотелот, но се чини, оваа на Тилт им е омилена на многумина.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Како да се справите со несоница во ладните зимски денови?

    Како да се справите со несоница во ладните зимски денови?

    Автор: Боро МирческиrnrnСонот е круцијален елемент во вашиот живот, од кој ви зависи успехот во изведувањето на секојдневните работни задачи, губење на телесната тежина и целите поставени на долг рок. Без разлика колку правилно се храните или колку редовно вежбате, доколку постојано сте хронично ненаспани и под стрес, останатите здрави навики ви пропаѓаат под вода. Според едно истражување во САД, од луѓето кои страдаат од несоница, 90% гледале телевизија еден час пред спиење, 33% седеле пред компјутер, додека 43% расчистувале по дома.rnrnКако да се справите со несоница во ладните зимски денови?rnrnНепобитен е фактот дека недостатокот на спиење предизвикува низа негативни ефекти врз вашето здравје како нарушување на работата на метаболизмот, апетитот, расположението, концентрацијата, меморијата итн. Некои доктори несоницата ја поврзуваат со зголемување на крвниот притисок, зголемување на стресот, нерегуларно отчукување на срцето итн. Во изминативе неколку години, две истражувања потврдуваат дека спиење помалку од 6 часа на ден или повеќе од 9 часа на ден, двојно го зголемува ризикот од смрт.rnrnДоколку и вие спаѓате во категориите на луѓе кои спијат премалку или премногу, применете ги следните совети за вашата спална соба да ја претворите во вистинска оаза за навремен и квалитетен сон:rn

      rn011

    • Направете си ја вашата соба „рај“ за спиење, уредувајќи ја како место кое ви пружа задоволство и одмор, а не како место кое ви предизвикува стрес и тензии.
    • rn011

    • Ослободете го умот од сите грижи пред да отидете во кревет. Запишете ги сите работи кои ве загрижуваат на лист хартија и нивното решавање оставете го за следното утро.
    • rn011

    • Пред спиење задолжително избегнете го пиењето кафе или какви било други стимуланси. Тоа вклучува и средување на домот во доцните часови.
    • rn011

    • Обидете се да легнувате во кревет секоја вечер во исто време, вклучувајќи ги и викендите. Регуларноста во спиењето ќе ви помогне да го нормализирате ритамот на вашето срце.
    • rn

    rnКако да се справите со несоница во ладните зимски денови?rn

      rn011

    • Не јадете тешка и калорична храна пред спиење. Доколку сте гладни, попрво одберете да внесете протеини и масти, отколку карбохидрати.
    • rn011

    • Одржувајте ја умерена температурата во собата. Температурата од 16 до 18 Целзиусови степени е совршена температура за добар сон. Соба која е премногу топла или ладна е тотално непријатна соба за спиење.
    • rn011

    • Спијте во темница. Ова е еден од најважните совети, имајќи предвид дека светлината е моќна сила која може да го разбуди вашиот мозок далеку пред алармот од вашиот часовник или мобилен телефон. Кога сме кај светлината, експертите за решавање на проблемот со несоница ве советуваат од собата да ги отстраните сите дигитални направи кои испуштаат каков било вид светлина. Ако страдате од несоница, не чекајте, веднаш претворете ја вашата спална соба во „пештера“.
    • rn

    rnЗапомнете, сите ние живееме живот со брзо темпо и имаме „еден тон“ обврски кои мора да ги завршиме во текот на еден ден. Но, недостатокот на сон сигурно нема да ви помогне во тоа. Квалитетот и квантитетот на сонот се најважни за тоа како ќе функционирате следниот ден, и денот потоа… и денот потоа… Затоа, спијте од шест до девет часа на ден и заборавете ги проблемите во темница. Има ден кога тие треба да се решаваат.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.