КАФЕ ПАУЗА

Tag: соба

  • Боите во домот го менуваат вашето расположение #2

    Боите во домот го менуваат вашето расположение #2

    Боите на чудесен начин комуницираат со нашите чувства. Тие инспирираат, стимулираат, ублажуваат и внесуваат живот во вашиот дом. Експертите велат дека луѓето не ги гледаат боите, туку ги „чувствуваат“. Со изборот на соодветна боја за вашата соба можете да ги балансирате чувствата, да ги намалите вашите стравови и да го „загреете“ вашиот љубовен живот.rnrnДоколку ви се допаѓаат топли бои…rnrnСончевите нијанси на црвена, жолта и портокалова боја се топли, нежни и весели. Создаваат позитивни чувства и креираат фамилијарна атмосфера. Топлите бои прават малите соби да изгледаат уште помали, а големите соби поудобни и попријатни.rn

    Црвената боја го стимулира телото и умот, што значи дека не е препорачлива за соба во која се одморате. Во комбинација со неутрални бои, таа е одличен избор за вашата трпезарија, бидејќи го зголемува апетитот, енергијата и возбудата. Моќта на црвената боја ќе направи вашите гости да уживаат во храната и пријатна атмосфера, а доброто расположение во друштвото ќе можете да го пренесете во дневната соба, каде што ќе го проследите фудбалскиот натпревар или некој добар филм.Боите во домот го менуваат вашето расположение #2Доколку сакате да оставите впечаток на љубезна и дружељубива личност и сакате вашите роднини и пријатели да се чувствуваат добредојдени во вашиот дом, со портокалова дневна соба – го постигнувате ефектот. Портокаловата е боја на конкуренција, енергија, активност и баланс, така што нежна нијанса од истата е идеална избор и за вашата канцеларија.rnБоите во домот го менуваат вашето расположение #2Жолтата боја пак му дава ведрина, живост и чистота на просторот. Поради свежината која ја носи во себе, жолтата боја е пријатна за во ходниците, каде што ќе ви го поткрева расположението секогаш кога ќе си дојдете дома. Таа боја е и фин избор за спална соба.rnБоите во домот го менуваат вашето расположение #2

  • Боите во домот го менуваат вашето расположение #1

    Боите во домот го менуваат вашето расположение #1

    Сакате да направите некаква промена во вашиот дом, да го освежите просторот, но и да ја промените бојата на ѕидовите, бидејќи белата е веќе одамна демоде. Ви останува уште да го направите изборот на боите кои ќе ги комбинирате. Додека размислувате на таа тема, немојте да заборавате дека боите потсвесно влијаат на вашите емоции и расположение, како и на психичката и физичката стабилност.rnrnДоколку преферирате ладни бои…rnrnСвежите нијанси на зелена, сина и виолетова боја ублажуваат, смируваат и успокојуваат и прават просторот да изгледа поголем.rn

    Зелената боја е боја на природата, која смирува, успокојува, прави да се чувствувате заштитени и ја подига вашата самодоверба. Зелената е одлична боја за вашата бања или спална или за било која соба која служи за одмор и релаксација.(1) Боите во домот го менуваат вашето расположение #1 Виолетовата боја симболизира страдање и тага, но истовремено и кралско достоинство, привилегираност и интегритет. Светлите нијанси на виолетова пак, се одлични за медитација, самоанализа и за духовно прочистување. Соодветна е за спална соба.(2) Боите во домот го менуваат вашето расположение #1 Сината боја го смирува нервниот систем, а симболизира живот во заедница. Светло сината е одлична соба за спиење, па затоа употребете ја за вашата спална или за соба во која се релаксирате. Избегнувајте ја за дневна соба и канцеларија. Сината боја е и „убиец“ на апетитот, така што освен ако не сте на диета или не ве бива за готвење, немојте да ја изберете за вашата трпезарија. Темно сината пак, создава депресивни чувства и ја „вшмукува“ енергијата во домот.(3) Боите во домот го менуваат вашето расположение #1