КАФЕ ПАУЗА

Tag: смрт

  • Најпознатите цитати од Вуди Ален

    Најпознатите цитати од Вуди Ален

    Мултитаскинг оскаровецот Вуди Ален, покрај по ексцентричните филмови, познат е и по неговите забавни коментари со специфична доза хумор. Прочитајте дел од нив:rnrnНајпознатите цитати од Вуди Аленrnrn rn

    „Јас не се плашам да умрам, само не сакам да бидам таму кога тоа ќе се случи.“

    rn

    „Животот е како концентрационен логор. Не можете да го напуштите додека не умрете.“

    rn

    „Што ако сè е илузија и ништо не постои?! Во тој случај, јас дефинитивно прескапо го платив овој тепих.“

    rn

    „Ако сакаш да го насмееш Господ, кажи му ги своите планови.“

    rn

    „Верувам дека постои нешто што сите нè набљудува. За жал, тоа е нашата влада.“

    rn

    „Имам многу лоши рефлекси. Еднаш ме прегази автомобил што го туркаа две момчиња.“

    rn

    „Многу сум горд на мојот златен часовник. Дедо ми ми го продаде кога беше на смртна постела.“

    rn

    „Моето образование беше тажно. Одев во училишта за емоционално пореметени наставници.“

    rn

    „За вас сум атеист. За Господ сум лојална опозиција.“

    rn

    „Ако постои Бог, се надевам дека има добар изговор за тоа.“

    rn

    „Парите се подобри од сиромаштијата, од финансиски причини.“

    rn

    „Кога ме киднапираа, моите родители веднаш се фрлија во акција. Ја изнајмија мојата соба.“

    rn

    „Бисексуалноста автоматски ви ги удвојува шансите за состанок во сабота навечер.“

    rn

    „Љубовта е одговорот, но додека го чекате одговорот, сексот може да ви поттикне многу интересни прашања.“

    rn

    „Единствената работа за која жалам во животот е тоа што не сум некој друг.“

    rn

    „94,5 отсто од сите статистики се измислени.“

    rn

    „Постојат два вида луѓе на светот, добри и лоши. Добрите подобро спијат навечер, но се чини дека лошите повеќе уживаат во часовите кога се будни.“

    rn

    „Сексот е како партија бриџ. Ако немате добар партнер, подобро да имате добра рака.“

    rn

    „Во суштина, мојата сопруга беше многу незрела. Кога лежев дома во кадата, доаѓаше и ми ги потонуваше сите мои бродови.“

    rn

    „Умирањето е едно од ретките нешта што може да се направи лежејќи.“

    rn

    „Благодарен сум му на смеењето, освен во случаите кога млекото ми излегува од носот.“

    rn

    „Сексот без љубов е бесмислено, но проклето добро искуство.“

    rn

    „Јас сум шеф во мојата куќа, жена ми само ги носи одлуките.“

    rn

    „Не можам премногу да го слушам Вагнер, бидејќи добивам желба да ја покорам Полска.“

    rn

    „Сакам да ви раскажам страшна приказна за оралната контрацепција. Прашав една девојка дали ќе спие со мене и ми рече НЕ.“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку одлични, но недовршени литературни дела

    Неколку одлични, но недовршени литературни дела

    Автор: Петар ЏајковскиrnrnМногу од лауреатите на светската литература пишувале сè до својата смрт. Тоа значи дека пишувале и на последниот ден од нивниот живот, што е малку незгодно кога се работи за нешто што мора да биде завршено. Тие во фиока оставиле една помала група опасни, но недопишани приказни. Еве дел од нив.Неколку одлични, но недовршени литературни делаrnrn„Кублај Кан“ – Самуел Тејлор Колериџ („Kubla Khan“ – Samuel Taylor Coleridge)rnrnВо предговорот на оваа поема Колериџ објаснува како еден летен ден заспал седејќи на стол под влијание на опиум и ги сонувал стиховите на оваа поема. Кога се разбудил се фрлил над хартија и брзо и нетрпеливо ја пренесувал визијата како хипнотизиран. За жал во магичното пишување го прекинал фамозниот човек од Порлок кој го задржал саат или два. Кога Колериџ се вратил во својата соба со намера да продолжи да пишува, сфатил дека освен неколку расфрлани слики и стихови (а сонувал околу 200-300 стихови) сè друго му испарило од глава.Неколку одлични, но недовршени литературни делаrnrn„Рајската градина“ – Ернест Хемингвеј (Ernest Hemingway – „The Garden of Eden“)rnrnХемингвеј бил вистински боем, а оваа етикета подразбира голема љубов кон чашката (онаа полната). Па не можеме да бидеме сосем сигурни дека неговата Рајска градина не била едноставно заборавена во виорот на алкохолот. На овој роман работел повеќе од петнаесет години и за тоа време објавил дури три други дела: „Старецот и морето“, „Опасното лето“ и „Подвижна гозба“.Неколку одлични, но недовршени литературни делаrnrn„Бледиот Крал” – Дејвид Фостер Волас („The Pale King” – David Foster Wallace)rnrnДејвид Фостер Волас е модерен американски писател, автор на романи, есеи и кратки приказни, добитник на многу награди и, постхумно, финалист во трката за Пулицер. Огромната армија фанови беше разочарана во 2008, кога Дејвид си го одзеде својот живот по долги години тешка депресија. Го остави својот последен роман на околу 500-тина страници и изјави непосредно пред крајот на својот живот дека тоа е само една третина.Неколку одлични, но недовршени литературни делаrnrn„Мистериозниот странец“ – Марк Твен („The mysterious stranger“ – Mark Twain)rnrnХалеевата комета го донесе на овој свет и после 75 години повторно го зеде со себе, за да бидат „двајцата“ неодговорни „чудаци“ на кои не може да се смета. Марк Твен е генијалец, тука нема многу полемики. Таткото на Том и Хаклбери работел на три различни верзии од овој роман, и како што претпоставувате ниту една не е завршена.Неколку одлични, но недовршени литературни делаrnrn„Љубовта на последниот Тајкун“ – Френсис Скот Фицџералд („The love of the Last Tycoon“ – Francis S. Fitzgerald)rnrnФренсис Скот Фицџералд е еден од најголемите американски писатели на претходниот век. Неговиот роман „Големиот Гатсби“ (The Great Gatsby) се смета за модерен класик и претставувал пример и инспирација за подоцнежната генерација американски писатели. Неговиот последен роман „Љубовта на последниот Тајкун“ го оставил недовршен во тетратки, тефтери и голем број белешки на листови хартија, на кои пишувал за ликовите, дејствата итн. Со помош на многубројните расцепкани белешки, Метју Бруколи во 1993 успеал да го заврши овој роман, насловот го пронашол во една од тетратките, испишан со големи букви и заокружен.Неколку одлични, но недовршени литературни делаrnrn„Мистеријата на Едвин Дрод“ – Чарлс Дикенс (Charles Dickens – „The Mystery of Edwin Drood“)rnrnДикенсовиот петнаесетти и воедно последен роман не можел да има подобар крај. Како и повеќето книги од тој период и оваа била објавувана во месечно списание поделена во 12 делови. Читателите останале со кренати раце кога дознале за неговата смрт. Пред да добие срцев удар, Дикенс успеал да напише 6 продолженија, па приказната е отприлика завршена до пола. Мистеријата на Едвин Дрод останува мистерија засекогаш…Неколку одлични, но недовршени литературни делаОбидите да се завршат дел од овие приказни се многубројни, но ниеден не е целосно успешен. Дури и да успееме да ги отплеткаме конците така како што овие големи умови планирале, никогаш нема да знаеме дали е тој вистинскиот начин да се комплетира кој било од овие паралелни светови. Овие приказни можеле да бидат големи и значајни, но за жал не се. Но сепак, има нешто во нив што ги прави посебни. На еден по малку чуден начин тие ни ги откриваат последните летови на фантазијата на големите писатели.rn
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Двојничка (Ringer)

    Двојничка (Ringer)

    ТВ серија за прикривање на криминалот со нов, користејќи ја физичката идентичност како бесплатна карта за впуштање во туѓ живот и напуштање на проблемите од својот поранешенrnrnДвојничка (Ringer)Главни улоги: Сара Мишел Гелар, Кристофер Полаха, Јоан Грифед, Нестор Карбонел, Мајк Колтер, Зои ДучrnrnЖанр: драма, мистерија, трилерrnrnВреметраење: 44 минутиrnrnПремиера: 13 септември 2011rnrnБрој на сезони: 1rnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rn


    Сите ние, кои немаме свој двојник во светот, имаме проблем да ги перципираме близнаците како различни личности. Но, покрај нивната физичка сличност, која понекогаш е импресивна, што дури и нивните родители не можат да ги разликуваат, тие се свои личности со свој живот, луѓе кои ги сакаат, луѓе кои ги мразат и сакаат да ги убијат, свои проблеми, тајни и желби за одмазда. Кога одмаздата ќе се сврти на еден од нив кон друг, најдобриот начин да се истера правдата е да се заменат идентитетите.


    rn
    rn

    rnПриказна: Дејството во „Двојничка“ се врти околу двете сестри близначки Шавон Мартин и Бриџет Кели, кои од непознати причини, го изгубиле контактот и не се блиски како порано. Шавон живее луксузен живот во Њујорк, ги троши парите на нејзиниот сопруг Ендјру, организира скапи отмени забави и е постојано во круг на луѓе кои се како неа. За разлика од неа, сестра ѝ живее во Вајоминг, работи како стриптизета, а во слободно време е зависник од дрога и алкохол. Таа е и сведок на убиство извршено од страна на нејзиниот работодавач во клубот, за што ѝ е понудена заштита од агентот Мачедо, но знаејќи што може да ја снајде, решава да избега и да ја посети својата сестра во Њујорк.Двојничка (Ringer)Шавон ја носи сестра си на брод, каде успешно ја исценира својата смрт, а Бриџет ова го користи како прилика да го напушти својот живот од порано. Таа одлучува да го промени својот идентитет и комплетно да го преземе животот на нејзината сестра. Ова вклучува глумење соодветен однос со „нејзиниот“ сопруг, прифаќање на арогантниот однос од неговата ќерка Џулиет, дружење со „нејзината“ најдобра пријателка Џема и соочување со фактот дека Шавон му е љубовница на нејзиниот сопруг. Во овие замрсени љубовни триаголници, дополнителна мистерија е сомнителниот бизнис на Ендјру, кој е партнер во фирмата со директната и дрска Оливија.Двојничка (Ringer)Двојничка (Ringer)Единствен кој ја знае тајната на Бриџит е Малком, нејзиниот „спонзор“ во процесот на апстиненција од алкохол и дрога. Но, приказната е замрсена и повеќе од ова, најмногу поради фактот дека Шавон не е вистински мртва.Двојничка (Ringer)Глума: Се чини се појавува некој тренд, ТВ сериите да ги зачинуваат со улоги на двојнички („Лажливата игра“, „Вампирски дневници“), но глумата на Сара Мишел Гелар е навистина импресивна и претставува освежување на ТВ екраните. Нејзиниот лик, во двете улоги ѝ дава посебен сјај и длабочина на приказната. Нејзиниот израз, држење, нејзините реплики се толку соодветни на улогата што моментално ја игра, што по првата епизода, веќе ќе препознавате за која од сестрите се работи, дури и пред таа да изусти збор.Двојничка (Ringer)Кога и како да ја гледате: Мистерија по дифолт не се гледа денски. Добра е за гледање во домашна интимна атмосфера, после работните обврски, значи попладне или навечер. Но, не гледајте ја сосема пред да си легнете, освен ако не сакате да ве копкаат деталите од следната епизода цела вечер. 🙂Двојничка (Ringer)Двојничка (Ringer)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вашите последни зборови на Фејсбук

    Вашите последни зборови на Фејсбук

    Автор: Вера Мартиноска rnrnПрофилите на Фејсбук не умираат на ист начин како луѓето. „Ако умрам“ (If I Die) е апликација за Фејсбук која овозможува вашето јас од социјалната мрежа, сè уште да може да ги објави вашите последни желби и да испраќа пораки до вашите пријатели дури и години по вашата смрт.Вашите последни зборови на Фејсбук„Ако умрам“ ви овозможува да испратите последна порака на вашиот ѕид и на саканите, кога ќе умрете. Откако ќе ја инсталирате апликацијата, избирате три повереници (Фејсбук-пријатели) кои се обврзани да ја потврдат вашата смрт. Потоа, корисниците може да снимат видео или да состават порака кои би биле објавени постхумно. Кога поверениците ќе ја потврдат вашата смрт, вашите пораки може да бидат објавени одеднаш на вашиот ѕид или да бидат објавени на претходно одредениот датум или по определен распоред.rnrnМожеби е малку морбидно да се снимаат проштални пораки, но Вилук, Израелската компанија која стои зад апликацијата, ја создала затоа што едноставно, никој не знае кога ќе настапи смртта:rn
    rn

    „Сите имаме нешта кои сакаме да ги кажеме, но не секогаш ја имаме публиката и трпението да нè сослуша. Всушност, сите сакаме да оставиме нешто зад себе, сите сакаме да оставиме печат“, вели Еран Алфонта, ко-основачот на апликацијата и извршниот директор.

    rnТој ја добил идејата за оваа апликација кога двајца негови пријатели патувале во Италија без нивните деца и едвај избегнале фатална сообраќајна несреќа со камион. Застанале настрана, се напиле вода и почнале да разговараат за тоа што би правеле нивните деца ако нив им се случело нешто. Така, го замолиле Алфонта да создаде веб-сајт каде ќе можат тајно да снимат нешто за нивните деца што би им било испратено само доколку тие умрат.rn

    rnЛуѓето оставаат постхумни пораки уште од многу одамна. Но, зошто една апликација на Фејсбук би ги заменила пенкалото и листот хартија? Пред сè, затоа што гарантира механизам на испорака. Многупати, напишаното проштално писмо може да остане заборавено во фиока, додека „Ако умрам“ обезбедува пораката да стигне до посакуваната дестинација. Исто така, дозволува пораката да биде објавена по определен распоред, на пример, кога на една корисничка ѝ бил дијагностициран рак, почнала да снима видеа за својата ќерка за да  бидат праќани секоја година на нејзиниот роденден, сè додека не наполни 18 години. На некој начин, „Ако умрам“ им дава на своите корисници извесна бесмртност во поглед на социјалните медиуми. Дури и откако ќе умрат, нивните профили може да продолжат да живеат и да праќаат постови и лични пораки сè додека имаат од претходно подготвените пораки.rn
    rn

    Запрашан дали ја искористил „Ако умрам“ за да сними сопствени пораки, Алфонта одговара: „ О Господе, да! Имам четири деца и прекрасна жена и на секој од нив им оставив порака. Се надевам дека ќе живеам долго и среќно, но ако нешто ми се случи, мислам дека ќе имам одлично изненадување за моите деца, трогателни пораки.“

    rnДали вие би снимиле ваква порака? Дали сакате вашиот профил да праќа пораки од ваше име дури и ако не сте повеќе меѓу живите? Кои од пријателите би ги избрале за ваши повереници?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10-те најпознати пирати во историјата

    10-те најпознати пирати во историјата

    Знаете ли како најозлогласените пирати во историјата, се впуштиле во разбојништво по морињата и океаните? Дел од нив, биле од богати и угледни семејства…10-те најпознати пирати во историјата1. Ен Бони е меѓу најпознатите жени-пирати. Родена е во ирската провинција Корк и е вонбрачно дете на адвокат и слугинка. Ен уште како малечка се разликувала од другите деца, нејзиниот живот бил необичен и турбулентен. Во еден момент, татко ù одлучил да ја напуштат Ирска и да се преселат во Северна Америка, каде Ен се запознала со нејзиниот иден сопруг, сиромашниот морнар и пират, Џејмс Бони. Ен го напушта богатиот живот, се мажи за Џејмс и заедно заминуваат на Бахамите. Но, нивниот брак завршува, кога опасната и убава Ен го сретнува познатиот пират, Калико Џек и одлучува да избега со него…rnrnПознато е дека се борела облечена како машко и одлично управувала со пиштол. Во една од борбите, сите пирати на бродот на Калико биле фатени и осудени на смрт. Смртната казна на Ен била неколку пати одложувана, заради нејзината бременост. Се претпоставува дека таа воопшто и не била спроведена, дека нејзиниот моќен татко излобирал да ја ослободат и да ù креираат нов идентитет.10-те најпознати пирати во историјата2. Црната брада е најголемата пиратска легенда во историјата, иако неговите подвизи се едни од најкратките и траеле околу 15 месеци. Не се знае ништо за неговото потекло, се претпоставува само дека е од Бристол. Бил гусар во британска служба за време на војната за шпанското кралство. Кога таа завршила, тој останал без работа, и како и многу други во тоа време, преминал во пиратството.rnrnСе приклучил на екипажот на не толку познатиот Бенџамин Хорниголд. Многу брзо се стекнал со пиратско искуство и кон крајот на 1717 година, тој веќе имал сопствен брод, кој се викал „Одмаздата на кралицата Ана“. Бродот бил вооружен со 40 топови и не можела да го победи ниту една воена флота. Со многубројните разбојништва, Црната брада за помалку од една година станал легенда.rnrnТој е симбол за крвожедно чудовиште, кое ги тероризира морињата, сее смрт и има безброј ограбени бродови. Црната брада никогаш не бил фатен и осуден.10-те најпознати пирати во историјата3. Стид Бонет е познат како пират-џентлмен. Откако се распаднал неговиот брак, Бонет одлучил да го напушти удобниот живот на Барбадос и да започне со пиратството. И покрај тоа што немал никакво искуство како морнар, тој купил брод, го нарекол „Одмазда“ и тргнал во поход.rnrnНа пат до Хондурас, на отворено море се сретнал со Црната брада. Со оглед на неколку пати поголемиот екипаж кој го поседувал Црната брада, на Бонет не му преостанало ништо друго, освен да се предаде. По извесно време моќниот пират решил да го ослободи и да му го врати бродот. Но, неговите луѓе го прогласиле за неспособен капетан, го напуштиле и останале со Црната брада.rnrnПодоцна Бонет бил фатен и осуден на смртна казна, но властите одлучиле да го помилуваат. Ова за Бонет не било доволно да се откаже од пиратството, го сменил идентитетот, го преименувал бродот и продолжил со ваквиот начин на живот. И по вторпат бил фатен и заедно со 30-члениот екипаж осуден на бесилка. Овој пат, немало кој да го помилува.10-те најпознати пирати во историјата4. Чанг По Цај бил син на рибар од Хонг Конг. Тој на 15-годишна возраст бил киднапиран од пирати и посвоен од киднаперите, кои подоцна и ги наследил. Тој живеел како пират за време на династијата Чинг. Се претпоставува дека поседувал 600 бродови и имал преку 50.000 следбеници. Во 1810 година, Чанг По го напуштил овој живот и ù се приклучил на императорската флота Чинг, каде како капетан го поминал остатокот од својот живот. За него се шпекулира дека има големо скриено богатство, кое се наоѓа во пештерата именувана по него, лоцирана на островот Cheung Chau.10-те најпознати пирати во историјата5. Едвард Ингланд – Неговото вистинско име е Едвард Сигар. Тој бил пират од 1717 до 1720 година. Ограбувал бродови во Индискиот океан, во близина на африканскиот брег. Да живее како пират бил принуден од страна на капетанот Кристофер Винтер, кој го киднапирал и го направил дел од својот екипаж. Едвард подоцна ја презел командата врз украдениот брод „Ројал Џејмс“, кој го преименувал во „Бисер“. Но, неговиот четврт господар го исфрлил од бродот, заедно со уште двајца членови на екипажот. Умрел молејќи за храна, кон крајот на 1720 година.10-те најпознати пирати во историјата6. Вилијам Кид се претпоставува дека е роден во Шкотска, во 1645 година. Најпрво започнал како ловец на пирати. Му било предложено да стане легален гусар, кој ќе работи во име на државата. Но, Кид тоа го злоупотребил, почнал да напаѓа буквално сè, без да ги почитува правилата.rnrnНа бродот се подготвувал бунт против неговото насилно однесување, но Кид дознал за ваквите намери на екипажот и го убил предводникот на бунтот, Вилијам Мур. Со тоа ги исплашил останатите на бродот и ги спречил да му се спротивстават.rnrnИако, законите во 17 век, им давале голема слобода на морнарските капетани да употребуваат насилство врз екипажот, со цел тој да биде послушен, сепак, не дозволувале убиство. Кид тоа добро го знаел, но намерно го кршел законот. Напаѓал и бродови на моќна трговска организација, која подоцна, од англискиот парламент побарала Кид да биде прогласен за пират. Властите не можеле да ù се спротивстават на компанијата и го реализирале нејзиното барање.10-те најпознати пирати во историјата7. Томас Тју e познат како пиратот од Роуд Ајленд. Најверојатно е роден во Англија, а подоцна заедно со неговите родители, емигрирал во колониите во Роуд Ајленд. Во 1692 година, Тју се преселува на Бермудите. На крај завршува на островот Мадагаскар, во Индискиот Океан, односно на популарното седиште на пиратите во тоа време.rnrnИ тој бил англиски гусар, кој подоцна станал пират. Имал само две пиратски патувања. На првото, заробил брод во Црвеното Море, на патот од Индија кон Отоманската империја. Бродот носел злато и сребро во вредност од 100.000 фунти. Тју починал на второто патување, во битка во која се обидел да го преземе бродот „Могул“ на султанот Фатех Мухамед.10-те најпознати пирати во историјата8. Ховел Дејвис бил капетан на четирите брода, „Кадоган“, „Бук“, „Св. Џејмс“ и „Ровер“. Тој е добро познат во историјата, иако неговата пиратска кариера траела само 11 месеци. Велшкиот капетан, меѓу другото, останал запаметен и по земањето на популарниот пират Бартоломеј Робертс, да му служи како навигатор.rnrnДејвис станал пират кога бродот со робови „Кадоган“, во кој бил помошник капетан, бил заробен од страна на познатиот Едвард Ингланд. Одлучил да му се приклучи на Ингланд, кој подоцна му ја предал командата врз „Кадоган“.rnrnЗа разлика од другите пирати, тој не користел сила, туку се служел со измама и трикови. Еден од неговите најголеми подвизи е киднапирањето на командант на кралско-африканска компанија, за кој успеал да земе висок откуп. Го измамил дека е легитимен гусар, го поканил на вечера и го заробил.rnrnДејвис починал на 19 јуни 1719 година. Бил застрелан, кога се обидел да киднапира гувернер на португалски остров.10-те најпознати пирати во историјата9. Бартоломеј РобертсНеговото вистинско им е Џон Робертс и е меѓу најуспешните пирати во златното доба на пиратството. Се проценува дека заробил 470 бродови. Велшкиот пират ги тероризирал морињата меѓу Америка и Западна Африка, од 1719 до 1722 година.rnrnПознато е дека започнал да плови од 13-годишна возраст, а станал пират на околу 40 години. Бил нападнат од страна на двата пиратски брода, „Ројал Ровер“ и „Ројал Џејмс“, предводени од Ховел Дејвис. Тогаш Дејвис ги открил неговите способности како навигатор и го зел во својот екипаж. Подоцна, по смртта на Дејвис, Бартоломеј станал капетан на бродот „Ројал Ровер“. Починал во една од битките, во февруари, 1722 година.10-те најпознати пирати во историјата10. Чарлс Вејн е англиски гусар, кој станал пират во 1716 година. Тој е познат по тоа што запленувал само англиски и француски бродови. Својата база ја поставил на Бахамите.  Покрај со непријателите, Вејн бил суров и со својот екипаж. Ги мамел и им го земал делот од пленот.rnrnВо февруари, 1718 година, бил фатен од страна на Винсент Пирс, командант на „ХМС-Феникс“, но бил помилуван и ослободен, по што повторно му се вратил на пиратството. Успеал да избега од очите на кралската флота, која го надгледувала после помилувањето, но кога се вратил на бродот, екипажот едногласно одлучил тој повеќе да не биде командант.rnrnИ покрај сè, Вејн не се откажал од овој начин на живот, успеал одново да се искачи на врвот на пиратсвото, со напади и преземања на многу големи бродови. После долга и агресивна пиратска кариера, тој бил повторно фатен и егзекутиран во 1721 година, во Јамајка.10-те најпознати пирати во историјата
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Необични желби и тестаменти

    Необични желби и тестаменти

    Иако тестаментите вообичаено се користат за да се дефинира наследството, некои луѓе ги имаат искористено за политички цели или едноставно за да направат шега. Еве ги 10-те најчудни претсмртни желби и тестаменти од познати и помалку познати личности:rnrnНеобични желби и тестаментиrnrn1. Последната желба на римскиот поет Публиј Вергилиј Марон била да се запали неговото најпознато дело, епопејата „Енеида“. Во неа ги обработувал „Илијада“ и „Одисеја“, но за разлика од Хомеровите 24 епски песни, Вергилиј успеал да заврши само 12. Токму поради неуспехот да ја комплетира „Енеида“, побарал таа да биде запалена по неговата смрт. За ова дознале неговите пријатели, кои едвај го разубедиле во намерата и го натерале да ја тргне оваа последна желба од тестаментот. Се согласил со нив и дозволил поемата да биде објавена.rnrnНеобични желби и тестаментиrnrn2. Вилијам Шекспир посакал неговиот втор по удобност кревет да го добие неговата сопруга Ен Хетвеј. Оваа чудна последна желба на познатиот англиски поет и писател била дочекана со многу шпекулации. Некои тоа го сметале како навреда за Ен, а некои на тоа гледале со голема почит, бидејќи биле убедени дека креветот е брачен и затоа е од големо значење. Во тоа време било тешко да се поседува скап кревет, без болви и други штетници.rnrnПо неговата смрт, јавноста ја разбранувал и епитафот на неговиот гроб: „Благословен нека е секој што ќе го сочува овој камен, а проколнат тој што ќе ги помести моите коски“. Ова некои го сметале како предупредување за крадците и за посетителите, но сите се плашеле од клетвата. Дури и по смртта на неговата сопруга, никој не се осмелил да го отвори гробот. Таа починала седум години подоцна и била закопана на друга локација.rnrnНеобични желби и тестаментиrnrn3. Необична е и последната желба на еден од најпознатите романсиери во светот, Чарлс Дикенс. Тој побарал на неговиот погреб, ожалостените да не носат црни шамии, марами, наметки, црн лак или како што напишал, и други одвратни работи и апсурди. Тој не сакал погребот да биде јавен и сметал дека времето и местото не треба да бидат објавени. Побарал едноставен и евтин погреб. Но, овие негови барања биле занемарени. Неговото погребување станало национален настан.rnrnНеобични желби и тестаментиrnrn4. Џорџ Бернард Шо наредил да нема богослужба на неговиот погреб и на гробот да нема форми на крст, инструменти за тортура или симболи за принесување жртви. Овој британски писател, романсиер, музички и драмски критичар од ирско потекло, очигледно бил „скаран“ со религијата.rnrnБернард Шо бил фасциниран од идејата за реформирање на англискиот правопис. Тој измислил 40 букви во фонетската азбука, со што значително го поедноставил спелувањето. Тој оставил голем дел од наследството за промоција на новата азбука. Но, судот го отфрлил ова барање и парите ги пренасочил за Британскиот музеј, Националната галерија на Ирска и за Кралската академија за драмски уметности.rnrnНеобични желби и тестаментиrnrn5. Последната желба на Бенџамин Френклин се однесува на неговата ќерка. Преку тестаментот побарал таа да не го троши залудно времето во бескорисно носење скап накит. Корените на ова чудно барање се во Франција. Френклин, за време на неговата амбасадорска функција во оваа земја, добил подарок портрет од кралот Луј XVI, во рамка изработена од 408 дијаманти. Овој портрет го оставил во наследство на ќерка си, а со барањето сакал да спречи таа да ги искорне дијамантите и од нив да направи накит. Френклин е познат американски државник, филозоф, физичар, економист и писател. Како физичар е заслужен за откривањето на громобранот.rnrnНеобични желби и тестаментиrnrn

  • Зараза (Contagion)

    Зараза (Contagion)

    Филм за кршливоста на човековиот живот, но и за нашата битка „целта ги оправдува средствата“ за да го задржиме… Сепак, што ако смртта ни ја носи едно обично пријателско ракување или вечера во ресторан?rnrnЗараза (Contagion)Режија: Стивен СоденбергrnrnУлоги: Мет Дејмон, Кејт Винслет, Гвинет Палтроу, Лоренс Фишбурн, Џуд Лоу, Маријон КотиарrnrnВреметраење: 106 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 3 септември 2011rnrnЖанр: трилер, драмаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnОткако светот реално ја почувствува паниката поради САРС-от и свинскиот грип, а голем дел од луѓето сè уште се сеќаваат на тој страв, најдобро е да направиш трилер за нов вирус, за нова закана. Ако режисерот Стивен Соденберг го снимeше овој филм пред некоја година, во очите на јавноста ќе беше осуден како суров бескрупулозен филмаџија кој гази по трупови за да заработи. Но сега, поминато е доволно време за да може дистанцирано да гледаме на работите, а од друга страна, сепак, сè е доволно блиску за да почувствуваме емотивна поврзаност. rnrnА, иако во Македонија целата ситуација со вирусите мина помирно, низ целиот свет луѓето подлабоко ги преживеаја паниката и стравот за сопствениот живот. Можеби поради овие мали наговестувања за сценариото, ви наликува дека филмот е копија на „Епидемија“ со Дастин Хофман, но факт е дека Соденберг создава малку потемна и помачна приказна во која нема некои особени љубовни стории или пак слепо трчање по магичниот противотров кој за 24 часа ќе реши сè.rn————————————————————————————————————————————————- rn

    rnПриказна: Уште во првите 10 минути од филмот, Бет (Гвинет Палтроу) се враќа од бизнис патување во Хонг Конг, по што има напад и умира, а сличното му се случува и на нејзиниот малечок син, Кларк. Единствено сопругот Мич е имун. Како во епицентар на една огромна пајакова мрежа, филмски се регистрираат сите страни во кои тргнува заразата и колку таа излегува од контрола. Веднаш се алармираат надлежните органи и почнува истрага. На истражувачката страна се: Лоренс Фишбурн, Кејт Винслент и Марион Котијард и сметам дека поголемо навлегување во деталите е непотребно. Зараза (Contagion)Соденберг, како режисер кој има потпишано култни филмови како „Ерин Брокович“ или „Секс, лаги и видеоленти”, работи (најверојатно) со огромен буџет, па е слободен да си прави што сака. Така што, ако вообичаено во филмовите знаете дека најголемата ѕвезда нема да умре или пак тоа ќе ù се случи на пет минути пред крајот, тука тоа воопшто не е случај. Палтроу ја има, сè на сè, 15 минути и… добро не откривам што сè понатаму се случува. Интересно е што и во споредните улоги се јавуваат оние актери на кои можеби не им го знаете името, но знаете дека сте ги виделе некаде.Зараза (Contagion)Режија: И покрај сите атрибути, чувството е дека Соденберг прави филм кој на крајот не те задоволува комплетно. Од една страна е приказната за трката по лек, но и бирократските шаховски игри кој ја кочат. Низ ликот на Ален (Џуд Лоу) се разгледува и граѓанското новинарство, односно сè поприсутните блогери, твитерџии, кои иако во одредени моменти може да придонесат многу за да излезат некои информации на виделина, се случува и во таа слепа потрага по нешто, да направат повеќе штета отколку корист.rnrnСе разгледува и прашањето кој ќе биде прв спасен – ти или јас, кој е поважен. Соденберг наметнува толку многу потприказни што е просто невозможно целосно да се разработат само во еден филм. Тој почнува да ги поставува, но некаде попатно во целата таа конфузија се губи и ги остава некако магливи, недоречени, без некој особено силен импакт врз гледачите.Зараза (Contagion)Кога и како да го гледате: На моменти има кратки сцени кои може да ги вознемират почувствителните гледачи, како сликите од аутопсија. Сепак, според мој вкус, генерално филмот и не е нешто трауматичен. Ако му текне на некого да го донесе во кино, тоа е вистинското место да се гледа „Зараза“ и дефинитивно подобро „легнува“ ноќно време.Зараза (Contagion) ———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тажна приказна за обединувањето на едно невообичаено семејство

    Тажна приказна за обединувањето на едно невообичаено семејство

    Оваа трагична приказна се случува во Саутемптон, Англија, каде што двајца татковци се обединуваат откако ја губат жената која ја сакале, за да ги израснат нивните заеднички деца. Поранешните ривали на љубовен план, Марк Мотрам и Стив Кук, се решаваат да живеат и да ги чуваат децата кои се родени од иста мајка под заеднички покрив. Тие се сложуваат дека станува збор за една малку необична заедница, но среќата на нивните деца, по ненадејната смрт на нивната мајка Ен, ја ставаат во преден план.Тажна приказна за обединувањето на едно невообичаено семејствоЕн била мажена со Марк, а во тој брак тие имале три деца: Лук (16), Тони (15) и Бен (8). Со нив живееле и двете поголеми ќерки на Ен: Зои (24) и Ејми (22), кои Марк ги сакал како свои. Откако се разделиле, Ен имала уште две деца со Стив: Били (4) и Кетрин (2), а на пат било нероденото бебе Џејмс.rnrn

    Тажна приказна за обединувањето на едно невообичаено семејство
    Мама Ен
    rnrnЧетириесет годишната Ен, била само на неколку недели од пораѓањето со нејзиното 8-мо дете, кога настрадала од фатален срцев удар додека спиела. Стив бил во куќата, дента кога Ен доживеала срцев удар и бил првиот кој се обидел да ја реанимира. Него го разбудила малата Кетрин, која почнала да плаче откако видела дека нејзината мајка не може да се разбуди. И покрај обидите да биде спасена, Ен починала, но докторите се бореле да го спасат животот на бебето Џејмс, во што успеале, но тоа починало по само 7 дена.rnrnЕјми и Зои не живеат повеќе во фамилијарната куќа, а двајцата татковци решиле дека најдобро за нивните помали деца е сите да живеат заедно во иста куќа, која ја делеле со својата мајка.rn
    rnrnМарк за новиот начин на живеење вели:rn.rn

    „Луѓето сметаат дека ова е чудно, но ние отсекогаш сме се сложувале, а сега тоа е поважно од кога било. Малку е чудна ситуацијата, но најважно е да бидеме тука за децата. Тие поминаа низ многу нешта, па нивната стабилност е на прво место. Всушност, станува збор за двајца таткови кои се грижат за своите деца. Јас се однесувам со Кетрин како со своја ќерка, а Стив се однесува со моите деца исто како да се негови.“


    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав

    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав

    Доколку сè уште се прашувате зошто уметноста е толку значајна категорија за човекот, присетете се колку пати досега, нечие уметничко дело успеало да допре до дното на вашето срце и да ги разбуди емоциите кои мислевте дека одамна  ги имате закопано. 24-годишниот илустратор и цртач Берк Озтурк сака да работи на мрачни и меланхолични теми, како што се смртта и изгубената љубов.rnrn

    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Невклопено дете“
    rnrnТој почнал да црта уште додека бил мало дете, а сега работи како илустратор на детски книги. Прекрасното во неговите цртежи е нивната едноставност, спакувана во длабока емоционална рана, која тешко зараснува. Ќе ве оставиме да уживате во вашите заборавени чувства гледајќи ги неговите фантастични илустрации, кои имаат и многу моќни наслови.rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Бакнеж од водени бои“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Расцепкани спомени“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Смрт и живот“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Татко и син“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Слоообоооодаааа“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Во заборав“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Слобода на мислење“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Палчето Том“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Ми недостасуваш Лион“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Се сеќавам на секој бакнеж“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Последната прегратка“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Св. Валентин“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Курт и Ејми“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Љубовници на гробишта“

  • Смртно убава (Drop Dead Diva)

    Смртно убава (Drop Dead Diva)

    ТВ серија за светоста на внатрешната убавина на човекот, наспроти променливата физичка убавинаrnrn„Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Главни улоги: Брук Елиот, Кејт Леверинг, Маргарет Чо, Ејприл Болби, Џексон Харст, Џош Стембрг, Бен ФелдманrnrnКреатор: Џош БерманrnrnЖанр: комедија, фантазија, драмаrnrnПремиера: 12 јули 2009rnrnБрој на сезони: 2rnrnСтатус: трета сезона во текrnrnВреметраење: 45-48 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    —————————————————————————————————————————————rnСте размислувале ли некогаш колку вашиот физички изглед влијае врз оформувањето на вашиот карактер? Колку сте вие позадоволни од себе кога ќе се погледнете во огледало, толку посамоуверени ќе бидете и тоа чувство ќе го пренесете и во умовите на другите луѓе, кои ќе ве доживуваат на истиот начин. Но, без разлика дали физички изгледаме добро или лошо, ние луѓето сме вечно незадоволни од нешто кое го поседуваме, па постојано се обидуваме да станеме подобри, физички или психички. Оние помалку привлечните, а поинтелигентни луѓе, се трудат колку е можно повеќе да се разубават со шминка и облека, а оние кои изгледаат како фотомодели, се обидуваат да ја пронајдат длабочината и смислата на нивниот живот. Ретко кој се родил под среќна ѕвезда да ги поседува двете најбитни работи кај луѓето: интелигенција и надворешна убавина, но верувајте и таквите имаат многу мани.rn—————————————————————————————————————————————

    rnrn

    rn

    Младата Деб во ТВ серијата „Смртно убава“, ја има можноста да ги искуси двете човекови крајности. Таа е преубава, згодна девојка, која го има „момчето од соништата“ во нејзините прегратки. Нема постојана работа, но се труди да „заплива“ во манекенските води. „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Невнимателна зад воланот, таа погинува во сообраќајна несреќа, а нејзиниот дух влегува во дебело тело на триесет и кусур годишна адвокатка, која животот си го посветила на образование и работа, а не на лакирање нокти и чешлање трепки. Како да се справи со новиот живот? Ќе успее ли да се снајде, буквално кажано „во туѓа кожа“? „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Како што вели старата поговорка: „Сè се може, доколку се сака“. Запомнете: каква личност ќе бидете, зависи од тоа каква вие самите сакате да бидете.

    rnПриказна: Во серијата станува збор за една преубава русокоса манекенка Деб, која прави сообраќајна несреќа во која погинува. Нејзината душа влегува низ портите на Рајот, каде што дознава од нејзиниот ангел-чувар Фред, дека таа спаѓа во категоријата луѓе „нула“, што значи дека во текот на нејзиниот буден живот таа направила нула добри и нула лоши дела, односно била личност со површен карактер. „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Вознемирена од тоа што го слуша, таа притиска едно копче на компјутерот, кое се надева дека ќе ја врати назад на Земјата помеѓу живите. „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)„Смртно“ убава (Drop Dead Diva)На Деб делумно ù се остварува желбата со притискање на копчето, кое не смеела да го притисне. Таа е повторно жива, но нејзиниот дух влегува во телото на неодамна починатата, брилијантна, вредна, интелигентна и дебела адвокатка по име Џејн Бингам.„Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Видно вознемирена од нејзиниот нов човечки облик, Деб е принудена да го заборави нејзиниот претходен живот и да го открие значењето на внатрешната човечка убавина. Длабочината на душата и умот ù ја овозможуваат интелигенцијата и знаењето кои ги има Џејн и нејзината способност вешто и тактички да ги освојува „битките“ во судницата. „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Единствени луѓе кои знаат за новиот идентитет на Деб се нејзиниот ангел-чувар Фред и нејзината површна, но многу лојална најдобра другарка Стејси. „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Животот уште повеќе започнува да ù се комплицира, кога во адвокатската фирма, започнува да работи нејзиното момче Грејсон, кој сè уште е „во црнила“ поради нејзината ненадејна, трагична смрт. Лудо заљубена во него, на Деб ù се кине срцето гледајќи го нејзиното прекрасно момче како страда по неа. „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Воедно, таа му вети на нејзиниот ангел-чувар Фред дека нема да му каже на Грејсон која всушност е, бидејќи како што тој ù вели, нејзината животна цел, откако е Џејн, е да остварува длабока конекција со луѓето во нејзиниот живот. Оправдувањето на Фред, е дека доколку Грејсон навистина ја сакал Деб, а не нејзиното манекенско тело, ќе се заљуби повторно во неа, но во облик на Џејн.rnrnПорака: Навидум изгледа дека станува збор за сапуница, која често ќе ве разнежнува, расплакува и расположува, но во суштина оваа серија има една фантастична длабочина, која нè учи да не сфаќаме сè, вклучително и телевизијата пресериозно. Има убавина во јадењето високо калорична крофна додека работите некоја напорна работа и во изгледот на човечкото лице кое нема совршени црти, моделирани со ботокс или премногу козметички препарати. Деб во Рајот не беше класифицирана како површна девојка поради нејзиниот изглед, туку поради плиткоста на нејзиниот карактер, а оваа серија ја истакнува токму човечката длабочина, на еден истовремено комичен и сентиментален начин. Карактерот на ликовите, а не физичката убавина на актерите, е магијата во оваа серија, со која таа успева да ја промени перспективата на гледачите за поимот телевизија, воопшто.„Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Кога и како да ја гледате: „Смртно убава“ е ТВ серија „лесна за консумирање“, сами или во друштво, поради што само од вас ќе зависи во кој дел од денот ќе сакате да ја гледате и со кого. Лесно прилагодлива на вашето моментално расположение, оваа серија е одлично потрошено време за одмор и психолошка гимнастика на вашето „внатрешно јас“.rnrn——————————————————————————————————————————————————————–rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.