КАФЕ ПАУЗА

Tag: смрт

  • Најстрашниот трик за Ноќта на вештерките

    Најстрашниот трик за Ноќта на вештерките

    Како би реагирале доколку еден ден додека опуштено шетате низ парк, зад вас ви се појави мрачното страшило кое ја симболизира смртта?rnrnrnrnЖителите од Луисвил, Кентаки, САД неколку дена пред Ноќта на вештерките бегале преплашени до смрт од ова мрачно плашило.rnrnНајстрашниот трик за Ноќта на вештерките rnrnТоа всушност е кукла-скелет, која се контролира со далечински управувач. Популарниот американски шегаџија Том Мејб неколку дена пред Ноќта на вештерките решил да се шегува со разни пешаци и рекреативци, прогонувајќи ги со кукла облечена како Ангелот на смртта во страшна, црна наметка. Премногу е смешно да се гледа очигледниот страв кај луѓето, на кои морничавиот вресок кои произлегува од плашилото, воопшто не им помага да сфатат дека станува збор за шега. МУА-ХА-ХА-ХА!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Часовник кој знае кога ќе умрете

    Часовник кој знае кога ќе умрете

    Сите знаеме дека животот брзо проаѓа, но никој не е свесен колку брзо. За да се реши оваа дилема, шведскиот пронаоѓач Фредрик Колтинг го осмислил „Tikker“, часовникот кој мери колку години, денови, минути и секунди имате до смртта. Настрана од фактот дека звучи морбидно, Фредрик го нарекува „Часовник на среќата“ и тврди дека е дизајниран со цел да им помогне на луѓето да го живеат нивниот живот со полна пареа и да го ценат времето кое им преостанува. Часовник кој знае кога ќе умрете  Пред да почнете да го користете ќе треба да пополните прашалник за вашата здравствена историја, од добиените резултати да ги одземете вашите години и одбројувањето може да започне. Воедно треба да одговорите дали пушите цигари и дали пиете алкохол, дали во фамилијата имате некој болен од рак, дијабетес и други болести, колку често спортувате и колку сте тешки.rnrnПосле двегодишниот развој „Tikker“ е конечно спремен за производство, благодарение на донациите од веб-сервисот за собирање пари, Kickstarter. Часовниците чинат 59 американски долари, а ќе почнат да се продаваат во април, 2014 година.rn
    rn

    „Од години до секунди, часовникот го репрезентира времето коешто постојано се движи и никогаш не запира, како и нашите животи кои полека се упатуваат кон финалниот одмор. Смртта не е изненадувачка појава за никој, но во нашето модерно општество ретко зборуваме за неа. Мислам дека доколку сме повеќе свесни за нашето заминување, ќе правиме подобри избори додека сме живи“ – вели Колтинг.

    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот

    Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот

    Љубениот татко и сопруг, Фред Еванс отсекогаш сакал да ги испрати неговите две ќерки пред олтарот на денот на нивната венчавка, но открил дека има метастатичен меланон, додека закрепнувал од двојна трансплантација на белите дробови и дознал дека има само неколку месеци за да ја оствари неговата последна животна мисија. Но, посветениот татко пронашол начин да ги изненади неговите две немажени ќерки Грејси и Кејт, со уникатна церемонија.rnrnЕмотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтаротrnrnОткако ја чула трогателната приказна на Фред, невладината организација „Fotolanthropy“ чија цел е споделување инспиративни животни приказни, му се обратила на фотографскиот тим Мет и Џули Норин, за да ги овековечат спомените од оваа специјална церемонија. Фотографите веќе биле спремни да ја работат нивната работа, кога Фред го изненадил семејството со помошта од неговата сопруга Карла и најстарата мажена ќерка Марта. Грејси и Кејт пристигнале на настанот, мислејќи дека Фред спрема некое специјално изненадување за нивната мајка, но набрзо сфатиле дека вусшност тие се почестените гости.rnrnЕмотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтаротrnrnЕдна по една, милиот татко ги допратил неговите ќерки до олтарот и им подарил топла прегратка, давајќи им на знаење дека сака да ја исполни оваа традиција, во случај да не е повеќе тука кога навистина ќе треба. Потоа, Фред ја изненадил неговата сопруга давајќи ѝ букет во облик на бидермаер и носејќи ја до олтарот во црквата „Watermark Community Church“, за да ги обноват нивните завети. До самиот крај, Фред ја споделувал неговата љубов и радост со најблиските, сè до неговиот последен ден од животот, на 25 јули, 2013 година.rnrnЕмотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтаротrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 работи за кои животот е премногу краток за да се грижиме

    20 работи за кои животот е премногу краток за да се грижиме

    Колку често им се предавате на грижите и им дозволувате да го контролираат вашиот живот? Иако делуваат како многу важни, повеќето грижи само ви пречат да го искусите остатокот од животот во целост. А проблемите, како доаѓаат, така и се надминуваат. Некои полесно, некои потешко. Ова се 20 работи за кои немате време да се грижите во животот:rnrn20 работи за кои животот е премногу краток за да се грижимеrnrn1. Сметки – Навистина мора да плаќаме сметки за да уживаме во разни основни животни задоволства, но грижејќи се за нив нема да ги подмириме. Бидете одговорни и мудри, не трошете повеќе од предвидениот месечен буџет, вратете им ги долговите на роднините и пријателите – тие треба да бидат повторно тука за вас кога ќе заглавите пак за месец-два, и не прескокнувајте ги ратите за отплата на кредитите за стан и за кола. Дури и најстрашното не е толку страшно – луѓе живеат без струја и вода, па и на улица.rnrn2. Пари – Причината и решението на сите проблеми. На сите ни требаат пари за леб, но секогаш кога ќе се загрижите за пари, помислете дека тие се имагинарни – економиите не постојат во природата. Материјалното задоволство не е еднакво на среќата. Грижејќи се да заработите повеќе пари може да завршите работејќи ја работата која ја мразите и дружејќи се со луѓе кои не ви се вистински пријатели. Луѓето кои ги следат своите соништа и страсти успеваат да живеат многу поисполнет живот.rnrn3. Минатото – Треба да се учи од минатото, но не смее да ни претставува товар. Треба да одите напред, тргајќи ја од патот нечистотијата која ја носи минатото.rnrn4. Кој со кого имал секс – Грижете се за вашиот сексуален живот и бидете искрени со вашиот партнер. Нема што да им кажувате на другите со кого сте го направиле тоа и нема зошто да се вклучувате во муабети за сексуалниот живот на другите. Кој со кого имал секс е нивна работа, зборувајќи за тоа се вклучувате во вртлогот на озборувањето.rnrn5. Хејтери – Секогаш и секаде ги има. Не значи дека треба да си го трошите времето со нив. Секогаш ќе има некој на кого нема да му се допаѓа како изгледате, како се облекувате, вашата насмевка или одлуките кои ги донесувате. Доколку им обрнувате внимание на мразачите, нема да можете да одите напред.rnrn6. Работата – Секогаш ќе има итни задачи, проекти и многу обврски на работа. Сите понекогаш имаат стресови на работа. Помага да го сакате она што го работите, но дури и да не е така, нема поента да се нервирате за работата ниту додека сте таму, а уште помалку кога сте дома. Наместо да се жалите и плачете, засукајте ги ракавите и едноставно побрзо завршете со тоа. Што помалку зборувате и се грижите, толку побрзо работата ќе биде завршена. Дополнително, никогаш не срамете се од она што го работите. Не ве дефинира вашата кариера, вие ја дефинирате неа.rnrn7. Стареењето – Стареењето е страшна работа. Сите поминуваме низ истите стравови, стресови и грижи и не можеме да направиме ништо за да го спречиме стареењето. Прифатете го тоа и зграпчете што повеќе во процесот. Престанете да посакувате да бевте помлади. Престанете да се грижите и ако не сте доволно стари за нешто. Детството и младоста си имаат свои предности. Не можете да го забавите или да го забрзате времето. Животот е сега, во реално време.rnrn8. Смртта – Единствен начин да живеете во целост е доколку ја прифатите смртта како нешто нормално што порано или подоцна мора на сите да ни се случи.rnrn9. Што мислат луѓето – Многу луѓе велат дека не им е грижа што другите мислат за нив, но вистината често е поинаква. Обидете се да го живеете животот како никој да не ве гледа. Забавувајте се, бидете свои, без да мислите како би реагирале вашите роднини, вашата другарка или човекот кој седи на другата клупа. Да се вклопите во средината е важно и неопходно во некои ситуации. Да бидете прифатени е потреба која е вообичаено да ја имате, но освен ако не сте јавна личност, не грижете се што ќе мисли светот околу вас секогаш кога ви дојде да се изглупирате. Следете ги своите пориви.rnrn10. Познатите личности – Има луѓе чијашто работа е да ги дознаат најновите трачеви за познатите, но дали ако се опседнувате со животите на луѓето кои избрале да се занимаваат со јавна работа би ве одвело некаде подалеку во животот?rnrn11. Што прават другите луѓе – Има луѓе кои обожаваат да си го пикаат носот во животот на другите. Но во суштина, навистина не треба да се заморуваме што прават другите луѓе. Тие не ни ги плаќаат сметките, не ни ставаат храна на масата, нивните проблеми не се наши и нема потреба зошто да ги правиме да бидат. Не грижете се каде одат другите и што прават – фокусирајте се на себеси. Луѓето кои одат напред, не се споредуваат со другите – тие претставуваат инспирација за оние кои ги следат.rnrn12. Сигурност и удобност – Убаво е да имате удобно место каде што можете да легнете и да ја ставите главата на перница. Убаво е тоа место да ви биде удобно. Тешко е да ви биде удобно доколку не се чувствувате сигурно. Но, понекогаш мора да излезете од удобната зона за да го искусите животот. Преземањето ризици е многу важно во животот. Наместо да се повлекувате во себе и да се грижите, гледајте да се забавувате. Еднаш се живее.rnrn13. Грешките – Не грижете се премногу кога ќе згрешите. Секој прави грешки. Учете од нив за да не ги повторите. Томас Едисон рекол дека грешките се клучот за иновација, некои од најголемите иновации се производ на грешка. Не е крај на светот.rnrn14. Бинго и лотарија – ОК е понекогаш да уплатите ливче за лото, но не треба да опседнувате да ја добиете лотаријата. Исто како што не чекате да ве киднапираат вознземјани. Следете и исполнувајте ги вашите соништа и цели – така ќе чувствувате дека веќе сте ја добиле премијата.rnrn15. Работи кои може да тргнат наопаку – Ако не почнете да правите нешто заради стравот од сè она што би можело да ви се случи, голема е веројатноста да си го преседите животот дома. Треба да знаете како да се соочувате со тешките и незгодни моменти и треба да го правите тоа за да се соочувате полесно во иднина. Колку и да ги планирате совршено работите, нешто може да тргне наопаку. Може да ја испланирате совршената свадба од вашите соништа, но во закажаниот термин за фотографирање на отворено да пукне силен дожд. Животот оди понатаму. Не можете ништо против тоа.rnrn16. Грижење – После некое време, од толку натрупани грижи ќе почнете да се грижите за грижите. Штом влезете во овој затворен циклус, тешко е да излезете од него. Ако се најдете во ваква состојба, не заборавајте да дишете и да си дозволите да се смирите. Престанете да се фрустрирате. Иако животот е подобар без грижи, нема ништо лошо во тоа да се грижите – тоа е природна реакција и добар знак дека треба да позастанете за момент и да се ослободите од она што почнало неконтролирано да ја напаѓа вашата свест.rnrn17. Цени – Ќе заштедите и ќе купите од поевтините праски, па за два дена ќе најдете голем дел од нив скапани во фрижидерот. Без да звучиме буржоаски, квалитетот е важен. Ако навистина нешто ви се допаѓа, работете напорно за да си го дозволите. Подобро така отколку да ги дадете парите за нешто што не ви прави мерак само затоа што е поевтино. Водете сметка за вредноста и квалитетот на продуктите за кои давате пари, особено кога станува збор за храна и лекови.rnrn18. Малите нешта – Малите нешта кои нè фрустрираат се случуваат секојдневно – некој ве испрскал со кола додека сте оделе пешки по тротоарот, храна ви била заглавена меѓу забите за време на средбата со вашата пријателка од средно, ви изгасила колата на три семафори едноподруго, патентот од пантолоните ви бил отворен цело време… Да, вакви работи на сите ни се случуваат и животот премногу брзо тече за да се фокусираме на нив. Наместо на нив, фокусирајте се на формите на облаците, сончевите зраци, зелената трева, на страста, љубовта, цврстите пријателства… Колку мали работи постојат – толку повеќе постојат „големи“ значајни нешта со кои првите лесно можете да ги пребришете.rnrn19. Сè што е надвор од вашата контрола – Сè поминува, сè е привремено и минливо. Наместо да се стресувате за работи кои не можете да ги смените, посветете се на задачите кои се моментално пред вас и во ваши раце.rnrn20. Да бидете совршени – На крајот од денот, мора да се прифатите себеси со сите свои маани и грешки. Тестирајте ги вашите граници и ќе видите колку можете да ги поместите – така и повеќе ќе уживате во животот. Можеби се срамите да преземете иницијатива или опсесивно се посветувате кога треба да завршите некоја задача. Предизвикувајте се себеси – стегнете заби и бидете иницијативни за да ја постигнете целта која ја посакувате и обратно – понекогаш „забрљајте“ ја задачата само за да си докажете дека и површно завршената задача е сепак една задача завршена повеќе за помалку време.

  • Тажна случка: Смртно болно двегодишно дете – кум на свадбата на неговите родители

    Тажна случка: Смртно болно двегодишно дете – кум на свадбата на неговите родители

    Двегодишниот Логан Стивенсон не е типичен кум кој би го виделе на свадба. Наместо да ги подаде прстените, тој за време на церемонијата цврсто го држел своето омилено плишано мече. Тој секако не бил во можност да наздрави за младоженците. Всушност, тој го преспал поголемиот дел од настанот, но неговото присуство било сè што сакале неговите родители на својата свадба.Тажна случка: Смртно болно двегодишно дете – кум на свадбата на неговите родителиЛоган боледувал од ретка неизлечлива болест наречена Фанкони анемија, како и од леукемија, а имал и други медицински компликации. Неговите родители, Кристин Свирдорски и Шон Стивенсон првично планирале да ја направат свадбата догодина. Но, откако ја добиле дијагнозата и дознале дека нивното чедо има уште неколку недели живот, одлучиле да го поместат датумот за свадбата и да се земат порано во присуство на целото свое семејство, заедно со Логан.

    rnБлагодарение на огромната поддршка од локалната заедница, тие ја организирале свадбата за само една недела, која се случила во Џанет, Пенсилванија на 3 август 2013. На свадбата присуствувале и нивните две ќерки Изабела и Савана.rn
    rn

    „Ова е остварување на нашиот сон, целото семејство заедно и сите славиме заедно. Ова е прослава за животот на мојот син и прослава на нашиот брак“ – изјавила Кристин.

    rnЗа семејството ова било тешко лето, особено откако тие морале порано да се вратат од патувањето во Дизниевиот свет во Флорида, кога Логан претрпел тешки шокови. Но, и покрај сите пречки, младоженците биле решени да ги направат среќни последните денови од животот на нивниот син.rn
    rn

    „Тој го сака Елвис Присли“, вели мајката. „Секогаш кога Елвис пее, тој едноставно почнува да игра. Исто така обожава шпагети“.

    rnТажна случка: Смртно болно двегодишно дете – кум на свадбата на неговите родителиПрославата на животот е завет на венчалниот пар во чест на безусловната љубов кон нивниот син.rn
    rn

    „Како мајка, мора да останеш цврста и фокусирана и да направиш сè што можеш за да му помогнеш на своето дете“.

    rnЛоган Стивенсон починал на 5 август 2013 година, опкружен со семејството, само 2 дена по свадбата на своите родители. Неговата мајка на Фејсбук изјавила:rn
    rn

    „Тој е сега со ангелите и повеќе не трпи болка“.


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали вдишувањето хелиум од балон е забавно или смртоносно?

    Дали вдишувањето хелиум од балон е забавно или смртоносно?

    Голем број деца, а и возрасни сакаат да се забавуваат вдишувајќи хелиум од балон на родендени, забави или на прошетка низ парк, во комбинација со розова шеќерна волна. Ова е во принцип многу забавен и евтин начин на забава, бидејќи со само еден балон, цело друштво може да вдише од хелиумот неколку пати и секој да каже по некој збор, звучејќи како Пајо Паторот. Но, пред да се решите на ваков вид забава, задолжително информирајте се дали е тоа паметен избор.rnrnДали вдишувањето хелиум од балон е забавно или смртоносно?rnrnВдишувањето хелиум може да ве убие, но не поради самиот хелиум, туку поради недостатокот на кислород во вашиот организам. На овој начин, лицето коешто вдишува хелиум од балон или од боца, се задушува себеси до извесен степен. Тоа вдишува „воздух“, но бидејќи во него нема кислород, телото станува гладно за него и не може да функционира добро. Доколку лицето вдишува хелиум доволно долго, може да се онесвести и доколку не успее да вдише доволно кислород, дури и да умре за неколку минути.rnrnХелиумот може многу брзо да го замени кислородот во вашето тело. Ефектот е сличен како задржувањето на дишењето под вода сѐ додека не се задушите, со таа разлика што болката не е толку интензива, бидејќи хелиумот е веќе навлезен во белите дробови.rnrnИ покрај тоа што досега се регистрирани само неколку смртни случаи од преголемо количество вдишан хелиум, сепак треба да се знае дека е многу опасно, бидејќи ако додека се шегувате со пискавиот глас, истовремено не вдишите и доволно количество кислород, ќе се задушите. Во 2010 година едно ирско семејство се зави во тага, откако нивната 13-годишна ќеркичка, вдишала балон полн со хелиум, купен за нејзиниот роденден и веднаш умрела.rnrnОсвен задушување, онесвестување и смрт, хелиумот може да предизвика и вртоглавици и главоболки кај лицето коешто го вдишува и во такви случаи е препорачливо длабоко да вдише воздух, за да го врати потребното количество кислород во телото. Доколку симптомите останат, лицето треба итно да се однесе во болница на медицинска помош.rnrnОстанува уште прашањето, зошто гласот ни станува толку висок кога вдишуваме балон полн со хелиум? Тоа е така зошто хелиумот е 6 пати полесен од воздухот и звукот патува побрзо низ хелиумот отколку низ воздухот. Ниските тонови на гласот, остануваат потиснати поради помалата густина на хелиумот и се слушаат само високите. Од друга страна, сулфур хексафлуоридот има спротивен ефект. Бидејќи е потежок од воздухот, со негово инхалирање се потиснуваат високите тонови и се слушаат само многу ниските тонови.rnrnЗаклучок: избегнувајте да вдишувате каков било гас кој го нема во воздухот околу вас.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најромантичната приказна за Свети Валентин која ќе ве расплаче

    Најромантичната приказна за Свети Валентин која ќе ве расплаче

    Ова е приказна за постара жена која на секој Свети Валентин добива специјален букет цвеќиња од нејзиниот сопруг, и истата е доказ дека вистинската љубов е вечна и бесмртна. Со сигурност ќе ви го стопли срцето и солзи ќе ви навират во очите…rnrnНајромантичната приказна за Свети Валентин која ќе ве расплачеrnrnСо мојот мил сопруг Џон бевме во брак 46 години. Секој Свети Валентин тој ми ги праќаше најубавите цвеќиња, во кои имаше картичка со едноставна порака сочинета од пет зборови: „Мојата љубов кон тебе расте“. Четири деца, 46 букети и вечна љубов, се неговото наследство за мене, откако тој почина пред две години. На првиот Свети Валентин без него, 10 месеци откако го изгубив, бев шокирана кога добив прекрасен букет адресиран до мене… од Џон. Лута и со скршено срце, му се јавив на цвеќарот да му кажам дека е настаната грешка. Цвеќарот ми одговори: „Не госпоѓо, не е грешка“. Пред да почине, вашиот маж се подготви за многу наредни години и побара од нас да му гарантираме дека Вие ќе продолжите да ги добивате вашите букети на секој Свети Валентин. Тотално трогната, ја спуштив слушалката и ја земав прикачената картичка во букетот. На неа пишуваше „Мојата љубов кон тебе е вечна“.rnrnПриказната е пронајдена како исечок од некое списание, а под неа е потпишана 68-годишната Сју Џонстон, од Хјустон, Тексас.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Мама (Mama)

    Филм: Мама (Mama)

    Филм за бескрајната љубов на мајката, дури и по нејзината смрт

    rnrnФилм: Мама (Mama)Режија: Андрес МучиетиrnrnУлоги: Џесика Честеин, Николај Костер-Валдау, Меган Карпентиен, Изабел НелисrnrnВреметраење: 100 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 18 јануари 2013rnrnЖанр: хорор, мистеријаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnrnМора да се признае дека во последно време, филмовите од овој жанр се здобија со многу лоша репутација. Приказните кои ги обработуваат западнаа во лесно предвидлива рутина и шема која им овозможува на гледачите без многу напор да го предвидуваат секој нареден чекор во дејството. Во некои од овие хорори дури можеме лесно да го погодиме крајот гледајќи само 10-тина минути од почетокот на филмот. rn rnФилм: Мама (Mama)rnrnНо, по неколку години конечно можеме да кажеме дека филмот „Мама“ ја прекина лошата серија на филмовите од овој жанр. И не само што ни овозможува сосема нова и досега невидена тема, туку има и неверојатно непредвидлив завршеток, што дефинитивно е мало освежување за љубителите на хорор филмови.rnrnФилм: Мама (Mama)rnrnДејството започнува така што слушаме од радиото во еден автомобил со отворена врата дека имало неколку убиства, па веднаш потоа камерата нè носи во домот кој се наоѓа во близина. Таму гледаме доста вознемирен татко кој набрзина ги пакува своите две млади ќерки и ги носи со себе во автомобилот, притоа неодговарајќи директно на нивните прашања. Тие брзо забележуваат дека нешто не е во ред и додека тој вози по замрзнат планински пат настанува голема караница меѓу нив која доведува до сообраќајка.rnrnФилм: Мама (Mama)rnrnПовредени и премрзнати, тие полека се движат низ шумата со надеж дека ќе најдат некакво засолниште и по некое време налетуваат на напуштена колиба. Таткото ги води двете девојчиња со себе во колибата каде што проверува дали имаат какви било намирници за преживување, но откако сфаќа дека нема ништо останато, почнува да размислува за друго решение кое можеби и нема да заврши со среќен крај…rnrnФилм: Мама (Mama)rnrnДејството продолжува по 5 години од тој настан, каде што двајца трагачи најмени од Лукас, братот на нивниот татко, ги наоѓаат девојчињата сами и во многу лоша состојба во колибата. Тие завршуваат во болница каде што никому не му е јасно како преживеале сиве овие години. Во овој момент сè зависи од Анабел (Џесика Честеин) и Лукас (Николај Костер-Валдау), во обидот да им овозможат што понормално детство на неговите внуки кои доживеале огромна траума сами во дивината… Но, колку навистина сами биле тие?rnrnФилм: Мама (Mama)
    rnrnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што се случува со душата после смртта?

    Што се случува со душата после смртта?

    И денешната генерација научници упорно се обидува да ја расчисти мистеријата која ја опкружува смртта. Ова се нивните засега најиздржани научни теории за тоа што се случува со човекот кога срцето ќе престане да чука и мозокот ќе престане со работа.rnrnШто се случува со душата после смртта?rn

    Ништо не се случува

    rnД-р Венди Рајт, невролог на Универзитетот Емори е во редот на научното мнозинство кое тврди дека после смртта не се случува ништо спектакуларно. Тоа што некои пациенти гледаат светло, ги среќаваат блиските и чувствуваат мир, е само трик на мозокот предизвикан од испуштањето на ендорфинот, хормонот на среќата и задоволството.rn

    Душата може да се одвои од телото

    rnСпоред д-р Брус Грејсон, психијатар на Универзитетот во Вирџинија, умот може да функционира независно од телото. Својата теорија ја темели на неговите истражувања над пациенти кои имале т.н. блиски средби со смртта, во кои искусувале патување кон светлина проследено со неверојатен мир, љубов и чувство на напуштање на физичкиот свет. Многу други психијатри и невролози ваквите искуства ги припишуваат на халуцинации кои се случуваат поради огромниот стрес во такви моменти. Но, според д-р Грејсон тоа не е издржано бидејќи таквите искуства пациентите ги имале во моменти кога мозокот воопшто не им работел.rnrnШто се случува со душата после смртта?rn

    Никогаш не умираме

    rnЕкспертот по биоцентризам Роберт Ланза тврди дека времето и просторот не постојат во објективниот свет, туку се само алатки во нашата глава кои ни служат за да го мериме и да го разбереме светот околу нас. Оттука, не може да се тврди дека постои парче од времето во кое сме постоеле. Всушност никогаш вистински не умираме, смртта е само рестартирање на животот со нови можности.rn

    Душата слободно патува во космосот

    rnСпоред научниците Стјуарт Хамероф и Роџер Пенроуз, одговорот на ова древно прашање лежи во одредени структури кои се наоѓаат во мозочните келии, а кои во себе носат информации кои даваат свест и не можат да бидат уништени. Според оваа теорија, кога телото умира, тие структури во мозочните келии ја губат квантната состојба, а информациите се ослободуваат и патуваат слободно низ универзумот. Ако лекарите успеат да го вратат телото во живот, тогаш и информациите се  враќаат во него, а човекот тоа го доживува како блиска средба со смртта.

  • Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?

    Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?

    Полскиот произведувач на ковчези Збигниев Линднер објавил секси календар со убави моделки, кои заведувачки позираат покрај неговите производи – ковчезите. Моделките се топлес или облечени во секси долна облека, бикини или корсети, прикажани во некои морбидни надреални сцени.Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?Компанијата има за цел да ја покрене популарноста на своите производи и да го зголеми својот приход со својот мрачно-еротичен календар.Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?
    rn

    „Идејата беше на син ми за создавање на ваков календар“ – вели сопственикот на компанијата. „Решивме да направиме нешто половина сериозно, разнобојно и убаво, што ќе ја истакне убавината на полските девојки и убавината на нашите ковчези.“

    rnСексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?Линднер смета дека ваквите секси фотографии ќе го оттргнат теолошкото значење од умот на потрошувачите во однос на ковчезите.rn
    rn

    Сакавме да покажеме дека ковчезите не се религиски симбол. Тие се производ. Зошто луѓето се плашат од ковчези, а не од бизнис костими, козметика или накит?“ – додава тој

    rnСексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?Според ова, може да се каже дека сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези, со оглед на тоа што Линднер веќе неколку години по ред изработува секси календари за својот производ. Тој се продава на веб-сајтот на компанијата, а секој којшто ќе го нарача, ќе добие и компатибилен приврзок за клуч во облик на ковчег.Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?Сепак, Католичката црква смета дека ваквиот календар е несоодветен. Нејзин претставник изјавил дека човечката смрт треба да се третира сериозно, а не како да е нешто забавно и не треба да се меша со сексот.rnrnСледните фотографии, се од календарите на компанијата од изминатите неколку години:Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.