КАФЕ ПАУЗА

Tag: смеа

  • Моќни цитати на Чарли Чаплин за љубовта, животот, смеата и болката

    Моќни цитати на Чарли Чаплин за љубовта, животот, смеата и болката

    Чарли Чаплин, ѕвездата на немиот филм и човекот кој успеа да ги насмее луѓето ширум светот без да каже ниту збор. Познато е дека Џорџ Бернард Шо го нарекол Чаплин „единствениот гениј во филмската индустрија“. Во продолжение прочитајте ги неговите цитати за љубовта, животот, смеата и болката.rnrnМоќни цитати на Чарли Чаплин за љубовта, животот, смеата и болкатаrn

    „Животот може да биде прекрасен ако не се плашите од него. Сè што ви е потребно е малку храброст, имагинација…. и малку тесто.“

    rn

    „Ништо не вечно во овој зол свет, дури ни нашите неволји.“

    rn

    „Претпоставувам дека една од ирониите во животот е да се прави погрешната работа во вистинскиот момент.“

    rn

    „Помислете на себе барем еднаш во животот, во спротивно ќе ја пропуштите најдобрата комедија на светот.“

    rn

    „Ви треба моќ само доколку сакате да им наштетите на другите, во спротивно љубовта ви е доволна за да ги постигнете сите цели.“

    rn

    „Размислуваме премногу, а чувствуваме премалку.“

    rn

    „Огледалото е мојот најдобар пријател бидејќи никогаш не се смее кога плачам.“

    rn

    „Мојата болка може да биде причината за нечија смеа. Но, мојата смеа никогаш не смее да биде причината за нечија болка.“

    rn

    „Мојот живот е полн со тешкотии и проблеми. Но, моите усни не го знаат тоа. Тие секогаш се смеат.“

    rn

    „Животот е претстава без реприза. Затоа пејте, плачете, танцувајте, смејте се и живејте го максимално животот пред да се спушти завесата и пред да заврши претставата без аплауз.“

    rn

    „Откако почнав да се сакам себеси престанав да копнеам за поинаков живот и можев да сфатам дека сè што ме опкружуваше ми даваше сила да растам. Денес тоа за мене претставува ЗРЕЛОСТ.“

    rn

    „Откако почнав да се сакам себеси престанав да го трошам сопственото време и престанав да размислувам за огромни проекти во иднина. Денес го правам само она што ми носи радост и среќа, работи кои сакам да ги правам и кои ми го развеселуваат срцето, а ги правам на свој начин и со свој ритам. Денес тоа за мене претставува ЕДНОСТАВНОСТ.“

    rn

    „Откако почнав да се сакам себеси сфатив дека без оглед на околностите, јас сум на вистинското место во вистинското време и дека сè се случува во вистинскиот момент. Денес тоа за мене претставува САМОДОВЕРБА.“

    rn

    „Откако почнав да се сакам себеси се ослободив од сè што не е добро за моето здравје – храна, луѓе, нешта, ситуации и сето она кое се коси со мојата природа. Најпрвин го нареков овој став здрав егоизам. Денес тоа за мене претставува ЉУБОВ КОН СЕБЕ.“

    rnОткако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и 10-те најинспиративни цитати на Опра Винфри.rnrnИзвор: goalcast.com

  • Како се смеете и што открива тоа за вашиот карактер?

    Како се смеете и што открива тоа за вашиот карактер?

    Можете да се насмевнете, да се смеете до солзи или постепено да го покачувате звукот на смеата. Научниците се сложуваат дека смеењето се јавува инстинктивно, веќе неколку дена после раѓањето. А, кога ќе пораснеме, со различни видови смеа изразуваме различни видови чувства. Усните се рашируваат и остануваат во таа положба приближно околу 7 секунди. Тоа е просечното време на една насмевка. Движењето на усните се надоврзува со брзо спуштање на очните капаци, што на невербален јазик значи мирољубивост.rn1-dali-znaevte-deka-smeata-ja-otkriva-nashata-lichnost-shto-vashiot-nachin-na-smeenje-otkriva-za-vas-www.kafepauza.mk_rnИзразите на лицето, траењето и начинот на смеење откриваат длабоки чувства. Но, некои личности се смеат така што испуштаат глас А, а други Е. Која е причината за тоа? И зошто некој може да се насмее на секоја бесмислица, додека други се смеат на шеги со сексуална подлога? Група истражувачи ја проучувале врската помеѓу карактерот и однесувањето и откриле четири основни начини за смеење:rnrn

    Смеење со извикување на гласот „А“

    rnНекои психолози сметаат дека личностите кои се весели и екстровертни при смеење го испуштаат гласот „А“. Тие се чувствителни и отворени личности, но знаат да бидат и агресивни, оптимистични, немирни, способни и активни. Смислата за хумор ја користат за да ја прикријат својата сексуалност и агресивност.rn

    Смеење со извикување на гласовите „Е“ и „И“

    rnВаквата смеа звучи лажно. Типична е за затворените личности, кои не знаат да ги изразуваат своите чувства, ниту да покажат радост. Премногу се контролираат, не знаат да се опуштат, пасивни се, пресметани и ги интересираат само интелектуални и филозофски разговори. Така се смеат и многу чувствителните, затворени личности. Кој се смее испуштајќи ги гласовите „Е“ или „И“ е изразен песимист и треба да ја развива својата смисла за хумор.rnrn2-dali-znaevte-deka-smeata-ja-otkriva-nashata-lichnost-shto-vashiot-nachin-na-smeenje-otkriva-za-vas-www.kafepauza.mk_rn

    Смеење со извикување на гласот „У“

    rnНекои психолози сметаат дека гласот „У“ го испуштаат личностите со младешки дух, а други сметаат дека таквата насмевка воопшто не е смеа. Звукот се создава длабоко во грлото и повеќе делува како потсмев отколку знак на радост.rn

    Смеење со извикување на гласот „О“

    rnЛичностите кои така се смеат изразуваат егоцентризам. Најверојатно се екстровертни, но многу добро се контролираат, друштвени се, сигурни во себе и независни. Ги смеат бесмислици, подеднакво како и мрсните шеги. Зачетници се на шеги и досетки и во секој момент пронаоѓаат некоја причина за смеа. Сакаат шеговити натпреварувања со пријателите кои ќе ги расположи сите, а никој нема да го посрамотат.

  • 11 детски разговори кои ќе ве насмеат до солзи

    11 детски разговори кои ќе ве насмеат до солзи

    За разлика од возрасните, децата само што почнуваат да го разбираат светот и работите што се случуваат во него. Затоа нивните размислувања обично одат во многу различна и неочекувана насока. Нивните неверојатни досетки се најчестата причина за смеа кога целото семејство ќе се собере на трпезата. Следуваат неколку незаборавни детски разговори кои ќе ви го разубават денот и ќе ве насмеат до солзи:rnrn11 детски разговори кои ќе ве насмеат до солзиrnrn1. Таткото забележал дека синот заспал на каучот и решил да го крене и да го однесе во кревет. Како што почнал да го крева внимателно, момчето промрморило во сон:rnrn- „Врати ме таму кај што ме најде!“rnrn2. Додека мајката го чекала синот да се облече за да излезат, решила да го забрза процесот:rnrn- Ајде, дај ми ја ногата!“rnrnМомчето ја кренало неговата лева нога, но мајката имала поинаква идеја:rnrn- Дај ми ја десната!“rnrnМомчето ја кренало неговата десна нога, но мајката повторно се премислила:rnrn- „Не, злато, другата!“rnrnСинчето погледнало наоколу и збунето рекло:rnrn- „Но, нема повеќе нозе!“rnrn3. 3-годишно момче отишло на доктор за проверка на слухот. Докторот прошепотил:rnrn- Чоколадо.“rnrnМомчето со шепот одговорило:rnrn- Не, благодарам. Алергичен сум.“rnrn4. 3-годишно налутено момче го гледало својот татко додека тој пушел на балконот. Човекот го забележал погледот на детето полн со презир и неодобрување и го прашал:rnrn„Што е проблемот, сине?“rnrn„Тато, пушењето е штетно по здравјето, така?“rnrn„Така е, сине.“rnrn„Но, тато, ти сепак пушиш?“rnrn„Да, сине.“rnrn„Тато, дали тоа значи дека ти си идиот?“rnrn5. Типичен разговор помеѓу еден татко и син:rnrn„Тато, дали ти сè уште растеш? Дали ќе станеш повисок?“rnrn„Не, сине.“rnrn„Тогаш зошто продолжуваш да јадеш?!“rnrn6. Мајка и ќерка си играле животни. Мајката се преправала дека е коза, а нејзината 2-годишна ќерка дека е нејзиното бебе коза. Таткото без да знае за ова влегол во собата и одеднаш го слушнал заповедниот глас на неговата мала принцеза:rnrn- Еј, козо! Стави ми сок!“rnrnМожете само да го замислите неговиот израз на лицето!rnrn7. Една мајка излегла на прозорецот и викнала по нејзиниот син кој си играл надвор во градината:rnrn- Берни, доаѓај дома веднаш!“rnrnМомчето ја погледнало и одговорило:rnrn„Што е сега? Смрзнувам од студ?“rnrn„Не, умираш од глад!“rnrn8. 6-годишно момче со восхит гледало во средените нокти на неговата учителка:rnrn„Леле, колку долги нокти имате!“rnrn„Да, ти се допаѓаат?“rnrn„Нормално! Сигурно се одлични за качување по дрва!“rnrn9. 5-годишната ќеркичка се вратила дома од градинка лошо расположена. Причината за тоа била што не се покажала добро на првиот час по читање. Со солзи во очите застанала пред огледало и рекла:rnrn„Јас сум толкава глупача!“rnrnПродолжила да се гледа во огледалото замислено. Потоа смирено рекла:rnrn„Ама, убава глупача.“rnrn10. Една жена броела ситни пари во супермаркет. Одеднаш, една од паричките паднала долу. Жената му викнала на синот:rnrn-Злато, ај те молам крени ја!rnrnПред да може момчето да реагира, некој човек се наведнал, ја кренал паричката и ѝ ја дал на мајката велејќи:rnrn„Секако, не сум јас твоето злато, ама повели.“rnrnМомчето налутено го погледнало и рекло:rnrn„Нормално дека не си! Зошто ја крена тогаш?“rnrn11. Мајка и син се шетале по улица држејќи се за рака, кога една сосетка поминала и забележала:rnrn„Ама големо момче, уште ја држи мама за рака!“rnrnМомчето ја погледнало мајка си и ѝ рекло:rnrn„Мамо, таа е само љубоморна затоа што нејзините деца се пораснати. Немој да се грижиш за тоа што го кажа! Знаеш што? Сега и ќе те бакнам исто така.“

  • 7 работи коишто треба да ги знаете пред да се впуштите во врска со девојка со невкусна смисла за хумор

    7 работи коишто треба да ги знаете пред да се впуштите во врска со девојка со невкусна смисла за хумор

    Вистина е дека не можеме да избереме во кој ќе се заљубиме, но веднаш штом ќе ги забележиме првите знаци на вљубување, треба да бидеме подготвени за она што следува. Момчињата, посебно, треба да знаат каква е девојката пред да ги споделат своите чувства со неа. Секоја личност е со различни квалитети по кои се разликува од другите. Некои се мирни, други се бунтовни, некои се насочени кон забава, додека некои пак имаат невкусна смисла за хумор.rnrnrnrnВсушност, смислата за хумор доаѓа природно, без претходно размислување за тоа, а секако, тоа не значи дека таа личност е лоша. Доколку мислите дека се вљубувате во девојка којашто има навистина невкусна смисла за хумор, тогаш потребно е да знаете неколку работи за неа. Потребно е да знаете како ќе го поминувате времето заедно и како да се справите со неа. Во продолжение ви прикажуваме неколку работи коишто треба да ги знаете доколку почувствувате дека се вљубувате во девојка со невкусна смисла за хумор.rn

    1. Не очекувајте секогаш да се однесува како дама

    rnНевкусната смисла за хумор очигледно значи дека таа не може да ги задржи шегите за себе. Ако гледа краставица или морков пред себе, таа ќе каже нешто околу тоа затоа што тоа е токму пред неа. Па, ги советуваме мажите да не очекуваат секогаш девојката да се однесува како дама, ако има навистина невкусна смисла за хумор. Со ова таа ќе ве натера повеќе да ја сакате, а со текот на времето тоа може да стане дел и од вашето секојдневно однесување. Како и да е, секогаш треба да бидете подготвени за шеги од ваков вид.rn

    2. Таа не се грижи што мислат другите луѓе

    rnТаа воопшто не се срами и тоа е во нејзиното природно однесување. Затоа, пред да се заљубите, осигурете се дека нејзините шеги нема да ве навредуваат. Таа воопшто нема да обрне внимание на луѓето кои мислат дека нејзините шеги се глупави, бидејќи тоа е начинот на којшто таа живее.rn

    3. Таа е очигледна феминистка

    rnТаа се бори за слободата на говорот и изразувањето и не верува во доминација на едниот пол. Во никој случај не треба да се сфати дека таа е разгалено детиште кое се однесува нефер кон останатите, туку едноставно не сака да има поделба помеѓу родовите. Затоа, ќе видите дека се бори ако некој ја засрами или го навреди нејзиното размислување.rn

    4. Таа ги сака лошите шеги

    rnЌе имате моменти кога и двајцата ќе видите нешто смешно и вие потајно ќе се смешкате на тоа, но таа ќе се смее на целиот глас. Можеби вам шегата ќе ви изгледа мала, но сигурно не знаете што се случува во нејзината глава што прави таа толку да се смее. Доколку таа види некој како паѓа, може гласно да рече „Жал ми е“, но понатаму таа сигурно ќе се смее за тоа. Да, таа ги обожава ваквите шеги!rn

    5. Го користи смеењето за да ви се приближи

    rnАко се вљубувате во девојка со невкусна смисла за хумор, тоа е можеби баш поради тоа. Таа постојано кажува шеги и очекува сите околу неа да се смеат. Дел од ваквите невкусни шеги може да направат луѓето во нејзината околина да се чувствуваат поблиски и поотворени кон неа. Смеата понекогаш може да ги зближи луѓето повеќе од што било друго!rn

    6. Таа сака шеги со различни звуци

    rnТаа го обожава чкрипењето при влечењето на масата, звукот на празното шише од кечап, дувањето со сламка во сокот и звуците на сопственото тело. Таа ќе ја искористи секоја прилика за да направи шега со овие различни звуци.rn

    7. Таа ги поседува сите видови хумор

    rnНе секогаш нејзините шеги мора да бидат валкани. Тие може да се однесуваат на што било. Затоа, ви повторуваме: Бидете подготвени за секаков вид хумор! Исто така, простете ѝ доколку таа не може да одолее да не направи шега кога ќе ја изгубите вашата работа.

  • Насмеани животни кои ќе ви го разубават денот

    Насмеани животни кои ќе ви го разубават денот

    Сите ние ги сакаме и обожаваме животните, но нивното однесување сѐ уште претставува мистерија, нешто поради што понекогаш многу наликуваат на нас. Но, постои една работа која ја прават, а е веднаш препознатлива – тие можат да се смеат и тоа со искреност за која многу луѓе не се способни. Погледнете ги сликите од најсреќните животни и кои без сомнение ќе ве насмеат и вас.rnrn

    15 насмеани животни кои ќе ви го разубават денот
    Здраво на сите!
    rnrn

  • Среќата со пари не се купува: 20 прекрасни работи кои се тотално бесплатни!

    Среќата со пари не се купува: 20 прекрасни работи кои се тотално бесплатни!

    Во последно време постојано слушаме за трошоците во животот, па се чини дека сега е поважно од кога било да бидеме благодарни на она што го имаме и на работите кои не чинат ништо. Можеби ви се чини дека нема многу такви нешта, но ако се завртите околу себе ќе забележете дека има многу работи кои не можете да ги купите со пари… Секој ќе ви го каже истото: „Парите го прават животот полесен, но не можат да ја купат среќата!“rnrnЗатоа е време да се посветите на работите за кои парите не ви се потребни, а ќе ви донесат многу повеќе среќа и задоволство.rnrn1-srekjata-so-pari-ne-se-kupuva-19-sjajni-raboti-koi-se-totalno-besplatni-www.kafepauza.mk_rn

    1. Љубезност

    rnПонудете го на некого вашето место во автобусот, придржете ја вратата, насмевнете се. Најдоброто од сè е тоа што ќе се чувствувате подеднакво задоволни, исто како и кога некој друг е љубезен кон вас.rn

    2. Членство во библиотека

    rnТоа не чини скоро ништо, а можете да ја прочитате целата библиотека, да пристапите до најголемите умови во историјата, да навлезете во светските тајни и мистерии, да ги запознаете далечните краеви…rn

    3. Прошетка во природа

    rnНе само поради тоа што истражувањата покажуваат дека одморот во природа го намалува стресот и го регулира крвниот притисок, туку и го расчистува умот и дава нова перспектива на животот.rnrn2-srekjata-so-pari-ne-se-kupuva-19-sjajni-raboti-koi-se-totalno-besplatni-www.kafepauza.mk_rn

    4. Кокетирање

    rnНе е важно дали сте во долгогодишен брак или слободни, да шармирате можете секогаш.rn

    5. Време

    rnВремето е најважниот имот кој го поседуваме. Немојте да го потрошите залудно на луѓе и работи кои не го заслужуваат.rn

    6. Купка

    rnПонекогаш некоја сосема едноставна работа ни помага да го пребродиме денот, како сознанието дека ќе можеме во мир да одиме под туш или да лежиме во када.rnrn3-srekjata-so-pari-ne-se-kupuva-19-sjajni-raboti-koi-se-totalno-besplatni-www.kafepauza.mk_rn

    7. Тишина и осаменост

    rnМожете малку да се оддалечите од сè и да уживате во друштвото со самите себе.rn

    8. Старите пријатели

    rnТие ве познаваат од времето кога имавте катастрофална фризура, можат да ви се јават во 2 наутро, да ве насмеат до солзи и да ги чуваат вашите тајни.rn

    9. Новите пријатели

    rnТие не ја слушнале анегдотата за вашето паѓање од велосипед премногу пати, па така внесуваат нова возбуда и нови работи во вашиот живот.rnrn4-srekjata-so-pari-ne-se-kupuva-19-sjajni-raboti-koi-se-totalno-besplatni-www.kafepauza.mk_rn

    10. Краток попладневен сон

    rnАко поспиете малку во чиста постелнина додека зраците од сонцето кое заоѓа продираат низ вашиот прозорец или пак, капките дожд удираат по него, ќе се чувствувате како да се наоѓате во рајот.rn

    11. Свеста за себе

    rnСекако, требало да поминат долги години за да осознаете кои сте и за да се чувствувате добро во својата кожа. Ако сè уште не сте, сега е одлична прилика да истражите.rn

    12. Есен

    rnЕсента е магична и колку свечено да ја одбележуваме Нова година, ова годишно време е вистинскиот период за нова љубов, нови почетоци, нови одлуки…rnrn5-srekjata-so-pari-ne-se-kupuva-19-sjajni-raboti-koi-se-totalno-besplatni-www.kafepauza.mk_rn

    13. Простување

    rnДа признаете дека сте погрешиле, но исто така да дозволите и другите да погрешат носи олеснување кое ќе ви го разубави денот.rn

    14. Бакнување

    rnИ сè останато што доаѓа пред и по тоа.rn

    15. Самодоверба

    rnСамодовербата не произлегува од новиот пар обувки, туку однатре. Но, тоа веќе одамна го знаете.rn

    16. Семејството

    rnФакт е дека понекогаш ве излудуваат. Со некои членови се согласувате подобро, а со некои полошо, но нема поубаво чувство од тоа кога ќе се вратите од семејниот собир знаејќи дека тие безусловно ве сакаат, притоа добро познавајќи ги вашите маани и доблести.rnrn6-srekjata-so-pari-ne-se-kupuva-19-sjajni-raboti-koi-se-totalno-besplatni-www.kafepauza.mk_rn

    17. Разбирање

    rnДали се сеќавате на онаа сцена од „Аватар“ кога дамата во сино ќе ја стави својата рака на градите на актерот и ќе му каже „Те разбирам“. Какво е само тоа чувство!rn

    18. Заоѓањето и изгревањето на сонцето

    rnСекој ден, одново и одново, без никакви влезници и претплати можете да уживате во најубавите призори на светот.rn

    19. Чувството дека сте дале сè од себе

    rnЖивотот може да биде комплициран и тежок, но чувството на гордост и самозадоволство кога знаете дека сте го дале својот максимум е милион пати подобар од кои било надворешни манифестации на успех.rn7-srekjata-so-pari-ne-se-kupuva-19-sjajni-raboti-koi-se-totalno-besplatni-www.kafepauza.mk_rn

    20. Погледот на вашиот миленик

    rnКога ќе си дојдете дома, а неговите топли очиња и радосни движења ви го топат срцето од љубов…

  • 5 начини да го подобрите вашето психолошко здравје во најтешките моменти

    5 начини да го подобрите вашето психолошко здравје во најтешките моменти

    Кога сте под стрес и постојано изложени на секојдневните проблеми, лесно можете да ја изгубите контролата врз себе и да тргнете во погрешна насока. Но, постојат неколку начини на кои можете да го подобрите вашето психолошко здравје, а со тоа и да го направите вашиот живот многу поквалитетен. Погледнете ги следниве практики кои се поддржани од научни истражувања и кои имаат моќ да ви помогнат да се чувствувате многу подобро и психолошки поздраво.rnrn5 начини да го подобрите вашето психолошко здравје во најтешките моментиrn

    1. Изразете благодарност

    rnИстражувањата јасно ни покажуваат дека изразувањето благодарност за оние нешта кои ги имате или пак, за тоа што некој друг го направил за вас, може да има многу позитивно влијание врз вашата ментална благосостојба. Благодарноста не само што ќе направи да се чувствувате подобро и пооптимистично, туку и ќе ви го зголеми чувството на емпатија. Од друга страна пак, и вашите блиски ќе се чувствуваат подобро кога ќе чујат дека вие го цените тоа што тие го прават за вас.rn

    2. Смејте се

    rnМногу често се вели дека насмевката е лек кој во истиот момент може да ви помогне да се почувствувате подобро. Насмевката може моментално да го зголеми нивото на вашата енергија, резултирајќи со намалување на стресот и подобро расположение.rn

    3. Направете пауза

    rnОдморањето од секојдневните грижи преку вежбање, читање книги, слушање музика, шопинг или викенд патување може многу лесно да ви помогне да го елиминирате стресот. Клучниот елемент се наоѓа во вистинската пауза од секојдневието, така што ќе ја промените средината која постојано ве опкружува. Доколку само седите дома и размислувате за нештата кои треба да ги завршите, вие всушност не правите пауза, туку дополнително го зголемувате вашиот стрес.rn

    4. Посетете личност на која сте ѝ потребни

    rnБидете поддршка за вашите пријатели и општо, за личностите кои ги сметате за најблиски и сакате секогаш да се чувствуваат добро. Не само што на овој начин и ним ќе им помогнете, туку и преку заедничкото дружење ќе го подобрите и вашето расположение, како и психолошката добросостојба.rn

    5. Поминувајте квалитетно време со оние кои ви се најважни

    rnНишто не е толку корисно како квалитетно поминатото време со оние кои навистина ги сакате. Без разлика дали станува збор за романтична вечера со партнерот, прошетка со децата, потсетување на среќните моменти со семејството или дружењето со пријателите, овие интензивни и фокусирани интеракции ќе доведат до создавање позитивни моменти кои подоцна ќе ви помогнат многу полесно да ги пребродите тешките моменти.

  • 5 видови прашања кои гарантирано ќе ја „избришат“ напријатноста на првиот состанок

    5 видови прашања кои гарантирано ќе ја „избришат“ напријатноста на првиот состанок

    Добрата смеа е најчесто најдобриот начин да ја прекинете неудобната напнатост на првиот состанок. Но, интимноста доаѓа веднаш зад неа. Не, не зборуваме за сексуална интимност, туку за онаа што подразбира да зборувате за вистинските нешта, не само за излегувањето во град или за името на вашето милениче. Всушност, неколку експерименти покажуваат дека луѓето се заљубуваат со едноставно поставување на прашања кои водат кон интимност. А претходно биле туѓинци! Еве неколку прашања кои ќе ви претставуваат водич за да се насочите кон смеа и интимност.rnrn1-5-prashanja-koi-garantirano-kje-ja-izbrishat-naprijatnosta-na-prviot-sostanok-www.kafepauza.mk_rn

    1. Спомени од детството – Смешно

    rnСите ние имаме направено нешто лудо во детството или пак нешто лудо ни се има случено. Сигурно постојат многу интересни случки на кои ако го потсетите партнерот, тој ќе започне да ви ги раскажува. На крајот, двајцата ќе се смеете, но и ќе се приближите на интимен начин.rnrnАко сакате да дознаете некои смешни случки од некого, поставете му прашања како што се:rn

      rn011

    • Дали некогаш, додека си бил/а дете, имаш направено некоја шега поради која си западнал/а во неволја?
    • rn011

    • Која е најсрамната работа што ти се има случено додека си растел/а?
    • rn011

    • Дали имаш спомени на кои сега гледаш како на смешна случка, но тогаш за тебе биле застрашувачки или срамни?
    • rn011

    • Кој е најсмешниот спомен од твоето детство?
    • rn011

    • Дали си имал/а некој смешен наставник или наставничка? Најверојатно е некој кој можеш да го имитираш и денес.
    • rn

    rn

    2. Глупави, непослушни работи – Смешно

    rnМногумина од нас имаат упропастено нешто на некој начин или пак имаат направено некоја глупост што дури ни самите не можеме да се разбереме. Во тоа време сме биле шокирани, но гледајќи наназад тоа е најсмешната работа што некогаш ни се случила.rnrnПрашања во врска со ова:rn

      rn011

    • Која е најглупавата работа што си ја направил/а, што сега кога ќе се сетиш на неа започнуваш да плачеш од смеа?
    • rn011

    • Дали некогаш си направил/а нешто и си се разбудил/а утредента мислејќи „Не, не го направив тоа“, а потоа се избезумуваш, бидејќи си го направил/а?
    • rn011

    • Кога би знаел/а дека нема да те фатат, која би била најнепослушната работа што би ја направил/а?
    • rn011

    • Дали некогаш си смислил/а паметна идеја за препишување на тест?
    • rn011

    • Дали некогаш си бил/а на состанок кој тргнал сосема наопаку?
    • rn011

    • Дали некогаш си сакал/а многу да се смееш во некој непријатен момент, како на пример, на венчавка или погреб?
    • rn

    rn2-5-prashanja-koi-garantirano-kje-ja-izbrishat-naprijatnosta-na-prviot-sostanok-www.kafepauza.mk_rn

    3. Комичари – Смешно

    rnПонекогаш, разговорот за некој или нешто смешно го крши мразот. Секако, можеби имате различна смисла за хумор, па во тој случај преминете на следните прашања.rn

      rn011

    • Кој е твојот омилен комичар и зошто?
    • rn011

    • Кој е најсмешниот филм што си го гледал/а досега?
    • rn011

    • Која сцена ја сметаш за најсмешна во целата филмската историја?
    • rn011

    • За кого сметаш дека е најсмешен комичар или актер?
    • rn

    rn

    4. Спомени од детството – Интимност

    rnКога ќе стигнете до точката кога и двајцата се чувствувате релаксирано и можете да се смеете заедно, тогаш започнуваат поинтимните прашања. Добро надоврзување на најсмешните/најсрамните спомени од нечие детство би биле прашањата за нивните најдобри спомени од детството.rnrnОдлични прашања за ова би биле:rn

      rn011

    • Кои моменти од детството секогаш ќе ги паметиш како најдобри?
    • rn011

    • Која беше твојата омилена личност со која сакаше да се дружиш како дете?
    • rn011

    • Која ти беше омилена наставничка во училиште и зошто?
    • rn011

    • Во што уживаше најмногу додека беше дете? Дали беше фанатик за автомобили? Дали градеше кули од песок? Дали крадеше јаболка од кај комшиите? Имаш ли играно џамлии?
    • rn

    rn3-5-prashanja-koi-garantirano-kje-ja-izbrishat-naprijatnosta-na-prviot-sostanok-www.kafepauza.mk_rn

    5. Мир, љубов и разбирање – Интимност

    rnМногу луѓе сонуваат да го променат светот или барем да го променат сопствениот живот. Прашањата за нивните соништа и желби ќе помогнат да се запознаете подобро.rn

      rn011

    • Ако можеш да промениш една работа во светот, која би била таа?
    • rn011

    • Кој беше твојот херој додека растеше?
    • rn011

    • Дали сè уште имаш?
    • rn011

    • Да можеш да избереш една супермоќ, која би била?
    • rn011

    • Дали ти се има случено нешто лошо, што толку го променило твоето гледање на светот што си одлучил/а да станеш подобра личност, да почнеш повеќе да уживаш во животот или да започнеш сопствен бизнис?
    • rn011

    • Кои работи ги сакаш? (Ова може да го претворите во игра, прашувајќи се наизменично за работи кои ги сакате во животот.)
    • rn

    rn

    И уште нешто…

    rnПоставувајте интересни, забавни и имагинативни прашања кои може да донесат многу забава, како на пример:rn

      rn011

    • Ако луѓето сакаат да именуваат коктел по тебе, како би се викал?
    • rn011

    • Ако можеш да измислиш нов вкус на сладолед, каков би бил?
    • rn011

    • Во каков вид забавен парк би сакал/а да поминеш цел ден?
    • rn011

    • Ако би можеле да влеземе во лифт и да излеземе во некоја друга земја, каде би заминале?
    • rn011

    • Кој период во историјата би сакал/а најмногу да го посетиш?
    • rn

    rnИсто така, вистина е дека нема да почувствувате конекција со секого. Тоа е во ред. Само треба да се опуштите и да гледате на состанокот таков каков што е – начин да запознаете некого. Можеби нема да си одговарате. Сепак, може да разговарате и да поставувате прашања, можеби ќе научите нешто од него/неа. Ако поставеното прашање не помине добро, тогаш споделете го вашиот одговор или поставете ново прашање и кажете дека тој/таа треба да избере едно до нив и да го одговори.

  • Обрнете внимание: 10 нешта кои морате да ги знаете за господин Вистински

    Обрнете внимание: 10 нешта кои морате да ги знаете за господин Вистински

    Ако сѐ уште не сте го пронашле вашиот совршен партнер, не грижете се! Не морате да бидете најубавата, најслабата или најинтересната дама за да го пронајдете и освоите господинот Вистински. Доволно е само да бидете вистинската и искрена форма од себеси, а тој веднаш ќе го забележи тоа. А кога ќе го забележи, вие веќе треба да ги знаете овие 10 нешта.rnrn0-obrnete-vnimanie-10-nesta-koi-morate-da-gi-znaete-za-gospodinot-vistinski-kafepauza.mkrn

    1. Тој постои

    rnДали некогаш сте си рекле себеси дека нешто е премногу добро за да биде вистинито? Да, вистинито е, но ако не верувате во тоа ќе ви биде многу потешко да го пронајдете. Сетете се на Ѕвончица од Петар Пан – секој пат кога некој ќе каже „не верувам во самовили“ некоја самовила умира. Во овој случај, иако тоа не е толку екстремно, сепак сигурно од посочениот пример ви е јасно за што зборуваме.rn

    2. И тој исто така ве бара

    rnИсто како и вие и тој не сака да заглави во лоша врска. Всушност, како што вие трпеливо го чекате и го барате со месеци и години и тој го прави истото. Можеби ќе морате малку да му помогнете, но ве советуваме да не му се нафрлате – тој треба да се почувствува пријатно во вашето друштво. Спонтаноста на прво место!rn

    3. Тој бара емотивна зрелост

    rnВие не можете да знаете кога е и дали е вистинското време за да се запознаете. За да бидете добар партнер во врската вие мора да достигнете одредено ниво на емотивна зрелост за која ќе ви бидат потребни време и искуство. Не обидувајте се да ја занемарите оваа точка затоа што така непотребно ќе се полудите себеси или него.rn

    4. Тој се грижи за малите нешта

    rnСето она што го сочинува еден романтичен филм е ништо во споредба со добрата врска која долго трае. Вистинскиот живот трае подолго од 120 минути. Вие мора да мислите на малите нешта што ги сакате, затоа што вообичаено малите нешта се всушност големи во долгите врски. Како се чувствувате кога заедно одите во продавница, или кога се соочувате со заеднички тешкотии или кога ги завршувате домашните активности?rn

    5. Тој е среќен

    rnАко мислевте дека драмата и темпераментноста се секси – многу се лажете. Тоа е обичен мит. Реалноста е дека јаките и агресивни емоции најчесто стануваат болни искуства во врската. Никој не сака да биде во близина на некој кој менува расположение со брзина на светлината, зар не? Среќата е многу повредна од тоа. Мора да бидете среќни за и личноста со која сте да биде среќна заедно со вас. Толку е едноставно – токму како што звучи.rn

    6. Тој е многу повеќе од добар секс

    rnДа не се разбереме погрешно – немаме ништо против добриот секс, баш напротив. Меѓутоа, врските во кои добриот секс е доволен за нивно одржување вообичаено се лоша идеја. На секоја личност, па дури и на мажите, им е потребен некој што можат да го сакаат со сите нивни зборови и постапки. Едноставно, сексот е само еден преубав дел од врската кој може да ги зближи партнерите, но не е и доволна причина за таа да опстојува.rn

    7. Тој ве цени

    rnДа бидете во долга врска или да живеете со партнерот е како да живеете под микроскоп – добивате прилика да ги видите сите негови маани кои со текот на времето ќе испливаат на површината. Секој има некоја маана и нема личност која не прави иритирачки грешки.rnrnНајдобар противотров за потенцијалното иритирање или настанување на караници е да го воведете признавањето и секогаш да разговарате за проблемот. На таков начин меѓусебно ќе се прифатите и ќе бидете спремни да ги видите сите добри карактеристики кои ги поседува вашиот партнер, а кои секогаш треба да ги цените.rn

    8. Тој ве засмејува

    rnПаровите кои заедно се смеат имаат поголеми шанси за остварување на врска на долги патеки, за разлика од оние кои не воведуваат хумор во својот однос. Колку повеќе се смеете – толку повеќе ќе бидете во состојба да се прифатите еден со друг и полесно ќе ги гледате предизвиците кои можат да се јават во врската. Плус, тоа е одличен начин за остварување на здрав однос.rn

    9. Тој не е совршен

    rnТој само треба да биде вистинската форма на несовршеност. Ако сте опседнати со уредност, а тој не е, вие веројатно нема совршено да си одговарате, но ако двајцата прифатите дека по некое нешто може повремено да се најде на плочките во бањата, тогаш ќе имате подобри шанси за вклопување. Прифатете некои недостатоци – ни вие не сте совршени!rn

    10. Тој е џентлмен

    rnАко размислувате за врска на долги патеки, дали сакате покрај себе да имате некој кој е нежен и чувствителен кон вас? Џентлемените се често неправедно потценети, така што ви советуваме да обрнете внимание на нив. Ќе видите како тие можат многу добро да влијаат на вашата емотивна состојба и да ве направат горда и среќна дама. Пробајте!

  • Сè што може да направите до петок за ова да ви биде најдобрата недела од оваа година

    Сè што може да направите до петок за ова да ви биде најдобрата недела од оваа година

    Се наближува крајот на оваа година и полека ги одбројуваме последните денови. Ве фаќа празнична еуфорија, но заглавени сте на работа или имате за учење и се плашите дека ќе ве одмине новогодишната радост? Не грижете се, еуфоријата е тука. Еве што сè може да направите за да си ја разубавите оваа недела.rnrnСè што може да направите до петок за ова да ви биде најдобрата недела од оваа годинаrn

    Смејте се хистерично

    rnСмеата го продолжува животот и тоа е точно! Смејте се хистерично и заразете ги и другите со вашата смеа. Може тоа да биде поради шегата која сте ја чуле или урнебесната епизода од вашата омилена комедија. Едноставно ослободете се и изнасмејте се.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Темелно исчистете нешто

    rnТој куп облека или сметките и листовите на подот. Земете и исчистете нешто што одамна го одложувате, па уживајте во вашето дело.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Јавете им се на пријателите

    rnНе им пишувајте, не праќајте пораки, туку ѕвонете им и слушнете се. Кажете што ви лежи на душата, како се чувствувате, што има ново, израдувајте се, насмејте се, споделете.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Прочитајте нешто што навистина го сакате

    rnМоже тоа да биде вашата омилена поема или вашата омилена книга кога сте биле деца. Завиткајте се во ќебе и прочитајте нешто за свое задоволство.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Танцувајте како да ќе нема утре

    rnТанцувајте како луди, движете се, скокајте, замислувајте се дека сте на голема музичка сцена. Танцувајте како никој да не ве гледа и ослободете се од негативната енергија.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Зближете се со членовите на вашето семејство

    rnЈавете им се на родините со кои одамна не сте се чуле. Направете им кафе наутро на вашите родители или изненадете ги со домашно подготвено јадење. Оваа недела посветете си ја на себе и на вашите најблиски.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Излакирајте се во омилената боја

    rnЗапрете за миг и налакирајте ги вашите нокти во омилената боја.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Поспијте подолго

    rnДали е одговорно однесување излежувањето во кревет? Не. Но, направете го тоа следното утро.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Купете си нешто за ваше задоволство

    rnНапорно работевте, олеснете си го паричникот за ваше сопствено задоволство.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Направете си го омилениот оброк

    rnЗгответе си нешто што ви е по ќеф, не мислете на калориите.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Побарајте ги старите пријатели

    rnЗнаете, другарот од средно со кој кога и да се видите само спомнувате одење на кафе но никако да се договорите. Јавете му се и договорете средба.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Направете добро дело за некој кој не го познавате

    rnНаправете му добрина на оној кој прв пат го гледате. Колку и да звучи како клише.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Прегрнувајте ги луѓето најсилно што можете

    rnЗатрчајте се кон вашата мајка и прегрнете ја долго и силно без апсолутно никаква причина.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Едноставно не правете ништо

    rnКога последен пат ги кренавте нозете во вис, слушавте музика и уживавте без да правите нешто посебно, без да брзате, без да мислите на обврските и роковите?rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn