КАФЕ ПАУЗА

Tag: смеа

  • 12 интересни факти за смеењето кои ќе ве изненадат

    12 интересни факти за смеењето кои ќе ве изненадат

    „Духовитите луѓе засекогаш остануваат деца.“ – Ерих Кестнер, германски писател познат по хуморот и книгите за деца

    rnШто ќе биде ако сите го сфатиме животот премногу сериозно? Смејте се што почесто, гледајте комедии и дружете се со луѓе кои се позитивни и насмеани. Најдобриот лек кој ќе ви помогне да пребродите секаква потешкотија е токму смеењето, кое, популарно кажано, го продолжува животот. Но, исто така смеењето ве прави поубави и попривлечни. Овие интересни факти покажуваат колку бенефиции имате од смеењето.rnrn12 интересни факти за смеењето кои ќе ве изненадатrnrn1. Едно добро смеење троши околу 3,5 калории.rnrn2. Во друштво, жените се смеат повеќе од мажите.rnrn3. Смеата ги подобрува готовноста, креативноста и меморијата.rnrn4. Повеќето луѓе не можат да се смеат по наредба.rnrn5. Звукот на смеата не се асоцира со ниеден јазик. Тоа значи дека насмевката во Америка е иста со онаа во Кина или Нигерија. Смеата е универзален јазик.rnrn12 интересни факти за смеењето кои ќе ве изненадатrnrn6. Здравите луѓе се смеат од 100 до 400 пати дневно, односно околу 2.800 пати неделно или 146.000 пати годишно.rnrn7. Гелотологија е науката за хумор и смеа и како тие влијаат на телото од психолошка и физичка перспектива. Зборот доаѓа од грчкото gelos што значи смеа.rnrn8. Се смееме 30 пати повеќе за време на социјални збиднувања отколку кога сме сами.rnrn9. Смеата ја зголемува циркулацијата на крвта за 22% додека стресот ја намалува за 35%.rnrn10. Смеењето го активира производството на ендрофин – хормонот на среќата.rnrn11. Добрата смеа го подобрува имуниот систем, ја подобрува работата на дишните патишта, го зголемува бројот на активни клетки кои се борат против вирусите, ја зголемува толерантноста на болка, ги опушта мускулите и ја зајакнува менталната способност.rnrn12. И за крај, не заборавајте дека смеењето е заразно. 🙂

  • Интересни видеа кои сигурно ќе ве насмеат

    Интересни видеа кои сигурно ќе ве насмеат

    Дали ви треба малку смеа, инспирација, слатки животни и љубовни изјави? Тогаш, убаво сместете се и уживајте во видеата, што сигурно ќе ве расположат!rnrninteresni-videa-koi-sigurno-kje-ve-nasmeat-kafepauza.mkrn

    1. Најсмешното задевање на куче

    rnПаметно и смешно. Видео што слатко ќе ве насмее.rnrnrn

    2. Скок во вода

    rnОва видео е доказ колку паметни, креативни и непобедливи може да бидат луѓето.rnrnrn

    3. Првата аудиција на Сузан Бојл

    rnПрвата аудиција на Сузан Бојл на Британија има талент (2009), ќе ве натера да верувате во чуда и ќе ве натера да не донесувате заклучоци за луѓето, само врз основа на нивниот изглед.rnrnrn

    4. Маченце се обидува да разбуди друго маченце

    rnДефиниција за слатко видео, што ќе ви ги разбуди најнежните чувства.rnrnrn

    5. Неуспесите на познатите

    rnОва видео зборува за поразите со кои познатите се имаат соочено пред да станат она што се денес, а кои веруваме дека ќе ве инспирираат да ги следите вашите соништа.rnrnrn

    6. Војник кој го гледа кучето по враќањето од Авганистан

    rnПредупредување: Ќе се расплачете од среќа! После сѐ, љубовта на кучињата навистина е безусловна!rnrnrn

    7. Близнаци ја пеат „Love is an Open Door“ од „Снежната кралица“ на Дизни

    rnОдлично видео за кревање на расположението. Доколку ви фали малку смеа и свежина во сивото секојдневие, слободно пуштете и уживајте!rnrnrn

    8. Неочекуван крај: Флеш моб понуда за брак

    rnИако има многу вакви идеа, ова дефинитивно е најдоброто!rnrnrn

    9. Сопругата добива подарок – кученце!

    rnНачинот на кој реагира на жената, кога сопругот ја изненадува со слатко кученце е пресладок и бесценет. Среќа насекаде!rnrnrn

    10. Најдобриот свадбен танц меѓу мајка и син

    rnЗаборавете на типичните танци меѓу младоженците, ова е многу поуникатно и поинтересно! Денот веднаш ќе ви стане поубав!rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 убави начини да насмеете некого денес

    6 убави начини да насмеете некого денес

    Дали ви е хоби да предизвикувате насмевки на лицата на вашите блиски? Тогаш вашите пријатели и роднини се среќни луѓе. Ова се 6 начини на кои би можеле да донесете насмевка на нечие лице денес.rnrn6 начини како да насмеете некого денесrn

    1. Изненадете ги со убав гест

    rnМоже да ги изненадите со карти за концерт кој знаете дека би сакале да го посетат, да ѝ испратите цвеќе на вашата другарка или да го изненадите со лименки пиво вашиот другар. Бидете креативни и направете или подарете им нешто што го сакаат. Не мора да трошите куп пари, едноставно направете мал гест кој ќе ги насмее и израдува.rn

    2. Делете комплименти

    rn…кои искрено ги мислите. На пример, разубавете ѝ го денот на вашата колешка давајќи ѝ комплименти за новата фризура или парче облека. Секој има по некоја убава карактеристика, па спомнете ја за да дадете до знаење дека сте ја забележале. Некогаш луѓето забораваат колку се убави, вредни или одговорни. Секогаш е добро да зголемите нечија самодоверба.rn

    3. Купете им ја книгата или гледајте го филмот за кои веќе долго време зборуваат

    rnДали некој од вашите другари ви има спомнато наслов на книга која би сакал да ја прочита или филм кој сака да го гледа, но нема време? Поканете ги кај вас дома и гледајте го филмот или подарете им ја книгата. Ќе бидат изненадени од вашата внимателност. Само еднаш ја спомнале книгата а вие им ја давате на подарок.rnrn6 начини како да насмеете некого денесrn

    4. Бакнете ги изненадно, без причина

    rnНе мора да има посебна причина за покажување на вашата љубов кон родителите или партнерот на пример. Искрениот бакнеж кој доаѓа без никаква најава или причина секогаш резултира со блага насмевка. Покажете им на луѓето кои ви значат дека ги сакате.rn

    5. Играјте детски игри

    rnПамтите кога бевте деца колку бевте слободни и безгрижни? Секому му треба потсетување одвреме-навреме дека детскиот дух никогаш не треба да го напушти. Ако имате деца посветете им макар еден час попладнево и играјте игри, од „Не лути се човече“ до Криенка. Истото може да го направите со децата на вашите пријатели (кои ќе ви бидат многу благодарни), или со децата на вашите соседи.rn

    6. Кажете добра шега

    rnДоколку знаете добра шега напишете ни ја во коментар и насмејте ги другите читатели. Или пуштете им смешно видео на вашите дома. Кликнете на некој од нашите постови од Медијатека и споделете смеа со најблиските.rnrn6 начини како да насмеете некого денесrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 14 одлуки на среќните луѓе

    14 одлуки на среќните луѓе

    Секојдневно сме ставени пред многу избори: што да облечеш, дали да го направиш тој телефонски повик или не, каде да заминеш, кога да ги платиш сметките, што да јадеш… и оваа листа нема крај.rnrnНеретко сме ставени и пред многу ментални одлуки за кои треба храброст. Среќните луѓе одбираат да бидат среќни без оглед на сè, па доколку сакате да се водите според нивните одлуки, еве што секогаш треба да изберете:rnrn14 одлуки на среќните луѓеrn

    1. Одберете да простите

    rnСреќните личности се свесни дека простувањето е подарок за самите себе. Колку подолго го чувате бесот во себе толку повеќе си нанесувате зло себеси. Одберете да простите, да заборавите, да продолжите понатаму а со тоа да си ја олесните душата. Дури и ако станува збор за колега од работа кој ве изнервирал, едноставно одберете да му простите. Така ќе си го олесните сопствениот товар, бидејќи колку повеќе нечии зборови и постапки чувате врз плеќите, толку потешко ви станува чекорењето напред.rn

    2. Одберете да живеете во сегашноста

    rnКонстантното живеење во спомените на минатото ве спречува со полни гради да ја вдишете сегашноста. Може да размислувате за иднината и да правите планови, но бидете внимателни и секогаш со мислите останете вистински присутни сега и овде.rn

    3. Одберете да го прифатите лошиот ден како дел од животот

    rnСосема е во ред да имате лош ден, секој го има. Но после дождот секогаш доаѓа сонце. Прифатете ги и лошите моменти како дел од животот, па така нема да ги сфаќате премногу трагично кога ќе треба да се соочите со нив. Запомнете, тоа што сте имале лош ден ни од далеку не значи дека имате лош живот.rn

    4. Не си земајте сè при срце

    rn

    „Кога некој се однесува безобразно и ве третира лошо, не земајте си при срце. Тоа не кажува ништо за вас, но кажува многу за него.“ – Мајкл Џозефсон, јавен говорник и поранешен професор по право.

    rn

    5. Одберете да пробате иако изгледа тешко

    rnОдберете да ризикувате, да го направите потегот иако никој не ви гарантира дека ќе успеете. Речиси ништо во животот не е загарантирано. Кога ќе одлучите да не пробате со сигурност сте ја изгубиле битката однапред.rn

    6. Одберете да се сакате себе и да се прифатите со сите свои одлуки

    rnСекој направил погрешни одлуки или одиграл лошо во одредена ситуација, но тоа не е причина постојано да се осудувате себеси. Грешките гледајте ги како можности за развој и стекнување искуство. Ослободете се од товарот и сакајте се себеси токму какви што сте, бидете единствени, свои и неповторливи.rn

    7. Преземете одговорност

    rnНе префрлајте ја вината на некој друг, туку исправете се и соочете се со проблемот и преземете ја вината. Доколку не сте успеале да добиете унапредување, тоа не е поради колегата кој игра нефер или поради шефот кој не ве сака, едноставно наредниот пат ќе се потрудите подобро. Кога ќе научите да сносувате полна одговорност за вашите постапки ќе престанете да чувате горчина во себе поради постапките на останатите и вистински ќе се потрудите наредниот пат да одиграте подобро. Но ако секогаш ја префрлате вината на друг, никогаш нема да научите како да се натпреварувате со самите себе, станувајќи подобра верзија од себеси.rn

    8. Одберете да се смеете и на малите нешта

    rn

    „Ден минат без смеа е изгубен ден.“ – Чарли Чаплин

    rn14 одлуки на среќните луѓеrn

    9. Одберете да се ослободите од негативните емоции

    rnОслободете се од стравот, од анксиозноста, од постојаната желба да ги промените луѓето околу вас, ослободете се од грижите и од тешките спомени. Оставете животот да ве одведе по вашиот пат а во меѓувреме живејте, учете, сакајте и напредувајте. Никогаш нема да имате апсолутна контрола над сè, па опуштете се и мислете на вашето здравје на кое најмногу му штетат негативните емоции.rn

    10. Одберете да бидете благодарни

    rnИма толку многу нешта за кои треба да бидете благодарни, не заборавајте да ги вреднувате. Кажете благодарам за новиот ден, за сонцето, за облеката која ја имате, за храната, за компјутерот што го користите, за можностите кои ги имате. Бидете им благодарни и на луѓето кои се околу вас, оние кои го формираат кругот на вашите најблиски, но најважно од сè, не заборавајте одвреме-навреме да наоѓате начини да им ја покажувате вашата благодарност. Убаво е да се знае дека си вреднуван од нечија страна.rnrnЛуѓето кои се среќни не значи дека имаат апсолутно сè што би можеле да посакаат, тие се среќни бидејќи знаат да го ценат она што го имаат и да им се радуваат на малите нешта. Бидејќи на крајот на краиштата, среќата не е цел која треба да се достигне, туку е пат по кој се оди. Некои луѓе одбираат еден пат, други одбираат друг. Бидете меѓу оние кои дури и кога облаците ќе го сокријат сонцето, одбираат да бидат благодарни и за облаците.rn

    11. Верувајте

    rnДа, довербата изгледа како скап подарок кој не се дава лесно, но од друга страна, доколку не ја давате никогаш само градите ѕидови околу вас. Ако сте биле повредени еднаш не значи дека ќе бидете повторно. Дајте им шанса на луѓето, кога некој ќе ја изневери вашата доверба сосема е очекувано никогаш да не ја добие назад, но во сите останати ситуации одберете д верувате.rn

    12. Помагајте им на другите

    rnСебичноста не ѝ е сестра на среќата. Колку повеќе давате толку повеќе добивате. Среќните луѓе се хумани и имаат желба да помогнат, тие имаат верба во човештвото и неретко се причината поради која и многумина други веруваат во човештвото исто така.rn

    13. Одберете да си дадете време

    rnИмате лош период во животот? Дајте си време и имајте трпение додека работите не тргнат на добро. Сте преживеале тешка повреда? Дајте си време да заздравите. Некогаш самите очекуваме премногу од себеси, но некогаш е во ред да си дадете време, да побарате одмор, да дозволите да ви се смират мислите.rn

    14. Одберете да бидете среќни

    rnСреќните луѓе немаат посебна ДНК, тие одбираат да бидат среќни. Тие се свесни дека не е сè розово, дека не е сè совршено, дека некогаш нема да успеат и дека некогаш ќе бидат разочарани. Но никогаш нема да ги видите дека креваат раце од животот. Ќе одберат да бидат активни, присутни, одговорни, и ќе одберат со секој атом сила што го поседуваат да го разубават светот околу нив и да ги развеселат и другите околу себе.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Една животна вистина…

    Една животна вистина…

    Oва ќе им се допадне на жените, но ќе ги насмее и мажите.rnrnedna-zhivotna-vistina-kafepauza.mkrnrnПотребни се 7 секунди храната да дојде од устата до стомакот.rnrnЧовечката коса може да издржи тежина од 3 кг.rnrnДолжината на пенисот е 3 пати поголема од должината на палецот.rnrnБутната коска е поцврста од бетон.rnrnСрцето на жените чука побрзо од срцето на мажите.rnrnЖените трепкаат 2 пати повеќе од мажите.rnrnКористиме 300 мускули само за да ја задржиме рамнотежата додека стоиме.rnrnЖените сѐ уште го читаат текстот до крај.rnrnМажите сѐ уште си го гледаат палецот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто оние кои почесто се смеат се попродуктивни од останатите?

    Зошто оние кои почесто се смеат се попродуктивни од останатите?

    „Ден минат без смеа е загубен ден.“ – Чарли Чаплин

    rnТргнете од себе, колку сте продуктивни во ден кога сте намуртени и депресивни? Колку имате елан за работа кога се смеете и ја согледувате позитивата на животот? Еве 7 интересни причини зошто оние кои често се смеат се попродуктивни, а веруваме дека истите ќе ве натераат почесто да му се препуштате на доброто расположение.rnrnЗошто оние кои почесто се смеат се попродуктивни од останатите?rn

    1. Смеењето ви го олеснува патот

    rnСтресот на работното место е онолку страшен колку што вие ќе направите да биде. Луѓето кои се смеат и кои умеат да најдат позитива во сè, полесно минуваат општо низ животот, а истото важи и за работното место. Секој работен ден има по нешто забавно, смешно и интересно. Оние кои често се смеат на работното место шират позитива и се попродуктивни.rn

    2. Смеењето креира попродуктивна работна средина

    rnЛуѓето кои се смеат заедно стануваат поблиски. Тимот на соработници кои заедно се смеат на шеги, стануваат поблиски, послободни, а со тоа и поуспешни на работно поле.rn

    3. Смеењето помага да се пребродат тешките денови

    rnСо сигурност некаква криза на работното место нема да се надмине лесно со човек кој е постојано сериозен, загрижен и кој едноставно работите ги сфаќа како големи и страшни. Од друга страна, човек кој умее да се насмее и да шири позитива дури и во лошите денови ќе ја подобри целокупната работна атмосфера влевајќи им на другите надеж и поттик за работа.rn

    4. Смеењето ви ги полни батериите

    rnСмеата делува како сонцето и топлината – ве одмара и ви ги полни батериите. Кога сте уморни или се чувствувате лошо, само пуштете некое смешно клипче или прочитајте неколку добри шеги. Вашето расположение инстантно ќе се промени давајќи ви елан за работа.rn

    5. Смеата ја убива тензијата

    rnКога сте под голем стрес или имате трема пред јавен настап, само кажете шега. Ќе се ослободите, ќе се насмеете вие како и оние кои ве слушаат и одеднаш целата атмосфера ќе се подобри создавајќи ви простор слободно да се изразите.rn

    6. Смеењето ја поттикнува креативноста

    rnДобро е да се знае дека на вашето рабното место можете одвреме-навреме да стиснете пауза и добро да се насмеете пред да продолжите со работа. Така ќе го оттргнете притисокот, ќе се чувствувате послободни, а со тоа ќе ја ослободите вашата креативност за слободно да доаѓате до нови идеи и решенија.rn

    7. Со смеењето луѓето се среќни за она што го работат

    rnНе можете да дочекате да пристигнете на работа за да им ја раскажете на вашите колеги урнебесната ситуација во која се најдовте? Знаете дека на работа вашиот колега ќе ве пречека со шега или добра анегдота? Секојдневието може да биде полно со стрес и знаејќи дека на работното место може да се ослободите од негативните емоции и да прснете од смеа ќе ве направи посреќни за она што го работите.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Смеењето го подобрува здравјето

    Смеењето го подобрува здравјето

    Дали среќните луѓе живеат подолго? Огромната научна литература укажува на фактот дека негативните емоции му прават штета на телото. Сериозниот стрес, лутината и стравот може да ги променат вашите биолошки системи и со тоа да предизвикаат срцеви болести, мозочен удар и дијабетес. Истражувањата покажуваат дека смеата навистина ги подобрува здравјето и добросостојбата. Доколку научите како да се смеете кога сте под стрес, анксиозни, нервозни или загрижени, тогаш многу полесно ќе можете да си помогнете на себе за да излезете од таа негативна ситуација.rnrnСмеењето го подобрува здравјетоrnrnСмеата е многу слична со едноставното вежбање: Една добра насмевка ги згрчува абдоминалните мускули, го забрзува движењето на крвта, го намалува крвниот притисок и хормоните за стрес, го подобрува спиењето и имунитетот. Но, и покрај големиот број придобивки од смеата, голем дел од луѓето сепак забораваат на неа. Токму затоа време е повторно да си ја пронајдете насмевката и да почувствувате радост без никакво ограничување. Погледнете ги наредниве неколку начини на кои можете да го сторите тоа:rnrnОслободете се од стресот и не го сфаќајте животот премногу сериозно. Сите ние наидуваме на пречки во животот и правиме грешки. Тоа не треба да биде причина за стрес. Наместо да се нервирате за она што веќе поминало, обидете се да се насмеете за целата ситуација. На тој начин не само што ќе си дадете на себе поголема среќа и самодоверба, туку и многу полесно ќе можете да го решите проблемот.rnrnНајдете хумор во лошите ситуации. Секако, постојат ситуации кои се навистина тешки и тажни и кои не можат да бидат решени со само една насмевка. Но, за наша среќа, повеќето ситуации во животот знаат да имаат една иронична и комична страна. Токму затоа нареден пат кога ќе почувствувате дека вашиот стрес се зголемува, обидете се да ја најдете иронијата во целата ситуација и дозволете си да се смеете за оние нешта кои едноставно се надвор од вашата контрола. На овој начин ќе го намалите кортизолот, крвниот притисок, шеќерот во крвта како и срцевите отчукувања.rnrnПотсетете се на смешни моменти од вашето минато. Можеби вашиот пријател ви кажал одличен виц пред неколку дена, вашите деца или миленичиња направиле нешто забавно или пак, едноставно сте гледале некој многу смешен филм. Постојано потсетувајте се на овие моменти, особено кога се чувствувате тажно, луто или под стрес. Понекогаш самото преживување на еден среќен момент може да му помогне на ендорфинот да се појави и со негова помош вашето расположение за само неколку секунди целосно ќе се промени.rnrnОпкружете се со забавни луѓе кои постојано се смеат. Понекогаш смеата знае да биде заразна, па токму затоа барајте позитивни луѓе кои не се плашат да се смеат на своја сметка и кои природно го наоѓаат хуморот во секојдневните животни ситуации. Студиите покажале дека оние луѓе кои имаат среќен пријател или член на семејството се за околу 15% посреќни од останатите.rnrnПосвојте милениче. Животните се незаменливи кога станува збор за подобрување на среќата и поттикнување на смеата бидејќи тие едноставно обожаваат да си играат и да се забавуваат. Исто така студиите покажале дека луѓето со домашни миленичиња имаат помали шанси за развивање на депресија, стрес како и заболување од срцева болест.rnrnМедитирајте. Студиите покажале дека техниките за опуштање кои се фокусирани на умот и телото можат многу да помогнат во ослободувањето на тензијата. Истражувачите откриле дека луѓето кои медитираат се чувствуваат посмирено и подобро.rnrnЈадете храна која го подобрува чувството на радост. За време на стресен период, голем дел од луѓето имаат тенденција да јадат нездрава храна која е преполна со шеќер или сол. И покрај тоа што оваа храна има добар вкус во тој момент, редовното конзумирање може да има многу негативни ефекти како зголемување на телесната тежина и крвниот притисок, мигрени и дијабетес. Обидете се да се борите против стресот со диета која ја зголемува позитивната енергија, која се состои од лосос, спанаќ, авокадо, темно чоколадо и боровинки.rnrnДоколку успеете да најдете причина за смеење секој ден, многу брзо ќе забележите дека вашето здравје ќе се подобри, вашите врски со останатите луѓе ќе ви изгледаат позначајни и полесни за одржување и пречките на кои што ќе наидувате нема да ви бидат премногу голем предизвик. И како најважно, вашето тело, ум и душа ќе добијат најмногу од оваа природна и бесплатна медицина.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни мотивациски цитати кои ќе ве насмеат

    Интересни мотивациски цитати кои ќе ве насмеат

    Понекогаш кога се чувствувате лошо, сè што ви треба е некој да ве мотивира или насмее. Ако ви треба причина да бидете активни и да станете подобра верзија од себеси, прочитајте ги овие цитати кои покрај тоа што ќе ве мотивираат, ќе ве насмеат и расположат.rnrnИнтересни мотивациски цитати кои ќе ве насмеат
    rn

    „Луѓето често велат дека мотивацијата не трае долго, но не трае ни туширањето, па затоа се препорачува да се практикува секој ден.“ – Зиг Зиглар

    rn

    „Работејќи чесно по 8 часа на ден, може да станете шеф и да работите по 12.“ – Роберт Фрост

    rn

    „Ќе го дочекате и денот кога за првпат вистински ќе се насмеете – на своја сметка.“ – Етел Баримор

    rn

    „Толку сум паметен што понекогаш не разбирам ни еден збор од она што го кажувам.“ – Оскар Вајлд

    rn

    „Чистата совест е вистински знак дека имате лошо памтење.“ – Непознат автор

    rn

    „Секогаш знај дека ти си единствен. Исто како и сите други.“ – Непознат автор

    rn

    „Ако секогаш ја погодувате целта, тогаш таа е или премногу блиску или премногу голема.“ – Том Хиршвилд

    rn

    „Јас сум идеалист. Не знам каде одам, но на пат сум.“ – Карл Санбург

    rn

    „Не ги мешајте славата и успехот. Мадона е првото, Хелен Келер е второто.“ – Ерма Бумбек

    rn

    „Неверојатно е што може човек да постигне ако не се грижи кој ќе ја добие заслугата.“ – Хари Труман

    rn

    „Едно време мислев дека сум неодлучен, но сега не сум толку сигурен.“ – Непознат автор

    rn

    „Дај ми обичен службеник со цели во животот и ќе го претворам во човек кој ќе влезе во историјата. Дај ми човек без цели и ќе ти го вратам како обичен службеник.“ – Џ. K. Пени

    rn

    „Најважно е најважната работа да остане најважна.“ – германска поговорка

    rn

    „Ако не управувате со сопствениот живот, тогаш некој друг ќе управува.“ – Џон Аткинсон

    rn

    „Еве еден тест како да знаете дали вашата мисија на земјата е завршена: aко сте сè уште живи, тогаш не е.“ – Ричард Бах

    rn

    „Кучињата имаат сопственик, мачките имаат свој персонал. Дали си куче или мачка?“ – Непознат автор

    rn

    „Ако не знаете каде одите, може ветерот да ве одведе на погрешно место.“ – Јоги Бера

    rn

    „Кога ќе посегнете по ѕвездите, може нема да ги фатите, но барем нема да завршите со кал во рацете.“ – Лио Бурнет

    rn

    „Визија без акција е само сонување со отворени очи. Акција без визија е кошмар.“ – Јапонска поговорка

    rn

    „Не можете да имате сè. Каде би го ставиле?“ – Стивен Рајт

    rn

    „Чувствувајте се лошо или мотивирајте се себеси. Што и направите, секогаш е ваш избор.“ – Вејн Даер

    rn

    „Овие мотивациски видеа навистина ме инспирираа! Ќе заработам милион долари, ќе си купам сопствена компанија и рано ќе се пензионирам. Потоа, ќе напишам книга и симфонија и целата заработка ќе ја донирам за хуманитарни цели. Наредниот месец ќе смислам како ќе го сторам сето тоа.“ – Ренди Гласбергер

    rn

    „Размислував колку би ми било полесно ако имав некој зад себе кој постојано би ме мотивирал. Никој не застана зад мене па одлучив јас самиот да бидам тој човек.“ – Непознат автор


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дечиња кои „умешно“ се кријат играјќи криенка

    Дечиња кои „умешно“ се кријат играјќи криенка

    Децата до 7-годишна возраст немаат развиени когнитивни способности, па кога ќе си ги покријат очите или ќе се скријат зад нешто што им го блокира видот, мислат дека никој друг не може да ги види. Ова е двоен проблем за нив бидејќи не само што ги издаваат нескриените делови од телото, туку тие и самите не можат да видат кога ќе бидат видени од другите. Затоа, играњето криенка со мали дечиња е прекрасно искуство кое носи многу смеа во домот. Еве неколку фотографии кои сведочат за тоа. :)rnrnДечиња кои „умешно“ се кријат играјќи криенка Дечиња кои „умешно“ се кријат играјќи криенкаrnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Позитивните луѓе живеат подолго

    Позитивните луѓе живеат подолго

    Едно истражување спроведено во САД покажало дека позитивниот став кон животот и смислата за хумор се наоѓаат помеѓу причините за долговечноста на многу луѓе.rnrnПозитивните луѓе живеат подолгоrnrnНаучниците од колеџот „Алберт Ајнштајн“ ја анализирале структурата на личноста и генетската наследност на 243 лица на возраст од 95 до 107 години. Се покажало дека долговечноста е поврзана со човековите особини, како екстравертност, оптимизам, полесното искажување на емоции и склоност кон смеење.rnrnСпоред прибраните податоци во САД, дури 0,2% од населението имаат над 100 години, а бројот од година во година се зголемува. Некои претходни истражувања покажале дека структурата на личноста може да има големо влијание на физичкото здравје на поединецот. Спрема други процени на научниците, генетското наследство за една третина ги зголемува шансите за долговечност.rnrnТокму затоа не заборавајте секој ден да го поминувате во смеа и во позитивна атмосфера.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.