КАФЕ ПАУЗА

Tag: складирање

  • Колкав е рокот на траење на витамините и како да ги чувате?

    Колкав е рокот на траење на витамините и како да ги чувате?

    Витамините можеби немаат ист рок на траење како вашата храна, но важно е да обрнете внимание на тоа од што се направени, во каква форма се наоѓаат и како треба да се чуваат за да бидат максималнo ефикасни.rnrnКолкав е рокот на траење на витамините и како да ги чувате?rnrnЗа разлика од храната, луѓето обично не се толку внимателни со рокот на траење на другите производи (тампони, есенцијални масла, крем за сончање, па дури и витамини). Ако некогаш сте налетале на старо шише витамини и сте се запрашале дали сè уште се безбедни за консумирање, па, одговорот не е толку едноставен.rnrnЛекарите и фармацевтите откриваат колку траат витамините, дали е безбедно да се пијат откако ќе им истече рокот и даваат најдобри совети за чување.rn

    Колку траат витамините?

    rn

    „Ако се чуваат правилно, повеќето витамини имаат рок на траење до две години“ – вели фармацевтката Џоана Луис. „Но, во зависност од формата, чувањето и состојките, тој датум може да варира.“

    rnДури и ако витаминот се распадне малку со текот на времето, можеби никогаш нема да ги изгуби силата и дејството или да стане штетен за консумирање.rn

    Дали е безбедно да се земаат витамини со поминат рок на траење?

    rnПовеќето луѓе ќе го забележат датумот на употреба наведен на пакувањето витамини. Иако овој датум може да им даде претстава на потрошувачите за тоа кога е време да го заменат производот, тој не е ист со рокот на траење што го гледате на храната.rnrnПовеќето производители прават тестови за да утврдат колку време ќе му биде потребно на витамините за да ја изгубат силата и ова е обично датумот што ќе го видите на пакувањето.rn

    Дали има несакани ефекти од консумирањето витамини со поминат рок на траење?

    rnВитамините обично не се расипуваат како млекото и другата храна. Со други зборови, нема директни несакани ефекти од земањето витамини или додатоци по наведениот рок на употреба. Бидејќи тие се помалку моќни, можеби нема да ги добиете здравствените придобивки што ви се потребни од производот.rn

    Што влијае на рокот на траење на витамините?

    rnМоже да има голема варијабилност во рокот на траење на витамините поради разликите во нивниот состав. Исто така, начинот на пакување и чувањето може да го променат нивниот рок на траење.rn

    Видови витамини

    rnХранливите материи во форма на тврди таблети обично се најстабилни, додека витамините во капсули се почувствителни на разградување од влага и температура и може да се намали нивното дејство.rnrnОпшто земено, таблетите и капсулите траат подолго од гумените производи, тинктурите или течностите.rnrnАко земате витамини во прав, просечниот рок на траење е до една година откако ќе го отворите пакувањето.rn

    Витамински состав

    rnСостојките во рамките на витамините може да одредат дали тие ќе имаат краток или долг рок на траење. На пример, витаминот А е чувствителен на светлината, додека пробиотиците се чувствителни на високи температури.rnrnПробиотиците се состојат од живи бактерии, па затоа кога ќе им помине рокот на траење, се претпоставува дека бактериите се мртви и дека пробиотикот не е ефикасен.rnrnДодатоците со висока содржина на масти, како што е рибиното масло, најдобро е да се чуваат подалеку од светлина бидејќи светлината може да ги оксидира масните киселини. Фолната киселина и витаминот Е се исто така почувствителни на светлина.rn

    Начин на чување

    rnЗа да го продолжите животот на витамините, чувајте ги затворени и на ладно и темно место.rnrnАко ги чувате подалеку од светлина, влага и топлина, ќе им го продолжите рокот на траење. Исто така, некои пробиотици и додатоци во исхраната (витамин Е, ленено семе) ќе траат подолго ако се чуваат во фрижидер, па затоа следете ги упатствата на нивното пакување.rnrnПрочитајте кои се 8-те знаци со кои телото ви кажува дека ви се потребни повеќе витамини.

  • 10 работи што не смеете да ги чувате во подрум

    10 работи што не смеете да ги чувате во подрум

    Подрумите и сличните простории се одлични за складирање на работите што не ги користите често, но дали ладниот и затворен простор е најдоброто место за сите нив? Пред да складирате нешто во вашиот подрум размислете убаво дали ќе „преживее“ во такви услови. Наш совет е да избегнувате да ги складирате следниве предмети во подрумите…rnrnrnrn

    1. Играчки

    rnПолнетите и кадифените играчки не би требало да се чуваат во подрум бидејќи собираат прашина, влага, инсекти, па дури и глувци. Со времето ќе се уништат и ќе бидат потенцијален извор на зарази. Ако не сакате да ги подарите, а немате каде да ги ставите освен во подрум, набавете кутии со херметичко затворање и ставете ги играчките во нив.rn

    2. Книги

    rnАко планирате вашите книги од детството да ги зачувате за вашите деца, чувањето во подрум не е добро решение. Со текот на времето лепакот што ги држи страниците ќе попушти, листовите ќе станат жолти, а постои и ризик тие да бидат изедени од глувци и други инсекти.rn

    3. Теписи

    rnЗавитканите теписи се феноменален дом за инсекти и глувци. Исто така, влакната од теписите собираат влага и лош мирис поради што тие со текот на времето ќе се распаднат.rn

    4. Дрва за огрев

    rnНе е добра идеја бидејќи дрвата влечат влага поради што потешко ќе горат.rn

    5. Запаливи супстанци

    rnСекако дека прво место што ни паѓа на памет за складирање на фарбите, горивото за скара и керозинот е подрумот. Но, чувањето запаливи супстанци таму може да биде многу опасно, особено ако во близина постои печка, грејач за вода, машина за сушење… Попаметно е да ги оставите во гаража или во шупа.rn

    6. Мебел

    rnАко не сакате да мувлоса, чувајте го мебелот подалеку од подрумот.rn

    7. Стара облека

    rnСекое друго место е подобро од подрумот. Молците најмногу ја сакаат облеката, особено кожата, крзното и волната, а подрумот е нивен малечок рај.rn

    8. Електронски уреди

    rnАко сакате да зачувате некој стар уред, складирајте го на некое друго место бидејќи влагата и ниските/високите температури можат да го уништат.rn

    9. Важни документи, хартии, фотографии

    rnВлагата и водата можат целосно да ги уништат. Ако немате друг избор, хартиите и фотографиите соберете ги во пластична кутија, па потоа ставете ги во подрум.rn

    10. Храна

    rnПодрумот е омиленото место за чување зимници и зеленчук, но не е паметно цела храна да се чува таму. Сите намирници што можат да се расипат треба да ги држите подалеку од подрумот бидејќи привлекуваат мувла и инсекти.rnrnПрочитајте и кои 10 предмети непотребно ги собирате во вашиот дом.

  • Дали јајцата треба да се чуваат во фрижидер и уште 10 други познати митови и вистини за храната

    Дали јајцата треба да се чуваат во фрижидер и уште 10 други познати митови и вистини за храната

    Никој не сака да му се расипува храната што ја купува, па затоа често ја ставаме во фрижидер мислејќи дека на тој начин го продолжуваме (или барем запазуваме) рокот на траење на храната. На пример, кога се работи за јајцата, имаме навика веднаш по купувањето да ги сместуваме во фрижидер иако во маркетот сме ги земале од обична полица. Повеќе за чувањето јајца во фрижидер и уште 10 други митови за храната, прочитајте во продолжение.rnrnЈајца во фрижидер и уште 10 други познати митови и вистини за хранатаrn

    1. Јајцата не мора да се чуваат во фрижидер

    rnОва, всушност зависи од стандардите за производство во државата каде се наоѓате. На пример, во САД, пред да стигнат во маркет, јајцата претходно се мијат и чистат, со цел да се отстранат бактерии како салмонела, кои лесно може да се пренесат со само допирање на јајцето. Но, во тој процес се измива и површинскиот слој на лушпата, па таа станува потенка. Затоа, во САД е препорачливо да се чуваат јајцата во фрижидер, што не е случај во Европа, каде што тие се пакуваат директно откако се собрани од живинарската фарма, но затоа кокошките носилки се вакцинираат и примаат антибиотици, за заштита од преносливи зарази.rn

    2. Пред да ја ставите во фрижидер, храната треба да биде изладена на собна температура

    rnВо ова има вистина, но не е поради самата храна, туку поради тоа што сè што е топло складирано во фрижидер всушност ја зголемува температурата во него. Исто така треба да внимавате храната да не остане предолго надвор, за да не се развијат бактерии во неа.rn

    3. Алкохолот се чува во шкаф, на темно

    rnОва тврдење исто така варира во зависност од концентрацијата на алкохол во пијалакот. На пример, еднаш отвореното вино лесно може да оксидира ако не се чува во фрижидер, што не е случај со жестоките пијалаци со голема концентрација алкохол и шеќер, кои служат како конзерванс.rn

    4. Овошјата се убави и затоа треба да ги чуваме во чинија на масата

    rnОсвен ако сте љубител на ферментирано овошје, воопшто не постои друга разумна причина сливите, кајсиите, праските и црешите да ги чувате изложени на собна температура.rn

    5. Јатките не бараат посебен начин на складирање

    rnОревите, лешниците, кикириките и сите други јатки, кога се чуваат подолго време на собна температура, ослободуваат масла и го менуваат вкусот. Затоа, ако планирате да ги искористите во следната година, чувајте ги во фрижидер, додека пак во замрзнувач може да останат и до две години.rnrnЈајца во фрижидер и уште 10 други познати митови и вистини за хранатаrn

    6. Маслата може да се чуваат на полица

    rnВо зависност од што е изработено маслото, може да се чува без проблем на работната површина или пак во кујнски елемент на суво и темно. Сончогледовото и маслиновото масло трпат и повисока температура, па може да ги купувате во поголеми количини и да не обрнувате особено внимание како ги чувате, но доколку користите сусамово, масло од семка од тиква, од орев или некое друго слично, чувајте ги или во шпајз или уште подобро, во фрижидер.rn

    7. Брашното од цели зрна може да се чува заедно со пченичното

    rnБрашната од цели житни зрна се поподложни на расипување, но и на пајачиња и мушички, што не е случај со обичното бело брашно. Но, доколку е во нивна близина, лесно може да се расипе или да биде контаминирано. Препорачливо е да се чуваат овие брашна во фрижидер, но пред да ги користите, извадете ја потребната количина и чувајте ја околу половина час на собна температура.rn

    8. Путерот може да се чува надвор од фрижидер

    rnОва е точно само за солениот путер, но и него не можете долго да го чувате надвор. Во него има помалку вода, а повеќе масти, но и сол и пастеризирано млеко, што го прави релативно траен производ. Но, несолениот путер задолжително треба да се чува во фрижидер, а пред користење, ако треба да биде омекнат, се зема само потребната количина и се остава кратко на собна температура.rn

    9. Безбедно е да чувате леб во фрижидер

    rnБезбедно е, да, но не е практично. Кога го чувате обичниот леб во фрижидер тој побргу се суши. Тоа не се случува ако го смрзнувате. Пред да смрзнете леб, исечете го на парчиња, за полесно да можете да одмрзнувате количина по потреба. Исто така, доколку е наведено на самиот производ дека треба да се чува во фрижидер, тогаш следете ги упатствата.rn

    10. Компирот може да се чува во фрижидер

    rnСе сеќавате на вкусот на компир кој смрзнал? Поблаг е отколку што треба и лесно потемнува при готвење. Токму тоа и ќе се случи ако свежите, штотуку купени компири ги чувате во фрижидер. Скробот се разложува до шеќер, а за да го избегнете ова, чувајте ги на темно место во хартиена кеса или картонска кутија, за да избегнете дополнителна влага што се создава во пластичните кеси.rn

    11. Кафето останува посвежо во фрижидер

    rnАко сакате да бидете сигурни дека секогаш имате свежо кафе дома, купувајте помали количини од специјализирани пржилници за кафе и чувајте го во сад на темно и суво место. Кафето има способност да ја апсорбира влагата и вкусовите од средината во која се наоѓа, па доколку го чувате во фрижидер можеби ќе му го продолжите рокот на траење, но ризикувате да добиете вкус на некоја друга храна.rnrnПрочитајте и како е најдобро да го организирате својот фрижидер.

  • 15 начини да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐ

    15 начини да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐ

    Нередот во домот најчесто не е предизвикан од мрзеливоста или пак недостатокот на самопочит, туку едноставно затоа што некои луѓе не можат да најдат доволно простор за да ги складираат сите нивни работи, особено ако просторот за живеење е релативно мал. Но, постојат неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да ги складирате работите, при што ќе можете да пронајдете место за речиси сѐ. Погледнете како да го направите тоа.rn

    1. Виткајте ги работите за да ви се ослободи простор во плакарот

    rnЗа да го средите вашиот плакар и истовремено да имате повеќе слободен простор, не само што треба да знаете кои работи повеќе не ви се потребни па истите да ги отстраните, туку исто така треба да научите да ги виткате останатите работи, при што ќе имате простор повеќе да складирате.rnrn15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐrn

    2. Користете прегради во фиоките и полиците

    rnПреградите ќе ви овозможат ефикасно да ги зачувате вашите работи, во согласност со нивната големина и намена, што значи дека ќе потрошите помалку време за да го најдете она што ви треба.rnrn15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐrn

    3. Секогаш постои дополнителен простор којшто можете да го искористите

    rnНе е тајна дека просторот под креветот е одлично место за да се чува постелнината и други работи. Некои луѓе тука создаваат и цел плакар, а исто така доколку сте во можност можете да направите и фиоки под вашите скали. Ова ќе направи голема разлика доколку живеете во мал простор.rnrn15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐrn

    4. Искористете го канцеларискиот материјал за во кујната

    rnМожете да ги искористите старите цедиња и во улога на подметнувачи за вашите тенџериња и тави. Исто така можете да искористите некоја од старите папки во улога на организатор за вашите капаци и слично.rnrn15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐrn

    5. Декоративните кутии се одлични за складирање работи кои не ги користите секојдневно

    rnОва звучи многу очигледно, но многумина забораваат на тоа колку оваа идеја може да биде корисна. Уште подобро е да ставите етикета на секоја кутија, при што ќе можете полесно да ги најдете работите кои сте ги користеле одамна и сте заборавиле каде сте ги ставиле. Не мора специјално да купувате кутии за оваа намена, туку истите можете да ги направите самите со користење картон и леплива лента или материјал.rnrn15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐrn

    6. Не мора да ги чувате чевлите во нивните оригинални кутии

    rnАко имате голем број чевли, но не и доволно простор за нивните кутии, тогаш треба да се обидете да направите полица за нив. Лесно е и доста практично.rnrn15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐrn

    7. Не кријте ги работите кои ги користите секојдневно

    rnНе треба да ги чувате надвор од дофат работите што ги користите секојдневно, како на пример вашиот накит или вашите шминки. Можете да ги ставите на посебен држач кој самите ќе си го направите или ќе го купите од продавница. Не чини многу, а ќе ви биде од голема корист.rnrn15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐrnrnПогледнете уште 8 предлози на наредната страница…rnrn

    8. Постои место за секој мал предмет

    rnЗакачалката за вашите вратоврски или каиши зазема мал простор во плакарот или на ѕидот, а на овој начин никогаш повеќе нема да ги губите овие мали додатоци. Можете да купите некоја или самите да ја направите.rnrn15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐrnrn

  • Инспирирано од Инстаграм: Оригинални начини за складирање на шминката

    Инспирирано од Инстаграм: Оригинални начини за складирање на шминката

    Секоја девојка која сака шминка, сигурно знае колку е понекогаш тешко да ја чува и одржува уредно распоредена. Меѓутоа, благодарени на социјалните мрежи, на дофат ви се разни инспирации за полици, тегли и кутии во кои ќе можете да ги чувате вашите омилени мејкап производи. Еве неколку од најинтересните кои ги пронајдовме на Инстаграм.rnrn1-inspirirano-od-instagram-originalni-nachini-za-skladiranje-na-shminka-www.kafepauza.mk_rnrnКутиите од провидна пластика со сигурност се најпрактичниот сад за држење на шминката. Освен тоа што брзо и лесно ќе го пронајдете она што ви е потребно, тие на свој начин може да бидат и интересен украс во вашата бања.rnrn2-inspirirano-od-instagram-originalni-nachini-za-skladiranje-na-shminka-www.kafepauza.mk_ 3-inspirirano-od-instagram-originalni-nachini-za-skladiranje-na-shminka-www.kafepauza.mk_rnrnЕве уште една оригинална идеја за држење на четките. Саксиите за цвеќе се одлични за уредно чување на четките, а во специјализираните продавници ќе можете да пронајдете разни видови кои подоцна можете да ги украсите.rnrn4-inspirirano-od-instagram-originalni-nachini-za-skladiranje-na-shminka-www.kafepauza.mk_ 5-inspirirano-od-instagram-originalni-nachini-za-skladiranje-na-shminka-www.kafepauza.mk_rnrnПровидните, стаклени тегли исто така може да ви послужат за чување на четките или кармините. Секако, и нив можете дополнително да ги нацртате и украсите за да изгледаат уште пооригинално.rnrn6-inspirirano-od-instagram-originalni-nachini-za-skladiranje-na-shminka-www.kafepauza.mk_ 7-inspirirano-od-instagram-originalni-nachini-za-skladiranje-na-shminka-www.kafepauza.mk_rnrnПолицата што може да се ротира, како оваа на фотографијата, е сон на секоја девојка која обожава шминка. На тој начин, доколку некое утро сте неодлучни за која пудра да ја нанесете, слободно завртете!rnrn8-inspirirano-od-instagram-originalni-nachini-za-skladiranje-na-shminka-www.kafepauza.mk_rnrnПродолжете на следната страница за повеќе креативни идеи…rn

  • Минималистичка и креативна полица за вашиот велосипед

    Минималистичка и креативна полица за вашиот велосипед

    Автор: Сања СтојковскаrnrnСекој вистински љубител на велосипедизмот, потајно сака да истакне барем еден од своите велосипеди во своето живеалиште, изложувајќи го на забележливо место. Затоа веруваме дека ова идејно решение ќе наиде на интерес.rnrnПроектот „Чевли, книги и велосипед“ е реализиран од Постфосил и претставува паметна полица што ги содржи одговорите на многу прашања за складирање на предметите во еден дом. Се состои од 5 делови, што можат да бидат пополнети буквално со што било, сè додека резултатот не е визуелно лош и пренатрупан. Замислата е велосипедот да стои на дрвената подлога одоздола, прицврстен за големата штипка од страната.Минималистичка и креативна полица за вашиот велосипедНајдоброто нешто во врска со ова дизајнерско решение е неговата практичност од аспект што вашиот велосипед ќе биде буквално паркиран во затворен простор, а истовремено ќе биде како изложбен предмет и ќе бидат истакнати неговите карактеристики. Всушност, како конечно вашето скапоцено парче, да го добива местото што го заслужува. Дрвениот дел и минималистичкиот стил ја прават оваа полица лесно вклоплива во каков било ентериер или во ходниците на вашиот стан или куќа.rnrnПа, што мислите вие, љубителите на велосипеди? Го сметате ли и вие овој проект за креативен и практичен?Минималистичка и креативна полица за вашиот велосипед Минималистичка и креативна полица за вашиот велосипед Минималистичка и креативна полица за вашиот велосипед
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Корисни совети за сите обожаватели на кафе

    Корисни совети за сите обожаватели на кафе

    За сите кафе-манијаци кои обожаваат да подготвуваат кафе, да пијат кафе и со задоволство да се среќаваат на кафе-муабет со своите пријатели, им нудиме неколку интересни, а воедно и корисни совети за кафето.rnrnКорисни совети за сите обожаватели на кафеrn

    Што треба да знаете кога купувате кафе?

    rnКога се работи за свежо кафе, најдобро е да знаете кога е печено. Вистинските благодети од кафето можат најдобро да се осетат, доколку кафето се искористи еден или два дена по печењето. Исто така е важно кафето да се чува во сад којшто вакуумира и е тесен, при што првичната арома останува дури по 7 до 10 дена. Старото кафе веднаш ќе го препознаете по неговата арома која или ја нема или е непријатна, а исто може да ви изгледа како да има фатено мрсни наслаги.rnrnКорисни совети за сите обожаватели на кафеrn

    Мелење на кафето

    rnДоколку ги мелете зрната кафе во вашиот дом, никогаш немојте да го мелете целото кафе, туку онолку колку што планирате да искористите во моментот. Маслата коишто се наоѓаат во зрната кафе, се изложени на штетните влијанија од воздухот. Кога тие ќе испарат, се губи и самата арома на кафето. Различните начини на подготовка на кафето, бараат различни методи на мелење. На пример, кога се работи за филтер кафе, подготовката треба да биде од 4 до 6 минути. Кога користите француска машина за мелење, кафето треба да биде измелено погрубо. За да подготвите еспресо пак, потребно е што поситно да ги измелете зрната, пришто измеленото кафе треба да личи на прав. Многу важно за еспресото е да внимавате целата процедура на подготовка да изнесува од 25 до 30 секунди.rnrnКорисни совети за сите обожаватели на кафеrn

    Како правилно да го складирате кафето?

    rn

    Никогаш не чувајте го кафето во фрижидер. Од фрижидерот, кафето може да ги апсорбира мирисите и вкусовите на другите прехранбени продукти. Освен ако не планирате да го користите во наредните две недели, наша препорака е да го избегнувате фрижидерот. За да ја зачува прекрасната арома, кафето треба да се складира во чисти, суви садови што вакуумираат и да биде поставено на ладно и темно место.rnrnКорисни совети за сите обожаватели на кафе

    rnrn

    Дозирање на кафето

    rnКога подготвувате кафе, внимавајте да ставите околу 250 милилитри вода за околу 30 до 40 грама кафе. За еспресо кафе, ставете 7 до 8 грама за една доза, а доколку сакате дупло еспресо ќе ви бидат потребни од 14 до 16 грама кафе.rnrnКорисни совети за сите обожаватели на кафеrn

    Како да го послужите кафето?

    rnВерувале или не, на кој начин и во каква шолја ќе го послужите кафето, може многу да влијае на неговата арома и на самото уживање во кафето. Исто како и виното, вкусот на кафето се чувствува по неговата арома. Затоа најдобро е тоа да се служи во шолји со дебели ѕидови, кои ќе бидат доволни за да ја задржат топлината на кафето. Пример за тоа е еспресото, кое најчесто се служи во мали шолји со дебели ѕидови, кои имаат благ наклон. Дебелината на ѕидовите ја одржува вистинската температура на кафето, а самиот наклон овозможува подобро да се прошири аромата.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.