КАФЕ ПАУЗА

Tag: синуси

  • Лекарите советуваат: Ако ви е затнат носот, во никој случај немојте да го „дувате“!

    Лекарите советуваат: Ако ви е затнат носот, во никој случај немојте да го „дувате“!

    Затнатиот нос и притисокот во главата најчесто се резултат на инфекција која предизвикува отекување и стеснување на крвните садови во носот, па често „дувањето“ на носот само ги влошува нештата, создавајќи иритација и подуеност на ткивата.rnrnЛекарите советуваат: Ако ви е затнат носот, во никој случај немојте да го „дувате“!rnrnПовеќето антибиотици имаат многу мал ефект врз намалувањето на симптомите на воспаление на синусите, што е особено често заболување во есен и зима, покажа неодамнешната студија на Американското здружение на лекари.rnrnПрвата работа што треба да ја направите е да ги идентификувате причините за вашите проблеми со синусите. Причината може да биде воспаление предизвикано од бактерии или вируси, но и алергии.rnrnЗа разлика од вирусно воспаление или алергиите, бактериите предизвикуваат треска, па доколку не преземете нешто за да ја оптимизирате состојбата, таа може да прерасне во хронично воспаление на синусите. Затнатиот нос и притисокот во главата најчесто се резултат на инфекција која предизвикува отекување и стеснување на крвните садови во носот, а не се настанати поради слузта од синусите, објаснува британскиот отоларинголог д-р Ајах Ал Ајуби.rnrnНе само што „дувањето“ на носот не помага за отворање на дишните патишта, туку бројни студии докажале дека принудното дување може да предизвика ширење на инфекцијата. Доколку мора да го „издувате“ носот најдобро е да го сторите тоа нежно низ една, па потоа низ другата ноздра – советува д-р Ајоби.rn

    Навлажнете го воздухот

    rnНајчеста причина за отежната назална конгестија и отежнатото дишење низ носот е бидејќи ноќе воздух е посув во загреаните простории, а тоа ги оштетува мукозните мембрани на носот. Лесно решение е да поставите навлажнувач на воздухот.rnrnАко преферирате природни решенија, поставете влажни крпи или садови со вода на радијаторите, па тоа исто така, ќе ви помогне за одржување на влажноста во просторијата.rnrnШто е можно почесто, проветрувајте ја просторијата во која спиете, намалете го греењето или сопрете го преку ноќ и тоа ќе ви го олесни спиењето и дишењето преку носот.rn

    Лутата храна е брзо решение

    rnЛутите пиперки, лутата чорба или супата со вкус на пиперки се брзо решение за отворање на дишните патишта, особено ако јадете луто. Хемиското соединение капсаицин во лутата храна ќе ви го одзатне носот, па најдобро е да јадете ваква храна навечер, бидејќи тогаш се појавуваат проблемите.rnrnМоже да ви помогне и кромидот кој треба да го исечкате и помирисате, па тој покрај солзите, ќе предизвика и одзатнување на носот.rnrnСлично дејство има и црниот ким, чие семе треба да се сомели и да се завитка во газа, а ќе има сличен ефект. Ставете ја газата блиску до ноздрите и земете длабок здив, но внимавајте, затоа што тоа ќе предизвика и мало пецкање покрај одзатнувањето на носот.rn

    Инхалации

    rnВдишувањето на пареата на водата е одличен помошник во олеснување на напнатоста во синусите и прочистување на дишните патишта. Покрај тоа, пареата ќе ја навлажни иритираната слузница, предизвикувајќи одзатнување.rnrnЕдноставен рецепт за раствор за инхалација е да растворите 10 грама сол во 100 милилитри зовриена вода, а овој рецепт е безбеден и за астматичари.rnrnВториот вид раствор се подготвува со ставање половина главица лук, две капки есенцијално масло од чајно дрво и 3 капки есенцијално масло од еукалиптус во четири децилитри врела вода. Можете исто така да додадете две до три капки мајчина душица, рузмарин и масло од лаванда во водената пареа.rn

    Плакнење на носот

    rnЗа да го подготвите растворот за плакнење, потребна ви е дестилирана вода, кујнска сол, сода бикарбона и пумпа за нос или пластична инјекција, што можете да ја купите во аптеките. Измешајте половина лажичка сол со две чаши млака вода и прстофат сода бикарбона.rnrnСтавете го растворот во инјекција и исплакнете го носот над мијалникот. Додека го правите ова, дишете со устата. Ако користите пумпа, постапката е иста, а потоа нежно избришете го носот по плакнењето.rn

    Подигнувањето на главата може да ви помогне

    rnАко сè уште ги чувствувате симптомите на затнат нос ноќе, обидете се да ставите повеќе перници под главата. Ако главата е поткрената во однос на срцето, носните синуси се со помала веројатност да се затнат и слузта полесно истекува.rn

    Она што не треба да го правите:

    rn

      rn 011

    • Избегнувајте шмркање и повлекување на слуз назад во носот;
    • rn 011

    • Избегнувајте алкохол и цигари бидејќи тие само ќе го влошат проблемот;
    • rn 011

    • Немојте силено да го „дувате“ носот бидејќи ова ќе предизвика уште поголемо затнување;
    • rn 011

    • Не го притискајте челото силно ако имате затнат нос бидејќи ова само уште повеќе ќе ги стимулира синусите;
    • rn 011

    • Не пијте антивоспалителни лекарства освен ако имате и други симптоми покрај течењето на носот;
    • rn 011

    • Немојте постојано да користите капки за нос.
    • rn

    rnМожеби сакате да прочитате и дека треба да го внесете овој зачин во исхраната и да гледате како здравјето ви се подобрува, а килограмите заминуваат.

  • Зошто не смеете да го игнорирате воспалението на синусите?

    Зошто не смеете да го игнорирате воспалението на синусите?

    Дали постојано имате главоболки, не можете да дишете низ носот, а немате никакви симптоми на грип или настинка? Најчестата причина за овие симптоми е синуситисот, заболување за кое не сметаме дека е сериозно и мислиме дека ќе помине самото од себе. Но, ова не е точно.rnrnЗошто не смеете да го игнорирате воспалението на синусите?rnrnДоколку не ја излечите правилно, оваа состојба може да стане проблематична, особено ако главоболката ви пречи во секојдневниот живот.rnrnАкутниот синуситис најчесто е предизвикан од настинка, додека останатите се предизвикани од бактерии, алергии и габични инфекции. Овој проблем можете да го препознаете по тешкотиите во дишењето, отоците на лицето и околу очите, а може да се јави и главоболка.rnrnНосот што тече, во комбинација со чувството на притисок може да биде знак за синуситис, односно болест предизвикана од воспалени и отечени синуси. Болката во главата се зголемува доколку личноста се наведне напред, а доколку трае подолго од 3 дена и имате висока температура, најдобро е да одите на лекар.rnrnАко ова воспаление не се излекува како што треба, постои опасност да се повтори. Ако се појавува повеќе од 4 пати годишно и трае околу 3 месеци, синуситисот се дефинира како хроничен. Првите симптоми на синуситис се затнати носни канали. Во влажниот носен канал во кој нема доволно воздух многу лесно се развиваат бактериите кои се носители на оваа болест.rnrnБолеста може да биде предизвикана и од инфекција, но и од израстоци во носот или неправилен облик на носната шуплина. Потребно е внимателно да ја надгледувате вашата состојба и правилно да се лекувате според советите на вашиот лекар. Главоболките и отежнатото дишење нема да ви го направат денот полесен.rnrnПогледнете и како да се ослободите од проблемите со носот и синусите.

  • Имате проблеми со носот и синусите? Погледнете ги овие 8 начини како повторно да дишете слободно!

    Имате проблеми со носот и синусите? Погледнете ги овие 8 начини како повторно да дишете слободно!

    Затнатите синуси и нос се многу непријатни, а многу грешат кога веруваат дека тоа е последица исклучиво од насобраната слуз. Вистинските причини понекогаш се настинка, грип, алергии или инфекции. Со овие 8 трикови ќе дишете повторно без престан, неудобност и нервирање.rnrn1-zatnat-nos-i-sinusi-8-nachini-povtorno-da-dishete-slobodno-www.kafepauza.mk_rn

    1. Користете навлажнувач на воздух

    rnДишењето во влажно окружување помага при ублажување на надразнетото ткиво и натечените вени во носот и синусите и го олеснува дувањето на насобраната слуз, бидејќи ја омекнува. Навлажнувачот на воздухот ја претвора водата во влага која се шири во просторијата и со дишењето минува низ носот и синусите.rn

    2. Правете инхалација со чај од камилица

    rnВо врела вода ставете камилица, па ставете ја главата над садот, прекријте ја со крпа и вдишувајте низ носот, а издишувајте низ уста. Ќе ви помогне и ако на радијаторот во спалната соба ставите сад со врела вода во кој има камилица. Топлината на радијаторот ќе го поттикне испарувањето и вие ќе вдишувате лековита пареа додека спиете. Камилицата делува против воспаленијата и е одлична идеја кога имате воспалени синуси.rn

    3. Истуширајте се со жешка вода

    rnСлично како првата точка, туширањето со жешка вода може навистина да ви помогне. Односно, кај туширањето се создава пареа која со дишењето влегува низ носот, ја омекнува насобраната слуз која потоа полесно излегува и дава олеснување. Исто така, пареата ќе го намали воспалението во синусите. Наместо туширање, ќе помогне и миење садови над мијалникот со врела вода. Важно е да вдишувате пареа.rnrn2-zatnat-nos-i-sinusi-8-nachini-povtorno-da-dishete-slobodno-www.kafepauza.mk_rn

    4. Пијте доволно течности

    rnНајидеална е водата, но добри се и чајот, супата, разните природни сокови и слично. Важно е телото да добива доволно течности, бидејќи тоа помага при намалувањето на насобраната слуз. Од друга страна пак, на тој начин се намалува и притисокот во синусите, а тоа води и кон намалување на воспалението.rn

    5. Користете физиолошки раствор

    rnОвој раствор може да се купи во аптеките, во облик на спреј, а помага при зголемување на влажноста во носот и синусите. Тоа, исто така, помага за истекување на насобраната слуз и го намалува притисокот како и воспалението на синусите. Сепак, експертите советуваат пред користење да се посоветувате со доктор, особено доколку земате некои лекови.rn

    6. Мијте ги синусите редовно

    rnТоа се прави со посебен пластичен сад дизајниран на тој начин што успешно ја влева водата во ноздрата која така минува низ синусите и излегува од другата ноздра. Се продаваат во аптеките, а се препорачува користење на дестилирана или стерилна вода. Постапката прво се прави низ едната ноздра, а потоа низ другата. Тоа помага да ги исчистите синусите од густите наслаги.rnrn3-zatnat-nos-i-sinusi-8-nachini-povtorno-da-dishete-slobodno-www.kafepauza.mk_rn

    7. Обидете се со рефлексологија

    rnОдредени точки на дланките, стапалата и ушите се задолжени за олеснување во одреден дел од телото, а нивната стимулација ја враќа рамнотежата. Кај воспалението на синусите може да помогне и масирањето на врвот на палецот на рацете со врвовите на останатите прсти.rn

    8. Ставете топла облога

    rnПешкирот намокрете го во топла вода, исцедете го и ставете го на лицето. Топлината ќе помогне да се отворат канали во носот и синусите кои предизвикуваат притисок и болка. Повторувајте колку што е потребно. Исто така, ако приготвувате чај од камилица, топлите кесички ставете ги на лицето, во пределот на синусите и држете ги додека не се оладат.rnrnМногу луѓе имаат проблеми со синусите, а ова се природни препарати за нивно лекување.

  • Изборете се со синусната инфекција за само 20 минути со помош на оваа домашна состојка!

    Изборете се со синусната инфекција за само 20 минути со помош на оваа домашна состојка!

    Синусната инфекција е отекување или воспаление на ткивото кое ги обложува синусите. Тоа се случува кога тие се исполнети со течности и бактерии наместо со воздух.rnrn1-ubiete-ja-sinusnata-infekcija-za-samo-20-minuti-so-ovaa-domashna-sostojka-www.kafepauza.mk_rn

    Вообичаени симптоми на воспаление на синусите се:

    rn

      rn011

    • Главоболки
    • rn011

    • Полн нос
    • rn011

    • Губење на сетилото за мирис
    • rn011

    • Кашлица или гушење
    • rn011

    • Замор
    • rn011

    • Задишување
    • rn011

    • Грозница
    • rn

    rnВо продолжените на текстот ќе ви откриеме едноставен лек кој ќе ви помогне ефикасно да ја излечите оваа инфекција. Главната состојка на овој лек е јаболков оцет, кој е полн со витамини, минерали, антиоксиданси и влакна. Јаболковиот оцет ќе ви помогне да го зајакнете имунолошкиот систем и да го подобрите вашето целокупно здравје.rnrn2-ubiete-ja-sinusnata-infekcija-za-samo-20-minuti-so-ovaa-domashna-sostojka-www.kafepauza.mk_rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 120 милилитри чиста вода за пиење
    • rn011

    • 60 милилитри јаболков оцет
    • rn011

    • 1 лажичка сиров мед
    • rn011

    • 1 лажичка црвен пипер
    • rn011

    • 1 цеден лимон
    • rn

    rn

    Подготовка:

    rnВарете ја водата, а потоа ставете ја во шолја. Додајте го јаболковиот оцет во шолјата и измешајте, а пота оставете да се излади на собна температура. Откако ќе се излади, додајте го медот и црвениот пипер и повторно измешајте. На крај, додајте го лимоновиот сок и повторно измешајте.rnrnЗа најдобри резултати, испијте го ова решение на празен желудник, пред појадокот и доцна навечер, пред одење во кревет.

  • Природни препарати за лечење на синусите

    Природни препарати за лечење на синусите

    Многу луѓе имаат проблеми со синусите, особено во овој период од годината. За настанување на оваа состојба можат да бидат виновни бактерии, вируси, габички, алергии и некои автоимуни заболувања. За среќа, во природата постојат многу билки и плодови кои можат да ви помогнат да го намалите воспалението и кои истовремено го намалуваат ризикот од повторно појавување на овие состојби.rnrnПриродни препарати за лечење на синуситеrn

    Портокали

    rnОва овошје е одличен извор на витамин Ц, кој ја намалува затнатоста на носот и помага при чистењето на синусите. Исто така, истражувањата покажале дека секојдневното консумирање на портокал може значително да го намали ризикот од воспаление на синусите.rn

    Лук

    rnЛукот има одлични антибактериски својства, поради што прилично го намалува воспалението на синусите предизвикано од бактериска или габична инфекција. Алицинот, состојката која на лукот му го дава препознатливиот мирис, има својства на антибиотик, поради што е многу делотворен во лечењето на овие непријатни болести.rn

    Коприва

    rnКопривата исто така ги ублажува симптомите на воспаление на синусите, вклучувајќи ја и надразнетоста на очите и чешањето во носот. Оваа билка, доколку се консумира во форма на чај или капки, ќе ја поттикне работата на имунолошкиот систем, заради што организмот многу подобро ќе се бори против овој вид инфекции. Покрај тоа, копривата го поттикнува ослободувањето на слузот од синусите, кој е главен виновник за неподносливата болка.

  • Најчестите причини за нашите главоболки

    Најчестите причини за нашите главоболки

    Доколку сте дел од оние кои никогаш немале главоболка во својот живот, не мора да читате ништо понатаму. Но, останатите многу добро знаат дека главоболките можат многу често да бидат голем проблем во секојдневното нормално функционирање. Секако, постојат лекови кои понекогаш можат да помогнат, но најдобрата стратегија е да се обидете да ја спречите нивната појава.Најчестите причини за нашите главоболкиДехидрација – Ова е најчестата причина за појава на главоболка. Вашето тело содржи повеќе од 60% вода и поради тоа му се потребни големи количини на вода за да може да го одржува тој процент. За избегнување на главоболките од овој вид, возрасните би требало да пијат од 8 до 10 чаши дневно. Имајте на ум дека не сите течности помагаат – кафето и газираните пијалаци имаат дехидрирачки ефект.

    rnЛекови против болка – Иронично, но вистинито. Половина од хроничните мигрени (25% од сите главоболки), настануваат како „повратен удар“ предизвикан од преголема употреба на овие лекови.rnrnКофеин – И покрај тоа што кофеинот често помага при главоболките; преголемата употреба на нешто добро во овој случај може да доведе до спротивен ефект. Исто така постои и опасност од ефектот на откажување. Доколку одеднаш прекинете да пиете кафе, ќе имате главоболки сè додека вашето тело не се навикне на недобивање дневна доза.rnrnСтрес – Главоболките проследени со тензија во главата, настануваат од физички или емотивен стрес. Причина за еден од најчестите видови на физички стрес е долгото непрекинато седење пред компјутер. За избегнување на овој вид главоболка, обидете се на секој пола саат да станувате, да се истегнувате убаво и да гледате малку во далечина. Емотивниот стрес не е толку лесен за елиминирање.rnrnСинуси – Суви или блокирани синуси можат да предизвикуваат чести главоболки. Тие се проследени со длабока и константна болка во делот кај образите, челото и околу носот. Болката се зголемува доколку направите нагло движење со главата. За намалување на овие главоболки зовријте вода во тенџере, застанете над него и неколку минути вдишувајте ја пареата. Покријте се со ќебе или чаршав за да го ограничите движењето на пареата. Доколку секојдневно ја применувате оваа „терапија“, за кратко време ќе забележите позитивни резултати.Најчестите причини за нашите главоболкиНизок шеќер во крвта – Овој дисбаланс може многу брзо и лесно да се поправи со внесување на протеини преку исхраната.rnrnОдредена храна – Кикириките, чоколадото и црвеното вино содржат амино асид тирамин кој често предизвикува главоболки. Исто така избегнувајте ја и храната што содржи нитрати како што се саламата, хот догот или колбасите. Млечните и житните производи во ретки ситуации исто така можат да бидат причина за појава на главоболки.rnrnПромена на време или на надморска височина – Промените во времето како наглото опаѓање на барометарскиот притисок често предизвикуваат главоболка. Дури и посетата на град кој е на поинаква надморска височина од оној во кој дотогаш сте биле може да го има истиот ефект.rnrnХормони – Естрогенот и прогестеронот влијаат на хемикалиите во мозокот кои се поврзани со главоболките. Високото ниво на естроген може да помогне при главоболки, но пониското ниво има сосема спротивен ефект.rnrnИзложеност на пушење „од втора рака“ – Чадот од цигарите предизвикува мигрени. Пробајте да ги избегнувате просториите во кои се пуши. Доколку немате таква можност, секогаш имајте ментол бонбони при рака, тие барем на момент ќе го неутрализираат влијанието од чадот.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 домашни лекови за спречување настинка

    6 домашни лекови за спречување настинка

    Во есен се појавуваат епидемии на грип и разни инфекции на респираторните органи. За здравите луѓе тие претставуваат само непријатност, но за постарите луѓе и за хронично болните можат да бидат сериозен проблем. Токму поради тоа, подобро е превентивно да се делува и да се стори сè за да се пресретне болеста.rnrnЗа да може полесно да се изборите со кивавица, кашлање, болка во грлото и зголемена температура, би требало да јадете кисела зелка и лук, а домашната аптека да ја збогатите со ајдучка трева, ким, липа, шипка, мед, пиво…rnrn6 домашни лекови за спречување настинкаrn

    Мешавина за имунитет

    rnПомешајте по 20 грама бозел, тегавец, мајчина душица и маточина, додајте половина литар врела вода, промешајте, поклопете и оставете да стои 15 минути. Потоа процедете ја течноста и во неа додајте лимон и мед. Оваа мешавина од билки, го подобрува имунитетот и затоа е добро да се пие превентивно.rn

    Ким против кашлица

    rnВо чаша млака вода ставете една лажичка масло од ким и со тоа неколку пати на ден плакнете го грлото. На тој начин ќе направите дезинфекција на грлото, а ќе го намалите и надразнувањето што го предизвикува кашлањето. Доколку кашлате ноќе, земете половина литар темно пиво, ставете го да поврие на рингла и оставете да се излади. Потоа во него додадете четири лажички мед и пијте го преку ден по мали голтки.rn

    Смрека за болки

    rnТри лажички свежи иглички од смрека (зимзелено дрво) прелијте ги со половина чаша чист алкохол и во добро затворен сад оставете да стои десет дена, а потоа процедете и додајте два дела вода. Овој лек треба да се чува во стерилен и добро затворен сад. Ако имате проблеми со искашлување, истријте ги градите со оваа тинктура. Исто така се користи и за масажа на затегнати и болни мускули.rnrn6 домашни лекови за спречување настинкаrn

    Шипка против вируси

    rnПоловина килограм шипки, добро измиени се сечат на половина и се оставаат да стојат цела ноќ во три децилитри сок од јаболка. Потоа се ставаат да  зовријат. Смесата се процедува и се засладува со мед. Сирупот се чува во стерилни тегли во фрижидер. Се зема по една лажица на ден.rn

    Липа за снижување висока температура

    rnДве лажички сув цвет од липа се прелива со една шолја врела вода и се остава да стои десет минути, па се процедува. Овој чај го забрзува потењето, особено ако  испиете две шолји, а потоа се завиткате во ќебе.rn

    Слез за чистење синуси

    rnСитно исечкајте 100 грама корен од слез, додајте две литри вода, варете десетина минути и правете инхалации еднаш на ден.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.