КАФЕ ПАУЗА

Tag: синдром

  • Откријте дали имате синдром на мрзливи црева

    Откријте дали имате синдром на мрзливи црева

    Дали мислите дека имате синдром на мрзлижи црева? Кога ќе ги испразниме цревата помалку од три пати неделно, се смета дека имаме синдром на мрзливи црева. Лошото варење, недостатокот на физичка активност и стресот доведуваат до овој синдром. За среќа, оваа непријатна состојба може да се надмине со воведување на одредена храна во менито. Еве неколку намирници кои можат да ги стимулираат цревата и да го забрзаат метаболизмот.rnrnОткријте дали имате синдром на мрзливи цреваrn

    Чиа семиња

    rnПрви на списокот е чиа семињата, бидејќи се богати со омега 3 масни киселини, антиоксиданти, влакна, магнезиум, цинк, железо и калциум, па затоа се погодни за зајакнување на имунитетот и регулирање на варењето на храната.rn

    Авокадо

    rnБогато е со незаситени масни киселини кои го стимулираат метаболизмот. Покрај тоа, авокадото содржи бета-каротен, кој во организмот се претвора во витамин А, потребен за здрави мукозни мембрани во дигестивниот тракт.rn

    Лимон

    rnЛимонот содржи витамин Ц, но и пектин, кој има корисен ефект врз цревата. Најдобро би било да пиете чаша топла вода со лимон секое утро.rn

    Кефир

    rnКефирот е богат со млечни киселини кои се здрави за нашата цревна флора, па ги елиминираат причините за појава на болести.rn

    Јаболки

    rnПокрај тоа што содржат здрави влакна, тие се полни со пектин и други ензими кои го стимулираат варењето на храната.rn

    Овесна каша

    rnПоради големиот состав на растворливи и нерастворливи влакна, тие се одлични за цревата.rn

    Суво овошје

    rnОдамна е познато дека сувото овошје има големо влијание на варењето, особено на сливите.rnrnПрочитајте зошто треба да го започнете денот со какао?

  • „Прегорување“ од работа: Ова се синдромите на „burnout“ синдромот

    „Прегорување“ од работа: Ова се синдромите на „burnout“ синдромот

    Се повеќе луѓе се жалат на замор, исцрпеност, фрустрација и незадоволство од работата. Кога ќе го слушнеме ова, прво помислуваме на зголемената исцрпеност, поточно на синдромот „burn out“ на работното место. Дознајте што велат психолозите за овој синдром.rnrn„Прегорување“ од работа: Ова се синдромите на „burnout“ синдромотrn

    Хроничен стрес

    rnСиндромот „прегорување“, односно состојба на хроничен стрес, е физичко, емоционално и ментално исцрпување, како и чувство на неефикасност и недостаток на успеси. Треба да се има предвид дека исцрпувањето не го предизвикуваат само лошите услови на работа, бидејќи во таква ситуација можеме да се најдеме ако ја сакаме нашата работа. Луѓето со изразен мотив за успех во компаниите каде се блокира нивната иницијатива, каде има високи нивоа на стрес и фрустрација, честопати стануваат подложни на „прегорување“. Причината лежи во превисоките барања од себе и во обидот да ги постигнат своите организациски цели што е можно поефикасно. На овој синдром се особено изложени амбициозните луѓе, кои често заради нивниот став дека можат да сторат сè, не забележуваат дека полека „согоруваат“. Тие работат многу долго, преземаат премногу тешки задачи и создаваат голем притисок врз самите себе за да го направат тоа. На крајот, тие веќе не можат да функционираат ефикасно на лично или професионално ниво. Сепак, тоа не се случува одеднаш. Нашето тело и ум ни испраќаат предупредувања, па затоа е многу важно да ги препознаете сите симптоми на синдромот на „прегорување“.rn

    Четири фази:

    rn1. Првата фаза вклучува физичка, ментална и емоционална исцрпеност, што може да се препознае од фактот дека при враќањето од работа се чувствуваме толку уморни што ни се чини дека не сме во состојба да функционираме.rnrn2. Следната фаза е срам и сомнеж, што се рефлектира во прашањето за нечии компетенции и способности за извршување на работата и се рефлектира во фактот дека лицето се грижи дали колегите ќе почнат да забележуваат дека не се во можност да ги извршуваат задачите. Постои чувство на губење на контролата над животот, како и страв, несигурност и беспомошност.rnrn3. Третата фаза е цинизам и неосетливост. Лицето се обидува да изгради ѕид околу себе за да се заштити од чувство на ранливост и несигурност. Тоа прибегнува кон стратегијата „Јас сум многу силен/силна и ништо не ме допира“, што предизвикува тоа да биде одбивно, така што луѓето го избегнуваат ова лице. Оваа фаза има краткорочни ефекти, но задачите кои му се поставени – по некое време – исто така, стануваат товар за него. Во оваа фаза може да се појават кардиоваскуларни проблеми.rnrn4. Во последната, фаза на неуспех, беспомошност и криза, организмот се откажува психолошки и физички, одбраната слабее, а се чувствува презаситеност и страв, беспомошност и тага. Тогаш тоа е дезориентирано, не знае што да прави и како да се справи со чувствата што се појавуваат. Оваа фаза е потенцијална опасност, но и можност за надминување на кризата.rn

    Систем за превенција

    rnЗа жал, не постои универзален рецепт за превенција од синдромот на „прегорување“ а ова се некои од начините што може да помогнат:rnrn- Управување со времето, затоа што ако не го планирате ќе се соочите со прекумерна работа, неисполнување на планот и со тоа „губење време“ на работи што можевте да ги направите поефикасно.rnrn- Управување со вашите емоции и создавање на слика за себе како вредно човечко суштество, независно од сработеното.rnrn- Поставување цели и дефинирање на вредносен систем во животот, што ќе ви овозможи да имате точна идеја за тоа што е важно за вас и што сакате да постигнете.rn

    Систем за надминување на синдромот

    rnНачини за надминување вклучуваат наоѓање професионалец што ќе ви помогне:rn

      rn 011

    • соочување со негирањето и давањето лажни надежи кои прават да се чувствувате беспомошно,
    • rn 011

    • справување со чувство на вина, вознемиреност, лутина и самоповредување и
    • rn 011

    • усвојување на нови механизми и вештини за надминување на проблемите, како и спречување на нови.
    • rn

    rn

    Важни совети:

    rn- Одморете се кога чувствувате дека е време за тоа;rnrn- Научете да кажете „не“ и асертивно да изразувате желби, мислења, уверувања и чувства;rnrn- Научете да подредувате приоритети и да се справувате со задачите што се итни и важни;rnrn- Практикувајте физичка активност најмалку трипати неделно;rnrn- Најдете време за себе и правете нешто што ве исполнува;rnrn- Опкружете се со луѓе со кои се чувствувате безбедно и кои се вашиот систем за поддршка;rnrn- Научете да ги препознавате симптомите за да можете навремено да реагирате на нив и да спречите „прегорување“.rnrnМожеби сакате да прочитате и дека зад овие фрази што ви ги кажуваат колегите на работа се крие пасивна агресија.

  • 6 хороскопски знаци кои се однесуваат мајчински кон нивните партнери

    6 хороскопски знаци кои се однесуваат мајчински кон нивните партнери

    Мајките понекогаш знаат да заморуваат со своите прашања. Но, некои од нас навистина сакаат да бидат заморувани. „Мајчинскиот синдром“ во врската создава слики за некакво стереотипно однесување на досадна жена која му вика на својот кутар партнер и го гледа „под око“. Иако во мајчинството има и елементи на контрола и репресија, тоа е исполнето и со многу љубов, но и несогласувања, без обѕир на сè.rnrn6 хороскопски знаци кои се однесуваат мајчински кон нивните партнериrnrnКои хороскопски знаци имаат тенденција мајчински да се однесуваат кон своите партнери?rnrnПа, не треба да бидете мајка, па дури ниту жена за да се однесувате мајчински. Всушност, мајчинскиот синдром кон партнерот е прилично чест. Овие личности секогаш го имаат последниот збор, „најдобриот“ совет и „навистина ве познаваат“. Таа, исто така, има тенденција да ви вика и да ви кажува што да правите.rnrnНо, партнерот не се однесува мајчински само поради желбата за контрола. Колку и тоа иронично да звучи, станува збор за љубов и тој ви го посакува само најдоброто.rnrnПрочитајте во продолжение кои хороскопски знаци го имаат овој „синдром“.rn

    1. Скорпија

    rnИ покрај тоа што сте ужасна „мајка“, во врската секогаш имате тенденција да бидете мајчински настроени. Проблемот е во тоа што го наметнувате само она што вие го сакате, или она што мислите дека е правилно. Вие не оставате простор за второ мислење на некој друг и ја погазувате секоја иницијатива на партнерот да направи нешто поинаку од вас.rnrnЧесто се однесувате како полицаец и заборавате да се препуштите на љубовта, иако верувате дека тоа што го правите е само за доброто на партнерот. Но, вистината е дека на тој начин само го предизвикувате партнерот побрзо да ве напушти.rn

    2. Девица

    rnИ покрај тоа што постојат многу малку нешта што може да ги контролирате на овој свет, кога конечно ќе пронајдете партнер, веднаш го „вклучувате“ режимот „мајка“ во вас. Веднаш мислите дека го „поседувате“ вашиот другар. Но, тој не е само што е ваш партнер туку е и ваш сакан, а тоа значи дека не треба да го контролирате и да го терате сè да прави по ваше.rnrnУживате во безбедноста на прегратките на партнерот, вие сте првата/првиот што би стапил/а во брак, би се потпишал/а и би ја запечатил/а својата љубов. Но, откако ќе добиете сè „црно на бело“, вие почнувате да шефувате. Сакате да го задржите вашиот партнер за цел живот, затоа се грижите тој секогаш да биде дотеран, нахранет и да ве слуша.rn

    3. Рак

    rnВие сте природно мајчински настроени кон луѓето во вашиот живот, особено кон партнерот. Сметате дека вашиот партнер е донекаде ваша одговорност, па затоа мора да бидете сигурни дека тој правилно постапува и не ви се спротивставува.rnrnИмате тенденција да се однесувате како мајка кон партнерот затоа што верувате дека тоа ја зголемува вашата вредност, ве прави поважни и затоа таквото однесување ви е неопходно. Вие толку го „размазувате“ партнерот, па тој станува зависен од вас до крајот на животот.rn

    4. Лав

    rnМајчинскиот инстинкт е карактеристика на огнените знаци. Вие искрите во пламенот на доминацијата и кога ќе се најдете во сериозна врска, мислите дека сте на врвот од хиерархија над партнерот и вашите деца. Понекогаш сте „подла мајка“ на вашиот партнер, главно затоа што имате потреба да го контролирате.rnrnДа, вие се обожувате себеси и не ви паѓа памет дека партнерот би бил посреќен доколку ги прави работите на свој начин, па му изигрувате мајка која му ги наметнува сопствените ставови. Сакате да бидете горди на него, затоа не го оставате да одлучува сам и убедени сте дека „правилниот начин” е само „вашиот начин“.rn

    5. Овен

    rnВие не можете да ја изразите вашата тврдоглавост поинаку од тоа да му „солите памет“ на вашиот партнер.  Можеби ќе се претворите во „труба“ кои постојано нешто „труби“, но тоа го правите заради љубов и искрено сакате од партнерот да го извлечете само најдоброто.rnrnВие не се перципирате себеси како вознемирувачки или навредливи, а тоа е дефинитивно така. За себе имате мислење дека сте мудри, корисни и поддржувачки настоени, а и тоа е вистина.rn

    6. Стрелец

    rnСакате да му бидете како мајка на партнерот и доколку ви се даде шанса, вие би биле мајка и на секој што поминува покрај вас. Располагате со бесконечно количество совети и мислења кои секогаш сте подготвени да ги споделите.rnrnДобрата страна на вашето „мајчинство“ е тоа што сте прилично смешни во таа улога, а хуморот е многу важна работа за секој Стрелец, но понекогаш претерувате и ги оттурнувате луѓето од себе поради вашата прекумерна „грижа“. Она што всушност се случува е што вие несвесно ги инспирирате другите и тие мајчински да се постават кон вас, а тоа може да стане прилично смешно бидејќи вашата зависност тогаш стапнува на пиедестал.rnrnМожеби сакате да дознаете и кои три хороскопски знаци се најдобри татковци.

  • Што е синдромот „мртов задник“ и зошто мора да смените нешто ако премногу седите?

    Што е синдромот „мртов задник“ и зошто мора да смените нешто ако премногу седите?

    Колкумина од вас досега чуле за синдромот „мртов задник“? И ние сега го дознавме овој израз и мора да признаеме дека малку се исплашивме. Тоа што ни е веќе на сите познато е дека долгото седење, како на работа, така и во домот, може негативно да влијае на нашето здравје. Но, тоа што можеби не сте знаеле е дека од оваа активност може да се случи да ја изгубите функцијата на одредени мускули во задникот.rnrnrnrnИмено, поминувањето премногу време во седење може да создаде таканаречена „глутеална амнезија“ позната и како синдромот „мртов задник“. Синдромот се развива кога еден од мускулите на задникот познат како глутеус медиус не е доволно стимулиран со движење и со текот на време ја губи својата функција. Ако ова не ви е доволна мотивација да почнете со повеќе одење или вежбање, тогаш треба да знаете дека овој мускул е одговорен и за убаво обликуваниот и затегнат задник.rnrnПоследиците од овој синдром, покрај виснатиот задник, се болки во лумбалниот дел на половината, колковите, колената, па дури и во глуждовите. Ако сакате да проверите дали сте почнале да го развивате овој синдром, направете го Тренделенбурговиот тест. Сè што треба да направите е да ја подигнете едната нога во воздух. Ако карлицата ви „западне“ во делот каде што ногата е подигната, треба да почнете да се грижите. Тоа значи дека глутеусот во тој дел од телото ви е слаб.rnrnКлекнувања, вежби за глутеус, прошетка и трчање се само дел од начините да го подигнете својот задник и да го спречите омилениот дел од вашето тело да стане нефункционален. Не дозволувајте да стигне до оваа штета и потоа да биде предоцна да ја поправите!rnrnДознајте и како предолгото седење може да го влоши памтењето.

  • Синдром на хроничен умор – необјаснива појава при која ни одмор не помага

    Синдром на хроничен умор – необјаснива појава при која ни одмор не помага

    Синдромот на хроничен умор може да се дефинира како долготрајна и тешка изнемоштеност, која предизвикува пречки во моторните функции дури и кога не постои мускулна слабост. За оваа појава малку се знае, а точна причина не може да биде прецизирана, бидејќи влијаат различни фактори. Хроничниот умор уште е познат и како: поствирален синдром на умор, бениген мијалгички енцефаломиелитис, мијалгички енцефаломиелитис и синдром на хроничен умор со имунолошка дисфункција.rnrnСиндром на хроничен умор - необјаснива појава при која ни одмор не помагаrnrnСимптомите можат да бидат најразлични, вклучувајќи и болки во мускулите и зглобовите, нарушувања на когнитивните функции, но и тешка ментална и физичка исцрпеност. Дијагнозата се поставува врз основа на симптомите, од кои најчести се токму менталната и физичката исцрпеност, во случај кога трае најмалку шест месеци. Најпрво треба да се исклучат сите можни медицински состојби што предизвикуваат различни форми на замор, за да може да се дојде до конечна дијагноза. Ова нарушување може да биде проследено и со ортостатска нетолеранција (нарушување на автономниот нервен систем кој нè држи исправени кога стоиме), проблеми со варењето, епизоди на депресија, намален имунитет и срцеви и респираторни проблеми. Некогаш и кога овие симптоми се предизвикани од други болести, заедно со болеста може да доведат до појава на хроничен умор.rn

    Како влијае хроничниот умор на секојдневниот живот?

    rnДосега медицината не дала точен начин за поставување на дијагнозата, ниту усвојување на определена терапија со која се третира хроничниот умор. Токму поради ова, до конечна дијагноза се доаѓа со исклучување на сите можни останати кои може да се испитаат со помош на медицинско-лабораториски методи. Во светот веќе постојат здруженија за поддршка и подигнување на свесноста околу синдромот на хроничен умор, а некои сметаат дека самата номенклатура е контрадикторна и тривијална.rnrnКога е во прашање лечењето, пристапот е различен, но најчесто се состои од подолг одмор, психолошка поддршка од стручно лице, а може да бидат вклучени и антидепресиви. Поради разликите меѓу пациентите, не може ни да се изведе точен статистички податок на стапката за појава на хроничниот умор, а интервалот е доста голем, од 7 до 38 на 100.000 луѓе.rnrnСиндром на хроничен умор - необјаснива појава при која ни одмор не помагаrn

    Симптоми на кои треба да се обрне внимание

    rnЦентарот за контрола на болести и заштита во Америка издвојува неколку симптоми кои може да укажат дека лицето страда од синдром на хроничен умор:rn

      rn 011

    • Периоди на необјаснив телесен замор, кога состојбата не се подобрува со одмарање, без оглед на активноста
    • rn 011

    • Намалена способност за памтење и концентрација
    • rn 011

    • Општа изнемоштеност и при најмал напор
    • rn 011

    • Сон кој ниту одмара, ниту освежува
    • rn 011

    • Болка во мускулите
    • rn 011

    • Болка во зглобовите
    • rn 011

    • Главоболки со различен интензитет
    • rn 011

    • Чести воспаленија на грлото
    • rn 011

    • Пречувствителни лимфни јазли
    • rn

    rnОвие симптоми може да бидат слични на оние на мононуклеоза, лупус, мултиплекс склероза, фибромиалгија, примарно нарушување на сонот, пречувствителност и тешка депресија. Затоа е потребно овие заболувања да бидат исклучени од дијагнозата, за да се констатира синдромот на хроничен умор. Понекогаш и некои лекови може да дадат несакани ефекти кои предизвикуваат слични симптоми како горенаведените.rnrnСиндром на хроничен умор - необјаснива појава при која ни одмор не помагаrn

    Стрес или вирус?

    rnИако точната причина сè уште не е откриена, постојат наводи дека овој синдром може да биде предизвикан од стрес, особено по долготраен напор, загуба, несреќа и насилство. Други наводи пак, кај дијагностицираните случаи нашле дека заедничко за голем процент е некое претходно потешко вирусно заболување, кое ако е долготрајно, може да резултира со стрес, кој подоцна ќе премине во анксиозност, депресија или хроничен умор. Статистичките податоци велат дека две третини од луѓето кои страдаат од хроничен умор, имаат и анксиозност и депресија, а исто толку анксиозно-депресивни лица страдаат од хроничен умор.rnrnЗатоа, доколку не можете да заспиете ноќе, ако се будите без причина, ако имате потешкотии со концентрацијата и сте изнемоштени по каква било активност, побарајте лекарска помош. Ако оваа состојба е долготрајна и нетипична за вас, потребно е соодветно да биде третирана и контролирана.rnrnДознајте и кои природни додатоци во исхраната може да помогнат при хроничен замор.

  • 8 нешта кои најверојатно не сте ги знаеле за синдромот на токсичен шок

    8 нешта кои најверојатно не сте ги знаеле за синдромот на токсичен шок

    Користењето тампони самото по себе е доволно комплицирано, тоа што е уште позастрашувачко е фактот што на самата кутија од тампоните пишува предупредување за токсичен шок. Проблемот е што повеќето жени не се свесни за ова потенцијално смртоносно нарушување. Доколку сакате да го заштитите вашето здравје, тогаш мора да ги знаете овие нешта за синдромот на токсичен шок.rn

    Што претставува синдром на токсичен шок?

    rn8 работи кои веројатно не сте ги знаеле за синдромот на токсичен шокrnrnТоксичен шок е ретка компликација предизвикана од одредени видови бактериски инфекции која е опасна по живот. Станува збор за насобирање на два вида бактерии кои го тераат телото да доживее токсичен шок.rn

    Кои бактерии играат улога во токсичниот шок?

    rn8 работи кои веројатно не сте ги знаеле за синдромот на токсичен шокrnrnБактериите кои се одговорни за голем број чести инфекции, како стафилококите и стрептококите, најчесто се поврзуваат и со оваа застрашувачка медицинска состојба.rn

    Дали тампоните се безбедни за употреба?

    rn8 работи кои веројатно не сте ги знаеле за синдромот на токсичен шокrnrnТоксичниот шок отсекогаш бил поврзуван со употребата на тампони. Но, откако компаниите го подобриле квалитетот на овие производи, тие се поретка причина за овој синдром. Тоа значи дека се доволно безбедни за користење, но ако забележите какви било симптоми поврзани со токсичниот шок, веднаш отстранете ги од вас и консултирајте се со лекар.rn

    Кои други производи можат да предизвикаат токсичен шок?

    rn8 работи кои веројатно не сте ги знаеле за синдромот на токсичен шокrnrnПокрај тампоните, токсичен шок можат да предизвикаат и продуктите како сунѓери, дијафрагми и менструални чашки. Токму затоа е многу важно да внимавате кога ги употребувате.rn

    Дали мажите се безбедни?

    rn8 работи кои веројатно не сте ги знаеле за синдромот на токсичен шокrnrnИако жените се најголемите жртви на токсичниот шок (вклучувајќи ги и оние во менопауза), мажите исто така треба да знаат да ги препознаваат симптомите. И не само мажите, туку сите родители треба да бидат доволно информирани и да внимаваат, бидејќи и децата можат да добијат токсичен шок. rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Која е разликата помеѓу немирното и хиперактивното дете?

    Која е разликата помеѓу немирното и хиперактивното дете?

    Вашето малечко не мирува ниту еден момент. Постојано скока и брза некаде, а вие и понатаму се надевате дека наскоро ќе се смири. Но, дали сте се запрашале дека можеби вашето дете не е само немирно, туку има некое психолошко нарушување? Ви ги откриваме разликите помеѓу немирното и хиперактивното дете.rnrn1-koja-e-razlikata-pomegju-nemirnoto-i-hiperaktivnoto-dete-www.kafepauza.mk_rnrnАко вашето дете постојано брза, започнува да ја извршува задачата пред да добие упатство, ги чепка сите можни предмети во својата близина, се лула на столот, трча наоколу и прави вишок движења без потреба, задолжително проверете дали е хиперактивно и дали има психолошко нарушување, познато како синдромот АДХД. На ова нарушување може да укаже и тоа доколку вашето малечко постојано ве прекинува додека зборувате, скока од тема во тема додека разговарате или ако лесно се откажува од целите и не го завршува она што го започнало.rn

    „Хиперактивноста кај децата е всушност претерана активност која не е соодветна за ситуацијата. Ова нарушување е доста сериозно и е познато како АДХД (ADHD) или како нарушување со дефицит на вниманието и хиперактивност. Малечките кои го имаат честопати сакаат да им командуваат на другите, иако заостануваат од своите врсници во емотивниот развој“, објаснува Сандра Јовановиќ, психолог, која веќе со години работи со хиперактивни деца.

    rn

    Весело не е исто како и хиперактивно

    rnРодителите честопати не го разликуваат немирното дете од детето со овој синдром, туку живеат со убедувањето дека тоа е само весело и дека ќе се смири со тек на време. Меѓутоа, суштината е дека ова нарушување не може да помине само од себе, туку бара стручна помош, одредено однесување на родителите и на другите личности од опкружувањето на детето.rn

    „Родителите главно ги донесуваат децата и ги карактеризираат како безобразни, невоспитани, мрзливи и неблагодарни, а на крајот излегува дека всушност имаат АДХД или пак АДД. Тоа е нарушување на вниманието, но без хиперактивноста и децата кои го имаат овој синдром се повлечени, летаргични и живеат во свој свет. Тие не прават проблеми како хиперактивните деца, па затоа нарушувањето кај нив се пронаоѓа со задоцнување, и тоа тогаш кога до израз ќе дојде нивниот неуспех во училиштето“, истакнува Јовановиќ.

    rnДецата со синдромот АДД имаат ниска самодоверба и главно добро им оди во областа на спортот, музиката и уметноста, бидејќи тогаш се фокусираат на она што го сакаат, а ја запоставуваат задолжителната лекција. Од друга страна пак, малечките со синдромот АДХД се во константно движење, имаат краток период на внимание и не можат на ништо да се фокусираат. Помеѓу хиперактивните деца многу повеќе се момчиња отколку девојчиња. Една од причините за тоа лежи во фактот дека татковците се помалку присутни во воспитувањето на децата, а токму тие се посталожени и склони за воведување дисциплина отколку мајката. Недостатокот на дисциплина е погоден терен за создавање хиперактивност.rnrn2-koja-e-razlikata-pomegju-nemirnoto-i-hiperaktivnoto-dete-www.kafepauza.mk_rn

    Како да ги препознаете синдромите АДД и АДХД

    rnСигурни знаци дека вашето дете има еден од овие два синдроми се:rn

      rn011

    • Селективно внимание и меморија – одлично се фокусира на она што му е интересно, додека има изразена лоша концентрација кога треба да ги извршува секојдневните, особено училишните обврски.
    • rn011

    • Расеаност – лесно го попречуваат какви било надворешни дразби што немаат никаква врска со задачата која моментално ја извршува.
    • rn011

    • Импулсивност – реагира без размислување.
    • rn011

    • Хиперактивност – само кај децата со синдромот АДХД.
    • rn

    rn

    Патот до дијагнозата не е тежок

    rn

    „Овие синдроми лесно се дијагностицираат. После разговорот со родителите детето поминува низ тестирање и тоа ни покажува дали има дефицит на вниманието или не. Овие нарушувања се лекуваат со различни методи, што ги учат децата како да го подобрат вниманието и способноста за контрола“, истакнува Јовановиќ.

    rnСовет за родителите чии деца имаат вакво нарушување е да ги откријат областите во кои нивното малечко е посебно, да го подржуваат во тие негови таленти и на тој начин да му помогнат да изгради позитивна слика за себе. Не треба да се срамите да побарате стручна помош, невролог и психолог, бидејќи е многу важно да се реагира на време, за да се избегнат сите последици кои може да се појават подоцна.

  • 22-годишна девојка со синдромот „Заспана убавица“ спие по неколку месеци без да се разбуди

    22-годишна девојка со синдромот „Заспана убавица“ спие по неколку месеци без да се разбуди

    На Бет Гудиер во 2011 година ѝ бил дијагностициран синдромот Клејн-Левин, откако таа заспала и не се разбудила „правилно“ неколку месеци. Од ова дијагностицирање, Гудиер која има 22 години, ги поминала изминатите пет години живеејќи со нејзината мајка, будејќи се само повремено.rnrn22-годишна девојка со „Синдром на заспаната убавица“ спие повеќе месеци без да се разбудиrnrnСпоред фондацијата КЛС, синдромот Клејн-Левин, исто така познат како синдром „заспана убавица“, е исклучително ретка состојба која се карактеризира со голема количина сон, различно однесување и намалено разбирање на светот. Гудиер ги има сите овие симптоми: Кога таа се буди во средина на епизодата, зборува со бебешки глас, лута е и прекумерно јаде брза храна. Во 2014 година изјавила дека оди во теретана и дека се обидува да се храни здраво што е можно повеќе, со цел да се бори со симптомите кои не може да ги контролира.rn

    „Сѐ што можам да направам за да го подобрам моето здравје, ќе го направам, затоа што од други аспекти сум многу нездрава“, вели таа.

    rn22-годишна девојка со синдромот „Заспана убавица“ спие по неколку месеци без да се разбудиrnrnНеврологот на Гудиер вели дека овој синдром обично се дијагностицира за време на адолесцентските години кои се клучни за нивно образование, социјален, семеен и работен живот. Ова е катастрофална состојба затоа што личностите спијат за време на овие значајни години. Неврологот исто така вели дека повеќето луѓе излегуваат од оваа состојба во просек по 13 години, но Гудиер сѐ уште не покажува такви знаци.rn

    „Ми се крши срцето кога гледам како поминуваат нејзините најубави години од животот“, вели нејзината мајка Џанин.

    rnТаа исто така вели дека Гудиер се обидува да одржува нормален живот кога е будна, така што се дружи со нејзините пријатели и нејзиното момче, 25-годишен учител кој Гудиер го запознала за време на нејзината „будна фаза“ во 2013 година.rnrnТаа ги евидентира нејзините случувања на својата Фејсбук страница.

  • Исклучителниот синдром „Бенџамин Батон“ кој ги прави малите деца да изгледаат многу постаро

    Исклучителниот синдром „Бенџамин Батон“ кој ги прави малите деца да изгледаат многу постаро

    Брат и сестра во Индија страдаат од ретка состојба која прави да изгледаат како да се многу постари одошто навистина се. Исто како ликот на Бред Пит во филмот „Необичниот случај на Бенџамин Батон“. Кешав Кумар, кој има 18 месеци и неговата сестра, Анџали Кумари, која има 7 години, се едни од ретките со збрчкана кожа, болка во зглобовите и отекување на лицето.rnrn(1) Исклучителниот синдром Бенџамин Батон кој ги прави малите деца да изгледаат многу постароrnrnОвие брат и сестра секојдневно се малтретирани од нивните соученици и луѓето зјапаат во нив додека се движат по улиците. Токму затоа, како и сите други деца со вакви видови проблеми во изгледот, тие сонуваат да се „нормални“. Но, за оваа болест нема лек. Малата Анџали вели:rn

    „Знам дека сум различна од другите деца на моја возраст. Имам различно лице, различно тело, сè ми е различно. Моето лице е отечено додека останатиот дел од светот изгледа нормално. Луѓето секогаш зјапаат во мене и ми префрлаат лоши коментари.rnrnДецата во училиште ме нарекуваат баба, стара жена, мајмун или хануман (Хинди лорд на мајмуните) и тоа многу ме нервира. Сакам да бидам третирана како нормално дете и да бидам прифатена каква што сум.rnrnБи сакала да изгледа убаво како мојата сестра. Моите родители се надеваат дека еден ден ќе бидам во ред, но ме растажува што моето семејство страда и чувствува срам поради мене. Мојата единствена желба е да се најде лек. Сакам да живеам долг живот без болка.“

    rn(2) Исклучителниот синдром Бенџамин Батон кој ги прави малите деца да изгледаат многу постаро (3) Исклучителниот синдром Бенџамин Батон кој ги прави малите деца да изгледаат многу постаро(5) Исклучителниот синдром Бенџамин Батон кој ги прави малите деца да изгледаат многу постароrnrnЛуѓето во нивната заедница ги нарекуваат „стари“ и тоа им го крши срцето. Тие се обиделе да побараат помош од локалните доктори, но никој од нив не можел да им помогне. Токму затоа и сакаат да побараат помош надвор од нивната земја. Но, како почнало сè ова?rnrnОткако Ринки ја родила својата прва ќерка, Шилпи, таа брзо добила и втора ќерка, Анџали, која на само 6-месечна возраст завршила во болница со пневмонија. Како и секое друго дете, брзо оздравела, но потоа како целата влажност во нејзиното тело да се исушила и нејзината кожа ја изгубила својата еластичност. Тие ја одвеле повторно на доктор, но таму им кажале дека не постои лек за неа и дека нејзиниот живот е во рацете на виша сила. Од тој момент, малата Анџали почнала многу брзо да старее.rnrn(6) Исклучителниот синдром Бенџамин Батон кој ги прави малите деца да изгледаат многу постароrnrn5 години подоцна, Шатруган и Ринки решиле да имаат уште едно дете и така Кешав бил роден, но брзо забележале дека и тој страда од истата состојба како и неговата сестра. Тие не го одвеле на доктор бидејќи веќе знаеле за што станува збор. Со оглед на тоа што се сиромашно семејство, не можат да си дозволат многу посети на доктори. Нивната постара сестра, Шилпи, која сега има 11 години, е многу заштитнички настроена кон нив и вели дека мрази кога другите ги напаѓаат. Таа објаснува:rn

    „Јас сум многу вознемирена и не постои нешто што би можела да кажам. Што би им кажала на овие злобни деца? Засекогаш ќе бидам тука за моите брат и сестра, но им го посакувам најдоброто образование за да не мора да зависат од никого кога ќе пораснат. Ќе ги научам да бидат силни!“

    rn(10) Исклучителниот синдром Бенџамин Батон кој ги прави малите деца да изгледаат многу постароrnrnАнџали веќе ги доживува истите проблеми кои најчесто ги чувствуваат пензионерите. Нејзините зглобови ја болат, има потешкотии со дишењето, кожата ѝ се насобира и видот ѝ е слаб. Со оглед на тоа што има и намален имунитет, таа лесно се разболува. Овие деца имаат многу слична состојба како онаа која имавме можност да ја видиме во филмот „Необичниот случај на Бенџамин Батон“, каде што ликот на Бред Пит е роден како стар човек и старее во обратна насока, станувајќи помлад со текот на времето. И покрај тоа што Анџали оди на училиште и е многу свесна за нејзината необична состојба, Кешав е премногу млад за да забележи. Нејзината мајка, Ринки, вели:rn

    „Постојано ѝ ги масирам нозете на Анџали, бидејќи постојано е во болка. Ми се крши срцето кога си ги гледам децата на овој начин. Анџали цело време прашува дали ќе биде како нејзината сестра. Таа е многу свесна за нејзиниот изглед и тоа силно ѝ влијае.“

    rn(8) Исклучителниот синдром Бенџамин Батон кој ги прави малите деца да изгледаат многу постаро (9) Исклучителниот синдром Бенџамин Батон кој ги прави малите деца да изгледаат многу постароrnrnНивните родители трошат повеќе од 500 рупи месечно за хомеопатски третмани за нивните деца, но изгледа тие немаат голем ефект. Ова се единствените третмани кои можат да си ги дозволат, па затоа се надеваат и дека со тек на време ќе имаат успех. Нивниот татко, Шатруган, вели:rn

    „Се надевам дека некој ќе ни даде одговор. Се чувствувам беспомошно. Се чувствувам многу тажно кога не знам што да направам за да им помогнам на моите деца. Ги гледам како стареат побрзо од мене и не постои ништо што можам да направам. Ми се крши срцето. Се молам за чудо.“

    rn(7) Исклучителниот синдром Бенџамин Батон кој ги прави малите деца да изгледаат многу постароrnrnД-р Каилаш Прасат, специјалист за деца, објаснува дека нивната состојба многу наликува на генетска болест и дека најверојатно станува збор за прогерија. Другата можност е кутис лакса. Компликациите кај двете се горе долу слични. Станува збор за екстремно ретко нарушување.rnrn(11) Исклучителниот синдром Бенџамин Батон кој ги прави малите деца да изгледаат многу постаро

  • Полицистични јајници: Симптоми, лечење и последици

    Полицистични јајници: Симптоми, лечење и последици

    Синдромот полицистични јајници е една од најчестите хормонални болести кај жените и најчестата причина за изостанок на овулацијата. Овој синдром го добил своето име од изгледот на јајниците во кои се наоѓаат бројни цисти. Исто така, јајниците најчесто се двојно поголеми од нормалните, со сиво бела површина под која се наоѓаат цисти со големина помеѓу 5 и 15 милилитри. Се проценува дека од 5 до 10% од сите плодни жени страдаат од оваа болест.rnrnПолицистични јајници: Симптоми, лечење и последициrn

    Како се воспоставува дијагнозата?

    rnДијагнозата за полицистични јајници се носи преку комбинација од клинички, ултразвучни и лабораториски испитувања на хормоните. Клиничките испитувања најчесто ги опфаќаат информациите за симптомите на жената, нејзините поранешни и фамилијарни болести, како и целосен физички преглед. Сепак, за поставување сигурна дијагноза најдобро е да се направи ултразвучен преглед. На тој начин може лесно и точно да се измерат и анализираат деталите во јајникот.rn

    Кои се симптомите за полицистични јајници?

    rnНајчестите симптоми кои укажуваат на овој синдром се следниве:rn

      rn011

    • намален број месечни циклуси или нивно изостанување
    • rn011

    • насобрано масно ткиво во пределот на стомакот
    • rn011

    • зголемено растење влакна ширум телото
    • rn011

    • акни
    • rn011

    • опаѓање на косата
    • rn011

    • масна кожа
    • rn011

    • ненадејно здебелување
    • rn

    rn

    Дали полицистичните јајници пречат при забременувањето?

    rnОдредени жени кои имаат полицистични јајници можат да се соочат со намалена можност за забременување, додека пак кај други тие воопшто не претставуваат проблем. Но, доколку тие прават пречка, таа успешно може да се надмине со помош на вештачко оплодување.rn

    Кои се ризиците кои доаѓаат со полицистичните јајници?

    rnАко имате полицистични јајници, треба редовно да одите на гинеколог и други лекарски прегледи бидејќи ова заболување е поврзано со одредена низа ризици како:rn

      rn011

    • спонтаниот абортус е 2 до 3 пати почест
    • rn011

    • болестите на срцето и крвните садови се 7 пати почести
    • rn011

    • ризикот од развивање шеќерна болест се 16% поголеми
    • rn011

    • зголемениот крвен притисок се јавува кај 40% од пациентките
    • rn011

    • постои значителен ризик за добивање тумор на јајниците
    • rn011

    • подоцна менопауза
    • rn011

    • различни видови крвавења од матката
    • rn011

    • нарушување на нивото на маснотии во крвта
    • rn011

    • анемија
    • rn

    rn

    Како се лечат полицистичните јајници?

    rnПостојат различни методи на справување со овој синдром бидејќи симптомите се разликуваат од жена до жена. Сепак доколку имате полицистични јајници и сакате да забремените, најважно е да ја намалите прекумерната телесна тежина. Според истражувањата, намалувањето на барем 5% од вашата телесна маса може да доведе до нормализација на менструалниот циклус и повторно воспоставување овулација. Исто така потребна ви е и физичка активност, а за најдобри резултати треба да престанете да пушите цигари и да пиете алкохол.rnrnПолицистичните јајници можат да се лечат и со одредени лекови, кои може да ви ги препорача вашиот гинеколог во зависност од клиничката слика. Исто така, полицистичните јајници можат да се лечат и преку хируршки пат преку отстранување на дел или цел јајник.