КАФЕ ПАУЗА

Tag: симболика

  • Значењето на имињата и нивната симболика: 10 примери на популарни имиња

    Значењето на имињата и нивната симболика: 10 примери на популарни имиња

    Името претставува еден од основните елементи на личниот идентитет. Освен што служи за препознавање, во многу случаи носи и симболично значење кое потекнува од различни јазици, култури и традиции.rnrnrnrnГолем дел од имињата имаат корени во антички јазици како латински, грчки или хебрејски, а нивните значења често се поврзуваат со поими како сила, мудрост, љубов или светлина. rnrnДруги имиња се инспирирани од природата, историски личности или религиозни фигури.rnrnВо македонската традиција, имињата често се избираат во чест на предци или според календарот на светци, што им дава дополнителна културна и семејна вредност.rnrn Со текот на времето, сè почесто се среќаваат и интернационални имиња, но интересот за нивното значење останува присутен.rnrnИако не постојат научни докази дека името директно ја одредува личноста, многумина чувствуваат поврзаност со значењето што го носи нивното име. rnrnЗа некои, тоа е извор на инспирација, додека за други претставува дел од личната приказна.rnrnИмето, како траен белег, останува важен дел од тоа како се доживуваме себеси и како нè перципираат другите.rnrnПримери на значења на некои имиња:rnАлександар – потекнува од грчки и значи „заштитник на луѓето“rnМарија – име со хебрејско потекло, поврзано со „чиста“ или „возвишена“rnАна – значи „милост“ или „благодат“rnИван – „Бог е милостив“rnЕлена – „светлина“ или „сјај“rnСтефан – „круна“ или „венец“rnНикола – „победа на народот“rnСара – „принцеза“rnМарко – поврзано со „сила“ и „машкост“rnЛука – „светлина“ или „оној што носи светлина“

  • Откријте ја духовната симболика на желките!

    Откријте ја духовната симболика на желките!

    Желките се дел од најстарите живи суштества на планетата. Така, не е за чудење фактот дека тие имаат духовна симболика во културите на многу народи и се сметаат за моќни животински тотеми. Станува збор за мистични суштества кои носат езотерично знаење и пораки од духовното царство во физичкиот свет. Дали знаевте дека секоја случајна средба со желките навестува длабоко духовно значење за вашиот иден животен пат? Прочитајте во продолжение за што конкретно станува збор.rnrnОткријте ја духовната симболика на желките! rn

    1. Дуалистичка енергија

    rnАко внимателно размислите, ќе сфатите дека целиот свет е создаден од две сили кои се со спротивна природа, но, сепак, тие не се спротивставуваат меѓусебно. Така, постојат светлина и темнина, јин и јанг, божествено женско и божествено машко и сите тие ја претставуваат дуалистичката природа на универзумот. Оваа дуалистичка енергија лежи и во основата на нашите нематеријални способности и физички манифестации. Доколку сакаме да ги материјализираме нашите соништа, треба да ја прифатиме оваа двојност и да направиме простор и за емоциите и за логиката; и за вербата и за скептицизмот; и за интуицијата и за акцијата. Желките, кои се движат и во вода и во земја, на совршен начин ја отелотворуваат оваа дуалистичка енергија. Тие нè потсетуваат дека има време да им се препуштиме на емоциите и имагинацијата, но и дека има време да работиме на нашата цел.rn

    2. Хармонија и рамнотежа

    rnНашите интуитивни и духовни навики мора да бидат синхронизирани со нашите постапки и дејствувања. Така, желбата е симбол на рамнотежата помеѓу машката енергија на дејствување и женската енергија на интуицијата.rn

    3. Упорност и трпение

    rnЖелките се и симбол на упорноста, истрајноста, решителноста и трпението. Тие ни носат порака дека секој од нас треба да се стреми со решителен ум кон сопствената цел, без разлика колку долго може да трае патувањето, колку тежок може да биде товарот или со колку пречки морате да се справите на патот кон успехот. Желките ја преставуваат силата на умот преку која можеме да ги материјализираме нашите визии и соништа во конкретна реалност, наспроти сите предизвици.rn

    4. Безбедност и заштита

    rnКолку што е неопходно директно да се соочите со вашите предизвици, подеднакво важно е и да знаете кога треба да направите чекор назад. Во тој случај, желката претставува и мудрост која ни е неопходна за да процениме дали треба да се повлечеме (како што желката се повлекува во својот оклоп кога се соочува со опасност) или да преземеме ризик и да продолжиме напред.rn

    5. Интроспекција

    rnНашата внатрешна мудрост е една од најважните алатки која ни помага да се справиме со сите предизвици во животот. Единствениот начин за усовршување на оваа алатка е преку медитација и интроспекција. Од тука произлегува и дека духовното значење на желката се состои во тоа да се „повлекуваме во себе“ одвреме-навреме за подобро да се спознаеме себеси.rn

    6. Издржливост

    rnДолговечноста е несомнено најважното духовно значење на желката. Нивниот животен век трае со децении, а некои живеат и до 100 години! Освен тоа, тие поднесуваат секакви неволји како напади од предатори и лоши климатски услови.rnrnОткако прочитавте за духовната симболика на желките, можеби ќе сакате да ги прочитате и 34-те позитивни афирмации кои ќе го поддржат вашето духовно созревање.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Секој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тага

    Секој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тага

    Се приближува до Денот на жената, затоа треба да знаете кое цвеќе се подарува, а кое не.rnrnИако многумина можеби не го знаат, секој цвет што некому му го подарувате, носи одредено значење и порака. Затоа, кога му давате цвеќе на некој близок, не заборавајте да обрнете внимание каква симболика има тоа, за лицето кому му го давате да не биде навредено или да стекне погрешен впечаток.rnrnЗа почеток, значењето на цвеќето може да го согледаме според бојата, затоа треба да знаете дека сината значи верност и мечтаење, портокалова гордост и енергија, виолетовата боја претставува нежност, додека белата е симбол на невиност. Црвената значи љубов и убавина, зелената разбирање, а жолтата љубомора.rn

    Нарцис

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnОвој цвет означува самољубие, но исто така е и симбол за нов почеток бидејќи е меѓу првите што цвета. Но, бидете внимателни кому му го подарувате овој цвет затоа што може да означува и презир.rn

    Ирис

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnСимбол на достоинство, инспирација, слава и храброст. Жолтиот ирис означува страст, додека синиот поттикнува среќа.rn

    Зумбули

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnЗнак на верност и стабилност. Ако се сини симболизираат постојаност и континуитет.rn

    Божур

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnСимболизира чест и богатство, како и среќен брак и напредок.rn

    Јасмин

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnЖолтиот јасмин означува елеганција, а останатите бои – посветеност.rn

    Магнолија

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnТаа означува достоинство и елеганција. Ако е бела, тогаш тоа значи невиност, ако е розова, тогаш тоа значи срамежливост и најчесто им се дава на девојчињата. Но, внимавајте, ако подарите магнолија која порано расцветела, тоа е сигурен знак дека сте вознемирени и нетрпеливи за нешто. Според старото верување, магнолиите ја означуваат неверноста на мажите кои ги подаруваат.rn

    Циклама

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnОвој цвет симболизира искреност и е поврзан со моќта на помирување со лицето кому му се подарува. Може да означува и срамежливост.rn

    Рози

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnЦветот што најчесто се подарува и во зависност од бојата, има многу значења. Да се ​​подари црвена роза симболизира страст и љубов, иако може да означи и благодарност и задоволство. Белите рози симболизираат чистота, чесност и безгрешност. Жолтите рози може да бидат симбол на радост, но и неверување и љубомора. Розите без трнови може да ја означат љубовта на прв поглед. Кога жената ќе му поради на мажот црвена роза, розата станува симбол на лојалност. Портокаловите рози се симбол на копнеж и маѓепсаност, а виолетовите љубов на прв поглед. Темните, пурпурни рози се знак на желба за посебност и издвојување, додека сините, поради вештачкиот начин за добивање на нивната боја, се симбол на невозможното.rn

    Кринови

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnУкажуваат на бесконечната убавина, среќата, бесмртноста, чистотата и спасението. Често се среќаваат на свадбите па затоа, според симболика, означува избирање на саканата личност. Белиот крин значи невиност и чистота, жолтиот – измама, а виолетовиот – враќање во среќата.rn

    Бамбус

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnОва растение е симбол на лојалност и цврстина на бракот.rnrn

    Орхидеја

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnЗначи желбата за успех и посебност. Исто така, симболизира и љубов, убавина, романса и желба за интимност. Таа честопати им се подарува на болните и родилките за да им се посака брзо закрепнување. Исто така, таа ја претставува и желба да успеете во вашата кариера.rn

    Лалиња

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnСимбол на гордост и слава. Црвените лалиња се поврзуваат со љубовта, а жолтите со безнадежната љубов. Розите значат грижа, виолетовите – достоинство, а белите – збогување.rn

    Мимози

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnСимбол на сигурност и доверба, но исто така означуваат и луксуз и моќ. Тие се, исто така, и симбол на љубезност.rn

    Сончоглед

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnОвој цвет е симбол на сила, гордост, восхит и обожување. Може да значи и ароганција. Ако му го подарите овој цвет на некој близок, тоа означува подготвеност целосно да му се посветите нему.rn

    Љубичици

    rn

    Секој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тага

    rnСимбол на преданост и лојалност. Белите и виолетовите означуваат скромност.rn

    Хортензии

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnТие претставуваат срдечност и се подаруваат кога сакате да се помирите со некој со кој сте во конфликт. Исто така, на гробиштата честопати се носат хортензии кога се изразува сочувство.rn

    Кокичиња

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnКокичињата значат надеж, напредок и удобност. Кога сакате да му кажете некому да не губи надеж, подарете му кокичиња.rn

    Џунџулиња

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnСимбол на раѓањето, трпеливоста и практичноста.rn

    Гладиоли

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnНајчесто ја означуваат јачината на карактерот, но во никој случај не треба да им ги подарувате на најблиските.rn

    Цвеќиња кои не им се подаруваат на жените

    rnЦвеќињата кои немаат позитивно значење се бегониите кои означуваат црни мисли, лавандата која ја претставува недовербата, далијата што ја означува неизвесноста. Хризантемите се цвеќиња што се носат на гробиштата, но може да означат и љубов и вистина.rnrnМожеби сакате да прочитате и зошто носиме хризантеми на гробовите на нашите сакани?

  • Откријте нешто ново за себе: Кое од овие 5 животни ве фасцинира најмногу?

    Откријте нешто ново за себе: Кое од овие 5 животни ве фасцинира најмногу?

    Можеби сте откриле лична поврзаност со одредено животно, но сè уште не ја знаете точната симболика, длабокото значење или целта? Дознавајќи го значењето на сте овие аспекти, можете да стекнете значителен увид за себе, вашата личност, вашите вештини или ситуацијата во која се наоѓате.rnrnДухот на животното ви носи значајни пораки и лекции ако слушате и знаете како да ги дешифрирате. Функција на вашето духовно животно е да ве води и да привлече внимание кон нешто што треба да се прифати и реши, или да ви ги покаже вештините што може да ги користите и понатаму и да ги развивате.rnrnОткријте нешто ново за себе: Кое од овие 5 животни ве фасцинира најмногу?rn

    Духот на животното може да ви помогне во овие области:

    rn

      rn 011

    • Аспектот на личноста што е веќе силно развиен или треба подетално да се истражува,
    • rn 011

    • Ситуацијата или опкружувањето во секојдневниот живот што има силен емоционален ефект,
    • rn 011

    • Животната насока што можеби ќе сакате да ја имате предвид.
    • rn 011

    • Важно е да го откриете животното за кое сметате дека е ваш заштитник и водач.
    • rn 011

    • Ако вашето тотемско животно не е на списокот или не сте сигурни, одберете едно од овие 5 најчести.
    • rn

    rn

    Волк

    rnОткријте нешто ново за себе: Кое од овие 5 животни ве фасцинира најмногу?rn

    Симболика на волкот:

    rn

      rn 011

    • Остра интелигенција, длабока поврзаност со инстинктите,
    • rn 011

    • Слобода,
    • rn 011

    • Изразено силна волја,
    • rn 011

    • Чувство на загрозеност, недостаток на доверба во некого или во себе,
    • rn 011

    • Позитивна симболика на духовното животно волк.
    • rn

    rn

    Карактеристики на волкот:

    rnПозитивните значења истакнуваат длабока поврзаност со нечија интуиција и инстинкти. Волкот може да се чувствува загрозен или да има недостаток на доверба во некого или во сопствените чувства или постапки. Овој дух на животното, исто така, рефлектира голема интелигенција во справувањето со важните проблеми.rnrnКога имате волк како тотем , тоа би можело да биде израз на вашата остра интелигенција и силни инстинкти. Волкот симболизира силна поврзаност со инстинктите и кога се појавува како водач, може да укаже на начинот на доживување и разбирање на светот околу себе.rnrnБез разлика дали волкот ви се појавува во физичка форма, во сон или во медитација, веројатно укажува дека ги користите вашите инстинкти и интуиција за добро да ја разберете ситуацијата. Неговата појава може да биде внатрешен повик да ги искористите овие особини за да се справите со предизвикот со кој неодамна се соочивте во животот.rnrnАко присуството на волкот ви создава чувство на загрозеност, обрнете внимание на тоа како вашата инстинктивна природа и грубите емоции може да ја загрозат вашата рамнотежа со луѓето околу вас. Вашето моќно животно можеби се појавува на тој начин за да ве предупреди за разорните инстинкти што му припаѓаат на некој околу вас.rnrnСилата на волкот или духот на животното укажува на апетит за слобода и страстен живот раководен од инстинкти. Кога волкот се манифестира со своето присуство како водич во вашиот живот, тоа би можело да биде повик да го живеете животот послободно и да вложите поголема страст во вашите секојдневно живеење.rnrnВолците се диви животни кои не се припитомуваат лесно и кога се појавуваат како духовни водичи, тие може да укажат на потребата на ја разберете вашата автентичност и вистинскиот израз на себе. Волкот како тотем е потсетник да го одржите вашиот животен дух и да им верувате на своите инстинкти за да го одберете патот што најмногу ви одговара.rnrnВашиот животински дух ве предупредува за соочувањето со лични ограничувања: можеби чувствувате дека сте биле премногу изложени на влијанието на некоја личност или ситуација и дека треба да ги отстраните или зајакнете емоционалните или физичките граници со таа личност. Волкот како духовно животно, исто така, може да ве потсети дека се соочувате со жестока конкуренција на работа или дека го сфаќате однесувањето на луѓето околу вас како соочување со „пакт волци“.rnrnБидејќи целокупното значење на духовното животно волк ја нагласува улогата на вашите инстинкти, ова животно како водич или тотем може да укаже на начинот на кој го живеете вашиот живот, односно, колку имате доверба или недоверба во вашите инстинкти и интуитивно водство. Бидете сигурни дека не се чувствувате загрозено од вашите сопствени инстинкти и чувства. Присуството на волкот како ваше животно би можело да го одрази вашиот внатрешен емотивен пејзаж и да ве направи свесни за своите чувства кон одреден проблем кој емотивно ве исцрпува.rn

    Був

    rnОткријте нешто ново за себе: Кое од овие 5 животни ве фасцинира најмногу?rn

    Симболика на бувот:

    rn

      rn 011

    • Интуиција, можност да се види она што другите не го гледаат,
    • rn 011

    • Присуството на бувот најавува промена,
    • rn 011

    • Способност да ги насетите измамите и маските,
    • rn 011

    • Мудрост,
    • rn 011

    • Традиционално, бувот како духовно животно го претставува гласникот на смртта, најверојатно симболично како животен пресврт, промена.
    • rn

    rn

    Карактеристики на бувот

    rnБувот е можеби најпознат по тоа што може да гледа во темница. Како духовно животно, бувот ќе ве натера да гледате зад превезот на измамата и илузијата – помага да согледате што се скрива од вас.rnrnИсто така, таа ја симболизира можноста да се надмине илузијата за да се види вистинското значење на нечии постапки. Кога бувот е едно од вашите духовни животни, вие имате силна интуиција и можете да пристапите до информациите и мудроста кои за други се недостижни.rnrnБувот е силен духовен водач со цврсто расудување и способност за донесување одлуки. Повикајте го тотемот на бувот кога треба да ја процените ситуацијата или кога минувате низ тешки времиња. Ако го имате бувот како тотем или духовно животно, веројатно сакате да го истражувате непознатото.rnrnНоќта за вас е особено поволно време за креативност, затоа најдобро е да одвоите време и да се фокусирате на сопствената креативна енергија. Тајните на животот се фасцинантно подрачје на ваш интерес.rnrnКога ќе се појави був во вашиот живот, слушајте и внимавајте на суптилните знаци околу вас. Вашиот животински духовен водич ви помага да внимавате на она што обично се прикрива, но е од особено значење. Бувот е, исто така, водич кој ги открива вашите скриени потенцијали и способности.rnrnБувот како духовно животно ја симболизира смртта во многу традиции. Во повеќето случаи, сепак, ова не треба да се сфаќа буквално: ако бувот е поврзан со смртта, тоа може да се смета како симболична смрт, што значи промена во животот, важен пресврт што се случува или ќе се случи.rnrnКога бувот ќе се појави во вашиот живот, обратете внимание на промените. Можеби ќе напуштите некои стари навики и ситуација кои повеќе не ви одат во прилог.rnrnПродолжете да читате понатаму на следната страница…rnrn

  • Нежни и раскошни: Знаете ли зошто носиме хризантеми на гробовите на нашите сакани?

    Нежни и раскошни: Знаете ли зошто носиме хризантеми на гробовите на нашите сакани?

    Хризантемите се симбол на минливоста на животот, смртта и жалењето. Затоа се неизоставен дел од аранжманите што ги ставаме на последните почивалишта на нашите сакани.rnrnНежни и раскошни: Знаете ли зошто носиме хризантеми на гробовите на нашите сакани?rnrnХризантемата (Chrysanthemum) е вид цвеќе со триесеттина подвидови повеќегодишни растенија од семејството на композити (гладиоли). Со оглед на тоа што на нашето поднебје ова цвеќе расте во ноември, луѓето почнуваат да го носат на гробовите во текот на празниците од овој месец.rnrnИако нејзините шарени цветови ја шират пораката дека почетокот на зимата може да биде убав, кај нас хризантемата симболизира жалење. Старите Грци сметале дека овој цвет штити од зли духови. Но, исто така тие верувале дека ова цвеќе не треба да се бере од гробовите затоа што на таа личност што ќе го набере ќе ѝ донесе несреќа.rnrnВо Франција ова цвеќе се става на гробовите на саканите од 11 ноември 1919 год., односно од првата годишнина од примирјето по Првата светска војна. Тогашниот претседател Рејмонд Поинкаре наредил да се положи цвеќе на сите гробови на загинатите во војната. Со оглед на тоа што хризантемите тогаш биле едни од ретките цвеќиња што цветаат во тој период, биле употребени повеќе од 30.000 вакви цветови, па така започнала оваа традиција.rnrnПоради нивната отпорност на ладни температури и мраз, хризантемата симболизира и бесмртност.rnrnНежни и раскошни: Знаете ли зошто носиме хризантеми на гробовите на нашите сакани?rn

    Симбол на среќата, здравјето и просперитетот

    rnХризантемите потекнуваат од Азија, поточно од Кина и Јапонија, каде се сметаат за цвеќиња на среќата и просперитетот. Ова цвеќе во Јапонија е знак на царското семејство, а во Кина обично се подарува на крштевките и родендените. Кинезите прават вино од хризантеми кое зрее година дена и се испива на деветтиот ден од деветтиот месец. Овој ритуал му носи долг, мирен и среќен живот на семејството.rnrnПокрај тоа, Азијците веруваат дека хризантемите имаат многу лековити својства. Локалното население развило начини на производство на цветовите кои служат за исхрана и од кои може да се направи чај против главоболки, вртоглавици, грип и кардиоваскуларни болести како и висок холестерол. Не обидувајте се да направите напиток од цветовите кои ги купувате во цвеќарите затоа што нивните својства се потполно различни.rnrnНежни и раскошни: Знаете ли зошто носиме хризантеми на гробовите на нашите сакани?rn

    Златен цвет

    rnВо западниот свет хризантемите за првпат се појавиле во XVII век. Шведскиот болничар Карл Линаеус ја нарекол хризантемата златен цвет, спојувајќи го грчкиот збор chrysos што значи злато и anthemonom што значи цвет.rnrnВо Австралија хризантемите традиционално се подаруваат за Денот на мајките, а во САД се симбол на чесноста и често може да се најдат како украс на венчавките.rnrnЗа време на Викторијанското доба во Англија ова цвеќе се сметало за симбол на пријателството, а им се носело и на луѓе кои се опоравуваат по болест.rnrnИмајте на ум дека бојата на цветот исто така е симболична. Ако добиете за подарок црвена хризантема тоа е израз на љубов. Жолтата хризантема означува жалење, а белата е симбол на лојалност и преданост кон личноста на која ѝ се подарува.rnrnПогледнете и зошто е важно вашиот дом постојано да биде полн со цвеќиња.

  • Која е симболиката на храната што се поставува на бадниковата трпеза?

    Која е симболиката на храната што се поставува на бадниковата трпеза?

    На Бадник се одржува традиционалната бадникова вечера за која се собираат сите членови на семејството. Но дали знаете зошто се јаде одредена храна и што претставува таа? А што е пак она што не смеете да го изоставите од бадниковата трпеза? Дознајте во продолжение.rnrnkoja-e-simbolikata-na-hranata-na-badnikovata-vechera-kafepauza.mkrnrnБадниковата вечер има неколку основни карактеристики. Мораат да бидат собрани сите членови на семејството и постои храна која треба и која не смее да се јаде. Од јадење најчесто се подготвува грав, кисела зелка, пита и риба. Многу често и печената тиква е неизоставен дел од трпезата која се јаде за децата да немале красти.rnrnЗа бадниковата вечер не треба да изостане ни медот што се јаде со ореви, а после Бадник се чува како лек.rnrnПостои традиција каде што пред почетокот на вечерата домаќинот зема сито со ореви и одбира 4, а потоа фрла по еден орев во секој крај од собата. Овој обичај потекнува од древните народни верувања. Наводно оревот е храна за лошите сили и енергии, па неговото фрлање е како мамка која ќе ги растрга овие лоши влијанија.rnrnСпоред верувањето од индогерманските народи, гравот пак е омилена храна на душите на покојните. На овој начин за време на бадниковата вечера се воспоставува симболична врска со нашите предци, кои пак преку храната ни даваат сила.rnrnСлична улога има и медот, додека значењето на рибата е ритуално и не е целосно познато. Во средниот век се врзувало со симболот за Исус.rnrnНа бадниковата вечер не е само храната со симболична улога, туку и пијалаците. Според еден обичај не смее да се пие ракија или вино, односно садот не смее да остане празен. Знаеме дека виното е симбол за крв, па јасно е зошто виното не треба да се испие или да се фрли.rnrnЗа време на јадењето не станува никој и се чека да завршат сите. Кога сите ќе завршат со јадење може да се стане од масата. Многу е важно во овој период семејството да биде заедно и да биде сложно. На овој начин бадниковата вечер е како помен за нашите предци на кои им должиме многу, но истовремено нè потсетува и колку е важно семејството и мирот во него.rnrnПогледнете ги и овие стари и народни верувања за Бадник.

  • Симбол на вечна љубов: Како порано изгледале бурмите и зошто се носеле?

    Симбол на вечна љубов: Како порано изгледале бурмите и зошто се носеле?

    Порано, венчалниот прстен не се носел на прст, туку околу зглобот. Старите цивилизации биле многу суеверни, а животниот век бил многу пократок и морталитетот многу поголем отколку денес. Исто така, било популарно верувањето дека духот на човекот може да замине од телото. Па затоа, за да ја заштити младоженецот својата жена, ѝ врзувал гранче или тревка околу зглобот и на тој начин ѝ искажувал љубов. Тоа значи дека потврдувањето на љубовта датира уште од многу одамна.rnrn0-simbol-na-vechna-ljubov-kako-izgledale-burmite-porano-i-zoshto-se-nosele-kafepauza.mkrnrnПрвата бурма која се носела на рацете се јавува пред повеќе од 4.000 години на брегот на реката Нил во Египет, а била направена од плетени трски и други тревки, наспроти денешните – од злато, сребро или платина. Честопати, прстените биле направени од кожа или од слонова коска и биле украсувани со разни детали.rnrnСтарите Египќани, како и многу цивилизации после нив, носеле бурма на домалиот прст од левата рака. За време на церемонијата на венчавање, младенците си разменувале завети преку кои се заколнувале на вечна љубов – љубов која ќе опстои и во „добро и во зло“ и „додека смртта не нѐ раздели“. Симболот на кругот, а подоцна и на прстенот, освен кај Египќаните, и кај многу други народи и култури има слично значење – вечност, затоа што кругот нема ни почеток ни крај.rnrnЕгипќаните исто така верувале дека прстенот има натприродни моќи и дека претставува ветување вечна љубов и заеднички живот. За разлика од нив, Римјаните имале малку поинаква симболика за бурмите – додека кај Египќаните прстенот бил симбол на љубов, кај нив тој бил доказ за поседување – бил симбол на сила и издржливост – па затоа и се правел од железо. Исто така, постои податок дека идејата за гравирање потекнува токму од Римјаните.rnrnОбичајот бурмата да се носи на домалиот, односно на четвртиот прст од левата рака потекнува од старите Грци. Изговарајќи ги зборовите „Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух“ младоженецот, со помош на прстенот прво го допира палецот на невестата, потоа показалецот и средниот прст, за со „Амин“ да го стави на домалиот. Оттогаш се воспоставил обичајот и невестата и младоженецот да носат бурми. Според легендата, луѓето верувале дека вената од домалиот прст на левата рака води до срцето, па затоа и на латински таа се вика vena amoris – вена на љубовта. Денес, кај православните народи, бурмата традиционално се носи на домалиот прст од десната рака. Многу современи парови бурмата ја носат како ланче околу вратот или ја чуваат во кутиче.rnrnИако материјалот на бурмата се менувал, симболиката до ден-денес останува иста. Прстенот претставува традиција и составен дел од венчавките дури и во денешните модерни општества, па затоа и целта на ваквиот прстен како симбол на љубовта и денес успешно му пркоси на времето.

  • Секоја фризура има своја симболика: Што стои зад фризурата „две плетенки“?

    Секоја фризура има своја симболика: Што стои зад фризурата „две плетенки“?

    Симпатичното девојче со уште посимпатично име, Пипи Долгиот Чорап, е омилен лик од детството на многумина. Освен тоа, таа ја популаризираше фризурата која со задоволство ја носат голем број жени ширум светот дури и денес. Секако, станува збор за плетенките, кои покрај пегите беа заштитен знак на ова девојче.rnrnПипи Долгиот ЧорапrnrnПлетењето на косата на овој начин е многу стара техника на правење фризури, само што во минатото таа била во служба на уредностa и беспрекорниот изглед. Плетенките биле подигнати во пунџа или пак со нив се правеле венчиња околу главата. Во 20-тиот век тоа се сменило, а тие станале симбол за дивост и вечна младост. Многу познати жени, коi го одбележале тој период, ја носеле косата сплетена во две плетенки, по една на секоја страна.rnrn1-sekoja-frizura-ima-svoja-simbolika-shto-stoi-zad-frizurata-dve-pletenki-www.kafepauza.mk_rnrnМата Хари, најпознатата шпионка од почетокот на минатиот век, работела како танчарка за да ја скрие својата вистинска работа. Таа тврдела дека нејзината публика била повеќе маѓепсана од нејзините плетенки, отколку од нејзиното играње со колковите. Оваа фризура подоцна ја „позајмила“ Брижид Бардо, благодарејќи на што оваа француска убавица изгледала како „наивно девојче“.rnrn

    Мата Хари
    Мата Хари
    rnrn
    Брижид Бардо
    Брижид Бардо
    rnrnВо денешно време многу познати дами сакат да носат две плетенки во најразлични варијанти. Познати по многу „модни ризици“, Бијонсе и Рита Ора оваа фризура ја промовираа на свој начин. Кејт Мос на своите модни почетоци често се сликаше со две плетенки, како и некои од останатите модели.rnrn
    Бијонсе и Рита Ора
    Бијонсе и Рита Ора
    rnrnДодека некои жени со оваа фризура ја буделе девојката во себе и изгледале наивно, имало и такви кои со нив ја откривале својата „интелектуална“ страна. Совршен пример за ова е Жилијет Греко, познатата француска пејачка на шансони и муза на многу сликари во егзистенцијализмот. Плетенките од неа правеле „интелектуална девојка и борец за рамноправност“.rnrn
    Жилијет Греко
    Жилијет Греко
    rnrnМожеби единствен пример помеѓу познатите дами, кога двете плетенки имаат потпомогнато за злобен изглед, каков што требаше да има Венди Адамс, е Кристина Ричи во улогата на ќерка во познатиот филм „Семејството Адамс“.rnrn
    Кристина Ричи во улога на Венди Адамс
    Кристина Ричи во улога на Венди Адамс

  • Значењето на броевите и она што тие се обидуваат да ни го кажат

    Значењето на броевите и она што тие се обидуваат да ни го кажат

    Ви се има ли случено постојано и насекаде да гледате едни исти броеви? Сте се запрашале ли можеби зошто е тоа така и што всушност тие броеви сакаат да ви кажат?rnrn1-znachenjeto-na-broevite-i-ona-shto-tie-se-obiduvaat-da-ni-go-kazhat-kafepauza.mk_rnrnБроевите се насекаде околу нас. Имаат удел во секој дел од нашиот живот бидејќи секој број има свое значење и симболика. Тие имаат посебна поврзаност со секој аспект на нашите животи, а влијаат на нас и повеќе одошто можеме да замислиме. Ни нудат објаснување за она што се случува и ни овозможуваат да разбереме работи кои не ги познаваме. Секој број укажува на нешто различно, а еве што е тоа.rn

    Еден

    rnБројот 1 означува нов почеток. Од една страна се осврнува на амбицијата, агресијата и чистотата да се започне нешто, додека од друга страна претставува симбол кој означува активирање и во психичка и во физичка смисла. Комбинирањето на овие две значења укажува на тоа да се започне нова авантура, да се преземе нешто во некоја насока, односно ве охрабрува за нов почеток.rn

    Два

    rnБројот 2 означува рамнотежа, добрина, еднаквост. Се однесува на способноста да се препознае спротивното и контрастот во нештата, способноста да се донесе одлука и желбата за планирање. Од друга гледна точка, укажува на потребата од партнер, комуницирање и разменување идеи и гледишта. Со други зборови, бара вложување од ваша страна кон носење одлуки за ваше добро.rn

    Три

    rnБројот 3 означува талент, интуиција, предност. Повлекува да се биде креативен и различен, а во своето значење ги опфаќа минатото, сегашноста и иднината. Додека во најголем дел од случаите овој број симболизира успех и преземање нешто, во глобала ви укажува на тоа дека можеби треба да размислите каде одите на основа на минати случувања и идни цели. Го поттикнува креативното и различно изразување, а со тоа и нови авантури.rn

    Четири

    rnБројот 4 означува стабилност и издржливост. Го повикува природниот тек на нештата, а тоа може да се забележи во примери како постоење на четири годишни времиња, четири основни насоки на ориентирање и слично. Овој број ги претставува смиреноста, цврстината, а најмногу од сѐ – домот. Укажува на тоа дека е време да се вратите на своите корени, да се пронајдете себеси или можеби и да се смените.rn

    Пет

    rnБројот 5 означува авантура и патување. Во кратки црти, се однесува на движењето на нештата, на нестабилноста и несигурноста која ја носи тоа движење со себе, а најмногу на промената. Го влече вниманието кон чудата кои се случуваат во светот и повикува на ценење на хаосот и непредвидливоста наоколу. Укажува на некое патување, кое не мора да биде физички одење некаде. Сепак, најубавите патувања се оние на кои одиме со ум и со душа.rn

    Шест

    rnБројот 6 означува толеранција, искреност и потпирање на некого. Ги претставува хармонијата, вистината и љубовта. Раѓа сочувствителност за некого и повлекува простување за нешто. Од особено значење е тоа што укажува на изнаоѓање решение за некој проблем, на смирен и чувствителен начин.rn

    Седум

    rnБројот 7 означува мистерија, знаење и проучување. Симболизира магија и изнаоѓање на значењето на работи кои не можеме да ги објасниме, но се однесува на активирање на нашата имагинација и покажување резултати во облик на сознанија кои се базирани на свесното размислување и знаење. Укажува на непрактично сонување и замислување, но сепак можност тоа да се развие во наша корист.rn

    Осум

    rnБројот 8 означува сила, успех и богатство. Ги симболизира разните можности кои стојат пред нас, а ги претставува континуираноста на нештата, нивното повторување и кружење. Со други зборови, повикува на упорност и повторување кои водат кон успех. Овој број укажува на одлучноста да се постигне нешто и притоа да се стане побогат, не само во смисла на материјални нешта.rn

    Девет

    rnБројот 9 означува влијание, задоволство, исполнетост, постигнување и успевање во нешто. Укажува на интелектуалната моќ, инвентивноста и влијанието кое го имаме врз нашиот живот, случувањата и луѓето. Симболизира потпаѓање под влијание, но под наши услови, а укажува на препознавање на сопствените позитивни особини и вештини со цел да влијаеме на светот во позитивна смисла. Со други зборови, способни сме да направиме разлика и тоа на подобро.rn

    Нула

    rnБројот 0 означува мистерија, можност, развој, бесконечност, вечност, повторно раѓање. Тој е основата која ги чува сите останати нешта и од која се раѓаат сите останати вредности. Според својата нумеричка вредност може да се интерпретира и како поништување – укажува на непостоење, понекогаш и на смрт, но не секогаш во буквална смисла. Симболизира циклуси во животот, повторно раѓање, време, вртење на тркалото. Нулата се појавува кога сакаме да бидеме присутни во моментот, кога се обидуваме да го реорганизираме сопственото ниво на свесност. Таа ја претставува суштината на реалноста. Таа е и сè и ништо во исто време. Кога ќе почнеме да ја забележуваме, набрзо ќе се најдеме себеси на бескрајна авантура.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Белиот храм – спој на будизам и надреална уметност

    Белиот храм – спој на будизам и надреална уметност

    Ват Ронг Кун (Бел Храм) се наоѓа во Тајланд и најверојатно е единствениот будистички храм во светот во кој можете да пронајдете слики од Супермен, Нео од Матрикс или по некој вселенски брод. Овој објект се наоѓа во близина на градот Чианг Раи и претставува дело на уметникот Chalermchai Kositpipat кој сам го финансирал со цел да може целосно да ја оствари својата уметничка замисла без никакви ограничувања.rnrnБелиот храм - спој на будизам и надреална уметностrnrnПреку ден храмот рефлектира неверојатна, магична светлина благодарение на белата надворешност и ситните парчиња стакло кои уметникот ги употребувал во изградбата. Посетителите велат дека навечер храмот добива сосема поинаква димензија и изгледа надреално, дури и по малку морничаво.rnrnПред влезот туристите ги пречекуваат бизарни статуи, глави од демони обесени на гранки и скелети кои во раце држат цигари и алкохол со цел да укажат на нивното штетно дејство.rnrnОколу храмот се наоѓа и прекрасно езерце кое го чуваат змејови и други митолошки суштества. Посетителите не можат да влезат во внатрешноста на објектот без да го поминат „Кругот на преродбата“ кој го сочинуваат пеколот и мост кој мора да се премине за да се стигне до портите на рајот. А токму пред портите на рајот стојат боговите кои ја контролираат човечката судбина и смртта.rnrnБелиот храм - спој на будизам и надреална уметностБелиот храм - спој на будизам и надреална уметностБелиот храм - спој на будизам и надреална уметностrnrnИ кога сè ова ќе помине, вистинските контрасти се наоѓаат токму во самиот храм каде уметникот на сосема уникатен начин ги има споено приказните и верувањата на будизмот со модерните ликови и симболи. Всушност, целиот храм е проткаен со симболика и скриени значења, кои на некој начин претставуваат лична исповест на Chalermchai Kositpipat за неговите религиозни верувања. Всушност белата боја на храмот е посветена на чистотата на Буда, а малите стакленца на неговата мудрост која свети силно над целиот свет.rnrnБелиот храм - спој на будизам и надреална уметностБелиот храм - спој на будизам и надреална уметностrnrnЦелосна спротивност е делот каде што се наоѓаат тоалетите и местото каде што туристите можат да одморат, којшто за разлика од белиот храм е обоен со златна боја. Проектот е сè уште во изградба и се претпоставува дека нема да биде готов сè до 2070 година.rnrnБелиот храм - спој на будизам и надреална уметност
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.