КАФЕ ПАУЗА

Tag: Швајцарија

  • Кој хотел го поседува најдобриот ски-центар во светот?

    Кој хотел го поседува најдобриот ски-центар во светот?

    Хотелот W сместен во Вербие (село на Швајцарските Алпи) се смета за најдобар хотел за скијачи не само во национални туку и во светски рамки. Седум пати по ред е прогласен за најдобар ски-хотел во светот од World Ski Awards – глобална иницијатива за доделување признанија во скијачкиот туризам.rnrnКој хотел го поседува најдобриот ски-центар во светот?rnrnХотелот се наоѓа во швајцарскиот кантон Вале на надморска височина од 1.531 метри, а има директен пристап до ски-лифтовите кои ви нудат повеќе од 400 километри терен за скијање и планинарење. Кога, пак, снегот ќе го покрие Вербие, можете да скијате директно до хотелот.rnrnКој хотел го поседува најдобриот ски-центар во светот?rnrnОткако ќе уживате во снежните падини, опуштете се во една од 123-те соби и апартмани во хотелот, кои се опремени со простран кревет и камин. Секоја соба има големи прозорци со неверојатен поглед кон прекрасните снежни планини.rnrnКој хотел го поседува најдобриот ски-центар во светот?rnrnМожете да јадете во бистрото W Kitchen во хотелот и во барот Eat-Hola, и да пиете топол коктел во W Living Room. Хотелот располага и со т.н. алпска оаза од 1.300 квадратни метри која вклучува девет соби со третмани за убавина, два базени и теретана опремена со најсовремена опрема.rnrnОткако прочитавте за најдобриот хотел за скијање во светот, можеби ќе сакате да прочитате и за скијачкиот центар кој се гради во пустина.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Дали знаете во кој град е задолжително сите нови згради да имаат зеленило на покривот?

    Дали знаете во кој град е задолжително сите нови згради да имаат зеленило на покривот?

    Досега сигурно сте наишле на необични закони во другите земји. Овој пат одлучивме да направиме листа на најдобрите европски закони кои сигурно и вие би сакале да се воведат кај нас.rnrnДали знаете во кој град е задолжително сите нови згради да имаат зеленило на покривот?rn

    Сите нови згради мора да имаат зелени покриви (Базел, Швајцарија)

    rnБазел е првиот град во светот каде на сите нови згради мора да има засадено зеленило на покривот, а истото важи и за сите стари згради кои се во фаза на детално реновирање.rn

    Шефовите не смеат да ги контактираат вработените по работното време (Португалија)

    rnЗа да се воспостави некаква рамнотежа меѓу приватниот и деловниот живот, Португалците донеле закон кој ги спречува шефовите да ги контактираат вработените по работното време. Претпоставените не смеат да праќаат мејлови, пораки или да ми се јавуваат на вработените по завршувањето на работното време освен доколку не се работи за нешто навистина сериозно.rn

    Инфлуенсерско „разубавување“ на фотографиите (Норвешка)

    rnСе чини дека фотографиите кои инфлуенсерите најчесто ги објавуваат на социјалните мрежи се речиси совршени, а тој ефект е постигнат благодарение на разноразните алатки за разубавување како Фотошоп. Сепак, норвешкиот закон бара од инфлуенсерите да користат одредена ознака преку која ќе ги предупредат следбениците дека користеле алатки за разубавување.rn

    Две нови дрвја за секое родено дете (Велс)

    rnВо Велс е покрената иницијативата за засадување две дрвја за секое родено дете, од кои едното дрво ќе биде засадено во Велс, а другото во Уганда. Истото важи и за случајот кога се посвојуваат деца.rnrnОткако го прочитавте нашиот список со најдобрите европски закони, можеби ќе сакате да прочитате и 10-те закони за заштита на животни кои се показател дека човештвото почнува да се буди.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Најубавите дестинации во Европа за оваа зима

    Најубавите дестинации во Европа за оваа зима

    Зимата за многумина од нас е најубавото годишно време затоа што ни ја носи магијата на новогодишните и божиќните празници, романтиката под студеното ѕвездено небо, адреналинот на скијачките патеки. Доколку сакате да ја искусите бајковитата зимска магија, а сè уште не знаете каде, ние сме тука да ви ги предложиме најубави зимски дестинации во Европа.rnrnНајубавите дестинации во Европа за оваа зимаrn

    Цермат, Швајцарија

    rnПоголемиот дел од годината, Цермат е село потонато во мир и тишина. Но, за време на зимската сезона, овде доаѓаат скијачи од цел свет за да уживаат на безбројните скијачки патеки. Цермат е рај за искусните скијачи. Сепак, селото има што да им понуди и на туристите кои не скијаат. Прошетките во градот и по околните ридови се вистинско уживање бидејќи сонцето сјае и во студените денови и ги прави совршени прошетките во природа. Можете да се санкате или да шетате со водич и да откриете и други, помалку познати места во близина. Една од најпримамливите патеки за зимско планинарење е патеката од Блаухерд до Флухалп, долга околу 2 километри.rnrnНајубавите дестинации во Европа за оваа зимаrn

    Рејкјавик, Исланд

    rnЗа многумина Исланд е најубав во зима. Ние во целост се согласуваме затоа што снежните пејзажи што ги нуди ова место мора да се видат и доживеат, барем еднаш во животот. Исланд, земјата на вечните гејзири, нуди авантури што не можете да ги најдете во другите европски земји. Секој февруари Рејкјавик е домаќин нa Зимскиот фестивал на светлата каде можете да уживате во светлосни инсталации и други активности на отворено. Доколку пак сакате да се загреете, Исланд е познат по своите геотермални базени каде можете да се капите во топла вода под студеното ноќно небо. Доколку сте по планинарењето не пропуштајте да направите обиколка по околните села на Рејкјавик како и да го посетите Големиот гејзир (се проценува дека е стар околу 10.000 години).rnrnНајубавите дестинации во Европа за оваа зимаrn

    Абиско, Шведска

    rnДоколку сте во потрага по место кое нуди преубав поглед на поларната светлина, а сте со ограничен буџет, тогаш Абиско е вистинскиот избор за вас. Местото се карактеризира со посебна микроклима што ги зголемува шансите да видите разиграна светлина на небото, што не е случај со другите скандинавски дестинации. Абиско е совршена дестинација за љубителите на зимските спортови. Во близина на ова место се наоѓа првиот леден хотел во светот каде можете да преноќите на температура од -5 степени Целзиусови или да одите на турнеја со водич за да дознаете повеќе за неговата изградба и историја.rnrnНајубавите дестинации во Европа за оваа зимаrn

    Халштат, Австрија

    rnХалштат е полн со бајковити цркви од 12 век и шармантни куќички расфрлани по снежните падини на планините Дахштајн. Халштат е гратче со население од 1.000 жители кои живеат во дрвени куќи. Кога е покриено со снег и мраз, гратчето изгледа како да е дел од руска бајка.rnrnНајубавите дестинации во Европа за оваа зимаrn

    Прага, Чешка

    rnВо Прага зимата доаѓа на почетокот на зимата и трае сè до крајот на февруари, а за сето тоа време покривите и црковните куполи се постојано под снежна покривка. Зимската магија е доловена и преку многубројните новогодишни пазари. Прага е особено жива и весела во втората половина на декември кога ја посетуваат многубројни туристи. Февруари е исто така идеален месец за посета на овој град поради карневалската сезона со блескавата парада на костуми. За време на целата зимска сезона на многу места во градот има лизгалишта, а можете да слушнете и концерт на класична музика во некоја од средновековните цркви. Вреди да се спомене и фактот дека Прага е дом на повеќе од 100 музеи и галерии како и на една од најстарите библиотеки во светот.rnrnНајубавите дестинации во Европа за оваа зимаrnrnДоколку се забавувавте со нашиот избор на најубави туристички зимски дестинации во Европа, ви препорачуваме да прочитате и  за снежните хотели во Скандинавија кои нудат поразличен зимски одмор.rnrnИзвор: wannabemagazine.com

  • Швајцарско село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопади

    Швајцарско село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопади

    Швајцарското село Лаутербрунен изгледа како да излегло од зад сцената за некој романтичен филм снимен во природа. Има нешто повеќе од две илјади жители и се наоѓа во бујна зелена долина украсена со дрвја и цвеќиња, а погледот нагоре завршува на огромни планински врвови.rnrnШвајцарско село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопадиrn

    1. Сосема необично

    rnСелото се состои од неколку улици полни со продавници, ресторани и куќи. Далеку е од големо, но добро е да биде токму такво, затоа што својата големина ја компензира со шармот и убавината со кои ги освојува сите странци, но и локалните жители.rn

    2. Поглед на фантастичен водопад

    rnЛаутербрунен го добил прекарот „место на 72 водопади“ од сосема оправдана причина. Видливи се многу мали и големи водопади, а до некои може да стигнете многу блиску до нив. Што се однесува до водопадите, најдобро е да го посетите Стаубах. Сместен е на периферијата на селото, а до нив ве очекува опуштена прошетка. Одлично е што можете да стигнете до самиот водопад, поточно зад него, и да ги видите Лаутербрунен и долината низ „вода што паѓа“.rn

    3. Градба на најголема надморска височина во Европа што е изградена од човек

    rnПосетата на опсерваторијата Сфинга е совршена за патниците кои бараат незаборавно искуство. Турата низ областа се плаќа, но тоа е навистина незаборавно искуство. Врвот ќе го достигнете минувајќи низ Јунгфраујох, највисоката железничка станица во Европа. Погледот од опсерваторијата достигнува дури до Франција, Италија и Германија, така што само тој факт е доволна мамка за посета на ова село.rn

    4. Незаборавни пешачки патеки

    rnКога сте таму, заборавете на автомобилот, бидејќи ќе бидете поврзани со жичарници и возови. Околните планини нудат многубројни пешачки патеки, кои минуваат низ шумата, преку потоците, покрај водопадите итн.rn

    5. Блиску до другите убавини на Швајцарија

    rnЕдна од предностите на Лаутербрунен е неговата близина со другите прекрасни швајцарски дестинации. Ако сакате да пешачите или да скијате, можете многу брзо да стигнете до Гринделвалд. Ако сакате да „скокнете во културата“, возот веднаш ве носи во Интерлакен. Блиску е и Женева, а ниту Цирих не е предалеку. Всушност, не можете да погрешите со Лаутербрунен, ниту со Швајцарија.rnrnШвајцарско село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопадиrnrnШвајцарско село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопадиrnrnШвајцарско село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопадиrnrnШвајцарско село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопадиrnrnПогледнете ја оваа италијанска плажа скриена зад фјордовите со прекрасни куќички во карпите.

  • Зошто треба да го поминете летниот одмор во земјата на часовниците и вкусното сирење?

    Зошто треба да го поминете летниот одмор во земјата на часовниците и вкусното сирење?

    Швајцарија е претежно синоним за зимска бајка: снежни планини, скијачи и топол пијалак покрај шпоретот. Но, швајцарските планини имаат исто толку што да им понудат на посетителите во летните месеци. Зелените ливади и прекрасните езера ќе ве остават без здив, а и онака летото ќе дојде многу скоро…rnrnЗошто треба да го поминете летниот одмор во земјата на часовниците и вкусното сирење? rn

    1. Планинарење

    rnВо лето, како и во зима, Швајцарија е најгорда на своите планини. Најдобро време за планинарење е крајот на летото бидејќи нема снег и времето е исклучително пријатно и топло. Многу планини се многу тешки, па затоа оние со помала кондиција можат да стигнат до врвот со жичара и да продолжат да одат од таму.rn

    2. Одете по планината со стил

    rnИ покрај тоа што нема снег во текот на летото, тоа не значи дека не можете да се спуштате по планините со голема брзина. Зависниците од адреналин можат да пробаат планински велосипедизам или параглајдерство, а особено е популарен Роделбан – летниот слајд.rn

    3.Пливајте во алпските езера

    rnВо подножјето на планините има долини со прекрасни езера со кристално чиста вода. Во лето можно е да се капеме во нив, иако температурите се малку пониски. Најпознато е Женевското езеро, кое има околу сто јавни плажи. Туристите исто така сакаат да се бањаат во езерото Лугано, а во главниот град Цирих се особено популарни плажите каде има кафулиња и ресторани.rn

    4. Посетете еден од музичките фестивали

    rnПознатиот џез фестивал Montreaux се одржува на Женевското езеро, а во август ќе можете да уживате во фестивалот на класична музика во Луцерн. За љубителите на модерната музика постои Zürich Open Air,, а во 2019 година главни наслови беа Били Ајлиш и Калвин Харис.rn

    5. Земете го возот

    rnШвајцарија навистина има импресивна мрежа на возови. Особено се популарни некои од панорамските возења, како што е Бернина експрес, кој исто така е под заштита на УНЕСКО. Глечер експрес ве носи од Св. Мориц сè до Матерхорн. Сите железнички правци минуваат низ планините и нудат прекрасен поглед на природата.rnrnЗошто треба да го поминете летниот одмор во земјата на часовниците и вкусното сирење? rnrnЗошто треба да го поминете летниот одмор во земјата на часовниците и вкусното сирење? rnrnЗошто треба да го поминете летниот одмор во земјата на часовниците и вкусното сирење? rnrnЗошто треба да го поминете летниот одмор во земјата на часовниците и вкусното сирење? rnrnЗошто треба да го поминете летниот одмор во земјата на часовниците и вкусното сирење? rnrnЗошто треба да го поминете летниот одмор во земјата на часовниците и вкусното сирење? rnrnПрочитајте и за оваа прекрасна, но смртоносна пирамида која некогаш се сметаше за непобедлива.

  • Прекрасна, но смртоносна пирамида која некогаш се сметаше за непобедлива

    Прекрасна, но смртоносна пирамида која некогаш се сметаше за непобедлива

    Симболот на Швајцарија, кој е подеднакво познат меѓу планинарите и љубителите на чоколадо, Тоблероне, е еден од највисоките врвови на Алпите. Карактеристичниот изглед на пирамидалната планина, како и историските искачувања, од кои некои завршија трагично, го прават Матерхорн не помалку значаен од повисоките предмети на желбата на алпинистите ширум светот.rnПрекрасна, но смртоносна пирамида која некогаш се сметаше за непобедливаrnrnМатерхорн, познат по својот малку свиткан рог, настанал пред повеќе од 50 милиони години, кога се судриле европскиот и африканскиот континент. Врвот на планината каде што се среќаваат нерамни гребени бил обликуван од глечерите. Ерозијата на карпите како резултат на студот од кој пукнале, мразот што ги кине, како и водата што ги обликува, формирале вдлабнатини на страните помеѓу гребените.rnrnЕкспедицијата што ја освои оваа алпска планина на границата меѓу Швајцарија и Италија, висока 4478 метри, за прв пат ја водеше Едвард Вајмпер, а поголемиот дел од неговиот тим загина при спуштање. Во обидите за освојување од првото искачување до 1995 година, загинаа околу 500 алпинисти.rnrnВоодушевувачката убавина на Матерхорн го фасцинирала и конзулот Јулиј Цезар и се верува дека тогаш му било дадено француското име Сервин, кое подоцна било променето во Цервин.rnrnШвајцарскиот физичар и геолог Хорас Бенедикт де Сосир, кој исто така се искачил на Мон Блан, размислувал за освојување на оваа пирамида, но заклучил дека стрмните страни каде што дури и снег не се пријателски расположени за посетителите. Енгли Вимпер докажа дека Сосир не беше во право, но неговиот план не помина во најдобар ред. Од 1861 година тој неуморно се искачил седум пати до четири години подоцна, кога имал 25 години, со својот тим тргнал кон швајцарската страна во јули. Тие стигнаа до врвот, но како што се спуштија јажето се скина и четворица мажи исчезнаа во бездната.rnrnТројцата беа пронајдени 1.200 стапки подолу, а телото на четвртиот, лордот Френсис Даглас, никогаш не беше пронајдено. Колибите, јажињата, каблите и потпорниците подоцна беа поставени денес им помагаат на алпинистите, но врвот што предизвикува стравопочит продолжи да одзема животи. Ова, сепак, не спречува до две илјади храбри луѓе да се искачуваат на познатиот рог секоја година.rnrnПрекрасна, но смртоносна пирамида која некогаш се сметаше за непобедливаrnrnПрекрасна, но смртоносна пирамида која некогаш се сметаше за непобедливаrnrnПрекрасна, но смртоносна пирамида која некогаш се сметаше за непобедливаrnrnПогледнете ги овие најшармантни мали градови.

  • 300 денари за мало пиво, а 150 за леб: 7 работи што не сте ги знаеле за европскиот Рио де Жанеиро

    300 денари за мало пиво, а 150 за леб: 7 работи што не сте ги знаеле за европскиот Рио де Жанеиро

    Неговата панорама потсеќа на познатиот бразилски бисер, поради што многумина го нарекуваат европски Рио де Жанеиро. Ова сигурно не сте го знаеле за Лугано во Швајцарија.rnrn300 денари за мало пиво, а 150 за леб: 7 работи што не сте ги знаеле за европскиот Рио де Жанеироrn

      rn 011

    1. Лугано е град и општина во јужниот дел на Швајцарија во кантонот Тичино на границата со Италија. Покрај тоа, тој е најголемиот град со население што претежно зборува италијански надвор од Италија. Градот има околу 63 илјади жители, или околу 150 000 со предградија. Поради неговата близина до Италија, Лугано има силно италијанско влијание врз архитектурата, културата и начинот на живот.
    2. rn 011

    3. Градот лежи на глацијалното езеро Лугано, кое се наоѓа на надморска височина од 271 метар во подножјето на Алпите. Езерото има површина од 49 квадратни километри, од кои 31 квадратни километри се наоѓаат во Тичино, а остатокот во соседна Ломбардија. Најголемата длабочина на езерото е 288 метри. Езерската вода се загрева до 24 Целзиусови степени во летните месеци.
    4. rn 011

    5. Лугано носи многу прекари. Неговата панорама неодоливо потсеќа на познатиот бразилски бисер, поради што многумина го нарекуваат европски Рио де Жанеиро. Поради топлите лета привлекува многу познати личности од целиот свет, кои му го дадоа и прекарот Швајцарски Монте Карло.
    6. rn 011

    7. Како што доликува на модерно одморалиште, но и град кој е оддалечен само 80 километри од Милано, Лугано е одличен и за сите љубители на скапи модни брендови. Тука може да се набави сè, од облеката на Гучи, Прада, до модните додатоци Ролекс и Патек Филип.
    8. rn 011

    9. Градот е опкружен со планините Бре и Сан Салваторе. Исто така има и жичара до Сан Салваторе со волшебен поглед на Лугано и неговата околина, кој е изграден во 1886 година.
    10. rn 011

    11. Поради своите живописни предели, но и шармантниот стар град, Лугано е популарен туристички град. Од друга страна, ова е трет банкарски центар во Швајцарија, па може да се каже дека Лугано на свој начин ги комбинира швајцарската ефикасност и италијанската (медитеранска) релаксација.
    12. rn 011

    13. Лугано е исто така многу скапо место за живеење. Литар млеко во продавницата чини нешто повеќе од 100 денари, а лебот е околу 150 денари. За мало пиво од 0,33 литри во кафулињата, треба да платите околу 300 денари, а ќе платите околу 1500 денари за ефтин оброк во ресторан.
    14. rn

    rnПрочитајте и за најшармантните мали градови.

  • Како од бајка: Прекрасно тиркизно швајцарско езеро, но и една морничава легенда

    Како од бајка: Прекрасно тиркизно швајцарско езеро, но и една морничава легенда

    Во западна Швајцарија, во долината Кандер се наоѓа едно мало езеро. Сепак, тоа е популарна туристичка дестинација, па секако мораше да истражиме за што станува збор.rnrnЕзерото се вика Блузи, т.е. Сино езеро, и доволно е само да ги погледнете фотографиите за да разберете зошто сите сакаат да го посетат.rnrnКако од бајка: Прекрасно тиркизно швајцарско езеро, но и една морничава легенда Како од бајка: Прекрасно тиркизно швајцарско езеро, но и една морничава легендаrnrnБојата на водата во езерото е скоро нереална – целосно тиркизна и чиста. Особено во комбинација со зеленилото на околните шуми, оваа дестинација потсетува на најубавите сцени од рекламите за чоколадото „Милка“. Можете исто така да видите скулптура на жена која гледа во небото и изгледа како да плаче. Не без причина, затоа што постои легенда поврзана со езерото која вели дека тоа ја добило бојата на очите на една жена која жалела за смртта на својот љубовник. Тој починал откако паднал од карпа, а таа плачела тука цел живот. Уште во 1998 година, уметникот Рафаел Фукс направи статуа на жена која лежи на дното на езерото, така што само главата излегува над површината.rnrnКако од бајка: Прекрасно тиркизно швајцарско езеро, но и една морничава легендаrnrnМалку бизарна приказна во близина на една толку убава сцена, но секогаш можеме да се тешиме со фактот дека тоа е само легенда. Совршено е за алпинисти, велосипедисти, планинари или оние кои сакаат романтично возење со брод. Од есен до пролет е можно нуркање, па така ќе можете да ја видите статуата одблизу.rnrnВо близина има убав хотел и добар ресторан, па можете да се опуштите без да размислите „каде после“. Околните патеки се погодни за сите возрасти и не се тешки, а до езерото лесно се стигнува со автомобил, па дури и со локален автобус.rnКако од бајка: Прекрасно тиркизно швајцарско езеро, но и една морничава легендаrnrnКако од бајка: Прекрасно тиркизно швајцарско езеро, но и една морничава легендаrnrnКако од бајка: Прекрасно тиркизно швајцарско езеро, но и една морничава легендаrnrnКако од бајка: Прекрасно тиркизно швајцарско езеро, но и една морничава легендаrnrnКако од бајка: Прекрасно тиркизно швајцарско езеро, но и една морничава легендаrnrnКако од бајка: Прекрасно тиркизно швајцарско езеро, но и една морничава легендаrnrnКако од бајка: Прекрасно тиркизно швајцарско езеро, но и една морничава легендаrnrnПрочитајте кои 5 трендови во патувањето кои нѐ очекуваат по завршувањето на пандемијата.

  • Идиличен швајцарски град сместен помеѓу езера и планини

    Идиличен швајцарски град сместен помеѓу езера и планини

    Овој град во централна Швајцарија е важна туристичка дестинација. Неговите патишта водат кон езерата и планините во регионот, и токму од тука можете да го доживеете највисокото возење со воз во Европа. Добредојдовте во идиличниот Интерлакен!rnrnИдиличен швајцарски град сместен помеѓу езера и планиниrnrnИ покрај својата привлечност, тој не бил особено добро познат до почетокот на 19 век, кога започнал масовно да се посетува од локални сликари. Наскоро започна локалниот фестивал „Unspunnenfest“ посветен на швајцарската култура и така се покрена туризмот. Првите посетители доаѓале претежно од здравствени причини. Спа-третманите и свежиот планински воздух сè уште се гордост на градската здравствена и туристичка понуда.rnrnПокрај тоа, ова е рај за планинарите. Околните врвови се повисоки од 4000 метри, а оние кои не го сакаат планинарењето можат да користат и планински возови за да уживаат во убавините на природата без премногу напор. Возот за Јунгфраујох е дел од највисоката железница во Европа. Тој ги превезува своите патници до 3450 метри надморска височина, а има и тунел од 7 километри. Бидејќи градот се наоѓа помеѓу две езера, можете да уживате во возење со брод и поглед кон тиркизната вода што ги вклучува моќните планини во позадина. Над едното езеро се наоѓаат пештери во кои, според приказните, живеел ирскиот монах Беатус. Во внатрешноста на пештерите е можно да ги видите подземните водопади, а има и пештерски музеј заедно со ресторан.rnrnСо сето погоре наведено, може да очекувате поголем град со поголемо население, но реалноста е дека овој град има помалку од 6.000 жители, а и тој број се намалува. Дури четвртина од населението се странци, а покрај доминантниот германски јазик, се користат и португалски, италијански и француски јазик.rnrnИдиличен швајцарски град сместен помеѓу езера и планиниrnrnИдиличен швајцарски град сместен помеѓу езера и планиниrnrnИдиличен швајцарски град сместен помеѓу езера и планиниrnrnИдиличен швајцарски град сместен помеѓу езера и планиниrnrnПрочитајте и за овие прекрасни пештери во кои влегувањето е забрането.

  • Музеј во кој ќе уживаат сите љубители на чоколадо

    Музеј во кој ќе уживаат сите љубители на чоколадо

    Секогаш тука кога сакаме да го подобриме расположението, да ја подигнеме својата енергија, да покажеме некому дека ни се допаѓа. Порано беше повредно дури и од сувото злато, а фасцинацијата за него не стивнува ниту денес. Се разбира, зборуваме за чоколадо, без кое денес не можеме да замислиме ниту еден десерт, па затоа не е изненадувачки што се повеќе атракции се посветени на тоа!rnrn

    rnrnМузеите за чоколадо полека стануваат вистинска атракција во светот, а покрај најблискиот музеј за чоколадо кој минатата година ги отвори вратите во Загреб, на списокот со атракции што мора да се посетат е и музејот во Швајцарија, кој беше отворен неодамна.rnrnТоа е музејот „Lindt Home of Chocolate“ близу Цирих, создаден во стилот на Вили Вонка. Овој музеј, поддржан од архитектонската фирма „ Atelier Brückner“ , изгледа точно како што би го замислиле. Го има овој примамлив десерт на секој чекор, а најатрактивно е градината со највисоката чоколадна фонтана, висока 9,3 метри.rnrnИсто така, во овој музеј можете да дознаете сè за историјата на чоколадото, но и да научите како се произведува денес. Она што сигурно ве интересира е тоа дека можете да вкусите бело, темно и млечно чоколадо во неограничени количини, а исто така можете да креирате сопствено чоколадо и да ја дизајнирате неговата амбалажа.rnrn

    rnrn

    rnrn

    rnrn

    rnrn

    rnrnПогледнете ги овие цветни инсталации кои ги разубавуваат телефонските говорници и кантите за отпадоци низ Њујорк.