КАФЕ ПАУЗА

Tag: шеф

  • 10 начини на коишто го нервирате вашиот шеф

    10 начини на коишто го нервирате вашиот шеф

    Без разлика дали станува збор за односите со вашите колеги или пак со вашите претпоставени, несомнено е дека деловните односи честопати може да бидат комплицирани. Иако немате лоши намери, со некои ваши постапки можете несвесно да ги нервирате оние околу вас. Што се однесува конкретно до вашиот шеф, погледнете кои се десетте најчести навики со коишто можете да го изнервирате.rnrnrn

    1. Секогаш доцните

    rnВашиот шеф нема да биде импресиониран од изговорите, без разлика дали причина за тоа е метежот во сообраќајот, проблемите со паркингот или пак со вашите деца. Секогаш постои начин да стигнете навреме, доколку научите подобро да управувате со вашето време.rn

    2. Премногу се потпирате на мејловите

    rnУште една навика којашто го иритира вашиот шеф е тоа што му ги препраќате мејловите коишто не се многу значајни. Подобро е да ги издвоите важните прашања и да му ги соопштите, при што ќе ја поедноставите комуникацијата.rn

    3. Озборувате во канцеларијата

    rnСитуацијата навистина може да биде непријатна доколку вашиот шеф ги слушне вашите озборувачки разговори. Всушност, тој смета дека вие вашата енергија премногу ја посветувате на неважни работи, при што не оставате добар впечаток.rn

    4. Постојано треба да ве потсетуваат

    rnБез разлика дали станува збор за почитување на некој краен рок или пак за извршување на некоја редовна задача, не дозволувајте постојано да ви е потребно потсетување. Секако, ако не успевате да ги исполните временските рокови, вашиот шеф во право е да ви се лути.rn

    5. Постојано го користите телефонот

    rnИако не ви е забрането користење мобилен телефон за време на работните часови, вашиот шеф смета дека со постојаното негово користење се намалува вашата продуктивност. Затоа, бидете внимателни и разумно користете го телефонот.rnrnrn

    6. Доминирате на средбите

    rnНе дозволувајте постојано да зборувате и да се изгубите во вашите зборови, додека вашите колеги и претпоставени не уживаат во тоа. Не водете монолог, зборувајте само онолку колку што е потребно.rn

    7. Живеете во сопствен свет

    rnОва се однесува на тоа дека вие живеете и работите во свој мал свет, притоа судирајќи се со реалниот свет во канцеларијата. Вашите желби и потреби не се централниот проблем на компанијата. Не заборавајте уште еднаш да се потсетите која е нејзината мисија.rn

    8. Премногу се базирате на претпоставките

    rnСекако дека некоја ситуација ќе бара да претпоставувате одредени работи, но понекогаш тие може да доведат до недоразбирања и да ја уништат транспарентноста помеѓу персоналот.rn

    9. Премногу користете боледување

    rnДодека користите слободни денови, вашиот шеф мора да најде некој којшто би ве заменил. Доколку тоа се случува премногу често, тогаш тоа лошо ќе се одрази врз целокупниот персонал.rn

    10. Означувате сè како да е итно

    rnМислите дека вашиот шеф треба да знае сè, односно секоја ситница. Ова може да доведе до непотребни непријатности, па и до занемарување на вистинските проблеми. Научете ја разликата помеѓу она што е навистина важно и она што е од помала значајност за компанијата.

  • 3 совети да бидете фантастичен шеф

    3 совети да бидете фантастичен шеф

    Ефективниот и индивидуалниот стил на лидерство е клучен во напредокот на сечија кариера. Една неодамнешна студија открива дека младите шефови денес се стремат да бидат трансформални, односно да ја ценат соработката, страста за работата и целта пред сообразноста и процесот. Сакаат да создаваат свои правила, да смислуваат нови работи и да ги менуваат начините на работа. Независно колку сте стари, доброто лидерство бара пракса и вежбање. Во тој контекст, прочитајте ги 3-те совети како да бидете фантастичен шеф според мислењата на експертите.rnrn3 совети да бидете фантастичен шефrn

    1. Споделувајте информации

    rnНајважната особина која луѓето ја бараат кај лидерите е искреноста.rn

    „Никој не сака трачеви, гласини и оговарања“, вели Дан Швабел, автор на книгата „ Промовирајте се себеси: Новите правила за успех во кариерата“.

    rnОбидете се да ја стекнете довербата на својот тим и погрижете се редовно да се состанувате со нив и да им давате соодветен фидбек. Запознајте ги подобро своите колеги и обидете се да дознаете во кое поле им е потребна помош.rn

    2. Бидете тоа што сте, но бидете и спремни за подобрување

    rn

    „Оваа генерација повеќе ги поддржува различните типови лидерство“, вели Линдзи Полак, автор на книгата „Станувајќи шеф: Нови правила за следната генерација лидери“.

    rnДоколку не сакате да зборувате во јавност, да пренесувате лоши вести или да правите различни работни функции, не треба да мислите дека не сте способни да бидете лидер. Клучот е да спознаете каде треба да се подобрите, во кој дел од вашиот карактер и работен перформанс е потребна промена, да ги прашате колегите за коментар, или да побарате помош од некој надворешен извор како ментор.rn

    3. Дајте им слобода на своите колеги да напредуваат

    rnВитни Волф, 26-годишната коосновачка на социјалната мрежа Тиндер, препорачува да ги охрабрувате своите колеги да се чувствуваат како претприемачи, слободни да придонесуваат и остваруваат свои идеи во организацијата. Таа неодамна добила една фантастична идеја од еден стажант во нејзината компанија.rn

    „Не можете да водите со страв. Резултатите се подобри кога луѓето се чувствуваат охрабрено“, вели таа.

  • Веднаш заборавете ги: Работни пропусти кои не смеете да ги правите во 2016-та година

    Веднаш заборавете ги: Работни пропусти кои не смеете да ги правите во 2016-та година

    Сите ние правиме помали или поголеми подносливи работни пропусти, но нивниот број, барем кога станува збор за 2016-та година, треба да биде сведен на минимум. Најпросто кажано, немојте да ја ризикувате својата кариера поради обични глупости. Ова се работните пропусти кои не смеете да си ги дозволите на себе оваа година.rnrn1-vednash-zaboravete-gi-rabotni-propusti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_rn

    1. Доаѓате последни на работното место

    rnВо ред е да задоцните еднаш, но ако го правите тоа секојдневно или секој втор ден, можете да го привлечете вниманието на шефот и да го доведете во прашање своето работно место, но и својата кариера. Обидете се во 2016-та година да не доцните, не само на работа, туку и на секој закажан состанок. Тоа е најдобар начин да се научите да го почитувате туѓото време, но и другите да започнат да ве почитуваат вас.rn

    2. Одите на работа мамурни

    rnНе доаѓајте на вашето работно место мамурни, бидејќи тоа нема да ја загрози само вашата кариера, туку и ќе оставите голем негативен впечаток за вас лично. Пијте многу вода и обидете се вашиот мамурлак да остане незабележан.rn

    3. Ја работите работата која ја мразите

    rnВо време кога сите мислиме на финансиски опстанок, тешко е да се каже дека не треба да ја работите работата што не ја сакате. Меѓутоа, ако таа работа ви го нарушува вашето здравје, во која било смисла, тогаш никако не си дозволувајте да го работите она што не ве исполнува, а уште помалку, она што не ве прави среќни.rn

    4. Работите прекувремено само затоа што чувствувате вина

    rnАко другите остануваат на работа прекувремено, тоа не значи дека и вие треба да го правите тоа. Штом сте си ја завршиле својата работа или сте завршиле нешто повеќе, никако не се оптоварувајте со дополнителна работа, особено надвор од работното време, бидејќи утредента ќе бидете преморени и исцрпени, а тоа воедно ќе влијае на вашата продуктивност.rnrn2-vednash-zaboravete-gi-rabotni-propusti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_rn

    5. Не разговарате со колегите

    rnОваа година потрудете се да имате коректен однос со останатите луѓе на работа. Нема да ви штети ако ги прашате како се или да поразговарате со нив на некоја тема. На овој начин вие, но и тие ќе се чувствуваат попријатно и така сигурно подобро ќе соработувате во иднина.rn

    6. Губите време на социјалните мрежи

    rnВо ред е да бидете на Фејсбук или на некоја друга социјална мрежа ако природата на вашата работа го бара тоа, но тоа не значи дека треба постојано да „висите“ таму. Освен тоа што вашиот шеф, порано или подоцна, ќе го забележи тоа, постојаното сурфање на интернет може сериозно да влијае на вашата продуктивност.rn

    7. Се плашите од вашиот шеф

    rnВо ред е да го гледате вашиот шеф како авторитет, но тоа не значи дека треба да се плашите од него. Затоа обидете се во 2016-та година да ја промените оваа особина и потрудете се својот страв кон шефот да го претворите во нешто покорисно за вас – нешто што нема да ве спречува да напредувате.rnrn3-vednash-zaboravete-gi-rabotni-propusti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

  • 5 работи кои никогаш не треба да ги кажувате пред вашиот шеф

    5 работи кои никогаш не треба да ги кажувате пред вашиот шеф

    Успехот во кариерата е нешто што им е важно на сите луѓе. Сакаме да сме способни и подготвени, да успееме во своите замисли и да ги постигнеме своите цели, а кога нешто навистина сакаме, тогаш веројатно ќе работиме за тоа со целото срце и душа. Но една од многуте работи кои може да ни се испречат на патот, а која има неверојатно важна улога, е непрофесионалноста. Поради неа луѓето нема да нѐ сфатат сериозно, па имајќи лошо мислење ќе размислат два пати пред да се вклучат во некаков работен однос со нас или уште повеќе, дали да го задржат постоечкиот.rnrnСо цел успешно да ги избегнете ваквите ситуации, внимавајте на следниве 5 работи кои се препорачува да не ги кажувате и правите пред вашиот шеф.rnrn(1)-5-raboti-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-kazhuvate-pred-vashiot-shef-kafepauza.mkrn

    1. „Ова не е моја работа“

    rnДоколку сакате да напредувате во својата работа, тогаш кажувањето нешта како Ова не е моја работа и не се баш така добра идеја. Без разлика дали станува збор за работно место во државна институција или приватна компанија, како вработено лице ќе добивате и задачи кои не секогаш ќе спаѓаат во описот на вашето работно место.rnrnИако не треба да дозволите да ве искористуваат и вие да ги извршувате и туѓите задачи, веројатно некогаш ќе треба да го направите тоа. Но позитивното тука е што на тој начин ќе му покажете на својот шеф дека имате желба за работење, дека сте тимски играч и дека не ви пречат плус работни задачи само поради тоа што не се ваша работа, а тоа е позитивен додаток кон успешна кариера.rn

    2. „______ е идиот“

    rnНа сите нас ни се случуваат моменти кога сме премногу гневни на некој колега или дури и на шефот. Навистина, не постои вработен човек кој не поминал низ такво искуство. Во тие моменти ни доаѓа да се откажеме и притоа, знаеме да кажеме работи кои се целосно несоодветни.rnrnВо налети на лутина, често се наоѓаме во ситуација кога зборувајќи со друг колега за проблемот, ја навредуваме личноста која нѐ налутила. Не размислувајќи колку непрофесионално звучиме во тие моменти, се доведуваме себеси во позиција луѓето да го сменат мислењето за нас на полошо. Постои веројатност и шефот многу брзо да слушне за тоа што сте го рекле само бидејќи во краток момент на нервоза не сте успеале да се воздржите. Иако имате проблеми со некого, постојат повеќе начини како да ги решите. Именувајќи ја таа личност со секакви имиња пред другите колеги или пред самиот шеф не е меѓу нив.rn

    3. Правите гримаси

    rnДетски е и целосно непрофесионално од ваша страна да правите гримаси. Сакате да успеете во професионалниот свет и да ве почитуваат, но правењето гримаси ќе ве претстави во сосема поинакво светло. Наместо сериозни, ќе делувате како дете на кое не му купиле сладолед; наместо посветени и смели, ќе претставите слика на личност која не ја цени својата работа.rnrnНикој не вели дека треба да се согласувате со сите и со сето она што тие го прават и се случува, но правењето гримаси нема да ви помогне дури и кога мислите дека никој не ве гледа. Бидете професионални и исфрлете ја оваа навика од вашето секојдневие.rn

    4. „Ќе се задржам повеќе на работа, повторно!“

    rnЕ па, животот не е совршен. Некогаш ќе имате помалку работа, а некогаш ќе имате повеќе. Не е лесно и сигурно не е убаво чувството кога повторно треба да останете на работа и после завршување на работно време, но што можете да направите? Работата мора да се заврши.rnrnМожеби состанокот се одложил за подоцна или имате итна и важна задача која мора да се изработи што побрзо. И колку и да сте нервозни и/или лути во тие моменти, коментирањето работи од типот на повторно треба да останам до подоцна на работа нема да ви помогнат. Наместо да се жалите на ваков индиректен начин, може да се обидете да разговарате со шефот ако работата ви е пренапорна. Но никако кога сте нервозни. Завршете ја работата и покажете му на вашиот шеф дека сте способни да дадете и повеќе од себе кога тоа се бара од вас, а следниот ден, откако убаво ќе размислите со ладна глава, решете го проблемот на професионално ниво.rn

    5. „Се обидов еднаш така, но не функционира“

    rnА дали навистина е тешко да се обидете уште еднаш? Или барем да се воздржите од коментирање на вакви работи? Верувајте дека вашиот шеф нема да го цени фактот што се правите паметни, бидејќи токму така ќе делувате. Уште повеќе, ќе делува како да не сте способни да се справите со ситуацијата и соодветно да си ја завршите работата. А секогаш може да се обидете со поинаков пристап кој ќе оди во ваша корист.rnrnТака, наместо веднаш да одите кај шефот и да му кажете дека не функционира, обидете се да најдете можно решение, па пристапете му со подготвен предлог. Дури и веќе да сте се обиделе со некои од работите кои тој ќе ги предложи, вака ќе имате прилика да му покажете дека иако тие не функционирале, вие неуморно размислувате за тоа како да го решите проблемот.

  • 11 нешта што се случуваат после вечер помината во пиење со колегите

    11 нешта што се случуваат после вечер помината во пиење со колегите

    Си рековте дека ќе одите само од љубезност, но испадна вечер од типот „Кој ќе испие повеќе алкохол“ и сега време е да се соочите со реалноста. А реалноста, не е баш нешто со кое би сакале да се соочуваме после бурна ноќ исполнета со неконтролирано пиење…rn

    1. Кога ќе ги видите колегите наутро, се чувствувате како заедно да сте преживеале војна.

    rn1-11-neshta-shto-se-sluchuvaat-posle-vecher-pominata-vo-pienje-so-kolegite-kafepauza.mkrn

    2. Вечерта после бурна ноќ многу наликува на сцена од филмот „Breakfast Club“ кога ќе речат: „Што ќе се случи во понеделник кога сите ќе бидеме повторно заедно?“, но во вашиот случај ќе биде: „Што ќе се случи утре кога сите повторно ќе бидеме трезни?“

    rn2-11-neshta-shto-se-sluchuvaat-posle-vecher-pominata-vo-pienje-so-kolegite-kafepauza.mkrn

    3. Наместо да отидете да појадувате, порачувате достава на калоричен појадок кој го јадете сами во канцеларија.

    rn3-11-neshta-shto-se-sluchuvaat-posle-vecher-pominata-vo-pienje-so-kolegite-kafepauza.mkrn

    4. Не ви е јасно зошто луѓето ви даваат повеќе работа кога треба да се среќни што воопшто сте се појавиле.

    rn4-11-neshta-shto-se-sluchuvaat-posle-vecher-pominata-vo-pienje-so-kolegite-kafepauza.mkrn

    5. Во вакви моменти се надевате дека мејлот полн со пцовки кој му го пративте на вашиот „омилен“ колега не се пратил или дека колегата нема да се сеќава дека го прочитал…

    rn5-11-neshta-shto-se-sluchuvaat-posle-vecher-pominata-vo-pienje-so-kolegite-kafepauza.mkrn

    6. Исто така имате еден колега кој пред вашиот шеф постојано спомнува колку сте биле напиени синоќа…

    rn6-11-neshta-shto-se-sluchuvaat-posle-vecher-pominata-vo-pienje-so-kolegite-kafepauza.mkrn

    7. Искрено се надевате дека ниеден од вашите колеги не ве сфатил сериозно кога сте го поканиле да излезете заедно.

    rn7-11-neshta-shto-se-sluchuvaat-posle-vecher-pominata-vo-pienje-so-kolegite-kafepauza.mkrn

    8. Откако цела вечер сте пиеле шотови со нив, нема причина сѐ уште да не се сеќавате на имињата на некои од колегите од другите оддели. Ама ете, не се сеќавате.

    rn8-11-neshta-shto-se-sluchuvaat-posle-vecher-pominata-vo-pienje-so-kolegite-kafepauza.mkrn

    9. Ве облева ладна пот за време на состаноци…

    rn9-11-neshta-shto-se-sluchuvaat-posle-vecher-pominata-vo-pienje-so-kolegite-kafepauza.mkrn

    10. Конечно доаѓа крај на работниот ден, а вие не се сеќавате на ништо продуктивно што сте направиле во текот на денот.

    rn10-11-neshta-shto-se-sluchuvaat-posle-vecher-pominata-vo-pienje-so-kolegite-kafepauza.mkrn

    11. И се надевате дека утре ќе биде подобро…

    rn11-11-neshta-shto-se-sluchuvaat-posle-vecher-pominata-vo-pienje-so-kolegite-kafepauza.mk

  • Можеби е до вас! Ова се знаци дека заслужувате отказ од работа

    Можеби е до вас! Ова се знаци дека заслужувате отказ од работа

    Постојат лоши шефови на кои секој сака да се жали, но постојат и лоши работници со кои никој не сака да губи нерви и пари. Овие 8 знаци ќе ви покажат дали сте еден од нив и дали правите нешто поради кое заслужувате да бидете отпуштени од работа.rnrn8 знаци дека заслужувате отказ од работаrn

    1. Не ги исполнувате очекувањата

    rnВашата компанија или државен орган има одредена цел за која постои, а вашето работно место е делче од мозаикот кое треба да функционира за да се исполни таа цел. Ако вие не ги исполнувате основните очекувања на работодавецот поврзани со работните задачи кои ги работите под претпоставка дека не се обидува да ве „исцеди“, тогаш некој друг повеќе го заслужува тоа работно место.rn

    2. Сте станале непослушни

    rnНадредениот е оној кој управува со подредените, им дели задачи и одговара за ефикасноста во работата. Факт е дека надредените не се секогаш најпаметните луѓе на светот, но доколку вие во секоја ситуација се обидувате да им се спротивставите и ги озборувате кога ќе го свртат грбот, тогаш сте ја преминале линијата.rn

    3. Не се приспособувате на промените

    rnПромените се неопходни во денешниот динамичен свет, а работникот е должен да се приспособи на нив. Тој не треба да ја кочи својата компанија и затоа треба да биде заменет ако одбива да ги прифати промените.rn

    4. Ви фали мотивација

    rnНедостатокот на мотивација е добра причина за самите да си заминете од работното место затоа што тоа очигледно не е добро за вас. Добриот работник треба да поседува доволен интерес за извршување на работните задачи.rn

    5. Губите време на работа

    rnОдењето на работа не е за да сурфате на интернет, да редите карти на компјутерот или да ги продолжувате кафе паузите со колегите додека озборувате. Зарем кога би биле шеф вие би држеле таков „работник“ кај вас на работа?rn

    6. Не се вклопувате во тимот

    rnМожеби ги имате потребните знаења и вештини за извршување на задачите, но морате да се потрудите и да се сложувате со колегите. Сигурно има и некој друг со вештини како вашите и кој повеќе сака да соработува.rn

    7. Постојано се расправате со сите

    rnАко никој не се согласува со некоја ваша идеја, тогаш време е да се повлечете. Можеби сте во право, но ако продолжите да се расправате со сите за тоа како вие постојано сте во право, само ја забавувате работата.rn

    8. Го нарушувате угледот на компанијата или државниот орган каде што работите

    rnДоколку им се дерете на луѓето кои доаѓаат кај вас на шалтер или купуваат од вашата компанија, или правите нешто слично и неодговорно кое го нарушува угледот на местото каде што работите, вие дефинитивно заслужувате отказ.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 типа вработени кои никој не сака да ги задржи на работа

    5 типа вработени кои никој не сака да ги задржи на работа

    Не се само шефовите лоши, такви можат да бидат и вработените. Не секој од нив се носи со задачите кои му се дадени поради својот проблематичен карактер и затоа шефот, човекот чија работа зависи од работата на работникот, не сака долго да ги задржи под свое водство. Рубен Јонатан, блогер и човек со богато претприемничко искуство, издвојува пет типа вработени за кои вели дека се отров за организацијата и не треба да се задржат затоа што нанесуваат штета за сите.rnrn5 типа на вработени кои никој не сака да ги задржи на работаrn

    1. Збунетиот

    rnЗбунетиот е некомпетентен и никој не може да се потпре на него. Својата неспособност ја покрива користејќи помош од целиот тим. Има некоја научена беспомошност која постојано се појавува кај него и затоа не се срами да побара помош за што било, притоа спречувајќи ги другите да ги изработат своите задачи. Понекогаш другите треба и да ги исправаат неговите грешки. Пасивен е, неорганизиран и не сака да се промени. Нему му е потребен дополнителен тренинг или постојани проверки за да работи подобро.rn

    2. Мрзливиот

    rnТој постојано наоѓа изговори за недовршената работа. Како и збунетиот, и тој постојано ги троши енергијата и ентузијазмот на другите вработени. Мрзливиот е немотивиран, не му е гајле како ќе се заврши работата, троши време на интернет наместо да работи и се труди да добие што е можно повеќе слободни денови. Нему, едноставно, не му се работи. Шефот би требало да се обиде да открие што е причината за неговото однесување, дали можеби залутал во погрешна професија и слично, и да ги искаже своите јасни очекувања од секој што сака подолго време да работи во компанијата.rnrn5 типа на вработени кои никој не сака да ги задржи на работаrn

    3. Маченикот

    rnМаченикот им е потребен на претходните двајца, но не и на компанијата. Мачениците сакаат да ја завршат целата работа на тимот, да ја истакнат својата жртва и да добијат заслуги за тоа. Можеби сакаат премногу да контролираат, можеби само се трудат да се докажат пред другите, но кој и да е нивниот мотив, факт е дека ја нарушуваат ентузијастичката работна атмосфера. Тие не ги знаат своите граници, се жалат на неработењето на другите и ја поткопуваат нивната самодоверба. Шефот треба да им покаже дека на работа сите соработуваат, а не се натпреваруваат. И малку платен одмор добро би му дошло за враќање во нормала.rn

    4. Дружељубивиот

    rnДружењето меѓу колегите е убава работа и нешто кое секој претпоставен го посакува, но не на начинот на кој тоа го прави овој човек. Кога тој/таа доаѓа на работа, првото нешто со кое се зафаќа е долгото пиење на утринското кафе, разговорот со колегите, озборувањата. Наместо да работи, тој времето го троши во дружење. Му фали концентрација, има незрел и несериозен пристап кон работата и често се однесува непрофесионално.rn

    5. Негативецот

    rnМожеби клинички не му фали ништо, но неговото однесување е толку деструктивно што може да нанесе многу штета на атмосферата во тимот. Не обрнува внимание на работната етика, се однесува агресивно и заплашувачки со другите, има проблеми со авторитетите над него, ги манипулира колегите и има нарушени односи со нив. Сите сакаат тој да си оди од работното место.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 знаци дека шефот ви спрема отказ од работа

    6 знаци дека шефот ви спрема отказ од работа

    Вие можеби ненадејно ќе ја примите информацијата за вашиот отказ, но шефот долго размислува за тоа пред да ве извести. Овие шест знаци се доказ дека тој можеби ја разгледува опцијата да ве ослободи од работните обврски, или пак суптилно ве мобира за сами да си одите.rnrn6 знаци дека шефот ви спрема отказ од работаrn

    1. Ви дава сè помалку работни обврски

    rnАко забележите дека задачите кои порано сте ги извршувале вие сега ги добива некој друг, веројатно веќе ве чувствуваат како вишок, а и вашиот шеф така гледа на вас. Истото важи и ако добивате повеќе слободни денови или порано ве пуштаат да си одите дома.rn

    2. Тој и колегите почнуваат да ве избегнуваат

    rnАко тој почне да ве избегнува, веќе сака да ви даде до знаење дека не ве сака во негова близина. Истиот знак ќе ви го дадат и колегите кои се поблиски до него и некако дознале дека тој се спрема да се ослободи од вас.rn

    3. Не ве викаат на состаноци

    rnНа состаноците се делат информации кои се од важност за работата, така што можете ова да го сметате за сигурен знак дека некој таму не ве сака повеќе на работа.rn

    4. Се однесува чудно кога спомнувате годишен одмор

    rnАко тој знае дека нема да бидете вработени таму кога ќе дојде време за годишен одмор, тој ќе почне да се однесува чудно, да го избегнува разговорот или воопшто не сака да слуша за тоа.rn

    5. Фирмата во која работите го сменила сопственикот

    rnМожеби е продадена, можеби се споила со некоја друга фирма, а во таков случај новиот сопственик решава дали и колку од работниците ќе ги задржи.rn

    6. Ви дал упатство за подобрување на вашата работа

    rnНестручното и несовесно извршување на работните задачи е основ поради кој можете да добиете отказ. Ако надредениот ви даде упатство за тоа како да го подобрите извршувањето на вашите задачи, тоа може да биде знак дека го спрема теренот да се ослободи од вас.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 10 видови шефови со кои никој не би сакал да работи

    10 видови шефови со кои никој не би сакал да работи

    Сите имаат шеф, на еден или друг начин, дури и оние кои самите се шефови. Доколку токму вие сте шеф кој нема свој надреден, тогаш ве молиме да не продолжите со читање.rnrn10 видови шефови со кои никој не би сакал да работиrnrnИсто како и снегулките, сите шефови се на свој начин различни. Секој од нив има свој метод на менаџирање, интеракција и разделување задачи на работното место. Но повторно, исто како снегулките, многу од овие разлики се толку суптилни, што без тренинг не би можеле ни да се забележат. Токму затоа, погледнете ги наредниве категории во кои горе долу можат да влезат сите видови на шефови…rn

    1. Шеф 24/7

    rn10 видови шефови со кои никој не би сакал да работиrnrn„Што е тоа вон работно време?“rn

    2. Господин проблем со контролата на својот гнев

    rn10 видови шефови со кои никој не би сакал да работиrnrn„Фотокопирот има катана во него, не прашувајте како се најде таму, само најдете некој да го поправи тоа!“rn

    3. Најдобриот пријател засекогаш

    rn10 видови шефови со кои никој не би сакал да работиrnrn„Веднаш престани со тоа што го правиш и… Ајде да направиме селфи! Ха ха! Сите тука се забавуваме!“rn

    4. Шеф од типот „Не замислував дека животот вака ќе ми излезе“

    rn10 видови шефови со кои никој не би сакал да работиrnrn„Не те бива, не те бива, не те бива, добро утро Џери, не те бива, не те бива!“rn

    5. Оној кој не знае ништо

    rn10 видови шефови со кои никој не би сакал да работиrnrn„Што е тоа? На што работиш?“rn

    6. Оној кој бега од работа

    rn10 видови шефови со кои никој не би сакал да работиrnrn„Мора да одам. Имам, хм, нешто. Треба да одам некаде. Поврзано е со работа, мислам.“rn

    7. Античкиот шеф

    rn10 видови шефови со кои никој не би сакал да работиrnrn„Вие 40-годишниците сте навистина нешто посебно.“rn

    8. Оној кој ве мрази категорично

    rn10 видови шефови со кои никој не би сакал да работиrnrn„Те молам престани да зборуваш и исто така да работиш тука.“rn

    9. Микроменаџерот

    rn10 видови шефови со кои никој не би сакал да работиrnrn„Погрешно го хефташ тоа. Дај да ти покажам како треба да го захефташ.“rn

    10. Другиот шеф кој е исто како онаа професорката на замена која ви дојде на училиште и која сите ја засакаа, можеби дури потајно и повеќе од другата професорка.

    rn10 видови шефови со кои никој не би сакал да работиrnrn„Ќе сработите нешто денес? Не? Во ред.“rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 бизнис лекции од ТВ серијата „The Office“

    10 бизнис лекции од ТВ серијата „The Office“

    Автор: Зорица ЦоневаrnrnПред повеќе од една година беше емитувана последната сезона на една од најуспешните американски серии „The Office“. Закитена со 42 номинации и 5 награди Еми, оваа серија го прослави Стив Карел, кој денес важи за еден од најдобрите комичари во Холивуд, а покрај него свое место во филмската индустрија најдоа и Џон Красински, Рејн Вилсон, Џена Фишер, Б. Ј. Новак и Ед Хелмс.rnrn1-10-biznis-lekcii-od-serijata-the-office-kafepauza.mkrnrn„The Office“ ги претставува секојдневните животи на вработените во компанијата за продажба на хартија „Dunder Mifflin“ и нивните обиди за справување со чудниот и речиси неспособен шеф Мајкл Скот. Иако оваа серија покажува како не треба да се води една компанија, сепак ако ја тргнеме комедијата на страна, таа може да ни посочи на многу значајни аспекти и лекции за водење на еден мал бизнис. Во продолжение ќе бидат претставени очигледните, но и скриените поуки кои „The Office“ ни ги даде во своето осумгодишно емитување.rn

    1. Интелигенција vs. успех: Не постојат правила!

    rnЕпизода: The DuelrnrnПрвата мисла која секој фан на „The Office“ ја има е ниската интелигенција на менаџерот на „Dunder Mifflin“ – Мајкл Скот и дека е скоро невозможно тој да ја води компанијата со сета негова неспособност. Но ваквите сфаќања на луѓето се чест проблем со кој се соочуваат во животот: интелигенцијата не гарантира успех во бизнис светот. Секој од нас се нашол во ситуација кога се чувствувал попаметен од својот колега или надреден, но тоа не му донело напредок во кариерата. Во оваа епизода зачудениот генерален директор бара од Мајкл да му ја открие тајната на неговиот стил на менаџмент кој го направил неговиот огранок најуспешен во компанијата. Ни самиот Мајкл, ниту неговиот шеф не може да објасни во што е тајната, што посочува дека во животот нема правила.rn

    2. Започнување на сопствен бизнис: Не е сè така розово!

    rnЕпизоди: Two weeks, Dream Team, Michael’s Scott Paper Company, Heavy Competition, BrokernrnЕпизодите во кои Мајкл навреден од односот на компанијата кон него основа конкурентска фирма, се задолжителен материјал за сите оние кои сакаат да започнат сопствен бизнис. Во нив се прикажани убавите, но и не така пријатните аспекти на водењето фирма. Тоа бара ангажираност, упорност, ресурси, но и добри контакти за стекнување клиенти. Иако неразумното спуштање на цените на производите ја доведе новата компанија до банкрот, сепак големиот број преземени клиенти го уплаши менаџментот на „Dunder Mifflin“ и резултираше со триумф на претходно исмеваниот менаџер Мајкл Скот. Во епизодата Broke може да се забележат интересни преговарачки техники кои се корисни за секој сопственик на мал бизнис.rnrn2-10-biznis-lekcii-od-serijata-the-office-kafepauza.mkrn

    3. Мал наспроти голем бизнис: Поголемото не секогаш е подобро!

    rnЕпизода: The Incentivern
    rn

    „Кога знам што сакам, одам на Интернет и ја добивам најдобрата цена. Но кога не знам што сакам, одам во мала продавница која може да ми помогне. Ерата на личните услуги повторно се враќа. Вие се враќате. Ќе најдете клиент кој ќе плати поголема цена и притоа ќе ви се заблагодари.“

    rnОвој цитат од заменикот на Мајкл Скот – Роберт Калифорнија кажува дека и за малите бизниси има место под сонцето. Персонализираниот пристап кој тие го нудат е она што фали во денешното време на интернет продажба и повторно ќе дојде на цена. Ова дава надеж за сите претприемачи обесхрабрени од претходно посочените недостатоци на самостојните бизнис потфати.rn

    4. Менаџерот е тој што одлучува

    rnЕпизода: The SurplusrnrnПозицијата на менаџер или шеф има право, но и одговорност за носење на значајни одлуки. Често менаџерите кои сакаат да наметнат фер и демократска атмосфера во својата компанија или сектор, прават клучна грешка со тоа што дозволуваат вработените со меѓусебен договор да донесат значајни одлуки. Кога Мајкл се обидува одлуката за трошење на буџетскиот суфицит да ја префрли на вработените создава опасност за влошување на работната атмосфера во компанијата и појава на нетрпеливост меѓу вработените.rnrn3-10-biznis-lekcii-od-serijata-the-office-kafepauza.mkrn

    5. Добриот менаџер не отпушта, туку мотивира

    rnЕпизоди: Business School, Job FairrnrnОваа, можеби најмудра изјава на Мајкл Скот кажува дека на вработениот не треба да се гледа како заменлив ресурс. Напротив, градењето на долгорочни и пријателски односи со вработените е корисно за бизнисот дури и ако тој си замине од фирмата. Кога Рајан го повикува Мајкл да предава пред неговата група на факултет како пример за неуспешна фирма, Мајкл не го отпушта туку го сместува во иста канцеларија со неговата напорна девојка Кели. Со тоа тој станува попродуктивен и ги сфаќа последиците од неговите себични постапки. Слично на тоа, кога на Џим му е посочено дека треба да ја сфати посериозно својата работа тој е мотивиран да ја оствари својата најдобра продажба.rn

    6. Големите продажби бараат иновативност и високи трошоци

    rnЕпизоди: The Golden Ticket, Traveling Salesmen, The SeminarrnrnСекогаш кога некој од вработените остварува голема продажба, тоа е врзано со некој нов или скап начин на привлекување клиенти. Тоа во голема мера важи и во реалниот бизнис: ризикот и трошоците се тесно врзани со големи заработки, она за што Американците велат „It takes money to make money“. Иако идејата на Мајкл за доделување на ваучери за бесплатна хартија е скапа и ризична, нејзиниот краен ефект е позитивен бидејќи води кон поголема доверба на клиентот во бизнисот.rnrn4-10-biznis-lekcii-od-serijata-the-office-kafepauza.mkrn

    7. Заработка на процент – Меч со две острици

    rnЕпизода: WUPHF.comrnrnЧесто користен метод за мотивирање на вработените е базирање на дел од платата на процент од продадените производи. Иако ова е многу лесен начин да се воочат вредните вработени, тоа може да има потенцијално негативни последици. Кога Џим дознава дека процентот кој го заработува од продажбата е ограничен и има максимална вредност тој е демотивиран во работата. Достапноста на овие информации до вработените може да доведе до намалување на продуктивноста во нивната работа и калкулирање со обемот на продажба со цел максимизирање на нивните провизии.rn

    8. Пријателство на работно место: Може да бидете згазени, но и да дознаете кои ви се вистински пријатели

    rnЕпизода: The Coup, Last day in FloridarnrnДвајт кој е најискрениот пријател на Мајкл зад грб се обидува да му го преземе директорското место. Ова е често позната ситуација и секогаш умее да ги изненади луѓето кои веруваат во пријателство меѓу колеги. Иако оваа серија потврдува дека и на работното место може да се стекнат длабоки пријателства, сепак треба да се има предвид дека желбата за напредување во кариерата често ги надминува дури и пријателските односи. Не случајно се вели дружба си е дружба – служба си е служба. Од друга страна пак, работното место на Двајт ќе биде спасено токму од неговиот вечен ривал Џим, што докажува дека никогаш не се знае кој ти е вистинскиот пријател на работа.rnrn5-10-biznis-lekcii-od-serijata-the-office-kafepauza.mkrn

    9. Искуството прави разлика

    rnЕпизода: Koi pondrnrnКолкаво и да е твоето образование и вербата во своите вештини, секогаш искуството е пресудно во бизнис односите. Кога клиентите бараат Мајкл да биде присутен на сите состаноци, иако и тој и Џим се директори на исто ниво, е пример за преференцијата за искуство наспроти образование кај кадрите на едно работно место. Затоа при градењето на професионалната кариера треба да се балансира меѓу надградувањето на образовниот профил и зголемувањето на работното искуство.rn

    10. Не секој е створен за менаџер

    rnЕпизоди: Gettysburg, The manager and the salesmanrnrnКраен резултат на напорите на вработените за напредок во кариерата е заземање на менаџерската позиција. Иако секогаш треба да се сонуваат големи соништа, овие амбиции може да бидат преголеми за луѓе со слаб авторитет и оние кои настојуваат да бидат сакани и прифатени од сите. Повторно треба да се нагласи дека и образовниот профил не секогаш игра улога во успешноста за менаџер. Класични примери за ова се Џим и Енди кои настојуваат да бидат сакани и да им удоволат на сите вработени, наспроти Мајкл чија наивност послужува како база за многу итни и значајни одлуки кои бараат помалку размислување и повеќе ризик.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.