Лошите шефови се „потценувачи“. Тие се оние кои ја црпат енергијата, мотивацијата и ги потценуваат сите други карактеристики што го красат добриот работник. Од друга страна, добриот шеф ја умножува енергијата на вработените.rnrn
rnrnШто значи да се биде добар шеф е прашање што си го поставувавме многупати. Лиз Вајсмен, авторка на книгата „Multipliers“, верува дека огромното мнозинство луѓе се запознати со карактеристиките на лошите шефови, а од сите луѓе со кои разговарала, малкумина работеле со добри шефови. Таа во книгата заклучува дека лошите шефови се „потценувачи“. Тие се оние кои ја црпат целата енергија, мотивацијата и другите карактеристики што го прават добриот работник.rnrnДобриот шеф, од друга страна, ја „умножува“ енергијата на вработените. Добрите шефови ќе ве натераат да се чувствувате како да не сте биле на работа, додека лошите ве одвраќаат од работното место наутро.rnrnШефовите „потценувачи“, иако често се интелигентни и способни, понекогаш ги задушуваат идеите на своите вработени кои, како резултат на тоа, се чувствуваат помалку вредно и неисполнето.rnrn„Умножувачите“ ја поттикнуваат интелигенцијата и достигнувањата на нивните тимови. Тие се обидуваат да го извлечат најдоброто од сите и да ги прикажат вработените во најдобро можно светло – според Вајсмен.rnrnАвторката во книгата зборува и за „магнетите за таленти“. Ова се луѓе кои знаат да создадат одличен тим. Тие не градат тимови од луѓе со исти таленти, но природно знаат како да ги спојат различните особини на вработените. Тие веруваат дека главната поента е во тоа добриот работник да не брза во донесувањето одлуки, туку да го открие проблемот и да даде предлог за негово решавање, осознавајќи ја својата улога во него. Тие, исто така, веруваат дека добриот вработен треба да го убеди шефот во неговата способност на пријателски начин.rnrnМеѓу карактеристиките што вработените сакаат да ги препознаат кај својот шеф се: едноставноста, искреноста, хуманоста, затоа што повеќето луѓе се одвраќаат од арогантните личности. Транспарентноста и дарежливоста се, исто така, многу важни. Не се работи секогаш за пари, туку за пофалби и желба за споделување нови знаења. Вработените ја потенцираат и трпеливоста и чесноста како многу важни карактеристики кај добрите шефови.rnrnМожеби сакате да прочитате и дека вработените даваат отказ поради лошите шефови, а не поради работата.
Tag: шеф
-

Добриот шеф „умножувач“ ја поттикнува интелигенцијата и тимските достигнувања
-

Вработените даваат отказ поради лошите шефови, а не поради работата
Според експертката за човечки ресурси Алисон Мекмахон, шефот кој не се грижи, ниту пак се преправа дека се грижи за своите вработени не е добар.rnrn
rnrnСпоред неа, постојат бројни фактори зошто луѓето одлучуваат да дадат отказ, а некои од нив се премалата плата, бројот на работни часови, далечната локација и недостатокот од интерес. Но, според Алисон, најчестата причина за отказ од работното место е тоа што вработените се уморни да работат за лоши шефови.rnrnВоглавно, луѓето се подготвени да се справат со лошите ситуации, сè додека им се допаѓа личноста за којашто работат. Доколку не можат да го поднесат својот шеф, вработените немаат причина да останат на тоа работно место.rn„Во девет од десет случаи кога вработениот вели дека си заминува за повеќе пари, не е вистина. На повеќето им е неудобно да ја кажат вистината. Ако водите организација или фирма, вашите вредности и постапки треба да го инспирираат вашиот тим. Кога ова не се случува, ќе добиете помала продуктивност“, изјавила Алисон.rnrn„Природно е порано или подоцна, некој кој е добар работник, но нема вештини за водење, да дојде во положба некој премногу да го надгледува, нешто што е проблем во многу фирми.“
rnПоради ова, голем број места се полни со незадоволни вработени.rnrnЗнаевте ли дека лошите шефови можат да ги разболат своите вработени?
-

Лошите шефови можат да ги разболат своите вработени
За поголемиот дел од луѓето ширум светот, шефовите се причина за огромен стрес на работата. Според една неодамнешна студија, лошиот шеф може да биде исто толку штетен за вработените како и пасивното пушење. Резултатите исто така укажуваат и на фактот дека колку подолго работите со токсичен шеф, толку поголема ќе биде штетата на физичкото и менталното здравје.rnrn
rnrnСпоред студијата, 75% од вработените веруваат дека нивните шефови се најголемата причина за стресот на работа. Но, дури 59% од нив не би ја напуштиле работата. Статистиките покажуваат дека вработените се навикнуваат на нивната работа, без разлика на фактот дека се навистина несреќни. Ова дополнително го комплицира процесот за давање оставка бидејќи тие веќе не се мотивирани да бараат поздрава околина за работење што може да им ја подобри ситуацијата.rnrnИстражувачите од Харвард и Стенфорд собрале податоци од над 200 студии и откриле дека стресот на работа може да биде исто толку штетен за здравјето како и изложувањето на голема количина чад од цигарите на луѓето околу вас. Главната причина за стресот на работа за повеќето вработени е ризикот од губење на истата. Како последица, дури 50% од овие вработени се посклони на проблеми со здравјето од нивните колеги.rnrnОд вработените на тешки работни позиции се очекува многу повеќе и тоа дополнително ги зголемува нивните шанси за акутни здравствени проблеми, дури до 35%. Во некои случаи, проблемите со шефовите се еден вид афинитет. Но, најчесто проблемот доаѓа директно од самиот шеф, што најдобро би можел да се опише како реална верзија од Миранда Присли (од филмот „Ѓаволот носи Прада“).rnrnКако да препознаете во која категорија спаѓате? Лошите шефови се најчесто премногу агресивни, нарциси, па дури и насилни. Тие користат фрази како „Ние отсекогаш така сме правеле“, „Биди среќен/среќна што воопшто имаш работа“ и „Местово е хаос кога не сум тука“.rnrnБидејќи е навистина тешко да се даде отказ и да се почне нешто од почеток, многумина одлучуваат да продолжат да работат на место каде што не се задоволни. Ова брзо преминува во навика и нивото на мотивација почнува да се намалува.rnrnАко се пронајдовте во овој опис, тогаш погледнете ги и следниве едноставни стратегии што ќе ви помогнат да ги преживеете моментите на професионална криза:rnrn1. Направете листа од целите во текот на денот, и прецртувајте ги како што ќе ги завршувате. Ова чувство на завршување ќе ви помогне постојано да се движите напред.rnrn2. Исклучете го службениот телефон за време на викендите. Ова ќе ви помогне да си ги наполните батериите барем за кратко.rnrnСоопштение до сите шефови: Зошто треба да им дозволувате на жените да дремнуваат на работа? -

Вистинската разлика помеѓу шеф и лидер прикажана низ 8 илустрации
Кога телевизискиот шеф Мајкл Скот од ТВ серијата „The Office“ (Канцеларија) беше запрашан дали повеќе би сакал вработените да му се плашат или да го сакаат, неговиот одговор беше многу едноставен: „Двете. Би сакал луѓето да се плашат од тоа колку многу ме сакаат“. И покрај тоа што Мајкл можеби не е најпаметниот шеф, сепак неговиот коментар има голема логика.rnrn
rnrnПочитта на вработениот кон претпоставениот во работното место, не треба да се базира на страв. Овие 8 едноставни, но реални и креативни канцелариски илустрации, јасно ја прикажуваат разликата помеѓу тоа да се биде шеф и лидер. За среќа, постојат и вработени кои немаат негативна слика за нивните шефови, но откако ќе ги погледнете овие слики можеби уште еднаш ќе размислите за нивните квалитети во однос на водењето на фирмата. Шефот сака да доминира со вработените, а лидерот ги сфаќа придобивките од тоа да биде на исто ниво со сите во фирмата, со цел сите заедно да бидат дел од еден успешен тим.rnrn
rnrnПогледнете ги 8-те илустрации, кои јасно ја покажуваат разликата помеѓу тоа се биде прост, агресивен шеф и успешен лидер.rnrn
rnrnРазни луѓе на интернет, откако ги погледнале овие илустрации ги додале и нивните лични коментари и искуства со нивните шефови/лидери:rn„Ќе го препознаете вистинскиот лидер, само кога ќе го пронајдете. Разликата е неверојатна.“
rn
„Статистиката дека 2 од 2 луѓе не ја напуштаат нивната работа, туку го напуштаат нивниот шеф е многу вистинита.“
rn
„Изминативе 2 години работев за шеф, претходно уште 3 години за друг шеф. Сега конечно работам за лидер. Разликата е, како ден и ноќ.“
rn
rnrn
rnrn
rn„Шефот и лидерот имаат слични, но сепак различни улоги. Шефот мора да ја одржи одговорноста, а лидерот мора да го задржи моралот. Балансот помеѓу тие две нешта, може да биде доста тежок.“
rn
„Јас сум менаџер и можам да кажам дека секој ужасен шеф и менаџер за којшто сум работел претходно во животов, ме довеле да постанам личноста којашто се наоѓа на десната страна од илустрациите.“
rn
rn„Единствениот менаџмент на којшто можам да му верувам, е оној во којшто ќе се чувствувам удобно да кажам дека прави нешто погрешно, без да стравувам дека поради тоа ќе ја изгубам мојата работа.“
rn
rn„Мојот шеф ме третира многу лошо, па ќе морам да ја напуштам оваа работа и да работам некаде каде што ќе бидам партнер, наместо вработен. Навистина ми е потребно тоа.“
rnМоже да ве интересираат и овие неверојатни гестови од шефовите кон вработените.
-

4-те хороскопски знаци што сакаат да имаат контрола над сите нешта во својот живот
Желбата за контрола кај некои хороскопски знаци изостанува, но кај други е доста изразена. Постојат претставници на неколку хороскопски знаци кои постојано се во обид да воспостават контрола врз сè што им се случува нив и околу нив. Сметаат дека само тие можат да ги водат нештата правилно, за посакуваниот исход да биде загарантиран, бидејќи само на тој начин во нивниот живот ќе постои рамнотежа.rnrn
rnrnКај ваквите личности, нештата се секогаш „под конец“. На пример, доколку сте на забава кај нив, сите чаши, чинии, салфети и прибор ќе ги најдете во совршен ред, а не е исклучено и дека веќе точно ја имаат испланирано и листата со музика. Исто, многу е веројатно дека и нивниот дом е секогаш уреден, бидејќи тоа навистина ги прави многу среќни. Сепак, за да може да се балансира меѓу нив и оние кои се најопуштени во врска со сè околу нив, ваквите претставници на „фриковите за контрола“ секако ни се потребни. Еве на кои хороскопски знаци најчесто припаѓаат тие:rnОвен
rnТие се родени лидери и најдобро се чувствуваат кога се на должност. Секогаш сакаат нештата да се движат по нагорна линија и тоа отворено го признаваат. Не очекувајте да ги видите во таканаречената втора постава, бидејќи живеат за да бидат главни. Нивниот натпреварувачки дух ги прави мотивирани за сè што прават, да го завршат со најдобри резултати и што е најважно, никогаш не им е здодевно.rn
Лав
rnНивното его е навистина до небото и само поради тоа тие сметаат дека нивниот начин на правење на нештата е единствен и најправилен. Преголемата самодоверба некогаш може да биде и доста нападна, но тоа секако им помага да бидат успешни лидери. Нивната желба за ред и контрола не потекнува од нив самите, туку од помислата дека сите останати ја имаат истата потреба. Одлични се кога треба да се изборат за нова работа, а без оглед на нивното его, кое избива од секоја пора, сепак се успешни во она што го работат.rnrn
rnДевица
rnДевиците се посветени на деталите и обрнуваат внимание на нешто што другите лесно би го занемариле. Нивната способност за перцепција прави да бидат луди по контролата. Ако нешто не е на свое место (она кое тие го замислиле), може целосно да ги исфрли од рамнотежа. Од останатите се разликуваат по тоа што нештата ги прават тивко, без да очекуваат награди – ним им е доволна само личната сатисфакција од она што го постигнале.rn
Јарец
rnТие не сакаат да кршат правила и често се водат по однапред зададен тек на задачата. Имаат изразена смисла за правда и одговорност и поради тоа не е чудно што често ги гледаме во првите борбени линии кога треба нешто да биде исконтролирано. Поради тоа и се одлични шефови и менаџери и често може да го жртвуваат слободното време, ако тоа значи дека задачата ќе ја завршат така како што треба.rnrnПрочитајте и како да ја вратите моќта и контролата врз вашиот живот.
-

Вработената јавила дека ќе доцни, а одговорот на шефот стана интернет-хит
Жена по име Џен се нашла во несекојдневна ситуација поради која задоцнила на работа. Иако на сите ни се случува поради некоја причина понекогаш да задоцниме, шефот на Џен е оној кој со одговорот стана хит на интернет.rnrn
rnrnТаа, всушност, работи во истата компанија веќе 8 години и во целиот тој период никогаш не задоцнила. Поради тоа, нејзиниот шеф се загрижил и прашал дали е сè во ред?rnrnЏен решила да биде искрена до крај и признала дека доцни затоа што нејзиното куче изгледало преслатко додека спие и таа го фотографирала и му ја испратила фотографијата.rnrnОдговорот кој го добила ја изненадил:rn„Погледни колку е сладок. Остани колку што треба“, а потоа ѝ понудил две влезници за настан за кучиња.
rnПо ова, многумина се заинтересирале во која компанија работи Џен и побарале вработување таму. Таа пак, на крај ги добила и влезниците од својот шеф.rnrn

-

Работа од соништата: Неверојатни гестови од шефовите кон вработените
Повеќето менаџери сметаат дека заработката е многу поважна од вработените. Сепак, оние кои размислуваат така не знаат една тајна – успехот на компанијата зависи од среќата на вработените. Погледнете некои компании кои најверојатно се најубавото место за работење.rn
1. Одмор на Малдивите
rn
rnrnЧатри Ситјотонг, основачот на компанијата Evolve, одлучил да ја покаже својата благодарност кон неговите вработени кои ја зголемувале заработката за 30% секоја година. По тој повод, организирал одмор за нив на Малдивите. И тоа не само еднаш! Тој редовно им подготвувал вакви изненадувања и порано и притоа никогаш не им ја кажувал локацијата.rn2. Една недела одмор ако вдомите куче
rn
rnrnСекогаш кога ќе го зголемите вашето семејство, без разлика дали со мало кутре или со возрасно куче, тој момент е емоционален и потребно е време за да се прилагодите. Порано, сите вработени во шкотската пивара BrewDog имале дозвола да ги носат своите миленици на работа. Но сега, тие добиваат и платен одмор ако вдомат куче.rn3. Поделба на заработката со вработените
rn
rnrnДен Прајс, основачот на Gravity Payments, им се заблагодарил на вработените така што ја поделил неговата лична заработка со нив и им ги зголемил платите на сите на 70.000 долари годишно. Но, и тие направиле нешто за него. Бидејќи и неговата плата станала иста како нивната и тој не можел да си го дозволи електричниот автомобил за кој сонувал, вработените собирале пари 6 месеци и му ја исполниле желбата.rn4. Апартмани и автомобили за сите вработени
rn
rnrnHare Krishna Exports е огромна индиска корпорација со стотици вработени. Сопственикот на фирмата им доделил 1.260 автомобили и 400 апартмани на најдобрите работници. Планира за 5 години да им го овозможи тоа на сите вработени.rn5. Една година одмор на секои 7 години
rn
rnrnСтефан Сегмајстер, познат графички дизајнер и сопственик на Sagmeister & Walsh, смета дека ако немате толку долг одмор, не можете да бидете добар уметник. За да го докаже ова, кога тој го имал првиот ваков одмор, не само што го пропатувал светот туку и добил многу нови идеи. Па, затоа сега вработените во неговата фирма добиваат одмор кој трае една година, на секои 7 години.rn6. Канцеларија со топчиња
rn
rnrnСекој добар шеф сака да ја направи работната околина што е можно поудобна. Сопственичката на Invasion of Manchester, Ли Мекатер, отишла еден чекор подалеку. Таа ја наполнила канцеларијата со 250.000 топчиња и им овозможила среќа и добро расположение на своите вработени кои тие ќе го паметат цел живот.rn7. Слободен ден ако раскинете со момчето
rn
rnrnКомпанијата Hime & Co ги разбира љубовните проблеми, па 20-годишните девојки имаат 1 ден за плачење, постарите од 25 години добиваат 2 дена, а жените над 30 години по 3 дена за преболување на партнерот. Тие сметаат дека колку е постара жената толку ѝ е потешко раскинувањето.rn8. Луксузен ручек и чоколадо
rn
rnrnОсновачите на Asana сметаат дека добриот ручек не само што ќе ја зголеми продуктивноста, туку и ќе ги направи вработените посреќни. Тие најмиле првокласен готвач кој секој ден подготвува прекрасни оброци, а во канцелариите постојано има и чоколадо.rn9. Автомобил за готвачот кој доцни
rn
rnrnНеколку години по ред Вероника Солис му докажувала на Алекс Риос дека е најдобриот готвач кој ќе го најде. Оваа жена која победила и битка со рак била инспирација за Алекс. Но, еден ден таа му се јавила и во солзи му кажала дека не може повеќе да работи кај него бидејќи има проблем со јавниот превоз, со што му го ставила бизнисот во ризик. Наместо да ѝ даде отказ, Алекс се одлучил да ѝ купи автомобил. Како што кажал и самиот:rn„Не можеме секој ден да даваме вакви подароци. Но кога можеме, зошто да не го направиме тоа?“
-

Неколку работи што вашиот шеф постојано ги забележува кај вас
Без разлика во кој сектор работите, сигурно повеќето од вас имаат претпоставени пред кои одговараат за својата работа. Но, покрај вашиот перформанс во текот на работното време, вашиот шеф забележува и голем број други нешта кај вас, бидејќи всушност тоа е и негова должност. Еве на што особено треба да внимавате доколку сакате да напредувате во кариерата.rnrn
rn1. Кое време пристигнувате на работа
rnДодека повеќето компании имаат одредено почетно работно време, некои не се толку строги во овие правила, па немаат точно време кога треба да пристигнат вработените. Но, внимавајте. Ова не значи дека треба да отидете на работа во средина од денот. Погледнете кога пристигаат вашите колеги и обидете се да го правите тоа во исто време со нив.rn
2. Кога си одите од работа
rnБез разлика дали вашето работно време завршува во точно одреден час или пак сте флексибилни, сепак, внимавајте кој период си одите од работа. Пред вашите колеги? После нив? По што се разликувате?rn
3. Начинот на кој се облекувате
rnЕдно од најважните нешта кога одите на работа е како ќе се претставите себеси. Имајте на ум дека секторот во кој работите го диктира кодексот на облекување. Некои места се флексибилни, додека пак други имаат точно одреден начин на облекување кој строго треба да се почитува. Исто така и овде можете да се споредите со вашите колеги и да се обидете да се облекувате на сличен начин.rnrn
rn4. Како ја користите технологијата
rnДали го користите телефонот за да разговарате во врска со работата или пак само се допишувате со вашите пријатели? Внимавајте и користете ја технологијата за да ви помогне во работата, а ограничете го времето поминато на Фејсбук!rn
5. Зборовите кои ги користите
rnВнимавајте што и со кого зборувате, затоа што многу од разговорите може да пристигнат до ушите на вашиот шеф, а тоа не би му се допаднало.rn
6. Дали се вклопувате во работната атмосфера
rnДали се согласувате со вашите колеги или сте од оној тип „чудни“ луѓе што секогаш стојат настрана од останатите? Ако сте нови на работа, потешко ќе ви биде да се вклопите во целокупната работна атмосфера. За да си олесните, посетувајте различни настани поврзани со работата и дружете се со вашите колеги. Вашиот шеф би сакал да види дека вие одговарате за неговиот тим.rn
7. Како управувате со вашето време
rnПоследно, но и не помалку важно е тоа како управувате со вашето време. Дали работите ефикасно и со вистинското потребно темпо? Или пак сакате во меѓувреме да правите и работи кои не требаат? Важно е да изберете кои задачи се приоритетни и секогаш да ги почитувате зададените рокови. Пред сѐ, вие сте таму за да работите.rnrn

-

Астрологијата објаснува зошто шефот понекогаш навистина ве „мрази“
Не е секогаш лесно да се најдете на иста бранова должина со колегите и со вашите претпоставени на работа. Доколку работите во поголема компанија, веројатно сте опкружени од многу луѓе со најразлични карактери и ставови. Многу често се случува да немате заеднички јазик ниту со вашиот шеф, а тоа може да биде особено стресно за вас. Но, запомнете дека никој не е совршен и можеби токму вие со вашето однесување предизвикувате одредена реакција од околината или од вашиот претпоставен.rnrn
rnОвен
rnВие сте големи перфекционисти, секогаш фокусирани на деталите, до тој степен, што можете да ги забележите дури и најмалите грешки на вашиот претпоставен. Тоа кај него/неа може да создаде чувство на несигурност. Затоа, не чудете се ако вашиот шеф секогаш од вас бара да ги прегледате неговите/нејзините извештаи и презентации, пред некои поважни состаноци.rn
Бик
rnВие редовно имате причина или изговор за секоја работа. Доколку вашиот шеф ви упати одредена критика, секогаш му одговарате со поставување предизвици, затоа што тоа го сфаќате премногу лично. Кога добивате забелешка од вашиот шеф, вие не молчите туку „го возвраќате ударот“.rn
Близнаци
rnВие многу се смеете и се шегувате во канцеларијата, а често и си разговарате со колегите. На тој начин, вие сте тие што сето внимание го привлекувате кон себе. Вашиот шеф, кој не е толку „кул“ како вас, се чувствува фрустрирано и вознемирено затоа што знае дека нема да има мир додека работи, сè додека сте вие во неговата близина.rn
Рак
rnКога станува збор за работното место, Раковите знаат да бидат многу чувствителни. Не ретко се случува мал коментар да предизвика лоши емоции кај вас, па дури и да предизвика по некоја солза да се стркала по вашето лице. Шефот, во тие моменти не знае како да се справи со таквите реакции, па затоа избегнува директно да разговара со вас. Кога треба да ви се пренесе некоја не толку добра вест, обично го праќа вашиот најблизок колега да го стори тоа наместо него.rn
Лав
rnВие секогаш го засенувате вашиот шеф во групата во којашто работите, како и на презентациите, поради тоа што зрачите со самодоверба и имате исклучително квалитетни комуникациски вештини. Клиентите најверојатно почесто сакаат да работат со вас, отколку со вашиот шеф и тие се воодушевени од вашата личност. Шефот дефинитивно чувствува дека неговата позиција во компанијата му е загрозена токму од вас.rn
Девица
rnВашиот шеф не ве мрази и веројатно не може да ве мрази затоа што вие совршено се вклопувате на вашето работно место и секогаш работите понапорно од останатите колеги. Тој или таа најверојатно се потпира на вас за 90 проценти од работата и вие сте најверојатно неговата/нејзината омилена личност.rnrn
rnВага
rnВие секогаш сте толку релаксирани, смирени и присебни, што го тера шефот да се запраша колкав е вашиот ентузијазам околу работата и колку сериозно ги сфаќате вашите задачи. Толку сте тивки, поради што вашиот претпоставен многу често помислува дека воопшто и не се грижите за вашата работа.rn
Скорпија
rnВашиот шеф најверојатно го мрази вашиот став „јас знам сè“. Тој или таа можеби си помислува дека имате намера да го заземете неговото/нејзиното место во компанијата (што можеби и е вистина). Вие сте многу интелигентни и со силен натпреварувачки дух, па дури и со вашиот шеф. Секогаш пред колегите и пред клиентите се обидувате да докажете дека знаете многу повеќе за работата и за животот, воопшто.rn
Стрелец
rnВие сте познати по тоа што барате многу слободни денови поради патувања. Вашиот шеф често се прашува како успевате да си ја завршите работата на време и покрај тоа што голем дел од времето не сте во канцеларија, туку на некоја планина, на некоја карпа, на некое егзотично место… Шефот смета дека вие немате доволен баланс меѓу работата и приватниот живот, затоа што му изгледа дека многу повеќе „живеете“ отколку што работите.rn
Јарец
rnВие ги преминувате вашите граници, и тоа во голема мера. Многу сте избувливи и тврдоглави. Многу често знаете да влезете во конфликт со вашиот претпоставен, доколку вашите идеи не биле земени предвид. Вашиот шеф често се чувствува недоволно почитуван/а од ваша страна и смета дека единствено самостојно сакате да ги завршувате работните задачи.rn
Водолија
rnВие никогаш не ги следите правилата. Вашиот шеф не може да го прифати фактот дека никогаш не ги завршувате работите како и останатите соработници. Вие секогаш ги правите работите на еден сосема поинаков и неконвенционален начин. Шефот за вас мисли дека треба да имате сопствен бизнис, каде што нема да имате надредени, затоа што никогаш не сакате некој да ви кажува што и како да работите.rn
Риби
rnВие секогаш доцните. Во канцеларија, на состаноци, на закажаниот ручек со вашиот шеф. Ретко се појавувате на време, поради што претпоставениот не може да се потпре на вас, затоа што не знае дали ќе се појавите точно на време. Многу често го доведувате во ситуација во ваше име да се извинува на клиентите, кои дошле пред вас на закажаниот состанок.
-

4 начини да ги поправите грешките на работа
Секој во текот на својата кариера прави помали или поголеми грешки. Најтешкиот дел од сето ова е да се признае грешката, а потоа да се одреди како ќе се постапува. Сепак, запаметете дека кога правите грешки на работа, не треба да реагирате веднаш. Земете здив и разгледајте ги можните опции. Потоа, следете ги овие 5 совети коишто ќе ви помогнат да се справите со моментите кога не ви делува како да има излез од проблемот.rnrn
rn1. Признајте ја грешката
rnНе противете се, признајте дека згрешивте и дека за ова ќе дознаат и другите. Нема цел да ја криете вашата грешка, особено ако влијае и на вашите колеги. Колку побргу ќе реагирате, толку побргу можете да го решите проблемот. Не избегнувајте ја ситуацијата, туку побарајте помош ако ви треба. Изгледа како подобра идеја дека вие самите потајно би можеле да ја исправите грешката, но постојат и шанси дека ќе пропуштите нешто. Бидете искрени, признајте ја грешката и извинете се. Останатите ќе ве почитуваат за вашето искрено однесување.rn
2. Бидете креативни
rnОткако сте ја признале грешката, не чекајте само вашиот шеф да ви каже како да го решите проблемот. Веднаш подгответе план и дејствувајте според тоа. Понудете го најдоброто решение и направете ситуацијата да не изгледа толку тешка. Покажете дека сте научиле од вашата грешка и дека веќе настојувате да ги поправите работите. Не значи дека ова ќе го спречи вашиот шеф да има бурна реакција, но притоа ќе го забележи вашиот карактер и вашата желба за поправање на работите. Со ваквото однесување, тој ќе има подобро мислење за вас.rn
3. Простете си себеси
rnДа повториме уште еднаш: Секој греши. Нема потреба да се казнувате премногу. Ако постојано размислувате за тоа што се случило, нема да имате време да научите од својата грешка. Значи, научете се да си простите себеси. Неуспехот којшто ви се случил во работата свртете го во своја корист и користете го за да се подобрите во иднина.rn
4. Покрај сѐ, продолжете напред
rnИако направивте сѐ од горенаведеното, сепак сѐ уште ќе морате да работите за враќање на довербата. Започнете да работите на малите проекти коишто ви се доделени и посветете им се комплетно. Покажувајте успешни резултати во наредниот период. Малку по малку вашиот шеф ќе биде импресиониран од вас, при што ќе заборави што се случило претходниот период.rnrnНа крај, запаметете дека најважно од сѐ е како ќе се однесувате во дадената ситуација. Изберете чесност, интегритет и добра работа за да ја добиете довербата од вашите претпоставени. Запаметете дека вашите грешки ви помагаат да се усовршувате и да станете подобра личност.