КАФЕ ПАУЗА

Tag: сестри

  • 10 илустрации што го опишуваат животот со браќа и сестри

    10 илустрации што го опишуваат животот со браќа и сестри

    Вашите браќа и сестри се оние кајшто кои сакате да одите кога ви е потребна утеха, но и оние на кои сакате да врескате кога сте фрустрирани. Дури и откако ќе пораснете и ќе живеете одвоено од нив, сè уште ќе имате незаборавни заеднички моменти. Додека се потсетувате на спомените од минатото, не заборавајте дека некои од нив можат да бидат прилично смешни дури и ако тогаш ве повредиле. Погледнете дали и вие ќе се пронајдете во овие илустрации што ги опишуваат скапоцените заеднички моменти.rn

    1. Освен ако не сте првото или единственото дете, најверојатно ќе добиете веќе носена облека

    rn10 илустрации што го опишуваат животот со браќа и сестриrn

    2. Понекогаш е тешко да бидете слушнати затоа што мора да се натпреварувате со вашите браќа и сестри

    rn10 илустрации што го опишуваат животот со браќа и сестриrn

    3. Имате со кого да се смеете и кој да ви се смее

    rn10 илустрации што го опишуваат животот со браќа и сестриrn

    4. Вашите браќа и сестри ќе ви бидат партнери во злосторство, но ќе ве предадат за да се спасат себеси

    rn10 илустрации што го опишуваат животот со браќа и сестриrn

    5. Храната треба да се сподели, што значи дека колку побрзо ќе јадете, толку повеќе ќе добиете

    rn10 илустрации што го опишуваат животот со браќа и сестриrn

    6. Ако западнете во неволја, ќе имате на кого да се потпрете

    rn10 илустрации што го опишуваат животот со браќа и сестриrn

    7. Да имате браќа и сестри значи дека има со кого да ги споделите вашите поплаки за родителите

    rn10 илустрации што го опишуваат животот со браќа и сестриrn

    8. Кога вашите браќа и сестри не се дома, веројатно ќе се чувствувате осамени… или возбудени

    rn10 илустрации што го опишуваат животот со браќа и сестриrn

    9. Ќе се споредувате со вашите браќа и сестри или тие ќе ве споредуваат со другите

    rn10 илустрации што го опишуваат животот со браќа и сестриrn

    10. Задевањето на вашите браќа и сестри ви е животна мисија, без разлика колку години имате

    rn10 илустрации што го опишуваат животот со браќа и сестриrnrnПогледнете ги и овие илустрации што ги опишуваат смешните разлики помеѓу мажите и жените.

  • Две сестри го качуваат шминкањето на сосема ново ниво

    Две сестри го качуваат шминкањето на сосема ново ниво

    18-годишната Аби и 16-годишната Шарлот уште од мали години се интересирале за шминкање. Аби вели дека веќе има 7-годишно искуство со шминкање зад неа, додека сестра ѝ е зад неа со 5 години. Тие постојано се инспирираат така што си поставуваат предизвици и заедно создаваат неверојатни дизајни што ќе ги зачудат дури и најискусните очи. Погледнете дел од нивните најдобри дела и подгответе се да бидете соборени од нозе!rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 10 причини што постарите сестри се „закон“

    10 причини што постарите сестри се „закон“

    Секој има свое мислење дали е подобро да се биде помладата или постарата сестра, но едно е сигурно – супер е да имате постара сестра, а во продолжение прочитајте и зошто.rnrn10 причини што постарите сестри се „закон“rnrn1. Секогаш е еден чекор понапред. Го има поминато истото како и вие, само низ полош пат со сите замки и кавги со родителите. Знае што ги лути, а што ги прави рамнодушни. Генијалец е кога станува збор за извлекување од неволји.rnrn2. Нејзиниот плакар е подобар од вашиот. Кога сте биле мали, најверојатно ве нервирало тоа што морате да носите облека од својата постара сестра. Дури во тинејџерските години сфаќаме дека нејзиниот плакар е всушност место во кое се кријат прекрасни парчиња облека кои сакаме да ги носиме. Треба долго молење за да ви ја позајми омилената маица или јакна, но на крај секогаш се согласува бидејќи не може никогаш да ве одбие.rnrn3. Искрена е. Кога никој друг нема да ви ја каже вистината, постарата сестра секогаш ќе биде тука да ви каже искрено во лице бидејќи не може да ве лаже.rnrn4. Можете да учите од нејзините грешки. Сите класични грешки кои ги правиме додека растеме, таа веќе ги има поминато па затоа останува само да учиме од нејзините искуства.rnrn5. Таа е вашиот „чувар“ за излегување. Скептичните родители дозволуваат доцни излегувања или одење на прв концерт само ако постарата сестра оди со помладата.rnrn6. Знае како да ве доведе во ред. Сите понекогаш драматизираме без причина. Нашите пријатели може ќе ги премолчат овие моменти, но вашата постара сестра нема. Таа ќе ве среди со неколку воспитни реченици во сестрински стил.rnrn7. Никогаш не осудува. Секако дека секогаш не се согласува со вас, но го почитува вашиот избор.rnrn8. Секогаш е на вашата страна. Без разлика колку меѓусебно се карате, во моментите кога ви е потребна нејзината поддршка, таа безрезервно ќе биде на вашата страна.rnrn9. Таа е единствена која може да ве расположи за една секунда. Со вас е уште од првиот ден, ве гледала како растете и добро знае што ве прави тажни, и што може веднаш да ви ја врати насмевката на лице. Понекогаш се чини како да има телепатски способности бидејќи секогаш знае што да каже и да ве расположи.rnrn10. Без неа не можете да ги издржите семејните дружби. Заедно се досадувате, и си разменувате погледи кога некој кажува (не)забавна анегдота.rnrnСепак, сите сестри не се исти, а тоа може да биде поврзано и со нејзиниот хороскопски знак.

  • Хороскопот открива кои се најдобрите, а кој најнеподносливите сестри на светот

    Хороскопот открива кои се најдобрите, а кој најнеподносливите сестри на светот

    Постојат сестри кои постојано се задеваат, но и сестри кои ги знаат сите тајни, сестри кои даваат вредни совети, сестри кои бескрајно сакаат. Вашиот хороскопски знак открива зошто понекогаш сте невозможни за вашата сестра или брат или зошто таа/тој повремено се фрустрира што баш вие сте ѝ најблиската личност на светот.rnrnХороскопот открива кои се најдобрите, а кој најнеподносливите сестри на светотrnrnСите единци им завидуваат на оние кои имаат браќа и сестри, но често и им олеснува што немаат некој со кој постојано би се расправале. Вистината е дека браќата и сестрите нѐ познаваат подобро од кој било друг. Знаат сѐ што нѐ мачи, како и разни ситуации од детството од кои сега се срамиме. Таа блискост дозволува понекогаш и крвнички да се расправаме, но сепак, длабоко во себе знаеме дека нашата љубов е доволно силна да го издржи тоа. Браќата и сестрите можат да ни бидат најважните луѓе во животот. Нив безусловно ги сакаме. Но, што открива хороскопот за нашиот потенцијал за добар однос со нашите браќа и сестри?rn

    Овен: Сестра со која ништо не поминува без кавга

    rnОвните не можат да си помогнат себеси и постојано се впуштаат во гласни препирања и натегања со своите брат или сестра. Мора да докажат дека се во право, а остатокот од семејството греши. За Овните тие кавги, сепак, не се ништо сериозно. Ако нивниот брат или сестра се објаснува на долго и широко, Овните само ги бранат своите ставови и притоа добро се забавуваат.rn

    Бик: Сестра која ги знае вашите слаби точки и сака да се подбива

    rnБиковите сакаат да ги исмеваат својот брат или сестра. Особено затоа што точно знаат кои им се слабите точки за кои можат постојано да ги задеваат. Понекогаш одат предалеку, па можат да ги повредат пред многу други луѓе. Сепак, тоа не значи дека не ги сакаат. Нивната љубов ќе остане силна без разлика на сѐ, само треба да бидат малку повнимателни.rn

    Близнаци: Забавна сестра која е премногу љубопитна

    rnСите знаат дека вие сте забавна сестра. Вие сте таква личност која ќе ги изведе својот брат или сестра надвор и ќе ги почести пијачка кога тие ќе посакаат. Но, знаете и да си го пикате носот кај што не треба. Секогаш сакате да знаете сѐ што се случува во животот на вашиот брат или сестра, а вашето објаснување за оваа љубопитност е малку нерационално – вие мислите дека едноставно имате право на тоа. Кога сте оддалечени еден од друг, сакате да знаете дали се добро во секој момент, па затоа им поставувате многу прашања.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Односот помеѓу сестрите не е секогаш совршен. Зошто е тоа така?

    Односот помеѓу сестрите не е секогаш совршен. Зошто е тоа така?

    Односот помеѓу сестрите е еден од најцврстите. Тие споделуваат многу слични интереси, си раскажуваат длабоки тајни и си даваат голема меѓусебна поддршка којашто делува како неисцрпна. Сепак, има многу случаи кога тој цврст однос се нарушува и потоа работите веќе не можат да се вратат како некогаш. Што го предизвикува ова?rnrnОдносот помеѓу сестрите не е секогаш совршен. Зошто е тоа така?rn

    Улогата на родителите

    rnОдносот помеѓу децата првенствено се формира под влијание на возрасните. Секој родител би се заколнал дека подеднакво ги сака своите деца, но во реалноста, една од ќерките често се чувствува повредено. Не забележувајќи, родителите постојано ги споредуваат сестрите, па излегува дека едната е секогаш поуспешна, попослушна, поталентирана и попаметна од другата. Онаа која „не успеала“, логично, чувствува огорченост – и кон семејството и кон својата сестра, што води до болни меѓусестрински односи.rnrnМожно е и поинакво сценарио: ќерката која е „помалку успешна“ е постојано под заштита од родителите заради тоа што тие веруваат дека ѝ е потребна поголема поддршка, што пак води до збунетост кај другата сестра и нарушување на нивниот меѓусебен однос. И овој вид однос може да постане доста непријатен.rn

    Ривалство

    rnНе постои поблизок однос од оној меѓу две сестри. Тие се дел од семејството кој секогаш ќе претставува тим. Но, тоа не го исклучува меѓусебното натпреварување – заради внимание од машките, љубов од родителите, професионален успех, па дури и за домаќинлак. Тешко е да се поверува дека толку блиска личност би можела да ни нанесе штета, но сепак има многу случаи кога тоа се случува. Корените на ривалството лежат во борбата за единствено место во семејството.rn

    Несозреана сестра

    rnБезгрижното среќно детство е зад вас, а вашата сестра не може да го разбере тоа. Порано сте си позајмувале облека и сте си помагале околу училишните работи, па зошто сега не би можеле заедно да ги решавате посериозните проблеми? Ако сте вие постарата сестра и ако барањето помош стане хронична потреба на другата сестра, нормално е да се чувствувате повредени бидејќи не можете вечно да останете дежурни за решавање на туѓите проблеми. Секој си има и свои грижи. Во тој случај, мора да научите да ѝ кажете на сестра си „не“ – инаку нема да ви преостане ништо од вашиот личен живот.rnrnПрочитајте и какво влијание имаат браќата и сестрите на вашиот карактер.

  • Врската меѓу сестрите е посебна и нераскинлива: Најдобри пријателки за цел живот

    Врската меѓу сестрите е посебна и нераскинлива: Најдобри пријателки за цел живот

    Кој има сестра, има најдобра пријателка и поддршка за целиот живот. Тоа сме го слушнале безброј пати, но вистинското значење на овие зборови многумина го сфаќаат дури кога ќе го созреат. Односот меѓу сестрите е посебен и нераскинлив. Уште од детството ги делат своите тајни, се радуваат на успесите во училиште, заедно го пребродуваат разочарувањето од првата љубов, со заеднички сили минуваат низ тагата и тешките мигови… И кога се расправаат, тоа секогаш завршува со прегратка и помирување.rnrnГрижата, стравот и поддршката никогаш не престануваат. Кога ќе пораснат и ќе основаат свои семејства, сестрите остануваат поврзани една со друга како безусловни сојузници, кои се поддржуваат во предизвиците и борбите што ги наметнува животот. Бидејќи никој не може подобро да ве сослуша, разбере и да ве посоветува. Но, дали сестринските односи се идеални во секое семејство?rnrnВрската меѓу сестрите е посебна и нераскинлива: Најдобри пријателки за цел животrnrnПсихологот и психотерапевт Љубица Богетиќ нагласува дека секоја личност е различна, така што и секој однос е различен. Дали сестрите ќе бидат блиски и подоцна во животот, многу зависи од воспитувањето и околината во која тие пораснале.rn

    „Односите помеѓу сестрите можат да бидат сосема различни, од многу блиски до ривалски и непријателски. Обично, како што изгледа на почетокот, таков ќе биде односот целиот живот. Ако добрата врска се воспостави во детството, со текот на времето таа може да се изградува и да стане уште подобра. Ако постои љубомора, која трае подолго време и околината ја засилува, обично во помала или поголема доза таа останува и кога сестрите ќе пораснат. Овде не мислиме на вообичаената детска љубомора, што е нормална појава кога ќе се роди помладиот брат или сестра, туку на подлабоко чувство на љубомора што трае многу подолго“, вели Богетиќ.

    rn

    Конфликти и ривалства

    rnСестрите ги спојува заедничката судбина, сличното детство, проблемите што ги делат со своите родители… Сето ова ја прави нивната врска посебна. Многумина не се свесни за тоа додека не се соочат со потешките фази од животот кога сфаќаат колку е важно да се има некој со кого може се да сподели таков товар.rn

    „Ако има мала разлика во годините, тие имаат заеднички интереси, и кога ќе пораснат многу полесно ги споделуваат животните проблеми помеѓу себе отколку со другите членови на семејството“, вели нашиот соговорник. „Сестрата може да ги довери и своите ‘најдлабоки’ тајни на својата сестра, додека на братот, иако знае дека ја сака, таа не може. Жените често сакаат да разговараат за емоциите и проблемите, додека мажите се позатворени за ова прашање, но исто така се и попрактични за нивното решавање. На жените им е потребно некој да ги сослуша и да ги разбере, затоа тој однос е посебен.“

    rnШто може да ги наруши сестринската љубов, грижа и приврзаност? Зошто меѓу нив се појавуваат конфликти и ривалства, и дали е можно тоа да се надмине со текот на времето?rn

    „Ако постоеле грижа и приврзаност, тие ќе останат. Постојат ситуации кога ривалството е толку силно што до крајот на животот не може да се воспостави нормален однос. Но, постојат и такви личности кои со текот на времето созреваат, професионално се остваруваат и основаат семејство, па тогаш почнуваат и повеќе да ја разбираат својата сестра којашто претходно ја гледале како ривал. За тоа е потребно работење на себе, емпатија и самокритичност.rnrnЧесто, односите меѓу сестрите се подобруваат кога и двете ќе изградат семејства и ќе имаат деца. Тогаш тие не се само сестри туку и тетки со посебна улога во одгледувањето на децата. Родителите, како и околината, можат да имаат големо влијание врз односот меѓу браќата и сестрите. Ако таткото и мајката претерано го фаворизирале едното дете во однос на другото, чувството на љубомора е логично и оправдано. Често несвесно повеќе се реагира кон помалото дете, особено ако е посимпатично и ‘послатко’ што на постарото дете му влева несигурност. Постарите деца го чувствуваат и го гледаат тоа однесување како неправда. Постарото дете коешто дотогаш го имало целото внимание, одеднаш почнува да го обвинува новороденото бебе. Тогаш децата во нивната незрелост може да заклучат дека нивните родители повеќе би ги сакале кога бебето воопшто не би се родило.“

    rn

    Најубавиот родителски подарок

    rnНесигурноста и фрустрацијата на детето може да се предизвика и ако другото дете е поуспешно. Дури и ако родителите покажуваат поголема благонаклонетост кон поуспешното дете, тоа сигурно може да биде причина за појава на ривалство. Психологот Љубица Богетиќ истакнува дека сестрите треба да бидат повеќе од најдобри пријателки, бидејќи со своите другарки ги споделуваат нивните врснички проблеми, но со сестрата и семејните.rn

    „Ако се воспостави блискост помеѓу сестрите, тие навистина може да бидат најдобри другарки. Тие растат во исто семејство, со истите родители, маки, проблеми и радости, и тоа е она што ги одделува од другите врски. Дури и кога односот помеѓу родителите не е добар, ситуацијата полесно се поднесува со брат или сестра. Пријателите тешко можат да ја разберат средината во која некој друг расте. Но, вашата сестра или брат можат, затоа што се во истото семејство. Така е и многу полесно да се делат должностите, одговорностите и оптоварувањата отколку да се биде сам и да го носите сѐ на свој грб. Затоа најдобар дар што родителите можат да им го остават на своите деца е да им дадат брат или сестра.“

    rnСестрите кои се во блиски односи од детство и потоа во подоцнежните години од животот, одржуваат добри семејни врски. Дали се работи за уште една специфичност на сестринските односи?rn

    „Честопати, оние што се блиски, одржуваат добри односи и кога градат свое семејство“, вели Љубица Богетиќ. „Иако не биле во одлични односи, тие го коригираат тоа кога и двете ќе бидат задоволни од изборот на својот партнер и кога ќе бидат во улога на мајка. Ривалството во ваков случај често се намалува. Сепак, постојат и такви односи каде што ова не е случај, и ривалството продолжува преку докажување во второстепеното семејство. Нема правило, односите се жива работа и се подложни на менување доколку постои заедничка волја и желба.“

    rn

    Разлика во годините

    rnРазликата во годините, исто така, може да влијае на сестринскиот однос во детството, но и во подоцнежната фаза од животот.rn

    „Ако разликата е помала, на почетокот има поголема љубомора, но сестрите во ваков случај и многу повеќе се дружат, бидејќи имаат исти интереси и исто друштво. Доколку разликата е поголема, може да има помалку љубомора затоа што и двете на почетокот се посебни индивидуи, но интересите им се сосема различни и тие не ги делат важните моменти во детството, туку растат како посебни единки. Постарото дете обично ја има функцијата на грижа за помалото, па затоа добива чувство дека е поискусно, дека тие не се еднакви, што продолжува низ целиот живот. Ако односот е добро воспоставен во детството, може да биде уште подобар во зрелоста. Сестрите обично ги споделуваат семејните проблеми и нивните лични и емоционални дилеми“, вели Љубица Богетиќ.

    rn

    Автор: Антонина Велјановска

  • 8 изјави што ги разменуваат само неразделните сестри

    8 изјави што ги разменуваат само неразделните сестри

    Ако сте блиски со вашата сестра и ако го делите секој момент од вашиот живот, тогаш без сомнение ќе се пронајдете во следниве изјави. Вие поминувате толку многу време заедно и делите толку многу искуства, што некој би помислил дека станува збор за истата личност! Ако имате ваков однос со вашата сестра, погрижете се никогаш да не го растурите, бидејќи тоа е најдоброто нешто што досега сте го изградиле во вашиот живот.rnrnrn

    1. „Дали е тоа мојот џемпер?“

    rnБидејќи постојано ја делите облеката, понекогаш може да биде тешко да се сетите што е ваше, а што нејзино. Често се случува да забележите дека таа ги носи вашите работи, па затоа и мора да кажете нешто! Но, ова ве прави само уште поблиски.rnrnrn

    2. „Многу личиш на мама/тато на оваа фотографија“

    rnСо текот на годините, вие сè повеќе ќе почнете да се споредувате со вашите родители. Можеби и ќе помислите дека вие наликувате повеќе на мајка ви поради тоа што ги имате нејзините очи и дека сестра ви наликува на татко ви поради нејзината коса и секогаш кога ќе најдете доказ за ова, ќе го споделите со неа.rn

    rn

    3. „Тие едноставно ме разбираш“

    rnБез разлика дали таа ќе ви прати некој смешен гиф или ќе ве посоветува за нешто што навистина ви било потребно да го чуете, вие чувствувате длабоко во себе дека таа е единствената што ве знае повеќе одошто се знаете самите.rnrnrn

    4. „Мора да го направиме ова заедно!“

    rnКога последен пат ви се случило да видите некоја фотографија на Инстаграм и веднаш да помислите: „Морам да го направам ова со сестра ми“? Таа е вашиот партнер во криминал, зарем не? Ако правите нешто ново и возбудливо, таа е првата личност на која ќе помислите.rnrnrn

    5. „Ти го чувам грбот“

    rnВашата сестра отсекогаш била вашата најдобра навивачка. Токму затоа и кој пат да го одберете, таа е тука, навивајќи гласно за вас. Таа ве чува и ве поддржува во сè, притоа без да ви постави ниту едно прашање!rnrnrn

    6. „Се сеќаваш кога го направивме тоа?“

    rnКога ќе ве „удри“ носталгија, вашата сестра е првата на којашто ѝ пишувате. Тогаш почнува период на потсетување и навраќање во минатото што ќе ви донесе многу пријатни и топли емоции, притоа полнејќи ве со позитивна енергија.rnrnrn

    7. „Ти благодарам што не кажа никому за тоа“

    rnВашата сестра е најголемиот бранител на вашите тајни. Таа знае сè за вас, но никогаш нема да го пренесе тоа на некој друг. Понекогаш дури и ја замислувате како голем сеф со вашите тајни, чија комбинација за отклучување ја знаете само вие.rnrnrn

    8. „Секако, ти си ми сестра и те сакам“

    rnВие ќе направите сè за вашата сестра. Таа е вашата втора половина и ја сакате безусловно. Знаете и дека нема потреба постојано да ја потсетувате, но сепак обожавате кога и кажувате, но и кога ѝ покажувате колку ја сакате.rnrnrnrnИстражувањата потврдуваат: Девојките со сестри се многу посреќни во својот живот!

  • 8 мали нешта што треба да ги цените за вашите браќа и сестри

    8 мали нешта што треба да ги цените за вашите браќа и сестри

    Се разбира дека ги сакате вашиот брат или вашата сестра безусловно. Овие личности не се само семејство, туку и вашите најдобри пријатели. Доколку имате брат или сестра, веројатно често комуницирате и си помагате. Знаете дека ја сакате оваа личност повеќе од сè, но понекогаш најверојатно заборавате да ги цените и малите нешта. Навистина, нашите браќа и сестри се овде за нас и можат да ни покажат колку нè сакаат на наједноставниот, но потценет начин. Погледнете кои се нештата што треба да ги цените повеќе.rnrn8 мали нешта што треба да ги цените за вашите браќа и сестриrn

    1. Тие точно се сеќаваат за што зборувате

    rnСекогаш кога ќе се сетите на нешто од минатото, вашиот брат или сестра точно знае на што мислите. Оваа личност била покрај вас за секоја забавна авантура и ја знае секоја приказна што сакате да ја раскажете. Ова е личноста што ќе биде со вас кога носталгијата ќе ве нападне.rn

    2. Оддалечени сте само од еден телефонски повик или порака

    rnСекогаш знаете дека од вашите браќа и сестри ве дели само еден телефонски повик. Дури и ако живеете на разни краеви од светот, оваа личност секогаш ќе сака да го слушне вашиот глас.rn

    3. Ве сакаат безусловно

    rnИако можеби понекогаш се расправате со браќата и сестрите, тие сепак ве сакаат безусловно. Ова е вистинската моќ на семејството. Дури и ако пред две минути сте се расправале кој да го носи новиот џемпер, ако ви е потребна помош, вашиот брат или сестра е овде за вас.rn

    4. Можат веднаш да ве насмеат

    rnИмате толку многу внатрешни шеги со овие луѓе, што можат да ви предизвикаат солзи од смеење. Доколку ви е потребно подобрување на расположението, побарајте го вашиот брат или сестра. Дури и во најлошите денови, овие луѓе знаат како да ве расположат.rn

    5. Ве поддржуваат без разлика на сè

    rnБез никакви прашања, вашите браќа и сестри секогаш се на вашата страна. Доколку се расправате со пријателите или сте имале тешка работна недела, овие луѓе ќе ве ислушаат и ќе ви го дадат потребниот совет. Можеби не следат сè што ќе им кажете, но тоа не е важно бидејќи сепак се овде за вас.rn

    6. Никогаш не мора да глумите пред нив

    rnМожеби имате разни страни кои ги откривате во зависност од друштвото. Ја покажувате забавната страна пред пријателите, но сте професионалци на работа. Кога сте со вашите браќа и сестри, нема потреба да бидете никој друг освен самите себе. Овие луѓе ве сакаат поради личноста којашто сте, и ова никогаш нема да се промени.rn

    7. Ги даваат најдобрите совети

    rnБраќата и сестрите навистина ги даваат најдобрите совети. Кога сакате да го слушнете она што навистина ви е потребно, обратете се кај семејството. Уште подобро е ако се постари од вас, бидејќи дефинитивно имаат повеќе искуство и знаат што треба да направите во одредени ситуации.rn

    8. Вашите случајни пораки не се случајни за нив

    rnВашите браќа и сестри ве познаваат толку добро, што и најслучајните пораки им имаат смисла. Веројатно сте и одличен тим кога играте некоја друштвена игра со погодување.rnrnДознајте и како браќата и сестрите ве прават посреќни, поздрави и подобри личности.

  • Драматични фотографии што ни покажуваат дека понекогаш браќата и сестрите можат да бидат вистинско зло

    Драматични фотографии што ни покажуваат дека понекогаш браќата и сестрите можат да бидат вистинско зло

    Околу 80% од Македонците имаат барем еден брат или една сестра, со кои поминуваат многу повеќе време отколку со родителите. Да се има брат или сестра е најдоброто нешто на светот! Без разлика дали се постари или помлади, врската што ја имаме со нив е единствена. Браќата и сестрите ни се најдобрите пријатели, но и најголемите причинители за чувството на срам. Исто така, битките меѓу нас не се нешто непознато. Со таа мисла на ум ги одбравме и овие забавни фотографии што ни покажуваат дека браќата и сестрите се истовремено и благослов, но и клетва.rn

    1. „Пораките од брат ми“

    rn

    Мислам дека млекото се расипало
    rn

    2. „Мојата мајка ми кажа дека сестра ми ќе спие во мојата соба вечерва“

    rnrn

    3. „Со вереникот ги спакувавме сите продукти во фрижидерот на сестра му“

    rnrn

    4. „Мојот внук го залепи својот брат на скејтбордот на внука ми“

    rnrn

    5. „Побарав од брат ми да ми направи нешто за јадење, и го добив ова“

    rnrn

    6. „Му го подарив ова на брат ми кој ги обожава Foo Fighters“

    rnrn

    7. „Побарав од брат ми да не ми го изеде целиот путер од кикиритки и тој навистина се потруди“

    rnrn

    8. „Брат ми е посебен вид идиот“

    rnrn

    9. „Нема друг начин на кој можам да играм со сестра ми Нинтендо“

    rnrn

    10. „Кај и да е ќе ја предложам сестра ми за предизвикот ‘ледена канта’“

    rnrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Истражувањата потврдуваат: Девојките со сестри се многу посреќни во својот живот!

    Истражувањата потврдуваат: Девојките со сестри се многу посреќни во својот живот!

    Да, таа ја краде вашата омилена облека, ви го растура шкафот и ви ја позајмува чантата без да ве праша. Секогаш гласно слуша музика и без срам ја јаде последната коцка од чоколадото. Ова се проблемите со кои сите сестри се соочуваат и иако понекогаш можат да ве доведат до лудило, сепак нема сомнеж дека ги сакате повеќе од сè на овој свет.rnrnistrazhuvanjata-potvrduvaat-devojkite-so-sestri-se-mnogu-posrekjni-vo-svojot-zhivotrnrnСе прашувате како е тоа можно? Можеби затоа што сте почувствувале дека вашата сестра ве прави посреќни и пооптимистични… а сега тоа е потврдено и од страна на науката. Според едно истражување каде што биле вклучени 570 испитаници на возраст од 15 до 25 години, и во кое била испитувана нивната емоционална состојба, се докажало дека учесниците што израснале со една или со повеќе сестри се многу посреќни во животот.rnrnТоа се случува затоа што сестрите го поттикнуваат семејството отворено да разговараат за проблемите и да бидат поповрзани, на тој начин правејќи ги сите посреќни. Мислиме дека тоа е доволна причина за цврсто да ја прегрнете сестра ви следен пат кога ќе ја видите… секако, сè додека не сфатите дека повторно нешто ви недостасува во шкафот! Тогаш можете слободно и да ја прекорите…rnrnОва истражување открило и нешто интересно во однос на браќата, а тоа е дека тие имаат сосема спротивно влијание. Момчињата што имале само браќа во семејството биле помалку среќни од оние што имале барем една сестра. Момчињата избегнуваат да разговараат за своите емоции, а ако семејството се состои само од машки членови, тоа често доведува до вистинска тишина меѓу нив.rnrnПрочитајте и за овие 10 нешта што сите сестри треба заедно да ги направат пред да наполнат 30 години!