КАФЕ ПАУЗА

Tag: Саудиска Арабија

  • Камен град во Саудиска Арабија кој го споредуваат со Петра

    Камен град во Саудиска Арабија кој го споредуваат со Петра

    Мадаин Салих или градот на Салих е археолошки локалитет во северозападниот дел на Саудиска Арабија, „само“ четири часа оддалечен од Медина. Тоа е едно од најголемите богатства на Саудиска Арабија кое допрва ќе ја види светската слава.rnrnКамен град во Саудиска Арабија кој го споредуваат со ПетраrnrnНекои го нарекуваат Хегро, или „камено место“, а некои, пак, го нарекуваат втора Петра. Тука се зачувани монументални гробници врежани во карпите, а вкупниот број на гробници изнесува дури 2.000. Најголемите мавзолеи се ископани во карпи на четири ката. Меѓутоа, додека во Петра гробниците се ископани во масивни карпи, овде изгледаат како да изникнале сами по себе. Најголемата гробница е висока 16 метри и всушност никогаш не била завршена.rnrnЛокалитет е значаен и затоа што содржи најмногу остатоци од набатејската култура по, можете да погодите, Петра во Јордан. Набатејците владееле со оваа област околу 300 години додека не биле поразени од Римјаните.rnrnИако овој археолошки комплекс се наоѓа во пустинска област без знаци на живот, сепак тоа и не е баш така. Во областа има околу 130 бунари бидејќи всушност има одржливи извори на вода и почва погодни за земјоделство. Во првиот век п.н.е., местото било обраснато со зеленило и растенија, а Набатејците овде одгледувале добиток.rnrnБидејќи градот се наоѓал на раскрсницата на трговските патишта, каде што се среќавале различни култури, тоа се одразувало и во мотивите со кои биле украсени ѕидовите. Малку подобри познавачи ќе ги препознаат типичните стилски мотиви што ги користеле Асирците, Феникијците, Египќаните, Персијците, Римјаните и Грците. Ако ги погледнете врежаните цртежи и симболи на гробниците, лесно може да препознаете колку личноста која е погребана на тоа место била важна за тогашното општество, односно кој бил нејзиниот статус.rnrnДолго време луѓето се плашеле од овој град бидејќи во религиозните текстови бил опишан како место каде што Бог ги казнува луѓето за идолопоклонство. Поради ова некои го сметале за проколнат.rnrnМеѓутоа, со текот на времето, биле преземени мерки за негово отворање кон светот и туристичка промоција. Државата го заштитила со закон уште во 1972 година, а во 2008 година градот станал дел листата на светско наследство на УНЕСКО.rnrnДенес е веќе познат во светот, но ако се најдете тука, нема да видите други туристи. Има многу причини: од фактот дека не е многу лесно да се влезе во Саудиска Арабија како турист до веќе споменатото верување за озогласената природа на местото.rnrnОткако прочитавте за овој археолошки локалитет, можеби ќе сакате да прочитате и за ресорт во Саудиска Арабија кој им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небо.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Нема да ви се верува: Се гради скијачки центар во пустина!

    Нема да ви се верува: Се гради скијачки центар во пустина!

    Во срцето на пустината во Саудиска Арабија се гради ски-центарот Тројена, кој ќе биде домаќин на Азиските зимски игри во 2029 година. Станува збор за меѓународен спортски натпревар за членовите на Азискиот олимписки совет, кој се одржува на секои четири години.rnrnНема да ви се верува: Се гради скијачки центар во пустина!rnrnСе работи за вештачки изградена снежна оаза за скијање и други зимски спортови во текот на целата година, која ќе се простира на 60 квадратни километри среде пустина.rnrnЗа разлика од одморалиштето Ски Дубаи, кое нуди скијање среде трговски центар во пустина, Тројена ќе понуди зимски спортови и уживање на отворено. Ќе се гради на педесетина километри од заливот Акапа во област каде температурите се значително пониски отколку во останатиот дел од земјата. Проектот треба да биде готов во 2026 година, како дел од футуристичкиот самоодржлив проект на саудискиот принц Мохамед бин Салман, планиран за регионот.rn

    „Тројена ќе ја има вистинската инфраструктура за да создаде зимска атмосфера во срцето на пустината и да ги претвори овие Азиски зимски игри во настан без преседан“, рече Надми ал-Наср, извршен директор на проектот Неом.

    rnКога ќе биде готова, Тројена ќе вклучува широк спектар на сместувачки единици – од апартмани до планински куќи, вили и луксузни хотели. Овде ќе најдете бројни ресторани, продавници и разноразни објекти, како и вештачко слатководно езеро наречено The Vault.rnrnОткако прочитавте за најновите достигнувања на Саудиска Арабија, можеби ќе сакате да прочитате и за ресорт во Саудиска Арабија кој им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небо.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Ресорт во Саудиска Арабија им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небо

    Ресорт во Саудиска Арабија им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небо

    Прекрасниот ресорт со име „Desert Rock“ или „Пустинска карпа“ е најновиот туристички проект на компанијата Red Sea Development Company во Саудиска Арабија. Сместен на необична локација меѓу планините на Ријад, проектот е дизајниран од страна на Oppenheim Architecture чија цел е да им обезбеди необично и несекојдневно искуство на посетителите.rnrnРесорт во Саудиска Арабија им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небоrn

    „Сакавме да создадеме дестинација што ќе им овозможи на гостите да ја искусат недопрената убавина на Саудиска Арабија“, вели Џон Пагано од компанијата. „Пустинска карпа има за цел не само да им пружи преубав поглед на посетителите кон пустината, туку и да го зачува природниот пејзаж за во него да уживаат и идните генерации.“

    rnЗа да стигнат до одморалиштето, патниците ќе треба да поминат низ долината скриена меѓу планините. Сместувачките капацитети кои опфаќаат 48 вили и 12 хотелски соби ќе им овозможат на гостите да ја искусат пустината на сосема нов начин. Покрај сместувачките капацитети, одморалиштето ќе располага со спа и фитнес центар. Посетителите ќе имаат можност и да се вклучат во дополнителни активности како пешачење, возење низ пустината и набљудување на ноќното пустинско небо. Првите гости се очекуваат кон крајот на 2022 година, но изградбата ќе трае сè до 2023 година.rnrnВо продолжение погледнете ги фотографиите од овој преубав ресорт.rnrnРесорт во Саудиска Арабија им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небоrnrnРесорт во Саудиска Арабија им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небоrnrnРесорт во Саудиска Арабија им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небоrnrnРесорт во Саудиска Арабија им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небоrnrnРесорт во Саудиска Арабија им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небоrnrnРесорт во Саудиска Арабија им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небоrnrnРесорт во Саудиска Арабија им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небоrnrnРесорт во Саудиска Арабија им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небоrnrnОткако прочитавте за ова преубаво одморалиште скриено во планините на Ријад, можеби ќе сакате да прочитате и за ресортот на Филипините со нула отпад.rnrnИзвор: mymodernmet.com

  • Принцезата Амира од Саудиска Арабија е новата светска модна икона

    Принцезата Амира од Саудиска Арабија е новата светска модна икона

    Ја пронајдовме девојката што со својот изглед и убавина може да ја засени дури и Кејт Мидлтон! Станува збор за принцезата Амира бин Ајдан бин Најеф Ал Тавел која има само 33 години, а во светот е позната како Амира од Саудиска Арабија. Вниманието на светската јавност го привлече не само заради егзотичната убавина по која се познати жените од Азија, туку и заради несекојдневната животна приказна, хуманитарната работа, како и беспрекорниот стил.rnrn1-saudiskata-princeza-amira-e-novata-modna-ikona-www.kafepauza.mk_rnrnНејзината убавина е нереална, бајковита, па често ја споредуваат со Дизни принцезата Јасмин. Препознатлива е по долгата црна коса, беспрекорната шминка, а сака да ги истакне и своите полни усни и крупни очи. Кога станува збор за нејзиното облекување, принцезата преферира долги тоалети со кои комбинира впечатлив и скапоцен накит.rnrn3-saudiskata-princeza-amira-e-novata-modna-ikona-www.kafepauza.mk_rnrnИсто како војвотката од Кембриџ, така и таа често носи шешири, а многумина тврдат дека со својот шарм, елеганција и беспрекорна линија може да застане рамо до рамо со Кејт. Постојат и оние кои тврдат и дека таа е најубавата принцеза и дека нема жена на кој било светски двор која може да се мери со нејзината убавина.rnrn4-saudiskata-princeza-amira-e-novata-modna-ikona-www.kafepauza.mk_rnrnПознато е дека жените во нејзината родена земја се обесправени и носат затворена облека, но Амира се одлучила да го отфрли традиционалниот начин на облекување кој важи во Саудиска Арабија и да се облекува како холивудска дива. Исто така, таа работи на тоа да го подобри и унапреди изгледот на саудиските жени во светот. Заради тие свои ставови, таа не е омилена помеѓу мажите.rnrn2-saudiskata-princeza-amira-e-novata-modna-ikona-www.kafepauza.mk_rnrnВистина е дека другите принцези од нејзината земја се спротивставуваат на нејзиниот стил и, како што самите велат, на непримерното облекување, но нам нејзиниот стил ни се допаѓа. Во Саудиска Арабија владее строг шеријатски закон. Судејќи според фотографиите на Интернет, изгледа дека законот да важи само за одредени слоеви од населението, но не и за кралското семејство.rnrn5-saudiskata-princeza-amira-e-novata-modna-ikona-www.kafepauza.mk_rnrnСаудиската принцеза навистина изгледа префинето и доста модерно и не постои ниту еден моден експерт кој може да ѝ пронајде грешка на нејзините модни комбинации. Сигурни сме дека жените ширум светот наскоро ќе започнат да ги „крадат“ нејзините идеи кога станува збор за облекувањето и изгледот.rnrn6-saudiskata-princeza-amira-e-novata-modna-ikona-www.kafepauza.mk_7-saudiskata-princeza-amira-e-novata-modna-ikona-www.kafepauza.mk_8-saudiskata-princeza-amira-e-novata-modna-ikona-www.kafepauza.mk_

  • 8 работи во Саудиска Арабија кои жените сè уште не можат да ги прават без дозвола од маж

    8 работи во Саудиска Арабија кои жените сè уште не можат да ги прават без дозвола од маж

    Во последните неколку години направени се многу реформи за жените жители на Саудиска Арабија. На пример, во 2015 година на жените им се дозволи да гласаат дури и на општинските избори. Благодарение на овие избори, 17 жени биле назначени во Консулативниот совет. Во 2016 година, 4 жени ја претставуваа Саудиска Арабија на Олимписките игри. Сега конечно, овие жени имаат право да полагаат за возачка дозвола и да седнат зад волан.rnrn8-raboti-vo-saudiska-arabija-koi-zhenite-se-ushte-ne-smeat-da-gi-pravat-bez-dozvola-od-mazh-kafepauza.mkrnrnИако ова е голем чекор во вистинската насока, постојат многу важни одлуки кои жените од Саудиска Арабија немаат право да ги донесуваат сами. За жал правата на жените сè уште се занемарени, и тоа во многу аспекти од секојдневниот живот.rn

    1. Брак

    rnАко една жена сака да се омажи, таа мора да побара дозвола од нејзиниот машки старател. Ако пак сака да се омажи за странец, мора да добие дозвола од Министерството за внатрешни работи.rn

    2. Право на фер судење

    rnЖените во оваа држава сè уште немаат право на фер судење. Поради ова, сведочењето на една жена важи само половина од она на мажот во правниот систем.rn

    3. Важен медицински третман

    rnПред да добие некој важен медицински третман, како операција која би ѝ го спасила животот, жената мора да донесе потпис од нејзин машки роднина или родител.rn

    4. Старателство

    rnАко жена од Саудиска Арабија се разведе, таа добива старателство над детето сè додека тоа не наполни 7 години ако е машко, или 9 години ако е женско.rn

    5. Патување

    rnЖените обично немаат дозвола да го напуштат својот дом без нивниот старател. Исто така тие не смеат да поседуваат важни документи за патување, како пасош и лична карта без да добијат дозвола од старателот.rn

    6. Сметка во банка

    rnДенес жените во Саудиска Арабија можат да најдат работа на неколку места. Но, тие немаат право да отворат сметка во банка. Како резултат на ова, тие немаат контрола над своите финансиски средства освен ако не добијат дозвола од нивниот старател.rn

    7. Слобода за облекување

    rnВо Саудиска Арабија е илегално жените да се облекуваат за убавина. Тие се присилени да носат долга абаја (наметка која се носи врз облеката) кога излегуваат во јавност.rn

    8. Интеракција со мажи

    rnЖените во Саудиска Арабија може да разговараат со мажи кои не им се роднини само на ограничен временски период. Во јавноста постојат оддели за семејства, и оддели само за мажи. Жените кои се во ресторани, универзитети и слично може да седат само во одделите за семејства.rnrnСаудиска Арабија продолжува со дискриминацијата на жените и девојките. Тоа што добиле право за возачка дозвола не значи дека имаат право за сè останато. Здружението за заштита и одбрана на женските права во Саудиска Арабија неуморно продолжува со кампањата за нивните најосновни права.rnrnПогледнете и кои се 5-те контроверзни жени кои го променија светот.

  • Оваа принцеза од Саудиска Арабија ги руши сите стереотипи за жените од Блискиот Исток

    Оваа принцеза од Саудиска Арабија ги руши сите стереотипи за жените од Блискиот Исток

    Амерах Ал Тавеел е 33-годишна принцеза од Саудиска Арабија која има неизмерна желба да го направи светот подобро место за живеење и поради тоа претставува голема инспирација за многу луѓе. Нејзината приказна е навистина неверојатна.rnrnОваа принцеза од Саудиска Арабија ги руши сите стереотипи за жените од Блискиот ИстокrnrnПринцезата Амерах е убава, самоуверена и храбра жена која има цел. Таа е голем хуманитарец и им помага на луѓето не само во Саудиска Арабија, туку насекаде во светот. Има посетено повеќе од 70 земји за да ги разбере и реши големите светски проблеми.rnrnОваа принцеза од Саудиска Арабија ги руши сите стереотипи за жените од Блискиот ИстокrnrnПринцезата се бори против сиромаштијата и последиците од природните катастрофи. Таа е дел од бројни хуманитарни организации, гради засолниште во Западна Африка, им пружила помош на жртвите од поплавата во Пакистан, отворила Центар за исламски студии на Универзитетот во Кембриџ и предводела мисија за да помогне во Сомалија.rnrnОваа принцеза од Саудиска Арабија ги руши сите стереотипи за жените од Блискиот ИстокrnrnТаа била меѓу првите жени во нејзината земја која одбила да носи абаја, долг, широк фустан кој го крие целото тело и започнала да носи европска облека. И покрај тоа, во нејзините префинети и модерни модни комбинации честопати може да се забележи по некој детаљ во традиционален стил.rnrnОваа принцеза од Саудиска Арабија ги руши сите стереотипи за жените од Блискиот ИстокrnrnСтилот не е единствената работа што го разликува начинот на живот на принцезата Амерах од традиционалниот живот. Таа вози автомобил, има завршено високо образование во САД и има диплома за бизнис и администрација. Принцезата смета дека сите жени од нејзината земја треба да имаат право на избор кога станува збор за овие работи и се обидува тоа да го направи реалност.rnrnОваа принцеза од Саудиска Арабија ги руши сите стереотипи за жените од Блискиот ИстокrnrnПринцезата Амерах е совршен пример за личност која поседува неверојатна убавина, интелигентен ум и добро срце. Нема сомнеж дека таквите луѓе го прават светот подобро место за живеење.

  • Највкусната глина што некогаш сте ја виделе

    Највкусната глина што некогаш сте ја виделе

    Ahlam Alnajdi е 30-годишна саудиска фотографка и артистка, која стана интернет-сензација со нејзините неверојатни скулптури од глина, кои личат на неодоливо вкусна храна. Таа создава минијатурни, реалистични скулптури од глина, ги фотографира, а потоа ги објавува на нејзиниот профил на Инстаграм.rnrnНајвкусната глина што некогаш сте ја виделе Највкусната глина што некогаш сте ја виделе Највкусната глина што некогаш сте ја виделеrnrnПред неколку недели, оваа жена се здобила со бројка од 1 милион следачи, со што станала најследената Саудијка, надминувајќи го и познатиот пејач и судија на арапскиот „Идол“ Ahlam Al Shamsi. Таа и ги обележува големите бројки на следачи со глинена храна, на овој начин.rnrnНајвкусната глина што некогаш сте ја виделеrnrnСаудијците се всушност многу тренди луѓе кога станува збор за социјалните мрежи. Едно истражување открило дека овие луѓе се најактивните корисници на Твитер во целиот свет. Како што истакнува Би-Би-СИ, социјалните мрежи можат да бидат излез за жените од Саудиска Арабија кои живеат ограничен јавен живот, како резултат на забраната за возење за жени и други рестриктивни закони.rnrnНајвкусната глина што некогаш сте ја виделеrnrnИнаку Ahlam објавува фотографии од многу брендови, но таа вели дека тие не ја плаќаат, а тоа го прави бидејќи тие се сеприсутни и популарни. Сепак, таа профитира од нејзината работа. Има напишано две книги за нејзината уметност, од кои вели дека создава пристоен приход. Таа сега има и свој мал тим од артисти кои ги има најмено за да ѝ помагаат да ги создаде и фотографира скулптурите.rnrnНајвкусната глина што некогаш сте ја виделе
    rn

    „Мислам дека мојата работа докажува дека со малку амбиција и упорност, возможно е една млада жена од Саудиска Арабија да изгради успешен бизнис. Луѓето се гордеат со мене и мислам дека сум добар пример за една Арапка која успева да допре до луѓето ширум светот, преку нејзината работа.“ – објаснува таа

    rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лудо хоби во Саудиска Арабија – возење автомобил на 2 тркала

    Лудо хоби во Саудиска Арабија – возење автомобил на 2 тркала

    Можеби возачката култура во Македонија е на незавидно ниво, но никој не вози поопасно од младите луѓе во Саудиска Арабија. Се разбира дека дрифтањето е кул работа, но тоа не е ништо во споредба со последното возачко лудило кое се случува на Средниот Исток. Ваквото возење се нарекува „странично скијање“ и буквално значи возење на автомобилот на страничните тркала, со голема брзина.Лудо хоби во Саудиска Арабија возење автомобил на 2 тркалаОвој начин на забавување на младите вклучува странично возење на две тркала на прометни улици, а притоа патниците во автомобилите изведуваат различни трикови, како на пример стоење на кровот од автомобилот, седење на рамката од отворениот прозорец, па дури и менување гума на тркало во текот на возењето. Лудо хоби во Саудиска Арабија возење автомобил на 2 тркалаОваа егзибиција опасна по живот, очигледно се популаризирала од акционите филмови како што се „The Dukes of Hazzard“ и „Diamonds Are Forever“, а неодамна беше застапена во видео записот на раперката M.I.A. за песната „Bad Girls“.Лудо хоби во Саудиска Арабија возење автомобил на 2 тркалаСтраничното скијање исто така стана вид спорт за гледачите на адреналински спортови. Толпи од млади девојки и момци седат покрај страните на патот и навиваат за ваквите зависници од адреналин. Некои дури се вклучуваат во нивните смртоносни рути, така што легнуваат на асфалтот и дозволуваат возилото да ги прескокне возејќи со вратоломна брзина. Лудо хоби во Саудиска Арабија возење автомобил на 2 тркалаЛудо хоби во Саудиска Арабија возење автомобил на 2 тркалаВозачите користат платформа за да ги навалат возилата на две тркала, а потоа се потпираат на нивните способности зад воланот, за да го спречат превртувањето на автомобилот и потенцијалното убивање на нивните патници. Премалку е да се каже дека овој спорт е екстремно опасен нели?!rn

    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 екстремни пустелии

    10 екстремни пустелии

    Некои точки на Земјата се толку пусти и изолирани, што прашање е дали воопшто човек треба да размислува да отпатува до нив…rn
    rn

    Конкордија, Пакистан

    rnНе постои лесен пат до Конкордија. Името го добила од европските истражувачи на кои местото им личело на Швајцарските Алпи. Сместена длабоко во планините во северниот дел на Пакистан, Конкордија располага со таква смиреност и дивост која оддава впечаток дека таму некаде е крајот на светот. Ако некогаш решите да стигнете до таму, спремете се да пешачите цели десет дена.10 екстремни пустелииrn

    Руб ал-Хали, Саудиска Арабија

    rnРуб ал-Хали во Саудиска Арабија е најголемата песочна површина на планетата. Западните истражувачи ја нарекле Дом на тишината, а има и зошто. Зафаќа површина отприлика колку Франција и Бенелукс заедно, има дини високи и по 300 метри, а сето тоа „живее“ во неверојатна тишина.10 екстремни пустелииrn

    ‘Ртот Јорк, Австралија

    rnНајсеверната точка во Австралија претставува и крајот на светот за жителите на овој континент. ‘Ртот е оддалечен повеќе од 1.000 километри од најблискиот град, така што патувањето до таму подразбира неколкудневно возење по тежок пат по кој се среќаваат само крокодили. На крајот, наградата за долгиот пат е еден карпест предел и ништо друго.10 екстремни пустелииrn

    Катинирпак, Канада

    rnАко се прашувавте што има во оние предели на Канада каде што нема големи градови, одговорот е национални паркови во кои има само голи планини и поларни мечки. Катинирпак е најекстремниот од нив. Го зафаќа најсевервниот дел од Канада.10 екстремни пустелииrn

    Северниот Пол

    rnМразот на Северниот пол останува на листата од најекстремни пустелии на Земјата барем уште неколку години додека се стопи целосно. Под големите слоеви мраз нема земја, па оние малку санти мраз кои пловат по Северниот Леден Океан се голем предизвик и за најголемите авантуристи.10 екстремни пустелииrn

    Островот Робинзон Крусо, Чиле

    rnВо осумнаесеттиот век на овој остров бил оставен еден морнар кој овде поминал сам четири години од животот, а подоцна бил инспирација за Даниел Дефо да го напише истоимениот роман. Денес островот е населен со околу 500 жители, а поради „блискоста“ со Јужна Америка од 670 километри, не го посетуваат повеќе од 100 луѓе годишно.10 екстремни пустелииrn

    Невадо Мисми, Перу

    rnНевадо Мисми е пустелија која се наѓа на планина висока 5.597 метри, на оддалеченост од 700 километри од Лима. Сепак, некому му било важно да стигне до таму затоа што на крајот тука е пронајден изворот на Амазон.10 екстремни пустелииrn

    Островот Олхон, Русија

    rnОлхон е остров на средината од Бајкалското Езеро, инаку најдлабокото во светот. И самото езеро кое се наоѓа во сибирскиот регион е доволно осамено, па не изненадува што неговиот остров е толку изолиран.10 екстремни пустелииrn

    Камчатка, Русија

    rnЛетот од Москва до Камчатка на Далечниот Исток трае неверојатни 11 часа, што всушност е најдолгиот домашен лет во светот. Овој полуостров е толку изолиран од развиениот дел на Русија што се наоѓа поблиску до Лос Анџелес отколку до Москва.10 екстремни пустелииrn

    Замокот Скоти, САД

    rnНа почетокот на дваесеттиот век чикашкиот магнат Алберт Џонсон верувал дека ќе најде злато во Долината на смртта во Калифорнија и затоа го изградил овој замок на сред пусина. Денес таму не живее никој.10 екстремни пустелии
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најпознатите фонтани во светот

    Најпознатите фонтани во светот

    Фонтаните се места кои ги поврзуваат луѓето. Тука можете да седнете и да јадете, да напишете разгледница или едноставно да ги гледате другите луѓе. Ако се наоѓате покрај некоја фонтана, не заборавајте да си замислите желба и да фрлите паричка.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтана ди Треви во Рим, Италија

    rnСо своите 26 метри во височина и 20 метри во широчина, Фонтана ди Треви е најголемата барокна фонтана во Рим. На фасадата на фонтана прикажана е сцената на пронаоѓањето на чиста вода, а тука се и скулптурите на Нептун, Агрип и римската девица Тривиа. Се верува дека оној кој ќе фрли паричка во Фонтана ди Треви, сигурно ќе се врати во Рим. Според статистиките, секој ден во Фонтана ди Треви завршуваат 3000 евра во монети.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаните Петерхов во Санкт Петербург, Русија

    rnФонтаните Петерхов се наоѓаат во дворот на палатата Петерхов која Петар Велики ја изградил во Санкт Петербург во 1709 година. Восхитен од Версајските фонтани на Луј 14, Петар Велики изградил исти такви фонтани во дворот на својата палата. Централно место кај фонтаните зазема каскадниот пад на водата покрај кој се поставени статуи во ренесансен стил.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаните Белаџио во Лас Вегас, Невада

    rnФонтаните Белаџио се ноаѓаат на предната страна од истоимениот хотел. Овие фонтани секојдневно приредуваат претстава од бои и музика која се одржува на секој половина час во попладневните часови и на секои 15 минути во вечерните часови. Фонтаните се поставени на површината на големо вештачко езеро, чија вода постојано се прочистува од хотелскиот отпад.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Магичната фонтана на Монжуик во Барселона, Шпанија

    rnМагичната фонтана во Барселона се наоѓа под Националната палата на ридот Монжуик. Изградена е во 1929 година за потребите на Меѓународната изложба на Барселона. За време на шпанската граѓанска војна, фонтаната била оштетена и не била во употреба сè до 1955 година, кога била реставрирана. Во текот на 1980-тите години, музиката и боите стануваат дел од величествените претстави на Магичната фонтана.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Бакингемската фонтана во Чикаго

    rnБакингемската фонтана во Чикаго е обележје кое се наоѓа во центарот на паркот Грант и се смета за една од најголемите фонтани во светот. Инспирирана е од фонтаната Латона во Версајскиот дворец и е изградена во рококо стил. На 26 август 1927 година Кејт Бакингем ја донирала фонтаната на Чикаго во спомен на нејзиниот брат Кларенс Бакингем.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаната на богатството во Сингапур

    rnВо 1998 година Фонтаната на богатството се запиша во Гинисовата книга на рекорди како најголема фонтана во светот. Изградена во 1995 година, фонтаната е препознатлива по бронзениот прстен кој според хинду принципите го означува универзумот и претставува единство на духот. Фонтаната на богатството симболично ја означува хармонијата на сите раси и религии во Сингапур.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаните во паркот на Версајскиот дворец во Франција

    rnФонтаните во градината на Версајскиот дворец имаат централна улога и се користеле за да се демонстрира моќта на човекот над природата. Најпозната од сите е фонтаната „Латона“ на која симболично е прикажано како измачуваната Латона е прогонета со своите две деца, Дијана и Аполон, кои биле казнети така што биле претворени во жаби.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаната на кралот Фад во Саудиска Арабија

    rnФонтаната на кралот Фад се наоѓа на брегот на Џеда, во западниот дел на Саудиска Арабија. Името го добила според самиот крал Фад кој ја донирал фонтаната на градот Џеда. Оваа фонтана фрла вода во висина од 312 метри над површината на Црвеното Море и затоа е видлива од секоја точка на градот. Брзината на исфрлањето вода достигнува до 375 километри на час со што се трошат 18 тони вода.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Меморијалната фонтана „Ел Аламејн“ во Сиднеј, Австралија

    rnМеморијалната фонтана „Ел Аламејн“ претставува спомен – обележје на војниците кои загинале во 1942 година, за време на Втората светска војна, во две битки или две во Ел Аламејн во Египет. Фонтаната во форма на глуварче е изградена од армискиот ветеран Роберт Вудворд во 1959 година.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаната на четири реки во Рим, Италија

    rnФонтанатата на четири реки се наоѓа во урбаниот дел на Пјаца Навона во Рим. Изградена е во 1651 година од Џан Лоренцо Бернини. Од центарот на фонтаната се издигнува древен египетски обелиск, додека самата фонтана симболично ја сочинуваат четирите најголеми реки на четири различни континенти: реката Нил во Африка, Дунав во Европа, Ганг во Азија и Рио де ла Плата во Америка.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаната во Дубаи

    rnФонтаната во Дубаи се наоѓа на вештачкото езеро Бурџ Калифа во центарот на градот. Компанијата која ги дизајнираше фонтаните Белаџио во Лас Вегас, беше одговорна и за изградбата на фонтаната во Дубаи. Во хармонија со арапските звуци и светските музички хитови, фонтаната долга 275 метри исфрла вода во висина од над 73 метри. Фонтаната во Дубаи беше пуштена во употреба на 8 мај 2009 година.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаната на желките во Рим, Италија

    rnФонтаната на желките, изградена во стилот на доцната ренесанса, се наоѓа на плоштадот „Свети Матеј“ во Рим. Фонтаната била изградена во периодот помеѓу 1580 и 1588 година, од страна на архитектот Џакомо дела Порта и скулпторот Тадео Ландини. Бронзените желки на горниот дел од фонтаната на почетокот не постоеле. Тие биле додадени подоцна, во 1658 година, кога фонтаната била обновена.rnrnНајпознатите фонтани во светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.