КАФЕ ПАУЗА

Tag: сандали

  • Кристијан Лубутан, есен/зима 2014

    Кристијан Лубутан, есен/зима 2014

    Кристијан Лубутан со својата нова колекција на чевли повторно покажува дека многу добро го познава вкусот на жените. Оваа сезона секоја жена може да си го најде својот омилен модел без разлика дали станува збор за едноставни и елегантни салонки или пак, за секси и неодоливи чизми. Покрај одличните дизајни на чевли, тој дизајнирал и одлични чанти кои се соодветни за сите видови пригоди. Погледнете…rnrnКристијан Лубутен, есен/зима 2014rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 9 неопходни нешта за совршено викенд патување

    9 неопходни нешта за совршено викенд патување

    Автор: Софија СионоваrnrnВикендот е одличен период за да исчезнете од бучавата и нервозите на место каде што би можеле да се опуштите. Но додека се стигне до летниот одмор и релаксирањето на плажа, за некои од нас има уште многу време. Затоа постојат малите викенд патувања. А пред да заминете, треба добро да ги спакувате сите потребни работи. Општо познат факт дека најлошиот дел од одморот е самото заминување, при што најмногу нѐ мачи старото познато прашање: „Што навистина треба да спакувам?“ Погледнете што сѐ би требало да се најде во куферот пред да заминете.rnrnWoman Trying To Close Overfilled Suitcase - Isolatedrn

    1. Обична црна маичка

    rnЦрната маичка е како кафе за вашиот гардеробер: најдобро е кога е црна, едноставна и без многу додатоци. Таа е важен дел од вашата облека, дури и кога временските услови не се најпогодни. Зошто црно? Затоа што во комбинација со правилните парчиња лесно можете да се извлечете без многу труд.rn

    2. „Бојфренд“ џинс

    rnВашите тесни фармерки искрено и не се најлесното парче за бројни комбинации. „Бојфренд“ џинсот се многу поповолна и подобра опција, а еве две причини зошто:rn

      rn011

    • Необични се.
    • rn011

    • Нивниот широк крој е многу поудобен при долги возења со авион, воз или во кола.
    • rn

    rn2-9 neophodni neshta za sovrsheno vikend patuvanje-kafepauza.mkrn

    3. Сандали од кафеава кожа

    rnОдлични за секојдневни прошетки. Удобноста е на прво место, а и неутралната боја изгледа одлично со сѐ (дури и со еднобојната црна маица).rn

    4. Шешир

    rnПланирате да се изложувате на сонце? Не заборавајте го шеширот! Не само што ќе го заштити лицето од штетните зраци, туку и го разубавува изгледот.rnrn3-9 neophodni neshta za sovrsheno vikend patuvanje-kafepauza.mkrn

    5. „Голи“ потпетици

    rnСпремни за вечерта! Не постои комбинација која шпиц штиклите во кожа боја не ја разубавуваат. Плус, од сите видови потпетици тие се најубави, затоа што ќе ве издолжат и ќе го истакнат вашето прекрасно КБФ (Што е КБФ? Прочитајте подолу.)rn

    6. Бел блејзер

    rnНишто не имплицира на летен шик како класичниот, струкиран бел блејзер. Наметнете го преку црната маичка со светло кафените потпетици и спремни сте за рефлекторите.rnrn4-9 neophodni neshta za sovrsheno vikend patuvanje-kafepauza.mkrn

    7. Кратко бело фустанче (КБФ)

    rnСите знаеме за КЦФ (краткиот црн фустан), но тука е и краткото бело фустанче. Го истакнува чоколадниот тен кој тешко се добива, а за транзиција од дневен во ноќен изглед потребна е само промена на чевлите.rnrn5-9 neophodni neshta za sovrsheno vikend patuvanje-kafepauza.mkrn

    8. Чанта со средна големина

    rnСупер за топлите летни денови. Одлична за носење на фотоапаратот, очилата за сонце како и џемперот (никогаш не се знае кога ќе залади).rn

    9. Плик чанта

    rnНема прилика каде што не се носи. Најубави се со забавен или графички принт за да додаде шаренило на монотоната комбинација.rnrn6-9 neophodni neshta za sovrsheno vikend patuvanje-kafepauza.mkrn

    Како да се спакувате?

    rn1. Запомнете дека сите работи кои ќе се најдат во куферот мораат да си одговараат меѓусебно за да можат лесно да се комбинираат. Помалку време покрај огледалото = повеќе време на плажа.rnrn2. На меките парчиња (тренерки, маички, џемпери) при пакување им треба помал простор, а на оние со погруби материјали (блејзери, фармерки, јакни) им треба повеќе место. За меките е подобро да се во долниот дел од куферот, завиткани во ролни, а погрубите здиплени во горниот. Така ќе имате повеќе исполнет простор, а и облеката нема да се изгужва.rnrn3. Најлесен начин за пакување на шапките е ставањето на предмети кои би спречиле нивно кршење. Најдобро место е во најдолниот дел од торбата. Над неа внимателно е најдобро да се стави меката облека околу рабовите на капата.rnrn4. Искористете го просторот во чевлите – балетанките и патиките имаат многу место кое што може да се искористи за чување на полнач за телефонот, чорапи, лакови за нокти, па дури и очила за сонце.rnrn5. Малите предмети како долната облека и пижамите можат да го пополнат празниот простор меѓу околу облеката.rnrn6. Блузите, фустаните и другите нежни парчиња облека треба да бидат на врвот од куферот.rnrn7. Избегнување на незгодни ситуации – при завршување на пакувањето ставете пластична кеса преку облеката и особено внимавајте да бидат покриени рабовите. Ако нешто се зафати кога го отворате вашиот куфер тоа ќе биде ќесата, а вашиот нежен фустан ќе биде целосно заштитен.rnrn8. Никако не заборавајте ги вашите креми за нега и маслата за сончање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кои се најсоодветните обувки за долгиот летен фустан?

    Кои се најсоодветните обувки за долгиот летен фустан?

    Нема ништо поубаво од долг, удобен, лелеав фустан во лето. И додека сѐ уште се сомневате како да го искомбинирате, ви даваме неколку предлози за најсоодветните обувки. Да, не, можеби? Погледнете и самите.rn

    ДА: Ниски слатки сандали

    rnКои се најсоодветните обувки за долгиот летен фустан?1.1-koi-se-najsoodvetnite-obuvki-za-dolgiot-leten-fustan-kafepauza.mk_rnrnОва се чевли кои се вклопуваат во речиси секоја летна комбинација. Ги има во најразлични стилови и се одличен избор за долгиот фустан. Доколку се двоумите, бидете малку посмели и одберете некој повпечатлив модел, со светкави камчиња или пак следете го последниот тренд – гладијаторскиот стил на ниски сандали.rn

    ДА: Чевли со платформа

    rnКои се најсоодветните обувки за долгиот летен фустан?rnrnОва се чевли кои се доволно гламурозни и шик, за совршено да се надополнат со долгиот фустан. Даваат дополнително издолжување, а истовремено се и многу удобни. Доколку имате долг фустан во ацтеки стил, комбинирајте го со чевли на платформа во бела боја. Ако пак имате фустан во пастелна боја, одберете чевли со цветен принт. Нема за што да се грижите, бидејќи имате безброј комбинации за неодолив летен изглед.rn

    ДА: Фенси апостолки

    rn3-koi-se-najsoodvetnite-obuvki-za-dolgiot-leten-fustan-kafepauza.mk_rnrnЛетото е како створено за апостолки, зарем не? Тие се совршен избор и за овој модел на фустан. Одберете некои поедноставни или пак нешто погламурозно. Изборот и онака е огромен. Кога и да се сомневате што да облечете на нозе, знајте дека ова е вистинското решение.rn

    МОЖЕБИ: Штикли

    rnКои се најсоодветните обувки за долгиот летен фустан?4.1-koi-se-najsoodvetnite-obuvki-za-dolgiot-leten-fustan-kafepauza.mk_rnrnЗошто можеби? Доколку одите на некој посвечен настан со долг фустан, тогаш дефинитивно може да го комбинирате со соодветни штикли, при што треба да внимавате да не се превисоки и пренападни. Но, ако одите на некој поопуштен настан, најдобро е да ги оставите во плакарот и да се одлучите за некоја од варијантите погоре.rn

    НЕ: Чизми

    rn5.1-koi-se-najsoodvetnite-obuvki-za-dolgiot-leten-fustan-kafepauza.mk_Кои се најсоодветните обувки за долгиот летен фустан?rnrnЧизмите се многу секси и зрачат со стил, но кога станува збор за долг фустан, едноставно треба да ги заборавите. Воопшто не изгледаат убаво и тренди во една ваква комбинација. Дури и да сметате дека супер изгледате така, размислете уште еднаш и сепак одберете други обувки.rn

    НЕ: Патики

    rnКои се најсоодветните обувки за долгиот летен фустан?rnrnАко имате барем малку осет за мода, ќе знаете дека оваа комбинација не доаѓа во обѕир. Патиките најмногу одговараат со фармерки и тренерки. Навистина ќе го уништите женствениот изглед, доколку пробате нешто вакво.rnrnСе надеваме дека ви помогнавме и дека сега ќе знаете како на најубав начин да го комбинирате долгиот фустан, што веќе е спремен за летото.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најубавите сандали за следната година

    Најубавите сандали за следната година

    Анџело Ругери, креативниот директор на познатата италијанска модна куќа „Серџио Роси“ ги изненади сите со своите совршени сандали кои ќе се појават на пазарот наредната недела.rnrnНајубавите сандали за следната годинаrnrnСандалите се претставени во една од колекциите за 2014 година, а инспирирани се од едно од најпознатите уметнички дела на уметницата Габриела Креспи, свеќникот „Gocce Oro“. Сандалите се украсени со прекрасна пеперутка, која е и симбол на оваа дизајнерска куќа.rnrnНајубавите сандали за следната година Најубавите сандали за следната година Најубавите сандали за следната година
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Основни правила за носење машки обувки

    Основни правила за носење машки обувки

    Ако се прашувавте какви обувки во каква пригода и на кој начин се носат, во продолжение следуваат основните правила.rn

    Елегантни чевли

    rnЕлегантните кожни чевли се неопходни за прилики во кои треба да покажете сериозност, како на пример бизнис состаноците, а задолжителни се и на свечени настани како коктели или свадби. Црните елегантни чевли можат да се носат со каков било костум. Ако, пак, сакате да ги носите со фармерки или каки панталони, тогаш најдобар избор се оние во кафеава боја.rnrnОсновни правила за носење машки обувкиrn

    Мокасини

    rnМокасините се единствената машка обувка која изгледа подеднакво добро и со костум и со кратки панталони. Особено добро изгледаат во комбинација со каки панталони и блејзер (или сако), или пак со кратки панталони и поло маица.rnrnОсновни правила за носење машки обувкиrn

    Апостолки

    rnКратко и јасно: апостолките се наменети за на плажа. Не се носат со ништо друго освен со шорцеви.rnrnОсновни правила за носење машки обувкиrn

    Спортски сандали

    rnТие имаат малку подебел ѓон затоа што се наменети за активности на отворено во летната сезона. Покрај со шорцеви, може да се комбинираат и со фармерки.rnrnОсновни правила за носење машки обувкиrn

    Елегантни сандали

    rnОбично се изработени од кожа и во изгледот не се разликуваат премногу од спортските влечки. Нивниот дизајн им овозможува да се носат заедно со ленени костуми. Никако не се носат со чорапи!rnrnОсновни правила за носење машки обувкиrn

    Спортски чевли

    rnСпортските чевли по дизајнот малку потсетуваат на оксфордки, но се разликуваат по спортскиот гумен ѓон. Се носат буквално со секаква секојдневна облека. Препорачливи се затоа што се носат во опуштена атмосфера, а делуваат поелегантно од обичните патики.rnrnОсновни правила за носење машки обувкиrn

    Бродски мокасини

    rnБродските чевли се варијанта на мокасините. Наменети се за топло време, така што може да се носат и без чорапи, во комбинација со шорцеви или ленени панталони.rnrnОсновни правила за носење машки обувкиrn

    Чизми до глужд

    rnТие се зимската верзија на елегантните чевли. Се комбинираат исто како нив.rnrnОсновни правила за носење машки обувкиrn

    Планинарски чевли

    rnСамото име кажува дека служат за планинарење или за пешачење. Се подразбира дека се комбинираат со облеката наменета за тоа, но можат да се носат и со фармерки.rn

    Основни правила за носење машки обувки

    rnrn

    Каубојски и моторџиски чизми

    rnСо моторџиските чизми се изразува сопствениот стил, така што делуваат убаво во моторџискиот кожен стил. Секако дека одговараат и на фармерки, исто како и каубојските чизми.rnrnОсновни правила за носење машки обувкиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 задолжителни летни парчиња облека

    5 задолжителни летни парчиња облека

    Во текот на летните месеци секогаш сакаме да носиме лесна и удобна гардероба која лесно може да се трансформира и во дневна и во вечерна варијанта и која не зафаќа многу простор, за да ни ја собере во плакарот и во куферот за летување.rnrnОва се парчиња облека, кои ќе ги исполнат сите ваши потреби во текот на летото и кои задолжително морате да ги имате. Тие се модерни и актуелни ова лето, но постои веројатност некои од нив да ги имате од претходните сезони.rn

    Капри панталони со принт

    rnПопуларните три-четврт панталони или фармерки се совршени за кој било период од денот. Можете да ги комбинирате со скоро сите дневни парчиња, а добро изгледаат и со рамни сандали и со високи потпетици.rnrn5 задолжителни летни парчиња облекаrn

    Плик-чанта во светла боја

    rn

    Ваквата чанта ќе ви помогне да ја разбиете секоја ваша дневна комбинација, а во сите продавници ќе најдете голем број модели и нијанси. Ваше е само да одберете која најмногу ќе ви одговара.

    rn

    5 задолжителни летни парчиња облека

    rnrn

    Тенка летна кошула

    rnКошула од лесен материјал е задолжително парче кое повеќето жени најверојатно го имаат во својот плакар. Доколку немате, тогаш купете некоја со интересни детали на неа.rnrn5 задолжителни летни парчиња облекаrn

    Сандали на плута

    rn

    Доколку сте во потрага по совршени сандали за ова лето, одличен избор се оние со полна пета. Доколку не сте љубители на високи потпетици, тогаш сигурно ќе пронајде некои поудобни со помала плута.

    rn

    5 задолжителни летни парчиња облека

    rnrn

    Макси фустан

    rnЗадолжително парче оваа сезона се макси фустаните. Сон нив многу брзо и лесно ќе се спремите за секоја прилика, ќе се чувствувате комотно, а и ќе изгледате прекрасно.rnrn5 задолжителни летни парчиња облекаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Летни парчиња облека кои мажите ги сакаат

    Летни парчиња облека кои мажите ги сакаат

    Секоја девојка се труди да биде секси и да остави некаков впечаток, особено ако има посебна личност од чија страна треба да биде забележана. Ова се неколку летни парчиња облека и комбинации, кои мажите ги сметаат за секси. Мини здолништа, тесни фармерки, но и спортски и лежерен изглед често знае да им ја разбуди фантазијата, особено во лето.rn
    rn

    Ританки

    rnДелуваат природно, опуштено и оставаат впечаток дека не сте се труделе премногу околу својот изглед. Мажите го сакаат тоа.Летни парчиња облека кои мажите ги сакаатrn

    Мини здолништа

    rnТие се слатки и секси, плус ги нагласуваат струкот и задникот… кое машко не го сака тоа?Летни парчиња облека кои мажите ги сакаатЛетни парчиња облека кои мажите ги сакаатrn

    Тесни фармерки

    rn Тесните фармерки најдобро ги нагласуваат облините на женското тело. Делуваат спортски и лежерно, а со соодветни потпетици, одговараат на повеќе различни пригоди. Тесните фармерки се само уште еден доказ дека не мора да биде разголено за да биде секси.Летни парчиња облека кои мажите ги сакаатrn

    Горен дел без прерамки

    rn Се гледаат рамениците и дел од грбот, затоа ваквиот изглед мами воздишки.Летни парчиња облека кои мажите ги сакаатrn

    Рамни обувки

    rn Слатки се и женствени. Покажуваат дека личноста која ги носи е слободна, полна со самодоверба и не е опседната со својот изглед.Летни парчиња облека кои мажите ги сакаатrn

    Летни фустанчиња

    rnСекси, лежерно, лелеаво… летно! Буди фантазија кај мажите.Летни парчиња облека кои мажите ги сакаатЛетни парчиња облека кои мажите ги сакаатrn

    Кратки шорцеви и обувки на висока плута

    rnКратките шорцеви во комбинација со сандали на висока плута, се одличен летен, кежуал избор. Момците ја сакаат оваа комбинација, бидејќи сандалите на висока плута, ненападно ги истакнуваат женските нозе, а кратките шорцеви ги нагласуваат колковите.Летни парчиња облека кои мажите ги сакаат
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?

    Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?

    Оваа пролет постојано си поигрува со нас, секојдневно менувајќи го расположението од блескаво сончево и топло, во врнежливо, тмурно и студено, па не знаеме дали треба да облечеме лесна облека или да понесеме капут и чадор, за секој случај.Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Како и да е, летото полека но сигурно ни се приближува, а тоа значи дека е време да почнеме да размислуваме за поотворени обувки, во кои ќе се чувствуваме пријатно, секси и модерно. Модата сѐ повеќе ги губи своите граници, па така и ова лето се носат од класични сандалки на штикла, римјанки, старовремски отворени кај прстите, на топук, со врвки и какви сѐ не. Разгледајте што ќе биде во мода и инспирирајте се за следниот шопинг на чевли, со мала помош од наша страна.Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето? Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фратели Карида – колекција пролет/лето 2012

    Фратели Карида – колекција пролет/лето 2012

    Приказната на семејството Карида започнува во Солун, Грција, со отворањето на првата продавница „Каридас“, која претставува едно од најпрепознатливите места на прометните градски улици. Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 Компанијата „Фратели Карида“ е едно ново поглавје во деловните активности на Константинос Каридас, во областа на модните додатоци, со две ексклузивни продавници во Солун. Во 2008 година, компанијата се прошири со уште две нови продавници, една во Лариса и уште една во Атина. Во продавниците на „Фратели Карида“ може да се најдат најдобрите чевли и најинтересните модни додатоци за мажи и жени. Најновите светски трендови, елеганцијата и врвниот квалитет се главните фактори во бескрајната потрага по безвременскиот стил.Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 Во овие продавници, меѓу другото, можат да се најдат и дизајнирани чевли од Џорџо Армани, Долче и Габана, Марио Черути, Џон Ричмонд, Педро Гарсија, Марк Џејкобс, Живанши и многу други. Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 За колекцијата пролет/лето 2012 Фратели Карида нудат сандали со високи потпетици, како и на плутена платформа, изработени во повеќе бои и дезени. Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 пролетни трендови на обувки

    5 пролетни трендови на обувки

    Автор: Моника Трајковска

    rn

    Пролетта конечно дојде и сите ние сме возбудени за подолгите, посончевите и потоплите денови. Можете слободно да ги спакувате вашите чизми и зимски кондури за да ослободите повеќе место за пролетните обувки. Оваа пролет очекувајте балетанки, сандали и мокасинки во многу бои. Најмногу ќе се издвојуваат апстрактните и цветните дезени кои одлично ќе изгледаат за време на најубавото годишно време.5 пролетни трендови на обувки

    rnrn

    1. Балетанки со врв во различна боја

    rn

    Овој вид на класични балетанки секогаш биле во тренд, но оваа пролет ќе имаат сосема нов изглед. Тие ќе бидат со уникатни бои, светли или темни, со цветни дезени или карирани и секогаш со врв во различна боја. А за оние кои се посмели, ќе има и посебни платнени балетанки со метален врв.5 пролетни трендови на обувки

    rnrn

    2. Апстрактни дизајни

    rn

    Оваа пролет не смеете да немате барем еден пар обувки со овој дизајн. Без разлика на тоа дали се работи за сандали, балетанки или мокасинки тие мора да имаат многу бои на нив и уникатни дизајни по кои ќе бидете лесно препознатливи.5 пролетни трендови на обувки

    rnrn

    3. Рамни сандали

    rn

    Рамните сандали се основа за секојдневни прошетки на топло време, а оваа сезона најмногу ќе се издвојуваат оние со два ремена. За девојките кои со нетрпение ја дочекаа пролетта, најдобар избор се сандалите со цветни дизајни, додека пак за покласичните девојки тука се сандалите со многу светли бои и платнени ремени.5 пролетни трендови на обувки

    rnrn

    4. Сандали со рамна платформа

    rn

    Претходната година се до завршувањето на летото, овие сандали беа голем хит. Оваа сезона повторно се високо на листата. Без разлика дали се работи за дневна прошетка во паркот или вечерно кафе со другарките, тие се секогаш одличен моден додаток.5 пролетни трендови на обувки

    rnrn

    5. Разнобојни мокасинки

    rn

    Пронајдете го вашиот внатрешен пролетен дух со мокасинки во најразлични бои. Во зависност од бојата што преовладува во вашиот плакар, одберете си еден пар мокасинки кој оди со скоро сите видови на пролетна облека.  Пробајте и цветен дизајн, доколку вашиот стил ви го дозволува тоа.5 пролетни трендови на обувки

    rnrn


    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.