КАФЕ ПАУЗА

Tag: сандали

  • Чевлите го откриваат карактерот на девојките

    Чевлите го откриваат карактерот на девојките

    Без разлика дали преферирате рамни чевли или високи потпетици, изборот на чевли го открива вашиот карактер повеќе отколку што мислите.rn

    Сандали со пониска потпетица

    rn

    Сандалите со ниска или средна потпетица се за девојките кои ѝ робуваат на модата. Овие модни снобови со задоволство ја следат модата, одошто да облечат нешто поконвенционално.

    rn

    Чевлите го откриваат карактерот на девојките

    rnrn

    Рамни сандали со ремче околу зглобот

    rn

    Рамните сандали што имаат ремче околу зглобот се избор на девојките кои се понесени од моментот. Сепак, овие девојки се присебни и во секојдневниот живот најчесто ги имаат работите под контрола. Другите ги сметаат овие девојки како вечни деца во срцето.

    rn

    Чевлите го откриваат карактерот на девојките

    rnrn

    Шарени сандали на платформа

    rn

    Девојките кои обожаваат да носат шарени сандали на плутена платформа, имаат слободен дух. Го привлекуваат вниманието на сите што се наоѓаат во нивна близина. Имаат подеднаков број пријатели и од двата пола.

    rn

    Чевлите го откриваат карактерот на девојките

    rnrn

    Балетанки

    rn

    Балетанките се избор на класичните девојки. Нивниот начин на живеење, нивниот распоред и нивниот стил на облекување се безвремени и без посебни детали. Овие девојки би одбрале полароид наместо дигитален апарат, а нивниот избор, исто така, би бил Грејс Кели пред Гвинет Палтроу.

    rn

    Чевлите го откриваат карактерот на девојките

    rnrn

    Сандали на платформа со ремче околу зглобот

    rn

    Девојките кои преферираат да носат сандали на платформа со ремче околу зглобот, секогаш се во тек со најновите модни трендови. Тие први го имаат најновото модно парче и токму овие девојки ги диктираат модните трендови во друштвото.

    rn

    Чевлите го откриваат карактерот на девојките

    rnrn

    Сандали со Т – ремче

    rn

    Сандалите со ремче во форма на буквата Т се избор на девојките полни со самодоверба. Овие девојки зрачат со сексапилност и свесни се за сопствената појава. Не се плашат да флертуваат и знаат како да го добијат тоа што го сакаат.

    rn

    Чевлите го откриваат карактерот на девојките

    rnrn

    Машки чевли

    rn

    Девојките кои се одлучуваат за модели кои потсетуваат на машки чевли, или уште познати како „бродски чевли“, се сметаат како машкуданки. Не само нивните чевли, туку и нивната гардероба е слична на машката. Овие девојки ги обожаваат спортовите.

    rn

    Чевлите го откриваат карактерот на девојките

    rnrn

    Сандали со вкрстени ремчиња

    rn

    Сандалите со вкрстени ремчиња се за девојките кои го имаат епитетот „најдобри другарки“. Со својот нежен карактер и талентот за советување, овие девојки најдобро се снаоѓаат кога се опкружени со деца. Купувањето подароци за нив е една од најлесните работи.

    rn

    Чевлите го откриваат карактерот на девојките

    rnrn

    Сандали со дрвена платформа

    rnДевојките кои преферираат сандали со дрвена платформа се сметаат за навистина паметни. Тие имаат логично решение за секој проблем. Без разлика дали се на пазарот на акции или ја пресметуваат сметката во ресторан, овие девојки се непогрешливи кога станува збор за математика.rnrnЧевлите го откриваат карактерот на девојкитеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Креативна колекција на обувки од „Адидас“

    Креативна колекција на обувки од „Адидас“

    Џереми Скот е дизајнер кој очигледно има голема смелост при креирањето нови модели за „Адидас“. Тој има и претходно соработувано со овој светски бренд, а неговата пролетна колекција за следната сезона ќе биде навистина екстра.Креативна колекција на обувки од „Адидас“Во новата колекција тој повторно ги има вметнато неговите препознатливи крилја на обувките. Покрај тоа, тој има внесено тотална иновација во чевлите на „Адидас“, па така може да се забележи модел со дезен на крзно од крава, сандали направени да наликуваат на легендарните и веќе препознатливи модели на патики, па дури и модели со опашка од тигар. Бидејќи неговата претходна колекција доживеа огромен успех, очигледно од „Адидас“ му дале одврзани раце, а тој тоа го искористил максимално. Па кој модел ви е најсимпатичен? Креативна колекција на обувки од „Адидас“Креативна колекција на обувки од „Адидас“Креативна колекција на обувки од „Адидас“Креативна колекција на обувки од „Адидас“Креативна колекција на обувки од „Адидас“Креативна колекција на обувки од „Адидас“Креативна колекција на обувки од „Адидас“Креативна колекција на обувки од „Адидас“Креативна колекција на обувки од „Адидас“Креативна колекција на обувки од „Адидас“Креативна колекција на обувки од „Адидас“Креативна колекција на обувки од „Адидас“Креативна колекција на обувки од „Адидас“Креативна колекција на обувки од „Адидас“Креативна колекција на обувки од „Адидас“


    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Задолжителни летни модни парчиња

    Задолжителни летни модни парчиња

    Го планирате годишниот одмор, секое слободно време го поминувате на кафе со пријателките, а на вашата летна гардероба од минатата година очајно ù е потребно освежување. Без разлика со колкав буџет располагате и колку нови парчиња можете да си дозволите, избирајќи ги вистинските, секогаш можете да изгледате свежо и различно. Еве неколку предлози за универзални модни парчиња кои ќе го направат вашиот изглед апсолутно летен:rnrnЗадолжителни летни модни парчињаrn

    1. Сламена торба

    rn

    Има ли нешто посоодветно за лето од сламена торба. Лесна, со земјен ефект и за опуштен изглед, оваа торба можете да ја носите додека шетате низ кафулињата во вашиот град или пак за на плажа.

    rn

    Задолжителни летни модни парчиња

    rnrn

    2. Нешто неонско

    rn

    Додадете неонски парчиња облека и модни додатоци во вашата гардероба ова лето. Изберете си ја омилената боја и освежете го вашиот вообичаен избор за бои на гардероба.

    rn

    Задолжителни летни модни парчиња

    rn

    Најбезбедно е ваквите парчиња да се комбинираат со неутрални бои. Еве неколку примери:

    rn

    Задолжителни летни модни парчињаЗадолжителни летни модни парчињаЗадолжителни летни модни парчиња

    rnrn

    3. Голем шешир за заштита од сонце

    rn

    Овој моден додаток е особено хит оваа година. Поволното е што одлично изгледа и има заштитна функција. Носете го со вашиот костим за капење и со омилениот пар сандали додека одите на плажа. Изберете модел кој најмногу ќе ви се допадне и ќе ви одговара.

    rn

    Задолжителни летни модни парчиња

    rnrn

    4. Шорцеви во сите бои

    rn

    Зафрлете ги фармерките подалеку во вашиот плакар и носете што повеќе шорцеви, и тоа во различни бои. Која и да е вашата омилена боја, сигурно ќе можете да си изберете некои. Комбинирајте ги со облека на која ù треба освежување со друга боја или пак за да го создадете оној модерен шик изглед на комбинирање парчиња во бои.

    rn

    Задолжителни летни модни парчиња

    rnrn

    5. Долг фустан

    rn

    Овие долги лелеави фустани се носат веќе неколку сезони, па ако си немате купено досега, крајно време е сега да го направите тоа. Овие фустани се лесни за навлекување на себе, па се добри за во секое време, кога брзате и не знаете што да облечете или пак за да го покриете костимот за капење враќајќи се од плажа. Ваквите фустани создаваат боемски изглед и се добра алтернатива за типичните летни фустанчиња.

    rn

    Задолжителни летни модни парчиња

    rnrn

    6. Еспадрили

    rn

    Еспадрилите се секогаш добар избор за во лето, но оваа година боите, шарите и стиловите овозможуваат секој да си го пронајде својот вкус. Без разлика дали сакате рамни, тантелени или шпицести, сигурно ќе најдете нешто по вкус.

    rn

    Задолжителни летни модни парчиња

    rnДали оваа година веќе си купивте некое од овие летни парчиња? Со што би го надградиле вашиот летен имиџ?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.