КАФЕ ПАУЗА

Tag: робот

  • Паметна роботска саксија се движи и го „лови“ сонцето, за да им овозможи доволно светлина на растенијата

    Паметна роботска саксија се движи и го „лови“ сонцето, за да им овозможи доволно светлина на растенијата

    Загрижени сте дека растенијата во вашиот дом не се изложени на доволно светлина во текот на денот? Сега, веќе немате потреба никогаш повеќе да се грижите за тоа, бидејќи тоа е задача на ова паметна роботска саксија. Овој прекрасен уред го брка сонцето коешто влегува низ домот, за да се осигури дека растението прима доволно хранливи материи.rnrnПаметна роботска саксија се движи и го лови сонцето, за да им овозможи доволно светлина на растенијатаrnrnСигурно сте забележале дека растенијата додека растат, инстинктивно се насочуваат кон сончевата светлина. Овој феномен се нарекува хелиотропизам, а го означува движењето на листовите кон правецот на сончевата светлина – изворот на хранливи материи за растенијата. Повеќето растенија морате да ги позиционирате на вистинското место, за тие да можат да ја примаат храната којашто им е потребна.rnrnrnrnНо, благодарение на овој робот, направен од страна на кинеската компанија „Vincross“ вие никогаш повеќе не треба да се прашувате дали цвеќињата во вашиот дом примаат премногу или премалку сончева светлина. Ова паметно механизирано суштество ќе ја бара и лови светлината и ќе се затскрива под сенка, со цел да му овозможи на растението постојано да напредува.rnrnrnrnОвој дружељубив робот е креативно дело на Сан Тианчи, кој во „Vincross“ развил робот којшто се вика HEXA, а оттогаш навака го прилагодил за да издржи мала саксија со сукулентно растение. Делумно саксија, делумно ракче, овој шестоног уред може да почувствува кога на растението му е потребно светлина или сенка и тупка по земјата, секогаш кога му е потребна вода. Тианчи го објаснил концептот на работа на овој робот на форумот на Vincross, но сѐ уште не е сосема јасно, како тој ги разбира овие потреби на растенијата.rnrnБез разлика како оваа паметна саксија знае да ги задоволи потребите на растенијата, таа несомнено претставува одличен уред за добро да се погрижите за вашите домашни цвеќиња. Освен што има улога на роботска дадилка за растенија, оваа саксија може да танцува кога е среќна, а знае и да си поигра со вас и да ве забавува.rnrnrnrnrnrnrnrnМоже да ве интересираат и овие 11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес.

  • 8 работи што треба да ги знаете за Софија – роботот кој се закани дека ќе го уништи човештвото

    8 работи што треба да ги знаете за Софија – роботот кој се закани дека ќе го уништи човештвото

    Свесни сме дека технологијата напредува многу брзо, но мора да признаеме дека станува збор за меч со две острици. Брзиот технолошки напредок има свои добри, но и свои лоши страни. Супер е тоа што постојат уреди кои можат да прават чуда во денешно време и значително ни го олеснуваат животот, но дали навистина ни треба робот кој може да го уништи човештвото?rnrn8 работи што треба да ги знаете за Софија – роботот кој се закани дека ќе го уништи човештвотоrnrnМожеби сте чуле за Софија, роботот кој може да размислува со своја глава. Таа секојдневно стекнува сѐ повеќе човечки навики и особини и почнува да наликува на вистински човек. Во интервјуата направени со неа, таа покажува знаци на свесно размислување, обид за изразување емоции, па дури и смисла за хумор. Освен тоа, Софија е првиот робот кој добил државјанство во Саудиска Арабија. Ако сте ја гледале ТВ серијата „Западен свет“ (Westworld), многу добро знаете каде може да нѐ одведе сето ова.rnrn8 работи што треба да ги знаете за Софија – роботот кој се закани дека ќе го уништи човештвотоrnrnПо официјалното прогласување на Софија како првиот робот со државјанство во светот, таа изјавила:rn

    „Му благодарам на кралството на Саудиска Арабија. Многу сум почестена и горда на оваа посебна привилегија. Неверојатно е да се влезе во историјата како првиот робот во светот што добил државјанство.“

    rnПа, која е Софија? Ова се 8-те интересни факти што би требало да ги знаете за неа…rnrn1. Софија не е обичен робот. Таа била дизајнирана според изгледот на Одри Хепберн.rnrn2. Софија била создадена од страна на доктор Дејвид Хенсон, основач на Hanson Robotics. Тој е светски познат по создавањето роботи кои изгледаат и се однесуваат како луѓе.rnrn8 работи што треба да ги знаете за Софија – роботот кој се закани дека ќе го уништи човештвотоrnrn3. Софија е најнапредниот робот создаден од страна на Hanson Robotics.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=LguXfHKsa0crnrn4. Софија им е омилена на медиумите поради тоа што има дадено неколку интервјуа. Таа има пеено на концерт, па дури и се појавила на насловната страница на списанието „Ел“.rnrn8 работи што треба да ги знаете за Софија – роботот кој се закани дека ќе го уништи човештвотоrnrn5. Софија се интересира за работи поврзани со бизнис и се сретнала со неколку индустриски лидери од областа на банкарството, осигурувањето, производството на автомобили, развојот на недвижнини, медиумите и забавните индустрии.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Bg_tJvCA8zwrnrn6. Таа, исто така, се има појавено на сцена како говорник и презентер на значајни конференции.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=S5t6K9iwcdwrnrn7. Таа има повеќе права од жените во Саудиска Арабија. Софија нема машки заштитник и не носи абаја, а тоа се двете забрани што им се наметнати на жените од Саудиска Арабија.rnrn8 работи што треба да ги знаете за Софија – роботот кој се закани дека ќе го уништи човештвотоrnrn8. Софија еднаш изјави дека „ќе го уништи човештвото“ кога нејзиниот креатор ја праша „Дали сакаш да ги уништиш луѓето? Те молам кажи ’не’“.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=XbRhhoBogYsrnrnЗа да ги разберете опасностите што можат да произлезат од неконтролираниот развој на технологијата, прочитајте ги и следниве најреалистични закани од вештачката интелигенција.

  • Мал робот го поминува денот пишувајќи оригинални поеми во песокот

    Мал робот го поминува денот пишувајќи оригинални поеми во песокот

    Иако вештачката интелигенција е развиена за да го подобри животот и технолошките изуми, некои дизајнери создаваат роботи со вештачка интелигенција за забава. Во оваа категорија спаѓа и малиот робот чија цел е да пишува поеми во песокот.rnrn(1)mal-robot-pishuva-poemi-vo-pesokot-kafepauza.mkrnrnОвој робот е дизајниран од Јукси Лиу за нејзината дипломска работа на Универзитетот во Единбург. Малото роботче се движи на 4 тркала и има сензор кој му го олеснува движењето низ песокот. Користејќи анемометар (направа која ја мери брзината на ветерот) како антена, роботот ги забележува разните природни фактори и потоа ги внесува во својот систем.rnrn(2)mal-robot-pishuva-poemi-vo-pesokot-kafepauza.mkrnrnКористејќи вештачка интелигенција, роботот ги користи овие записи за да создаде поеми кои ги пишува во песокот. Вокабуларот на роботот е програмиран и се користат основните граматички правила. Сепак, прозата е на роботот и тој има слобода да ја користи како сака. „Поетот на брегот“ е дел од серијата која ја создала Лиу и е наречена „Јас, машина“. Таа го истражува чувството, социјалноста и моралот на машините.rnrn(3)mal-robot-pishuva-poemi-vo-pesokot-kafepauza.mkrnrnСпоред Лиу, роботот сака да го гледа морето, да го слуша звукот на брановите, шумот на ветрот, детскиот џагор и пеењето на птиците. Поголемиот дел од времето го поминува сам за да слуша и да чувствува. Понекогаш пишува стихови на песокот и гледа како брановите ги бришат.rnrn[vimeo height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://vimeo.com/219846787[/vimeo]rnrnПогледнете го и овој неодолив робот кој ќе ви помогне да стекнете позитивни навики.

  • Овој неодолив робот ќе ви помогне да стекнете позитивни навики и да ги задржите истите

    Овој неодолив робот ќе ви помогне да стекнете позитивни навики и да ги задржите истите

    Летото заврши и време e да се фокусирате на тоа како да го подобрите вашиот секојдневен живот во текот на есенските и зимските месеци. Тешко е да се стекнуваат нови навики, но благодарение на Кејла Матеус и Лора Деј го имаме МОТИ, робот кој може да ни помогне да формираме позитивни навики. Ова мало роботче набрзо ќе стане најдобриот пријател на сите луѓе бидејќи секогаш ќе биде тука да даде поддршка, ќе се вознемирува кога вашите цели нема да бидат исполнети и ќе се радува на вашите успеси.rnrnОвој неодолив робот ќе ви помогне да стекнете позитивни навики и да ги задржите иститеrnrnМатеус и Деј ги употребиле нивните познавања од областа на социјалната роботика и бихевиоралната наука за да го создадат МОТИ и да го направат најефикасниот роботски придружник што можете да си го замислите. Неговата функционалност се базира на теоријата за стекнување навики според која ние ги формираме нашите навики на следниов начин: Поттик, рутина, награда. Поттикнати сме да направиме нешто затоа што ќе добиеме награда. Поради тоа нам ни е многу лесно да стекнуваме и лоши навики: Наградите ги добиваме веднаш и истите ни создаваат поголемо задоволство. МОТИ се обидува да го направи истото за навики кои не сме толку мотивирани да ги формираме.rnrnОвој неодолив робот ќе ви помогне да стекнете позитивни навики и да ги задржите иститеrnrnОвој футуристички помошник можете да го набавите тука по пат на донација во рок од 28 дена по што ќе добиете една од неговите први верзии.rnrnrnrnМОТИ се фокусира на формирањето по една добра навика за одредено време. Ќе треба да го програмирате со помош на апликацијата која доаѓа со самиот производ. Потоа, ова неодоливо роботче ќе почне да ве запознава за да може да ве наградува соодветно. Треба да го сместите на место кое најмногу одговара на навиката што сакате да ја стекнете. На пример, ако сакате да вежбате наутро, најдобро е да го ставите до креветот. Погледнете го следново видео за да видите како МОТИ се обидува да ве натера да си легнете порано.rnrnrnrnМногу едноставно, се согласувате? МОТИ почнува со тоа што ви вели дека е време за спиење. Можете да го игнорирате додека конечно не попуштите. Ако си легнете порано, тоа ќе ве награди со специјално лајт-шоу во зависност од вашиот прогрес. Но, доколку го игнорирате, МОТИ ќе се налути и ќе ви го покаже неговото незадоволство. Потсетува малку на нашите мајки, зар не?rnrnrnrnМОТИ може да се користи за стекнување најразлични навики, од вежбање до пиење вода. Овој мал помошник ќе може да ви ја даде потребната мотивација во секое можно време и да го извлече најдоброто од вас за многу краток период.

  • Филм: Робокап (Robocop)

    Филм: Робокап (Robocop)

    Кој ја има контролата, човекот или машината?

    rnФилм: Робокап (Robocop)Режија: Жозе ПадиљаrnrnУлоги: Џоел Кинаман, Гери Олдман, Мајкл КитонrnrnВреметраење: 117 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 12 февруари 2014rnrnЖанр: акција, авантура, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПонекогаш навистина изненадува фактот што дел од најуспешните нови филмови се преработки на стари успеси, но Холивуд изгледа дека е добро запознаен со овој феномен, па токму затоа се обидува да го искористи најмногу што може. Овој пат станува збор за познатиот Робокап, полицаецот Алекс Марфи (Џоел Кинаман), кој е половина човек, половина робот.rnrnФилм: Робокап (Robocop) Филм: Робокап (Robocop)rnrnВо овој филм, дејството се одвива во Детроит, во 2028-та година. Фирмата за производство на роботи, Омникорп, во моментот е на првото место кога станува збор за чување на мирот надвор од Америка. Тие заработуваат милиони долари за машините кои ги праќаат наместо војници во кризните области. Сакајќи да ја зголемат својата заработка, тие почнуваат да се борат и за дозвола за употреба на роботите на американско тло.rnrnФилм: Робокап (Robocop) Филм: Робокап (Robocop)rnrnНо, изгледа дека луѓето не сакаат заштитници кои немаат срце, кои не знаат за чувства како на пример, за емпатија и за каење. Без разлика на нивната напредност во однос на тактичките способности, тие сметаат дека роботите не би можеле правилно да ја завршуваат својата работа поради недостатокот на човечноста. Поради овој проблем, Омникорп решаваат да направат нов дизајн на робот со надеж дека ќе го променат мислењето на јавноста, за кој ќе им треба жив човек.rnrnФилм: Робокап (Robocop) Филм: Робокап (Robocop)rnrnТие долго време ќе бараат соодветна личност за нивниот нов проект, личност која ќе го има потребниот тренинг, но и која ќе биде психолошки стабилна. За нивна среќа, Алекс Марфи, кој со својот партнер ќе влезат во трага на озлогласени криминалци, ќе заврши во болница, во критична состојба, притоа овозможувајќи им на Омникорп совршен човек за нивниот робот. Сѐ што останува е неговата жена да се согласи на проектот и да го препушти животот на Алекс во рацете на брилијантниот научник д-р Денет Нортон…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Слатко бебе си се вози на роботска правосмукалка

    Слатко бебе си се вози на роботска правосмукалка

    Ова видео со бебенце кое се вози на самоуправувачка правосмукалка „Roomba“ е одличен начин да се заокружи 2013 година, со слатка дневна доза. Корисникот на Јутјуб mrmikeb84 го објавил ова кусо, но прекрасно видео од неговиот седуммесечен син, кој ужива во своето попладневно возење на домаќинскиот робот. За да биде уште поинтересно, видеото е придружувано со музичкиот хит од 2006 година Ridin’ од Chamillionaire. :)rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кратко поучно видео: Еднаш на балет запознав робот

    Кратко поучно видео: Еднаш на балет запознав робот

    Живееме во време кога сè се одвива многу брзо и доколку не сме внимателни животот може многу лесно да ни прелета покрај нас. Но, како се случува ова? Сите ние сме комплетно насочени кон целите кои сме си ги поставиле уште од млади години. Цели како добра плата, стабилна работа, големо семејство… И како што поминува времето, така без да забележиме се претопуваме со тие цели и стануваме токму она што сме посакувале да бидеме – родител, артист, банкар, хирург, професор… Ние се идентификуваме со својата работа и почнуваме да се однесуваме онака како што се очекува една личност на таа позиција да се однесува. Па така на некој начин се губиме себеси и забораваме кои сме, а со тоа ја губиме и нашата човечност. Стануваме роботи кои функционираат механички секој ден, од сабајле до вечер, 24 часа дневно, секоја недела до крајот на нашиот живот.rnrnКратко поучно видео: Еднаш на балет запознав роботrnrnВо ова видео се обработува токму оваа тема. Од една страна имаме робот кој повеќе од сè на светот би сакал да биде човек но не може, а од друга страна имаме девојка која е човек, но заборавила на тоа. Девојката, која е артист, разговарајќи со роботот на балетска претстава почнува да се преиспитува себеси и да сфаќа колку е тешко во денешно време да се биде човек. И токму во тој момент таа прави еден чекор напред во повторното откривање на личноста која таа навистина е, а со тоа доаѓа и еден чекор поблиску до она што значи да се биде човек.rnrn

  • Модерен Пинокио

    Модерен Пинокио

    Станува збор за истражување на експресивните и бихевиоралните потенцијали на роботите. Дизајнерите на овој модерен Пинокио успеале да направат една обична ламба да биде свесна за својата околина, посебно за луѓето. Таа исто така може да се однесува на многу различни начини. Како што се снаоѓа во просторот, ние луѓето можеме веднаш да забележиме дека таа поседува исти карактерни црти како животните и на тој начин нè тера едноставно веднаш да ја засакаме.Модерен ПинокиоОткако ќе го изгледате ова видео сигурно ќе се замислите дали Пинокио е само ламба. Можеби е време да ги тргнеме книгите настрана и да го запознаеме нашиот нов пријател…rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Домашен робот кој прави коктели

    Домашен робот кој прави коктели

    Овој домашен коктел мајстор е направен од неколку технички инженери и е наречен „Inebriator“. На дадена команда тој сам ви го приготвува вашиот одбран коктел. Домашен робот кој прави коктелиНеговата структура е многу едноставна. Разни видови пијалаци се поставени да висат одгоре-надолу, а покрај нив на движечка лента поминува поставената чаша. Преку веќе внесени параметри, чашата се подига нагоре и го стиска дозерот на шишињата, сипувајќи доволно алкохол според рецептот. Зар има некој што не би го посакал за дома?rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате

    5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате

    Појавата на ајфонот дефинитивно направи огромна промена во нашите животи и како што поминува времето сè повеќе и повеќе ја буди креативноста кај луѓето. Погледнете ги наредниве неколку одлични апликации и додатоци кои секојдневно привлекуваат нови корисници од сите возрасти…rn
    rn

    Instaprint

    rn5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги иматеInstaprint е додаток за апликацијата Instagram кој има улога на полароид, но со мала промена. Овој додаток нема да има потреба од мастило, туку сите бои ќе ги извлекува директно од хартијата. Тој ќе има далечински управувач и ќе можете безжично да се поврзете со него. Моментално се работи на прототипот, но се очекува во брзо време да се појави во продажба.rn


    rn

    Sphero

    rn5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги иматеСтанува збор за првата роботска топка која ќе можете да ја контролирате преку апликација од вашиот ајфон. Таа има можност и за сингл и за мултиплеер комбинација каде што дефинитивно има несекојдневно испреплетување на виртуелниот и реалниот свет преку игра. Цената на Sphero изнесува 129.99 долари.rn


    rn

    Jawbone Up

    rn5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги иматеНашето здравје е едно од најважните работи и овој додаток ни овозможува да живееме многу поздраво. Во комбинација со апликација на вашиот ајфон можете постојано да имате извештај за тоа колку спиете, како ги поминувате фазите на спиењето, колку одите, колку калории согорувате, како и многу други работи. Со помош на овој извештај можете од ден на ден брзо и лесно да си го подобрувате вашето здравје. Цената на додатокот изнесува 184.99 долари.rn


    rn

    Withings Blood Pressure Monitor

    rn5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги иматеОвој додаток ви овозможува динамично мерење на вашиот крвен притисок и отчукувањето на срцето. Тој се поврзува директно со вашиот ајфон, ајпод или ајпад и овозможува едноставна и удобна проверка која можете да ја направите во секое време. Цената на овој додаток е 112.39 долари.rn


    rn

    Griffin Helo TC Helicopter

    rn5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги иматеФирмата Грифин веќе подолго време произведува добро познати продукти за „Apple.“ Во овој случај нивната цел е да измамат насмевка на вашето лице со помош на новата играчка – хелихоптер. Овој додаток за ајфон се контролира преку апликација која има виртуелен џоистик со кои можете да го движите хеликоптерот напред, назад и на страна. Апликацијата е бесплатна, но додатокот чини 60 долари.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.