КАФЕ ПАУЗА

Tag: робот

  • Робот-трансформер во вистинскиот живот

    Робот-трансформер во вистинскиот живот

    Овој пат, кога зборуваме за робот-трансформер не мислиме на филм, видеоигра или на играчка. Ова е вистински робот кој може лесно да се претвори во возило, а потоа пак да се врати во првобитната форма на робот и да изведе неколку удари, небаре е во сред битка со лошите момци.Робот-трансформер во вистинскиот животОвој трансформер е изум на Кенџи Ишида од Џеј Ес Роботикс кој во изградбата на роботот успеал дури при осмиот обид. Тој употребил вкупно 22 сервомотори кои ги предизвикуваат воодушевувачките движења на трансформерот.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Утринско кафе во чаша-робот R2-D2

    Утринско кафе во чаша-робот R2-D2

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnВљубениците во серијалот „Војна на ѕвездите“ од неодамна добија можност утринското кафе да го пијат од неверојатната чаша-робот R2-D2. Оваа кул чаша за кафе можеби не препознава 50 команди како роботот R2-D2, но е висока 21,69 сантиметри, доволно широка да ја собере вашата дневна доза кафе и да ви го чува топло преку целиот ден.Утринско кафе во чаша-робот R2-D2Одлична е за на вашето работно биро. Ако случајно не сте љубители на кафето, а сакате да ја имате, тогаш користете ја за други топли напитоци. За жал, не можеме да кажеме дека евтино ќе ве чини и дека ќе може да ја најдете без проблем. Во предност се оние кои живеат во близина на Дизниленд, бидејќи таму се продава како сувенир по 11, 49 американски долари и доѓа заедно со чоколаден десерт. Очигледно роботите обожаваат чоколада. 🙂Утринско кафе во чаша-робот R2-D2Утринско кафе во чаша-робот R2-D2Првата робот-чаша се појави на пазарот во Јапонија, а сега е присутна и во САД.rnrnМожеби ќе ве разочараме, но во моментов на интернет нема залихи од роботските чаши. Сите до една се распродадени.rnrnДодека да станат повторно достапни за купување, погледнете го ова слатко видео со танцувачки роботи, по чиј изглед е направена чашата R2-D2:rn

    rnДодека чекаме технологијата да отиде до таму што роботи ќе ни го носат кафето, ќе се задоволиме со можноста да имаме по една ваква чаша. 🙂Утринско кафе во чаша-робот R2-D2
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3:15 – време за будење

    3:15 – време за будење

    „3:15“ е краток 3Д анимиран филм кој започнува со будењето на еден робот, чија задача е да заврши непозната мисија. Филмот има одлична изведба и интересен развој на дејството. Креатори се петорица апсолвенти на Академијата за напредна анимација Toonskool во Индија.3:15 - време за будењеrn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатен роботски танц на дабстеп музика

    Неверојатен роботски танц на дабстеп музика

    Иднината пристигна, и тоа побрзо одошто очекувавме. Роботите го презедоа светот. Слушаат дабстеп и се неверојатно талентирани танчери.Неверојатен роботски танц на дабстеп музикаrnrnНеверојатни суптилни движења, одлична музика, 5 и пол минути вистинско уживање…rn

    rn

    Погледнете повеќе од танчерското искуство на овој талент на неговиот канал на Јутјуб.

    rn

    Бонус за оние кои се заљубија во траката: Foster The People – Pumped Up Kicks (Butch Clancy Dubstep Remix)

    rn

    ——————————————————————————————————————————————————————–

    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стаклените автомобилски кули на „Фолксваген“

    Стаклените автомобилски кули на „Фолксваген“

    Посетителите на „Autostadt“, атракција во склоп на фабриката на „Фолксваген“ во Волфсбург, Германија, можат да доживеат едно интересно искуство. Во склопот на овој парк постојат две стаклени кули, наречени „CarTowers“ кои се високи по 60 метри и во нив се сместуваат по 800 нови возила од фабриката.rnСтаклените автомобилски кули на „Фолцваген“Кулите и фабриката се поврзани со подземен тунел долг 700 метри, па така готовите нови автомобили, механички се превезуваат до кулите, а оттаму роботска платформа ги распоредува по различни катови. Посетителите на оваа атракција, која е преплавена со преку 2 милиони туристи годишно, имаат можност, во група од 6 души да се најдат во стаклена кутија и да го доживеат неверојатното искуство, кое секојдневно го поминуваат новите возила.Стаклените автомобилски кули на „Фолцваген“Стаклените автомобилски кули на „Фолцваген“Стаклените автомобилски кули на „Фолцваген“Стаклените автомобилски кули на „Фолцваген“Стаклените автомобилски кули на „Фолцваген“Стаклените автомобилски кули на „Фолцваген“Стаклените автомобилски кули на „Фолцваген“Стаклените автомобилски кули на „Фолцваген“rn———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • Роботот HRP-4C кој има убав вокал, научи и да танцува

    Роботот HRP-4C кој има убав вокал, научи и да танцува

    Настапот на човеколикиот робот од женски род HRP-4C, изработен од страна на јапонскиот Национален институт за напредна индустриска наука и технологија, ги освои насловите во медиумите ширум светот, во март 2009-та година. Неговата нова верзија му овозможува и да танцува, и да пее поприродно.rn

    Роботот HRP-4C кој има убав вокал, научи и да танцуваДелејќи ја сцената со 4 девојчиња, човеколикиот женски робот висок 155 cm, ги покажа своите таленти на натпреварот за дигитални изложби во Токио, кој траеше од 14-ти -до17-ти октомври, 2010-та година. HRP-4C знае и да отпее одредена листа песни, а во слободното време се перчи со својот „мачкин од“.

    rn

    Роботот HRP-4C кој има убав вокал, научи и да танцуваРоботот е дизајниран да личи на просечна Јапонка, на возраст од 19 до 29 години. Во телото има 30 мотори кои ѝ овозможуваат да чекори, да ги движи рамената и да направи дури 8 фацијални експресии. На тој начин, овој женски робот може да намигнува, да се насмее, да покаже израз на лутина, изненадување, восхит, а очигледно умее и да се однесува како поп ѕвезда.

    rn

    Роботот HRP-4C кој има убав вокал, научи и да танцуваРоботот HRP- 4C кој има убав вокал, научи и да танцуваНа перформансот роботот играше и пееше песна од Kaori Mochida, придружуван од 4 реални танцувачки. Усните на HRP-4C се синхронизирани со пеењето, а движењата ги осмисли танчарката и кореограф SAM-san.

    rn