КАФЕ ПАУЗА

Tag: резиме

  • 12 работни вештини кои денес се бескорисни

    12 работни вештини кои денес се бескорисни

    Вештините кои се бараат денес можеби нема да бидат потребни утре. Со развојот на технологијата многу работни места се, или ќе бидат заменети со машини. Денес многу од работните вештини кои биле популарни се бескорисни и работодавците воопшто не ги бараат. Погледнете 13 од нив.rn

    1. Microsoft Office

    rn(1)12-rabotni-veshtini-koi-denes-se-beskorisni-kafepauza.mkrnrnДенес компјутерите толку многу се користат што секој би претпоставил дека ги знае барем основите за користење на оваа алатка. Работодавците ќе очекуваат да имате барем најмали познавања на Word и Excel, а зависно од работата, можеби од вас ќе се бара познавање и на PowerPoint или OneNote. Доколку имате познавање од овие алатки, одлично, но немојте да ги ставате во вашето резиме за работа.rn

    2. Пишување на тастатура

    rn(2)12-rabotni-veshtini-koi-denes-se-beskorisni-kafepauza.mkrnrnОвој термин е од минатите генерации. Сигурно сте способни вашите мисли да ги префрлате на тастатура и на програма како Word или Notepad. Како и претходната вештина, и пишувањето на тастатура е нешто кое се очекува да можете да го правите.rn

    3. Застарени програмски јазици

    rnprogrammer profession - man writing programming code on laptop crnrnОва секако се однесува на луѓето кои работат во технолошката индустрија. Многу од работодавачите ќе потенцираат кои јазици е потребно да ги знаете, па кога ќе го праќате вашето резиме подобро е да ги тргнете древните програмски јазици.rn

    4. Внесување на податоци

    rn(4)12-rabotni-veshtini-koi-denes-se-beskorisni-kafepauza.mkrnrnСигурно сте налетале на работа која ја барала оваа вештина. Како и пишувањето на тастатура, така и внесувањето податоци е онака како што звучи – внесувате податоци на компјутер. Можеби ќе треба да научите нешто повеќе за бази на податоци, но ако знаете да користите компјутер сигурно ќе знаете да ја извршите и оваа задача.rn

    5. Администрација

    rnHarrods BossrnrnИ оваа способност не е нешто што треба да го вклучите во вашето резиме. Ако имате добро искуство и ако лидерството ви е во крвта, резимето само ќе го каже останатото.rn

    6. Услуги за клиенти

    rnCustomer using a credit card to pay in a supermarketrnrnОва не е застарена вештина, но не би требало да стои во вашето резиме. Ако имате работено на слична позиција, вашето резиме ќе го каже тоа. Ако сте биле добри во работата, работодавецот ќе го знае тоа и без да ја наведете вештината.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Не можете ни да замислите што сè пишуваат луѓето во своето CV

    Не можете ни да замислите што сè пишуваат луѓето во своето CV

    Кога станува збор за аплицирање за работа, вашето CV или резиме е едно од главните нешта кои можат да ве издвојат од толпата. Откако ќе го испратите, тоа треба да има моќ да го импресионира оној кој го чита и да го натера да ве повика на интервју. Имајќи го тоа на ум, дали знаете кои се најглупавите нешта кои луѓето ги ставиле во своето CV? Погледнете ги следниве ужасни моменти кои дефинитивно не треба да бидат дел од вашето резиме доколку сакате да ве вработат…rnrnНе можете ни да замислите што сè пишуваат луѓето во своето CVrnrn1. Еден апликант тврдел дека е добитник на Нобелова награда.rnrn2. Апликант нагласил во своето CV дека случајно било отпуштен од претходната работа.rnrn3. Апликант тврдел дека бил поранешен извршен директор во фирмата каде што аплицирал за работа.rnrn4. Апликант оставил линк до својот личен веб-сајт кој водел до сајт за порнографија.rnrn5. Личниот имејл на еден апликант бил следниов: „2POOPY4MYPANTS“.rnrn6. Апликант тврдел дека работел во затвор, но тој всушност бил осуден и затворен во текот на наведеното време.rnrn7. Историјата на еден апликант покажувала дека тој работел на 3 различни места во 3 различни градови истовремено.rnrn8. Некој човек испратил 3Д испечатена глава со слоганот: „Мала глава, големи идеи“. Тој се надевал дека моделот од неговата глава ќе може да го привлече вниманието на неговите идни надредени.rnrn9. Апликант заедно со своето CV испратил и епрувета со крв, тврдејќи дека ќе „поти крв“ додека работи за нив.rnrn10. Во едно CV под едукација било наведен завршен курс за: „Како да бидете трпеливи покрај нетрпелив шеф“.rnrn11. Еден искрен човек во своето CV напишал дека бара постојано работно место за да излезе од долгови.rnrn12. Апликант навел дека има одредено искуство во областа за која аплицира за работа, но дека тоа било пред 20 години.

  • 8 грешки во резимето кои треба да ги избегнувате ако сакате да ја добиете посакуваната работна позиција

    8 грешки во резимето кои треба да ги избегнувате ако сакате да ја добиете посакуваната работна позиција

    Вашето резиме е најважното нешто кога станува збор за потенцијално вработување. Во најголем број случаи, тоа е всушност првиот впечаток кој го оставате врз потенцијалниот работодавач. Резимето ги објаснува вашите способности, постигнувања и вашето професионално минато. Очигледно, вашата цел е да успеете да влезете во редицата за интервју, а не вашето резиме да заврши во канта.rnrn0-8-greshki-vo-rezimeto-koi-treba-da-gi-izbegnuvate-ako-sakate-da-ja-dobiete-posakuvanata-rabotna-pozicija-kafepauza.mkrnrnКако да го постигнете тоа? Добро напишано, темелно и воедно концизно резиме е вашата шанса да го добиете тоа работно место. Ако сте исплашени од помислата дека треба да седнете и да го напишете овој по малку застрашувачки документ, не можеме баш да ве обвиниме, но затоа можеме да ви помогнеме.rn

    1. Заборавате да вклучите специфични постигнувања

    rnВашето резиме е вашата шанса да се покажете преку сите нешта кои ве прават паметна, способна личност од која може да има се има голем професионален бенефит, без кој таа компанија не би можела да опстои. Кој е клучниот збор во таа реченица? Вие. Секако, вашето резиме е за вас. Затоа, не сакате да прикажете опис на личност со едноставни вештини и нејасни, генерички термини.rnrnНаместо тоа, вашето резиме треба да вклучува достигнувања, статистики и факти за вашите индивидуални квалификации. Дали можеби сте ја зголемиле продажбата за 60% на претходната работна позиција? Дали бевте земени во обѕир за позицијата директор? Сигурно сте направиле одлични нешта кои не само што треба да се спомнат туку и да се поткрепат со факти и бројки. Тоа му дава јачина на резимето и јасно ја илустрира вашата вредност.rn

    2. Тешко за читање и разбирање

    rnСигурни сме дека милион пати сте чуле – шефовите се многу зафатени луѓе. Без разлика дали имаат некој посебен систем за апликанти, сепак треба да одвојат време за да ги одделат резимињата кои на крај ќе завршат на нивната маса.rnrnРезимето треба да привлекува внимание, но и да може лесно да се пролиста. Како златно и основно правило имајте го на ум тестот од 30 секунди – според ова правило, потенцијалниот работодавач поминува само 30 секунди или помалку гледајќи го вашето резиме. Што значи ова за вас? Значи дека е потребно да го направите неверојатно едноставно за да можат потенцијалните работодавци да ја најдат информацијата која ја бараат, без детално да копаат по неа.rnrnКористете болд на клучните наслови – краток преглед на професијата, клучните вештини, професионалната историја и едукацијата, за овие информации да отскокнуваат од останатите. Можете да користите набројувања и чист, структуриран формат за резимето да има подобар визуелен изглед.rnrnНа крај, внимавајте на текстот. Начичканите микроскопски фонтови и претесните маргини не му нудат пристапност на читателот. Користете барем големина на фонт 10 и осигурете се дека има соодветен баланс меѓу текстот и празните места.rn

    3. Наведување препораки колку да се спомнат

    rnПрепораките сѐ уште се тема на дебата, особено помеѓу оние кои се потрадиционални кога станува збор за професионалните документи.rnrnНема потреба да напишете „Препораките се достапни на ваше барање“ на дното од резимето. Сепак, нема да оставите добар впечаток ако одговорите „Леле, ги немам препораките!“ кога тие ќе ви ги побараат.rnrnНема потреба да ја вклучувате оваа фраза, но сепак имајте надградена листа на цврсти препораки и нивните контакт информации, спремни во секој момент за да им ги предадете на потенцијалните работодавачи. Исто така известете ги претходните работодавачи дека сте ги навеле нивните контакт информации со цел да бидат спремни да ве претстават во најдобро светло во случај да бидат контактирани.rn

    4. Жртвување на содржината поради должината

    rnДо скоро едно од најважните правила беше дека резимето смее да биде долго само 1 страна, но тој исказ не е секогаш точен. Никогаш не чувствувајте притисок да исфрлите важни информации само за да имате 1 страна. Ако имате 15 или 20 години искуство тогаш сигурно ќе ви биде потребна повеќе од една страна за да ги објасните вашите искуства. Истото важи и ако имате голем број стажирања поврзани со таа професија, волонтерска работа што мислите дека е релевантна и сл.rnrnСекако, резимето не треба да биде огромно со детали за секоја важна работа што сте ја направиле, но во секој случај, сакате да ги нагласите вашите најдобри способности. Ако ви е потребна повеќе од една страна еве на што треба да внимавате:rn

      rn011

    • Бидете сигурни дека додатната страна е барем ¾ исполнета за да избегнете резимето да изгледа неуредно.
    • rn011

    • Вклучете го барем вашето име и презиме на секоја додатна страна, во случај да се одделат страните. Можете да вметнете и информации за контакт на врвот од секоја страна.
    • rn

    rn

    5. Лажење и неискреност

    rnЈасно ни е – сакате резиме кое ќе се двои од останатите и ќе ги импресионира потенцијалните шефови. Можеби е искушувачки да ја обелодените вистината, особено ако немате еден тон години професионално искуство зад себе. Сепак, сетете се дека и вашите родители ве учеле да не лажете. Важно е да бидете искрени кога станува збор за вашето резиме.rnrnМожеби не ви изгледа важно да тврдите дека сте одлични во WordPress иако не знаете ништо за таа платформа или да додадете организација во која никогаш не сте членувале, но најдобро е да не лажете кога станува збор за овој важен документ. Знаете како велат „На лагата ѝ се кратки нозете“. Или ќе ве фатат во лага и ќе мора да се справувате со извалканата репутација или ќе завршите на позиција за која не сте компетентни. Вашата цел е професионален успех, а ако лажете во резимето нема да го постигнете тоа.rn

    6. Заборавање на клучните зборови

    rnВо дигиталната ера, голем број бизниси користат систем за апликанти. Што е тоа? Замислете го како спам филтер за вашите имејлови. Овој систем им помага на потенцијалните шефови да ги исфрлат кандидатите чии резимиња не се совпаѓаат со посакуваните вештини и образование.rnrnКако можете да го поминете овој тест? Со помош на клучни зборови. Веќе знаете дека треба да го прилагодувате вашето резиме за секоја работна позиција на која аплицирате, а додавањето на клучни зборови е голем дел од овој процес. Ви препорачуваме да го испечатите посакуваниот работен опис и потоа да ги нагласите зборовите кои гледате дека се појавуваат почесто.rnrnКога ќе видите зборови како „соработка“ и „лидерство“ или некои поспецифични како „владеење на WordPress или Photoshop“ би сакале да ги вметнете овие витални термини во вашето сопствено резиме. Сепак, запомнете дека е најдобро да сте искрени. Не треба да го полните резимето со вештини и зборови кои не се вистинити само за да поминете низ системот. Вистината секогаш се дознава.rn

    7. Занемарување на препрочитувањето

    rnНема ништо понесмасно и понепрофесионално од резиме полно со печатни и граматички грешки. Затоа, задолжително прочитајте го резимето пред да го испратите. Постојат еден куп трикови кои можете да користите за да се спасите од срам и да ја уловите секоја грешка.rn

      rn011

    • Прочитајте ја секоја реченица на глас. Потоа прочитајте ја истата реченица уште еднаш. Вака ќе го поделите документот на помали и подостапни делови што ќе ви овозможи да обратите поголемо внимание на секој збор.
    • rn011

    • Прочитајте го вашето резиме наопаку – од крајот до почетокот. Да читате нешто по обратен редослед може да биде тешко, но треба да се фокусирате, а кога сте фокусирани, полесно ќе ги уловите грешките.
    • rn011

    • Пратете го резимето на пријател кој навистина добро ја познава граматиката. Тој сигурно ќе ги забележи грешките кои вие не сте ги виделе.
    • rn

    rn

    8. Одржување непрофесионален личен бренд

    rnУспеавте! Ги импресиониравте шефовите и сега сакаат да ве контактираат. Го проверуваат вашето резиме и гледаат дека вашата имејл адреса гласи partygurl123@hotmail.com. Не сакате да оставите таков впечаток нели?rnrnПред да го објавите или пратите вашето резиме, одвојте време за да се осигурате дека вашиот професионален бренд е совршен. Направете нова професионална имејл адреса и исчистете ги социјалните мрежи. Тргнете ги сите „пијани слики“ од вас и слики кои не ви доликуваат. Можеби изгледало забавно додека бевте на факултет, но сега е време да продолжите понатака.

  • Клучни зборови во вашето резиме кои ќе ви помогнат да најдете работа

    Клучни зборови во вашето резиме кои ќе ви помогнат да најдете работа

    Бидејќи конкуренцијата за вработување е поголема од кога било, многу е важен впечатокот кој ќе го оставите кај потенцијалниот работодавец. Резимеата и интервјуата се само дел од можностите кои кандидатите за работа можат да ги употребат во своја корист. И покрај тоа што не ви гарантираме дека ќе ја добиете работата која ја посакувате, овие 10 клучни зборови со сигурност можат многу да ви помогнат доколку правилно ги употребите во вашето резиме или пак на интервјуто за работа.Клучни зборови во вашето резиме кои ќе ви помогнат да најдете работаУпорност – Потенцијалните кандидати за работа би требало да нагласат дека упорноста им е една од најдобрите карактеристики. Најмувањето интелигентни личности е добра бизнис-практика, но интелигенција без упорност и доследност ретко води кон долготраен успех. Упорните вработени не се откажуваат така лесно и со време продуцираат подобри резултати.rnrnПризнание – Многу е важно во резимето да ги нагласите претходните достигнувања за кои имате добиено признанија. Запишете ги сите специјални награди од работа или од професионалните асоцијации во кои сте членувале. Работодавците сакаат да вработат некој кој претходно бил сметан за „ѕвезда.“rnrnРезултати – На крајот, работодавците сакаат да знаат дека нивните нови вработени ќе ја завршат работата како што треба и поради тоа многу е важно да се употреби зборот „резултати“ во секое интервју. За да ја добиете работата, мора да го убедите оној кој го одржува интервјуто дека со сигурност ќе завршите на време сè што се очекува од вас. За да ја поддржите ваквата изјава, бидете подготвени да покажете дека ги имате потребните способности и карактеристики врз база на вашето досегашно искуство.rnrnВлијание – За време на интервјуто, работодавците сакаат да слушнат каков вид позитивно влијание би можеле вие да имате во нивната компанија. Тие се заинтересирани за вредноста која може потенцијалниот кандидат да ја донесе во организацијата и начините на кои позитивно ќе влијае, посебно помеѓу вработените.rnrnКомпетентност – Овој збор е клучен, но малкумина од потенцијалните кандидати го употребуваат. Секој работодавец сака да слушне дека новиот вработен ќе може да ги исполнува задачите согласно работното место кое ќе му биде доделено.rnrnДиректност – Комуникацијата е критична за успешен бизнис и поради тоа работодавците сакаат да слушнат колку директни можат да бидат нивните потенцијални вработени. Во денешно време комуникацијата на работа е „бојно поле“ од емоции, правни работи и технологии. Способноста да се помине преку сите овие работи и при тоа да се завршат добро обврските е нешто што секој работодавец го посакува од своите вработени.rnrnСпособност за учење – Работодавците сакаат да се сигурни дека нивните вработени нема да ги прават истите грешки од минатото. Сите ние имаме неуспеси позади нас, но важно е да ги сфатиме како лекција и да не ги повториме во иднина.rnrnПосветеност – Повеќе од кога било, работодавците бараат од своите вработени да бидат посветени на нивната работа и на компанијата. Поради тоа многу е добро да ја нагласите таа ваша намера во интервјуто за работата. Размислете добро на што сте посветени и како таа посветеност ќе ù помогне на компанијата – тој одговор со сигурност ќе ви ги зголеми поените за работното место кое го посакувате.rnrnФлексибилност – Во денешната работна околина, каде што сè се одвива премногу брзо, многу е важно да ја нагласите својата флексибилност. Работната околина константно се менува и воопшто не е важно со какви способности ќе влезете во компанијата, туку потребно е да можете лесно да се адаптирате.rnrnРешенија – Работодавците сакаат да знаат дека нивните нови вработени ќе можат да бидат способни да ги решат сите проблеми на кои ќе налетаат. Тие честопати се привлечени од личности кои „зборуваат“ со јазикот на решавањето проблеми.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најчесто употребуваните „бели“ лаги

    Најчесто употребуваните „бели“ лаги

    Откривањето дека некој близок човек не излажал е ужасно чувство. Но, белите лаги обично поминуваат небаре се вистини, а за волја на вистината, на сите така ни е поубаво. Обидот да си поминеме полесно во одредени ситуации, често го зачинуваме со по некоја бела лага и многупати тоа ни успева. Сепак, иако навидум лесни и незначителни, во даден момент и тоа како можат да нанесат голема штета. Ова се неколку од најчесто користените бели лаги.rnrnНајчесто употребуваните бели лагиrn

    1. Бели лаги во вашето CV

    rnНабројувањето способности и јазици кои не ги говорите се најчестите злоупотреби во пишувањето на вашето резиме. Секако, сметате дека работодавецот ќе се воодушеви од долгата листа на набројани работи и дека нема да му текне да се заморува проверувајќи ги. Но, не надевајте се дека секаде туку така ќе си пројдете, во иднина некаде со сигурност ќе се сопнете.rn

    2. „Еве идам! За 5 минути сум таму…“

    rnОва со сигурност е најкористената лага од сите. Навиката да се излаже во ситуација кога доцните некаде, доаѓа природно од проста причина што сакате оној кој ве чека да се чувствува посмирено во тој период. Секако, доколку не стигнете во тие 5 минути само му ја зголемувате лутината уште повеќе, бидејќи несвесно сте го извисиле и по вторпат. Доколку често ви се случува да ја кажувате оваа бела лага, во друштвото засекогаш ќе бидете етикетирани како човекот кој никогаш не стигнува во договореното време.rn

    3. „Во средно бев многу популарен…“

    rnДоколку за време на средното образование сте биле помирна и не толку забележителна личност, најверојатно раскажувајќи потоа, ќе си додадете некој детаљ за да изгледате покул отколку што сте биле. Тоа нема да го промени минатото и она што сте биле, но во сегашноста и во муабетот сигурно ќе изгледате поинтересни. Во секој случај, секој преувеличува одредени ситуации од својот живот, но претерувањето само покажува дека потиснувате нешто од што не сте задоволни.rnНајчесто употребуваните бели лагиrn

    4. „Мммм, многу е вкусно…“

    rnКога некој ќе вложи труд приготвувајќи ви нешто со голема љубов, едноставно срцето не ви дава да му кажете дека не го направил баш како што треба. Понекогаш знаете дека е подобро да одглумите дека уживате, само за да не ги повредите чувствата на вашиот близок.rn

    5. „Супер ти стои фустанот…“

    rnНиту една девојка не би излегла облечена во нешто за што смета дека не ѝ стои убаво, па токму затоа и не цени кога некој ќе ја излаже и нема да и признае искрено дека нешто не е во ред. Не мора да кажете директно што мислите, но во секој случај оваа навидум невина бела лага, може навистина да предизвика посериозен проблем. Ова важи и за момчињата, но не во толкава мерка колку за девојките и секако не за фустан.rn

    6. „Ти си најзгодниот/та со кој/а сум бил…“

    rnОва се препорачува да се кажува само во случај кога искрено се мисли, бидејќи не може да се вброи во оние „добри“ бели лаги. Луѓето ја кажуваат оваа реченица најчесто за да избегнат конфликт, бидејќи ако одговорат поинаку од она што сака да го чуе другата страна, ќе следи неколкучасовна расправија.rnrnНајчесто употребуваните бели лагиrn

    7. „Се обидов да ти се јавам, ама зафатена беше линијата…“

    rnСите понекогаш забораваме нешто. Тоа се случува и воопшто не е чудно доколку заборавите да му се јавите или да му пишете порака некому. Тој од другата страна, „заборавениот“, со сигурност ќе ви прокоментира нешто следниот пат кога ќе ве види или кога тој ќе ви се јави, а вие како и сите останати луѓе, ќе пробате да се извлечете на полесниот начин. Со тоа само си оставате простор наредниот пат повторно да изумите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.