Секоја жена или девојка има своја страст кон модата, свој вкус и стил по кој е оригинална и препознатлива. Сите помалку или повеќе гледаме стари филмови и на тој начин во многу прилики сме изложени на некогашната мода.rnМодните трендови знаат да се вратат на голема врата, со помали или поголеми измени. Во секој случај, речиси секоја деценија има свое модно обележје. Која е вашата омилена модна деценија? Кој дел од некогашните модни трендови би ги примениле денес?rnrn
rnrnУживајте во оваа мала галерија со чија помош накратко ќе пропатуваме низ историјата на модата.rnrn
20-тите
rnДа да, секако дека модерната филмска верзија на „Големиот Гетсби“ ни ја донесе поблиску модата од 20-тите.rnrn
rnrnОваа декада се карактеризира со бурна мода. Жените конечно се одлучуваат да се ослободат од долгите тешки фустани и замислете – да откријат дел од нозете! Кога зборуваме за 20-тите неизбежно е спомнувањето на популарната боб-фризура, впечатливиот накит и правите, неструкирани фустани.rnrnСтанува збор за декада кога жените се борат против шовинизмот со посмел, но сепак елегантен изглед. Се пронајдовте?rnrn
rnrn
40-тите
rnПред сè можеме да речеме дека 40-тите се храбри години кога станува збор за женската мода. Жените ја имале улогата и на маж и на жена во семејството бидејќи мажите војувале и биле далеку од дома. Сепак женственоста ја истакнувале носејќи здолништа долги до колена и струкирани кошули или сакоа.rnrn
rnrnЗа разлика од 20-тите, жените од оваа декада не носат скапоцен и впечатлив накит бидејќи сепак станува збор за тешки и сиромашни времиња со оглед на тоа што светот војувал. Косата обично им била со должина до раменици, извиткана во величествени локни.rnrnДоколку сакате да испробате ретро стил од 40-тите, држете се до едноставното, одберете пониски потпетици со отвор напред кај прстите, и секако, не претерувајте со аксесоари.rnrn
rnrn
50-тите
rnКако да зборуваме за 50-тите без да ги споменеме големите сукњи долги до под колена, пласирани здолништа со набори и „жешко“ црвен кармин? Па сепак станува збор за време на новите почетоци!rnrn
rnrnАко сакате да „оживеете“ некој изглед од 50-тите, задолжително ќе ви треба црвен кармин, ракавици, струкирани кошули, широки пласирани здолништа или панталони со висок струк, марама околу вратот и пунџа. Дозволете си малку гламур и многу, многу женственост и елеганција.rnrnИ секако, доколку позирате, употребете ја класичната поза од 50-тите – една нога пред друга со стапалото свртено на една страна.rnrn
rnrn
70-тите
rnШишки, тапирана коса, мини-здолништа, траперки, кренати јаки и „луди“ потпетици. Овие години се голем скок напред кон важна промена во модата. Станува збор за послободен и порелаксиран стил.rnrn
rnrnСтилот бил послободен бидејќи жените можеле да бидат што сакаат – со женствени и елегантни, како и со поедноставни и спортски комбинации.rnrnНе заборавајте, доколку сакате да ги „оживеете“ 70-тите, мора да знаете како да танцувате на диско музика!rnrn
rnrn
80-тите
rnНеонски впечатливи бои, тесни здолништа, хеланки, маички со гол струк, тапирани фризури и големи обетки. Ако за модата во 70-тите рековме дека била послободна, тогаш 80-тите се диви и нескротливи.rnrn
rnrnЦела таа мешавина на светли бои, зачинета со малку рок и малку хипи изглед е огромна промена од останатите ретро стилови.rnrn
rnДа, модата знае да биде забавна. Се одлучивте која модна деценија е вашата омилена?rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.