Јадењето е всушност последната работа на списокот зошто луѓето посетуваат ресторани и кафулиња. Обично одат таму за да се забавуваат и да бидат расположени. Сопствениците на ресторани и на угостителски објекти се добро запознаени со овој факт, поради што продолжуваат да употребуваат нови професионални трикови секој ден. Прочитајте какви тајни кријат сопствениците и вработените во рестораните од своите клиенти.rnrnrnrn1.Нема ресторан што не работи без претходно подготвени состојки. Тестенините и пиците честопати се купуваат претходно подготвени, наместо самите вработени во рестораните да го прават тестото. Супите, исто така, честопати се варат однапред и се чуваат во специјални садови.rnrn2. Бонбоните, гумите за џвакање и другите слатки работи што ви ги носат заедно со сметката не се бесплатни. Вработените го прават тоа за да ве натераат да се чувствувате виновно. Посетителот ќе чувствува дека треба да надомести за тој подарок и веројатно ќе остави поголем бакшиш.rnrn3.Луѓето јадат помалку во ресторани украсени со огледала. Ова се должи на фактот дека кога човекот се гледа себеси отстрана, нивото на самоконтрола во процесот на јадење се зголемува.rnrn4.Многу ресторани ја засилуваат миризбата за да ги натераат посетителите да се чувствуваат гладни. На пример, во пекарниците инсталираат специјални печки со минимална вентилација за да може аромата на свежо печени производи да стигне до потенцијалните посетители што се надвор од пекарницата.rnrn5.Келнерите ги бришат масите и ги земаат чиниите не затоа што сакаат да чистат, туку затоа што валканите чинии ќе ги потсетат гостите колку изеле и тоа ќе ги спречи да нарачаат нешто друго.rnrn6.Многу му помагате на ресторанот ако веднаш по влегувањето почнете да барате пријатно место во некој агол. На овој начин, ќе порачате повеќе храна затоа што знаете дека никој не ве гледа. Покрај тоа, посетителите кои избираат пријатно место нарачуваат повеќе калорична храна, а тоа влијае на продажбата на десерти на позитивен начин.rnrn7.И обратно, вработените во рестораните се обидуваат да ги сместат своите посетители до влезот или во „преден план“ за да создадат удобна атмосфера и да го направат местото да изгледа полно. На атрактивните луѓе им се нуди посебно место во близина на прозорецот за да привлечат поголемо внимание и да ги импресионираат луѓето што поминуваат.rnrn8.Ако нарачате тестенини карбонара, келнерот веднаш ќе сфати дека не сте личност што често посетува ресторани и дека не сакате да пробате нови работи. Рестораните го вклучуваат ова јадење во своето мени затоа што е прифатливо и лесно се готви.rnrn9.Кога храната се сервира во мали чинии, започнува да функционира таканаречената илузија на Делбоф. Дури и ако порцијата е релативно мала, посетителот на ресторанот се чувствува најадено. Рестораните честопати го користат спротивниот метод и ги служат главните јадења во големи чинии. На овој начин посетителот се чувствува како да не јадел доволно и ќе нарача и десерт.rnrn10.Ако побарате да го намалат гласот на музиката, вработените ќе го исполнат вашето барање само во еден од десет случаи. Најчесто, тие само ќе ви кажат дека го направиле тоа што го побаравте, а веројатно вие ќе почувствувате дека музиката е потивка.rnrn11.Рестораните сакаат да користат таканаречени „вкусни“ согласки на своето мени, чијшто изговор се совпаѓа со звуците на џвакање храна и ги имитираат движењата на устата кога јадете. Покрај тоа, клиентите почесто ги избираат зборовите што се изговараат од предниот кон задниот дел на устата. „Бодок“ е добар пример за ваков вид збор.rnrn12.Дури и наједноставните јадења се потполно украсени бидејќи на тој начин се создава разновидност. Истата приказна важи и за разнобојните јадења – човечкиот мозок реагира на светли бои бидејќи тие се поврзуваат со зрели плодови.rnrnПрочитајте ги и овие 16 тајни на слаткарите за коишто не зборуваат ни меѓусебно.
Веројатно не сте помислиле да истражувате за рестораните што ги посетувате најчесто. Обично кога порачувате храна или пијалаци, имате целосна доверба во готвачите и келнерите. Сепак, важно е да знаете некои работи за следниот пат кога ќе јадете надвор. Па погледнете зошто не би требало да ги порачувате следниве нешта.rn
1. Пијалаци со бесплатно надополнување
rnrnrnДоколку не планирате да пиете ништо друго освен кафе и вода, ова не мора да важи. Но доколку сакате да испиете неколку чаши газиран пијалак или овошен сок, запомнете дека овие намирници имаат околу 120 до 150 калории од порција и многу шеќер.rn
2. Вода со лимон
rnrnrnСпоред едно поново истражување, 70% од парчињата лимон послужени во рестораните се покриени со бактерии, а понекогаш дури и фекални материи. Доколку лимонот не го исечат или измијат пред вас, најдобро е да го избегнувате.rn
3. Леб со маслиново масло
rnrnrnОд маслиново масло има многу здравствени придобивки, но и многу калории. Само две лажици од него имаат 240 калории. Па доколку сакате леб со маслиново масло, а внимавате на линијата, размислете подобро.rn
4. Диетални газирани пијалаци
rnrnrnДоколку мислите дека диеталните пијалаци се поздрави од обичните, не сте во право. Покрај вештачките засладувачи и хемиските состојки, една чаша од овие пијалаци може да има навистина лошо влијание на нивото на шеќер во крвта.rn
5. Сирови школки
rnrnrnДали сте се запрашале од каде потекнува хепатит А? Доаѓа од вирус со истото име, а најчест извор е сировата храна, загадената вода, а најмногу сировите школки кои доаѓаат од загадена вода. Ова не значи дека постои опасност во секој ресторан, но сепак добро размислете.rn
6. Голема порција пуканки
rnrnrnПоголема е веројатноста дека ова ќе го порачате во кино, но поради калориите и оваа намирница се наоѓа на листава. Дневниот препорачан внес на калории е 2.500 за мажи и 2.000 за жени, а голема порција пуканки содржи дури 1.200.rn
7. Крем супа
rnrnrnНема ништо подобро од крем супа, особено во есен или во зима. Но овие супи имаат премногу калории. Доколку мислите дека супа и салата е одличен нискокалоричен оброк, добро размислете каква супа ќе порачате, или каков прелив ќе ставите на салатата.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
Обидувајќи се да ги изненадат своите муштерии, сопствениците одбираат интересни локации за своите ресторани како планини, дното на океанот, па дури и замрзнати замоци. Посетувањето на овие места не е само за храната, туку е за цело уникатно искуство кое нема да можете да го повторите на друго место. Во продолжение погледнете некои од рестораните со најнеобична локација.rn
1. Водопадите Лабасин, Филипини
rnrnrnНа Филипините постои одморалиште наречено Вила Ескудеро и овде можете да го посетите ресторанот што се наоѓа на дното на мал водопад. Масите се наоѓаат директно во водата, а најчести посетители се луѓе кои сакаат да ја пробаат филипинската кујна во необична средина.rn
2. Грото, Тајланд
rnrnrnГрото е романтичен ресторан лоциран во варовничка пештера на плажата Пра Нанг во Тајланд. Му припаѓа на одморалиштето Рајавади, но може да закажете маса дури и ако не сте сместени таму. Нивниот најпознат специјалитет е морска храна на скара која се служи неколку пати неделно. Во другите денови на гостите им се послужуваат лесна ужина и десерти.rn
3. Јадење на дрво, Тајланд
rnrnrnВеројатно сопственикот сакал да дознае како е да јадете во гнездо. Ресторанот му припаѓа на одморалиштето Сонеа Кири Еко во Тајланд, а на келнерите сигурно никогаш не им е здодевно. Оброците се служат со помош на јажиња.rn
4. Замрзнат ресторант, Финска
rnrnrnСелото на Дедо Мраз во Финска привлекува огромен број туристи секоја година. Покрај запознавањето со стариот волшебен човек, овде можете да посетите и ресторан кој е целосно направен со снег и мраз и е декориран со скулптури од мраз.rn
5. Ресторани Ниотаимори, Јапонија
rnrnrnОвој тип ресторани се навистина познати низ Јапонија. Името Ниотаимори значи „служење храна од женско тело“. Без разлика на името, за служење користат и тела на мажи. Оваа традиција започнала во периодот на самураите и била дел од културата на гејшите. Тие ги пречекувале посетителите кои доаѓале од битки на овој начин.rn
6. Итаа, Малдиви
rnrnrnШто велите за вечера со ајкули и желки? Овој ресторан се наоѓа на дното на Индискиот океан. Ова место е одлично за луѓето кои сакаат да го видат подводниот свет, но имаат страв од нуркање.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
Кога патувате обично сакате да ја пробате традиционалната кујна која е карактеристична за земјата во која престојувате. Исто така, додека го планирате патувањето се информирате за евтините јадења со добар квалитет или што ново би можеле да пробате за кое не сте имале прилика досега. На овој начин ќе доживеете сосема поразлично искуство и без сомнение засекогаш ќе ја запомните земјата во која сте престојувале. Доколку сакате необични работи, па со самото тоа и ресторани кои по изгледот и услугата се разликуваат од она што веќе го имате во вашата земја, овие најчудни ресторани во светот се вистинскиот избор за вас.rnrnrn
1. Висечки ресторан во Белгија
rnВоздухот е едно од најчудните места на кои можете да уживате во ручекот или вечерата. Ако ви досадило да ја консумирате храната во ресторани на земја, можеби треба да отпатувате во Белгија и да го посетите ресторанот „Вечера на небото“ кој се наоѓа на 50 метри над земјата и виси во воздухот со помош на дигалки. Храната се подготвува и послужува на лице место. Гостите, како и главниот готвач, се врзани со сигурносни појаси.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=WfKfluYnYTArn
2. Подводен ресторан на Малдиви
rnМалдивите се дефинитивно рај на земјата заради бескрајно долгите песочни плажи и кристално бистрата морска вода. Најегзотичната дестинација на светот на своите посетители им нуди и подводен интернационален ресторан кој се наоѓа на островот Рангали и се нарекува „Ита“. Овој бисер меѓу рестораните е сместен на 5 метри под нивото на морето, и вистинско уживање е да ги гледате рибите како пливаат околу вас.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=HBi_wUI6720rn
3. Ресторан под земјата во Кенија
rnРесторанот „Пештерата на Али Барбур“ се наоѓа на 30 километри оддалеченост од градот Момбас во Кенија, покрај песочната плажа Диани. Самиот ресторан се наоѓа на околу 10 метри под површината на земјата, но не грижете се, во овој ресторан не владее мрак благодарение на природниот отвор на пештерата и сончевите зраци кои се пробиваат до масите.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=OYKLOt413Hsrn
4. Ресторанот на карпа во Занзибар
rnОстровот Занзибар е познат по своите песочни плажи и кристално чистото море. Она по што Занзибар е исто така познат е ресторанот „Карпа“ кој се наоѓа на коралниот гребен сместен недалеку од местото и плажата Мичемви Пинга.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=0QS13CZJS-8rn
5. Висечки ресторан во Кина
rnКинезите се познати по тоа што сакаат да прават атракции на небото, а едно такви чудо е и ресторанот „Фангвенг“ кој буквално виси над реката Јангце во пештерата позната под името „Пештера за три патници“. Што се однесува до менито, се послужуваат исклучително локални специјалитети.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=oLT8MpU5K7orn
6. Тоалет-ресторан во Тајван
rnПомеѓу најчудните објекти во светот дефинитивно се наоѓа и тајванскиот ресторан чиј ентериер е инспириран од изгледот на тоалетот. Синџирот ресторани „Модерен тоалет“ се наоѓаат во градот Таипеи. Главното јадење се послужува во чинии кои имаат облик на тоалетна школка.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=yp4FG6g5y9wrn
7. Ресторан на дрво во Нов Зеланд
rnНов Зеланд е познат по нереалните пејзажи, опкружени со многу зеленило, но во оваа земја се наоѓа и ресторанот „Редвудс“ кој е сместен на куќичка на дрво. Тој е изграден помеѓу крошните и земјата, па затоа и се вбројува помеѓу најчудните ресторани на светот. Се наоѓа на висина од 10.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=HMIQdQfLe_MrnrnА, доколку сте вистински романтични души, тогаш вреди да посетите барем еден од најромантичите ресторани во светот.
Хипстерскиот начин на живот стана толку популарен во денешно време што и рестораните се обидуваат да го имитираат. За жал, не е лесно да се биде хипстер, бидејќи доволно е да направите мала грешка за да се претворите од хипстери во невидени катастрофи. Следниве ресторани навистина претерале со послужувањето на храната. Во продолжение погледнете ги нивните урнебесни идеи и размислете дали би сакале вашиот оброк да изгледа вака…rn
Попладневен чај во полици за книги
rnrn
Тортички
rnrn
Сите зборови се излишни
rnrn
Јајце во трофеј
rnrn
Кој вели дека една чаша не може да собере сѐ?!
rnrnrnПродолжете на следната страница за останатите урнебесни фотографии…rnrn
Во традиционалните ресторани каде што се нуди домашна локална храна, веројатно е полесно да се избере соодветен ручек или вечера, но што доколку одите во рестораните кои нудат егзотична храна? Во таков случај е најдобро да го замолите персоналот на ресторанот да ви каже детално што сè содржи порцијата што сакате да ја нарачате. Освен на вкусот, треба да се внимава и на калориите и на тоа колку храната е здрава за вашиот организам. Нутриционистката и водичот за здрава исхрана Марија Марлов го споделува своето искуство со рестораните и открива што таа вообичаено нарачува во различни ресторани.rn
1. Суши или нешто друго?
rnrnrnДоколку одите во јапонски ресторан, таму вообичаено се нарачува суши. Но, Марлов објаснува дека таа најчесто вечерата ја почнува со салата од алги, затоа што е вистински извор на калиум, железо, калциум и минерали кои особено ја зајакнуваат косата. Потоа, најдобро би било да нарачате сашими – еден вид сирова риба, но без оризот, кој вообичаено оди во традиционалното суши. Марлов посочува дека секогаш се обидува да добие риба којашто не е вештачки одгледана, затоа што таквата риба во себе не содржи антибиотици и хормони.rn
2. Во мексикански ресторан
rnrnrnЗа почеток нарачајте зачинето гвакамоле. Авокадото содржи здрави масти кои се добри за вашата кожа, а лутите пиперчиња ги согоруваат мастите и го забрзуваат метаболизмот. Но, Марлов советува наместо вообичаениот чипс што се послужува со гвакамолето, да побарате моркови или брокула, исечкани на ленти. Потоа добро би било да преминете на фахити или такос полнети со зеленчук. Доколку сакате екстра здрава вечера, нарачајте листови од марула, полнети со преливот предвиден за фахити или такос. Како додаток на ваквиот здрав избор, можете да нарачате ориз и грав, кои се одлична комбинација.rn
3. Во италијански ресторан
rnrnrnПрескокнете ги вкусните лепчиња или омилената паста. Сигурно си велите „Зошто да одам во италијански ресторан, ако не можам да нарачам шпагети или пица?“. Но, не заборавајте на прекрасните порции со морски плодови. Доколку сакате зеленчук, во чинијата полна со морски плодови, можете да нарачате и броколи на скара, спанаќ, леќа…rn
4. Ако се одлучите за пица
rnrnrnОбидете се да најдете ресторан каде што подготвуваат пица од безглутенско брашно, иако тоа можеби нема да биде лесен предизвик. Најдобро е за вечера да нарачате вегетаријанска пица, полна со печурки, кромид и маслинки, со малку сирење или кашкавал.rn
5. Кинеска храна
rnrnrnКинеските ресторани се вистински рај кога станува збор за здрава храна, богата со зеленчук. Таму можете да нарачате интегрален ориз и броколи, но внимавајте на сосовите кои ги послужуваат. Сосовите со соја вообичаено содржат големо количество натриум, кој предизвикува чувство на подуеност. Исто така, во кинеските ресторани може да нарачате зеленчук подготвен на пареа, кнедли од ориз во сосови или ролнички од зеленчук.rn
6. Што да нарачате за доцен појадок?
rnrnrnНикогаш нема да погрешите доколку изберете омлет со зеленчук. Нарачајте јајца со броколи, лути пиперчиња, кромид и свежи зачини. Исто така добар избор се и печени или варени компири со салата, а особено се препорачува слаткиот компир (батат). Така ќе останете сити и ќе имате доволно енергија да го продолжите работниот ден. Можете да изберете и тост, но без путер. Како дополнителен извор на витамини, нарачајте и свеж сок од грејпфрут, кој е особено здрав за метаболизмот и може да ви помогне во намалувањето на телесната тежина.
Од високо кон небото, до длабоко под морето, погледнете ги наредниве 18 ресторани со уникатна околина кои се мелем за очите. Без разлика дали се враќате назад во минатото или пак набљудувате до каде што очите ви дозволуваат, овие ресторани постојат само за да ви овозможат незаборавно искуство покрај вашиот вкусен оброк.rnrnIthaa Restaurant, Малдивиrnrn
Париз – градот на светлината, романтиката, љубовта и секако, храната. За вистински да го доживеете градот и француската кујна, разгледајте ги следниве прекрасни идеи за вечера во Париз.rn
Пикник
rnЕдна од најлесно остварливите идеи за вечера во Париз е пикникот. Купувањето состојки и одбирањето на совршеното место е многу забавно. Прошетајте по уличните штандови за храна, пекарниците, слаткарниците, каде сигурно ќе најдете нешто вкусно. Исто така, не заборавајте да изберете некое сирење, месо и француски леб.rnrnrnrn
Крстарење
rnКрстарењето по Сена е еден од најдобрите начини да се доживее градот. Во комбинација со добра храна пак, претставува посебно искуство. Уште една интересна идеја за убава и необична вечера во Париз.rnrnrnrn
Организирана прошетка
rnПокрај толку многу штандови, продавници, ресторани и вкусна храна во Париз, навистина е тешко да се одбере вистинската храна и ресторан. Затоа, ако сакате да истражувате и повеќе да се информирате, најдобро е да одите на организирана прошетка. Можеби нема да ви ги покажат најдобрите места, но секако ќе откриете места и видови храна за кои не сте ни знаеле дека постојат. Ќе си поставите стандарди и потоа полесно ќе се одлучите.rnrnrnrn
Луксузен ресторан
rnДоколку ви дозволува буџетот, штета е да не отидете во некој од луксузните ресторани во Париз. Франција е лидер во бројот на ресторани со Мишелин ѕвезди, вкупно 954. Само во Париз има 79 ресторани со Мишелин ѕвезди, од кои 10 се со три Мишелин ѕвезди. Доколку не можете да си дозволите, одете во модерно бистро или вечерајте во хотел со три ѕвезди.rnrnrnrn
Часови за готвење
rnВо Париз се организираат часови за готвење кои сигурно ќе ви помогнат да се усовршите, а и подобро да ја запознаете француската кујна. Има работилници каде се изучува изработка на чоколадни производи, слатки, печива итн.rnrnrnrn
Дегустација на вино
rnИ при дегустациите на вино, има вклучена храна, иако во помали количини. Можете да посетите некои од античките визби во градот или пак да одите во луксузните ресторани, каде може да уживате во вкусни вина и француска храна.rnrnrnrn
Домашна вечера
rnНема ништо поавтентично од домашно зготвена француска храна. Не грижете се доколку вашето семејство и пријатели не се во Париз, бидејќи може да одите на организирана вечера со традиционална француска храна, во типичен француски дом.rnrnrnrn
Не е никаква новост дека на Малдивите постојат рајски одморалишта, но сепак ние чувствуваме должност да ви ги претставиме сите релаксирачки места кои ги нудат островите, дури и кога кај нас е есен.rnrnrnrnОдморалиштето „Anantara Dhigu Resort & Spa“ е сместено на островот Дигју, а е опкружено со мирна тиркизна вода. Секоја приватна вила е опремена со луксузен мебел, има своја прекрасна палуба со лежалки, а погледот кон околината е освојувачки. Во одморалиштето се наоѓаат и 9 луксузни ресторани во кои можете да пробате храна од сите краишта на светот.rnrnrnrn
Луксузниот хотел „Мисони“ во Кувајт беше отворен на 1 март 2011 година. Овој хотел е вториот од синџирот хотели, чиј сопственик е корпорацијата Карлсон. Сместен во областа Ал Салмија во Персискиот залив, овој хотел ги отвори своите врати по две години од отворањето на првиот хотел „Мисони“ во Единбург, Шкотска, на 8 јуни 2009 година. Предвидено е синџирот хотели„Мисони“ да опфаќа 30 објекти ширум светот. Дизајнот на хотелот „Мисони“ во Кувајт е уникатен. Стилот е мешавина од бохо и гламур, додека мебелот е избор на врвните дизајнери Филипе Старк и Ханс Вегнер. Во собите преовладуваат јасни линии кои се одлично искомбинирани со топлите бои и дезени. Апартманите во хотелот „Мисони“ се синоним за луксуз во 21-от век. Во секој апартман се забележуваат естетската и динамична употреба на бои и елегантниот суптилен дизајн. Сите соби и апартмани имаат поглед кон Персискиот залив. Хотелот располага со два ресторани и еден кафе-бар. Ресторанот „Кучина“ нуди автентична италијанска храна, додека ресторанот „Луна“ е резервиран за љубителите на арапска храна. За оние кои уживаат во неодоливата комбинација на кафе и чоколадо, барот „Чоко кафе“ е вистинскиот избор. Базенот и спа-центарот се вистински рај за посетителите. Спа-центарот „Шест сетила“ вклучува 11 соби за третмани, 2 амама и 2 спортски сали. rnrn