КАФЕ ПАУЗА

Tag: реки

  • 5 држави што немаат реки

    5 држави што немаат реки

    Во светот што е поделен на речиси 200 земји, природните ресурси не се „подеднакво“ распределени. Сè повеќе се зборува за недостатокот на вода, но некои држави се целосно лишени од нешто што често го земаме здраво за готово, а тоа се реките. Додека Русија има илјадници реки, една голема и богата земја нема ниту една. Сепак, има повеќе земји без ниту една река, околу 15, а еве некои од нив:rn

    1. Либија: Реките доаѓаат и си одат

    rn5 држави што немаат рекиrnrnПустинската земја во Северна Африка не може да се пофали со постојана река. Она со што може да се пофали е т.н. Голема Река создадена од човечки раце. Станува збор за огромен систем на цевки што ја наводнуваат земјата и сочинуваат 70 проценти од изворот на вода за пиење во Либија.rn

    2. Бахреин: Стабилна нула

    rn5 држави што немаат рекиrnrnОстровското кралство Бахреин, исто како и Либија, нема постојани реки. Покрај тоа, податоците за периодот помеѓу 1972 и 2017 година покажуваат дека нивото на површинските течности останува стабилно: „околу нула милијарди кубни метри годишно“.rn

    3. Саудиска Арабија: Десалинизација како решение?

    rn5 држави што немаат рекиrnrnОваа земја зафаќа површина од 2 150 000 квадратни километри и нема ниту една река, а обезбедува вода за 34 000 000 жители.rnrnРечиси половина од водата за пиење доаѓа преку десалинизација, односно отсолување на морска или солена вода. Многумина се прашуваат дали тоа е решението за иднината на светот, каде што сè повеќе се зборува за недостатокот на вода.rn

    4. Ватикан: Најмалата земја во светот без река

    rn5 држави што немаат рекиrnrnВатикан нема ниту една река, а е оддалечен околу 400 метри од италијанската река Тибар. Тибар е сè повеќе предмет на јавна дебата поради загадувањето на водата, па можеби Ватикан не е толку несреќен што нема река. Нешто губите, нешто добивате – во овој случај, добивате помалку грижи.rn

    5. Малта: Голиот бисер на Медитеранот

    rn

    5 држави што немаат реки

    rnЗаедно со Ватикан и Монако, Малта е третата и последна европска земја што нема ниту една река. Покрај тоа, нема (постојано) езеро. Ако погледнете сателитска снимка на овој архипелаг среде Медитеранот, ќе забележите сиво-кафени тонови, со само неколку траги од зеленило. Но, секогаш постои поглед кон морето и радост кога прогнозата најавува дожд.rnrnПрочитајте за оазата „Сива“ во Египет – едно од најчудните места што треба да ги посетите.

  • 5 големи европски реки по кои вреди да крстарите

    5 големи европски реки по кои вреди да крстарите

    Патувањето по големите европски реки му дава целосно нова перспектива на континентот и им нуди на посетителите и на љубителите на природата недопрена дивина и некои од најмагичните предели.rn

    Дунав

    rn5 големи европски реки по кои вреди да крстаритеrnrnДунав е втора најдолга река во Европа по Волга и тече низ Централна и Источна Европа и минува низ десет земји.rnrnТече низ унгарската престолнина Будимпешта, поради што е наречена „Кралица на Дунав“ и возењето по Дунав ноќе низ градот е вистински спектакл.rnrnКако што течението на реката продолжува кон Црното Море, пејзажот се менува од урбан во природен. Поминувајќи низ Австрија, од реката има поглед на ридовите и сончевите лозја.rn

    Рајна

    rn5 големи европски реки по кои вреди да крстаритеrnrnРајна поминува низ срцето на Европа и плови низ Швајцарските Алпи кон Северното Море. Еден од најубавите предели на ова патување е Црната шума во Германија. Потоа, оваа река поминува низ Амстердам и во тој град е симбол на мир и релаксација.rn

    Рона

    rn5 големи европски реки по кои вреди да крстаритеrnrnОваа француска река се протега од Швајцарските Алпи до Медитеранот и минува низ мирисливи полиња со лаванда и прекрасни лозја. Производи од лековитото виолетово растение може да се купат на секој агол, а љубителите на виното мора да пробаат шардоне.rn

    Сена

    rn5 големи европски реки по кои вреди да крстаритеrnrnАко патувате низ Франција, тешко дека ќе ја промашите оваа прекрасна река. На нејзините брегови се одржуваат многубројни фестивали и уметнички настани, а љубителите на природата не треба да ги пропуштат карпите на брегот на Алабастер кои се идентични со оние попознатите, карпите Довер кои се наоѓаат од другата страна на каналот.rn

    Дуро

    rn5 големи европски реки по кои вреди да крстаритеrnrnРеката Дуро минува низ планините на Португалија и низ многубројни вински региони. Од Порто до Саламанка, нуди мноштво атракции по својот тек, од рибарското село Афурада до археолошкиот локалитет во долината Коа, на границата со Шпанија.rnrnПогледнете го овој прекрасен град на југот на Франција што ги збунува туристите.

  • Дознајте кои се 10-те најопасни води во светот

    Дознајте кои се 10-те најопасни води во светот

    Повеќето луѓе не можат да си го замислат одморот без водна површина во близина, без разлика дали станува збор за езеро или море. Но, постојат некои води на нашата планета што можат да бидат смртоносни за луѓето кои ќе решат да се бањаат во нив. Треба да знаете кои се тие места на Земјата чија убавина е само за гледање од далечно растојание. Погледнете кои се 10-те најопасни води во светот…rn

    1. Големата сина дупка, Белизе

    rnДознајте кои се 10-те најопасни води во светотrnrnПлимите ја претвораат Големата сина дупка во огромен вртлог кој вовлекува сѐ што има на површината, додека осеките предизвикуваат да прска огромни количини на вода. И покрај ова, сѐ уште има луѓе кои сакаат да ја видат дупката бидејќи важи за едно од најдобрите места за нуркање на Земјата.rn

    2. Бунарот на Јаков, Тексас, САД

    rnДознајте кои се 10-те најопасни води во светотrnrnОвој природен бунар, длабок 9 метри со кристално чисти води е едно од најопасните места за нуркање во светот. На дното од бунарот има неколку влезови до широка мрежа на пештери од кои многумина не можат да излезат.rn

    3. Езерото Мичиген, САД

    rnДознајте кои се 10-те најопасни води во светотrnrnЕзерото Мичиген е речиси исто толку озлогласено како Бермудскиот триаголник, бидејќи токму над ова езеро се случила една од најужасните авионски несреќи во Северна Америка без никаква логична причина. Ако ги тргнеме мистериите настрана, езерото е навистина опасно поради неговите ненадејни струи кои според некои извори одземаат по 30-тина животи годишно.rn

    4. Езерото Натрон, Танзанија

    rn

    Дознајте кои се 10-те најопасни води во светот
    Кора од сол на површината на Натрон
    rnrn
    Дознајте кои се 10-те најопасни води во светот
    Сателитски поглед на Натрон
    rnrnЕзерото Натрон е едно од најсолените и најалкалните езера на Земјата покриено со солена кора која понекогаш е црвена. Температурата на водата достигнува 50 степени Целзиусови на одредени места, што го прави речиси непогодно за живот. Само три вида риби живеат тука и тие успеваат да се прилагодат на екстремните услови.rn

    5. Сина дупка, Дахаб

    rnДознајте кои се 10-те најопасни води во светотrnrn

    Дознајте кои се 10-те најопасни води во светот
    Меморијален ѕид на Сината дупка
    rnrnСината дупка се смета за најопасното место за нуркање во светот, бидејќи многу нуркачи умреле во нејзината пештера на 120 метри длабочина. Искусните нуркачи велат дека луѓето кои поминале соодветен тренинг и имаат искуство можат да нуркаат без страв. Причината за смрт обично е труење со азот или недостаток на воздух при испливувањето.rnrnПродолжете на следната страница за останатите опасни водни површини…rnrn

  • Сè што е големо, секогаш е во корист на другите

    Сè што е големо, секогаш е во корист на другите

     rn

    „Реките не ја пијат својата вода, дрвјата не ги јадат своите плодови, облаците не го голтаат својот дожд, сè што е големо, секогаш е во корист на другите.“

    rn

    Сè што е големо, секогаш е во корист на другите
    Искористете ја сликата како десктоп позадина (1920×1200)
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд

    Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд

    На прв поглед, овие навидум апстрактни фотографии се малку тешки за дешифрирање. Но, ако подобро ги погледнете многу брзо ќе почнете да забележувате необични и несекојдневни пејзажи. Направени од страна на рускиот фотограф Андре Емолаев, овие фотографии се дел од неговата фотоколекција на неверојатните вулкански реки во Исланд гледани од малку поинаква перспектива. Тие се толку необични и интересни што дури изгледаат како цртежи.rnrnСпектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во ИсландrnrnСветлината и сенките, вртливите формации и живите бои во композициите се всушност реки, глечери и јата со птици кои се само мал дел од целосната вулканска сцена. Привлечните сцени ја замаглуваат линијата помеѓу пејзажните фотографии и апстрактните цртежи и токму поради тоа мора да се потрудите за да најдете смисла во нив.rnrnСпектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд
    rn

    „Исланд е неверојатна држава. Дури би можел да кажам и дека е рај за оние кои обожаваат фотографирање. Но, она што беше навистина огромно откритие за мене е птичјиот поглед на реките кои течат низ црниот вулкански песок. Овие пејзажи се неверојатна комбинација на бои, линии и шаблони која не може да се опише со зборови,“ вели Емолаев.

    rnСпектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 факти за Лондон кои ќе ве изненадат

    20 факти за Лондон кои ќе ве изненадат

    Главниот град на Обединетото кралство е населен повеќе од 2 милениуми. Неговата историја датира уште од римско време кога бил наречен Лондиниум. Оваа светска метропола никого не остава рамнодушен. Доколку горите од желба да го посетите, она што може да го направите во моментов е да ги прочитате овие интересни факти за Лондон кои можеби не сте ги знаеле досега.rnrn1. Голем дел од сцените во филмот „Вонземјани“ на Џејмс Камерон се снимени во напуштена електрична централа во Актон, област во Лондон.rnrn2. Низ тунелот над метро станицата Sloan Square тече една од загубените реки во Лондон, реката Вестборн. Друга загубена река, Тајбурн, тече точно под Бакингемската палата.rnrn20 факти за Лондон кои ќе ве изненадатrnrn3. Во 1952, загадувањето во Лондон било толку лошо, што публиката во театарот Садлерс Велс била евакуирана и театарската претстава била прекината поради чадот кој избил во аудиториумот.rnrn4. Во текот на речиси цел век, Лондон бил најгусто населен град на земјата, сè до 1925 година, кога Токио го надминал.rnrn5. Свештениците во викторијанското време биле против градење на подземна железница, тврдејќи дека вревата ќе го вознемири ѓаволот.rnrn6. Последниот човек кој бил погубен во Лондонската кула, бил германскиот разузнавачки агент Џозеф Џејкобс, застрелан во 1941.rnrn20 факти за Лондон кои ќе ве изненадатrnrn7. Постои цела мрежа на тунели под Лондон, најголем дел изградени во текот на Втората светска војна за потребите на војската. Под улиците на Вајтхал во Лондон има голема воена тврдина. Во тврдината може да се влезе преку една од телефонските централи во Craig’s Court, на плоштадот Трафалгар.rnrn8. Во големиот пожар во Лондон, 1666 година, изгореле 13.200 куќи, 87 парохиски цркви, катедралата Св. Паул, како и голем дел од зградите на властите. Иако е познат како една од најголемите катастрофи, во овој пожар загинале само 6 граѓани.rnrn9. Во раните 50-ти секој можел да му телефонира на тогашниот премиер Винстон Черчил, бидејќи неговиот број бил во телефонскиот именик на градот.rnrn10. Хитлер имал план да го расклопи Нелсоновиот столб и да го пренесе во Берлин.rnrn20 факти за Лондон кои ќе ве изненадатrnrn11. Областа Канари Варф го добила името бидејќи на тоа место порано биле пренесувани товари со овошје од Канарските острови.rnrn12. На аеродромот Хитроу, името му е дадено по малото рурално село кое некогаш постоело во таа област.rnrn13. Горниот дел на познатата мост-кула во Лондон, кој оригинално бил наменет за пешаци, бил затворен во 1910 откако станал собиралиште на проститутки.rnrn14. До 1961 во барот Хародс се продавал чист кокаин.rnrn15. Областа Сохо во Лондон, е именувана по извикувачки збор за лов кој бил користен во средниот век. До доцниот 17-ти век, областа била отворено поле, за подоцна да стане позната туристичка дестинација.rnrn16. Иако сега дијалектот кокни е надалеку познат лондонски дијалект, порано зборот „кокни“ се сметал за навреда.rnrn20 факти за Лондон кои ќе ве изненадатrnrn17. Оригиналниот средновековен лондонски мост бил во константна употреба над 600 години. Но не секогаш бил весела слика. Во минатото главите на погубените се набивале на колови и се оставале на мостот.rnrn18. Во градењето на мостот Ватерло главно учествувале жени.rnrn19. Голем земјотрес се случил во Лондон на 8 март 1750. Очевидците на настанот тврделе дека за време на земјотресот, куќите потонувале во земја, а рибите од реката Темза биле исфрлани високо во воздухот.rnrn20. Незнаејќи како да се снајде и да излезе од автопатот, еден пензионер заглавил во сообраќајот на М25, возејќи по автопатот цели 48 часа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Малку поинаков одмор

    Малку поинаков одмор

    Времето за одмор е драгоцено. Затоа заборавете на многубројните туристички замки и поминете го одморот на места кои никогаш не би ви текнало да ги посетите…rnrnМалку поинаков одморrn

    Хималаите, Тибет и Непал

    rnПатувањето во Непал и Тибет може да биде напорно заради надморската височина, невообичаената храна и лошиот пат. Но ова патување истовремено ќе ви понуди древна култура и спектакуларен пејзаж, кои се загрозени од страна на политичките конфликти и немилосрдниот притисок на модерното време.rnrnРутата води преку високи планински премини и длабоки клисури, од античкиот град Ласа во Тибет до базниот камп на Монт Еверест и понатаму до Катманду, Непал. По патот може да се посетат палати, манастири и храмови, вклучувајќи го и комплексот што некогаш беше дом на Далај Лама.rnrnМалку поинаков одморrn

    Костарика

    rnАко имате вишок енергија и сте зависник од адреналин, Костарика нуди места за активности кои го зголемуваат адреналинот, како што е возењето велосипед по стрмни и тесни патеки, спуштање со јаже преку река или рафтинг длабоко во џунглите. Доколку ви здодеат ваквите активности, може да се релаксирате на песочните плажи покрај бистрата вода на Карибите.rnrnМалку поинаков одморrn

    Големите Атласи, Мароко

    rnВозењето велосипед по сувите речни корита и патеките од чакал е вистински предизвик за љубителите на велосипедизмот. Патеката поминува низ планините познати како Големи Атласи и Анти Атлас. Пејзажот е разновиден, од древни берберски села до бујни оази.rnrnОстрите планини и длабоките клисури ќе го направат искачувањето долго и тешко, а симнувањето брзо и лесно. Доколку сакате оваа авантура да ја доживеете за осум дена, ќе треба да поминувате во просек по 28 милји дневно.rnrnМалку поинаков одморrn

    Килиманџаро, Танзанија

    rnАфриканската планина Килиманџаро е висока 5.895 метри со што претставува највисока планина на континентот. И покрај оваа висина, Килиманџаро нуди спектакуларен поглед и од места кои се не само пониски, туку и полесни за искачување.rnrnДоколку тргнете кон врвот рано наутро, веќе во попладневните часови ќе успеете да го освоите. Ова е така затоа што, за разлика од Алпите и Хималаите, Килиманџаро е опкружен со рамно земјиште што овозможува и прекрасен поглед.rnrnМалку поинаков одморrn

    Кикладите, Грција

    rnКикладите се одлична дестинација за одмор за сите кои уживаат во пливањето. Местоположбата на овие острови ќе ви овозможи да пливате од еден до друг остров покрај чамците за безбедност. Поискусните пливачи може да ги истражуваат подводните карпи и камените плажи, додека оние кои го преферираат копното може да ги истражуваат древните села.rnrnМалку поинаков одморrn

    Западна Словенија

    rnИдеално место за одмор за страсните риболовци е западниот дел на Словенија. Кристалните реки и потоци кои се создаваат со топење на снегот од Алпите, се дом на различни видови риби, како што се Дунавскиот лосос, кафеавата и мермерната пастрмка. Ако се одлучите за западна Словенија, задолжително посетете го градот Медводе (чие име значи „меѓу водите“), кој се наоѓа меѓу реките Сава и Сора.rnrnМалку поинаков одморrn

    Патагонија, Аргентина

    rnПатагонија се смета за едно од идеално студените дестинации кои нудат природна убавина, див свет и бескраен простор. Турата започнува со едно урбано искуство – возење велосипед или пешачење од Буенос Аирес. Јужно од Буенос Аирес е предвидена посета на Националниот парк. Патагонија изобилува со мраз, глечери, борови шуми, тревни рамнини и див свет за кој е специфична патагониската лама.rnrnМалку поинаков одморrn

    Монголија

    rnВеќе илјадници години коњите имаат централно значење за културата на номадски народи во Монголија. Со помош на монголското пони може да ја посетите татковината на древното племе Tsaatan, каде што ќе искусите шамански ритуали, јавање и молзење ирваси и спиење во шатори.rnrnИсклучок за туристите има само во однос на седлата за јавање. Секој посетител има право да одбере руско фино изработено седло од кожа, наместо традиционалното дрвено седло.rnrnМалку поинаков одморrn

    Антарктик

    rnБританскиот истражувач Сер Ернест Шеклтон и двајца членови на неговиот екипаж влегоа во историјата во 1916 година, кога го преминале Антарктикот и стигнале до Јужна Грузија, барајќи помош за спасување на 22 членови од Транс-антарктичката експедиција, кои биле целосно беспомошни кога нивниот брод бил уништен од санта мраз.rnrnПочнувајќи од 2010 година, секоја година се реализира тура на Антарктикот, во вид на експедиција, составена од 12 ски-истражувачи кои го следат патот на Шеклтон, поминувајќи 20-километарски опасен, покриен со снег и стрмен терен.rnrnМалку поинаков одморrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Палатата на изгубениот град

    Палатата на изгубениот град

    Овој луксузен комплекс се наоѓа во Јужна Африка. Тој воодушевува со мистичниот декор, волшебните детали и атмосферата која плени. Преполн е со интересни мозаици и фрески, а самата архитектура на градбата делува како да е дел од бајките.Палатата на изгубениот градРаскошните градини и убавите реки и поточиња, кои ги опкружуваат палатите, дополнително придонесуваат за интимна и пријатна атмосфера во „изгубениот град“. Неверојатната услуга и нескромната гостопримливост се двата најсилни адути во привлекувањето на туристите. Најекстравагантен хотел во овој комплекс е „Палатата на изгубениот град“, која сосема заслужено си го носи и името „Африканското кралство на задоволството.“Палатата на изгубениот градПалатата на изгубениот градГостите можат да изберат една од 338-те соби, кои се направени во типичен африкански декор во склоп со технологија од 21 век. Покрај неверојатните удобности кои ги носат која било од собите, во хотелот можете да уживате и во 24 часа отворениот бар и ресторан, голфските терени, посета на Националниот парк, забавниот парк или едноставно да уживате во прекрасните базени.Палатата на изгубениот градПалатата на изгубениот градПалатата на изгубениот градПалатата на изгубениот градПалатата на изгубениот градПалатата на изгубениот град
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Живеејќи помеѓу дрвјата

    Живеејќи помеѓу дрвјата

    Недалеку од брегот на Пацификот, во џунглата на Костарика, на дрвјата е отпочнат еден живот, надвор од границите на урбаноста. „Finca Bellavista“ е заедница на постојани жители и гости сместени во куќи изградени во крошните на дрвјата од дождовната шума. Куќите се поврзани со воздушни мостови и кабли, а до нив можете да стигнете и преку скали. Оваа идеја ја реализираше едно дуо сонувачи, на кои им дошло преку глава од живеењето во САД.rnЖивеејќи помеѓу дрвјатаСоздавачите Метју и Ерика Хоган го создале ова место, не како нивно приватно место, туку како место кое ќе привлекува патувачи и луѓе кои имаат желба тука да живеат постојано. Парцелите се достапни за купување, каде што заинтересираните купувачи можат да се приклучат кон заедницата и да направат своја куќа на дрво. Гостите можат да направат избор, при изнајмување на едно од местата за краток или подолг престој во оваа заедница, која е одлична за повремено избегнување на модерниот начин на живеење.rnЖивеејќи помеѓу дрвјатаЖивеејќи помеѓу дрвјатаСепак, не може да се каже дека модерното нема допрено и на ова место. Ограничена електрична енергија, топла вода, па дури и безжична интернет конекција, се можности кои можете да ги добиете во овој центар. Засега поголемиот дел од куќите се поврзани со кабли, иако заедницата постојано гради воздушни мостови, кои моментално поврзуваат помал дел од куќите на дрвјата. Сите овие нешта се прават, благодарејќи на фактот што доаѓаат нови доселеници.rnЖивеејќи помеѓу дрвјатаЖивеејќи помеѓу дрвјатаНа ова место, природата е во фокусот на живеењето. Две реки со кристално чиста вода, врват низ заедницата, а има и големи водопади кои често ги привлекуваат посетителите да скокаат и да нуркаат. Океанот е во непосредна близина, а на само 2 километри има и мал рурален град. Но, најголемо искуство од живеењето во оваа природа, се самите дрвја од шумата. Диви птици, гуштери и мајмуни ги споделуваат живеалиштата со луѓето, давајќи едно поразлично искуство од живеењето со стандардните домашни миленичиња.rnЖивеејќи помеѓу дрвјатаЖивеејќи помеѓу дрвјатаЖивеејќи помеѓу дрвјатаЖивеејќи помеѓу дрвјатаЖивеејќи помеѓу дрвјатаЖивеејќи помеѓу дрвјатаЖивеејќи помеѓу дрвјатаЖивеејќи помеѓу дрвјата
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Живите мостови во Индија

    Живите мостови во Индија

    Во североисточна Индија, јужните падини од ридовите Каси и Јаинтија се богати со необични дрвја од видот „Ficus Elastica“, или познати како индиските дрвја од гума. Чудното кај овие дрвја е тоа што поголемиот дел од своите корени ги вадат надвор од земјата.rnЖивите мостови во ИндијаАнтичкото племе Мегхалаја ги има забележано овие квалитети на дрвото, па неговите корени ги искористиле за градење мостови преку многубројните реки и потоци низ целата околина. Интересно е тоа што жителите им оставиле на мостовите сами да израснат, притоа тие помагале само коренот да го фати вистинскиот правец кон другата страна од реката.rnЖивите мостови во ИндијаНекои од овие мостови се стари повеќе од 500 години, а за еден мост да биде функционален потребни се најмалку 10 до 15 години заплетување на корените. Најдолгиот мост кој е направен е долг 30 метри и може да издржи 50 луѓе. Овие мостови и денеска секојдневно ги користат жителите на околните села.rnЖивите мостови во ИндијаЖивите мостови во ИндијаЖивите мостови во ИндијаЖивите мостови во Индија
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn