КАФЕ ПАУЗА

Tag: река

  • Зелена оаза: Река и водопади кои воодушевуваат со своите тиркизни и зелени бои

    Зелена оаза: Река и водопади кои воодушевуваат со своите тиркизни и зелени бои

    Славните водопади Лехфал во Германија се високи три метри и не можете да ги пропуштите кога ќе отидете во Германија. Покрај водопадите, посетителите доаѓаат тука и на годишен одмор покрај реката, која привлекува со своите тиркизни и зелени бои.rnrnЗелена оаза: Река и водопади кои воодушевуваат со своите тиркизни и зелени бои rnrnАко едноставно застанете и погледнете од мостот на кањонот низ кој поминува, ќе видите зошто сите се среќни ако застанат, дури и за кратко време.rnrnКога нивото на водата е пониско, се ослободува помал дел од брегот, така што ќе можете да се приближите до водопадите и реката, до блиската шума, а исто така може да се бањате. Зелени шуми, зелена река, шумот на брановите – кому му е потребен мир и тишина за да ги наполни батериите, оваа мала оаза навистина ќе му помогне.rnrnВо близина има и слаткарница и ресторан, па сето тоа е доволно за да уживате во прекрасен одмор во природа. Недалеку од водопадите се наоѓа романтичниот град Фисен. Порано беше познат по правењето виолини, па го доби прекарот „музички град“. Кога неговите господари ги преместиле своите работилници, тие со себе ја понеле градежната уметност, па може да се каже дека овој мал град го одбележа музичкиот свет на целиот континент. Денес во музејот можете да видите некои од примероците од најубавите колекции на виолини.rnrnЗелена оаза: Река и водопади кои воодушевуваат со своите тиркизни и зелени бои rnrnОсвен него, можете да скокнете и до најубавиот замок во Германија – Нојшвајнштајн. Го изградил наводно ментално болниот крал Лудвиг Втори во Баварија во чест на обожаваниот композитор Ричард Вагнер. За време на Втората светска војна, нацистите складирале уметнички дела што ги украле од цела Европа, а подоцна му послужиле како инспирација на Волт Дизни за неговите цртани филмови. Годишно го посетуваат 1,3 милиони туристи, што го прави една од најпопуларните туристички атракции во Европа.rnrnЗелена оаза: Река и водопади кои воодушевуваат со своите тиркизни и зелени бои rnrnЗелена оаза: Река и водопади кои воодушевуваат со своите тиркизни и зелени бои rnrnЗелена оаза: Река и водопади кои воодушевуваат со своите тиркизни и зелени бои rnrnЗелена оаза: Река и водопади кои воодушевуваат со своите тиркизни и зелени бои rnrnПрочитајте и за овој град на лимоните во Франција за кој многу туристи никогаш немаaт слушнато.

  • Европскиот град во кој луѓето од работа до дома се враќаат пливајќи

    Европскиот град во кој луѓето од работа до дома се враќаат пливајќи

    Во летните месеци, жителите на швајцарскиот град Базел одат по улиците со светли торби во форма на риба. Станува збор за водоотпорна торба што ја користат за чување на своите работи кои ќе им требаат кога ќе решат да пливаат во реката Рајна.rnrnНекои од жителите на овој град тврдат дека на овој начин се релаксираат после работа, додека други сакаат само да го избегнат метежот во сообраќајот.rnrnОваа река во јули и август е место за забава на многу жители на Базел. И покрај тоа што просечната летна температура во Базел е само 25 Целзиусови степени, а реката Рајна се карактеризира со многу брз и непредвидлив проток кој се препорачува само за најдобрите пливачи, сепак многумина во неа бараат освежување.rnrnЕвропскиот град во кој луѓето од работа до дома се враќаат пливајќиrnrnЕвропскиот град во кој луѓето од работа до дома се враќаат пливајќиrnrnПовеќето пливачи пливаат на делот меѓу мостовите Шварцвалд и Јоханитер и оставаат да ги носи струјата. Околу реката Рајна нема спасители, па ако сакате да пливате, тоа е на ваш сопствен ризик.rnrnЕвропскиот град во кој луѓето од работа до дома се враќаат пливајќиrnrnЕвропскиот град во кој луѓето од работа до дома се враќаат пливајќиrnrnЕвропскиот град во кој луѓето од работа до дома се враќаат пливајќиrnrnПогледнете како изгледа ова во пракса.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=16&v=pAXbN2hWodc&feature=emb_titlernrnМожеби ќе ве интересира и кои се настаните што се случуваат многу ретко.

  • Научниците ја пронашле митската река што врие во Амазон

    Научниците ја пронашле митската река што врие во Амазон

    Понекогаш легендите се покажуваат како вистинити. Длабоко во амазонската џунгла, далеку од општеството, постои древна легенда за реката која врие и која може да го „испржи“ секое живо суштество кое ќе се обиде да плива во неа.rnrnnauchnicite-ja-pronashle-legendarnata-vrela-reka-vo-amazon-kafepauza.mkrnrnИмето на реката, Shanay-timipshka, во буквален превод значи „зовриено од топлината на сонцето“. И конечно, научниците ја откриле реката која многумина ја сметале само за мит. Легендарната река чија вода буквално врие е скриена во срцето на перуанскиот Амазон. Откриена е од геофизичарот Андре Рузо.rn

    „Кога бев мал, татко ми ми кажуваше приказни за митскиот златен град скриен во перуанската џунгла.“, изјавил научникот кој го поминал своето детство патувајќи помеѓу Никарагва, Перу и Тексас.

    rn

    „Кога го забележав ова, веднаш го земав мојот термометар. Просечната температура на реката беше 86 степени Целзиусови. Тоа не е точка на вриење, но е доволно блиску. Не е легенда.“

    rnРеката е долга околу 6,5 километри, а нејзината најширока точка е 25 метри. Најдлабоката точка на реката е 6 метри. И покрај тоа што е далеку од најблискиот вулкански центар, таа се „храни“ со термалните води од околината, а ова ја објаснува нејзината температура.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=yRNwHoc7bq0rnrnСпоред мерењето, температурата на водата достигнува и до 100 степени. Воздухот над реката е толку жежок што можете да почувствувате „горење“ во носот и белите дробови.rn

    „Физички е невозможно да замислите толку многу жешка вода. Ако ја ставите раката во реката можете да добиете изгореници од втор или трет степен“, изјавил научникот.

    rn

    „Видов многу животни кои паднаа во водата, од птици до влекачи. Комплексните организми, како што сме ние, не би ја поднеле високата температура и буквално би се свариле во реката.“

    rnСо хемиска анализа, научниците откриле дека водата од реката на почетокот паднала како дожд, најверојатно некаде во Андите. Како што патувала надолу, водата се загревала од геотермалната енергија на планетата, за на крај да заврши како реката која врие во Амазон.

  • Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравје

    Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравје

    Сите уживаме во прекрасниот поглед на езеро, море, океан, река. Често знаеме да кажеме дека чувствуваме некаква посебна смиреност кога сме покрај вода. Одморите покрај големи води се најпопуларните низ светот и асоцираат на релаксација и квалитетно поминато време. Поради тоа, не сме зачудени од резултатите на неодамна спроведената студија, којашто потврдува дека водата е добра за психичкото здравје на човекот.rnrn(0) Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравјеrnrnСтудијата, објавена во магазинот „Health and Place“, укажува на тоа дека луѓето кои живеат блиску до вода имаат подобро ментално здравје од оние кои немаат водени површини во својата близина. Иако досега се веруваше дека оние кои се опкружени со шума имаат поголеми предности во зачувувањето на психичкото здравје, студијата тврди оти водата ги „победува“ дрвјата. Што е толку значајно во водата и како таа влијае врз нашата психа?rn

    1. Водата е поголема од вашите проблеми

    rn(1) Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравјеrnrnИако студијата опфатила луѓе кои живеат покрај мориња и океани, истото може да се однесува и на оние кои животот го минуваат покрај езера или реки. Има нешто особено во гледањето и слушањето на водата, нејзиното бранување и движење, како и звукот што го испушта во нејзината постојана промена. Тоа е нешто многу поголемо од луѓето, од нивните проблеми, од нивниот стрес. Тоа овозможува да добијат појасна слика за својата позиција и улога. Многу често луѓето, додека ја гледаат и слушаат големата вода, не се ни свесни за перспективата којашто ја добиваат, но длабоко во нив нештата стануваат појасни.rn

    2. Можеби е до воздухот?

    rn(2) Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравјеrnrnУште многу одамна, пациентите кои имале одредени психички проблеми биле упатувани на места што се наоѓале покрај океани. Се сметало дека единствено подолг престој покрај океан можел да ги излекува болките кај некои пациенти. Можеби не успевало кај сите, но кај голем дел, воздухот покрај океаните бил единствениот и последниот спас. Денес таквиот начин на лекување ретко се применува, но затоа пак, многу почесто луѓето одат на летување и минуваат барем неколку дена од годината покрај море и езера. Научниците не се сигурни што точно го подобрува менталното здравје на луѓето. Можеби тоа е специфичниот воздух на тие прекрасни места.rn

    3. Брановите влијаат позитивно на човечката психа

    rn(3) Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравјеrnrnКога се вели бранови, се мисли на сиот природен процес што се случува во морињата и океаните. Без оглед што се случува во вашиот живот или воопшто во светот, бранувањето и постојаната промена во големите води никогаш не престанува. Плимата и осеката се случуваат постојано. Брановите удираат во бреговите, некогаш посилно, некогаш сосема нежно, без оглед на случувањата во водата и надвор од неа. Можеби таа сериозност на големите води го полни човекот со сила и енергија да продолжи понатаму и кога е најтешко. Во надоаѓањето и повлекувањето на водата се крие мудроста на постоењето.rn

    4. Што доколку не можете да си дозволите живот покрај вода?

    rn(4) Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравјеrnrnНо, за жал, колку и да е убаво и здраво да се живее покрај вода, голем дел од луѓето не можат да си дозволат живот покрај море, океан, езеро, река. Огромен број луѓе живеат далеку од водени површини. Но, и тие можат да направат нешто со кое ќе си го подобрат менталното здравје.rnrnЕден од предлозите се одмори покрај вода. Не мора тие да бидат во луксузни туристички центри, туку можете да најдете прекрасен мир и во мали и не толку развиени места. Исто така може и да изнајмите некоја мала куќичка покрај река, езеро или море на подолг временски период и секое слободно време да го минувате таму. Доколку во местото каде што живеете има мала река или вода, често посетувајте го нејзиниот брег. Секогаш кога ќе ви се отвори можност да престојувате покрај вода, дури и на еден час, искористете го тоа, ќе се зачудите колку многу ќе помогне во подобрувањето на вашето ментално здравје.

  • Мост – трамбулина во Париз

    Мост – трамбулина во Париз

    Доколку овој концепт направен од дизајнерското студио „AZC“ биде усвоен, Париз ќе добие еден многу необичен, но многу забавен мост-трамбулина.Мост-трамбулина во ПаризНа натпреварот наречен „Мост во Париз“ овој концепт ја освои првата награда. Дизајнерското студио им предлага на градските власти во Париз, преку реката Сена да направат забавен мост трамбулина. Па така, сите  што ќе посaкаат да пројдат од другата страна на реката, ќе треба да скокаат преку постот и истовремено да се забавуваат.Мост-трамбулина во ПаризНосечките столбови на мостот ќе бидат на дување, а помеѓу нив ќе стојат три мрежести трамбулини. Според проекциите, мостот најверојатно би се поставил во близина на познатиот мост „Bir-Hakeim“, а во широчина би бил 30 метри.Мост-трамбулина во ПаризМост-трамбулина во Париз
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите места за пливање

    Најдобрите места за пливање

    Летото е одличен период за истражување на најразлични локации за пливање. За момент заборавете ги конвенционалните плажи и замислете како би било да пливате под водопади или во некој национален парк.rnrnНајдобрите места за пливањеrn

    Водопадите Хавасу во Аризона

    rnСкалестите водопади Хавасу, високи повеќе од 36 метри, се влеваат во реката Колорадо на дното од Големиот Кањон во Аризона. Во август 2008 година, заради силните врнежи од дожд браната на овие водопади се распука, а локалното индијанско население беше евакуирано. Оттогаш водопадите се повторно отворени за туристи, но ако сакате да запливате во тиркизните води на Хавасу, ќе мора да пропешачите 16 километри под жешкото сонце на Аризона.rnrnНајдобрите места за пливањеrn

    Реката Мерсед во Националниот парк Јосемити

    rnРеката Мерсед се наоѓа на источниот крај на долината Јосемити, во истоимениот национален парк кој е под заштита на УНЕСКО. Пливањето во оваа река е незаборавно доживување, но внимавајте на водопадите и брзаците затоа што во нивна близина пливањето не е дозволено. Ако сакате да запливате во Мерсед, користете ги песочните плажи како единствен влез и излез од реката, за да не дојде до нарушување на екосистемот.rnrnНајдобрите места за пливањеrn

    Паркот Блу Спринг во Флорида

    rnПаркот Блу Спринг, кој се наоѓа во Флорида, е засолниште за западноиндискиот ламантин (вид морска крава). Температурата на водата тука достигнува до 72 степени и останува константна во текот на целата година. Заради заштита на ламантините, паркот е затворен за секакви водни активности од средината на ноември до почетокот на март. Во преостанатиот период од годината, посетителите може да пливаат во топлата и кристална вода или да уживаат во кајакарење или нуркање.rnrnНајдобрите места за пливањеrn

    Водопадите Рич во Јамајка

    rnСкалестите водопади Рич се наоѓаат во областа Порт Антонио, во Јамајка. Тие се едни од најчесто употребуваните водопади во рекламите за промовирање на туризмот и привлекување на туристи. Извирајќи од најголемата планина во Јамајка, водопадите Рич скалесто завршуваат во смарагдно – зеленото езерце кое е одлично место за пливање, но и за водна масажа.rnrnНајдобрите места за пливањеrn

    Езерото Дуду во Доминиканската Република

    rnЕзерото Дуду, познато по тоа што содржи подземни води, се наоѓа на северниот брег од Доминиканската Република, во близина на градот Нагва. Сместено во долниот дел од 20-метарските карпи, до кои се стигнува преку стрмни скали, кристалното сино езеро е изолирано од јавноста. Дуду е одлично место и за нуркачите кои сакаат да ги истражуваат подземните пештери или да се обидат да ја измерат длабочината на езерото.rnrnНајдобрите места за пливањеrn

    Паркот Слајд Рок во Аризона

    rnСлајд Рок паркот во близина на Седона, во Аризона, го добил своето име според природната вода која со својот тек го обликувала песочникот на кањонот. Тука посетителите може да да се лизгаат по водата, да одат или да пливаат. Паркот е особено популарен во летниот период, кога сите слободни места се пополнети уште во раните утрински часови.rnrnНајдобрите места за пливањеrn

    Езерото во Цибилчалтун во Мексико

    rnЦибилчалтун е археолошки локалитет на Маите кој се наоѓа мексиканската сојузна држава Јукатан. Туристичката понуда за Цибилчалтун, освен Храмот на седумте кукли и урнатините од шпанската црква од 16-от век, го вклучува и малото езеро кое локалните жители го користат во текот на целата година. Турата опфаќа обиколка на езерцата кои се протегаат од Мерида до Канкун. Се проценува дека оваа област има околу 30.000 езерца од кои само неколку десетици се отворени за јавноста.rnrnНајдобрите места за пливањеrn

    Сините дупки на островот Андрос

    rnОстровот Андрос е најголемиот од Бахамските острови и е дом на сини дупки кои се наоѓаат во океанот и во внатрешноста на островот. Ваквиот систем на водни пештери е забележан уште во 1970 година, од страна на магазинот National Geographic. Сините дупки најмногу се истражувани од експедицијата на Жак Кусто. Тие се дел од екосистемот на Бахамите и се одлични места за пливање и нуркање.rnrnНајдобрите места за пливањеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Спекатакуларни водопади за кои веројатно не сте слушнале

    Спекатакуларни водопади за кои веројатно не сте слушнале

    Водопадите се еден од најспектакуларните начини на кој природата ја демонстрира својата моќ, при тоа привлекувајќи го сечие око кон својата убавина. Најубавите водопади во светот, како што се Викторините водопади, Игуасу или оние на Плитвичките Езера ги воодушевуваат сите ширум светот, но тие неоправдано ја собираат сета слава. Постојат многу водопади кои исто така изгледаат како да не се од овој свет, а не се многу познати. Овие се само мал дел од нив.rnrn

    Спекатакуларни водопади за кои веројатно не сте слушнале
    Елакала, Западна Вирџинија, САД
    rnrn
    Спекатакуларни водопади за кои веројатно не сте слушнале
    Нохкаликаи, Индија
    rnrn
    Спекатакуларни водопади за кои веројатно не сте слушнале
    Змејски водопад, Венецуела
    rnrn
    Спекатакуларни водопади за кои веројатно не сте слушнале
    Каската деле Марморе, Италија
    rnrn
    Спекатакуларни водопади за кои веројатно не сте слушнале
    Каскадните водопади на Езерото Тахо, Калифорнија
    rnrn
    Спекатакуларни водопади за кои веројатно не сте слушнале
    Атирапали, Индија
    rnrn
    Спекатакуларни водопади за кои веројатно не сте слушнале
    Салто Гранде, Чиле
    rnrn
    Спекатакуларни водопади за кои веројатно не сте слушнале
    Сокил Фолс, Пенсилванија, САД
    rnrn
    Спекатакуларни водопади за кои веројатно не сте слушнале
    Санвапта Фолс, Канада
    rnrn
    Спекатакуларни водопади за кои веројатно не сте слушнале
    Тад Сае, Лаос
    rnrn
    Спекатакуларни водопади за кои веројатно не сте слушнале
    Верингфосен, Норвешка
    rnrn
    Спекатакуларни водопади за кои веројатно не сте слушнале
    Ѕид на плачот, Хаваи
    rnrn
    Спекатакуларни водопади за кои веројатно не сте слушнале
    Водопадот на реката Потомак, САД
    rnrn
    Спекатакуларни водопади за кои веројатно не сте слушнале
    Кеменух, Бали
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кањони и клисури – неоткриена убавина

    Кањони и клисури – неоткриена убавина

    Кањоните и клисурите отсекогаш ги изненадувале посетителите со нивната длабока тишина, чувството на бегство од секојдневието и автентичните звуци. Затоа овие места се сметаат за природни засолништа.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Кањонот Антилопа во Аризона

    rnОвој комплексно извајан кањон во Навахо, во близина на Аризона, е вистински магнет за туристите. Кањонот Антилопа настанал така што водата создала длабоки и искривени ходници во песочникот, а од меката карпа произлегле форми во кои се испреплетени светлината и сенките. Најдобро време за да го доживеете овој феномен е периодот помеѓу март и октомври, кога сонцето е доволно високо на небото за да блесне директно во кањонот.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Клисурата Вердон во Франција

    rnКлисурата Вердон, која се наоѓа во областа Прованса, во Франција, не беше целосно истражена сè до почетокот на 20-от век. Клисурата длабока 2.000 метри го добила своето име според реката Вердон која поминува низ варовничките карпи покриени со зимзелени дрвја, создавајќи необична мешавина од камен и вода. Најдобар начин да ја истражите оваа клисура е да изнајмите кану, или да се движите по пешачките патеки низ специфичната флора и фауна.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Големиот кањон во Аризона

    rnГолемите карпести форми во црвена и кафеава боја се простираат во недоглед пред очите на посетителите, создавајќи една незаборавна глетка. Боите на Големиот кањон се менуваат во зависност од светлината, па така овие карпи може да добијат и темно виолетова боја. Овој кањон е создаден од водите на реката Колорадо и дава увид во историјата на Земјата.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Трите мали клисури во Кина

    rnТрите мали клисури во областа Вушан, во Кина, се лесно достапни за посетителите. Реката Данинг, позната по зелената боја, може да се помине и преку стариот мост направен од штици кој се наоѓа во најкратката од трите клисури. Сите три клисури се дом на смарагдно-зелениот бамбус и на ретки видови птици. Бродовите кои секојдневно минуваат низ овие клисури се најдобар начин да уживате во оваа природна формација.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Кањонот Брус во Јута

    rnФасцинантните карпести формации се главна карактеристика на прекрасниот пејзаж што го формира кањонот Брус во Јута, Америка. Црвено-розовите карпи од далеку изгледаат како стар, разрушен и напуштен град. Во овој кањон никогаш не течела река. Тој, всушност бил формиран со ерозија, надвор од платото, поради што, личи на огромен природен амфитеатар.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Клисурата Тароко во Тајван

    rnКлисурата Тароко е една од најпосетуваните дестинации во Тајван. Препознатлива е по стрмните карпи и бујната вегетација. Клисурата е дел од Националниот парк Тароко и е дом на многу животни, меѓу кои и црната мечка, разни видови мајмуни и над 100 видови птици. Оваа клисура, меѓу другото, изобилува и со многу топли извори, водопади, висечки мостови, храмови и светилишта.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Кањонот Вулингјуан во Кина

    rnКањонот Вулингјуан во Кина не е обичен кањон. Наместо карпи, овој кањон е составен од огромни и остри песочни столбови покриени со зимзелени дрвја. Вулингјуан, кој се наоѓа во провинцијата Хунан, стана првиот национален парк во Кина, а УНЕСКО во 1992 година го прогласи за светско наследство. Жичарницата на овој кањон води до неговата највисока точка од каде што може да уживате во прекрасниот поглед на пејзажот.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Клисурата Тодра во Мароко

    rnКлисурата Тодра во Мароко се смета за една од највисоките клисури во светот. Таа е вистинско чудо на природата, создадена од мароканските планини познати како Големи Атласи. Теренот овозможува качување по планините, но доколку повеќе сакате да пешачите, додека минувате низ клисурата може да забележите како нејзините ѕидови ја менуваат бојата, во зависност од положбата на сонцето.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Бакарниот кањон во Мексико

    rnБакарниот кањон го добил своето име според бојата на неговите ѕидови. Составен е од шест помали кањони во областа Чивава во Мексико, кои заедно сочинуваат еден голем кањон. Кањонот изобилува со тополи и со дабови шуми. За да се разгледа целиот кањон, потребни се околу 15 часа патување со воз.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Кањонот на реката Тара во Црна Гора

    rnКањонот на реката Тара во Црна Гора е најдлабокиот кањон во Европа. Формиран од реката Тара, варовничките ѕидови на овој кањон се издигнуваат над 1.600 метри над реката. Реката Тара се смета за една од најдобрите реки за рафтинг. Доколку поминувате по мостот Ѓурѓевица, може да уживате не само во бистрата вода на Тара, туку и во густите и зелени ридови покрај кањонот.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Викториини водопади

    Викториини водопади

    Автор: Мандевска Бојанаrn

    Дали сте љубители на водопади, на убавата глетка која тие ја нудат или пак на симфонијата од природни звуци отсвирени од падот на водата? Можеби сте екстремен спортист кој ја обожава природата? Дали сте чуле за реката Замбези, или пак за Викториините водопади?

    rn

    Викториини водопади

    rn

    Викториините водопади се лоцирани во Јужна Африка на реката Замбези, која е граница помеѓу Замбија и Зимбабве. Се смета дека тие се едно од седумте чуда на природата. Доколку застанете на работ од реката, ќе бидете сведоци на спектакуларна глетка богата со возвишена и инспиративна убавина која ја нудат водопадите. Ако се послужиме со зборовите „Mosi-oa-Tunya“ на локалното племе „Kololo“ ќе добиеме име кое најдобро ги опишува овие водопади „чад што грми“.

    rn

    Викториини водопади

    rn

    Дејвид Ливингстон, шкотски мисионер и истражувач, вели „ова не се ниту највисоките, ниту најдлабоките водопади, но се најголеми.“ И да сте неколку милји оддалечени од водопадите, сепак сте во можност да видите како 546 милиони кубни метри вода паѓа од рабовите на водопадите во ширина од 2 км и 100 м длабочина. Поради широката базалтна карпа од која паѓа водата и уште неколкуте драматични клисури низ кои тече, водата ја претвора Замбези од широка и спокојна во дива и жестока река.

    rnrnrn

    Викториини водопади
    Панорамска фотографија (кликнете за да ја видите поголема)
    rnrn
    Викториини водопади
    Панорамска фотографија (кликнете за да ја видите поголема)
    rnrnКога се споменуваат Викториините водопади неопходно е да се спомене и „Базенот на ѓаволот“ како една од најпривлечните локални атракции во оваа област.rnrnВикториини водопадиВикториини водопадиrnrnОбласта на Викториините водопади е уште позната и како „Adventure Centre“ (Центар на авантурата) на Јужна Африка. Оваа област нуди добра забава и моќни адреналински предизвици за љубителите на екстремните спортови: банџи скокови, кајакарење по брзи води, „лебдење“ над водопадите, сафари, водени прошетки, риболов, прошетка со лавови, летање во балон на топол воздух, нуркање.rnrnОсвен „водените лудории“ кои ги нуди оваа област за екстремните спортисти, таа има забавни и интересни понуди и за помирните души – прошетки во природа, планинарење по локалните планини, пливање. Едноставно тука никогаш нема да ви биде здодевно.rnrnВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Река низ која пловат 100.000 светилки

    Река низ која пловат 100.000 светилки

    И преку токискиот фестивал „Хотару“ Јапонците покажаа дека знаат како да ја одржат традицијата, притоа паралелно чекорејќи со екстремно брзиот технолошки развој. За да ја создадат таканаречената река на светлината, тие за првпат свеќичките ги замениле со 100.000 ЛЕД диоди, кои светнуваат во контакт со водата.Река на светлината Ова незаборавно доживување било идеја на компанијата „Panasonic“, која специјално за фестивалот одлучила да ги дизајнира уникатните ЛЕД светла, чие напојување зависи исклучително од соларната енергија. Ги изработила поврзувајќи неколку диоди во едно светло, со цел да ги направи доволно големи, односно да спречи тие да станат плен на рибите.Река на светлинатаРека на светлината„Hi-tech“ реката e всушност линк помеѓу човекот и природата, бидејќи ЛЕД светлата ги претставуваат малечките инсекти, познати како светулки. Нивното пловење по реката Сумида го набљудувале околу 400.000 луѓе.Река на светлинатаРека на светлинатаРека на светлинатаРека на светлинатаРека на светлинатаРека на светлината
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.