КАФЕ ПАУЗА

Tag: разочарување

  • На кој начин можете полесно да се справите со чувството на разочарување?

    На кој начин можете полесно да се справите со чувството на разочарување?

    Сигурно сте доживеале ситуација во минатото кога мислите дека сте можеле да направите повеќе и подобро, дека сте можеле да спречите нешто, да постапите поинаку, а по неуспехот сте се почувствувале разочарани. Важно е да сфатите дека сите имаме добри и лоши денови, сите правиме грешки, но и дека е во ред да се чувствувате онака како што се чувствувате. Сепак, никогаш не треба да дозволите да ве обземе очај. Доволно е да бидете искрени со себе и да ги научите лекциите од вашите искуства.rnrnНа кој начин можете полесно да се справите со чувството на разочарување?rn

    1. Дозволете си да ја почувствувате секоја емоција

    rnАко сте разочарани од себе, во ред е да почувствувате тага. Сепак, не обидувајте се да ги потиснувате емоциите и да се преправате дека сè е во ред. Ако чувствувате потреба да плачете, плачете. Ако треба да си дадете негативен фидбек, направете го тоа, но исто како што би сакале да упатите добронамерна критика на колега или пријател – направете го тоа со почит!rn

    2. Разговарајте со некого

    rnМногу често работите изгледаат многу посериозни во нашиот ум отколку што се во реалноста. Затоа, разговорот со доверлив пријател ќе ви помогне да се ослободите и од негативните емоции, а ќе можете и да го разгледате проблемот од повеќе аспекти. Без претерување, без криење и без изговори!rn

    3. Дајте си доволно време за исцелување

    rnАко сте поминале низ негативно искуство и се чувствувате разочарани од начинот на кој сте се справиле, не можете да очекувате дека сè ќе исчезне само по себе за неколку дена. Понекогаш се потребни недели или дури месеци за да се обработат емоциите и мислите. Љубовта кон себе доаѓа со безусловно прифаќање на сопствената личност, со разбирање на ситуацијата и со простување.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за справување со разочарувањето, можеби ќе сакате да прочитате и кои работи не смеете да ги заборавите секогаш кога се чувствувате обесхрабрено.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • 9 знаци кои ќе ви укажат дека сте на добар пат да успеете во животот

    9 знаци кои ќе ви укажат дека сте на добар пат да успеете во животот

    Дали честопати се чувствувате обесхрабрени и разочарани бидејќи сметате дека не сте успеале во животот? Само затоа што не сте милионер, не живеете во луксузна куќа и не возите скап автомобил, не значи дека сте неуспешни. Еве кои знаци ќе ви укажат на фактот дека вие всушност сте успеале во животот.rnrn9 знаци кои ќе ви укажат дека сте на добар пат да успеете во живототrn

    1. Не се плашите повеќе да побарате помош и поддршка.

    rnБарањето помош не претставува слабост. Всушност, тоа е сила. Ниту еден човек никогаш не успеал сосема сам без помошта од другите. Понекогаш потребна е тимска работа за да се постигнат целите. Освен тоа, барањето помош е знак дека сте пораснале како личност.rn

    2. Ги променивте вашите лични критериуми.

    rnОдлучивте дека е подобро да не го трошите времето на оние кои лошо се однесуваат кон вас. Повеќе не поминувате време со „енергетските вампири“ во вашиот живот.rn

    3. Велите „не“ на работите што не ве прават среќни.

    rnНе, ова не е нарцисоидно иако можеби изгледа така. Самољубието е успех. Сакајте се доволно за да кажете „не“ на сè што не ве прави среќни или не ја исполнува вашата цел.rn

    4. Научивте дека неуспесите се нормален дел од себеспознавањето.

    rnЖивотот се состои од победи и порази. Затоа гледајте на вашите неуспеси како можност да се подобрите и усовршите. Запомнете дека сите искуства се само дел од чудесното патување наречено „живот“.rn

    5. Ги следите вашите страсти.

    rnСвесни сте за вашите таленти и способности и знаете дека можете да му подарите на светот нешто прекрасно. Продолжете да се усовршувате.rn

    6. Имате цели кои се остварени.

    rnИако „неуспесите“ се дел од животот, вие сте се задржале на вашите цели и соништа доволно долго за да ги остварите. Досегашните победи се вашиот поттик и мотивација да продолжите со работа.rn

    7. Имате емпатија за другите.

    rnЧовек без емпатија е мртов внатре во себе. Емпатијата, всушност, претставува ширење љубов и позитивна енергија во светот. Успешните луѓе го знаат ова.rn

    8. Не ви е гајле што мислат другите луѓе.

    rnЗнаете дека не можете да им угодите на сите. Знаете дека стандардите кои општеството им ги наметнува на луѓето се честопати нереални. Така што, само останете верни на себе и сакајте се онакви какви што сте.rn

    9. Го прифаќате она што не можете да го промените.

    rnИма многу работи што не можете да ги промените во животот. Сè што можете да промените е начинот на размислување. Ако можете да ја промените вашата негативна перспектива во позитивна, тогаш сте успеале да се подобрите како личност.rnrnОткако прочитавте за тоа кои знаци ви укажуваат дека сте на добар пат да успеете во животот, можеби ќе сакате да ги прочитате и 6-те позитивни мисли за секојдневна мотивација.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Зошто секој хороскопски знак е разочаран од својот љубовен живот?

    Зошто секој хороскопски знак е разочаран од својот љубовен живот?

    Кога станува збор за љубовниот живот, секој има различни очекувања. Прочитајте какви очекувања имаат хороскопските знаци и зошто се разочарани од љубовниот живот.rnrnЗошто секој хороскопски знак е разочаран од својот љубовен живот?rn

    Овен

    rnСметате дека досега требаше да го надминете вашиот страв од посветеност.rn

    Бик

    rnСметате дека досега требаше да бидете подобри во флертувањето.rn

    Близнаци

    rnМислите дека требаше да го преболите бившиот партнер досега.rn

    Рак

    rnМислите дека досега требаше да ги подигнете своите стандарди.rn

    Лав

    rnМислите дека досега требаше да сфатите што сакате од партнерот.rn

    Девица

    rnМислите дека досега требаше да најдете партнер што ви одговара.rn

    Вага

    rnМислите дека вашите рани требаше да бидат заздравени досега.rn

    Скорпија

    rnМислите дека досега требаше да престанете да трчате по одредена личност.rn

    Стрелец

    rnСметате дека досега требаше да го направите првиот чекор кон вашата симпатија.rn

    Јарец

    rnМислите дека досега требаше да му ставите крај на контактите со бившиот.rn

    Водолија

    rnМислите дека веќе требаше да сте во брак или барем да бидете свршени.rn

    Риби

    rnМислите дека досега требаше да научите како да се сакате себеси.rnrnПрочитајте која е последната капка што ќе ја прелие чашата во љубовната врска кај секој хороскопски знак.

  • Кога животот ќе стане тежок и ќе се разочарате од одредени луѓе, сетете се на овие зборови

    Кога животот ќе стане тежок и ќе се разочарате од одредени луѓе, сетете се на овие зборови

    Разочарувањата, предавствата и ударите се составен дел од животот и не можат да се избегнат. Сепак, можете да изберете како ќе реагирате на ситуациите што ви се случуваат. Кога се наоѓате во тешка ситуација или некој близок ве изневерил, потсетете се на овие зборови. Познатиот руски психолог Ирина Михаклович сподели 5 совети што секогаш помагаат:rnrnКога животот ќе стане тежок и ќе се разочарате од одредени луѓе, сетете се на овие зборовиrn

    1. Препуштете ѝ се на ситуацијата и ослободете се од товарот од минатото затоа што е премногу тежок да го носите на грб

    rnПовторувањето на истата ситуација доведува до негативни емоции и трошење енергија. Наместо да се фокусирате на проблемот, донесете одлука да им се препуштите на негативните емоции и да се фокусирате на тоа што го носи иднината. Можеби на почетокот е тешко, но кога ќе научите како да го направите тоа, ќе се чувствувате полесно и слободно.rn

    2. Мора да се случат некои лоши работи за да се отвори пат кон нешто подобро

    rnМногу е полесно да се обвинувате за работите што не оделе според планот, но треба да разберете дека некои работи нема да се случат и дека тоа е она што ве штити од некои лоши ситуации. Една загуба ја отвора вратата за нови можности. Сè се случува со причина.rn

    3. Лутината ви штети само вам

    rnКога некоја блиска личност ќе ве повреди или ќе ве изневери, колку и да изгледа невозможно, помирете се со тој факт. Со понатамошното продлабочување на кавгата и размислување за постапката што ви е направена, вие само си наштетувате себеси и привлекувате негативна енергија. На овој начин ја труете психата, а во краен случај, го загрозувате и вашето здравје. Простете и обидете се да се фокусирате на позитивните работи во животот. Не дозволувајте вашиот гнев да ве надмине.rn

    4. Не трошете ги вашите зборови на оние што не ги заслужуваат. Понекогаш најгласниот одговор е тишината

    rnЕдно од најдобрите решенија да се избегне разочарувањето е да се отстранат негативните луѓе и нивното влијание врз вашиот живот. Нема смисла да се обидувате да промените некоја личност или да влијаете на нејзините ставови. Многу е подобро да ги посветите вашето време и вашата енергија на градење врски со луѓе кои ве поддржуваат и ве инспирираат.rn

    5. Сè во животот може да се промени

    rnАко ве напуштат луѓето на кои сте навикнати и кои се вашата зона на удобност, сетете се дека никогаш не е доцна за ништо во животот. Секогаш можете да почнете од почеток, да создадете нови пријателства и да им посакате среќен пат на оние што ви свртија грб.rnrnПрочитајте ги овие 22 стручни совети за зајакнување и воздигнување на умот.

  • 6 грешки поради кои се разочарувате во љубовта

    6 грешки поради кои се разочарувате во љубовта

    Овие работи им се случиле дури и на најсовесните девојки. Едноставно, љубовта ве тера да го гледате светот низ розови очила, па поради тоа правите некои грешки. Погледнете кои се оние поради кои се разочарувате во љубовта.rnrn6 грешки поради кои се разочарувате во љубовтаrn

    1. Заборавате на првиот впечаток

    rnЕкспертите за вербална и невербална комуникација сметаат дека токму во моментот на запознавање со некого, можеме најдобро да ја „почувствуваме“ другата личност бидејќи кон неа немаме никаква емоционална поврзаност. Доколку за време на запознавањето забележите некоја особина или постапка поради која не се чувствувате добро, не заборавајте на тоа. Не дозволувајте вљубеноста да ги избришете овие лоши особини или постапки.rn

    2. Заборавате на себе

    rnКога знаете кои сте и се сакате онакви какви што сте, тогаш нема да барате потврда за вашата вредност кај партнерот. Немојте да ги заборави вашите интереси, желби и цели кога сте во врска, само за да поминете повеќе време со партнерот. Секогаш најдете време за себе, бидејќи така ќе станете подобра личност и позадоволна жена.rn

    3. Ги одложувате тешките прашања за „вистинскиот момент“

    rnНа почетокот на врската, повеќето парови не сакаат да разговараат за сериозни теми, како на пример иднината. Но доколку имате одредени желби или цели, а забележувате дека новиот партнер ја нема истата визија за иднината, добро испитајте го теренот. Експертите сметаат дека не треба да се воздржувате кога станува збор за вакви разговори, без разлика колку е нова врската.rn

    4. Знаете дека не е тоа тоа, но сè уште сте овде

    rnРечиси и да нема жена којашто не го доживеала ова. Знаете дека вашиот партнер не е маж со кој се гледате во иднина, но сепак не ја прекинувате врската. Понекогаш причината е што не сакате да се чувствувате осамено или само затоа што веќе долго време сте заедно. Немојте да го трошите вашето, ниту неговото време. Сепак, ова е еден вид себичност.rn

    5. Се вљубувате во визија, а не во реалноста

    rnПовеќето жени си ја замислуваат иднината со партнерот, без разлика што се на почетокот од врската. Кога ќе запознаете шармантен маж, навистина брзо се вљубувате во самата идеја за љубовта. Тогаш заборавате дека за долготрајната врска потребно е повеќе од хемија, привлечност и страст. Некогаш ви е потребно подолго време да станете свесни што е реалност, а што само ваша фантазија.rn

    6. Имате став „сите се исти“

    rnПосле тешкото и болно раскинување, сите жени имаа потреба да ги обвинуваат сите мажи за сè лошо што се случило во врската. Но доколку долго не можете да се ослободите од тоа чувство, тоа станува проблем што не ви дозволува да најадете среќа во љубовта. Во новата врска не смеете да влезете со предрасуди, бидејќи тогаш нема да изградите добар однос.rnrnПогледнете и кои се негативните мисли поради кои не можете да најдете љубов.

  • ТВ серии што ги разочараа фановите со последните сезони и завршните епизоди

    ТВ серии што ги разочараа фановите со последните сезони и завршните епизоди

    Ветувањето за нова ТВ серија е секогаш возбудливо. Ние се надеваме дека ќе видиме нешто што не било направено досега и кога продуцентите добро ќе си ја завршат работата, приказната станува вистински хит. Но, дали секогаш успеваат да ја задржат публиката до последната сезона?rnrn(16)serii-koi-gi-razocharaa-fanovite-so-poslednite-sezoni-kafepauza.mkrnrnКога една ТВ серија станува позната, продуцентите обично сакаат да ја одржуваат „во живот“ подолго отколку што треба. А ова претставува проблем, бидејќи не секоја серија може да го задржи квалитетот по одреден период. Многу добри серии ги разочарале фановите токму поради ова, и за жал тие ќе бидат запаметени на тој начин. Погледнете некои од најдобрите ТВ серии кои беа целосно уништени од последната сезона и/или финалната епизода.rn

    1. Како ја запознав мајка ви (How I Met Your Mother)

    rn(1)serii-koi-gi-razocharaa-fanovite-so-poslednite-sezoni-kafepauza.mkrnrnОвој ситком кој го обожаваа многумина траеше цели 9 сезони. Серијата почна одлично – збир од познати и непознати ликови кои ја исполнија дупката што ни ја остави Пријатели (Firends). Обратно раскажаната љубовна приказна навистина ги заинтересира фановите. Љубовните авантури низ Њујорк на главниот лик, Тед, беа интересни за гледање неколку сезони. Но, писателите самите си го создале проблемот. Крајот бил планиран уште од почетокот на снимањето, и без разлика колку сезони ќе траеше, тие мораа да се вратат на оригиналниот завршеток. Серијата беше толку популарна, па писателите мораа постојано да бараат начин да го одложат неизбежното. Ова водеше до сезона која опфаќаше период од само неколку денови, и финале кое разочара многумина.rn

    2. Округот Оринџ (The O.C.)

    rn(2)serii-koi-gi-razocharaa-fanovite-so-poslednite-sezoni-kafepauza.mkrnrnИако траеше само 4 сезони, Округот Оринџ веројатно требаше да биде уште пократка. Оваа тинејџерска драма изведе лош потег убивајќи го главниот лик, Мариса Купер, во крајот на третата сезона. Но дали ова било добра или лоша одлука е навистина тешко да се каже. Од една страна, Мариса беше навистина здодевна и нејзината смрт му даде причина на дечко ѝ да биде збунет за нешто. Од друга страна, серијата фати нов правец по нејзината смрт, движејќи се кон некоја алтернативна реалност. Покрај сето тоа, „замената“ за Мариса беше исто така здодевна.rn

    3. Стажисти (Scrubs)

    rn(3)serii-koi-gi-razocharaa-fanovite-so-poslednite-sezoni-kafepauza.mkrnrnЗа жал, прекрасната комедија Стажисти денес е позната по ужасната последна сезона. Серијата неколку сезони беше прикажувана на телевизијата NBC, а потоа е купена од нивниот ривал, ABC. Тие ја емитуваа навидум последната сезона која имаше совршен крај. Но, потоа одлучија да снимаат и 9-та сезона, овој пат фокусирајќи се на други, претходно споредни улоги. Сезоната беше наречена Стажисти: Медицинско училиште (Scrubs: Med School). Овој спин-оф е можеби најлошо нешто што може да ѝ се случи на една серија, и се разбира, веднаш беше откажан.rn

    4. Сејнфилд (Seinfeld)

    rn(4)serii-koi-gi-razocharaa-fanovite-so-poslednite-sezoni-kafepauza.mkrnrnОваа комедија заврши малку чудно. После 7 интересни сезони, продуцентот Лери Дејвид ја остави серијата во рацете на еден од креаторите, Џери Сејнфилд. Последните две сезони го променија ритамот на раскажувањето, но сепак имаа добри критики. Сепак, последната сезона ни донесе навистина контроверзен скандал. Во епизодата „Puerto Rican Day“ изгорено е американското знаме. Финалето на ТВ серијата исто така промовираше омраза. Критичарите и публиката беа поделени во мислењето за изборот да се пратат главните ликови во затвор, како и нивното судење кое ја врати секоја ѕвезда што гостувала на серијата. На крајот, начинот на кој серијата заврши ги натера гледачите да помислат „Што по ѓаволите изгледав?!“rn

    5. Декстер (Dexter)

    rn(5)serii-koi-gi-razocharaa-fanovite-so-poslednite-sezoni-kafepauza.mkrnrnКако серија која траеше долго, Декстер беше огромен успех. Мрачната приказна за серискиот убиец кој убива само криминалци ни даде увид во мрачниот ум на еден човек кој се обидува да го контролира злото во него. Неговата поврзаност со семејството и работата во полицијата го направи Декстер Морган вистински антихерој, но сепак ТВ серијата доживеа цели 8 сезони. Но, после четвртата сезона која заврши со смртта на Декстеровата сопруга, Рита, серијата стана тешка за следење. Постојат малку начини на кои Декстер може да избегне да биде фатен од полицијата. Но, одржувањето на љубовната врска, одгледувањето на неговиот син, задржувањето на неговото работно место и убивањето во слободно време, сигурно не е еден од начините. На крајот Декстер ја лажира сопствената смрт, а според многу ова беше навистина кукавички потег.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Не постои совршена љубовна врска: Прифатете ја нејзината несовршеност!

    Не постои совршена љубовна врска: Прифатете ја нејзината несовршеност!

    Љубовните врски се како самиот живот, а сите знаеме дека животот е исполнет со постојани успеси и падови. Пловидбата по животната река не е воопшто мирна. Доколку некогаш сте биле во врска, тогаш знаете дека љубовните врски, исто како и животот, не се воопшто беспрекорни.rnrnНе постои совршена љубовна врска: Прифатете ја нејзината несовршеност!rnrnНештата не одат секогаш по планот. Партнерот понекогаш не постапува онака како што ние мислиме дека би требало. Постојат одредени очекувања што сите ги имаме во врската, но постојат и разочарувања. Од една страна се наоѓа нашата идеализирана слика за партнерот, а од друга страна пак, нѐ прогонува не толку совршената реалност. За многу парови, разликата помеѓу она во кое се надевале и она што го добиле е огромна и малкумина можат да се носат со тоа разочарување.rnrnМеѓутоа, важно е да се запамети дека врските, исто како и сѐ друго во животот, постојано се менуваат и тоа е сосема нормално. Треба да најдете начин да ги совладате предизвиците и разочарувањата во врската. Тоа понекогаш е навистина тешко да се направи, особено во моменти кога постојано се карате со партнерот поради различните очекувања што сте ги имале. Сигурно сте се чувствувале безнадежно во такви ситуации. Но, не треба да заборавите дека двајца луѓе можат да успеат, ако навистина сакаат.rnrnВо случај кога партнерите не се посветени и не сакаат да вложат труд за да го поправат односот, нема да можат да пронајдат заеднички јазик и да ја подобрат врската. Двајца луѓе не можат да останат заедно доколку не се подготвени на компромис, одбиваат да ја напуштат нивната удобна зона и не сакаат да ги погледнат работите од друг аспект.rnrnНајтешко е кога сѐ оди одлично и одеднаш, без предупредување, се појавува некакво разочарување. Тоа е многу потешко од случајот кога уште на почетокот работите не оделе толку добро. Понекогаш, падовите во врската се многу поболни поради претходните успеси. Но, само затоа што се чувствувате тажни и обесхрабрени во одреден момент, не мора да значи дека и утре ќе се чувствувате на истиот начин. Само затоа што сте наишле на некоја препрека во врската, не значи дека сте осудени на пропаст. Сите ние се соочуваме со одредени проблеми во текот на животот. Истото важи и за врските.rnrnБез разлика низ што минувате моментално со партнерот, ќе ве очекуваат уште многу прекрасни денови, ако го дозволите нивното доаѓање.rn

    „Да немавме зима, пролетта немаше да биде толку прекрасна. Кога одвреме-навреме не би го чувствувале вкусот на несреќата, успехот не би бил толку добредојден.“ – Ен Бредстрит

    rnПоентата е дека мора да искусите негативни работи за да ги цените позитивните. Доколку не успеете да ги поправите работите, не заборавајте дека таму каде што се затвора една врата, се отвора друга.rnrnВо животот постојано мора да се менуваме и да одиме напред. Слично на тоа, срцето може да ја издржи болката од кршењето и да се обнови повторно. Искористете го животот за да живеете и љубите со полни гради. Животот и врските никогаш нема да бидат совршени. Ако ја прифатите нивната несовршеност, ќе можете да живеете и сакате со сето ваше срце.rnrnПрочитајте ги и овие 10 сурови вистини за љубовта кои треба да ги прифатите.

  • Не дозволувајте едно кршење на срцето да ве уништи засекогаш

    Не дозволувајте едно кршење на срцето да ве уништи засекогаш

    Животот е низа од настани. Запаметете ја оваа реченица. Прочитајте ја уште еднаш: Животот е низа од настани. Кажете си ја во себе неколку пати. Сега кога таа е запечатена во вашата глава, одговорете на следново прашање: Зошто дозволувате еден настан да ве трауматизира толку многу?rnrnНе дозволувајте едно кршење на срцето да ве уништи засекогашrnrnТолку многу луѓе се чувствуваат очајно и мислат дека никогаш нема да им заздрави раната предизвикана од болното раскинување. Некои живеат изолирани, сами, во депресија по неколку години само затоа што една работа во животот им тргнала наопаку. На пример, замислете си маж кој се обидел да ѝ пристапи на некоја жена. Од некоја причина таа не била заинтересирана и нормално е дека тој се почувствувал лошо. Сега тој тврди дека никогаш повеќе нема да се обиде да разговара со некоја жена затоа што тоа не функционира.rnrnИстото сценарио важи и за жените. Се обидела да флертува со некој маж, тој од некоја причина не бил заинтересиран и сега таа е убедена дека не е доволно привлечна и дека никогаш нема да најде љубов.rnrnЛуѓето се отвораат емоционално еднаш или два пати во животот, нешто тргнува наопаку и одеднаш тие решаваат да останат затворени и ладни до крајот на нивниот живот. Решаваат дека никогаш повеќе нема да си дозволат да бидат ранливи. Само поради еден единствен настан.rnrnНо, еден настан не значи ништо. Секој ден ни се случуваат еден куп настани. Секој ден се движиме напред на различни начини. Ако дозволувате да бидете трауматизирани поради еден настан, се затворате и му велите на универзумот дека не вредите за ништо. Преферирате да немате ништо бидејќи тоа значи дека не морате да се изложите на ризикот од уште еден неуспех и разочарување. Но, тоа е најлошиот начин на живот.rnrnНе дозволувајте едно кршење на срцето да ве уништи засекогашrnrnСтанува збор за само еден неуспех. Животот е низа од неуспеси и настани. Тој е низа од убави и лоши времиња. Продолжете понатаму. Ако животот ни даваше сѐ што ќе посакаме секој ден, сите на светот би биле богати, здрави и во врска со саканата личност. Не би постоеле сиромаштија, криминал и скршени срца. Но, животот не функционира на тој начин.rnrnСилните луѓе ги сметаат неуспесите за еден момент од целото време што го имаат. Слабите луѓе ги сметаат за најтрауматичниот момент од нивниот живот. Ако гледате така на животот, во вас ќе почне да се раѓа стравот кој и понатаму ќе расте сѐ повеќе и повеќе. Кога дозволувате еден настан да ве дефинира како личност, практично велите дека повеќе би сакале да живеете во страв, истрауматизирани и сами.rnrnКако се чувствувате кога сте сами? Како се чувствувате кога живеете на вашиот мал остров изолиран од човештвото? Како се чувствувате таму сами со никој друг освен вашите негативни мисли кои ви прават друштво? Емотивно се затворате од светот за никој да не ве повреди. Но, ако останете емотивно затворени, никој нема ни да ве сака.rnrnВреме е да се ослободите од стравот. Време е да заборавите на настанот кој ве враќа назад во минатото. Време е да ја прифатите вашата ранливост. Ранливоста прави да се чувствувате живи. Ранливоста ќе ви помогне да најдете љубов.

  • Престанете да чекате и почнете да дејствувате!

    Престанете да чекате и почнете да дејствувате!

    Сигурно сте ја чуле изреката дека „Живото е тоа што се случува додека сте зафатени со правење планови“.rnrnВи се случува ли често да гледате низ прозорец и меланхолично да ги следите капките дожд како се разлеваат по стаклото додека размислувате дека светот е едно бескрајно здодевно место за живеење?rnrnСе будите наутро и ѕиркате низ прозорецот со надеж дека денес сонцето конечно ќе заблеска посилно од вообичаено. А тоа само ве заслепува со неговите зраци, дури и ви се чини дека ви се потсмева. Ниту тој ден не е ништо поразличен од претходните.rnrnПрестанете да чекате и почнете да дејствуватеrnrnИ продолжувате да чекате да помине и тој ден, и таа недела, месец, година… Сѐ додека не почувствувате дека животот заминува во неповрат, а вие уште стоите во место и го чекате правиот момент за да почнете да уживате во него и да живеете во целост.rnrnЗабележувате како несвесно, по навика чекате сѐ да помине и тоа ви дава чувство на разочарување и умор. Се прашувате кога конечно ќе започне вашиот вистински живот. Оние прекрасни, незаборавни моменти за кои вреди да се проголтаат сите солзи, навреди, целата таа насобрана горчина и потоа самоуверено да погледнете пред вас.rnrnКако да сте ја заборавиле вашата основна цел и само чекате. Чекате „нешто“, а притоа заборавате што навистина сакате и што навистина вреди. Но, додека вие чекате да ви се случи нешто „големо, интересно, важно“, ја пропуштате вистинската убавина околу вас. Ја пропуштате суштината.rnrnГи пропуштате малите работи кои ги исполнуваат деновите. Ги пропуштате насмевките, погледите, изгрејсонцето и зајдисонцето, љубовта и емоциите…rnrnДодека се стремите кон тоа да ја дочекате иднината, вие ја пропуштате сегашноста. Го пропуштате „денес“ затоа што се надевате дека ќе почнете да живеете „утре“.rnrnДодека гледате низ прозорецот и меланхолично ги следите капките дожд како се разлеваат по стаклото, додека стоите задлабочени во мислите, чекајќи ги сончевите зраци да блеснат, животниот часовник тивко продолжува да работи, но и да ги одбројува вашите изгубени минути.rnrnПолека, но сигурно и неповратно исчезнува вашиот живот претворајќи се во минато. Вашето минато. И без да забележите како е можно тоа да се случи, еден ден ужаснати ќе заклучите дека вашиот живот поминал, а не сте стигнале да уживате во него.rnrnНе чекајте да дојде тој ден, направете го сегашниот ден поинаков. Запрете го дождот, растерајте ги облаците и створете си ваше сопствено сонце. Престанете да чекате. Направете нешто од вашиот живот. Бидете креаторот на сопствената среќа. Не чекајте среќата да дојде по вас. Спријателете се со животниот часовник. Самоуверено земете го во свои раце и станете господар на вашиот живот. Живејте го животот! Живејте го денес! Живејте го сега! Живејте го во овој момент!

  • Сите имаме товар, само треба да најдеме некој со кој ќе ја поделиме тежината

    Сите имаме товар, само треба да најдеме некој со кој ќе ја поделиме тежината

    Сите ние сме по малку скршени. Сите доаѓаме со торби и торби полни стари рани и горчини, несигурности и предавства. Сепак, ги достигнуваме возрасните години повеќе или помалку цели и кога ќе пронајдеме некој кој ќе погледне преку дневните катастрофи кои ги носиме на себе како надежен оклоп и ќе ја види убавината на нашето срце кое има моќ да преживее, тогаш сме на правилниот пат.rnrnСите имаме товар, само треба да најдеме некој со кој ќе ја поделиме тежинатаrnrnПостои константна слика во општеството, инсистирање дека среќата е единственото прифатливо лице кое можете да го покажете, бидејќи сѐ што е помалку стои како потсетник за реалноста на животот. Доаѓаме со полна брзина во ова лудо постоење, и ако сме среќни, малку живееме пред да излеземе од него. Тоа може да звучи непријатно кога не сме помирени со нашите несовршености и нашата нетрајност.rnrnДа покажеме ранливост е страшно, бидејќи тогаш сме најчовечни. Таа е емоционална Медуза, чии змии на несигурноста ги претвораат сите други во камен. Се разбира, тие бегаат во моментот кога ќе можат повторно да се движат. Чекајте ги оние кои стигнале до онаа точка каде што сте стигнале вие, оние кои ќе замавнат со белото знаме и ќе се предадат на својот тврдоглав морал исто како што и вие сте го сториле тоа. Не го трошете времето на оние кои инсистираат да ги кријат своите скршени делови зад грб.rnrnЗа да можат нашите рани да се излечат, треба да ги донесеме каде што е светло, да ги испитаме, да им дадеме прва помош со внимателна, стабилна и нежна рака. Треба да ги избегнуваме оние кои ги отстрануваат нашите фластери и ја изложуваат нашата болка, држејќи ја свежа. Наместо тоа, треба да бараме некој кој ги има сите свои торби отворени на масата, кои зафаќаат толку многу место што никој друг не може да седне. Но, има доволно место за да се распакуваат емоционалните торби и да се сподели нивната тежина со уште една личност, и тоа е најголемиот чин на љубов кој постои.