КАФЕ ПАУЗА

Tag: разочарување

  • Моќта на живеењето без очекувања

    Моќта на живеењето без очекувања

    Дали некогаш сте влегле во театар на претстава или во кино сала да гледате филм кој бил толку многу фален од сите околу вас, но по нивното завршување сфаќате дека ве разочарале бидејќи не ги достигнале вашите очекувања? Што кога отидовте да гледате друга претстава или филм за кои не знаевте ништо, а сепак си отидовте дома пријатно изненадени?rnrnМоќта на живеењето без очекувањаrnrnОва е само еден пример како нашите очекувања (или неочекувања) можат да играат огромна улога во начинот на кој ги дочекуваме нашите искуства. Ричард Бендлер еднаш рекол, „За разочарувањето потребно е соодветно планирање“. Токму оваа мисла допира до една многу важна вистина за падовите кои може да се појават од одредени очекувања во животот.rnrnБидејќи кога навистина ќе размислите за ова, ќе сфатите дека можете да бидете разочарани или незадоволни од нешто само ако претходно сте поставиле одредени стандарди како тоа искуство „би требало“ да биде. Ако не очекувате ништо за вашиот роденден и добиете автомобил за подарок, тогаш ќе бидете необично пресреќни за вашето ново возило, без разлика за која марка станува збор. Но, ако очекувате скап спортски автомобил и наместо него добиете Југо, најверојатно е дека целосно ќе се разочарате и воопшто нема да бидете задоволни со подарокот.rnrnКога ќе искусите некои ситуации без очекувања, тогаш е невозможно да бидете разочарани. Дури и во најлош случај, вие ќе си отидете од тоа искуство пријатно изненадени.rnrnНо, сепак не смееме да ги отфрлиме СИТЕ очекувања. Тие можат да бидат добри и корисни и многу е важно да имаме барем минимални очекувања пред да навлеземе во одредени ситуации. На пример, ако очекуваме дека ќе имаме испит на одреден датум, тогаш сигурно ќе почнеме порано да учиме и ќе се погрижиме колку е можно повеќе да бидеме подготвени.rnrnКако што веќе спомнавме, проектирањето во иднината и детерминирањето на тоа што ќе го очекуваме може да биде важна „алатка“ во подготовка за одредени ситуации, но не и за сите ситуации. Во наредниве неколку случаи, немањето очекувања може многу повеќе да ни помогне:rn

    Отвореност на умот

    rnКога запознаваме нова личност, ако го направиме тоа со одредени предрасуди (посебно ако се базирани врз стереотипите кои вклучуваат раса, пол, религија, кариера…), тогаш уште на почетокот поставуваме граници за тоа како ќе се поврземе со таа личност. Но, ако одлучиме да се запознаеме со таа нова личност без никакви претходни очекувања или судења, тогаш ние сме многу поотворени при запознавање на личноста онаква каква што навистина е.rn

    Спонтаност

    rnКога ќе се најдеме во ситуација со строги очекувања и со ограничувања за тоа како очекуваме одредена ситуација да се одвива, тогаш оставаме премногу мал простор за спонтаност. Но, ако во истата ситуација навлеземе без никакви очекувања, тогаш си даваме можност да дејствуваме на неочекувани начини. Ослободувањето од очекувањата е одличен начин да си отвориме врата кон нови можности. Понекогаш нашите претпоставки ја ограничуваат нашата перспектива и ги ограничуваат нашите избори. Доколку едноставно ги отфрлиме, тогаш ќе се појават сосема нови перспективи и флексибилност во нашите мисли и дејства.rn

    Креативност и решавање на проблеми

    rnИсто како што „неочекувањата“ можат да ја отворат вратата кон спонтаноста, тие исто така можат да им помогнат на нашата креативност и начинот на кој решаваме проблеми. Ова се случува поради тоа што кога ќе ја отвориме нашата тесна перспектива, си даваме себеси многу повеќе простор за размислување на различни потенцијални решенија за проблеми кои можеби воопшто и не би ги помислиле доколку сме се држеле до претходните очекувања.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да се справите со љубовно разочарување?

    Како да се справите со љубовно разочарување?

    Никој не се чувствува добро кога некој ќе го одбие за нешто, особено кога станува збор за одбивање од личноста на која не можете деноноќно да престанете да мислите. Во секој случај, доколку станете свесни за позитивниот и негативниот исход од таквото одбивање, ќе сфатите дека еден ваков неуспех не значи дека треба да се чувствувате посрамотено и потиштено. Сите луѓе во светот морале да се соочат со одбивање во некои периоди од нивните животи, па затоа прифатете го како составен дел од животот, исправете се гордо и почитувајте се себеси. Прочитајте ги овие 6 начини за справување со разочарувањето, кога некој ќе одбие да биде во љубовна врска со вас.rnrnКако да се справите со љубовно разочарување?rn

    1. Дистанцирајте се од проблемот

    rnУчењето како да се справите со одбивање не е лесна задача, но ако научите како да се дистанцирате од ситуацијата, може да се чувствувате многу подобро. Размислувајте на нешто друго, не дозволувајте да ве понесат негативни мисли. Запомнете дека без разлика што овојпат личноста која сте ја посакувале одбила да излезе со вас на состанок, наредната што ќе ја запознаете може ќе биде онаа вистинската за вас.rn

    2. Размислете зошто сте одбиени

    rnЕдна од најголемите лекции кои треба да ги научите кога некој од спротивниот пол ќе ве одбие, е да се запрашате себеси зошто тоа се случило. Дали можеби вие сте згрешиле нешто? Дали со некоја ситуацијата сте требале подобро да се справите? Ставете се себеси во чевлите на таа личност и помислете каква би била вашата реакција на ситуацијата. Заклучокот кој ќе го донесете од вашето размислување можеби ќе ви помогне да не ја повторите истата грешка во иднина, без разлика дали сте биле или не сте биле главните виновници што работата лошо се завршила.rn

    3. Бидете свесни за вашите емоции

    rnНе можете некого да принудите да биде со вас ако не сака. Понекогаш едноставно не постои доволно високо ниво на привлечност, можеби личноста која ви се допаѓа сѐ уште не може да го преболи бившиот партнер или едноставно сака да остане сингл. Секогаш постои причина зошто некој ви кажува „не“, а проблемот може воопшто да не се крие во вас. Искористете го времето за себе додека не се појави некоја нова личност во вашиот живот и размислете добро што е она што ве доведе до ваква состојба.rn

    4. Споделете го искуството со пријателите

    rnПостои причина зошто луѓето сакаат да имаат пријатели: за да имаат со кого да поразговараат за убавите, но и за неубавите случувања во животот. Јавете им се на вашите најдобри пријатели или седнете на разговор со вашиот брат/сестра и испразнете си ја душата. Ќе се чувствувате многу подобро откако некој ќе ве ислуша и разбере низ што поминувате.rn

    5. Останете активни

    rnСамо затоа што некој одбил да излезе со вас не значи дека дошло крајот на светот. Без разлика што можеби ве фаќа депресија и во моментот мислите дека никој не ве сака, реалноста е поинаква. Има многу луѓе кои би сакале да излезат со вас, но можеби сѐ уште не сте ги запознале. Најдобриот начин да се изборите против деструктивноста е да останете активни. Редовно спортувајте, слушајте гласна музика, пејте под туш, излегувајте во град . Правете сѐ што ќе ви ги оттргне мислите од таа личност.rn

    6. Концентрирајте се на себе

    rnДа речеме дека вашето сценарио изгледало вака: веќе подолг период сте „затрескани“ во некоја личност и конечно сте собрале храброст да ја викнете на кафе. Притоа таа личност ве одбива и си заминува од вашиот живот оставајќи ве со скршено срце. Но, да бидеме реални, ова одбивање може и да ви го олесни, а не да ви го искомплицира животот. Ако таа не била вистинската личност за вас и вие двајца сте почнале да излегувате, секако после неколку месеци ќе сте сфателе дека не сте еден за друг и ќе сте биле уште поразочарани и со скршено срце. Наместо да очајувате, закажете си професионална масажа, отидете во сауна или на шопинг. Правете го она коешто најчесто ве разведрува и прави да се чувствувате добро во врска со себе. Сакајте се себеси и бидете сигурни дека тоа некој ќе го забележи и ќе го смета за секси.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Насмевнете му се на денот!

    Насмевнете му се на денот!

    Автор: АнаrnrnДраги мои, вие кои од другата страна, ги читате моите мисли, вие, на кои им подарувам дел од мојот свет, мало парче душа за да ве стопли во овие ладни моменти, тука започнува нашето дружење.rnrnКако што кажал Виктор Борг:rn.rn

    „Насмевката е најблиската оддалеченост помеѓу двајца“.

    rnПа јас ќе се обидам да ви украдам по една насмевка и да направам денот да ви почне со ведрина.Насмевнете му се на денот!Спонтаноста е една од најважните работи во мојот живот. Не сакам да планирам, искуството ме научило дека плановите понекогаш знаат да разочараат. Дали не се исполнил тој план? Дали не завршил како што сме замислувале? Неважно, во слободните денови и моменти, оставам спонтаноста да биде мојот водич.rnrnВо една статија поврзана со медицински истражувања, прочитав дека кај многу луѓе неостварениот план причинува стрес, разочарување, тага. Се запрашав зошто? Зошто да се разочаруваме за такви работи? Сосема непотребно… Па нели тематиката на животот е што посреќни, тоа поздрави, што поздрави, подолг живот.rnrnНасмевнете му се на денот, пред вас има време кое треба максимално да го искористите. Љубете и некој ќе ве љуби вас, смејте се и некој ќе ви ја возврати насмевката. Ако едно нешто не успеало, наредното сигурно ќе добие висока оцена.rn.rn

    „Сомнителни нешта, навики. Луѓето, самите по себе, не секогаш се свесни дека ги имаат“rn- рекла Агата Кристи.

    rnЈас велам, не сите навики се сомнителни. Створете навика за која ќе бидете и повеќе од свесни, навика која ќе прави телото да ви заигрува, да сакате да запеете, што ќе го разбуди вашиот дух и ќе ви даде енергија за целиот ден.rnrnСтавете ја вашата омилена песна да ви ѕвони како аларм, така ако наутро немате огромна желба да ја напуштите вашата топла постела, нема да ви биде толку тешко да го поздравите денот… Сварете го вашето омилено кафе и наздравете за она што следува.rnrnНе чекајте посебни пригоди за да се почестите себеси, најважна е вашата насмевка, вашата среќа, зошто ако вие сте исполнети со позитивна енергија, вашата околина ќе ја почувствува моќта и позитивноста која ја ширите. Гледајте низ шарени прозорци, секој момент нека ви биде различен. Безличното е досадно. Бидете свои. Креирајте го вашиот ден. Насмевнете се.rnrnДо наредно читање,rnrnСо љубов, насликана од сè срце,rnrnАна