КАФЕ ПАУЗА

Tag: разлика

  • Која е разликата меѓу љубовта и приврзаноста?

    Која е разликата меѓу љубовта и приврзаноста?

    Љубовта и приврзаноста се две сосема различни работи. Можеме да бидеме приврзани за нешто без да го сакаме и можеме да сакаме една личност без да бидеме приврзани за неа.rnrnКоја е разликата меѓу љубовта и приврзаноста?rnrnБез разлика дали станува збор за љубовната врска или животот, воопшто, често се приврзуваме за одредени луѓе и работи кои водат до негативни исходи. Имаме тенденција да се приврзуваме за речиси сè, без разлика дали тоа се нашите перспективи, мислења, идеи, места, материјални добра или нашите сакани. Сепак, речиси целата приврзаност е обично нездрава, а понекогаш дури и токсична. И ова може да донесе многу вознемиреност, фрустрација, страдање и тага во нашите животи.rnrnКога сме во врска, важно е нашата љубов кон партнерот да биде посилна од нашата приврзаност кон него. Всушност, кога станува збор за романтични врски, доколку љубовта се заснова на приврзаност, таа ве прави зависни и сиромашни. Меѓутоа, кога сакате некој без приврзаност, учите да сакате без никакви услови, свесно и слободно.rnrnЉубовта и приврзаноста се многу различни. Кога сакате без приврзаност, нема простор за его, несигурност, нарцизам или злоупотреба. Сè додека сте поставиле јасни граници, врската ќе напредува само врз основа на љубов, доверба и почит и без приврзаност. Врската која се карактеризира со приврзаност може да ги направи партнерите зависни еден од друг во поглед на самопочитта и личниот раст. Оваа љубов е погрешна бидејќи се карактеризира со несигурности, стравови, зависност и потреби.rnrnПовеќето од нас не успеваат да направат разлика помеѓу љубовта и приврзаноста. Значи, не можеме да сакаме без приврзаност. Главната причина за ова е дека сме „програмирани“ да сакаме под одредени услови. Сакаме нашите околности и луѓето околу нас да се приспособат на нашите мисли и емоции. Сакаме луѓето, местата и работите да ја пополнат празнината во нас и да ја искоренат нашата осаменост. Сепак, имаме тенденција да заборавиме дека само ние можеме да се излечиме себеси. Треба да сфатиме дека никој не може да нè спаси, да ни помогне да ги оствариме нашите соништа или да најдеме среќа. Тоа е само наша одговорност, а не на некој друг.rnrnНо, повеќето од нас не можат да го прифатат ова. И затоа не сме способни да сакаме без да се приврзуваме. Сепак, можно е да се чуваат љубовта и приврзаноста одвоени едни од други и да се живее задоволувачки, среќен живот. И сето тоа започнува со благодарност и внимание. Можеме да научиме да ги сакаме другите и себеси само кога можеме да го цениме она што го имаме, кога можеме да ги цениме нашите сакани без да сакаме тие да направат нешто за нас и без да бидеме приврзани за нив. Но, само преку сознанието дека сè е непостојано и дека секој момент е минлив, можеме вистински да ја цениме љубовта.rnrnЕдна од најголемите разлики помеѓу љубовта и приврзаноста е тоа што приврзаноста е привремена, а љубовта е вечна. Промената е самата суштина на животот. Ништо не е наменето да трае вечно. Сè што поседуваме еден ден ќе нè напушти. Врските завршуваат. Ги губиме нашите најблиски. Ги губиме или менуваме работните места. Сите материјални нешта за кои работиме толку напорно да ги поседуваме и со кои се чувствуваме толку горди, еден ден ќе ја изгубат секоја вредност. Нашето физичко тело, младост, убавина, богатство, бракови… сè на крајот ќе исчезне. Ништо не е трајно.rnrnЗа жал, имаме тенденција да се приврзуваме за толку многу работи во животот што забораваме на вистинската суштина на љубовта. Треба да ја цениме љубовта. Колку повеќе се трудиме да се приврзуваме за луѓе или работи, толку повеќе емоционална болка и страдање ќе доживееме. Ова никогаш не може да доведе до среќна и исполнета врска.rnrnСекој од нас треба да ја сфати разликата помеѓу љубовта и приврзаноста. Приврзаноста нè тера лажно да веруваме дека не можеме да преживееме без другата личност и дека треба да ѝ угодуваме за да ја натераме да нè сака.rnrnЉубовта од друга страна е без цел. Слободно тече и си оди толку брзо колку што доаѓа. Кога сакате некого или нешто, не чувствувате потреба да го поседувате. Наместо тоа, сакате да го негувате. Сакате да го видите како се развива и напредува, без разлика дали е во ваше присуство или отсуство.rnrnОткако прочитавте за разликата меѓу љубовта и приврзаноста, можеби ќе сакате да прочитате и за науката на приврзаноста и дали сте сигурни, анксиозни или ги избегнувате другите.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Која е разликата меѓу вистинската и токсичната љубов?

    Која е разликата меѓу вистинската и токсичната љубов?

    Луѓето ја бараат вистинската љубов, а кога ќе стапат во врска имаат чувство дека им се остварил сонот и дека ја пронашле вистинската сродна душа. Но, дали сè се одвива онака како што тие посакуваат? Постепено, личноста што ја сакате излегува дека е некоја што е сосема поинаква од онаа што првично ја запознавте. Ова е време кога „вистинската љубов“ добива форма на „токсична љубов“. Затоа, пред да стапите во врска, треба да ја знаете разликата меѓу вистинската и токсичната љубов.rnrnКоја е разликата меѓу вистинската и токсичната љубов?rn

    1. Љубовта кон себе наспроти важноста на врската

    rnВо вистинската љубов развојот на себе е најважен. Двете страни го посакуваат најдоброто една за друга. Во токсичната љубов примарниот фокус е на самата врска каде двете страни се „опседнати“ со начинот на кој се поврзуваат една со друга.rn

    2. Одделни интереси наспроти зависност

    rnВо вистинската љубов двајцата партнери имаат слобода да им се посветат на сопствените интереси. Така, тие можат да имаат свои пријатели и надвор од нивните романтични врски. Можат да ги следат интересите и идеите без страв од укор. Во токсичната љубов двајцата партнери се целосно вклучени во животот на еден на друг. Едниот не може да оди никаде без другиот.rn

    3. Слобода наспроти тенденција да го смените партнерот во друга личност

    rnВо вистинската љубов нема борба во прифаќањето на индивидуалноста на вашиот партнер бидејќи го прифаќате партнерот таков каков што е. Во токсичната љубов постои екстремен порив да го промените вашиот партнер во некој со кој повеќе би сакале да бидете наместо да го сакате онаков каков што е.rn

    4. Взаемна интимност наспроти принудна интимност

    rnВо вистинската љубов интимноста е резултат на длабоката љубов, грижа и наклонетост. Почитта доминира меѓу партнерите во вистинската љубов. Во токсичната љубов интимноста е нешто поради кое се чувствувате под притисок и тоа најчесто поради страв, несигурност од тоа како треба да се усогласите со сексуалните желби на вашиот партнер.rn

    5. Пријателски разговор наспроти расправија

    rnВо вистинската љубов разговорот е конструктивен. Секој партнер се обидува да ги разбере емоциите и чувствата на другиот. Партнерите се обидуваат да ги надминат разликите и недоразбирањата преку разговор и комуникација. Во токсичната љубов разговорите започнуваат со тривијални расправии кои на крајот се претвораат во префрлање на вината и манипулација.rnrnОткако прочитавте за разликата помеѓу вистинската и токсичната љубов, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 видови хемија се неопходни за да имате вистинска љубов.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Џентлменско правило од 1901 година: Еве колку треба жената да биде помлада од мажот за врската да биде совршена!

    Џентлменско правило од 1901 година: Еве колку треба жената да биде помлада од мажот за врската да биде совршена!

    Одамна се зборува, пишува и се дебатира за идеалната разлика во годините помеѓу жената и мажот.rnrnЏентлменско правило од 1901 година: Еве колку треба жената да биде помлада од мажот за врската да биде совршена!rnrnДали некогаш сте слушнале за љубовно правило дека мажите треба да изберат жена која има половина од нивната возраст, плус 7 години? Како по правило, партнерите со оваа разлика во годините би имале совршена врска.rnrnОва правило во Америка е наречено „џентлменско“ и постои уште од 1901 година. Тогаш била објавена успешната книга на Макс О’Рел, „Нејзиното височество жена и неговото височество Купидон“, во која се наведува оваа разлика во годините.rnrnВо неа О’Рел пишува дека мажот треба да се ожени со жена која има половина од неговите години плус 7 и дека ова правило може да се испроба во секоја доба и да се согледа дека тоа прекрасно функционира.rnrnОва правило се чини дека денес се почитуваат некои од славните парови како: Џорџ и Амал Клуни, Доналд и Меланија Трамп, Мери-Кејт Олсен и Оливер Саркози – дамите ја имаат половина од возраста на мажите, плус седум години.rnrnЏентлменско правило од 1901 година: Еве колку треба жената да биде помлада од мажот за врската да биде совршена!rn

    Дали „џентлменското правило“ е навистина добро?

    rnСпоред експертот за врски Сузан Винтер, ова правило не е добро затоа што душите што се совпаѓаат сами се пронаоѓаат, без оглед на разликата во годините.rnrnНејзиниот колега Рејчел Русо додава дека она што е поважно е во која животна фаза се наоѓаат двајцата партнери и дали ги следат истите вредности, како на пример дали сепак стапуваат во врска без оглед на разликата во годините.rnrnРусо уште вели дека ова правило функционира подобро за мажите отколку за жените. Според неа веројатноста 30-годишник да излегува со 22-годишна девојка е поголема од обратниот случај. Ако жената е повозрасна, нејзината зрелост и подготвеност за сериозна врска секогаш би доаѓала до израз, за разлика од таа на мажот.rnrnПатем, Макс О’Рел во второто поглавје од својата книга напишал еден совет до мажите дека никогаш не треба да се женат со жена која е побогата, повисока или постара од нив.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 9-те научно докажани знаци дека вашиот брак ќе трае засекогаш.

  • Една балерина се разликува од останатите: Дали можете да откриете во што е разликата?

    Една балерина се разликува од останатите: Дали можете да откриете во што е разликата?

    Разиграните балерини ги полудеа корисниците на социјалните медиуми. На прв поглед, сите изгледаат исто облечени, но ако погледнете повнимателно, ќе откриете дека една од нив се разликува. Дали можете да ја пронајдете?rnrnЕдна балерина се разликува од останатите: Дали можете да откриете во што е разликата?rnrnСо овој предизвик може да се справат само 10 % од луѓето, а според коментарите на социјалните мрежи, некои ја пронашле балерината за помалку од една минута, а имало и такви што не можеле да ја пронајдат.rnrnАко спаѓате во втората група, погледнете го решението.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]Една балерина се разликува од останатите: Дали можете да откриете во што е разликата?[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДали можете да ја решите оваа загатка и да откриете кој број треба да стои наместо Симба?

  • Зошто интимноста е многу поважна од сексот?

    Зошто интимноста е многу поважна од сексот?

    Многумина не ја разбираат разликата помеѓу интимноста и сексот. Повеќето луѓе ги користат овие два збора како синоними, но тоа не е така. Погледнете неколку работи за интимноста кои е добро да ги знаете.rnrnintimnosta-ne-e-samo-fizichka-taa-e-dlabokata-vrska-na-znaenjeto-kafepauza.mkrn

    1. Интимноста не е физичка

    rnСексот е физичка манифестација на љубовта, но интимноста е нешто сосем различно. Интимноста е заснована на емоциите и таа е моќен ментален процес. Таа е комплексна и е многу тешко да се научи. Интимноста е ментална и емоционална состојба до која се развиваат само малку врски. Покрај тоа, лесно можете да опишете и да дефинирате што значи сексот, но тоа е речиси невозможно за интимноста. Не постои дефиниција бидејќи таа е различна за секого.rn

    2. Интимноста не е очајна

    rnСексот многу често е опишан како потреба или нагон. Ова го прави да изгледа како активност за која луѓето се очајни. Но, интимноста не е таква. Таа е мирна и тивка и не бара никакво делување. Таа не брза. Кога сте интимни со некого вие си давате време. Ова значи дека вистинската интимност не е брзање за да постигнете „нешто“. Вистинската интимност е доволна, целосна и исполнувачка сама по себе.rn

    3. Интимноста бара разбирање

    rnСексот бара многу – флексибилност, издржливост, контрола над телото и многу други работи. Сите нешта кои се потребни за добар секс се поврзани со физичката или телесната врска помеѓу двајца. Но, интимноста не е телесна и она што е потребно за неа е длабоко и заемно разбирање на партнерите. Токму поради ова и еден обичен разговор може да се смета за интимен.rn

    4. Интимноста обезбедува рамнотежа и хармонија

    rnПоради сексот можете да ја изгубите вашата рамнотежа, а оваа рамнотежа може да биде емоционална или духовна. Сексот може да ја наруши рамнотежата одреден период, а потоа може и да ја врати. Но кај интимноста најважна е рамнотежата. Таа значи одржување на хармонијата и мирот. Таа значи да се чувствувате мирно и безбедно. Исто така, интимноста нема ништо заедничко со судењето, а токму тоа ја прави толку убаво чувство.rn

    5. Интимноста не е толку честа

    rnПостојат многу луѓе кои редовно уживаат во сексот, но малку се оние кои ја разбираат или кои ја почувствувале интимноста. Таа не е толку честа, а причината за ова е најверојатно нејзината комплексност. Она што паровите не го разбираат е дека сексот не го нуди задоволството кое го нуди интимноста, па поради тоа не се грижат многу за неа.rn

    6. Интимноста е поврзана со вашите емоции

    rnИнтимноста зависи од вашата емоционална поврзаност со партнерот. Таа исто така зависи од тоа колку вашата емоционална поврзаност ја надминува физичката. Со други зборови, за да бидете навистина интимни потребно е и двајцата да ја чувствувате длабоката емоционална поврзаност. Потребно е да можете да комуницирате со вашите емоции. Концептот комуницирање со емоциите е навистина тежок, бидејќи многу парови имаат проблем и со обичната, вербална комуникација.rnrnСексот е одличен во љубовта, но интимноста е вистинскиот божествен дел од секоја врска. Врските се многу посреќни и поздрави ако партнерите знаат како да бидат интимни еден со друг. Интимноста им помага заедно да созреваат, но и да бидат задоволни од своите индивидуални животи.rnrnПогледнете и кои се малите моменти на случајна интимност кои можете да ги доживеете само со непознати личности.

  • Дали некогаш сте се запрашале која е разликата помеѓу машкиот и женскиот оргазам?

    Дали некогаш сте се запрашале која е разликата помеѓу машкиот и женскиот оргазам?

    Мажите немаат големи проблеми со постигнувањето оргазам. Меѓутоа, дали некогаш сте се запрашале какво е чувството за време на оргазмот и како тој се разликува од женскиот? Дознајте во продолжение!rnrn1-dali-nekogash-ste-se-zaprashale-koja-e-razlikata-pomegju-mashkiot-i-zhenskiot-orgazam-www.kafepauza.mk_rnrn

    1. Машкиот оргазам е краток

    rnЗа сите оние кои сѐ уште не знаат, оргазмот кај жените може да трае до 30 секунди. Мажите не се благословени со толкаво траење, а нивниот оргазам трае од 3 до најмногу 12 секунди.rn

    2. Машкиот оргазам е еднократен

    rnДодека жените можат да доживеат повеќе оргазми еден по друг, кај мажите тоа може да се случи само еднаш во одреден временски период. За втор оргазам најчесто е потребно малку време да се почека…rn

    3. Машкиот оргазам е помалку интензивен

    rnВо мозокот за време на оргазмот и кај жените и кај мажите се одвиваат еднакви процеси, односно се активираат хормоните на среќа. Интензитетот на машкиот и женскиот оргазам е всушност еднаков, а разликата е во тоа што кај жените трае подолго време, па едноставно заради тоа изгледа дека е поинтензивен.rn

    4. Машкиот оргазам е поедноставен за постигнување

    rnЕдинствен недостаток на женскиот оргазам е тоа што тешко се доживува. Односно, жените тежнеат за време на сексот да доживеат оргазам, додека нивниот партнер скоро секогаш го доживува.rnrnЗа поголема возбуда, испробајте ги овие секс трикови за посилен оргазам.

  • 11 работи што ќе ги разберат само браќата и сестрите меѓу кои постои голема разлика во годините

    11 работи што ќе ги разберат само браќата и сестрите меѓу кои постои голема разлика во годините

    Дали некогаш луѓето помислиле дека вашиот помал брат или сестра се ваши деца? Кога постои голема возрасна разлика меѓу браќата и сестрите, нормално е тоа што луѓето се збунуваат. Помеѓу повеќето браќа и сестри не постои толкава разлика во годините, што значи дека тие поминуваат горе-долу низ истите работи во животот. Но, кога случајот не е таков, нивната врска е поинаква. Ова се 11-те работи што ќе ги разберат само браќата и сестрите меѓу кои постои голема разлика во годините…rnrn11 работи што ќе ги разберат само браќата и сестрите меѓу кои постои голема разлика во годинитеrn

    1. Вашите помали браќа или сестри сте ги гледале како кукли

    rnТоа значи дека сте ги облекувале како што сакате, без воопшто да ги прашате. Сега не можете да го правите истото, но сигурно постојат фотографии кои служат како докази за тие убави времиња.rn

    2. Секогаш ги прашувате што значат најновите сленгови

    rnНе сте разбирале што значи „LOL“ или „YOLO“ додека не ви објасниле вашите помали браќа и сестри.rn

    3. Никогаш не се карате, бидејќи немате причина зошто да се карате

    rnНе ја носите истата облека, немате исти интереси и симпатии. Вие навистина немате за што да се карате!rn

    4. Многу ви било тешко да гледате телевизија заедно

    rnСега работите се сменети, но додека сте растеле, ретко кога ви се допаѓале истите емисии и цртани филмови. Сте морале да гледате „Телетабиси“ наместо „Млади бунтовници“ и тоа ве вадело од кожа.rn

    5. Сте научиле да давате одлични совети

    rnСо оглед на тоа што сте биле многу помлади или постари, сте можеле да понудите многу поразлична перспектива на работите од онаа на вашите браќа и сестри. Понекогаш на луѓето им е потребен совет од некој постар и поискусен, но понекогаш потребно е да се согледаат нештата од детски аспект. Секогаш можете да сметате едни на други без оглед на вашата разлика во годините.rnrn11 работи што ќе ги разберат само браќата и сестрите меѓу кои постои голема разлика во годинитеrn

    6. Сте се зближувале благодарение на вашите „смотани“ родители

    rnИ вие и вашите браќа или сестри сте се нашле во ситуација кога сте биле засрамени од вашите родители. Тие не ги разбираат најновите трендови и постојано се обидуваат да најдат начин да допрат до вас, но никогаш нема да успеат во тоа.rn

    7. Постојано слушате дека сте премногу стари или премногу млади

    rnДоколку вие сте постариот член во семејството, сигурно вашите браќа или сестри ве нарекувале „баба“ или „дедо“. Вие, пак, сте им велеле дека се бебиња и дека треба да „изедат уште многу фурни леб“ за да ве стигнат. И покрај сите закачки, јасно е дека не можете да живеете едни без други.rn

    8. Никогаш не се однесувате во согласност со вашите години

    rnАко сте постари, секогаш имате некој околу вас кој ве подмладува и тоа се вашите братчиња и сестричиња кои ве потсетуваат дека не треба да го сфаќате животот премногу сериозно. Доколку вие сте помладите, вашите постари браќа и сестри сигурно ви помагале да се однесувате позрело.rn

    9. Многу сте заштитнички настроени

    rnАко некој се обиде да ги повреди вашите браќа и сестри, вие веднаш заземате заштитнички став. А доколку не ги одобрите нивните љубовни партнери, на таа врска ѝ се гледа крајот.rn

    10. Понекогаш се чувствувате изгубено кога ќе ви ги кажат нивните интереси

    rnНемате поим зошто на вашите помали браќа или сестри им се допаѓаат новите бендови кои звучат како некој да дере мачки, а тие, пак, не можат да разберат што ви е толку интересно кај вежбањето јога. Навистина се трудите да се разберете едни со други, но тоа понекогаш едноставно не се случува.rn

    11. И покрај сите разлики, вие сте најдобри пријатели

    rnНе би ги менувале вашите браќа и сестри со ништо друго на светот, а знаете дека и тие се чувствуваат на истиот начин.rnrnВо продолжение прочитајте кои се 11-те нешта што само поголемите браќа и сестри ќе ги разберат.

  • Која е разликата меѓу кафените и белите јајца?

    Која е разликата меѓу кафените и белите јајца?

    Кога станува збор за купување јајца, дали најчесто посегнувате по белите или по кафените? Дали од нивната боја зависи вашиот избор? Можеби купувате бели бидејќи сте израснале јадејќи ги нив. Или пак, некаде сте чуле дека кафените се подобри за вас, па тие станале вашиот прв избор. Белите и кафените јајца дефинитивно изгледаат различно, а исто така можете и да забележите разлика во цената, но дали тие се разликуваат и по својата содржина?rnrnКоја е разликата меѓу кафените и белите јајца?rn

    Разликата помеѓу кафените и белите јајца

    rnКога станува збор за нивната боја, разликата се крие во видот на кокошка. Најчесто, оние што се со бели пердуви и бели ушни школки несат бели јајца, додека пак, оние со црвено-кафени пердуви и црвени ушни школки несат кафени јајца. Можеби не сте чуле досега, но постојат и видови кокошки што несат сини јајца.rn

    Дали кафените јајца се подобри од белите?

    rnБојата на јајцето не е индикатор за неговиот квалитет. Кога станува збор за вкус и хранливост, не постои разлика помеѓу белите и кафените. И покрај тоа што кафените јајца често се поскапи, тие не се подобри за вас во однос на белите. Разликата во цената е делумно поради маркетиншки трик, делумно поради фактот што кокошките со црвено-кафени пердуви и црвени ушни школки се поголеми од оние со бели пердуви и ушни школки, поради што јадат повеќе – фармерите мора некако да надополнат за зголемената консумација на храна, па ја зголемуваат нивната цена.rn

    Дали кафените јајца се поцврсти?

    rnДоколку некогаш сте забележале дека одредени јајца потешко се кршат од останатите, тоа е поради годините на кокошката, а не поради бојата на самото јајце. Помладите кокошки имаат тенденција да несат јајца со поцврста надворешност, додека пак, постарите со помека. Ова важи и за белите и за кафените јајца.rnrnПа, какви јајца преферирате вие, бели или кафени?

  • Анксиозност наспроти паничен напад: Која е разликата?

    Анксиозност наспроти паничен напад: Која е разликата?

    Без разлика дали во историјата на вашата фамилија постои ментална болест или пак истата сте ја развиле под дејство на постојаниот стрес на работа, нарушувањето на анксиозноста може да се појави во вашиот живот во многу непогодни моменти. Додека реакцијата на стресот е нормална во одредени ситуации, постојаното чувство на напнатост и загриженост може да доведе до посериозна штета, како на вашиот мозок, така и на вашето тело. Повеќето не сфаќаат дека постојат клучни разлики помеѓу анксиозноста и паничните напади, но многу е важно тие да се препознаваат и да се третираат под различни услови.rnrnАнксиозност наспроти паничен напад: Која е разликата?rnrnЗнаејќи ја разликата помеѓу анксиозноста и паничните напади, вие ќе можете да ги препознаете симптомите и да добиете соодветна дијагноза која ќе ви помогне повторно да го вратите вашето ментално здравје. Значи, најпрво е важно да знаете што е тоа анксиозност и како таа може да се манифестира. Според Асоцијацијата за анксиозност и депресија во Америка, оваа состојба се карактеризира со постојана или претерана загриженост и напнатост која не може да се смири. Тоа значи дека се будите наутро и чувствувате страв кој трае во текот на целиот ден, а ова чувство на вознемиреност ве спречува да имате нормален секојдневен живот. Иако некое ниво на анксиозност е сосема нормално да се доживее, понекогаш дури и корисно бидејќи ве држи будни и концентрирани, тоа претставува проблем кога вашето тело мисли дека сте во опасност, што може да резултира со непријатни реакции.rnrnИсто така важно е да забележите дека нарушувањето на анксиозноста во голема мера се разликува од депресијата. Иако и двете влијаат на вашето ментално здравје, депресивните луѓе се чувствуваат безнадежни, обесхрабрени и неспособни да ги извршуваат дневните задачи. Сепак, тие продолжуваат да ги извршуваат нивните обврски ден за ден, а неретко може да се соочат и со мисли за самоубиство. Од друга страна пак, анксиозните личности сакаат да ги извршуваат своите дневни задачи, но се загрижени од можноста за неуспех или пак дека ќе направат нешто погрешно. Ова чувство може да биде толку силно што има шанси да ги оддалечи од некои луѓе или работи кои некогаш ги сакале.rnrnАнксиозност наспроти паничен напад: Која е разликата?rnrnИсто така потребно е да се спомене дека анксиозноста е термин кој се користи за голем број ментални болести, како што е на пример агорафобијата и социјалната анксиозност. Сите овие состојби спаѓаат во категоријата „страв.“ Па, каде вбројуваат паничните напади? Мислете на овој начин: Анксиозноста е како поголема сестра на паниката. Оние кои се соочуваат со напади на паника во основа може да чувствуваат анксиозност која го предизвикува тоа. Поголемиот дел од времето анксиозноста се однесува на нарушувањето, а паниката се однесува на ненадеен и екстремен напад врз психата. Исто така можете да слушнете како некои луѓе ги мешаат поимите паничен напад и анксиозност, но во суштина тука постојат поголеми разлики. Можете да имате нарушување на анксиозноста и анксиозен напад, или пак нарушување на анксиозноста и паничен напад, но тоа не е секогаш исто.rnrnЦентарот за онлајн поддршка, MDJunction, објаснува дека паничниот напад се карактеризира со ненадејни, екстремни симптоми кои не мора да се појавуваат во серија настани. Личностите може да чувствуваат дека овие симптоми се појавиле неднадејно и нападот обично трае околу десетина минути. Во некои моменти ова може да се случи едно по друго, правејќи тоа да изгледа дека ќе трае засекогаш. За време на нападот на паника личноста се соочува со забрзано чукање на срцето, потење, треперење, чувство дека не добиваат доволно кислород, страв од умирање, треска и грижи за целосно губење контрола. Од друга страна пак, анксиозните напади не се појавуваат толку ненадејно. Според лекарите, анксиозниот напад повеќе доаѓа како реакција на стресна ситуација. Ако чувствувате дека имате некои од симптомите на паничен напад и ако тоа се случило после некоја страшна или неочекувана случка, тогаш најверојатно се соочувате со анксиозност. Овие напади побавно се развиваат, со текот на времето станувајќи поинтензивни, додека пак нападите на паника доаѓаат и си одат со истиот силен интензитет.rnrnБез разлика дали се соочувате со непредвидливи напади на паника или пак се чувствувате ментално исцрпени од постојаните грижи, потсетете се дека вашето ментално здравје е поважно од крајниот рок, куќните обврски или нездравата љубовна врска. Доколку имате потреба, разговарајте со вашиот лекар за состојбата во која се наоѓате. Не дозволувајте анксиозноста или нападите на паника да ве одвлечат од животот што сакате да го живеете.

  • Мали работи кои прават голема разлика во животот

    Мали работи кои прават голема разлика во животот

    Работите кои прават најголема разлика во секојдневниот живот се всушност оние мали прилагодувања на ситуациите. Постојат мали работи кои можете да ги правите секој ден, а кои ќе внесат значителни промени во вашето здравје и среќа. Тие ќе направат да се чувствувате исполнети и задоволни што сте направиле некаква промена без разлика колку сте зафатени или изморени. Доколку сакате да го промените вашиот живот на подобро, но не сте подготвени да се посветите на нешто што ќе бара многу време, како што е курсот по јога на пример, постојат некои мали работи кои ќе ви одземат помалку од минута, а толку се моќни што ќе го променат целиот ваш живот. Во продолжение прочитајте кои се тие…rnrnМали работи кои прават голема разлика во живототrn

    Местете си го креветот

    rnДоколку си го местите креветот секое утро, додека да излезете и продолжите со денот вие веќе ќе имате нешто постигнато. Без оглед на тоа како ќе се одвиваат вашите наредни обврски, кога ќе се вратите дома секогаш ќе ве чека тој мал успех со кој сте го започнале денот. Ова е многу едноставна, но влијателна утринска навика.rn

    Измијте ги садовите навечер

    rnБез оглед на сѐ, направете напор вашиот мијалник да не биде полн со садови пред да си легнете. Тоа значи дека секогаш кога ќе се разбудите, ќе ве дочека средена и чиста кујна што значително ќе го промени начинот на кој ќе се одвива вашиот ден.rn

    Враќајте ги работите на место

    rnМногу е важно да ги враќате работите на своето место откако сте завршиле со нив, без разлика дали сте дома или на работа. Ако го правите само првиот дел, односно само ги земате работите, а не стигнувате до вториот, односно не ги враќате, со сигурност ќе завршите во хаос. Запаметете дека потребна ви е само една минута да го вратите предметот на место, но ако ви се насоберат еден куп предмети кои цела недела само сте ги користеле а не сте ги враќале, средувањето може да ви одземе цел час.rn

    Слушајте брзи песни

    rnБрзите песни можат да ви го подобрат расположението. Но, многу е важно при слушањето да не размислувате премногу и да не се прашувате постојано: „Сега среќен/на сум?“. Едноставно опуштете се и дозволете си да уживате во искуството. Не двоумете се дали да пуштите гласна музика кога не сте баш расположени.rnrnМали работи кои прават голема разлика во живототrn

    Запалете мирислива свеќа

    rnСпоред едно истражување од 2009 година, тинејџерите кои примале ароматерапија биле под значително помал стрес за разлика од оние кои примиле плацебо, што покажува дека оваа терапија може да е многу корисна кога станува збор за справување со стресот.rn

    Дишете

    rnДишењето е еден од најбрзите и најефикасни начини да го смирите вашиот систем и да го намалите стресот. Обидете се да вдишувате 4 секунди, да го држите воздухот 7 секунди и да издишувате 8 секунди.rn

    Бидете благодарни

    rnАко секој ден одвојувате по некоја минута за да размислите зошто сте среќни, значително ќе го зголемите вашето чувство на среќа. Помислете на работите за кои сте благодарни секогаш кога ќе се разбудите или пред да си легнете, без оглед на тоа како ви поминал денот.rn

    Гледајте смешно видео

    rnСмеењето го зголемува нивото на допамин во мозокот, односно органската хемикалија што го подигнува расположението. Не чекајте, туку веднаш погледнете некое видео кое секогаш може да ве насмее и започнете го денот со позитивни мисли.rnrnМали работи кои прават голема разлика во живототrn

    Направете си листа со обврски пред да си легнете

    rnНајголемата причина зошто луѓето не можат да заспијат е тоа што цело време размислуваат за сите грижи и обврски што ги чекаат наредниот ден. Одвојте време пред спиење да ги запишете тие грижи или едноставно направете листа на обврски. На тој начин ќе можете да ги пречкртувате задачите кои сте ги завршиле пред спиење, а тоа ќе ви донесе чувство на неверојатна исполнетост.rn

    Пијте вода пред да се напиете пијалак со кофеин

    rnПред секој кофеински пијалак напијте се чаша вода. Диуретичниот ефект на кофеинот го зголемува исфрлањето на урина и на тој начин колку повеќе испиете за кратко време, толку повеќе вода ќе изгубите.rnrnДолготрајните, значајни промени не бараат огромен напор од ваша страна. Постојат толку многу работи кои ќе ви одземат помалку од минута, а значително ќе го подобрат квалитетот на вашиот живот. Започнете уште веднаш и ќе ја почувствувате разликата за многу кратко време.