КАФЕ ПАУЗА

Tag: раскинување

  • Што му е потребно на секој хороскопски знак после тешко раскинување?

    Што му е потребно на секој хороскопски знак после тешко раскинување?

    Она што на едни знаци им одговара, за други може да претставува најлош совет…rnrnШто му е потребно на секој хороскопски знак после тешко раскинување?rn

    Огнени знаци: Овен, Лав и Стрелец

    rnПокажувањето на вашите фрустрации и непрекината физичка и ментална активност се клуч за успех кон патот за залечување на вашето скршено срце. Доколку сте лути поради начинот на кој завршила вашата врска, задолжително разговарајте со вашите пријатели или со некој експерт за тоа. Чувањето на насобран бес во себе, може да ви создаде само дополнителни проблеми во вашите идни врски. Вежбањето исто така е клучно за целиот овој процес, затоа бидете активни што е можно повеќе.rn

    Земјени знаци: Бик, Девица и Јарец

    rnЛуѓето родени во овие знаци се склони да си ги задржуваат емоциите во себе, па затоа многу е важно да ги насочите во правење на нешто креативно. Земјените знаци се многу практични луѓе, затоа направете рестарт на својот живот и смислете нови планови и идеи кои ќе ја оживеат вашата кариера и финансиска ситуација. На овој начин ќе ја осигурате финансиската стабилност во овие тешки времиња, а истовремено ќе се потсетите себеси дека постојат и други работи кои го заслужуваат вашето време и енергија, покрај љубовните врски.rn

    Воздушни знаци: Близнаци, Вага и Водолија

    rnКомуникацијата со другите луѓе е најважната работа која можете да ја практикувате за заздравување после тешко раскинување на врска. Ова е одлична прилика да сфатите кои луѓе во животот ви се важни, бидејќи тие во овие тешки ситуации ќе ви бидат од неизмерна помош. Многу е важно да го чуете мислењето на луѓето на кои сте им важни, во врска со вашето раскинување на врската, бидејќи токму тоа „второ мислење“ ќе ви помогне да ги ставите работите во перспектива. Конечно, обновувањево на другарствата на кои не сте им обрнувале доволно внимание за време на врската, стануваат работа на која треба да ѝ се посветите.rn

    Водени знаци: Рак, Скорпија и Риби

    rnВодените знаци се познати по својата чувствителност, затоа многу е важно да не штедите на солзи и да ја исплачете сета тага од себе. Направете пауза и земете си колку што ви е потребно време за да продолжите кога ќе бидете сигурни дека сте ја прежалиле пропаднатата врска. Покрај тоа, секогаш можете да си допуштите нешто за „своја душа и тело“, како на пример викенд во велнес-центар или доколку сте куси со пари, бања со миризлива купка во вашиот дом. За разлика од воздушните знаци, на водените знаци им треба што поограничен контакт со луѓе и дружење само со оние најблиските. Не дозволувајте никој да ве става под притисок што побрзо да се вратите во „нормала“, пред вие да бидете спремни за тоа.

  • 8-те фази на љубовните врски

    8-те фази на љубовните врски

    Сите врски почнуваат забавно и возбудливо, а понатаму прераснуваат во нешто опуштено и удобно. Овие илустрации ги прикажуваат 8-те фази низ кои поминуваат љубовните врски, на забавен начин, но потпирајќи се на реалноста и на чистата вистина. Креатор е Метју Инман, познат по неговиот сајт The Oatmeal.rnrn

    8-те фази на љубовните врски
    Првиот состанок: лаги, лаги, лаги, лаги, лаги, глупости, глупости, лаги, лаги, глупости, лаги, лаги, глупости, лаги…
    rnrn
    8-те фази на љубовните врски
    Возбудлива фаза: Пред да те сретнам бев за нигде.
    – Ајде да водиме љубов 10.000 години.
    rnrn
    8-те фази на љубовните врски
    Удобна фаза: Ха-ха, прднав.
    – LOL. Ок е, сè уште те сакам.
    rnrn
    8-те фази на љубовните врски
    Преудобна фаза: Ха-ха, само што извршив голема нужда.
    – LOL. Ок е, предебела сум за да се мрднам.
    rnrn
    8-те фази на љубовните врски
    Завршување на врската: Пред да те сретнам, бев слободен ко птица.
    – E*ете се и ти и твојата слобода.
    rnrn
    8-те фази на љубовните врски
    Раскинување: Богат сум и имам огромни мускули.
    – Ти си многу подобар од мојот бивш.
    rnrn
    8-те фази на љубовните врски
    Смирување: Ајде да се обидеме пак, ама овој пат ќе успееме.
    – Сè уште те мразам, ама те познавам и удобно ми е со тебе, па сакам да се средам.
    rnrn
    8-те фази на љубовните врски
    Брак: Закажав да имаме секс следниот четврток кога ќе се вратам од вежбање.
    – Ти е*ам животов.
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пакетче за закрепнување по љубовно раскинување

    Пакетче за закрепнување по љубовно раскинување

    Креатор на ова интересно пакетче е Мелани Чернок, која живее и работи во Њујорк. Оригинално, комплетот се вика „Love Hurts Packaging“ и ги содржи сите неопходни работи за преболување на раскинувањето на љубовната врска. Комплетот е визуелно многу интересно направен, а се состои од марамчиња, чоколадо, мало шишенце вотка, апчиња за болка, свеќа, кибрит и други интересни работи.Комплет за преболување на љубовно раскинување Комплет за преболување на љубовно раскинување Комплет за преболување на љубовно раскинување Комплет за преболување на љубовно раскинување Комплет за преболување на љубовно раскинување Комплет за преболување на љубовно раскинување Комплет за преболување на љубовно раскинување Комплет за преболување на љубовно раскинување Комплет за преболување на љубовно раскинување Комплет за преболување на љубовно раскинување
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • По раскинување машките повеќе патат од женските

    По раскинување машките повеќе патат од женските

    Машките многу потешко го поднесуваат раскинувањето отколку женските, а за тоа социолозите пронашле интересна причина. Тие сметаат дека клучот за оваа причина лежи во поддршката од пријателите по раскинувањето на врската.По раскинување машките повеќе патат од женскитеЖените веќе во дваесеттите години имаат добро развиена мрежа на пријателки кои се секогаш спремни да им одржат сеанса и да ги утешат, додека кај машките фали оваа цврста пријателска поддршка за ваквите теми. Во случај на некакви проблеми, мажите често се обраќаат кај својата партнерка за решение, а по прекинот на врската тоа е голем емоционален удар за кој немаат со кого да разговараат, а тоа им задава голем проблем врз нивната самодоверба.rnrnКога ќе дојде до прекин, машките се чувствуваат многу повеќе изолирано, вели истражувачката Мелани Бартли. Пријателите на машкото нема да му пружат ни приближно доволно поддршка, како пријателките на девојката, бидејќи машките се најчесто натпреварувачки настроени. Но и машките се ранливи, исто како и жените кога станува збор за чувствата по прекинот на врската.rnrnБартли објаснува дека во текот на врската жената многу повеќе се дефинира, додека мажите почесто се определуваат за успех во работата. Но, денешните млади генерации, поради неможноста да пронајдат сигурна работа, сè повеќе се посветуваат на емоционалниот дел од животот.rnrnЕдно истражување направено на „University College“ во Лондон, спроведено на над 1.000 парови открило дека машките се под поголем стрес кога врската е нефункционална, но многу повеќе уживаат доколку љубовта им цвета.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Посакувам да си тука“ – Франсеск Миралјес

    Книга: „Посакувам да си тука“ – Франсеск Миралјес

    Приказна за еден архитект, пејачка, тајна градина и секако, магијата на Париз!rnrnПосакувам да си тука - Франсеск МиралјесНаслов на оригиналот: Ojalá Estuvieras Aquí – Francesc MirallesrnrnФрансеск Миралјес (Барселона, 1968) е од оние автори кои долго лутале на професионален план испробувајќи се во различни улоги пред да се пронајдат во светот на пишаниот збор. Поминал цели 8 години во теолошко училиште за да сфати дека тоа не е неговиот повик, па се запишал на новинарство истовремено работејќи како келнер. Го искористил својот музички талент и научил да свири на пијано, а влијанието на музиката често се чувствува во неговите книги.rnrnПовторно скршнува на професионален пат кога се запишува на студии по англиски јазик, а потоа целосно го менува правецот на својот живот кога ја напушта Шпанија и се сели во Хрватска и Словенија на одредено време. Всушност неговиот престој на Балканот се поклопува со турбулентно време во периодот на воените конфликти и секако искуството се одразува во голема мера врз неговите ставови кои подоцна ги пренесува и во книгата „Кафе Балканик“.rnrnПовторно се враќа во Барселона и завршува германистика, станува уредник и сè поинтензивно се занимава со пишување. Пишува книги за деца, за возрасни како и бројни статии и патописи. Книгата со која што дефинитивно се пробива на сцената е „Љубов со мали букви“.Посакувам да си тука - Франсеск Миралјесrn

    Синопсис

    rnКога девојката со којашто се забавуваш 7 години ќе ти раскине на твојот 30-ти роденден и ќе замине со твојот колега и пријател, го правиш единственото логично нешто – се затвораш дома, во депресија и слушаш меланхолична музика од некоја Французинка за која никогаш порано не си слушнал. Но, додека нормалните луѓе слушаат песни и си плачат на перница кога ќе се пронајдат во некој срцепарателен стих, Даниел успева да си го пронајде целиот свој живот во новиот албум кој го добива на подарок од својата пријателка. Џез музиката на Ева Винтур, Французинка со магичен глас, буквално го обзема до тој степен што почнува да мисли дека е напишан токму според неговиот „глупав“ живот! И повторно, го прави следното логично нешто – открива каде е нејзиниот следен концерт и купува билет за првиот авион за Париз. А во Париз, приказна којашто никогаш не очекувал дека ќе ја открие.rnrnОд апсурдната барокност на францускиот хотел, па низ тесни улички и мали кафулиња со интересни приказни, сè до еден „концерт“ и пејачка која дефинитивно е различна од очекувањата, а сето ова проследено со прекрасни стихови и музика која постојано ја слушате некаде во позадината на вашата свест. И да, тајна за една тајна градина која го растргнува сето она на коешто читателот се надева и на крај ги спојува парчињата во една магична, несекојдневна љубовна приказна.Посакувам да си тука - Франсеск Миралјесrn

    Лична критика

    rnПризнавам, книгава ја избрав од сосема погрешни причини, не беше премногу скапа и не беше премногу голема. Поради сите обврски кои никако не стигав да ги завршам навреме, се најдов себеси пред рафт и тоа во маркет (каде што апсолутно никогаш не купувам книги) и со само неколку дена време за читање. И многу сум среќна што немав време да одам до библиотека и што по игра на случајностите ова прекрасно дело заврши во мојата мала библиотека. Никогаш претходно немав слушнато за писателот, но дефинитивно ќе барам негови книги во иднина затоа што човекот е феноменален. Секогаш одново ме воодушевуваат авторите кои почнуваат со веќе извикани и типични приказни (раскинал, депресија, Париз, бла бла) и завршуваат со приказна која долго ќе ви го грее срцето и ќе ви мами насмевка. А тоа ми се случи во автобус додека ја читав, се фатив себеси како се смешкам!rnrnЛиковите се одлично изградени, дијалозите се интелигентни и живи, мислите на Даниел ве засмејуваат и ве растажуваат, а описите се доволни за кратко да ве пренесат во Париз. Ми се допадна спојот на еден модерен и алтернативен Париз и приказните за Кафе де Флор, Сартр и Симон де Бовуар кои се неизбежен шмек на градот. И она што дефинитивно ме освои, фактот дека Франсеск Миралјес е музичар и својата љубов кон добрата музика ја пренесува и низ редовите на оваа книга. Додека ве шета низ Елисејските полиња ќе направи некаде низ вашата свест да се вртат неповторливите Пинк Флојд, Рејдиохед, Дорс, Анри Салвадор и со тоа го подига уживањето на едно повисоко ниво. Книгава дефинитивно не се чита без добра музика во позадина. И за крај:rn
    rn

    „Набргу ќе сфатам дека правата линија не е неминовно и најкусото растојание меѓу две точки. Има одредишта во животот до кои се доаѓа преку многу обиколници кои бараат особена вештина на кружно движење, сè додека не наидат на влез во светот што се наоѓа во тоа одредиште, сокриен зад круговите, што дотогаш не си ги познавал.“


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериите

    Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериите

    Сите сакаме добра љубовна приказна. Телевизиските серии и филмови се преполни со нив, но само мал дел можат да се наречат епска романса, посебни љубовни врски или страствени флертувања. Погледнете дел од најдобрите љубовни приказни кои во последнава декада сме имале можност да ги видиме на малите екрани…rn
    rn

    1. Нејтан и Хејли – Три Хил

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеСекогаш и засекогаш. Овие зборови ќе се поврзуваат со Хејли до крајот. „One Tree Hill“ беше во основата приказна за љубовта. Љубовта за кошарката. Љубовта за музиката. Љубовта за пријателите. Љубовта за фамилијата. И најважно од сè, за вистинската љубов помеѓу Нејтан Скот и Хејли Џејмс.rn
    rn

    2. Кери и Фацата – Сексот и градот

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеКери имаше масовна парада на машки додворувачи, но оној на кој секогаш му се враќаше е Фацата. Тој беше, на многу начини, човечкото олицетворение на вистинската љубов на Кери, градот Њујорк.rn
    rn

    3. Дерек и Мередит – Вовед во анатомија

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеДо нивниот почеток тие поминаа бурен пат, но сепак кој може да одолее на куќа изградена од свеќи? И покрај тоа што не секогаш добро се согласуваа, Мер-Дер уште од самиот старт беа судени еден за друг.rn
    rn

    4. Питер и Оливија – На работ

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеСправувајќи се со злобни двојници од друга димензија, променети временски линии кои целосно го избришаа неговото постоење и пат до иднината, Питер и Оливија во „Fringe“ секогаш успеваа да се пронајдат еден со друг. Станува збор за љубов која ги надминува сите познати физички закони во универзумот.rn
    rn

    5. Маршал и Лили – Како ја запознав мајка ви

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеДоколку можете да избирате да бидете пријатели со кој било ТВ пар, без сомнение ќе ги изберете овие двајца. Тие се доказ дека една здрава и функционална врска може да биде забавна. Нивната совршена смисла за хумор им помага да им е интересно еден со друг, како што би требало да му биде на секој добар пар.rn
    rn

    6. Робин и Барни – Како ја запознав мајка ви

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеИ покрај многуте обиди да бидат само пријатели, тие постојано се навраќаа еден на друг. Брилијантната последна страна од книгата на игрите на Барни, наречена „The Robin“ конечно успеа да доведе до нешто подлабоко и посериозно помеѓу нив.rn
    rn

    7. Чак и Блер – Озборувачка

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеДали некогаш порано два лика биле толку совршени еден за друг? Ова подло дуо може да прави заговори и да манипулира со секој, а нивните психолошки игри беа како предигра до судената љубов.rn
    rn

    8. Лукас и Пејтон – Три Хил

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеОд моментот кога таа влезе во неговата кола во првата епизода, се роди наследството Лејтон. Потоа веќе никој и ништо не можеше да ги спречи. Всушност, тој дури напиша и книга, „The Comet“ во која ја опиша нивната бескрајна љубов.rn
    rn

    9. Касл и Бекет – Касл

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериите4-годишните задевања помеѓу нив беа неодоливи и во тоа време тие станаа толку блиски што би направиле и би ризикувале сè еден за друг. За среќа, тие конечно се предадоа на своите чувства, бидејќи Бекет знае дека тој секогаш ќе биде тука за неа. Секогаш…rn
    rn

    10. Бут и Бренан – Коски

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеТие флертуваа со години сè додека конечно не потклекнаа на неизбежното, фрлајќи ја безбедноста низ „прозор“, имајќи заедно бебе и потоа учејќи како да живеат еден со друг. Тоа беше долг пат кој дефинитивно вредеше.rn
    rn

    11. Сидни и Вон – Алијас

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеНе беше лесно за овие два супер-шпиони да успеат со нивната врска, посебно покрај лошите родители, владините заговори, античките пророштва, нејзиното прогласување за мртва и неговото лажирање на смртта. Но, некако тие успеаа да поминат преку сè.rn
    rn

    12. Сузан и Мајк – Очајни домаќинки

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеПриказната започна со обидот на Сузан да го освои „жешкиот“ водоводџија и ниту една пречка од сапуницата не беше во можност да ги раздели. Тие беа заедно, сè додека насилниот завршеток не ги „разнесе“ на сите страни.rn
    rn

    13. Џулс и Грејсон – Градот на пумите

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеНикој не очекуваше дека шоу наречено „Cougar Town“ може да еволуира во слатка и романтична комедија, но сепак ние успеавме да видиме како љубителката на вино Џулс и покрај сите негови маани успеа да го прифати Грејсон.rn
    rn

    14. Лоис и Кларк – Смолвил

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеОва е најголемата љубовна приказна во светот на стриповите, па кога Кларк се појави на малите екрани, беше само прашање на време до појавата на Лоис. Беше потребно долго време, но сепак приказната стигна до забавната гледна точка на двајца новинари кои се заљубуваат додека ги „бркаат“ своите вести.rn
    rn

    15. Дејмон и Елена – Вампирски дневници

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеДа, Стефан е добриот тип, но приказната за Дејмон и Елена е многу поинтересна. Тој прв ја запозна, но беше приморан да ја заборави. Бидејќи нивната романса е забранета, тој постојано се однесува премногу кул за да се грижи за такви нешта, но ние знаеме дека тоа не е вистина. Нежната страна на Дејмон постојано надѕирнува и кога ќе се појави, ни покажува колку неверојатно сложена е нивната љубовна приказна.rn
    rn

    16. Шон и Џулиет – Видовитиот

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеОваа љубовна приказна е повеќе за смирувањето на девојката отколку за што било друго, додека разиграната будалштина на Шон ја освои Џулиет која веќе не може да одолее на неговиот шарм.rn
    rn

    17. Ленард и Пени – Теоријата за Биг Бенг

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеБубалицата ја освои згодната девојка отспротива. Сите неизбежни проблеми се таму, но тешкиот пат до среќата е она што ја прави оваа приказна толку добра.rn
    rn

    18. Хаус и Кади – Доктор Хаус

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеЕдинствената жена која може да се справи со доктор Хаус е Кади. Тие имаа уникатен однос сè додека конечно не влегоа во љубовна врска. Но, за жал ни таа не можеше да се натпреварува со неговата прва љубов, Викодинот.rn
    rn

    19. Овен и Кристина – Вовед во анатомија

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеНивната врска беше комплицирана и сурова сè додека се бореа да го надминат пострауматскиот стрес на Овен. Нивната приказна е прекрасно обликувана околу два сериозно скршени ликови кои се обидуваат, не успеваат и повторно се обидуваат да се спојат еден со друг.rn
    rn

    20. Рејчел и Фин – Гли

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеТинејџерската романса е секогаш полна со драма и тоа дефинитивно е случај и со овие двајца кои мораа да поминат низ голем број  пречки и ликови кои се обидуваат да застанат помеѓу нив. Но и покрај лошото раскинување, сите ние знаеме дека тие на крајот повторно ќе бидат заедно.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Животниот циклус на љубовните врски

    Животниот циклус на љубовните врски

    Парискиот фотограф Џулиен Маув ги документира случувањата во љубовните врски преку колекција фотографии, која тој ја нарече „Безнадежни романтичари“. Станува збор за емоционална приказна составена од запознавање, вљубување, несогласувања, разделба и обид за повторно смирување. Фотографиите се испланирани до совршенство, со внимавање на секој детаљ.rnrnЖивотниот циклус на љубовните врскиrnrnВо серијата фотографии има два главни ликови кои минуваат низ вообичаените фази на љубовните врски. Фотографот објаснува дека целиот проект е инспириран од очајната потрага по совршената љубов која ја гледаме во филмовите и за која читаме во книгите. Тој вели:rn
    rn

    „Кога реалноста ќе ја прегази магијата на љубовта и ќе исчезне илузијата за романтичните клишеа, мажите и жените почнуваат да се гледаат какви се навистина. Со настапувањето на реалноста, доаѓаат и тешките мигови кога мора да ја ускладиме нашата врска со нашите очекувања.“rn

    rnЖивотниот циклус на љубовните врскиЖивотниот циклус на љубовните врскиЖивотниот циклус на љубовните врскиЖивотниот циклус на љубовните врскиЖивотниот циклус на љубовните врскиЖивотниот циклус на љубовните врскиЖивотниот циклус на љубовните врскиЖивотниот циклус на љубовните врскиЖивотниот циклус на љубовните врскиЖивотниот циклус на љубовните врскиЖивотниот циклус на љубовните врскиЖивотниот циклус на љубовните врскиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прашања кои треба да си ги поставите пред да ја прекинете врската

    Прашања кои треба да си ги поставите пред да ја прекинете врската

    После многу кавги и неслога помислувате дека прекинувањето на врската е единствено решение? Не брзајте со донесување на вакви одлуки. Ова се прашањата кои треба да си ги поставите доколку размислувате за крај.rnrnПрашања кои треба да си ги поставите пред да ја прекинете врскатаrn

    Дали партнерот е причина за мојата состојба?

    rnСтресот и нервозата може да нè натераат да избрзаме со нашите постапки. Доколку се чувствувате лошо не барајте ја веднаш вината во вашиот партнер. Некогаш поради проблеми од секојдневието, со факултетот или работата, се чувствуваме лошо и мислиме дека сè тргнало по ѓаволите, па често знаеме бесот да го истуриме на партнерот. Доколку се чувствувате лошо размислете дали партнерот ви стои на патот кон среќата и задоволството или други проблеми ве натерале да размислувате дека на вашата врска ù нема спас.rn

    Колкава е празнината помеѓу нас?

    rnПонекогаш претеруваме со нашите очекувања и забораваме дека никој не е совршен, па не сме ни ние. Често ни се наметнуваат прашања како: „Дали уште постои страст меѓу нас?“ или „Дали сè уште физички ме привлекува?“ и можат да влијаат многу врз начинот на кој размислуваме и донесуваме одлуки. Најчесто овие прашања и дилеми се појавуваат поради сексуално незадоволство или недостиг на комуникација. Пробајте да ги подобрите овие аспекти, потрудете се, не кревајте веднаш раце од сè.rn

    Дали неговите/нејзините лоши навики би можел/а да ги поднесам?

    rnСекој си има иритирачки навики, но некогаш е добро да направите компромис. Размислете дали станува збор за нешто за што вреди да направите компромис, навика која ве нервира, но би можеле да ја прифатите со цел вашата врска да опстане. Едно е да бидете на сосема различна бранова должина во интересите и сфаќањата, а сосема друго е да донесете одлука базирана на моментална нервоза. Некогаш е жално да прекинете врска во која сте вложувале и сте се труделе само поради моментална фрустрација.rn

    Дали имам резервирано време за самиот/самата себе?

    rnМожеби сè што ви треба е да бидете сами со себе. Одвојувате еден час од денот кога ќе бидете сами, одете на прошетки и пешачење, разбистрете си ги мислите. Вашиот партнер можеби ви одговара, но се чувствувате задушени. Издвојувајте си време за себе. Можете дури и самите да заминете на викенд на некое тивко место и добро да размислите пред да ја донесете одлуката.rn

    Дали сум подготвен/а да бидам без него/неа?

    rnФакт е дека не знаеме што имаме сè додека не го изгубиме. Кога ќе сфатиме дека нештото или личноста би можеле да ја изгубиме засекогаш, можеби ќе знаеме да ја цениме повеќе. Замислете си каков би бил вашиот живот без вашиот партнер? Се гледате себеси како посреќни и поуспешни?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Правила за раскинување

    Правила за раскинување

    Сите знаеме дека раскинувањето никогаш не е лесно. Но, како и сè друго, така и тоа си има свои правила. Ако веќе претчувствувате дека се ближи крајот на врската, обидете се да се придржувате до следниве правила.rnrnПравила за раскинувањеrnrnРаскинувањето е лично – Се работи за личност за која сè уште се грижите и затоа не користете Интернет или СМС-пораки за да ја соопштите лошата вест. Разговарајте лице в лице и бидете искрени, но пристојни.rnrnПланирајте го разговорот – Постои можност да избегате од темата и раскинувањето да добие друга насока. Составете си го сценариото во глава за да ја намалите нервозата и да се сосредоточите на целта.rnrnНе лажете – Кажете ја вистинската причина зошто раскинувате. Сигурно ќе бидете во искушение да ја ублажите состојбата, но искреноста е сепак најдобриот пристап. Не оставајте другата страна да погодува и да претпоставува зошто врската не успеала.rnrnПравила за раскинувањеrnrnНо, не навлегувајте во детали – Не бидете сурови опишувајќи колку би било убаво кога вие двајца би се разделиле. Цензурирајте се самите себе. Нема потреба да додавате дека веќе се интересирате за некој друг.rnrnНе раскинувајте кога сте под дејство на алкохол – Не само што зборовите несвесно ќе ви излетуваат од уста, туку и помнењето ќе ви биде заматено. Уште полошо ако и тој е во алкохолизирана состојба, затоа што најверојатно нема да се сеќава дека сте му раскинале, па ќе мора да го направите тоа уште еднаш.rnrnНе давајте лажна надеж – Посебно не дека работите во иднина би можеле повторно да функционираат. Лажната надеж го ублажува ударот, но ја продолжува болката.rnrnПравила за раскинувањеrnrnРазберете се со убаво – Но, не очекувајте дека сосема ќе ги расчистите работите. Колку и да посакувате да бидете начисто кога ќе ги завршувате работите, тоа може никогаш да не се случи. Затоа не обидувајте се да се сретнувате сè додека не расчистите. Ако е готово, готово е.rnrnНе контактирајте некое време – Одолејте му на искушението и заборавете на секаков контакт извесно време после раскинувањето. Контактите од сожалување или затоа што имате грижа на совеста не се оправдание. Дајте си простор еден на друг и продолжете секој по својот пат.rnrnБез повторно смирување – Најголема опасност по раскинувањето е можноста повторно да се смирите. Затоа бидете внимателни. Ако еднаш сте раскинале, па сте се смириле, големи се шансите повторно да раскинете заради истата причина како и првиот пат.rnrnПравила за раскинувањеrnrnРаскинувањето не е центар на внимание – Не споделувајте го јавно раскинувањето и не принудувајте ги заедничките пријатели да одберат страна. Раскинувањето е доволно болно и без целото внимание на јавноста.rnrnНе форсирајте нов состанок – Осигурајте се дека поминало доволно време од раскинувањето и дека сте навистина подготвени за нов состанок. Ако во вашиот живот се појавила нова личност која ви се допаѓа, бидете отворени, трпеливи и  најважно од сè, бидете искрени.rnrnБидете голема личност – Зачувајте го достоинството така што нема да си кажете ништо ужасно еден на друг за време на раскинувањето. Тоа нема да направи да се чувствувате подобро. Завршете ја врската учтиво и грациозно.rnrnПравила за раскинувањеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Другар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнеш

    Другар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнеш

    Едно е сигурно, вистинските пријатели се тука едни за други и во добри и во лоши времиња. Па така, без разлика дали треба да се помине цел еден ден слушајќи за бившиот/та и да се повторува по стоти пат колку правилна одлука е тоа што раскинале, никогаш не се буниме за посветеното време, па и нерви. Но, можеби може да се направи нешто повеќе од само едно кафе посветено на неговите/нејзините маани и тешење дека наредниот/та ќе биде вистинскиот/та. Еве неколку начини како најдобро да им помогнеме на пријателите во вакви ситуации.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    1. Прилагодете се на расположението

    rnРаскинувањето со себе носи и промени на расположението, но обично сите одиме во една или во друга крајност – екстремно плачливи или нервозни во стилот „тргни ми се од пред очи“. Без разлика на вентилот кој го избрал вашиот пријател/ка, прилагодете се на секоја ситуација. Сака да гледа срцепарателни драми цела недела? Не заборавајте сладолед. Секое споменување на бившата љубов е проследено со изливи на нервоза? Одете во теретана и цврсто држете ја боксерската вреќа.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    2. Негативни коментари се добредојдени, секако наменети за другата страна

    rnДа бидеме реални, никој не сака да слушне од своите пријатели, и тоа веднаш после раскинувањето, за тоа колку згоден дечко ù бил бившиот или колку паметна девојка му била поранешната. Ако некогаш сте имале нешто негативно да кажете или имало нешто што ве вадело од такт, сега е вистинското време за тоа. Можеби звучи детски и незрело, но токму некој таков коментар можеби ќе измами насмевка.rnrnДевојките можеби ќе се сетат на сцената од „Сексот и градот“, кога Кери се труди да ги убеди сите дека добро се справува со новата врска на Биг и Наташа, и токму среде непријатната тишина Саманта вели „Наташа, какво име е тоа?“. Некој ваков коментар сигурно ќе успее да го/ја насмее. Ако сака да биде малку злобен/на, бидете злобни заедно.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    3. Не дозволувајте да направи нешто за што подоцна ќе се покае

    rnАлкохол и телефон во рака никогаш не се добра комбинација. А сите знаеме колку е лошо чувството кога утредента ќе се разбудиш со мислата дека си испратил некоја не толку пријатна порака кај последниот човек со кој би требало да комуницираш. Направете им услуга на вашите пријатели и не дозволувајте да западнат во слични ситуации. Затоа што дефинитивно е тешко кога подоцна уште и треба да се извиниш со изговор дека алкохолот си го направил своето. Уф!rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    4. Испланирајте нешто на што ќе се радува

    rnБило да е излегување на некое ново место, викенд некаде на страна или пак одење на кино, што и да е што ќе направи да се чувствува подобро. Секогаш е добра идеја да се биде активен, а токму поради тоа што ќе мора да мисли на вашето следно патување нема да има време да размислува за ништо друго, а особено не на бившиот/та. Патем, шопингот е секогаш добра опција.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    5. Или пак, не правете ништо

    rnДоколку почувствувате дека на вашиот пријател/ка му/ù е потребно само повеќе време да биде сам/а, тогаш најдобро што можете да направите е да оставите простор и време за тоа. Секој човек различно се соочува со животните кризи, а вие најдобро ги познавате вашите пријатели и знаете што им треба во моментот. Некогаш, доволно е да знае дека сте тука во кое било време.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    6. Помогнете да се фокусира на другите аспекти од својот живот

    rnОна што можеби најтешко им паѓа на сите после раскинување, особено кога станува збор за долга врска, е како да се прилагодат на фактот дека сè она што претходно го правеле во пар сега мора да го прават сами. Не дозволувајте да се откаже само затоа што сега ќе треба нештата да ги врши сам/сама. Особено важно е да помогнете да си ја поврати самодовербата, поттикнувајќи го/ја на нови предизвици, без разлика дали е тоа ново хоби, нова работа или пак можеби да повика некого на состанок.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнеш