КАФЕ ПАУЗА

Tag: рамен

  • Напиток за рамен стомак по празничните гозби

    Напиток за рамен стомак по празничните гозби

    Празничната трпеза во овој период од годината, е нешто на кое ретко кој може да остане рамнодушен. Но, дури откако ќе се прејадеме вкусни празнични оброци, стануваме свесни дека тоа гоштевање веднаш ќе се одрази на нашиот стомак. Доколку планирате да заблескате со вашата фигура во текот на новогодишните и божиќните празници, употребете го овој брз и ефикасен рецепт, кој ќе ви го израмни стомакот и покрај прејадувањето.rnrnНапиток за рамен стомак по празничните гозбиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 литри вода
    • rn011

    • 1 лажица свеж рендан ѓумбир
    • rn011

    • 1 краставица со средна големина, исечена на крукчиња
    • rn011

    • 12 ливчиња нане
    • rn

    rn

    Подготовка:

    rn1. Во голем, стаклен сад, бокал или шише со широко грло ставете ги сите наведени состојки.rnrn2. Прелијте ги состојките со вода и така подготвениот напиток, оставете го преку ноќ во фрижидер или на балкон.rnrn3. Подготвениот напиток пијте го во текот на целиот ден, секојпат кога ќе почувствувате жед.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите совети за рамен стомак

    Најдобрите совети за рамен стомак

    Рамниот стомак е желба на секого, особено во летниот период, кога се носи тенка и лесна облека, со која сите недостатоци излегуваат на виделина. За да дојдете до рамен стомак, морате да направите некои промени во начинот на живеење, кои ние ви ги прикажуваме преку неколку одлични совети.rnrnНајдобрите совети за рамен стомакrn

    Опуштете се

    rnСтресот и нервозата го подигнуваат производството на кортизол, хормон кој помага при складирањето на мастите, особено во делот на абдоменот. Практикувајте длабоко дишење. Тоа е вежба која го снижува нивото на стрес, па затоа на секој саат направавте куса пауза и вдишете длабоко барем пет пати. Додека вдишувате одбројте до пет, додека издишувате бројте до десет.rn

    Седнете и јадете

    rnДоколку јадете премалку, телото е програмирано на изгладнување. Затоа сета калорична храна која ќе ја внесете, телото ќе ја складира наместо да ја согори, поради „страв“ дека многу набрзо ќе влезе во фаза на изгладнување.rn

    Правете кардио вежби

    rnМускулите се метаболистички поактивни од мастите, што значи дека што повеќе ги имате, толку побрз ќе ви биде метаболизмот. Том Холанд, тренер по професија, советува неделно да вежбате онолку минути, колку што имате килограми, сметајќи по американските мерни единици. Па така, доколку имате 65 килограми, тоа се 145 фунти (lb), што значи дека треба да вежбате толку минути неделно. Најубаво е овој износ да го распоредите во неколку денови од неделата. За да пресметате колку сте тешки по американскиот систем на мерни единици, можете да искористите некој од онлајн сервисите за конвертирање од една единица во друга.rn

    Јадете интегрални житарки

    rnИстражувањето спроведено од Универзитетите „Пен Стејт“ и „Тафтс“ од САД, откриле дека луѓето кои јадат повеќе интегрални житарки, а помалку рафинирани јаглехидрати имаат помалку маснотии на струкот.rn

    Кога вежбате, опфатете ги сите мускули

    rnТренерот Ганар Петерсон кој работи со Софија Варга и Ким Кардашијан вели дека треба редовно да правите вежби за секој дел од стомакот, па затоа почнете да правите различни видови стомачни вежби.rnrnНајдобрите совети за рамен стомакrn

    Пијте зелен чај

    rnМногу истражувања покажале дека антиоксидансите од зелениот чај го поттикнуваат метаболизмот и одлично делува на подрачјето околу стомакот.rn

    Посегнете по билките

    rnНането, камилицата и ѓумбирот ја намалуваат подуеноста на стомакот, а благовремено делуваат и на целиот дигестивен систем. Доколку не ги сакате овие чаеви, добра алтернатива е ананасот кој содржи бромелин, ензим кој исто така делува на дигестивниот систем.rn

    Намалете со шеќерот

    rnНеколку американски истражувања покажале дека во просек американците дневно внесуваат по 20 коцки шеќер во организмот. Поголемиот дел од нив не ни знаат дека него го внесуваат преку замрзнатите готови вечери, јогуртите, сосовите за салати и слично. Тоа се дополнителни 325 калории дневно, а покрај тоа шеќерот го зголемува производството на инсулин кој го забавува метаболизмот.rn

    Држете се до правилото „десет проценти“

    rnТренерот Холанд советува дека 10% од вежбите кои ги правите треба да ги резервирате за стомачните мускули.rn

    Вечерајте едноставна храна

    rnЗа вечера јадете протеинска храна и зелен зеленчук. Избегнувајте десерти и тешка храна.rnrnНајдобрите совети за рамен стомакrn

    Водете дневник за вашата исхрана

    rnЗапишувајте што јадете и запомнете поради која храна најчесто се дуете, па почнете да ја одбегнувате.rn

    Јадете храна богата со калциум и калиум

    rnТелото може да задржува повеќе вода ако нивото на калиум и калциум во организмот е ниско. За да го одржите нивното ниво, јадете спанаќ, банани, урми, суво грозје, риба, компир, пијте јогурт и слично.rn

    Избегнувајте пржена храна

    rnМаснотијата во пржената храна се вари многу бавно и поради неа често се чувствувате подуено и ви е тешко на стомакот.rn

    Зголемете го интензитетот на вежбање

    rnЗголемете им го интензитетот на вашите вообичаени кардио вежби и ќе трошите многу повеќе калории. Тренерот Петерсон вели дека спринтот во возењето велосипед, трчањето, пливањето или во кој било друг спорт е доволно да трае и само 10, 20 или 30 секунди. Откако малку ќе се одморите можете повторно да забрзате.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку совети за рамен стомак

    Неколку совети за рамен стомак

    Правилната исхрана и редовното вежбање се двата клучни фактори за рамен стомак. Ова се неколку интересни совети кои ќе ви помогнат побрзо да го постигнете тоа.rnrnНеколку совети за рамен стомакrn

    1. Масирајте го стомакот

    rnМасирајќи го стомакот вие го забрзувате процесот на варење на храната. Затоа треба со целата дланка со кружни движења да го масирате стомакот по јадењето.rn

    2. Држете го телото исправено

    rnПравилното држење на телото е одлично за стомачните мускули. Се препорачува, 3 до 5 пати во денот додека седите да го вовлекувате стомакот.rn

    3. Секој залак џвакајте го долго

    rnДоколку многу брзо ја голтате храната и разговарате за време на оброкот, во стомакот влегува голема количина на воздух. Покрај тоа, јадејќи брзо, внесувате многу повеќе храна отколку што навистина ви е потребно за да се најадете.rn

    4. Избегнувајте сол

    rnЕдна од клучните причини за таложење на масните наслаги е солта. Токму затоа гледајте да ја консумирате во многу мали количини.rn

    5. Пијте напитоци од лимон и ѓумбир

    rnСекое утро пијте по една чаша напиток направен од свеж лимон и ѓумбир, со што ќе го забрзате метаболизмот.rn

    6. Јадете цели житарки

    rnВо прилика кога сакате да посегнете по јаглени хидрати одберете житарки кои бавно се варат, како што е лебот направен од цели житарки кој ја изедначува количината на инсулин во крвта.rn

    7. Секојдневно јадете јаболка

    rnЈаболката директно влијаат на мускулната моќ и губењето на маснотиите. Тие ја подобруваат работата на гените задолжени за согорување на мастите и го намалуваат создавањето и складирањето на мастите.rn

    8. Консумирајте авокадо

    rnАвокадото е богато со мононезаситени масни киселини, кои не се складираат во телото како масти.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како до рамен стомак за само 5 дена?

    Како до рамен стомак за само 5 дена?

    Искусните британски фитнес-тренери Аманда Урсел и Ники Ватермен направиле одличен план како за само 5 дена да добиете рамен стомак. Темел на оваа рутина се неколку совети, а за сите оние кои ќе се придржуваат до нив, резултатите се загарантирани.rnrnКако до рамен стомак за само 5 дена?rnrnДоколку се чувствувате тешко и надуено, а се грижите како ќе изгледате во новата облека специјално купена за некој настан, вистинско време е да се посветите на создавање здрави прехранбени навики.rn

    Положба и џвакање

    rnГлавен фактор е да сте седнати додека јадете и да џвакате пополека со затворена уста. Што подолго трае џвакањето на еден залак, толку помалку ќе јадете.rn

    Избегнувајте сокови и пијалаци

    rnЗасладените овошни сокови, засладените минерални води и газираните пијалаци се богати со калории и го дујат стомакот. Затоа практикувајте да пиете само вода кога сте жедни.rnrnКако до рамен стомак за само 5 дена? rn

    Избегнувајте вештачки засладувачи

    rnВештачките засладувачи кои содржат сорбитол, манитол и лактитол, се варат во цревата на стомакот каде што голем број бактерии се хранат со нив. Поради тоа абдоменот и цревата создаваат дополнителни гасови кои го отежнуваат варењето на храната. Најдобро е да се користи кафеав шеќер, но во мали количини.rn

    Внимавајте на отпорниот скроб

    rnПо правило скробот е лесен за варење, но постои и скроб кој е отпорен на ензимите за варење на храната. Тој не успева да се апсорбира во тенкото црево, па така несварен поминува во дебелото црево. Поради ваквиот скроб, цревата често се дујат. Овој скроб го има во гравот, бананите, оризот, компирот и печурките.rn

    Избегнувајте зеленчук кој дуе

    rnГравот, кромидот и зелката се дел од намирниците кои најмногу го дујат стомакот. Во деновите кога сакате да изгледате совршено, гледајте да ги избегнете.rnrnКако до рамен стомак за само 5 дена?rn

    Пијте пробиотици

    rnДобрите бактерии од јогуртот, помагаат при варењето на храната да се намали количеството на воздух во цревата, а научниците од универзитетот во Манчестер докажале дека пробиотиците ја намалуваат и надуеноста на стомакот.rn

    Намалете со солта

    rnСтручњаците тврдат дека ограничувањето на количината на сол која ја внесувате во организмот на само 3 грама дневно, може значително да ја намали подуеноста на стомакот. Солта се врзува со водата и со тоа предизвикува подуеност. Најголемиот дел од количеството на сол, луѓето ја внесуваат преку закуски, чипсови, грицки и слично.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.