КАФЕ ПАУЗА

Tag: ракопис

  • Одлични трикови кои ќе ви помогнат да го подобрите вашиот ракопис

    Одлични трикови кои ќе ви помогнат да го подобрите вашиот ракопис

    Во денешно време, сите ние повеќе ја користиме тастатурата отколку рацете, поради што нашиот ракопис трпи последици. Сепак, понекогаш ќе ви притреба да се послужите со пенкало или молив. Кога тоа ќе се случи, сигурно нема да сакате вашиот текст да биде нечитлив. Со цел да ви помогнеме да го подобрите вашиот ракопис, ви предлагаме неколку ефикасни совети.rnrn1-odlichni-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-go-popravite-vashiot-rakopis-www.kafepauza.mk_rn

    1. Пишувајте полека

    rnНајверојатно сте забележале дека вашиот ракопис изгледа поразлично кога сте одвоиле време за убаво да ја напишете секоја буква и тогаш кога набрзина сте запишале нешто. Токму затоа треба да забавите секогаш кога пишувате рачно. Тоа може да биде доста тешко кога седите во училницата со професор или сте на состанок со шеф кои зборуваат со брзината на светлината. Сепак, кога ќе ја работите вашата домашна задача или работната обврска, ќе имате доволно време за да го напишете секој збор полека и внимателно.rn

    2. Протегнете ги вашите зглобови за да се опуштат

    rnСигурно не сакате вашите зглобови и раце да бидат вкочанети додека пишувате. Токму поради тоа, без разлика колку смешно ви звучи, добра идеја е да го истегнете вашето тело пред да започнете со пишување. Поради ова, вие ќе се чувствувате поопуштени, а зборовите ќе се слеваат како што треба.rn

    3. Држете го вашето пенкало долу

    rnСигурно не го држите вашето пенкало на врвот, туку некаде на средината. Вашите прсти треба да бидат колку што е можно поблизу до врвот со кој пишувате. Доколку не го држите правилно вашиот прибор за пишување, тогаш на крајот ќе добиете невешт ракопис. Најпрво треба да ги совладате основните правила пред да забележите напредок, па затоа осигурете се дека го држите вашето пенкало правилно.rnrn2-odlichni-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-go-popravite-vashiot-rakopis-www.kafepauza.mk_rn

    4. Движете ги вашите лакти, а не зглобовите и прстите

    rnПоместувањето на зглобот е најголемата грешка која ја прават луѓето додека пишуваат. Вие всушност треба да ги поместувате вашите лакти, а не прстите и зглобовите. Ова можеби е тешко да се направи, па токму поради тоа е добро да започнете да пишувате гигантски писма во воздухот со вашата рака. Откако ќе го совладате тоа, можете да продолжите кон пишување сѐ помали и помали писма, сѐ додека не ги собере на лист хартија.rn

    5. Држете го вашето пенкало полабаво

    rnНекои луѓе ги држат своите пенкала или моливи со преголема сила. Сепак, доколку сакате вашиот ракопис да изгледа убаво, треба да го опуштите вашиот зафат. На тој начин, ќе ви биде многу полесно да ги создадете линиите на буквите.rn

    6. Пишувајте почесто со рака, наместо да куцате на тастатура

    rnАко сакате вашиот ракопис да изгледа подобро, тогаш мора да се обидете почесто да пишувате рачно. Наместо да ги пишувате работните задачи на компјутерот, обидете се да ги запишете во тетратка. Наместо да им пишувате пораки на вашите пријатели од странство, обидете се да им пратите рачно напишано писмо. На тој начин ќе си издвоите повеќе време за вежбање.rn

    7. Останете на линиите

    rnАко вашиот ракопис треба да се подобри, тогаш обезбедете си тетратка со линии. Ако пишувате на празен лист хартија, на крајот ќе добиете коси реченици и нееднакви големини на буквите. Секако, доколку користите тетратка со линии, тогаш ќе биде потешко да ги направите наведените грешки. Тоа е причината поради која секогаш треба да имате тетратка при рака.rnrn3-odlichni-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-go-popravite-vashiot-rakopis-www.kafepauza.mk_rn

    8. Извежбајте ја основата

    rnЗа да го подобрите ракописот, обидете се да ги извежбате основните облици, како што се линиите и круговите. Целиот ракопис е составен од линии и (полу)кругови. Кога константно ќе можете да ги правите истите форми одново и одново, тогаш можете да продолжете и да се обидете со целосни букви.rn

    9. Користете насочена шема

    rnИзгледа како за во градинка, но понекогаш ги забораваме точните начини за пишување на буквите од азбуката. Со проучување на насочената шема ќе го научите правилниот начин за пишување на буквите и тоа ќе го подобри вашиот ракопис.rn

    10. Испробајте различен прибор

    rnНекои луѓе пишуваат подобро со молив, други пак со пенкало, па затоа обидете се да пишувате со различен прибор, дури и со различна дебелина од истиот, за да забележите кој ви овозможува да имате најдобар ракопис. Можеби ќе го пронајдете вашиот омилен прибор за пишување кој ќе направи чудо за вашиот краснопис. И покрај тоа што сте научиле да пишувате додека сте биле дете, секогаш постои простор за напредување.rnrn4-odlichni-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-go-popravite-vashiot-rakopis-www.kafepauza.mk_

  • Необичен тест: Напишете го своето име на лист хартија и откријте дали страдате од некоја болест

    Необичен тест: Напишете го своето име на лист хартија и откријте дали страдате од некоја болест

    Можеби сте слушнале за графологијата, студија за ракописот која може да открие особини на личноста. И ако добро размислите, навистина не постојат две личности кои исто пишуваат. Не постојат ниту две личности кои имаат исто здравје, но научниците успеале да најдат неколку законитости во ракописот на оние кои страдаат од исти болести. Анализата на начинот на кој една личност пишува реченици отишле толку далеку, што се верува дека ракописот би можел да биде ран показател на потенцијални здравствени тегоби, како што е хипертензијата или Алцхајмеровата болест.rnrnПроверете сами: Напишете го своето име и откријте дали страдате од некоја болестrnrnПа, ништо не губите доколку се обидете да проверите дали и кај вас постои опасност од висок крвен притисок, Алцхајмерова болест, шизофренија или Паркинсова болест, но исто така може да покаже и дали имате вишок или пак, ви фали енергија.rn

    Висок крвен притисок

    rnДоколку пишувате со различно притискање на пенкалото, тоа би можело да биде еден од показателите дека имате висок крвен притисок или хипертензија – особено ако видливоста на буквите се движи од многу светла, до многу темна.rn

    Алцхајмерова болест

    rnПонекогаш ракописот се влошува паралелно со влошувањето на менталните способности. Тоа вклучува нечитливост на ракописот или пак, промената на изгледот на буквите кои делуваат споено со тресење при пишување. Дури и целиот процес на пишување со тек на време ќе почне да забавува.rn

    Шизофренија

    rnКога закосените букви често варираат во рамките на речениците или во истата реченица, тоа е еден од доказите дека личноста не е во постојан контакт со реалноста.rn

    Паркинсова болест

    rnЕден од показателите на Паркинсовата болест е ситниот и збиен ракопис, познат како микрографија. Понекогаш ракописот може да биде толку ситен, што дури ни оној кој го пишувал не може да го почита.rn

    Вишок или недостаток на енергија

    rnДоколку пишувате со силен притисок врз пенкалото, па напишаното е со дебели букви што дури може и да ја пробијат хартијата, тогаш тоа покажува дека сте личност со многу енергија. Ако додека пишувате едвај ја допирате хартијата и напишаното е светло и бледо, тогаш или ви недостига енергија или сте уморни.

  • Дознајте што открива ракописот за вашиот сексуален живот

    Дознајте што открива ракописот за вашиот сексуален живот

    Сигурно сте прочитале многу текстови и статии за врската меѓу ракописот и вашиот карактер. Но, дали сте знаеле дека ракописот може да открие многу работи и за вашиот сексуален живот? Земете еден лист хартија и напишете „Што очекувам кога спијам со некого?“. Убаво разгледајте го вашиот ракопис и откријте што кажува тој за вашите навики меѓу чаршафите…rnrnДознајте што открива ракописот за вашиот сексуален животrn

    Големина на буквите

    rnСитни: Вие сте срамежливи и сакате да бидете потчинети. Откако ќе се соблечете, очекувате од партнерот да ја преземе контролата во негови раце. Поради тоа, честопати претпочитате тој да е одозгора и да ја врши целата работа. Тоа не е така затоа што сте мрзливи и не сакате да се потрудите, туку едноставно поубаво ви е кога некој има контрола врз вас.rnrnКрупни: Вие сакате да давате наредби и да одбирате која поза ќе биде следна. Тоа прави да се чувствувате моќни, силни и сексапилни.rnrnПросечна големина: Понекогаш сте потчинети, понекогаш доминирате. Зависи од ситуацијата и расположението. Сакате да давате, но и да добивате, така што не ви е важно кој ја има контролата, најважно е да доживеете оргазам.rn

    Форма на буквите

    rnЗаоблени: Вие сте креативни и сакате да испробувате нови работи за да ја одржите страста во креветот. Немате никаков проблем со користење разни секс играчки, обожавате да облекувате костими и да глумите, а некогаш ви се случува и да се појавите на љубовниот состанок без долна облека што обично завршува со секс на јавно место.rnrnИзострени: Вие се држите до она што добро го познавате. Не сакате да експериментирате, да користите лисици, врзување или да носите необична долна облека. Доволно ви е само голото тело на партнерот. Не ви требаат никакви други чудни додатоци и играчки.rn

    Колку го притискате пенкалото додека пишувате

    rnСилен притисок: Вие сте големи љубители на грубиот секс. Не ви пречи тегнењето за коса и „плескањето“ по задникот. Голем експерт сте и за користењето вулгарни зборови за време на сексот.rnrnСлаб притисок: Вие немате секс, вие водите љубов. Нежно го бакнувате телото на партнерот и го гледате длабоко во очите. Секое водење љубов со вас претставува посебно сексуално искуство.rnrnДознајте што открива ракописот за вашиот сексуален животrn

    Закосеност на буквите

    rnЗакосени кон десно: Многу брзо ви досадуваат работите, така што дефинитивно не ја практикувате мисионерската поза секоја вечер. Сакате да пробувате нови позиции, нови места и нови движења.rnrnЗакосени кон лево: Не ви пречи рутината, но одвреме-навреме го будите вашиот авантуристички дух. Сакате да имате секс на необични места и да се бакнувате страсно сред трговскиот центар. Не ви е потребна возбуда цело време, но не ви пречи да пробувате нови работи.rnrnПотполно прави: Многу сте конзервативни. Воопшто не сте заинтересирани за секс во јавност или за гледање порно филмови заедно со партнерот. Вие сакате да имате нормален секс во приватноста на вашиот дом.rn

    Видот на буквите

    rnРакописни: За вас сексот претставува поезија. Сексуалниот чин има големо значење и претставува нешто небеско. Токму затоа имате секс само со луѓе за кои сте сигурни дека сакаат да започнат сериозна врска со вас.rnrnПечатни: Вие сте реалисти. Знаете дека сексот е животински и претставува природна потреба. Сте имале секс кој имал длабоко значење за вас, но сте имале и секс со луѓе кои воопшто не сте ги познавале. Немате ништо против сексот за една вечер и пријателствата со придобивки.rnrnВо продолжение дознајте и што открива ракописот за вашиот карактер.

  • Што кажува вашиот ракопис за вас?

    Што кажува вашиот ракопис за вас?

    Неверојатно е тоа колку работи можат да се откријат благодарение на ракописот на еден човек. Исто како и говорот на вашето тело, така и ракописот може да каже многу работи за вашиот карактер, дури може и да се искористи за да откријат одредени сериозни здравствени проблеми. Следуваат главните одлики на калиграфијата кои ја дефинираат вашата личност…rnrnШто кажува вашиот ракопис за вас?rn

    Големината е важна

    rnПри анализата на вашиот ракопис, големината е од витално значење. Ако пишувате со крупни букви, вие сте екстровертна личност. Вие сте комуникативни, самоуверени и лесно ви е да воспоставите контакт со нови луѓе. Не ви пречи да бидете во центарот на вниманието. Доколку пишувате со ситни букви, голема е веројатноста дека сте интроверт. Вие сте фокусирани, внимателни и срамежливи. Секогаш обрнувате внимание на деталите и ги анализирате луѓето пред да почнете да се чувствувате сигурно и пријатно во нивно друштво.rn

    Просторот што го оставате помеѓу зборовите и буквите

    rnАко оставате голем простор помеѓу зборовите, тоа е показател дека тешко им верувате на луѓето. Сакате да поминувате време сами и избегнувате контакт со други луѓе. Доколку оставате среден простор, тоа покажува дека ви е пријатно да бидете во друштво со луѓе. Ако, пак, пишувате оставајќи мал простор, постои можност дека сте малку нестабилни кога станува збор за емоциите и размислувањата. Постојано чувствувате потреба да бидете околу луѓе и не можете да поднесете да бидете сами.rnrnСредниот простор помеѓу буквите покажува дека сте самоуверена и независна личност. Буквите напишани блиску едни до други, покажуваат дека ви е непријатно да бидете сами и укажуваат на недостаток на самодоверба.rn

    Закосеност на буквите

    rnАко сите букви ви се поставени право, без да закосуваат, вие сте практични, разумни и урамнотежени. Знаете да ги контролирате емоциите и ситуациите во вашата околина. Меѓутоа, доколку вашите букви закосуваат на десно, вие имате помалку контрола и сте поотворени за нови искуства. Сакате да запознавате нови луѓе и промената ве возбудува. Но, постои и трета опција: Ако ги закосувате буквите на лево, тогаш сте повнимателни и срамежливи. Не сакате да бидете во центарот на вниманието, но добро се снаоѓате во тимска работа.rn

    Каде ја ставате точката на „ј“

    rnТочката на „ј“ се чини како сосема неважен детаљ, но ќе бидете изненадени кога ќе дознаете колку всушност таа открива за вас. Ако ја ставате точката високо, веројатно имате бујна имагинација. Вие постојано сонувате со отворени очи и со главата летате во облаците. Ако ставате цртичка наместо точка, вие знаете премногу да критикувате и да набљудувате. Секогаш сакате да го извлечете најдоброто од себе, но никогаш не сте задоволни бидејќи сметате дека сте можеле подобро. Ако користите крукче или друг симбол наместо точка, вие сте креативни и често се однесувате незрело. Сакате да си играте и да извлечете корист од секоја ситуација каде ќе ви се укаже прилика да оставите личен печат на она што го правите.rn

    Притисок

    rnПритисокот што го користите додека пишувате на хартија, зборува за вашата виталност и лична сигурност. Ако притискате многу кога пишувате, тоа значи дека сте силни, самоуверени и сигурни во себе. Многу сте посветени и секогаш гледате напред. Но, ако малку притискате кога пишувате, голема е веројатноста дека сте чувствителни и емпатични. Секогаш се сомневате во себе и тешко ви е да донесете одлука.

  • Малите нешта се важни: Луѓето ја проценуваат вашата личност врз основа на овие ситници

    Малите нешта се важни: Луѓето ја проценуваат вашата личност врз основа на овие ситници

    Кога запознавате некого за прв пат, веднаш започнувате, можеби несвесно, да го анализирате и проценувате. Ист е случајот и кога некој ќе ва запознае вас. Луѓето честопати не се свесни дека всушност ситниците се основа врз која другите луѓе судат. Дури и врз основа на некои, на прв поглед, небитни и безначајни ситници давате впечаток каква личност сте и каков е вашиот карактер. Луѓето судат и донесуваат грешки. Можеби не се 100% во право, но врз основа на вашето однесување и првите импресии одлучуваат дали тие ќе ви покажат доверба или ќе ви го завртат грбот. Еве врз основа на што се донесуваат заклучоците дали сте „добра или лоша“ личност.rnrn1-malite-neshta-se-vazhni-lugjeto-ja-procenuvaat-vashata-lichnost-vrz-ovie-sitnici-www.kafepauza.mk_rn

    1. Ракописот

    rnНаучниците истражувале дали врз основа на ракописот луѓето судат за нечиј карактер или однесување. Тие дошле до заклучок дека ракописот навистина понекогаш влијае дали некој ќе ја добие работата или не и дали се работи сериозна личност или пак за детинеста и незрела. Истражувањето покажало дека луѓето веруваат дека личностите кои пишуваат со ситен ракопис се срамежливи, додека оние кои пишуваат со крупни и големи букви даваат впечаток дека се дружељубиви, доверливи и сигурни во себе.rnrn2-malite-neshta-se-vazhni-lugjeto-ja-procenuvaat-vashata-lichnost-vrz-ovie-sitnici-www.kafepauza.mk_rn

    2. Бојата на облеката

    rnБојата на облеката навистина зборува многу за вас. Личностите кои се облекуваат во црно оставаат впечаток дека се уметнички настроени, чувствителни и обрнуваат внимание на малите детали, додека оние кои ја сакаат црвената боја обично се весели, разиграни и многу се продуктивни. Зелената боја дава впечаток дека сте вредни и доверливи, додека белата боја на луѓето им сугерира дека сте организирана и многу чувствителна личност.rnrn3-malite-neshta-se-vazhni-lugjeto-ja-procenuvaat-vashata-lichnost-vrz-ovie-sitnici-www.kafepauza.mk_rn

    3. Грицкањето нокти

    rnАко ги грицкате ноктите луѓето нема да помислат само дека вашите нокти изгледаат неуредно, туку тоа однесување ги асоцира и на депресија, нервоза, па и на тоа дека сте израснале во дисфункционално семејство или средина.rnrn4-malite-neshta-se-vazhni-lugjeto-ja-procenuvaat-vashata-lichnost-vrz-ovie-sitnici-www.kafepauza.mk_rn

    4. Обувките

    rnПсихолозите тврдат дека луѓето ги проценуваат другите луѓе врз основа обувките кои тие ги избираат. Како што е и случајот со облеката, така и врз основа на обувките луѓето проценуваат дали имате стил, колку заработувате, дали сте богати, сиромашни, па дури и колку години имате отприлика.rnrn5-malite-neshta-se-vazhni-lugjeto-ja-procenuvaat-vashata-lichnost-vrz-ovie-sitnici-www.kafepauza.mk_rn

    5. Бојата на очите

    rnОчите се огледало на душата, барем така кажува народното верување, а многумина веруваат дека бојата на очите е поврзана со нечии темперамент и чувства. Така, луѓето веруваат дека личностите со сини и зелени очи се помалку агресивни од луѓето со црни и темно кафеава боја на очи.rnrn6-malite-neshta-se-vazhni-lugjeto-ja-procenuvaat-vashata-lichnost-vrz-ovie-sitnici-www.kafepauza.mk_rn

    6. Ракувањето

    rnЛуѓето можеби и несвесно веднаш заклучуваат дека личностите кои имаат цврст стисок одаваат доверба, имаат цврст карактер, но и големи очекувања, како и дека не се плашат јасно и гласно да ги искажат своето мислење и чувства. Личностите кои имаат благ стисок не се личности полни со самодоверба, не се справуваат најдобро со предизвиците и притисоците, како ни со стресните ситуации.rnrn7-malite-neshta-se-vazhni-lugjeto-ja-procenuvaat-vashata-lichnost-vrz-ovie-sitnici-www.kafepauza.mk_

  • Што значи лошиот ракопис?

    Што значи лошиот ракопис?

    Автор: Маја МиноскаrnrnДали можеме да претпоставиме за каква личност станува збор доколку напишаното е со големи букви закосени надесно?! Дали ракописот повеќе говори за личноста или за расположението, моменталната состојба во која се наоѓа?rnrnshto-znachi-loshiot-rakopis-kafepauza.mkrnrnГрафологијата е позната како квазинаучна студија и анализа на ракописот преку која форензичарските научници и поддржувачи на оваа метода ја користат за откривање на карактерот и психолошката состојба на индивидуата. Основна претпоставка е дека централниот нервен систем е одговорен за начинот на кој мускулите се движат и реагираат додека пишуваме. Поконкретно, ракописот е директно зависен од анатомијата на личноста, на пример структурата на коските влијае како некој го држи пенкалото. Координацијата рака-око, мускулната меморија и менталната способност за пресликување на краснопис исто така влијае на тоа како некој пишува. Ракописот може да се промени со тек на време, паралелно како овие ментални и физички карактеристики се менуваат.rnrnЗа лошиот ракопис постојат најразлични толкувања. Лошиот ракопис може да укажува на одреден емоционален товар. Најчесто се вели дека луѓето со лош ракопис имаат тенденција да бидат емоционално нестабилни. Исто така може да иницира на непостојаност, но и на ниска самодоверба или несигурност. Понекогаш може да се гледа од друг агол и да значи независност и желба да им се суди според сопствените заслуги, а не во согласност со стандардните начини.rnrnЛошиот ракопис е секогаш индивидуалистички, бидејќи овој тип луѓе се независни мислители и не секогаш се вклопуваат во очекувањата на општеството.rnrnЛошиот ракопис често се поврзува со креативност и понекогаш тоа може да биде знак на поголема ексцентричност. Се вели дека тој е и карактеристика на интелигентните луѓе и неуредноста на ракописот е последица на брзото размислување.rnrnМногу историски личности ѝ припаѓале на оваа категорија, на пример Паганини, големиот виолинист, кој бил несомнено креативен и ексцентричен. Пикасо исто важи за личност со лош ракопис, но е врвен сликар. Во оваа категорија се вбројуваат и Бетовен, Наполеон и Фројд кои имале страшно неразбирлив ракопис.rnrnЗатоа не очајувајте доколку и вие ѝ припаѓате на оваа група на лоши пишувачи бидејќи и овие луѓе имале лош ракопис, но погледнете што сè имаат постигнато.

  • Откријте некои карактерни особини според потписот на личноста

    Откријте некои карактерни особини според потписот на личноста

    Вашиот потпис е единствен збир од знаци кои многу говорат за вас. Истражувачи од САД утврдиле дека ракописот открива дури до 5.000 карактерни особини.rnrnПа, ако сакате подобро да го запознаете вашиот колега или шеф, послужете се со тајните на графологијата. Во анализата се земаат предвид големината на потписот, закосеноста, начинот на кој се користат или разликуваат името и презимето, користењето на нагласувачи, големината на почетните букви, начинот на поврзување и користењето на точка.rnrnОткријте некои карактерни особини според потписот на личностаrn

    Големина на буквите

    rnГолемината на буквите во потписот покажува колку личноста сака да биде забележана.rnrnАко потписот, според големината и другите детали, личи на вообичаениот ракопис, односно ако е со средна големина, личноста е олицетворение на едноставноста.rnrnАко потписот е малку поголем од ракописот, тогаш личноста е самоуверена, храбра, амбициозна и сака да биде забележана.rnrnКрупниот ракопис со невообичаено големи букви, особено во средната зона, укажува на екстравертна личност кај која преовладуваат чувствата, со изразен нагонски живот и афективност. Кај поедини личности може да укажува на расипништво, но и на општа неумереност.rnrnОд друга страна, ситниот потпис, укажува на потиштеност, отсуство на радост, потреба за повлекување заедно со незадоволство и недоверба, но и на штедливост и добра концентрација.rn

    Потписот во однос на линијата

    rnАко потписот е под линијата, тоа означува песимистична личност, која има потреба да се повлекува, со ниско расположение и делување на нетипичен начин, а ако лебди над линијата се работи за оптимист.rn

    Закосеност на буквите

    rnАко буквите се закосени во лево, личноста е резервирана, внимателна и насочена на иднината.rnrnОние со потпис кој се наведнува во десно, брзо размислуваат, но се карактеризираат со таинственост и склоност за манипулации.rn

    Позиција на потписот на линијата

    rnЗначајно е и на која страна под текстот го оставате потписот.rnrnОптимистите и луѓето кои се воодушевени со сите аспекти на животот, најчесто се потпишуваат на десната страна на линијата за потпис.rnrnПотписот на средината на линијата, во рамнина со текстот, означува личност која сака сигурност и која е неодлучна.rnrnПотписот на левата страна во однос на линијата на текстот може да упатува на малку песимистична личност која живее во минатото.rn

    Големина на првите букви од името и презимето

    rnПовеќето луѓе се потпишуваат со име и презиме, но луѓето кои наместо името користат само иницијал, може да се или склони кон формалности и резервирана службена комуникација или длабоко го мразат своето име.rnrnОние на кои првата буква од името и презимето им е несразмерно поголема од останатите, најчесто се надуени личности кои имаат потреба да бидат уважени и почитувани.rnrnАко на целосно напишани име и презиме, почетната буква од името е поголема од почетната буква на презимето, тоа укажува на изразена самосвест и потреба за истакнување.rnrnИстакнатата почетна буква на презимето, а намалена на името е знак дека таа личност не е во потполност задоволна со себе.rnrnПотписот со печатни букви укажува на социјално неадекватни и личности со интелектуално пониска вредност.rn

    Читкост на потписот

    rnОсвен што може да значи дека личноста нешто сокрива, неуредниот потпис може да означува малку умислена личност.rnrnПотполно неразбирливиот потпис, не земајќи ги предвид канцелариските потписи на формуларите и документите, укажува на лукавост и склоност на измами и нечесност, додека спротивното укажува на јасен и методичен дух.rnrnЕдноставниот потпис без никакви украси и додатни линии укажува на отменост на духот, неупадливост и префинетост.rn

    Заобленост на буквите

    rnАглестиот ракопис може да укажува на самодисциплина и јака волја. Тоа е еден силен, цврст и затворен карактер, којrnможе да биде груб, ригиден и непомирлив.rnrnЗаоблениот ракопис укажува на флексибилност, благост, мирољубивост, способност за прилагодување, но и подложност на влијанија.rn

    Начин на поврзување на буквите

    rnАркадни – поврзување со врски во горниот дел, што укажува на отменост, воздржаност, сталоженост, но и затвореност и неискреност, лицемерство и склоност за формализам.rnrnПоврзувањето со заоблени линии во долниот дел (венечно поврзување) укажува на отвореност, попустливост, способност за прилагодување, добродушност. Овие личности се повеќе склони да даваат одошто да земаат.rn

    Точката на буквите

    rnИ точката во потписот си има скриено значење, како онаа на буквата „ј“.rnrnАко е во прашање креативна, кружна точка, тоа покажува дека личноста сака да се истакне помеѓу мнозинството и сака да биде поинаква, додека ситните точки укажуваат на повлеченост и недостаток на енергија за движење на работите и мобилизирање на останатите.rnrnКружните крупни точки укажуваат на енергичност и самодоверба.rnrnИскривени, неправилни и точки со нерамномерен облик зборуваат за афективна небалансираност, лутина, агресивност, а ако е поврзана со аглест ракопис – на бруталност.rnrnКратка точка укажува на зајадливост, а точка формирана со ротационо движење укажува на промисленост и рационалност.rnrnНедостаток на точката укажува на површност.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Ракописот од Акра“ – Пауло Коелјо

    Книга: „Ракописот од Акра“ – Пауло Коелјо

    Книга: Ракописот од Акра – Пауло КоелјоПауло Коелјо има преживеано сè и сешто. Дел од тинејџерските години ги поминал во болница за ментално здравје затоа што неговите конзервативни и строги родители сметале дека таму му е местото поради интровертноста и желбата да се занимава со „никаква професија“ како пишувањето. Потоа се приклучил на хипи движењето и патувал низ целиот свет, пред да се посвети на пишувањето музички стихови. Неговиот сон сепак бил да стане писател, кој почнал да го реализира откако, како што вели тој, духовно се свестил. Инспириран од сето она што му се случувало, денес пишува за теми од секојдневниот живот и тоа на сосема едноставен и разбирлив начин, што го прави еден од најчитаните и највлијателните писатели на денешницата.rnrn„Ракописот од Акра“ е неговиот најнов бестселер. Тој се разликува од повеќето негови дела затоа што не содржи класично дејство со заплет и расплет, односно некаква приказна која ќе ги пренесе идеите на авторот. Наместо тоа, книгата е конципирана како прашања и одговори. Сè се случува во предвечерието на крстоносниот напад врз Ерусалим кога жителите на градот, свесни дека не можат да го одбијат нападот на моќните војски, се собираат на плоштадот и дискутираат со еден Копт за бројните животни дилеми. Тие му поставуваат прашања за љубовта, пријателството, непријателството, немирот, сексот, лојалноста, а тој им одговара на прашањата едно по едно.rnrnКоптот е лик кој патувал по светот собирајќи мудрост пред конечно да се скраси во Ерусалим. Имајќи го предвид неговиот животен пат, не е спорно дека тој е самиот Коелјо кој во своето дело ги изнесува своите искуства и гледишта за поставените прашања. А, тоа што жителите на Ерусалим ги поставуваат прашањата во време на исчекување на воен напад, може да се сфати како повик за помош во моментите на неизвесност и напнатост пред да настапи некоја нова животна реалност.rnrnКоптот ги излага своите ставови во тој амбиент на мачнина и помирување со суровата реалност, а секое од нив наликува на филозофска расправа. Напишани се така што ќе ги разбере секој читател без многу да го напрега мозокот, но иако лесни за читање, ставовите на авторот не се истресени од ракав. Напишаното не е некоја негова шпекулација за животната реалност, туку е конвенционалната психологија преџвакана од негова страна и пренесена на супер разбирлив стил, проткаен со мистичноста карактеристична за неговиот магичен реализам.Книга: Ракописот од Акра – Пауло КоелјоКритичарите често го критикуваат Коелјо поради неговиот стил на пишување кој лесно допира до секаква публика, а оние циничните велат дека него го читаат дури и луѓе кои претходно немале прочитано ништо друго. Во „Захир“, една од неговите претходни книги, тој изнесе аргумент дека кога пишувал на повисок стил критиката го почитувала, но книгите не му биле читани, но менувањето на стилот за да биде поразбирлив и да може да ги пренесе своите идеи му донеле читаност, но и непопуларност кај „оние што мислат дека мора си неразбирлив за да бидеш добар писател“. Овој пат останува доследен на својот став со тоа што „Ракописот од Акра“ ја направил многу лесна за читање. Таа е за наменета за широка публика, така што може да ги остави незадоволни љубителите на потешки книги напишани на повисок литературен стил.rnrnАко сте прочитале и претходно нешто од него, ќе ви биде јасно за што се работи ако кажам дека оваа е слична на „Прирачник за воинот на светлината“ и кратките приказни кои често ги објавува на неговиот личен блог. Полна е со реченици кои може да се издвојат како убави цитати за кои постои ризик со нивното читање набрзина и толкување вон поширокиот контекст, да дојде до многу површни заклучоци во врска со темите кои ги третира. Како што веќе спомнав, ако психолог или филозоф почне да ви ги објаснува овие теми ќе добиете слични договори, само без мистичната терминологија. Книгата во кратки црти дава доста добар увид во психолошкиот и спиритуалниот аспект на темите кои ги разработува.rnrnКоелјо и порано зборувал за истите овие работи во своите дела, а овој пат целата негова филозофија ја сумирал во една книга. Таа сигурно ќе им се допадне на неговите фанови. Ако сакате да читате за разликите меѓу она што ѝ треба на човечката душа и она што се смета за нормално, а кое истовремено не бара голем напор, ова е идеално четиво за вас.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Чуварите на книгата“ – Џералдина Брукс

    Книга: „Чуварите на книгата“ – Џералдина Брукс

    Приказна за Сараевската хагада, ракописот чија моќ да обедини ја потврдува вечната вистина: Она што нè спојува е секогаш посилно од она што нè разделува rnrnНаслов на оригиналот: People of the book – Geraldine BrooksrnrnЧуварите на книгата - Џералдина БруксТалентирана новинарка, но и признаена писателка, Џералдина Брукс е добитник на Пулицерова награда во 2006 година за нејзиното дело „Март“, а се потпишува и на четири други интернационални бестселери.rnrnРодена е во Сиднеј, Австралија каде што се школувала и работела како новинар за „The Sydney Morning Herald“. Во 1982 година добива стипендија за постдипломски новинарски студии на Универзитетот Колумбија, Њујорк. Подоцна се приклучила на тимот на „The Wall Street Journal“, каде што ги покривала настаните за Блискиот Исток, Африка и Балканот.rn
    rnВо периодот кога известувала за војната во Босна, како репортер на весникот, првпат слушнала за хебрејскиот кодекс чија приказна ќе биде нејзина инспирација за едно од нејзините најдобри и најпознати дела – „Чуварите на книгата“ којашто е преведена на преку 20 јазици.rnЏералдина Брукс, со нејзиниот сопруг, синовите и двете кучиња живее во Масачусец, но секогаш се враќа со своето семејство во родениот Сиднеј.Чуварите на книгата - Џералдина Бруксrn

    Синопсис

    rnСлучувањата во оваа возбудлива авантура се сместени во 1996 година во Сараево, инспирирани од приказната зад делото со непроценлива важност, хебрејскиот кодекс познат под името Сараевска хагада. Кога Хана Хит, експерт за конзервација на средновековни ракописи, ја напушта својата лабораторија во Сиднеј и заминува во Сараево – „град чии жители пред само пет минути престанале да пукаат едни на други“ – има на ум само едно нешто: познат и единствен артефакт кој наскоро ќе се најде во нејзините раце. Работејќи во средина која дефинитивно не е вообичаено место за неа, Хана наидува на раскошен и воодушевувачки ракопис кој не само што има потенцијал засекогаш да ја одбележи нејзината кариера туку и емоционално ја врзува.rnrnНиз историските пергаменти со прекрасни илустрации, Хана открива траги кои со секој нов лист ѝ нудат нов дел од сложувалката – приказната за животите на оние низ чии раце поминала и начинот на кој вечно ги обележала. Мистеријата зад крилото од пеперутка и младата Лола од Сараево, која од девојка која сака да танцува, преку ноќ станува болничарка во партизански одред и живее во шума, бегајќи од нацистите. Пердувите и розата нè носат во Виена, дамките од вино во Венеција, морската вода во Барселона, секое поглавје е ново делче историја која прекрасно се склопува и расклопува пред очите на читателот.rnrnФеноменална новела за ужасите низ кои поминала една од најважните историски книги, за горчливата судбина на Евреите и за надежта која доаѓа со секоја подадена рака. Но, повеќе од авантура, повеќе од приказна за историјата на еден ракопис – „Чуварите на книгата“ е сведоштво за тоа како способноста да се препознае важноста на едно дело и потребата истото да се зачува може да ги поврзе луѓето на нераскинлив начин.Чуварите на книгата - Џералдина Брукс rn

    Лична критика

    rnКнигава ја имам прочитано прилично одамна, но иако ми остана засекогаш врежана во срце, вториот пат кога ја читав сфатив дека токму поради тоа што, типично за мене, сум ја „голтнала“ во ден-два, при првото читање ми избегале некои фантастични моменти. Доколку ја немате прочитано топло ви препорачувам да ја земете во раце што побрзо и да ѝ го дадете должното време на нејзината феноменална содржина и комплексност, а ако веќе сте го направиле тоа можеби ќе сакате да се вратите на нејзините страници и да откриете, како и јас, некое ново, залутано делче историја.rnrnГи сакам книгите кои ме тераат да се изгубам низ зборовите и да заборавам на сè околу мене, но уште повеќе ги сакам оние заради кои поминувам часови на интернет истражувајќи што повеќе. „Чуварите на книгата“ е историски роман, авантура и љубовна приказна – сè во едно, а подобро од тоа не може да биде.rnrnМи се допадна тоа што е во обратен хронолошки правец, па Брукс многу паметно и одмерено изложува онолку колку што ни е потребно за да нè вовлече што повеќе во приказната без да нè преплави со премногу тајни, мистерии и историја. И најважно, оваа книга моќно го пренесува она во коешто длабоко сум уверена – различните култури и религии можат да се надополнат и збогатат меѓусебно на неверојатни начини.rnrnКога станува збор за книга за случувања на Балканот, а е напишана од Австралијанка која најголем дел од животот немала блага идеја за тоа што е војна и беда, логичен е првиот напад на одбивност. Но, не дозволувајте тоа да ве оттргне од феноменална приказна. Станува збор за интелигентен роман, со умерена доза на историски факти и особено добро исткаена авантура.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Необјавени рачно напишани стихови од Џим Морисон

    Необјавени рачно напишани стихови од Џим Морисон

    Прочитајте една од многуте необјавени поеми на Кралот на гуштерите, Џим Морисон. Почетокот на овој ракопис е украсен со „Окото кое гледа постојано“, симбол од египетската митологија, кој харизматичниот фронтмен на „The Doors“ го користел како заштитен знак.Необјавени рачно напишани стихови од Џим Морисонrn

    rn

    Да им се плукнам на остатоцитеrnод урнатините на една империја,

    rn

    Да им се плукнам на прашинатarnи ужасната кралица,

    rn

    Да ù се плукнам на женскатаrnпред портите на градоначалникот,

    rn

    Да им се плукнам на сите ваши жени.rnГи третирав истите со почит,

    rn

    пред вашите воини да се врататrnод царството.

    rn

    rnПоследниот стих е пречкртан од страна на Морисон, а тој пред него е премногу експлицитен за да го напишеме овде.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.