КАФЕ ПАУЗА

Tag: работник

  • Куче било напуштено на бензинска станица, а сега е симпатичен работник со полно работно време

    Куче било напуштено на бензинска станица, а сега е симпатичен работник со полно работно време

    Негао е пријателски настроено куче коешто сега живее фантастичен живот, но тоа не било случај отсекогаш.rnrnОва куче било оставено на бензинска станица, а сега е сладок работник со полно работно време rnrnСопственичка на бензинската станица „Shell“ во Можи дас Крузис, во Бразил, Сабрина Планерер еден ден забележала како ова куче се шетало околу станицата. Кутрото, било напуштено и оставено таму и се вртело наоколу, бидејќи било премногу исплашено за да си замине од бензинската станица.rnrnОва куче било оставено на бензинска станица, а сега е сладок работник со полно работно време Ова куче било оставено на бензинска станица, а сега е сладок работник со полно работно време rnrnСабрина едноставно знаела дека не може да го остави симпатичното куче, па таа и нејзиниот партнер решиле веднаш да го посвојат и да му ја дадат сета потребна нега. Го вакцинирале и го исчистиле од глисти. Му купиле храна, куќичка за кучиња и ремен за да го носат на прошетки.rnrnНо, тука не завршува убавата приказната за кучето Негао. Сабрина и нејзиниот партнер не само што го посвоиле кучето, туку и го вработиле во бензинската станица. Да, добро прочитавте! Тие се сопственици на станицата веќе 2 години, а кучето го вработиле како поздравувач на муштериите.rnrnОва куче било оставено на бензинска станица, а сега е сладок работник со полно работно време rnrnНа почетокот, партнерите не знаеле како Негао ќе ја прифати неговата работна позиција, но набргу откриле дека тој има природно вроден талент.rn

    „Негао чека да пристигнат луѓе и потоа потстанува за да им каже ,здраво’ и веднаш ги освојува нивните срца, со неговиот шарм. Муштериите просто, го обожуваат. Некои дури му носат и играчки на поклон“, објаснува Сабрина.

    rnОва куче било оставено на бензинска станица, а сега е сладок работник со полно работно време rnrnНегао е ѕвезда на бензинската станица, а сега е и заштитно лице од локалната бразилска добротворна организација „Grupo FERA“. Претставник на организацијата, изјавил дека е пресреќен што кучето има дом и работа:rn

    „Оваа приказна е навистина сензационална и ги охрабрува луѓето да имаат поголема почит спрема животните. Воедно, вработените на бензинската станица, уживаат во друштвото на нивниот четириножен колега.“

    rnПрочитајте и за ова куче со деформитет на лицето кое добило втора шанса со ново семејство.

  • Можеби е до вас! Ова се знаци дека заслужувате отказ од работа

    Можеби е до вас! Ова се знаци дека заслужувате отказ од работа

    Постојат лоши шефови на кои секој сака да се жали, но постојат и лоши работници со кои никој не сака да губи нерви и пари. Овие 8 знаци ќе ви покажат дали сте еден од нив и дали правите нешто поради кое заслужувате да бидете отпуштени од работа.rnrn8 знаци дека заслужувате отказ од работаrn

    1. Не ги исполнувате очекувањата

    rnВашата компанија или државен орган има одредена цел за која постои, а вашето работно место е делче од мозаикот кое треба да функционира за да се исполни таа цел. Ако вие не ги исполнувате основните очекувања на работодавецот поврзани со работните задачи кои ги работите под претпоставка дека не се обидува да ве „исцеди“, тогаш некој друг повеќе го заслужува тоа работно место.rn

    2. Сте станале непослушни

    rnНадредениот е оној кој управува со подредените, им дели задачи и одговара за ефикасноста во работата. Факт е дека надредените не се секогаш најпаметните луѓе на светот, но доколку вие во секоја ситуација се обидувате да им се спротивставите и ги озборувате кога ќе го свртат грбот, тогаш сте ја преминале линијата.rn

    3. Не се приспособувате на промените

    rnПромените се неопходни во денешниот динамичен свет, а работникот е должен да се приспособи на нив. Тој не треба да ја кочи својата компанија и затоа треба да биде заменет ако одбива да ги прифати промените.rn

    4. Ви фали мотивација

    rnНедостатокот на мотивација е добра причина за самите да си заминете од работното место затоа што тоа очигледно не е добро за вас. Добриот работник треба да поседува доволен интерес за извршување на работните задачи.rn

    5. Губите време на работа

    rnОдењето на работа не е за да сурфате на интернет, да редите карти на компјутерот или да ги продолжувате кафе паузите со колегите додека озборувате. Зарем кога би биле шеф вие би држеле таков „работник“ кај вас на работа?rn

    6. Не се вклопувате во тимот

    rnМожеби ги имате потребните знаења и вештини за извршување на задачите, но морате да се потрудите и да се сложувате со колегите. Сигурно има и некој друг со вештини како вашите и кој повеќе сака да соработува.rn

    7. Постојано се расправате со сите

    rnАко никој не се согласува со некоја ваша идеја, тогаш време е да се повлечете. Можеби сте во право, но ако продолжите да се расправате со сите за тоа како вие постојано сте во право, само ја забавувате работата.rn

    8. Го нарушувате угледот на компанијата или државниот орган каде што работите

    rnДоколку им се дерете на луѓето кои доаѓаат кај вас на шалтер или купуваат од вашата компанија, или правите нешто слично и неодговорно кое го нарушува угледот на местото каде што работите, вие дефинитивно заслужувате отказ.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поучна приказна: Луѓето сакаат да живеат како паразити

    Поучна приказна: Луѓето сакаат да живеат како паразити

    Некогаш не така одамна си живеела една среќна мравка која секој ден доаѓала прва на работа. Била вредна и весела. Работата ја правела најсреќна. Си пеела весели песнички, а резултатите од нејзината работа биле одлични.rnrnПоучна приказна: Луѓето сакаат да живеат како паразитиrnrnСлушајќи ја песната на мравката, стршленот, инаку директор на фирмата, заклучил дека мравката премногу се забавува и не работи доволно затоа што нема добар шеф кој би ја насочувал во вистинскиот правец. Затоа ја вработил бубамарата. Таа имала големо искуство со менаџирање. Првата задача на бубамарата била прецизно да го следи времето во кое мравката доаѓа и си оди од работа и да води евиденција за тоа. За таа цел, таа воспоставила систем на документација за доаѓањето и одењето од работа. Со текот на времето бројот на документи се зголемувал и поради тоа морале да вработат некого да води грижа за документите. Затоа го вработиле пајакот, кој бил одговорен за архивирање на документите и примање на телефонските повици. За тоа време мравката си работела вредно исто како и претходно.rnrnИзвештаите кои ги изготвувала бубамарата биле извонредни. Директорот стршлен бил воодушевен и наскоро почнал да бара и споредбени анализи со графикони, анализи на трендовите и на развојот итн. За да се исполнат барањата на директорот било неопходно да се вработи хрчакот, кој бил десна рака на директорот. Нему веднаш му купиле нов компјутер со печатач.rnrnСреќната и вредна мравка и понатаму работела како и претходно. Единствено што се пожалила е дека би ѝ било полесно кога би имала компјутер. Не ѝ дале. Ова било првпат мравката да се пожали и да побара нешто и директорот сфатил дека мора брзо и мудро да се реагира. Креирал ново работно место за надзор на работата на мравката и за таа цел го вработил скакулецот. Штом дошол на работа тој го сменил целиот мебел во неговата канцеларија и добил нов современ компјутер.rnrnСо тоа се зголемил бројот на компјутери и морало да се купи и инсталира мрежен сервер. Новиот шеф сфатил дека треба да се вработи негов помошник, кој инаку му бил помошник и во претходната фирма каде што работел и затоа ја вработил лебарката. За тоа време мравката била сè понесреќна и помалку продуктивна. Пак побарала компјутер и пак не го добила.rnrnНовата ситуација со мравката го збунила скакулецот и затоа тој побарал да се изработи студија за задоволството на вработените во фирмата. Тоа му го кажал и на стршленот кој имал разбирање за неговото барање и одобрил да се ангажира агенција за таа потреба. Откако скапата студија била изработена, скакулецот почнал да ги применува предложните мотивациони методи. Затоа насекаде залепил мотивациони плакати. Потоа ги одвел пајакот, бубамарата, хрчакот и лебарката на мотивациони тренинзи во скапи летувалишта, а за тоа време мравката вредно, но безволно работела. Ги читала мотивационите пораки на плакатите, но не можела да ги најде надредените кои ѝ требале. Едноставно, не биле тука или немале време за неа. Таквата ситуација продолжила и понатаму.rnrnСтршленот и понатаму добивал извештаи, но сега забележал дека фирмата веќе не е толку рентабилна како што била некогаш. Тоа многу го загрижило и решил да реагира. Го најмил молецот, кој бил најелитниот консултант кој можел да го ангажира. Негова задача била да изврши целосна анализа на работата на фирмата и да предложи мерки за таа пак да работи рентабилно. По три месеци анализа, молецот на стршленот му дал извештај во кој пишувало дека во фирмата има премногу вработени. Директорот стршлен ја прифатил анализата и веднаш ја отпуштил мравката.rnrnПоука бр. 1: Ако си вредна и весела мравка, не очекувај воодушевување затоа што нема оправдување за твојата љубов кон работата и среќата што таа ти ја носи. Другите не сакаат да го гледаат тоа и затоа не се исплати секогаш да се биде најспособниот и најдобриот работник. Ако сакаш да бидеш таков, основај своја фирма за да не мораш да работиш за стршlенот, бубамарата, пајакот, хрчакот, скакулецот, лебарката и молецот. Но имај предвид дека сепак ќе мора понекогаш да се дружиш со нив за да ја одржиш фирмата на нозе.rnrnПоука бр. 2: За жал, оваа приказна е заснована на научни истражувања кои потврдуваат дека големо мнозинство од луѓето се склони кон паразитски начин на живот.

  • 6 знаци дека шефот ви спрема отказ од работа

    6 знаци дека шефот ви спрема отказ од работа

    Вие можеби ненадејно ќе ја примите информацијата за вашиот отказ, но шефот долго размислува за тоа пред да ве извести. Овие шест знаци се доказ дека тој можеби ја разгледува опцијата да ве ослободи од работните обврски, или пак суптилно ве мобира за сами да си одите.rnrn6 знаци дека шефот ви спрема отказ од работаrn

    1. Ви дава сè помалку работни обврски

    rnАко забележите дека задачите кои порано сте ги извршувале вие сега ги добива некој друг, веројатно веќе ве чувствуваат како вишок, а и вашиот шеф така гледа на вас. Истото важи и ако добивате повеќе слободни денови или порано ве пуштаат да си одите дома.rn

    2. Тој и колегите почнуваат да ве избегнуваат

    rnАко тој почне да ве избегнува, веќе сака да ви даде до знаење дека не ве сака во негова близина. Истиот знак ќе ви го дадат и колегите кои се поблиски до него и некако дознале дека тој се спрема да се ослободи од вас.rn

    3. Не ве викаат на состаноци

    rnНа состаноците се делат информации кои се од важност за работата, така што можете ова да го сметате за сигурен знак дека некој таму не ве сака повеќе на работа.rn

    4. Се однесува чудно кога спомнувате годишен одмор

    rnАко тој знае дека нема да бидете вработени таму кога ќе дојде време за годишен одмор, тој ќе почне да се однесува чудно, да го избегнува разговорот или воопшто не сака да слуша за тоа.rn

    5. Фирмата во која работите го сменила сопственикот

    rnМожеби е продадена, можеби се споила со некоја друга фирма, а во таков случај новиот сопственик решава дали и колку од работниците ќе ги задржи.rn

    6. Ви дал упатство за подобрување на вашата работа

    rnНестручното и несовесно извршување на работните задачи е основ поради кој можете да добиете отказ. Ако надредениот ви даде упатство за тоа како да го подобрите извршувањето на вашите задачи, тоа може да биде знак дека го спрема теренот да се ослободи од вас.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Придобивките од чесната работа

    Придобивките од чесната работа

    Стремежот за подобро утре, да ги искористиме младите години за да станеме некој и да постигнеме нешто, е присутен скоро кај секој од нас. Но многумина забораваат на балансот помеѓу работата и живеењето на животот.rnrnАко сè почесто одбивате да одите на забавите и прославите на кои ве канат вашите пријатели, доцните со плаќање на сметките, заборавате да се појавите на состанок, не се сеќавате кога последен пат се чувте со брат ви/сестра ви, нонстоп висите на телефон и го занемарувате вежбањето и режимот на исхрана… тогаш вие веројатно го имате синдромот на чесен и вреден работник. Еве за што се борите…rnrn

    Придобивките од чесната работа
    Работејќи чесно…
    rnrn
    Придобивките од чесната работа
    …по 8 часа на ден,
    rnrn
    Придобивките од чесната работа
    може еден ден ќе станеш газда…
    rnrn
    ...и да работиш по 12 часа на ден.
    …и ќе работиш по 12 часа на ден.
    rnrnОва забавно стрипче е само потсетување да не си го занемарите животот додека ги гоните целите кои би требало да се составен дел од него.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хороскопот открива дали повеќе ќе ве биде за шеф или за работник

    Хороскопот открива дали повеќе ќе ве биде за шеф или за работник

    Секој хороскопски знак има различен табиет и различни квалитети. Токму затоа постојат големи разлики помеѓу луѓето кога станува збор за тоа кој е поблиску до шефовска, а кој до подредена позиција.rnrnХороскопот открива дали повеќе ќе ве биде за шеф или за работникrn

    Овен

    rnШеф – Доколку имате среќа вашиот шеф да биде роден во овој знак, одењето на работа ќе ве потсетува на секојдневно возење со ролеркостер. Брзината и максималното вложување на сите ваши потенцијали, се од суштинска важност ако сакате да сте дел од тимот на овенот.rnrnРаботник – Рутинска работа со строго определено работно време, не е за овие луѓе. Доколку нема динамика и можности за напредување, тој многу брзо ја напушта фирмата. Најмногу му одговара работно место во кое ќе има потполна слобода и одговорност само пред едно лице.rn
    rn

    Бик

    rnШеф – Добродушно ќе се насмевнува на сите ваши грешки, подразбирајќи дека набрзо сами ќе научите да ги коригирате. Може да биде намуртен и тврдоглав до бесвест, но најчесто е полн со разбирање.rnrnРаботник – Задоволство од работата наоѓа единствено доколку истата му обезбедува егзистенционална сигурност. Тоа е неговиот примарен мотив за работење. Без оглед на природата на работата, тој сè ќе работи темелно и прецизно, тежнеејќи кон совршенство.rn
    rn

    Близнаци

    rnШеф – Поради специфичноста на карактерот на близнакот, ќе ви биде потребно одредено време за да се навикнете на неговата постојана активност, физичка и ментална. Обожава да држи инстант состаноци. Ќе морате да научите брзо да зборувате, но и да трчате околу него кога ќе сакате да му соопштите нешто.rnrnРаботник – Доколку имате потреба од тројца работници, а немате доволно пари, тогаш вработете го близнакот. Со неверојатна брзина и голема прецизност ќе ја претвора секоја ваша апстрактна идеја во стварност. Неговиот ум е брилијантен и неверојатно брз.rn
    rn

    Рак

    rnШеф – Мотивот за да развие успешен бизнис се парите и ништо повеќе. Со парите тој ќе обезбеди сигурност за себе и своето семејство, кое му е ѕвезда-водилка целиот негов живот.rnrnРаботник – Сигурен и упорен, тој ќе биде лојален работник доколку му овозможите постепено напредување и соодветни примања. Тој сака да заработи онолку колку што сработил.rn
    rn

    Лав

    rnШеф – Исклучителни организатори со голем талент за распоредување на работните обврски на другите. Од есенцијална важност е внимателно да ги слушате, бидејќи најчесто ќе добивате неопределени задачи. Доколку креативно размислувате и на секои неколку минути имате брилијантни идеи, ќе станете негов омилен работник.rnrnРаботник – Колку повеќе задачи и повисоки титули му давате, толку позадоволен ќе биде тој. Неговото чувство на важност помеѓу колективот, е од пресудно значење за неговото успешно функционирање.rn
    rn

    Девица

    rnШеф – Таа не е баш најсреќна што е на чело на фирмата, бидејќи е во вечна борба со сопствената несигурност. Сепак, благодарение на нејзиниот вроден талент за внимавање на деталите, ја води фирмата во непогрешлив правец, на патот кон успехот.rnrnРаботник – Со совршена смисла за брзо воочување на грешки, оваа личност многу брзо станува вистински скапоцен камен на секој работодавец. Нормално, доколку самиот газда не е премногу суетен, кога девицата ќе му ги посочи и неговите грешки.rn
    rn

    Вага

    rnШеф – Најверојатно ќе биде еден од сопствениците на некоја фирма, за да си ја задоволи својата природна потреба за партнерство. Таа е извонреден соговорник, кој со неверојатна леснотија ќе успее да ве убеди во сѐ што ќе посака.rnrnРаботник – Количината на нивната продуктивност е еднаква на хармонијата во работниот простор и меѓучовечките односи во нивната околина. Зајадливата колешка или тепихот со дречлива боја подеднакво ја деконцентрираат и му пречат на нејзиниот креативен карактер.rn
    rn

    Скорпија

    rnШеф – За нив работата е борба. Конкуренцијата ја гледа како животен непријател и на неа го вежба својот вроден борбен талент. Со својата магнетска привлечност ги собира луѓето околу себе, кои ѝ остануваат лојални во работењето.rnrnРаботник – Сталоженоста и самоувереноста се квалитетите кои ја издвојуваат скорпијата од другите работници. Тие се самоиницијативни и секогаш полни со идеи кога ги прашувате за совет. Без разлика на нивното техничко знаење, нивната интуиција е непогрешлива.rn
    rn

    Стрелец

    rnШеф – Злокобноста во него може да ја побуди само некој, кој ќе се обиде да го угаси огнот на ентузијазмот кој тој неуморно го шири околу себе. Доколку не сте развиена атлета во физичка и интелектуална смисла, тешко дека ќе можете да го пратите неговиот ритам.rnrnРаботник – Во секоја канцеларија овој човек е скапоцен камен и тоа најмногу поради енормната количина енергија која извира од него. Тој никогаш нема да сработи нешто половично и токму поради тоа стрелците се најмногу ценети.rn
    rn

    Јарец

    rnШеф – Овие луѓе со голема смиреност седат на своето биро и мудро и полека ги влечат сите деловни потези. Фирмата за јарецот е едно големо семејство и тој е секогаш на нејзино чело.rn rnrnРаботник – Секогаш на работа ќе пристигнува малку порано и ќе си заминува малку покасно. Неговите документи секогаш се наоѓаат на точно определено место на работното биро, моливите во чашката, а тој е секогаш спремен за нови работни задачи и предизвици.rn
    rn

    Водолија

    rnШеф – Може да биде отсутен и забавен, ексцентричен и непредвидлив, скромен, а сепак непоколебливо одлучен и никогаш нема да бидете сигурни во која фаза моментално се наоѓа. Се згрозува од статични, непроменливи работи, норми и луѓе. Со нивната исклучителна интелигенција, водолиите секогаш тежнеат кон некаква промена.rn rnrnРаботник – Многу брзо успева со сите колеги да стане пријател. Веројатно ќе ве излудува со неговата физичка непостојаност, бидејќи секогаш ќе јури некаде, но затоа ќе ве воодушевува со брилијантноста на неговиот ум.rn
    rn

    Риби

    rnШеф – Ретки се припадниците на овој знак кои се наоѓаат на раководна позиција, освен доколку не станува збор за некаква уметничка професија или детективска работа. Со нивната природна способност да продрат во психичката длабочина на нештата и да се изгубат во нивниот внатрешен непресушен имагинарен свет, рибите ќе бидат едни од најчудните шефови во вашиот живот.rnrnrnРаботник – доколку не сакате да имате мрзлив, незаинтересиран, нерасположен работник, дајте ѝ ја на оваа личност најкреативната позиција во фирмата и само оставете ја да си работи. Наскоро ќе ве восхити со постигнатите резултати.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • По што се препознава одличниот работник?

    По што се препознава одличниот работник?

    Автор: Александра ЧакаровскаrnrnДа се биде добар работник значи да се поседуваат квалитети како доверливост, снаодливост, трудољубивост, лидерство и многу други. Сепак, овие особини не го прават добриот работник да биде одличен. Одличните работници се тие кои се издвојуваат и допринесуваат најмногу во работата. Тие се секогаш еден чекор понапред од своите колеги. Дознајте кои особини ги поседуваат одличните работници.По што се препознава одличниот работник?rn

    1. Тие ги игнорираат работните упатства

    rnПонекогаш, многу подобро е да се избега од стегите на задолжителните упатства за работа и да се настапи храбро. Одличните работници се способни да донесуваат самостојни одлуки и да превземаат сè што е потребно за работата да биде завршена, независно од нивната позиција или улога во фирмата. Брзо се прилагодуваат кон ново настанатите ситуации, насочувајќи се кон она што има приоритет. Особено, кога има некој проблем, одличниот работник веднаш без размислување се обидува да најде решение, иако тоа не е негова работа.rn

    2. Одличните работници се ексцентрици

    rnТие секогаш изгледаат поинаку од останатите вработени. Тие се ексцентрични, понекогаш непристојни и се однесуваат необично. Изгледаат чудно, но во позитивна смисла. Токму, овие чудни особини на одличниот работник, придонесуваат тимската работа да изгледа позабавна и поинтересна. Оние личности кои не се плашат од своите различности, знаат да излезат од поставените граници и секогаш ги даваат најдобрите идеи.rn

    3. Знаат да се прилагодат во секоја ситуација

    rnКога ќе се појави голем предизвик, одличниот работник ги заборава своите особини и бргу се вклопува во тимот. Тој знае кога е време за забава, а кога треба да се биде сериозен, кога треба да се биде свој, а кога да се вклопи и да соработува со тимот, кога да се предизвика, но и кога да се повлече. Вистинска уметност е да се балансираат сите предизвици кои ги носи работното место, а малкумина се тие кои успеваат.По што се препознава одличниот работник?rn

    4. Јавно умеат да пофалат

    rnКога пофалбата доаѓа од шефот, тогаш е добро. Но, кога колегата ќе ве пофали за постигната работата, радоста е уште поголема, особено кога доаѓа од личност која ја почитувате. Одличниот работник ја цени придобивката од секој вработен и знае колку може само еден збор да влијае врз целокупната работа.rn

    5. Проблемите ги решаваат приватно

    rnПонекогаш, подобро е проблемите да се решаваат приватно. Добриот работник често го изнесува проблемот пред целиот тим. За ралика од него, одличниот работник те повикува пред или после состанокот да разговара за поосетливите работи, знаејќи дека доколку ги изнесе пред сите, може да предизвика револт кај останатите колеги.rn

    6. Прашуваат, кога другите се плашат

    rnНекои работници не се чувствуваат комотни кога треба да зборуваат јавно на состаноци. На други пак, им е неугодно да зборуваат приватно. Одличните работници прашуваат и кога сè им е јасно. Знаат дека одговорите може да им помогнат на оние кои не разбрале, а се плашат да прашат. Секогаш се први да прашаат и да поразговараат за важни работи, додека другите се двоумат.По што се препознава одличниот работник?rn

    7. Сакаат да им докажат на другите дека грешат

    rnЧесто, знаеме да се мотивираме кога некој ќе нема доверба во нас и во тоа што го работиме. Силната желба и страста кон работата е тоа што ги прави добрите работници да бидат одлични. Образованието, интелигенцијата, талентот и знаењето се важни, но страста е на врвот.rn

    8. Постојано се зафатени

    rnНекои луѓе никогаш не се задоволни од сработеното. Постојано се зафатени околу нешто. Го реорганизираат распоредот, го прилагодуваат процесот на работа и многу други ситни нешта. Добрите работници работат по дадената процедура. Одличните работници наоѓаат начини да ја подобрат работата, не бидејќи се бара тоа од нив, туку бидејќи едноставно тоа е внатре во нив и не можат да одолеат.rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 особини на супер шеф

    5 особини на супер шеф

    Супер шеф е оној кој го посакуваат сите вработени. Тој не е извонреден само на хартија, туку своите постапки и дела директно ги покажува на терен. Вработените не се единствени кои имаат придобивки од ваков шеф. Со неговите постапки, целата работа и севкупниот бизнис можат да тргнат во нагорна линија и сите да бидат задоволни.rnrn5 особини на супер шефДоколку сакате да се издвоите и да станете супер шеф, раководете се од следниве правила:rn

    1. Тоа е шеф кој придонесува за развитокот на секој вработен

    rnОбично, шефовите се фокусирани на исполнување на зацртаните цели, постигнување резултати и остварување на конкретни идеи. Но, одличните шефови се тие кои се поставуваат пред своите цели, заземајќи ја улогата на лидер. Тие се свесни дека без успешни и квалификувани работници, работните резултати ќе бидат осудени на пропаст. Затоа, овие шефови наместо да се грижат за секојдневното работење на работникот, се фокусираат на самиот работник како да го направат попродуктивен. Организираат обуки, разни тренинзи и успешно го трансформираат целиот досаден процес на работа во нешто многу позначајно за самите работници – прогрес, напредување и лично усовршување.rnrn5 особини на супер шефrn

    2. Се соочува со проблемите веднаш

    rnОдличниот шеф никогаш не ги игнорира проблемите на своите вработени. Веднаш се соочува со нив и се обидува да ги реши. Колку некој проблем да изгледа мал, никогаш не се знае кога тој може да прерасне во голем. Доколку шефот ги игнорира проблемите на своите вработени, се соочува да ја изгуби стекнатата почит. Без својот углед, ја губи и улогата на водач.rn

    3. Го спасува најлошиот работник

    rnСкоро во секој бизнис постои работник кој едноставно не може да се снајде лесно во работата и да ги следи своите колеги. Тимот го гледа како слаба личност без која подобро би функционирал. Во овој случај, шефот е тој што треба да истапи и да му помогне на колегата. Супер шефот ќе покаже доверба и ќе го увери колегата дека тој ќе го следи секој негов чекор за да му помогне да ја надминат тешкотијата. Не очајувајте доколку трудот не покаже резултати. Доволно е тоа што сте се обиделе. Но, во случај работникот да ја надмине тешкотијата, тогаш сте промениле нечиј живот.rnrn5 особини на супер шефrn

    4. Им служи на другите

    rnДоколку сакате да станете извонреден шеф, секогаш поставувајте ги своите вработени пред себе. Со своите постапки покажете дека вие сте оние кои се секогаш помалку важни. Никогаш не кажувајте им на своите вработени да работат нешто што вие сами не би го сториле. Кога тимот победува, и бизнисот е успешен. Вработените се оние на кои треба да им честитате за постигнатиот успех.rn

    5. Никогаш не заборава од каде доаѓа

    rnИако водите успешен бизнис и сте шеф на голема компанија, не заборавајте дека секогаш треба да имате време за сите свои вработени. Тие ве гледаат како свој надреден, личност од која можат многу да научат. Со тоа што ќе одвоите неколку минути да поразговарате со работникот, можете да ја смените неговата личност – да го инспирирате, да му влеете самодоверба, да го мотивирате. Дури, можете да му влеете надеж за големи работи во неговиот живот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.