КАФЕ ПАУЗА

Tag: работни задачи

  • Преку глава ви е од обврските и работните задачи? Еве како да се справите со нив!

    Преку глава ви е од обврските и работните задачи? Еве како да се справите со нив!

    Дали честопати се чувствувате преоптоварени со обврски и задачи? Дали сте ги искусиле моментите кога сите го бараат вашето внимание, а вие не можете повеќе да издржите и мислите дека главата ќе ви експлодира? Во продолжение прочитајте како да се справите со таквите ужасни денови.rnrnПреку глава ви е од обврските и работните задачи? Еве како да се справите со нив!rn

    1. Вдишете длабоко

    rnЧестопати, кога сте под стрес го задржувате здивот поради зголемената напнатост во мускулите. Затоа, не заборавајте да дишете. Вдишете длабоко 3 секунди и издишете 3 секунди. Ставете ја раката на стомакот за да почувствувате како се полни со воздух. Повторете ја постапката неколку пати сè додека не се почувствувате посмирено.rn

    2. Излезете на прошетка

    rnАко е возможно, одвојте малку време за прошетка. Пешачењето не само што ќе ве смири туку и ќе ви помогне да ви се разбистри умот.rn

    3. Пронајдете ја причината за преоптоварувањето

    rnЕдна од причините поради која е тешко да се размислува правилно кога се чувствувате преоптоварени со обврските е тоа што не сфаќате во моментот кои се тие задачи и обврски. Свесни сте за тоа дека имате многу работа, но не знаете што точно треба да направите, а тоа е огромен товар сам по себе. Во ваков случај, најдобро е да направите список на вашите задачи.rn

    4. Направете план

    rnОткако ќе го направите списокот со задачи, анализирајте го одново и направете нов список каде задачите ќе ги подредите почнувајќи од најприоритетните. На тој начин ќе ви биде полесно и да направите соодветен план за да им посветите време и внимание на задачите кои ви се поважни во моментот.rnrnОткако прочитавте како да се справите со чувството на преоптоварување, можеби ќе сакате да прочитате и нашите едноставни вежби за брзо опуштање и ослободување од стрес.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • 4 начини да се разбудите свежи и да се подготвите за новите работни победи

    4 начини да се разбудите свежи и да се подготвите за новите работни победи

    Секој би сакал да се разбуди свежо и наспано и со насмевка да се соочи со почетокот на новиот работен ден. Но, поради нашите секојдневни навики и честопати погрешните одлуки, како што се лошата исхрана и недоволното спиење кои ја отсликуваат нашата негрижа за сопственото здравје, ние се будиме со главоболки и со чувство дека не сме способни да функционираме надвор од креветот. За среќа, постојат неколку едноставни начини да го промените тоа и успешно да се подготвите за новите работни проблеми.rnrn4 начини да се разбудите свежи и да се подготвите за новите работни победиrn

    1. Јадете повеќе хранливи влакна

    rnЗаменете го шеќерот и мастите со житарици богати со хранливи влакна, овошје и зеленчук. Не само што полесно ќе заспивате, туку ќе имате и помирен, длабок сон кој ќе ве подготви за претстојниот ден. Истражувањата покажуваат дека дури и 1 ден со подобра исхрана може да резултира со подобар сон.rn

    2. Променете ги сијалиците

    rnЕнергетски ефикасните сијалици се можеби подобри за околината, но се пречка за спиењето и во таа смисла можат повеќе да ве загрозат отколку обичните „жолти“ сијалици. Доколку можете да си дозволите, земете го во предвид и паметното LED осветлување, кое преминува од благо и свежо бело утринско светло на благо портокалово светло пред спиење.rn

    3. Исфрлете го правилото „8 часа сон“

    rnСпротивно на популарните верувања, експертите велат дека нашиот сон е добро да варира. Националната фондација за подобро спиење вели дека луѓето можат да спијат од 7 до 9 часа. 8 часа е просек за повеќето луѓе, особено за оние кои имаат потешкотии да заспијат. Но, новите истражувања сугерираат дека 7 часа сон е всушност идеално за вашите оптимални когнитивни функции.rn

    4. Исфрлете го будилникот

    rnВашиот мозок доживува стрес кога ќе го разбуди силниот звук на алармот. Се препорачува да спиете со кренати ролетни за да ве разбуди сонцето или пак, музиката на алармот да биде звуци од природата, како што е пеењето на птиците или паѓањето на дождот. Студиите покажуваат дека благата изложеност на светлина ја подобрува будноста, ги зголемува менталните и физичките перформанси и го подобрува расположението.

  • Tајните на успешните жени кои си ја сакаат работата

    Tајните на успешните жени кои си ја сакаат работата

    Успехот не е нешто што се одредува со судбината, туку нешто што се постигнува со доволно труд, напорна работа, желба за личен напредок и силна мотивација. Независно од вашата професија и вашата работна позиција, вие секогаш треба да го давате вашиот максимум и да се обидете да ги извршите сите свои задачи најдобро што можете. На тој начин ќе се погрижите да ја имате иднината што ја сакате и секојдневно ќе одите чекор понатаму кон своите цели. Во продолжение прочитајте ги 5-те тајни на успешните жени кои ја сакаат својата работа.rnrn5 тајни на успешните жени кои си ја сакаат работатаrn

    1. Преправајте се дека само што сте се вработиле

    rnВо првите месеци на новата работа логично е дека сте најмногу мотивирани. Едвај чекате да ги научите сите нови работи и да запознаете занимливи луѓе. Дури и ако во истата фирма работите веќе неколку години, секогаш постои некоја област во која можете да напредувате и која можете да ја подобрите. Затоа, преправајте се како секој ден да сте на самиот почеток на вашата кариера. Така, полесно и поефикасно ќе ги извршувате сите работни обврски.rn

    2. Секогаш избирајте облека во која се чувствувате одлично

    rnКога се чувствувате одлично во својата кожа, тоа ќе го забележи и вашата околина и луѓето кои ве опкружуваат. Беспрекорниот изглед, дури и кога мора да носите работна униформа, е она што ќе влијае и на вашето расположение и на вашата самодоверба.rn

    3. Зближете се со своите колеги

    rnПотрудете се да ги запознаете и да ги засакате своите колеги. Кога знаете дека во вашата канцеларија ве очекуваат личности кои ќе ве насмеат и позитивно ќе влијаат на вас, тогаш одењето на работа ќе стане вистинско уживање.rn

    4. Барајте јасно објаснување во врска со работите кои ги правите

    rnСтресот кој е предизвикан од работата и работните одговорности е главно последица од тоа што не сте сигурни што треба да правите кога сте на вашето работно место. Обидете се да имате добра комуникација со вашите надредени и барајте вашите задачи да ви бидат добро и целосно објаснети, за да не го губите времето обидувајќи се да откриете сѐ на своја рака.rn

    5. Погрижете се работата да не го окупира целиот ваш живот

    rnИако е тешко да се исклучите после напорниот работен ден, сепак обидете се да најдете некоја занимливост или хоби со кои ќе се бавите по тешките работни обврски и задачи, покрај вашиот социјален живот. На овој начин нема да бидете изложени на стрес и ќе имате добра причина повеќе да се радувате на крајот на работното време.

  • 7 животни совети од родителите кои можете да ги разберете само откако ќе станете возрасни

    7 животни совети од родителите кои можете да ги разберете само откако ќе станете возрасни

    Кога сте дете, светот на возрасните изгледа недостапно и недостижно. Вашите родители и учители ви давале бескрајни совети и мудри зборови кои ви звучеле нелогични за вашиот детски ум и сте сметале дека можат да бидат разбрани само од нивна перспектива и поради тоа обично и не сте ги слушале толку внимателно. Но, сега кога се постари и конечно влеговте во тој свет на возрасните, сфаќате дека некои од тие совети навистина имале големо значење.rnrn7 животни совети од родителите кои можете да ги разберете само откако ќе станете возрасни?rn

    1. „Парите не растат на дрво.“

    rnВашите родители веројатно ви го кажале ова првиот пат кога сте побарале пари за некој настан кој немал толку голема вредност, ниту пак корист, но за вас бил најважната случка во месецот. Сега, кога сте постари и кога се соочувате со работните обврски и плаќањето на сметките, знаете точно што мислеле вашите родители.rn

    2. „Престани да посакуваш да бидеш постар/а.“

    rnКога сте биле мали, сигурно очајно сте посакувале да бидете како возрасните: Да останувате надвор до подоцна, да можете легално да пиете алкохол, да не одите повеќе на училиште, да носите шминка… Но, сега реалноста од 8-часовната работа или факултетот станува многу поочигледна и времето изгледа како да летнало. Годините си поминуваат и деновите кои никогаш не сте ни помислиле дека ќе ги доживеете се веќе на прагот.rn

    3. „Треба да одиш на факултет ако сакаш да имаш добра работа“

    rnОсвен ако не сте наследник на некоја мултимилионерска компанија, тогаш веројатно ви било кажано дека ако сакате да имате добра и стабилна работа, треба да одите и на факултет. Иако, случајот не е секогаш таков, сепак како што стареете ќе сфатите дека е тешко да се одржи добра плата без претходно образование или соодветна обука. Дипломата понекогаш знае да направи голема разлика.rn

    4. „Никој не рече дека животот е фер“

    rnВи велеле дека треба да одите на факултет за да имате добро платена работа, но не ви кажале дека треба да ги користите тие пари за да го платите факултетот. Колку поголема автономија добиваме, толку повеќе разбираме дека животот не е баш фер. Во оној момент кога ќе увидиме дека половина плата ја користиме за да ги платиме сметките и даноците и едвај ни останува нешто настрана за да си ги исполниме личните желби, ќе сфатиме дека зборовите на нашите родители биле чиста вистина.rn

    5. „Вредиш исто толку колку што вреди и твоето друштво“

    rnВо моментите кога ќе наидете на проблеми во односот со некои од вашите пријатели, ќе се сетите на зборовите на мајка ви, која ви рекла дека не би требало да се дружите со одредени личности. Вашите родители го гледале она што вие не сте можеле да го видите кога сте биле млади и наивни и сѐ што ви било важно била само добрата забава. Вистина е кога велат дека мудроста доаѓа со староста.rn

    6. „Ако сите скокнат од балкон, ќе скокнеш ли и ти?“

    rnМожеби тоа што сме го правеле тогаш не изгледало толку драматично како скокање од балкон, но како што старееме така овие зборови добиваат сè поголема смисла. Последиците од правењето глупави и непромислени работи се многу полоши кога сме возрасни. Како што ги откриваме своите интереси и се обидуваме да одлучиме што ќе правиме понатаму со животот, учиме дека најважно е да го следиме само нашиот пат, а не патиштата на другите.rn

    7. „Ќе разбереш кога ќе бидеш постар/а“

    rnСега, кога сме возрасни, сите тие работи кои ни ги кажувале нашите родители, баби и дедовци и учители, почнуваат да добиваат ново значење. И додека да трепнеме и ние ќе се претвориме во нив и ќе почнеме да ги учиме и советуваме и своите деца. Таков е животот.

  • 11 начини како истовремено да бидете и среќни и продуктивни

    11 начини како истовремено да бидете и среќни и продуктивни

    Светот во којшто живееме понекогаш може да биде збунувачки, а кога сме збунети, не сме продуктивни. Недостатокот на продуктивностa веројатно ќе ве води кон недостаток на среќа. Колку пати до сега сте се чувствувале лошо поради тоа што не сте можеле да ги завршите планираните работи? Речиси секоја ноќ кога легнувате, размислувате за нив и си велите: „Утре е нов ден, ќе станам порано и навремено ќе ги завршам сите мои должности.“ Но, кога доаѓа новиот ден, всушност ништо не се менува. Зошто? Затоа што сигурно и вие, како и многумина, си велите: „Зошто сега, кога можам да го направам тоа подоцна?“ Кога мислите со кои проблеми се соочувате, често пати може да се чувствувате лошо поради ситуацијата во којашто се наоѓате. Како некој може да биде и среќен и продуктивен во исто време? После неколку истражувања, дојдено е до неколку начини коишто истовремено ќе ве направат и продуктивни и среќни.rnrnrnrn

    1. Бидете благодарни

    rnВеќе знаете дека животот е краток, па зошто да живеете со лошо расположение и да се полните со негативна енергија? Без разлика каде сте и што правите, обидете се да бидете среќни во овој момент. Не е тешко да се биде среќен, а со самото тоа што сте благодарни, вие можете да станете посреќна личност. Секој човек на оваа планета има барем едно нешто за коешто може да биде благодарен. Пронајдете го тоа!rnrnrn

    2. Комплетирајте го денот пред да започне

    rnСигурно помислувате како е тоа возможно? Размислете за денот којшто доаѓа и плановите запишете ги на лист хартија. Поставете ги вашите дневни цели и употребете алатка за планирање (на пример, вашиот лаптоп или пак, обична хартија) за да ги запишете вашите задачи. Откако ќе ги запишете една по една, подоцна кога ќе ги завршувате по ред ќе се чувствувате многу подобро. Правилното планиње е тајната за достигнување на врвот на продуктивноста! rnrnrn

    3. Радувајте се на малите успеси

    rnТреба да бидете среќни за секоја работа којашто ќе успеете да ја завршите навреме, без разлика дали тоа е само фрлање на ѓубрето или пак, шетање на кучето. Направете си листа со работи коишто треба да ги извршите во текот на денот, а секогаш кога ќе ја завршите следната задача ќе се чувствувате многу подобро, додека истовремено ќе имате и прегледност уште кои задачи ви останале недовршени. Со секоја успешно завршена задача вие повеќе ќе се мотивирате да одите напред.rnrnrn

    4. Почнете со извршување на работите сега

    rnСигурно постои нешто во вашиот живот за што сте сонувале или сте посакале да го направите, но можеби се срамите да го започнете. Ако е така, еден ден ќе се разбудите и ќе сфатите дека не постои повеќе време за да ги направите тие работи. Не чекајте работите да се случуваат, почнете уште денес!rnrnrn

    5. Наполнете си ги батериите

    rnАко спиете многу сигурно ќе се соочите со главоболка и ќе имате помалку време да ги завршите своите должности. Исто така, ако спиете малку, ќе се намали вашата концентрација и нема да бидете способни да ги исполните вашите должности. Откријте колку часови за спиење ви се потребни и потрудете се тоа да си го обезбедите. Исто така одвојте време за прошетка за да се ослободите од стресот. Ќе ви биде пријатно да го направите ова, ќе се чувствувате подобро и ќе се ослободите од немирот!rnrnrn

    6. Бидете ранобудни

    rnЕден од најдобрите начини да бидете продуктивни е да станувате рано. Започнете го вашиот ден во раните утрински часови и ќе забележите како нивото на вашата продуктивност ќе се покачи. На овој начин никој не може да ве спречи да го направите она што го сакате, а ова време можете да го искористите и за медитација, вежба којашто ќе ви помогне да останете смирени и позитивни во текот на целиот ден.rnrnrn

    7. Започнете со работа којашто ја обожавате

    rnТреба да ги поставите вашите цели на линијата помеѓу забавното и работата, така што ќе изберете да правите повеќе работи коишто ги обожавате. Оваа цел ќе резултира со среќа внатре и надвор од вашето работно место, па ќе ве направи попродуктивни.rnrnrn

    8. Почнете да го ограничувате вашето време

    rnОграничувањето на времето е одличен начин да го организирате својот ден. Во минатото, сигурно сте потрошиле премногу време на социјалните мрежи, а притоа сте се соочиле со недостаток на време за да ги завршите вашите обврски. Можете да симнете и апликација којашто ќе ве известува за вашите должности, при што навремено ќе завршите со обврските и ќе имате повеќе време за себе.rnrnrn

    9. Избегнете прекинувања

    rnБез сомнение, прекинувањата се едни од најголемите бариери за среќата и продуктивноста. Секогаш кога ќе бидете прекинати во некоја задача, вашето ниво на продуктивност ќе опадне. На пример, кога вие сте целосно фокусирани на важен проект и одеднаш некој влегува на вашето работно место па почнува да ви зборува за нешто што нема врска со вас и вашата работа. Откако потоа ќе се навратите на проектот, вам ќе ви биде потребно повеќе време да продолжите од онаму каде што сте застанале.rnrnrn

    10. Оддалечете се од она што ве прекинува

    rnТелефони, социјални мрежи, мејлови и други нешта коишто се појавуваат на вашиот екран додека работите можат лесно да ви го одвлечат вниманието. Всушност, ако ви се појави одредено известување, како што е на пример покана за онлајн игра, сигурно ќе ве примами да направите кратка пауза. Доколку сакате да бидете продуктивни, не дозволувајте да ви се случи ова и исклучете ги сите оние работи коишто може да ви го привлечат вниманието. Откако ќе завршите со извршувањето на вашите обврски, можете да се наградите себеси со играње на тие игри, а тогаш со сигурност и ќе уживате повеќе!rnrnrn

    11. Измерете го вашиот прогрес

    rnМерењето на вашите резултати одвреме-навреме е добро затоа што на овој начин ќе согледате како се одвиваат работите. Каков е вашиот прогрес? Дали одите во правилната насока? Дали работите се подобруваат или пак се влошуваат? Нема да зажалите ако редовно ги следите своите резултати.rnrn

  • 17 важни работни задачи на мачките кои сите ние ги земаме здраво за готово

    17 важни работни задачи на мачките кои сите ние ги земаме здраво за готово

    Да се биде мачка не значи само да се биде слатка, прекрасна и мистериозна. Всушност, од нив можеме да научиме многу важни животни лекции. Мачките исто така имаат и исклучително важни задачи кои ние луѓето најчесто ги земаме здраво за готово. Кога уметниците од креативното студио „Last Lemon“ нацртале неколку илустрации од работните задачи на една мачка и ги поставиле онлајн, други професионални мачки ширум светот почнале да им испраќаат илустриран опис од нивните важни секојдневни задачи и должности. Погледнете.rnrn

    Контролор за картонски кутии
    Контролор за картонски кутии
    rnrn
    Професионален масер
    Професионален масер
    rnrn

  • Лесно губите концентрација? Можеби сте гениј!

    Лесно губите концентрација? Можеби сте гениј!

    Според последните научни истражувања, на поинтелигентните луѓе им е потешко да го насочат и фокусираат своето внимание и да ја задржат својата концентрација на работата која моментално ја работат, бидејќи постојано имаат нови идеи кои им шетаат низ мислите.rnrnЛесно губите концентрација? Можеби сте гениј!rnrnРезултатите од експериментот спроведен на 10.000 работници од 17 различни земји низ светот покажале дека екстремно паметните луѓе не можат добро да одредат која идеја им е приоритетна и која треба да ја анализираат и разработуваат прва, бидејќи сите идеи им се одлични.rn

    „Ова не звучи како некој огромен проблем, но сите овие одвлекувања на вниманието потенцијално водат до чувство на неадекватност и неспособност работниците добро да се справат со своите работни обврски како целина“, вели психијатарот д-р Едвард Халовел.

    rnДури и најинвентивните и најспособните работници можат да се разочараат себеси и своите надлежни поради својот лош перформанс на работното место, бидејќи имале тенденции кон одложување на обврските и одговорностите.rn

    „Работодавците секогаш ги бараат најпаметните и најпозитивните луѓе кои им се на располагање, но потешкотиите да се изработат повеќе задачи одеднаш и оние работи кои го одвлекуваат вниманието од овие задачи, влијае на паметните луѓе исто така како што влијае и на останатите, ако не и повеќе. Начинот на кој работиме брзо се менува и нашите мозоци се изложени на сè повеќе стрес, но и работи кои успешно ни го одвлекуваат вниманието од тој работен стрес, што може да доведе до преоптоварување“, вели Бостјан Љубич, потпретседател на компанијата за дизајн на канцеларии „Steelcase“.

  • 6 ефективни начини за брзо приоритизирање на работните задачи

    6 ефективни начини за брзо приоритизирање на работните задачи

    Добро организираното време е време кое не е залудно потрошено. Дури и кога распоредот ни е преполн, со добра организација и приоритизирање може да се постигне сѐ и тоа многу попродуктивно од кога било.rnrnЕдна од најголемите грешки кои ги правиме е мешање на важните и итните работи кои треба да ги завршиме. Важните се оние кои треба да се со највисок приоритет бидејќи најчесто се витални за нешто што следи понатаму и како такви имаат улога во постигнување на нашите цели. Итните, пак, се оние за кои мора да најдеме начин да ги вметнеме во дел од денот, а кои одземаат најголем процент од нашето време без да имаат некое долгорочно влијание. Па бидејќи најчесто им даваме предност на итните, наместо на важните обврски, од големo значење е правилно да ги приоритизираме работите за да не застраниме од нашата цел и она што имаме намера да го завршиме тој ден.rnrn(1)-6-efektivni-nachini-za-brzo-prioretiziranje-na-rabotnite-zadachi-kafepauza.mkrnrnБидејќи е факт дека добриот распоред остава време за постигнување и на важните и на итните обврски, а приоретизирањето придонесува за ефективноста и продуктивноста во нивното извршување, следните неколку совети можат да ви помогнат правилно да го испланирате денот и да бидете проактивни.rn

    1. Направете повеќе списоци

    rnОва ќе ви помогне да согледате што ви е поитно и што побрзо треба да направите, а истовремено ќе ви овозможи да завршите повеќе работи истовремено (на пр. имате работа во центарот на градот, но по пат натаму можете да завршите уште некоја обврска).rn

    2. Поставете приоритети на дневна база

    rnНе го оставајте за утре она кое е поважно да го направите денес. Така ќе ја зголемите продуктивноста и навреме ќе ги завршите обврските, па на крајот ќе ви остане и слободно време.rn

    3. Откријте во кој дел од денот сте најпродуктивни

    rnОва е периодот од неколку часови во денот кога сте најполни со енергија, па тогаш многу побрзо, полесно и поефективно ги завршувате задачите кои ги имате пред себе.rn

    4. Прегледајте ги мејловите рано наутро

    rnУште на самиот почеток на денот ќе имате увид во обврските кои ве чекаат баш тој ден и оние кои можете да ги оставите за понатаму. Колку порано добиете информација што ве чека тој ден, толку побрзо ќе можете да направите добар распоред за тој и за наредните денови.rn

    5. Запишете ги подточките за кои планирате да разговарате

    rnКога и да треба да направите телефонски повик, однапред запишете ги подточките за кои планирате да разговарате. На овој начин нема да заборавите нешто, а и ќе заштедите на време така што ќе придонесете за поефективна комуникација.rn

    6. Направете агенда и следете ја

    rnСо агенда пред себе која ќе ви помогне брзо и ефективно да ги следите чекорите во која било дискусија, ќе заштедите многу време. Добрата организација и ефикасно искористеното време ќе придонесат за поголема продуктивност.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 типа вработени кои никој не сака да ги задржи на работа

    5 типа вработени кои никој не сака да ги задржи на работа

    Не се само шефовите лоши, такви можат да бидат и вработените. Не секој од нив се носи со задачите кои му се дадени поради својот проблематичен карактер и затоа шефот, човекот чија работа зависи од работата на работникот, не сака долго да ги задржи под свое водство. Рубен Јонатан, блогер и човек со богато претприемничко искуство, издвојува пет типа вработени за кои вели дека се отров за организацијата и не треба да се задржат затоа што нанесуваат штета за сите.rnrn5 типа на вработени кои никој не сака да ги задржи на работаrn

    1. Збунетиот

    rnЗбунетиот е некомпетентен и никој не може да се потпре на него. Својата неспособност ја покрива користејќи помош од целиот тим. Има некоја научена беспомошност која постојано се појавува кај него и затоа не се срами да побара помош за што било, притоа спречувајќи ги другите да ги изработат своите задачи. Понекогаш другите треба и да ги исправаат неговите грешки. Пасивен е, неорганизиран и не сака да се промени. Нему му е потребен дополнителен тренинг или постојани проверки за да работи подобро.rn

    2. Мрзливиот

    rnТој постојано наоѓа изговори за недовршената работа. Како и збунетиот, и тој постојано ги троши енергијата и ентузијазмот на другите вработени. Мрзливиот е немотивиран, не му е гајле како ќе се заврши работата, троши време на интернет наместо да работи и се труди да добие што е можно повеќе слободни денови. Нему, едноставно, не му се работи. Шефот би требало да се обиде да открие што е причината за неговото однесување, дали можеби залутал во погрешна професија и слично, и да ги искаже своите јасни очекувања од секој што сака подолго време да работи во компанијата.rnrn5 типа на вработени кои никој не сака да ги задржи на работаrn

    3. Маченикот

    rnМаченикот им е потребен на претходните двајца, но не и на компанијата. Мачениците сакаат да ја завршат целата работа на тимот, да ја истакнат својата жртва и да добијат заслуги за тоа. Можеби сакаат премногу да контролираат, можеби само се трудат да се докажат пред другите, но кој и да е нивниот мотив, факт е дека ја нарушуваат ентузијастичката работна атмосфера. Тие не ги знаат своите граници, се жалат на неработењето на другите и ја поткопуваат нивната самодоверба. Шефот треба да им покаже дека на работа сите соработуваат, а не се натпреваруваат. И малку платен одмор добро би му дошло за враќање во нормала.rn

    4. Дружељубивиот

    rnДружењето меѓу колегите е убава работа и нешто кое секој претпоставен го посакува, но не на начинот на кој тоа го прави овој човек. Кога тој/таа доаѓа на работа, првото нешто со кое се зафаќа е долгото пиење на утринското кафе, разговорот со колегите, озборувањата. Наместо да работи, тој времето го троши во дружење. Му фали концентрација, има незрел и несериозен пристап кон работата и често се однесува непрофесионално.rn

    5. Негативецот

    rnМожеби клинички не му фали ништо, но неговото однесување е толку деструктивно што може да нанесе многу штета на атмосферата во тимот. Не обрнува внимание на работната етика, се однесува агресивно и заплашувачки со другите, има проблеми со авторитетите над него, ги манипулира колегите и има нарушени односи со нив. Сите сакаат тој да си оди од работното место.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да останете фокусирани за време на летниот период?

    Како да останете фокусирани за време на летниот период?

    Автор: Калин БабушкуrnrnЛетниот период и топлите денови се наближуваат. Школскиот распуст е веќе започнат. Сè почесто може да го слушнеме прашањето: каде на одмор? Мислите ни се на најблиските плажи, а со нозете сме веќе во вода.rnrnСето тоа влијае на намалување на продуктивноста и фокусираноста на работните обврски. Но и летниот период е исполнување на работните обврски и сакале или не, мора да се биде фокусиран и во овој период. Еве ви неколку совети како да останете продуктивни и фокусирани на работата и на работните обврски што ги имате во овој период:rnrnkako-da-ostanete-fokusirani-za-vreme-na-letniot-period-kafepauza.mkrnrnОблека – Внимавајте со облеката во овој период. Носете лесна облека во светли бои. Доколку работата ви дозволува, носете кратки ракави. Доколку нема потреба, немојте да носите и вратоврски или марами. Доколку сте менаџер или сопственик на компанија, дозволете си поформално облекување, но без одела или сакоа – таквата облека е претопла за ова време.rnrnПланирајте го и искомуницирајте го летниот одмор – Со тоа мозокот ќе го сетирате дека тој период ќе бидете отсутни, а тоа дополнително ќе ви олесни и вам и на вашите соработници да знаат во кој период нема да бидете достапни. Најважно е планираниот одмор да биде барем еден месец однапред испланиран и искомунициран со сите со коишто соработувате.rnrnПланирајте ги работните денови – Доколку треба да излезете надвор, гледајте тоа да биде во раните претпладневни часови, кога сè уште не е толку топло. Топлиот период (пладневните часови) поминете го во канцеларија.rnrnРазладни уреди – Ако е многу топло, употребувајте разладни уреди, но немојте тие да бидат директно насочени кон вас. Дополнително, ако користите разладни уреди, немојте да имате отворени прозори, непотребно трошите енергија. Немојте да ја правите работната просторија премногу студена, затоа што кога ќе излезете надвор може да доживеете шок.rnrnИскористување максимум од периодот – Во зависност од работата, искористете го овој период за планирањето на следниве активности: планирајте го наредниот период, но не само периодот до крај на годината, туку до наредното лето. Навлезете аналитички во работите и направете убаво планирање.rnrnКомуникациски можности – Во ера на интернет и покриеност со мобилни телефони, доколку овозможува работата, дозволете си работа надвор од канцеларијата. Не знам колку нашата свест е висока за таква работа, но можно е. Ако има можност, работете од дома или од друго место, но сепак сработете си ја зададената работа.rnrnКратки одмори – Во текот на работниот ден, земајте кратки одмори. Искористете ги тие одмори за да се разладите и да си помогнете да бидете пофокусирани. Доколку, пак, имате можност, искористете ги викендите за подолг одмор надвор од местото на живеење (на планина, езеро, река или на друго место). Неколкудневни одмори знаат позитивно да влијаат на психата на луѓето.rnrn„Студена глава“ – топлината си го прави своето и пробајте да останете со „студена глава“ во сите ситуации.rnrnИма голем број работи кои треба да ги имате на ум во овој период за да ја задржите својата фокусираност, но најважно е да разберете дека и овој период е време на исполнување на своите обврски. Со прифаќање на тој став од самиот старт ќе ви биде полесно да го прифатите овој период и да бидете попродуктивни.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.