КАФЕ ПАУЗА

Tag: работни задачи

  • Листи за подобрување на продуктивноста на работното место

    Листи за подобрување на продуктивноста на работното место

    Соработниците постојано ви поставуваат прашања, добивате задачи кои треба веднаш да ги завршите, а телефонските повици ја прекинуваат вашата концентрација. Листата на работи кои треба да ги направите станува сè поголема, сè додека не одлучите да ја фрлите во ѓубре и да започнете да работите на поинаков начин.rnrnВо нејзината книга „Што да правите кога имате премногу работа?“, Лаура Стак им помага на работниците кои имаат премногу обврски да работат поефикасно. Според Стак, користењето на листи може да ви заштеди околу 90 минути дневно. На тој начин може да станете попродуктивни на работа и пофокусирани на домашните обврски. Наместо единствената листа на работи кои морате да ги направите, направете три различни листи кои ќе ве насочат во вистинскиот правец. Листи за подобрување на продуктивноста на работното местоrn

    Листа на работи кои не треба да ги направите

    rnКолку многу озборувате или сурфате на Интернет додека сте на работа? Сигурно повеќе отколку што е потребно. Ова е причината поради која треба да направите листа на работи кои не треба да ги правите. Оваа листа вклучува работи кои треба да одбивате да ги правите, односно непотребни работи на кои го трошите времето. Целта на оваа листа е да се фокусирате на обврските кои треба да ги завршите. Работите наведени на оваа листа треба да бидат прецизни. Наместо да напишете „Денес нема воопшто да се вклучам на Фејсбук“, подобро е да напишете „Секој ден сè помалку ќе се вклучувам на Фејсбук“. Ако се придржувате кон оваа листа, за кратко време ќе станете поефикасни и ќе го намалите бројот на завршени неважни задачи. Листи за подобрување на продуктивноста на работното местоrn

    Листа на итни работи

    rnОваа листа содржи работи кои мора да бидат завршени во најбрз можен рок. Целта на оваа листа е да научите да управувате со времето. Бројот на задачи кои ги содржи оваа листа е различен. На пример, веб-дизајнерот може да има 20 задачи на оваа листа, но само 3 од нив ќе успее да ги заврши за еден ден. За разлика од него, авторот може да има само една задача, но во текот на денот ќе истражува на уште неколку други теми. Листата на итни работи е флексибилна затоа што во текот на работниот ден постои можност за зголемување на задачите кои треба да бидат веднаш завршени. Во оваа листа, исто така, спаѓаат и помали работи кои не мора да се завршат веднаш, но може да се натрупаат ако бидат запоставени, како што е на пример, подготвувањето на месечни извештаи. Листи за подобрување на продуктивноста на работното местоrn

    Листа на работи кои треба да ги направите

    rnОваа листа вклучува сè што треба да биде завршено во одреден временски период, но не веднаш. Задачите наведени на оваа листа ќе го менуваат својот редослед во зависност од роковите. Дел од задачите може да преминат во листата на итни работи, а дел од нив може да бидат елиминирани. Ако не можете да одлучите дали одредена задача треба да биде на оваа листа или на листата за итни работи, запрашајте се дали задачата треба да биде завршена денес. Ако одговорот е не, задачата останува на оваа листа, но ако одговорот е да, тогаш станува збор за итна задача. Листи за подобрување на продуктивноста на работното место
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 8 мудри начини да продолжите напред во работата

    8 мудри начини да продолжите напред во работата

    Колку и да го сакате она што го работите, сигурно некогаш сте се нашле во тешка ситуација. Дури и ако сте многу добри во работата, таа може да ви стане рутинска и досадна или пак, можеби сакате да се докажете дека сте одлични на работното место за да имате повод да побарате покачување. Во каква и ситуација да се наоѓате, еве неколку мудри совети како да продолжите напред:rn.rn

    1. Работете различни задачи

    rn

    Ако ви изгледа дека единственото нешто што се менува во текот на неделата е само денот, време е да поразговарате со претпоставениот да ви ги прошири работните задачи. Така, може да ви се зголеми и платата. Понудете им ја својата помош на некои колеги, па дури и на оние кои не се во вашиот оддел. Или, ако поседувате некоја способност која не е во описот на работното место, пробајте да ја откриете, завршувајќи некоја задача за која токму вие сте вешти. Луѓето ќе ја ценат вашата иницијатива да помогнете, а вие во исто време ќе се докажете уште повеќе.8 мудри начини како да продолжите напред во работата

    rnrn

    2. Навреме препознајте го проблемот

    rnИзвестете го претпоставениот или шефот веднаш штом ќе препознаете некој проблем кој е од витално значење за фирмата. Тогаш, претпоставените ќе увидат дека се грижите за фирмата, а воедно и за вашето работно место. Ако нешто не ви штима, слободно прашајте.8 мудри начини како да продолжите напред во работатаrn

    3. Поставувајте прашања

    rn

    Кога веќе сте во канцеларија со шефот и тој ви поставува прашања за вашата работа, искористете го добро тој момент и поставете му и вие неколку прашања нему. Ова особено се однесува ако ви е доделена нова работна задача. Прашајте за сè што не ви е јасно, како подобро би ја исполниле задачата.8 мудри начини како да продолжите напред во работата

    rnrn

    4. Учете повеќе од колегите

    rnАко сакате да бидете повидливи на работното место, запрашајте се: кого овде најмногу го забележуваат? Што прави тој/таа на што и вие би можеле да се угледате? Откако ќе најдете некој колега на кого му се восхитувате поради неговото работење, дајте му до знаење дека сте расположени за соработка и отворени за помош доколку некогаш му е потребна за некоја задача или проект. Соработувајте со веќе докажани колеги и учете од нив.8 мудри начини како да продолжите напред во работатаrn

    5. Преминете на главното

    rnЧестопати ни се случува да претераме со зборување кога нè прашале само едно прашање. Без оглед дали се работи за пренесување добри или лоши вести, бидете јасни и прецизни.8 мудри начини како да продолжите напред во работатаrn

    6. Вашата кариера треба да е во ваши раце

    rnАко сметате дека сте исполнителни во работата повеќе одошто е потребно, не двоумете се да разговарате со шефот за ваше унапредување во кариерата. Пред да го направите овој чекор, пожелно би било дополнително да се докажете, да извршите некоја екстра работна задача како шефот би бил уверен и би ве унапредил.8 мудри начини како да продолжите напред во работатаrn

    7. Внимавајте на вашето однесување

    rn

    Однесувањето на вработените е број еден на листата на претпоставените. Ако сте отворени за нови предизвици, секоја работа ја примате со насмевка и со позитивен став, сите ќе сакаат да работат со вас. Доколку пак наидете на проблем, секако дека треба да го истакнете, да побарате мислење од претпоставениот и на крајот да дадете предлог за негово решавање.8 мудри начини како да продолжите напред во работата

    rnrn

    8. Предочете ги сопствените достигнувања

    rnВажно е шефот да биде известен за сите ваши постигнувања на работното место, но не претерувајте со тоа. Од време на време закажувајте состанок со шефот и известувајте го за сопствените постигнувања во однос на работата.8 мудри начини како да продолжите напред во работатаrnrn——————————————————————————————————————————————————————–rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.