КАФЕ ПАУЗА

Tag: работа

  • Како да се справите со чувствата на анксиозност и паника додека сте на работа?

    Како да се справите со чувствата на анксиозност и паника додека сте на работа?

    Кога анксиозноста надвладува, се јавуваат негативни мисли кои нè спречуваат да функционираме на вообичаен начин и ни наметнуваат глас во главата кој ни шепоти дека „сè е лошо“. Ако се соочувате со оваа ситуација, обидете се да застанете, длабоко вдишете и размислете. Ова може да биде предизвик кога сакате да завршите многу задачи одеднаш, па ве обзема анксиозност и паника доколку не можете да ги завршите навреме.rnrnКако да се справите со чувствата на анксиозност и паника додека сте на работа?rnrnКога се чини дека не знаете како да се справите со предизвиците, тоа е сигурен знак дека ве нападнале негативни чувства. Затоа, вреди да го направите првиот чекор и да започнете дијалог со себе. Неопходно е да се запрашате зошто ви е потребна оваа работа, што ве тера да се чувствувате лошо и дали би било подобро доколку бидете трпеливи и размислете за миг што е тоа што тргнало наопаку?rnrnВеднаш штом ќе ги поминете првите чекори, работата престанува да изгледа толку невозможна и напорна. Освен тоа, чувството на контрола ќе ве смири и ќе ви помогне да го завршите она што сте го започнале. Доволно е да ги следите овие 3 совети:rn

    1. Направете список со обврски

    rnЗа да не се одвоите од реалноста, потребно е да ја почитувате дисциплината и да имате одреден редослед на обврски во вашата глава. За да не бидете збунети и да ги намалите стравот и вознемиреноста дека нема да направите нешто добро, секое утро правете листа на работи што треба да ги направите, дури и секојдневни со цел да ги намалите што е можно повеќе негативните мисли. Започнете со запишување ситници, од местење на креветот и пеглање алишта, до одење на работа и должности што ве очекуваат таму. Подоцна, кога ќе ја проверите листата и ќе сфатите дека сте завршиле голем дел од вашите обврски, тоа ќе ви остави до знаење дека сте биле продуктивни во текот на денот.rn

    2. Поедноставете го вашиот процес

    rnЗа да останете продуктивни и смирени во исто време, треба да си ја создадете најудобната средина. Пред сè, тоа се однесува на работата. Идентификувајте ги слабите точки: што ви го одвлекува вниманието и ве тера да одолговлекувате, а што ве исцрпува и не ви дозволува да се одморите. Запомнете дека мора да постои рамнотежа и на работа и во слободно време.rn

    3. Поминувајте време со саканите

    rnНајчесто, кога сме осамени им подлегнуваме на негативните мисли. Затоа, обидете се поголемиот дел од слободното време да го поминете со оние кои ве поддржуваат и прават да се чувствувате добро. Ова може позитивно да влијае врз вашата ментална состојба.rnrnЗабелешка: Ако се соочувате со анксиозност која негативно влијае врз квалитетот на вашиот живот, консултирајте се со стручно лице.rnrnОткако прочитавте како да се справите со чувствата на анксиозност и паника во работната средина, можеби ќе сакате да прочитате и како да ги намалите стресот и анксиозноста со помош на техниката 5-4-3-2-1.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • 5 совети за воспоставување рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот

    5 совети за воспоставување рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот

    И покрај напредокот во технологијата која наводно ни го олеснува животот, ние работиме понапорно и подолго од кога било. Работата во смени и работата за време на викенд, исто така го зголемуваат нашиот секојдневен стрес. Тоа е причината зошто многумина од нас страдаат како резултат на неурамнотежениот професионален живот. Еве како да постигнете подобра рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот:rnrn5 совети за воспоставување рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот животrn

    Игнорирајте ги мејловите

    rnМожете да постигнете подобра рамнотежа во работниот живот така што ќе се држите подалеку од вашата е-пошта надвор од работното време. Две или три пораки од колеги или клиенти можат понекогаш навистина да ви го нарушат расположението и менталната благосостојба.rn

    Научете да кажете „НЕ“

    rnИма толку многу работници кои се плашат да кажат не на нивните шефови бидејќи мислат дека тоа лошо ќе се одрази на нив. Треба рано да ги поставите вашите професионални граници, така што оние над вас знаат да не бараат премногу. Имајте на ум дека е тенка линијата помеѓу напорното работење и искористувањето и затоа никогаш не треба да се плашите да застанете во одбрана на сопствените интереси.rn

    Работете попаметно

    rnСеднете и размислете како можете да го направите вашиот работен ден попродуктивен, без разлика дали тоа значи да го преместите вашиот час за ручек или да разговарате за некои промени со вашиот шеф.rn

    Оставете ги работните задачи на работа

    rnОва е веројатно најважната точка од сите. Од голема важност е да не дозволите стресовите од вашиот професионален живот да влијаат врз вашиот личен живот. Ако имате слободно време секој ден без притоа да размислувате постојано за вашата работа, ќе можете секое утро да се враќате во канцеларија со освежен ум и нова енергија.rn

    Откажете се од совршенството

    rnСè што можете да правите секој ден може да биде совршено, но не значи дека не сте се потрудиле максимално доколку резултатот не е совршен. Доколку сте опседнати со помислата дека сè што правите мора да биде совршено може да го сведе вашиот ден на куп обврски и задачи без ниту еден момент на уживање. Затоа, прифатете го фактот дека вложувањето максимален труд е сето она на кое може да се надева вашиот работодавец.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за воспоставување рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие универзални вистини кои ќе ви го променат погледот на животот.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • 3 совети кои можат да ви помогнат да дојдете до генијални идеи

    3 совети кои можат да ви помогнат да дојдете до генијални идеи

    Како да дојдете до генијални идеи кои ќе го поттикнат развојот на вашата кариера или бизнис? Клучот за креативноста се состои во стимулирањето на луѓето со кои работите и зголемувањето на нивната внатрешна мотивација. На кој начин можете да придонесете за зголемување на мотивацијата на луѓето во вашата компанија? Прочитајте во продолжение.rnrn3 совети кои можат да ви помогнат да дојдете до генијални идеиrn

    Најдете ги вистинските луѓе

    rnНаправете сè што можете за да ги пронајдете луѓето кои ќе покажат страст и интерес за мисијата и целите на вашата организација. Иако не е секогаш лесно да се утврди предвреме, сепак еден од можните показатели би бил талентот и вештините на кандидатот.rn

    Создадете позитивна и инспиративна работна атмосфера

    rnОд голема важност е работата и работните задачи да имаат значење и смисла за вашите вработени. Што тоа значи? Дури и ако задачите на програмерот се состојат само во пишување кодови, сепак проверете дали ја знае и поголемата слика, односно на кој начин кодот што тој го пишува ќе придонесе за решавање на проблемот. Со други зборови, обидете се да им дадете на вашите вработени увид и пристап до голема слика и крајниот резултат за кои придонесуваат нивните индивидуални напори.rn

    Направете стратегија за евалуација и наградување на поединечните заслуги

    rnОбидете се да воспоставите методи преку кои вработените ќе добиваат конструктивен, објективен и искрен фидбек за напорот што го вложуваат во нивната работа. Оставете им до знаење на луѓето од вашата компанија дека нивните идеи ќе бидат слушнати и соодветно оценети и наградени.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да прочитате и за како да го решите проблемот со недостатокот на креативност и непродуктивност.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Овие знаци ќе ви покажат дали и како стресот влијае врз вашата продуктивност на работа

    Овие знаци ќе ви покажат дали и како стресот влијае врз вашата продуктивност на работа

    Секој од нас на различен начин се справува со стресот. Затоа, од голема важност е навреме да ги препознаете знаците на евентуален стрес за да можете соодветно да реагирате. Во продолжение прочитајте ја нашата листа со знаци на прекумерен стрес и тоа во поглед на работата и работните обврски:rnrnОвие знаци ќе ви покажат дали и како стресот влијае врз вашата продуктивност на работаrnrn1. Вашиот стил на комуникација станува сè помалку директен.rnrn2. Вообичаено ја користите групната дискусија кога сакате да одлучите за нешто, но сега одбивате самите да носите одлуки и затоа се потпирате на групниот консензус.rnrn3. Сакате ред и детали, но сега гледате со недоверба на начинот на кој другите управуваат со нив.rnrn4. Вообичаено лесно наоѓате заеднички јазик со другите, но сега ја одбегнувате дури и најмалата можност да влезете во некаков конфликт.rnrn5. Вообичаено сте полни со енергија, но сега се чувствувате немирно или нетрпеливо.rnrn6. Сигурни сте во вашите способности, но сега ја префрлате вината за проблемите на другите без да размислите дали и вие имате удел или не.rnrn7. Вообичаено се предизвикувате себеси за да постигнете подобри резултати, но сега тоа го правите како резултат на самокритиката.rnrn8. Генерално фокусирани сте на задачата, но сега тој фокус ве тера да се спротивставите на секоја промена.rnrn9. Вообичаено брзо носите одлуки, но сега дејствувате импулсивно или се чувствувате исфрустрирано.rnrn10. Вообичаено сте отворени за фидбек, но сега сте чувствителни на секаков тип критики.rnrn11. Обично сакате да работите во група, но сега сте повлечени или нетрпеливи.rnrn12. Вообичаено се согласувате со другите, но сега станувате провокативни или доминантни.rnrn13. По природа сте објективни и практични, но сега емоциите ви го попречуваат процесот на расудување.rnrnОткако го прочитавте нашиот список со знаци на стрес за време на извршување на работните задачи, можеби ќе сакате да прочитате и како да останете позитивни доколку сте опкружени со луѓе кои ви предизвикуваат стрес.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Како да ја избегнете рутината на канцелариската работа за максимално да го живеете животот?

    Како да ја избегнете рутината на канцелариската работа за максимално да го живеете животот?

    Уморни сте од канцелариската работа од 9 до 5 која многумина ја нарекуваат „модерно ропство“? Напорно работите, а добивате многу малку за возврат? Дали сонувате за слобода и поинаков начин на живот? Тогаш, ова е вистинскиот момент да ја преземете контролата на вашиот живот во ваши раце и да направите нешто добро за самите вас. Еве како да започнете да го живеете животот што го посакувате.rnrnКако да ја избегнете рутината на канцелариската работа за максимално да го живеете животот?rn

    Поставете си јасни цели

    rnНема смисла да се откажете од вашата работа доколку немате идеја каде сакате да одите и што сакате да правите. Единственото нешто што ви е потребно е некаква насока: соништа и цели. Имајте јасна претстава за тоа каде се гледате себеси по шест месеци, една година или пет години.rn

    Штедете

    rnКолку и да се убедувате себеси дека парите и не се најважната работа во животот, сепак тие се значаен дел од него. Управувањето со вашите финансии и заштедата ќе ви пружи можност во иднина да го напуштите работното место и да ги следите вашите соништа.rn

    Откријте ги вашите способности

    rnДобро би било да имате насока во животот, но исто така треба да знаете каде се истакнувате и кои се вештините што ги поседувате. Постојано работете на вашите способности и таленти, без оглед за што станува збор. Преку нивното усовршување ќе ви биде полесно да дојдете до посакуваната цел.rn

    Инвестирајте во себе

    rnАко веќе знаете кон што сакате да се насочите, почнете да ги правите првите чекори. Едуцирајте се, истражувајте ја областа за која сте се одлучиле и инвестирајте во курсеви и материјали.rn

    Пронајдете ја работата од вашите соништа

    rnИако звучи неверојатно, сепак не е невозможно. Доколку сте финансиски, но и психички подготвени за промена, нема да зажалите. Со тек на време ќе сфатите дека ова е најдобрата одлука што сте ја направиле досега.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за како да ставите крај на канцелариското работење од 9 до 5, можеби ќе сакате да ги прочитате и фенг шуи советите за наоѓање нова работа.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • Како да бидете горди на себе и на она што сте?

    Како да бидете горди на себе и на она што сте?

    Сигурно досега сте слушнале фрази од типот: „Кој треба да бидеш, што треба да бидеш, каде треба да бидеш – сè ќе си дојде на свое место“. Но, дали е навистина така? Дали нештата кои ги посакуваме едноставно ќе ни „паднат од небо“ без да мрднеме ниту со прст за нив? Најверојатно и не затоа што ни е потребно едно нешто што се вика… работа.rnrnКако да бидете горди на себе и на она што сте?rnrnДа, мора да работите за да бидете таму каде што сакате да бидете. Ваша одговорност е секое утро да се запрашате себеси дали вашиот живот се движи во посакуваната насока, а ако не, што можете да направите во врска со тоа. Не можете да се разбудите еден ден и да си речете себеси: „Можам да го направам ова затоа што…“. Не. Потребна ви е работа, а тоа понекогаш може да биде навистина долг процес.rn

    Борете се за вашите соништа

    rnОткријте што е тоа што треба да направите за вашиот сон да се претвори во реалност. Дознајте што ве спречува да ги остварите вашите соништа и обидете се да ги елиминирате тие пречки. Стравот е една од најчестите пречки кога станува збор за нашите соништа. Иако на сите нам ни е добро познато дека многу полесно е да се каже отколку да се направи, сепак обидете се да го надминете стравот. Важно е да не се откажувате. Не очекувајте дека животот е бајка и дека сè ќе си дојде на свое место. Ако не успеете првиот пат, обидете се пак, одново и одново.rn

    Сакајте се себеси

    rnЧувајте се и сакајте се себеси. Самодовербата ќе ви помогне да ги надминете сите пречки, иако понекогаш ќе има денови кога нема да имате волја и желба за ништо. Во тие моменти, доволно е да ги споделите своите тешкотии со најблиските и да побарате поддршка од нив.rn

    Животот е полн со падови и подеми и затоа направете го вреден за паметење

    rnНе седете со скрстени раце, очекувајќи светот да ви го даде она што го посакувате. Наместо тоа, борете се за вашите желби, направете го она што треба да го направите и пружете си ја можноста да бидете среќни. Иако можеби ви се чини дека работите се одвиваат премногу бавно, сепак доволно е тоа што се движите во потребната насока. Запомнете дека вие сте единствените кои сте способни да го промените сопствениот живот.rn

    Бидете горди на себе и на сопствените соништа

    rnНајважно од сè е да бидете горди на себе. На крајот на денот, вие мора да живеете за себе. Секако, тука се пријателите, семејството и саканите, но морате да се сакате и да се прифатите себеси онакви какви што сте за да можете да ја ширите својата љубов кон другите.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за како да бидете горди на себе, можеби ќе сакате да прочитате и дека не треба да сте горди на себе ако сте постојано зафатени.rnrnИзвор: yourtango.com

  • 6-те најголеми грешки што ги правиме при давање отказ

    6-те најголеми грешки што ги правиме при давање отказ

    Давањето отказ е сложен процес сам по себе кој не завршува во моментот откако ќе доставите известување за оставка. За вас ги издвоивме најголемите и најчестите грешки при давање отказ според експертите за човечки ресурси.rnrn6-те најголеми грешки што ги правиме при давање отказ rn

    1. Рушење на мостовите кои би можеле да ве поврзат со подобро работно место во иднина

    rnИако со текот на годините, колегите можат да заборават на што точно сте работеле заедно, никогаш нема да заборават каков впечаток сте им оставиле. Важно е да оставите добар впечаток при напуштање на работното место. Замислете, можеби некој од истите колеги во иднина ќе биде одговорен токму за вашето резиме и одлуката дали да ве вработат или не.rn

    2. Ја споделувате со другите веста за вашето заминување, а сè уште не сте сигурни дали ќе добиете ново работно место

    rnПред да си дадете отказ осигурете се дека ви е загарантирано новото работно место. Бидете внимателни на кои луѓе ќе им ги доверите вашите планови, без разлика на фактот дека сте во одлични односи со нив.rn

    3. Прерано известување

    rnПравилото е да го известите работодавачот две недели до еден месец пред заминување, но и не е задолжително во сите случаи. На пример, за време на пандемијата, за некои вработени отказниот рок траел и помалку време. Според некои експерти, освен ако не сте менаџер или извршен директор и постои вистинска деловна причина да имате подолг отказен рок, еден месец е сосема доволен.rn

    4. Работите премногу откако сте дале изјава за отказ

    rnЗа време на вашите последни денови на старото работно место сакате да си ги завршите во целост своите работни обврски и за колегите да не ве паметат како некој кој не ги извршил своите должности докрај. Во исто време, не сакате да работите прекувремено за работа што набргу ќе ја напуштите. Голема грешка е да се преоптоварувате себеси во последните денови и експертите ви препорачуваат да бидете искрени со вашиот шеф во однос на тоа што можете да сработите во преостанатото време.rn

    5. Не си оставате доволен простор помеѓу работните места

    rnДо моментот кога ќе си дадете отказ од работата што очајно сакате да ја напуштите, веројатно е дека ќе имате многу непроспиени ноќи и ќе бидете постојано под стрес. Доколку веднаш се префрлите на друго работно место нема да имате време за одмор. Експертите ви препорачуваат пауза од барем една недела додека одново да ги наполните батериите.rn

    6. Не сте подготвени за денот кога ќе доставите известување за вашиот отказ

    rnСамо затоа што сте дале известување за отказ, не значи и дека ќе го добиете веднаш. Понекогаш пак, се случува денот со известувањето за отказ да биде и последниот работен ден на вработениот со што се остава впечаток дека тој е всушност отпуштен. Во некои случаи, вработените наишле на одмазда од страна на менаџерите кои преостанатите работни денови им ги претвориле во пекол. Доколку истото се случи и со вас, единствена утеха би ви било сознанието дека нема вечно да е така.rnrnОткако прочитавте за најчестите и најголемите грешки при давање отказ, можеби сакате да прочитате и зошто вработените даваат отказ поради лошите шефови, а не поради работата.rnrnИзвор: huffpost.com

  • Како да ги дешифрирате најчестите фрази во огласите за работа?

    Како да ги дешифрирате најчестите фрази во огласите за работа?

    Пред да аплицирате за работа, прво го читате огласот што вклучува непотребен сет фрази и нејасни изјави. Овие вообичаени фрази може ненамерно да откријат многу за приоритетите на компанијата, за нејзиниот идеален кандидат за работа и каков вид личност ѝ треба на таквата организација. Во продолжение прочитајте што значат најчестите фрази што ги сретнувате во огласите за работа.rnrnКако да ги дешифрирате најчестите фрази во огласите за работа?rn

    1. „Динамична средина“

    rnОваа фраза обично значи дека има многу работа и дека работите секогаш се одвиваат брзо, под постојани кратки рокови, па затоа треба да бидете подготвени за брза работа. Ќе мора да учите брзо и да работите брзо, а вашето работно место може да биде загрозено ако не сте во можност да ги следите останатите.rn

    2. „Самоиницијативност“

    rnБарањето самоиницијатива може да значи дека ќе добиете многу кратка обука и дека за многу брзо време ќе мора да ја работите својата работа независно и брзо.rnrnОва може да се смета за црвено знаме за некој што е релативно нов во тој вид работа бидејќи нема да имате многу време да научите сè. Но, оваа работа е идеална за лидер кој има слично искуство и е подготвен да ги реализира своите идеи.rn

    3. „Флексибилност“

    rnПонекогаш потенцијалниот работодавец ќе каже дека сака да бидете флексибилни, но тука повеќе станува збор за компромис отколку за флексибилност. А, кога се мисли на компромис, тоа значи дека вие губите секогаш, односно дека ќе сторите што и да побараат затоа што сте флексибилни.rn

    4. „Неограничен платен годишен одмор“

    rnИ покрај тоа што звучи одлично, оваа фраза во суштина испраќа порака дека вашите претпоставени мислат дека сте возрасни и дека ќе се однесувате соодветно, така што нема да земете еден месец одмор, особено не уште првата година.rnrnНајдобро е да откриете колку денови одмор земаат вашите колеги, во кој дел од годината и во кој дел од годината има најмногу работа во вашиот сектор.rn

    5. „Конкурентна плата“

    rnКога ќе ја видите фразата „конкурентна плата“, тоа не значи дека не можете да преговарате за вашата плата.rnrnАко имате повеќе искуство и ако понудите нешто што не се наоѓа често на пазарот, вашата моќ за преговарање ќе се зголеми, треба да стоите цврсто и да преговарате за подобри услови.rn

    6. „Различни должности“

    rnОд вас се очекува да извршувате најразлични задачи, кои генерално не се дел од вашата работа. Оваа фраза може да биде засилена со зборовите „и други задачи по потреба“ што се појавува на друго место во огласот за работа.rnrnОва може да се смета за црвено знаме за кандидатот кој ја цени структурата на однапред определен сет одговорности и не сака да биде затрупан со многу задачи. Но, ова може да биде идеална работа за луѓето кои сакаат динамична работа и постојани промени.rn

    7. „Работа под притисок“

    rnНајверојатно ќе имате многу проекти и задачи одеднаш, кратки рокови што воопшто нема да бидат реални, а раководството на компанијата е свесно за тоа и затоа бара луѓе кои можат да се справат со тоа.rnrnПовеќето луѓе издржуваат една до две години на вакви работни места и ретко напредуваат.rnrnЗа да успеете во таква средина, мора да ги прифатите несовршеностите затоа што „ќе мора да произведувате работи на просечно ниво“.rn

    8. „Страст“

    rnСтраста не значи дека треба да бидете вистински ентузијастични за работата, но мора да се појавите на интервјуто подготвени за да ја покажете својата стручност во таа област.rnrnДури и ако не сте страсни за таа работи, направете истражување за да покажете дека сте многу заинтересирани за работата.rn

    9. „Решавање проблеми“

    rnАко ја видите оваа фраза во оглас за работа, веројатно ќе слушнете прашања во интервјуто како „колку време ви беше потребно за да ја приспособите својата стратегија“ или кое било друго прашање што бара да го објасните процесот на решавање проблеми на работа.rnrnАко видите ваков вид стандардно барање, треба да предвидите кои се предизвиците со кои се соочува деловната улога за која сте аплицирале и да бидете подготвени да објасните како ќе ги решите потенцијалните проблеми.rnrnПрочитајте кои 5 реченици што ќе ви ги каже работодавецот на интервјуто откриваат дека не сте ја добиле работата.

  • Ако вашиот работодавец ви ги каже овие 5 реченици, не сте ја добиле работата

    Ако вашиот работодавец ви ги каже овие 5 реченици, не сте ја добиле работата

    Аплицирањето за работа и одењето на интервју обично може да биде многу стресно додека вие како соговорник трошите многу време и труд обидувајќи се да погодите дали му се допаѓате на работодавецот или не. Дури и по интервјуто, обично размислувате за сите важни работи што требаше да ги кажете, но заборавивте да ги споменете. Постојат неколку очигледни знаци што може да ви откријат што мисли вашиот работодавец за вас. Ако ви ги каже овие пет работи, тоа веројатно значи дека не сте ја добиле работата:rnrnАко вашиот работодавец ви ги каже овие 5 реченици, не сте ја добиле работатаrn

    1. Ќе бидеме во контакт

    rnОваа фраза може да биде искрена, но обично значи: „Не сакам да ги повредам вашите чувства, но немам намера да ви понудам работа“. Ова е фраза што ја користат работодавците и исто така нуди чувство на посветеност.rnrnКога работодавецот е возбуден за кандидатот, обично кажува нешто поконкретно, како на пример, „До петок треба да знаеме кој е најдобриот кандидат и ќе ве известите веднаш штом ќе одлучиме“. Општиот одговор обично значи негативно мислење за кандидатот – колку е поконкретен одговорот, толку се поголеми вашите шанси.rn

    2. Имаме уште многу други кандидати за разговор

    rnКога ќе го слушнете ова, обично може да се толкува како: „Не надевајте се премногу“. Со други зборови, работодавецот ви кажува дека никогаш веќе нема да се чуете. Потребно е да се интервјуира неопределен број кандидати, а очигледно е дека вие не сте вистинскиот.rn

    3. Може ли да ви дадам совет?

    rnАко сте вистинскиот кандидат за работното место, нема потреба од дополнителен совет. Ако менаџерот за вработување сака да ви даде совет на крајот од интервјуто, тоа значи дека му се допаѓате, но нема шанси да ја добиете работата ако не направите нешто поразлично.rnrnАко менаџерот е подготвен да одвои време да ви биде ментор или да ви понуди бесплатен совет, прифатете го. Тоа значи дека може да имате шанса во иднина ако продолжите да напредувате.rn

    4. На таа позиција ги вработуваме само најдобрите

    rnСо други зборови: „Не разочарувајте се ако не ви се јавиме, ние ги вработуваме само најдобрите од најдобрите“. Во овој случај, работодавецот не сака да ги повреди чувствата на кандидатот, но не може да го вработи секого. Изјавата дека ги вработуваат само најдобрите кандидати подразбира дека нема ништо лошо во вас само затоа што не сте ја добиле работата.rn

    5. Како што знаете, ги проверуваме профилите на социјалните мрежи на секој потенцијален вработен

    rnКога реченицата започнува на овој начин, крајот веројатно нема да биде добар. Ако ви откријат некои од процесите што се одвиваат во позадина, тоа е начин да ви кажат: „Треба да знаете дека нема да ги поминете нашите проверки“.rnrnЗа да избегнете непријатности во иднина, не заборавајте да ги уредите профилите на социјалните мрежи и да внимавате што објавувате на нив бидејќи вашиот сегашен или иден работодавец ќе провери колку сте одговорни.rnrnПогледнете кои грешки во изгледот го спречуваат напредувањето во кариерата.

  • Зошто е добро да ја работите работата што не ви се допаѓа барем еднаш во животот?

    Зошто е добро да ја работите работата што не ви се допаѓа барем еднаш во животот?

    Без разлика дали ја сакате својата работа или не, секогаш ќе имате тешки и навидум неподносливи денови и периоди во кои нема да уживате. Ако не ви се допаѓа тоа што го правите, одењето на работа станува вистинска тортура и секој час поминат на работа ви се чини многу подолг отколку што навистина е. Иако никој не треба да го прави она што не може да го поднесе, сепак можете да извлечете нешто добро од тоа. Овие четири позитивни работи можеби ќе ве натераат барем еднаш во животот да ја работите работата што не ја сакате.rnrnЗошто е добро да ја работите работата што не ви се допаѓа барем еднаш во животот?rn

    Ќе научите што сакате и што не сакате

    rnСите тешки односи, прекинатите пријателства или врски и тешките животни ситуации носат одлични лекции со себе. Од ваквите животни искуства, најпрво учите што сакате и што воопшто не сакате. Исто е и со лошите искуства на работа. Ако работите работа што не ви се допаѓа, запрашајте се прво зошто е тоа така. Ако причината е некој претпоставен или колега, ќе знаете што не сакате од следната работа кога станува збор за работната средина. Ако тоа е работата само по себе, ќе знаете што да избегнете на следната апликација за работа. Исто така, негативното деловно искуство може да ви донесе позитивни ситници и работи што ќе сакате да ги понесете со вас. Не заборавајте дека секоја ситуација има два пола и земете ги со себе сите добри работи што ќе ви ги донесе лошото деловно искуство.rn

    Ќе научите нови вештини

    rnБез разлика дали ви се допаѓа вашата работа или не, сè додека сте вработени, мора да работите и да учите нови вештини. Дури и кога мислите дека вашата работа не ви носи ништо ново, размислете за ситуациите низ кои поминувате секој ден и за вашите реакции на нив. Многу е веројатно дека вашата работа ќе ве научи како да се однесувате во нови и сè уште недоживеани ситуации. Секоја работа ве тера да растете. Понекогаш таа работа ќе се манифестира во нови вештини што ќе можете да ги искористите кога аплицирате за нова работа, понекогаш ќе ве научи да бидете трпеливи, a понекогаш да не заборавите да бидете морални.rn

    Ќе запознаете нови луѓе

    rnИ на најлошите места можете да запознаете прекрасни луѓе кои можат да ви отворат нови врати. Ако не ви одговара работното место или не ви се допаѓа работата што ја работите, не одбивајте да се дружите со луѓе кои имаат квалитети и од кои можете да научите многу работи.rn

    Ќе научите дека ништо не е конечно или безнадежно

    rnНикој не треба да ја работи работата што ја мрази до крајот на животот. Но, ако се најдете во ситуација да правите нешто што не ви се допаѓа, треба да знаете дека тоа не ве дефинира вас како личност. Во ситуациите што не ви се допаѓаат, можете да бидете лути на целиот свет или едноставно да ги прифатите такви какви што се и да се обидете да најдете излез. Ако кажете дека работата што не ви се допаѓа е моментална ситуација од која има излез, ќе ви биде полесно да најдете енергија за да побарате нова, подобра работа.rnrnПрочитајте ги овие фенг шуи совети за наоѓање нова работа.