Многу луѓе уживаат додека ги истегнуваат прстите на рацете и притоа се слуша звук на крцкање. Иако оваа навика може да се забележи кај многу луѓе, не треба да се претерува, затоа што може да му наштети на вашето здравје. Некои луѓе воопшто не го прават тоа, но признаваат дека од љубопитност се обиделе еднаш или два пати, но интересниот звук не можеле да го слушнат. Зошто е тоа така?rnrn
rnrnЗвукот на пукање доаѓа од зглобовите на прстите поради нивно раздвојување и создавање меурчиња во течноста која што ги „подмачкува“. Тие меурчиња се создаваат благодарение на јаглерод диоксид којшто се обидува да ја исполни празнината меѓу зглобовите, којашто се создала со истегнувањето на прстите. Доколку зглобовите ги истегнувате многу често, тие меурчиња пукаат и исчезнуваат, со што се создава звукот кој го слушаме. Многумина кои ја практикуваат оваа малку необична навика, немаат конкретен одговор зошто го прават тоа. Некои велат дека едноставно им одговара и се чувствуваат убаво.rnrnСепак, експертите велат дека треба да бидеме многу внимателни затоа што тоа може да предизвика артритис – болест која предизвикува воспаление, болка, оток и вкочанетост на зглобовите и ткивата околу зглобовите, како и ограничување на движењето и функцијата на различни зглобови. Научниците забележале дека обично мора да поминат околу 20 минути, од едно до друго истегнување на прстите, за луѓето да можат повторно да го слушнат звукот. Во краткото видео можете да видите снимка од магнетна резонанса на која се прикажува што се случува во прстите кога ги истегнуваме.rnrn
Tag: пукање
-

Што се случува кога ги „крцкате“ прстите на рацете и дали оваа навика е опасна?
-

4 неочекувани причини поради кои ви пукаат усните
Проблемот со испуканите усни не се јавува само во зима, а причината за овој незгоден недостаток на вашето лице се наоѓа таму каде што најмалку очекувате.rnrn
rnrnСлузницата на усните е многу осетливо место кое лесно може да се надразни. Незгодното пецкање, испуканата и сува кожа на која карминот не изгледа добро и неубавото црвенило кое понекогаш се протега и надвор од линиите на усните, се само некои од можните симптоми на иритираната кожа на овој чувствителен дел од лицето.rnrnСо овие совети, ќе можете да ги елиминирате предизвикувачите на овој проблем и да уживате во прекрасните и сочни усни.rnЗачинета храна
rnВерувале или не, храната е можен предизвикувач на испуканите и болни усни. Ако сакате многу зачинета и лута храна, многу е можно со неа несвесно да ги иритирате усните. Тоа не значи дека треба да се откажете од омилената храна, но после ваков оброк, задолжително е да ги измиете усните и да нанесете балсам кој ќе помогне околу нивната нарушена хидролипидна заштитна бариера.rn
Внатрешна дехидрација
rnДехидрацијата на организмот нема да се забележи толку на кожата, но секако ќе се забележи на слузницата на усните. Решението е многу едноставно: консумирајте доволно количество течности, и тоа најмногу вода. На лето треба да пиете и до еден литар вода повеќе од препорачаните 8 чаши на ден, особено ако сте физички активни.rn
Мат кармините ги сушат усните
rnАко сте личност која сака секојдневно да носи густи мат кармини, можно е во нив да се крие причината поради која вашите усни се суви. Восочната текстура е дизајнирана така за да не се мрда од усните дури ни кога се бакнувате или јадете, но бидете сигурни дека постојаноста на овие формули има и своја лоша страна. Барем два пати неделно обидете се да ги одморите усните од мат формулите со користење на нешто малку покремасто и похидратантно.rn
Проблемот е и во пастите за заби
rnПастите за заби се наменети за темелно миење и дезинфекција на забите, но понекогаш тие се многу агресивни за вашите усни, со кои неминовно имаат контакт за време на миењето. Ако се сомневате дека ова е причината за вашите суви усни, обидете се да ја замените вашата вообичаена паста со таква која не содржи SLS (натриум лаурил сулфат), состојка во производите што служи и за правење пена.
-

Куче се преправа дека го погодило куршум
Кучево слободно може да им одржи час по глума на многу холивудски актери, кои не знаат како да паднат кога ќе ги погодат со куршум во филм. Тоа дефинитивно знае како правилно треба да се заврши работата! :Drn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како пукаат пуканките?
Кино, гледање филмче во домашна атмосфера, роденден, собиранка или диета, сите овие работи се незамисливи без најекономичната вкусна закуска, пуканките.
Сите ги сакаме, а и постојат многу причини зошто е добро да се јадат пуканки. Но, дали некогаш сте виделе како изгледа пукањето пуканки со забавено движење?
rnrnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Уметничко пукање со пушка
Волтон Крил е американски уметник кој употребува пушка со калибар од 22 милиметри, која му е подарок од неговиот татко, за создавање сложени уметнички шаблони врз обоени алуминиумски плочи.rnrn
rn„Мојата главна цел е да ја оттргнам деструктивната моќ, настрана од оружјето. Сакам да управувам со пушката како со алатка за креирање и да ја употребам така што ќе ја оддалечувам од нејзината оригинална цел.“
rn

rnrnВо оваа серија слики застапени се северните диви животни кои традиционално се ловат во ловечките сезони, како што се елен, був, опосум, зајак и други.rnrn
rn„Како некој гледа на оружјето, така гледа и на мене. Доколку луѓето обожаваат огнено оружје и сметаат дека поседувањето на истото е право дадено од бога, тогаш откако ќе ја видат мојата завршена работа нивните ставови се зајакнуваат. Доколку пак сметаат дека огненото оружје треба да се забрани, тогаш на мојата работа гледаат како на ироничен протест, – одговори Волтон запрашан за својата работа.“
rn



rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Совршено место за љубителите на пукањето
Градот Улм во Германија е домот на еден од најубавите стрелачки клубови во светот, комплексот МСЗУ. Тој привлекува уште при самото влегување со неговиот модерен дизајн, совршеното озвучување, безбедноста и врвната технологија, а е сочинет од продавница за пиштоли и пушки, кафе бар и ресторан со комплетна услуга.rn

rnОвластените сопственици на пиштоли и пушки, ловџиите и полициските службеници се добредојдени да го посетат овој уникатен комплекс, за да вежбаат пукање со краток и долг дострел, да ги подобрат ловџиските техники, стрелање на глинени гулаби и друго.rn

rnБез разлика дали имате дозвола за користење на оружје или не, не би можеле, а да не се заљубите во комплетното задоволство кое ви го пружа комплексот МСЗУ.rn.rnrnrnrn.rnКафе барот создава топли емоции и опуштена атмосфера, а ресторанот создава амбиент како да сте на ручек некаде надвор од градот.rn

rn

rnСтрелачките полигони се комплетно базирани на технологија, каде стрелачите ја имаат можноста на мониторите да го видат фидбекот од нивната стрелачка изведба.rn

rn

rnЗвучната изолација ги апсорбира дури и бомбастичните звуци, кои ги произведуваат најмоќните легални оружја во Германија. За ловците, полициските службеници или љубителите на пукањето, стрелачкиот клуб МСЗУ е меѓу светски најдобрите затворени дестинации за пукање, со кој градот Улм може да се стави на мапата на ловен туризам.rn

rn
