Бести Лојд е само 7 години, а веќе има свој бизнис. Таа собира стари шишиња, а потоа ги продава во нејзината продавница во градината на нејзините родители. Ова девојче заедно со својот татко ги собираат своите откритија на стари депонии користејќи само лопати. Потоа ги носат дома, ги чистат, ги ставаат во продавницата и ги продаваат.rnrn
rnrnБести продава 12 шишиња за 10 фунти, а за 12 месеци собрала 600 фунти и си купила лаптоп. Таа вели дека многу ги сака старите шишиња, бидејќи имаат различни бои и големини. Како и да е, нејзиниот омилен дел е копањето и валкањето и мисли дека тоа е навистина забавно. Девојчето споделува дека има многу различни шишиња и дека луѓето секојдневно купуваат. Таа го имала ова хоби уште од мала, па така собрале многу шишиња со кои не знаеле што да прават и така решиле да почнат да ги продаваат. Таткото вели дека тој има своја работа, па може да помага само понекогаш, но малата Бести го врши поголемиот дел од работата. Бести се воодушевува секогаш кога ќе пронајде ново шише, бидејќи тоа претставува фасцинантен поглед во различна ера.rnrn
rnrnВо нејзината продавница има шишиња произведени помеѓу 1870 и 1930 година. Локалните фармери и дозволиле на Бести да копа и таму, бидејќи тоа ја прави среќна. Многу колекционери, но и други луѓе купуваат, а и ние исто така сметаме дека е убаво да му се даде нов живот на нешто старо и заборавено.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте ја приказната за овој велосипедист кој пронашол бездомна мачка која решил да ја носи на патување низ светот.
Tag: продавница
-

7-годишно девојче започнало свој бизнис со стари шишиња што ги собира секојдневно
-

Ако вашата желба сè уште не е исполнета, тоа значи дека сè уште не е „платена“
Оваа симболична приказна за продавницата за исполнување желби нека ве потсети дека колку вложуваме толку и добиваме во животот. Затоа посакајте желба во Новата година и направете сè што е во ваша моќ таа да се исполни и да ве направи среќни!rnrn
rnrnЕве што вели приказната:rn„Некаде на работ од Универзумот имаше продавница. Таблата со името на продавницата одамна го нема затоа што пред многу време зафати бура, а новиот шеф не постави нова табла, затоа што секој жител сепак знаеше дека во продавницата се продаваат желби.rnrnАсортиманот беше огромен, скоро сè можеше да се купи овде: големи јахти, куќи, бракови, функција потпретседател на голема корпорација, деца, витка фигура, освојување на конкуренцијата, луксузни автомобили, моќ, успех, изобилство и многу, многу други работи…rnrnНе само животот и смртта не беа на продажба – тие беа со седиште во друга галаксија.rnrnСите кои дојдоа во оваа продавница (но, се разбира, имаше и такви кои никогаш не влегоа во неа и останаа дома) веднаш се распрашуваа за цената на нивната желба.rnrnЦените беа различни. На пример, да се сака работа чинеше да се откажете од стабилноста и предвидливоста, да бидете подготвени самостојно да го испланирате и организирате животот, да верувате во сопствените сили и да одлучите да го работите тоа што го сакате, а не тоа што ви е наметнато.rnrnНекои од цените беа необични: бракот можеше да се добие скоро бесплатно, но затоа среќниот живот беше скап. За него требаше: лична одговорност, споделување задоволство, препознавање на нечии желби, ценење на она што се има во моментот, среќа, самодоверба, откажување од улогата на „жртва“, ризик да се изгубат некои пријатели и познаници.rnrnНо, секој што дојде во оваа продавница не беше подготвен да ја купи желбата веднаш. Некои, гледајќи ја цената, веднаш се разочараа и заминаа. Другите стоеја внимателно разгледувајќи долго време, пресметувајќи и смислувајќи начини како да се „исценкаат“. Некој се жалеше на многу високите цени, друг бараше попуст или прашуваше кога ќе има распродажба.rnrnНо, имаше и такви што ги искористија своите заштеди и си ја исполнија посакувана желба, спакувана во украсна хартија. Другите клиенти беа љубоморни на таквата среќа, ширејќи озборувања дека шефот на продавницата им е пријател и дека желбата им се исполнила без никаков напор.rnrnНа прашањето до шефот на продавницата дали се плаши од банкрот, тој само ја затресе главата и одговори дека секогаш ќе има храбри луѓе, подготвени за ризик, за откажување од нивните навики и од секојдневниот живот, подготвени да веруваат малку повеќе во себе, луѓе кои вложувајќи ги сите свои средства ќе може да го платат исполнувањето на нивните желби.rnrnИ стотици години имаше реклама на вратата од продавницата:rnrnАко вашата желба сè уште не е исполнета – тоа значи дека сè уште не е платена.“
rnЕве и едно друго мало потсетување: Ако секогаш се трудите да бидете нормални, никогаш нема да знаете колку феноменални може да бидете.
-

Прекрасна продавница за велосипеди
Прекрасната продавница за велосипеди „Pave“ се наоѓа во Барселона, Шпанија и е дизајнирана од страна на Јоан Сандовал. Во неа покрај големиот избор на велосипеди, можат да се купат и гуми, резервни делови, аксесоари, алат, патики, шлемови и многу други работи кои се сон на секој велосипедист.
Оваа луксузна продавница е распослана на простор од 700 метри квадратни, а при нејзиното создавање е обрнато големо внимание на тоа купувачите комплетно да уживаат при купувањето.












rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Само уште едно пиво
Кој во животот барем еднаш испил повеќе отколку што требало, дефинитивно знае што е проблемот со балансот на човекот во ова видео. Проблемот не во тоа што испил повеќе, туку што влегува во супер маркет да купи уште некое пиво, но не знае како да излезе.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Глушецот со големи уши
Секој треба да си ја најде својата сродна душа, па дури и глушецот со големи уши. Ова е кратка анимирана приказна за глушецот Сникерс кој секојдневно чека некој да влезе во продавницата за миленичиња и да го одбере токму него за да го однесе во неговиот нов дом.rnrn
rnrnДело е на Ваутер Бонгертс, ака Воли, кој го изработил овој краток анимиран филм како дипломска работа на академијата за медиуми и дизајн во Генк, Белгија.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Галеб ограбува продавница
Верувале или не, но овој галеб тивко и незабележливо си влегува во продавница и успева да изврши грабеж без никој да го види. Потоа со брз чекор ја напушта продавницата 🙂 Пресмешно!rn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Нов лик на најпознатите кафе-продавници „Старбакс“
Најновата кафе-продавница на светски познатиот бренд „Старбакс“ се наоѓа во Амстердам и е само прва од низата од овој тип, кои во блиска иднина ќе се појават секаде низ Европа. Оваа продавница е направена на повеќе нивоа и е изработена од природни материјали, како што е холандскиот даб.

Уникатниот таван е направен од дрвени блокови со различна големина кои придонесуваат да се добие оваа домашна атмосфера. Новиот дизајн додава еден модерен и рустичен „спин“ на овој синџир кафе-продавници, кои својот лик го немаа променето многу години.






rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Слаткарница како од цртаните филмови
Следен пат кога ќе појдете во Мелбурн, Австралија, не заборавајте да поминете во оваа неверојатна слаткарница. „Candy Room“ е официјално отворена при крајот на минатата година, а е направена врз база на идејата, дека во секој од нас сè уште се наоѓа палаво дете. Концептот е направен од страна на компанијата „Red Design Group“. Тие најпрво нашле мал простор од 42 метри квадратни, го обоиле со бела боја, а потоа со црна цртале по ѕидовите. Така тие преку цртежи направиле продавницата за слатки да зрачи со позитивна домашна атмосфера.
Сопствениците на оваа куќа на слатки, Кристина Велардо и Леони Швецер, сакале нивната продавница да биде посебна. Тие имале желба секој купувач кој ќе дојде да доживее ново искуство. Па така, кога луѓето влегуваат во продавницата се чувствуваат како да влегле во сладок свет од цртаните филмови.





rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
-

3Д скенер кои ги одбира идеалните фармерки за вашето тело
Замислете ситуација во која одма ќе знаете кои фармерки би биле идеални за вас, без притоа да морате да талкате цел ден по продавниците и да пробувате по 20 пара. Нормално, сите секогаш бараат фармерки кои даваат идеална слика на виткост, кои нема да оцртуваат, ќе издолжуваат и слично.
За среќа, откриен е револуционерен пронајдок кој овозможува потрагата по совршениот пар фармерки да биде многу едноставна. Благодарение на тридимензионалниот скенер на тело, купувачите во продавницата на „New Look“ во трговскиот центар „Westfield Stratford“ кој се наоѓа во градот Стратфорд, Англија, ќе можат да си ги одберат оние фармерки кои се идеални за нивната градба. Скенерот е изработен од компанијата „Bodymetrics“.rnrnКупувачите ќе мора да влезат во скенерот по долна облека, кој благодарение на ултрацрвени светла ќе може да прочита повеќе од 300.000 точки од телото на човекот. Статистиката ќе дава неверојатни резултати и секој што ќе помине преку скенерот ќе може да дознае секаква мерка за својата половина, листови, бутови, зглобови и слично.
Откако телото ќе биде скенирано, стилист ќе ги анализира контурите и облините на телото и ќе го одбере совршениот пар фармерки. Резултатите ќе се испраќаат и на имејл, бидејќи се очекува ваквата технологија да се применува и во други продавници. Сепак, оваа идеја не е нова, бидејќи ваков изум бил направен во 2001 година, кога се очекувало дека тој ќе направи бум и многу брендови ќе ја инсталираат опремата во своите продавници.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn

Првиот виртуелен супермаркет во светот се отвори во Сеул, главниот град на Јужна Кореа. Тука можете да купувате продукти кои се прикажани на слики во метро станица, со едноставно скенирање на нивниот
„
Во моментов, само корисниците на Андроид имаат можност да ја користат оваа услуга, која што беше овозможена во текот на изминатата седмица. Не дека „Хоумплус“ немаат изработено апликација за Ајфон, но чекаат таа да биде одобрена од страна на „Епл“.rnrnЦената за испорака на продуктите од онлајн продавницата, ќе варира од 1000 до 4000 јужнокорејски вони или претворено во евра од 0,6 до 2,6 евра, во зависност од часот кога муштеријата сака да му бидат испорачани.
Извршниот директор на „Хоумплус“ Ли Сунг-хан, вели дека маркетите мораат да се прилагодат на брзите промени во навиките и однесувањето на потрошувачите. Тој вели дека повеќето корисници на паметни телефони, најмногу ги користат додека се движат од една до друга секојдневна релација и ова е најдобриот период од денот за таргетирање на купувачи.rnrnСпоред корејската комисија за комуникации, бројот на корисниците на паметни телефони се очекува да порасне од 7,2 милиони во првата половина од оваа година, на 25 милиони во втората половина.rn