КАФЕ ПАУЗА

Tag: продавница

  • Најдобрите апликации за Google Chrome

    Најдобрите апликации за Google Chrome

    Автор: Дејан ЗафировскиrnrnПродавницата на Google Chrome (Chrome Web Store), беше за првпат претставена на Google I/O конференцијата пред околу една година или на 19 мај, 2010 година, а официјално беше стартувана на 6 декември. Со помош на оваа продавница корисниците на Google Chrome можат да преземаат апликации и екстензии за поголема продуктивност, за подобрување на нивното и онака позитивно искуство со Chrome, но и да заиграат некоја игра во слободно време. Актуелната дванаесетта верзија на Google Chrome со својата природна поддршка за HTML5 стандардот и хардверското забрзување, создава услови за креирање многу подобри и помоќни апликации. Ние избравме неколку од нив, кои нам ни оставија најголем впечаток. Читајте!Најдобрите апликации за Google Chromern

    1. Chromey Calculator

    rnИако сите ја знаеме основната апликација „Калкулатор“ од Windows, понекогаш знае да создаде проблеми барајќи ја низ менито, а со самото тоа влијае и на времето потрошено за сработување некој проект. Но, доволно е ја инсталирате екстензијата Chromey Calculator, да ја кликнете иконата до линијата за адреси и тоа е тоа. Никогаш не било полесно.rnrnОваа апликација ви овозможува да извршите разни научни, математички, па дури и конвертабилни пресметки. Ги поддржува сите типови операции, броеви, а исто така, тука се и математичките и физички константи од типот pi, e, c, h и ред други. Доколку згрешите, на помош ви доаѓа опцијата на Google – Did You Know, a во извршувањето на сите пресметки, покрај Google, задолжена е апликацијата Wolfram|Alpha. Вистинска комбинација на моќни и брзи пресметки за миг. Да не заборавиме дека можете да направите брза конверзија на мерните единици. Квалитетна екстензија која секој математичар треба да ја користи. Времето е пари, зарем не?Најдобрите апликации за Google Chromern

    2. 3DТin

    rn3DTin е „аматерска“ алатка за сите кои се занимаваат со 3Д моделирање. Иако оваа апликација всушност води до официјалната страница за апликацијата (можете да ја зачувате и како bookmark), сепак ги искористува предностите на HTML5 стандардот и наменета е да се користи исто како и стандардните десктоп-апликации. Што значи ова? Можете да ја користите дури и кога сте офлајн, благодарение на HTML-кешингот.rnrnСо 3DTin ќе можете да создавате квалитетни 3Д модели, a потоа да ги зачувате во облак или некаде локално во PNG, SVG, OBJ или STL формат. Искористете ја моќта на WebGL и Google Chrome и моделирајте исто како што го правите тоа во Maya или Softimage. Проверете како. Да се разбереме, софтверите на Autodesk се неспоредливи со оваа апликација, но имајте на ум дека вашите првични идеи можете да ги преточите преку 3DTin, па од тука да продолжите во некој од познатите софтвери.Најдобрите апликации за Google Chromern

    3. Aviary Image Editor

    rnПовеќето знаат (барем) како изгледа интерфејсот на Photoshop. Исто така знаат дека од десната страна се наоѓа менито за Layer-и, а од левата класичните алатки, од типот Crop Image, Freeform Selection, Selection Tool и слично. А, да, горе се наоѓаат и многуте ефекти и филтри за креирање уникатна композиција. Е, па и во Aviary Image Editor менито е исто како во Photoshop, па доколку ја немате таа апликација некаде при рака или можеби е прескапа за вашиот џеб, ова е вашата алтернатива за секојдневна употреба. Полесно, здравје.Најдобрите апликации за Google Chromern

    4. Marvel Comics

    rnПознатата апликација за Android и iOS, сега е достапна и за Google Chrome. „Must Have“ апликација за љубителите на стриповите од продукцијата на Marvel. Искуството е исто како она кај паметните телефони. Кој имал – знае. Да не „тупиме“ многу, инсталирајте ја Marvel Comics, купете си некој стрип или прочитајте ги сите бесплатни и влезете во светот на иднината. Многумина ќе се согласат дека полека, но сигурно, изумира потребата за читање стрип во печатена форма, кога на интернет сè ви е на дланка. Ако повеќе милувате да читате во „hard copy“ верзија, тука е опцијата за праќање печатени верзии на вашата домашна адреса.Најдобрите апликации за Google Chromern

    5. Angry Birds

    rnНема да одолговлекуваме многу со пишување. По iPhone, Android, Maemo, webOS, Symbian^3, PlayStation 3/PSP, Windows и Mac OS X, Angry Birds сега и во Google Chrome.Само не дозволувајте лутите птици да станат вашиот лут шеф кога ќе ве види како играте во вашиот прелистувач. На крајот на краиштата, немојте да му се лутите ако почне да ве мава со кутии, стакла, камења, бомби… Сепак, тој е вашиот шеф :).Најдобрите апликации за Google ChromeДруги апликации кои ви ги препорачуваме: Super Mario Bros., Super Mario Bros. Crossover, Planetarium, Dropbox, Cycling the Alps, Magic Actions for YouTube, Official Facebook Extension, RoboForm Lite, Virtual Keyboard, Smooth Gestures, dA Message Notifier, Picnik, Pixlr Grabber – Screen capture/image grabbing, AutoCAD WS и Jolicloud.rnrnНа располагање ја имате целата продавница, а на вас останува да се послужите сами. Дури и ако излезете со цела торба производи, нема да ве пречекаат дома со прашањето: „Колку те чинеше ова?“, или „Но, зошто? Ова веќе го имавме во фрижидер!“rnrn——————————————————————————————————————————————————————–rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како е изграден светскиот бренд „Starbucks“?

    Како е изграден светскиот бренд „Starbucks“?

    Корпорацијата „Старбакс“ (Starbucks) денеска претставува еден од најдобрите интернационални брендови, со седиште во Сиетл, Вашингтон, САД. Таа е најголемиот синџир на кафе-продавници во светот, која заклучно со 2010 година, вбројува 17.009 продавници, од кои преку 11.000 се во САД, 1.000 во Канада и околу 700 во Велика Британија. Продавница на Старбакс можете да сретнете во повеќе од 55 земји низ светот, а во нив работат околу 137.000 луѓе.rnКако е изграден светскиот бренд „Starbucks“Првата продавница била отворена во Сиетл, на 30 март 1971 година од страна на тројцата пријатели Џери Болдвин, кој бил професор по англиски јазик, Цев Сигл, наставник по историја и Гордон Боукер кој бил писател. Во периодот од 1971 до 1975 година, продавницата била лоцирана на „2000 Western Avenue“, за потоа да биде преместена на улицата „1912 Pike Place“ каде што сè уште постои.rnКако е изграден светскиот бренд „Starbucks“Компанијата почнува да се проширува дури во 1984 година, кога ја отвора својата прва продавница во Ванкувер, а набрзо потоа и во Чикаго и Илиноис. Во 1992 година, кога компанијата ја има својата прва јавна понуда на берзата, таа веќе има 165 продавници низ САД. Првата продавница надвор од Северна Америка, Старбакс ја отвори во Токио, Јапонија во 1996 година. На тлото на Европа, првата продавница ја отвори во Велика Британија во 1998 година, а во Латинска Америка во 2002 година во Мексико Сити. Во 2003 година својата прва продавница ја доби и Јужна Америка, лоцирана во Лима, Перу. Африка својата прва продавница ја доби во 2010 година, за време на одржувањето на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка.rnКако е изграден светскиот бренд „Starbucks“Во последниве 10 години, компанијата се посветува на купување дел од други познати компании и ребрендирање на нивните продавници. Меѓу овие компании се вбројуваат „Torrefazione“ од Италија, „ Diedrich“ од САД и други слични компании.rnКако е изграден светскиот бренд „Starbucks“Во нашата соседска околина, кафињата на Старбакс можете да ги вкусите во Грција и Бугарија. Успехот на оваа компанија се должи на нивниот квалитет, богатата понуда на кафиња како и на брзата и љубезна услуга.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Шик продавница за вино

    Шик продавница за вино

    Швајцарската фирма за дизајн OOS го дизајнираше ентериерот на оваа продавница за вино која се наоѓа во Цирих, во сопственост на Albert Reichmuth. „La Galerie du Vin” освен тоа што е продавница, исто така е и место за дегустација на вино и место за одржување семинари на тема вино. Целата продавница е тематски распоредена според потеклото на шишињата вино кои ги има. Вистински рај за љубителите на виното. Самиот ентериер зборува за тоа колку виното е подигнато на едно високо ниво. Погледнете…Шик продавница за виноШик продавница за виноШик продавница за виноШик продавница за виноШик продавница за виноШик продавница за вино

  • Игра на неделата: Кафе продавница

    Игра на неделата: Кафе продавница

    Денеска ви ја нудиме можноста барем виртуелно да станете сопственик на една кафе продавница. Во неа вие ќе бидете креатори на рецептот, вие ќе ја одредувате цената, но исто така ќе бидете задолжени и за набавките на млеко, чаши, кафе и шеќер.rnИгра на неделата: Кафе продавницаИграта е многу интересна бидејќи вие ќе си го водите бизнисот со помош на купувачите, кои ќе ви го покажуваат мислењето за вашето кафе, дали му фали нешто, дали е супер или пак е прескапо. Прилагодувајте ги сите овие работи во согласност со нивните мислења, инаку вашиот бизнис ќе биде осуден на пропаст, бидејќи во играва репутацијата е многу важна. Епа драги љубители на кафето, уживајте во оваа игра…

    rnrn

  • Продавница за загубен багаж

    Продавница за загубен багаж

    Дали некогаш сте се запрашале што се случува со загубените авионски багажи кои никогаш не се побарани од нивните сопственици? Епа во САД тие завршуваат во продавницата за загубен багаж во Скотсборо, Алабама.rnПродавница за загубен багажВо оваа продавница би можеле да си купите фустан од Версаче чија вредност е 1.000 долари, за само 55 долари, Адидас јакна за 15 долари, нараквица со сафири и дијаманти за 7.500 долари (чија вредност е 15.000 долари). Секоја година центарот е посетуван од преку милион луѓе кои ја имаат шансата да одберат некој од многуте ствари, на кои секојдневно се додаваат по 7.000 нови. 60% од продадената стока е облека. Пред да се стави во продажба, таа поминува на хемиско чистење и на пеглање. На полиците можат да се најдат и книги, техника, накит, чевли и што ли уште не.rnПродавница за загубен багажПродавница за загубен багажСе започнало во 1970 година, кога агентот за осигурување Дојл Овенс позајмил 300 долари и пикап камионче и од автобуската станица „Greyhound“ донел стотина загубени торби. Бидејќи Скотсборо имал популација од 15.000 жители, торбите ги донел со намера да ги продаде во неколку недели. Сепак, останал вчудоневиден кога сите предмети ги продал за само еден ден. За него ова бил втор бизнис се до 1978 година. Денеска центарот е распослан на површина од 4.650 квадратни метри и во него работат 110 луѓе.rnПродавница за загубен багаж.rn

    „Овде е Божиќ секој ден. Луѓето доаѓаат повторно и повторно. Овде можете да најдете навистина многу практични работи. Мислам дека луѓето овде уживаат да пребаруваат низ работите и да бараат нови богатства. Секој ден имаме толку многу нови ствари, така што купувачите никогаш не знаат на што можат да наидат“ – Брајан Овенс, синот на Дојл кој го преземал бизнисот во 1995 година.

    rnПродавница за загубен багажПродавница за загубен багажrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Необична промоција на скејт-продавница

    Необична промоција на скејт-продавница

    Дизајнерот Бето Јанц, за потребите на една бразилска скејт-продавница, смислил одличен начин како да придобие повеќе заинтересираност од купувачите.Необична промоција на скејт-продавницаОд неупотребливите и искршени скејт-даски, тој прави черепи и потоа ги остава насекаде низ градот за секој да може да ги најде и да ги задржи за себе како сувенир. На нивната опачина има налепници со брендот и локацијата на продавниците, па така уникатните черепи имаат функција на рекламен флаер.Необична промоција на скејт-продавницаНеобична промоција на скејт-продавницаНеобична промоција на скејт-продавницаНеобична промоција на скејт-продавницаrn

  • На кафе во Софија

    На кафе во Софија

    Она што е заедничко за жителите на Софија е тоа што се пасионирани љубители на кафето и тоа не на било кое, туку на квалитетното. За нив кафето е потреба.rnrnНа кафе во Софија, Р.БугаријаrnrnВо главниот град на Р. Бугарија, Софија има многу кафе барови. Некои се познати по убавото кафе, а некои по прекрасното топло чоколадо кое Бугарите го обожаваат. Со оглед на тоа што Софија доби кафе продавници од познатиот ланец Starbucks, тие се и најпознати и најпосетени. Градот има и други кафе барови кои вреди да се посетат ако се наоѓате таму и сакате да испиете убаво кафе во духот на градот.rn.rn

    Starbucks

    rnНа кафе во Софија, Р.БугаријаrnrnМодерни, динамични и опуштени места каде кафето е на прво место. Бидејќи се прилично новоотворени, секогаш се преполни со луѓе, бучни и раздвижени. Во Старбакс продавниците достапни се колачињата и разните слатки десерти кои одат совршено со кафето.rnrnЛокации:rn

      rn011

    • Улица Гурко и булевар Васил Левски
    • rn

    rn

    .rnCosta Cafe

    rnНа кафе во Софија, Р.БугаријаrnrnОва е Британски ланец на кафе продавници. Овој кафе бар е повеќе познат по најразличните видови на топло чоколадо и се чини дека е специјализиран за нив. Атмосферата е мирна, но во зависност од денот може да има и многу луѓе. Карактеристично за овој кафе бар е тоа што има кафе за носење и чашите се од дебел картон од кој не може да се изгорите.rnrnЛокации:rn

      rn011

    • Булевар Арсеналски, Трговски центар
    • rn011

    • Княз Александър
    • rn

    rn

    .rnOnda Coffee Brеаk

    rnНа кафе во Софија, Р.БугаријаrnrnОва е кафе бар кој треба да го посетите ако се наоѓате во Софија. Има одлична атмосфера и прекрасно кафе. Секогаш е полно со гости. Во кафе барот има некомерцијална музика, а ентериерот е карактеристичен по разиграните бои на ѕидовите. Кафето тука е со најдобар квалитет. Vanilla latte и cinnamon sunset се одличен избор. Наутро се подготвуваат сендвичи и слатки. Кафе барот плени со прекрасниот поглед кон Руската црква.rnrnЛокации:rn

      rn011

    • Булевар Цар Освободител 8, спроти Руската црква
    • rn011

    • Бизнис парк Софија
    • rn011

    • Трговскиот центар во Софија
    • rn011

    • Булевар Стамболийски
    • rn