КАФЕ ПАУЗА

Tag: проблеми

  • Зошто во животот постојано наидувате на истите проблеми? Ова се причините!

    Зошто во животот постојано наидувате на истите проблеми? Ова се причините!

    Дали честопати се соочувате со истите проблеми во вашиот живот? Постојат предизвици на кои одново и одново се навраќате, како да сте заробени во маѓепсан круг од кој е тешко да се најде излез. Во такви моменти можеби дури и изгледа дека буквално ги „привлекувате“, но, всушност, често се работи за вашите мисли, перцепција и преземање или непреземање акција. Ова се најчестите навики кои придонесуваат за повторување на истите проблеми во вашиот живот одново и одново:rnrnЗошто во животот постојано наидувате на истите проблеми? Ова се причините!rn

    1. Постојано се жалите на проблемот, но не преземате акција

    rnДоколку, на пример, на работа постојано се жалите за лошите односи или неповолната комуникација со шефот, добивате поддршката од околината и на тој начин сте поттикнати да зборувате не само за оваа негативна тема туку и за сите други негативни ситуации во вашиот живот. Сè додека постојано се жалите на вашите проблеми, без да дејствувате, нивниот број нема да престане да се намалува. Тоа најчесто ве дефокусира од проблемот и не ви помага да го најдете решението.rn

    2. Опсесивни мисли

    rnКолку повеќе се грижите за фактот дека има проблем, толку помалку време трошите фокусирајќи се на тоа како да го решите. Кога сте опседнати со некој проблем, емоциите ги блокираат вашите капацитети што може да ви помогнат да најдете решение. Гледајте филм, прошетајте, читајте книга, бидете креативни, најдете начин да се опуштите и да не размислувате постојано за проблемот. На тој начин многу полесно ќе дојдете до решение.rn

    3. Негативно размислување

    rnНашите постапки можат да влијаат на нашата емоционална состојба, и обратно. Нашите постапки не само што го одразуваат она што го чувствуваме внатре, туку имаат и моќ да го променат. Промената на расположението ќе го промени нашето однесување и обратно. Значи, преку менувањето на нашето однесување, ние, всушност, го менуваме начинот на кој се однесуваме се проблемот, а потоа проблемот се манифестира поинаку во нашата реалност.rnrnОткако прочитавте зошто во животот постојано се соочувате со истите проблеми, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 4 вистини кои ќе ви помогнат да ги надминете проблемите и предизвиците во животот.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Не можете да се справите со стресот и проблемите? Еве како да станете поиздржливи!

    Не можете да се справите со стресот и проблемите? Еве како да станете поиздржливи!

    Во текот на животот наидувате на различни предизвици и препреки, а многу од нив оставаат трага врз вас. Тоа придонесува и за зачестено присуство на стресот, особено доколку не сте подготвени за промени. Во такви случаи важно е да работите на издржливоста.rnrnНе можете да се справите со стресот и проблемите? Еве како да станете поиздржливи!rnrnИздржливоста е способност за оптимално прилагодување на неволјите, повредите или екстремниот стрес. Иако одредени фактори може да ги направат некои луѓе поотпорни од другите, издржливоста не е особина на личноста што ја поседуваат само неколкумина. Таа се состои од одредени однесувања, мисли и постапки кои секој може да ги научи и развие. Прочитајте за дел од нив во продолжение:rn

    1. Изградете значајни односи

    rnДајте им приоритет на вашите врски. Дружењето со емпатични и позитивни луѓе кои ве разбираат и прифаќаат ќе ви даде до знаење дека не сте сами. Насочете ја вашата енергија кон доверливи и пријателски луѓе кои ви возвраќаат на вашите чувства и на кои можете да се потпрете. Ова ќе ви помогне да ја развиете и зајакнете вашата издржливост.rn

    2. Грижете се за вашата психофизичка благосостојба

    rnГрижата за себе вклучува одржување и на менталното, а не само на физичкото здравје. Примената на позитивни ставови како што се правилно јадење, доволно спиење и редовно вежбање може да му помогне на телото да се прилагоди на стресот и да ги намали ефектите од негативните емоции. Вежбањето и шетањето во природа може да ви помогнат да се поврзете со другите и да ја зголемите сопствената издржливост.rn

    3. Запрашајте се дали ви е важно она што го правите и она што го доживувате

    rnПомагајте им на другите – без разлика дали волонтирате во локално засолниште за бездомници или само му помагате на пријател на кој му е потребна помош, ова ќе ви даде чувство за цел, ќе ја зголеми вашата самодоверба и ќе ви помогне да се поврзете со другите. Поставете си реални цели и секој ден правете нешто што ќе ве доближи до остварувањето на вашите цели.rn

    4. Побарајте помош кога ви е потребна

    rnЕден од најважните знаци дека сте издржливи е фактот дека не се срамите да побарате помош кога ви е потребна. Имајте на ум дека терапевтот, психологот, тренерот или менторот може да ви помогне да ја развиете вистинската стратегија за да продолжите напред.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за зацврстување на издржливоста, можеби ќе сакате да прочитате и како да им помогнете на оние кои се жртва на емоционална злоупотреба.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • 4 вистини кои ќе ви помогнат да ги надминете проблемите и предизвиците во животот!

    4 вистини кои ќе ви помогнат да ги надминете проблемите и предизвиците во животот!

    Во животот се соочуваме со разни препреки и бури кои нè прават посилни и ни даваат енергија да се бориме за нашите соништа. Во продолжение прочитајте кои 4 важни вистини можат да ви помогнат да ги пребродите тешките времиња:rnrn4 вистини кои ќе ви помогнат да ги надминете проблемите и предизвиците во животот!rn

    1. Болката е неизоставен дел од животот, но можеме да ја надминеме

    rnСе плашиме од себе, од сопствената вистина и од чувствата. Зборуваме дека сакаме искреност, но се криеме зад маски секој ден, секој момент. Се криеме од емоциите и не покажуваме кои сме навистина. Научени сме дека болката е лошо чувство, дека само слабите луѓе се ранливи. Меѓутоа, како можеме да се соочиме со реалниот живот и вистинската љубов ако се плашиме да го почувствуваме она што навистина го чувствуваме?rn

    2. Успехот се состои во тоа да го започнете своето патување со позитивен начин на размислување

    rnВо ред е да имате тешки денови и времиња. Сведоци сме дека животот не е цело време прекрасен. Меѓутоа, во тешките моменти треба да се помирите со реалноста, да го прифатите она што ви се случува и да сфатите дека во услови на тешкотии можете да растете. Животот не е совршен, но сигурно може да биде убав. Нашата цел не треба да биде да создадеме совршен живот туку да живееме несовршен живот со многу посебни моменти. Можете да го направите ова со менување на вашите мисли – ослободете се од сите негативни мисли и спомени.rn

    3. Вашите најголеми стравови не ни постојат во реалноста

    rnКога времињата се тешки, може да биде тешко да го следите своето срце и да чекорите напред, но никогаш не треба да дозволите стравот да ве блокира. Иако во некои ситуации стравот може да ве совлада, тој не е посилен од вас. Стравот е длабок затоа што вашиот ум го дозволува тоа. Можете да ја преземете контролата, но неопходно е да признаете она што го чувствувате и да го прифатите тоа. Доволно е да сфатите дека повеќето од вашите негативни претчувства всушност никогаш не се случиле.rn

    4. Сегашноста е сето она за кое треба да се грижите

    rnЖивотот не се живее во некоја далечна, имагинарна земја каде што сè е совршено. Човекот живее овде и сега, со реалноста, во овој момент. Одлично е што се обидувате да создадете подобар живот утре, но за да го направите тоа треба да обратите внимание на моментот во кој живеете сега.rnrnОткако ги прочитавте четирите вистини кои можат да ви помогнат полесно да ги надминете предизвиците во животот, можеби ќе сакате да прочитате и кои работи можат да ја променат вашата перспектива за животот.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • 3 проблеми со самопочитта кои можат значително да ја намалат самодовербата!

    3 проблеми со самопочитта кои можат значително да ја намалат самодовербата!

    Самопочитта е составен дел од психата и личноста на една личност, а без неа лесно може да се чувствувате како да „не сте доволно добри“. Всушност, самопочитта и самодовербата се клучните елементи за среќен и исполнет живот.rnrn3 проблеми со самопочитта кои можат значително да ја намалат самодовербата!rnrnВашата самодоверба е онаа што ве прави да се чувствувате добро или лошо кога станува збор за вашиот живот. Ако постојано си кажувате дека не сте доволно добри, не сте доволно убави, недоволно талентирани тогаш вашата самодоверба ќе продолжи да опаѓа. Ова е причината зошто самољубието и грижата за себе се толку важни! Но, кои се причините за отсуството на самодоверба?rn

    1. Се чувствувате несигурни за себе и се сомневате во сè што мислите и правите

    rnАко постојано се преиспитувате и се сомневате во себе, тогаш тоа сигурно ќе влијае на вашата самодоверба и психа во одреден момент. Несигурноста ќе почне да ве јаде одвнатре и ќе се чувствувате несигурни за секој мал чекор што ќе го направите во животот. Колку повеќе немате доверба во себе, толку повеќе ќе ве мачи вашата несигурност. Во ред е понекогаш да се сомневате во себе, но треба да верувате во себе и во своите способности и што е најважно, самите да носите одлуки за вашите постапки. На крајот на краиштата, вие сте луѓе, а вашите грешки не го дефинираат вашиот живот. Имајте верба во себе и вашите верувања и никогаш не дозволувајте некој да ви каже како треба да се чувствувате за себе.rn

    2. Постојано имате негативни мисли

    rnПостојаните негативни чувства се главен знак за проблеми со самодовербата, а тие можат да се манифестираат на следниве начини:rn

      rn 011

    • Анксиозност
    • rn 011

    • Самоуништувачки акции и мисли
    • rn 011

    • Песимизам
    • rn 011

    • Недостаток на самодоверба и верба во себе
    • rn 011

    • Самообвинување
    • rn 011

    • Тенденција за перфекционизам
    • rn 011

    • Преосетливост
    • rn 011

    • Драстични промени во расположението
    • rn 011

    • Претерано реагирање на секоја ситница
    • rn 011

    • Неодлучност
    • rn 011

    • Депресија
    • rn

    rnЗастанете за момент и забележете што си кажувате и што си го храните срцето и душата. Однесувајте се кон себе со љубезност и емпатија и дајте си ја почитта што ја заслужувате, наместо да се „давите“ во негативни мисли.rn

    3. Не можете да се прифатите такви какви што сте

    rnСамоприфаќањето е клучно кога станува збор самопочитта, и без него никогаш не можете да се надевате дека ќе бидете задоволни со себе. Како можете да очекувате да бидете среќни сами со себе освен ако не се прифатите целосно? Кога не се цените себеси за личноста што сте заедно со вашите чувства, го отфрлате вашето вистинско јас. Ако не се обидете да се прифатите, вашиот личен раст ќе стагнира и ќе останете заглавени во зоната на самосожалување каде што сте се чувствувале толку удобно.rnrnЗапомнете дека растот и трансформацијата се можни само кога ќе се прифатите целосно, без никаков песимизам. Не сте совршени? Па што?! Во ред е да се биде несовршен. Во ред е да имате недостатоци. И во ред е понекогаш да имате лоши денови. Само бидете љубезни кон себе и ќе видите дека со текот на времето, вашите проблеми со самодовербата ќе почнат да бледнеат.rnrnОткако прочитавте за проблемите со самопочитта, можеби ќе сакате да прочитате и за 7-те внатрешни архетипови коишто ги парализираат вашите самодоверба и самопочит.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Имате испукани усни? Еве што откриваат за вашето здравје

    Имате испукани усни? Еве што откриваат за вашето здравје

    Проблемот со испукани усни се јавува поради ветерот, студениот воздух и недоволното внесување вода. Но, тоа може да биде и знак за некои нарушувања во организмот.rnrnИмате испукани усни? Еве што откриваат за вашето здравјеrn

    Недостаток на потребни витамини

    rnНедостатокот на витамините Б2 и Б3 може да предизвика сувост и пукање на усните. Од друга страна, овие витамини се неопходни за правилно функционирање на организмот. Витаминот Б2 е одговорен за правилното функционирање на метаболизмот, регулирањето на нивото на аминокиселините во крвта и функционирањето на сите клетки во телото. Недостатокот на витамин Б3 може да предизвика дерматитис, дијареја и ментални проблеми. Недостатокот на витамини може да се забележи на усните, јазикот, па дури и во пределот на непцата. Ако вашите усни се често суви и испукани, дефинитивно треба да размислите за земање додатоци на витамин Б3.rn

    Недоволно внесување вода

    rnНедоволното внесување вода во организмот може да доведе до дехидрација. Еден од првите симптоми на недостаток на вода во телото е сувост и пукање на усните. Истражувањата покажале дека недостатокот на вода го зголемува ризикот од заболување на непцата, таложење наслаги и кариес. Препорачаната дневна количина на вода е осум чаши, но се препорачува да пиете повеќе доколку редовно вежбате и многу се потите.rn

    Алергии

    rnДоколку сте забележале сувост и пукање на усните по нанесувањето на кармин, балсам или сјај, можно е да сте алергични на некоја од состојките во производот. Алергиите на овие супстанции предизвикуваат чешање во пределот на усните, иритација и пукање. Некои намирници може да предизвикаат и испукани усни. Кога ќе дознаете на што сте алергични, избегнувајте ги тие производи и консултирајте се со вашиот лекар за земање соодветна терапија за ублажување на алергиските реакции.rn

    Реакција на некои лекови

    rnЛековите може да предизвикаат голем број несакани последици, меѓу кои и пукање на усните. Лековите за хипотироидизам и регулирање на крвниот притисок многу често предизвикуваат испукани усни.rn

    Прекумерен внес на витамин А

    rnПрекумерното внесување на витаминот А во организмот може да предизвика суви усни, пукање, лупење и крварење.rn

    Хронично воспаление

    rnЕден од симптомите на хронично воспаление е пукање на усните, но и зголемено лачење на плунка. Освен тоа, луѓето со чувствителна кожа се повеќе склони кон воспаление во пределот на усните.rnrnОткако прочитавте за испуканите усни, можеби ќе сакате да прочитате и како да им ставите крај на испуканите усни со помош на оваа состојка.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Проблеми и предизвици за овие 3 хороскопски знаци сè до 24 октомври!

    Проблеми и предизвици за овие 3 хороскопски знаци сè до 24 октомври!

    Нова недела е пред нас, доаѓаат денови кога можеме да достигнеме нови цели и успеси. Дали знаете кои цели ќе ги постигнете во следните денови? Понекогаш, дури и кога детално го планирате секој чекор, постои ризик да се појават пречки и предизвици.rnrnПроблеми и предизвици за овие 3 хороскопски знаци сè до 24 октомври! rnrnНе треба да бегате ниту да очајувате секогаш кога се соочувате со препреки. Секој предизвик може да биде шанса за раст, може да ве поттикне да тргнете по друг пат и да научите нешто ново за себе. Во продолжение прочитајте кои 3 хороскопски знаци ги очекуваат предизвици сè до 24 октомври.rn

    Рак

    rnОваа недела ќе бидете доста зафатени со вашата кариера. Ве очекуваат многу задачи и проекти кои можат да ви одземат многу енергија, а недостатокот на енергија може да се манифестира и со пад на мотивацијата и доброто расположение. Не заборавајте да одвоите време за одмор!rn

    Вага

    rnОваа недела ќе имате многу сила и енергија, но во исто време ќе се соочите со предизвици кои ќе ја бараат оваа сила од вас. Така, воrnследните денови ве очекуваат многу предизвици на различни полиња, но запомнете дека можете да направите речиси сè.rn

    Риби

    rnИмате тенденција често да се губите во вашите мисли и на тој начин пропуштате некои важни информации во реалниот свет бидејќи живеете во царството на соништата. Така, оваа недела можете да изгубите исклучителна можност поради сопственото мечтаење. Останете присутни и приземјени и запомнете дека е важно да бидете свесни за реалноста околу вас.rnrnОткако прочитавте кои 3 хороскопски знаци ќе мора да се соочат со одредени предизвици оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат 3-те најсреќни хороскопски знаци во октомври.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Овие илустрации ги доловуваат проблемите на модерното општество!

    Овие илустрации ги доловуваат проблемите на модерното општество!

    Илустраторот Даниел Гарсија постојано си ги поставува прашањата:rn

    „Што е тоа што најмногу ми пречи во денешниот модерен свет? Војните и економските проблеми предизвикани од страна на моќниците кои завршуваат со илјадници невини жртви? Недостатокот на емпатија на социјалните мрежи? Секојдневните неправди за кои не се зборува доволно?“

    rnСтанува збор за уметник чии илустрации се бават со општествени и политички прашања. Погледнете ги во продолжение.rnrnОвие илустрации ги доловуваат проблемите на модерното општество!rnrnОвие илустрации ги доловуваат проблемите на модерното општество!rnrnОвие илустрации ги доловуваат проблемите на модерното општество!rnrnОвие илустрации ги доловуваат проблемите на модерното општество!rnrnОвие илустрации ги доловуваат проблемите на модерното општество!rnrnОвие илустрации ги доловуваат проблемите на модерното општество!rnrnОвие илустрации ги доловуваат проблемите на модерното општество!rnrnОвие илустрации ги доловуваат проблемите на модерното општество!rnrnОвие илустрации ги доловуваат проблемите на модерното општество!rnrnОвие илустрации ги доловуваат проблемите на модерното општество!rnrnОвие илустрации ги доловуваат проблемите на модерното општество!rnrnОвие илустрации ги доловуваат проблемите на модерното општество!rnrnОвие илустрации ги доловуваат проблемите на модерното општество!rnrnОткако ги погледнавте овие илустрации, можеби ќе сакате да ги погледнете и овие контроверзни илустрации кои ја откриваат темната страна на модерното општество.rnrnИзвор: designyoutrust.com

  • Како да го решите навидум нерешливиот проблем?

    Како да го решите навидум нерешливиот проблем?

    Се чувствувате „заглавени“ и не знаете како да продолжите понатаму? Секој од нас во одреден момент од животот се справува со тешки предизвици, без разлика дали станува збор за кариерата, врската или животот воопшто. Еве на кој начин можете да се справите со проблемите дури и ако тие ви се чинат нерешливи.rnrnКако да го решите навидум нерешливиот проблем?rnrnКако прво нешто што морате да направите е да го прифатите проблемот и да не се обидувате да го занемарите, или уште полошо, да се обидете да избегате од него. Тоа, за жал, не е решението. Кога ќе ја прифатите ситуацијата онаква каква што е ќе имате повеќе храброст да се соочите со истата. Тоа ќе ви даде и сила за да направите избор кој што можеби во нормална ситуација не би го направиле, но не заборавајте дека можеби токму тој избор ќе ви помогне да го решите она што е навидум нерешливо.rnrnОсвен тоа, прифаќањето на новата ситуација не може ниту да ги реши проблемите ниту пак да ги влоши работите. Единствениот резултат е тоа што вие станувате поспособни или да ги решите проблемите или едноставно да ги преживеете.rnrnСекогаш анализирајте ги проблемите. Ќе го пронајдете решението доколку е нешто што може да се реши, но неопходно е да останете смирени и трпеливи докрај. Ќе наидете на моменти кога ќе се чувствувате во ќор-сокак без да знаете како да продолжите понатаму. Сè што треба да направите е да побарате помош и да научите да се справувате со проблемите. Освен тоа, насочете ја сета енергија кон себе – ова ќе ви помогне да дојдете до практични решенија или одговори.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за решавање на проблемите, можеби ќе сакате да прочитате и зошто „преспивањето на проблемите“ ви помага да ги решите.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Кои хороскопски знаци ги очекуваат само проблеми сè до 22 август?

    Кои хороскопски знаци ги очекуваат само проблеми сè до 22 август?

    Владеењето на Лавот ќе им донесе големи шанси, среќа во љубовта и успех на дел од хороскопските знаци, додека на други и нема да влијае толку позитивно. Тие ќе мора да се соочат со тежок период бидејќи ѕвездите нема да им бидат наклонети. Еве за кои хороскопски знаци станува збор:rnrnКои хороскопски знаци ги очекуваат само проблеми сè до 22 август? rn

    Бик

    rnВо текот на овој период ќе бидете толку љубопитни така што ќе почнете да се мешате во туѓите животи. Внимавајте бидејќи тоа може негативно да влијае на вашиот однос со другите. Освен тоа, бидете внимателни и што зборувате за да не ги изгубите пријателите. Контролирајте ги вашите реакции за да не останете сами!rn

    Девица

    rnЗа време на владеењето на Лавот ќе се чувствувате непријатно и ќе имате само една цел – да бидете први. Сепак, многумина од вас се премногу слаби по карактер за да бидат лидери. Но, не се исклучува и можноста за конфликти со другите поради вашата желба за перфекционизам. Навикнати сте да контролирате сè, а тоа понекогаш не им се допаѓа на другите.rn

    Јарец

    rnЗаборавивте дека работата не е најважна во животот. Поминувајќи го целото време пред компјутер работејќи, не забележувате што се случува околу вас. Внимавајте, ризикувате да пропуштите нешто важно. За жал, целиот месец ќе ви биде обележан со негативни тенденции.rnrnОткако прочитавте кои хороскопски знаци ги очекуваат проблеми во август, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот хороскоп за август: Нови успеси и финансиски добивки за дел од хороскопските знаци.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Кои хороскопски знаци ги очекуваат проблеми во август?

    Кои хороскопски знаци ги очекуваат проблеми во август?

    Иако август ќе донесе нови можности за голем дел од хороскопските знаци, сепак некои од нив ќе мораат да се справат со тешкотии. Ќе следува период на финансиски проблеми и конфликти на работа кои нема да можат лесно да се решат. Еве за кои хороскопски знаци станува збор.rnrnКои хороскопски знаци ги очекуваат проблеми во август?rn

    Близнаци

    rnПостои ризик да бидете измамени во август. Згора на тоа, најблиските луѓе во кои имате доверба можат да се обидат да ве насамарат. Астролозите ве советуваат да бидете внимателни кон другите, особено кон колегите и внимателно да ги избирате зборовите. Постои веројатност дека ќе повредите некого, а тоа може да доведе до конфликт. Освен тоа, обидете се да правите компромиси за да не го изгубите она што ви е најважно во животот.rn

    Вага

    rnВи претстои ризик да донесете одлука која може да го загрози вашиот иден живот. Ова може да предизвика бројни проблеми и да доведе до вистинска финансиска криза. Покрај тоа, астролозите ви препорачуваат да не ги покажувате емоциите пред сите, особено не на работа бидејќи некој може да ги злоупотреби. Во текот на август секој импулсивен чекор може да ѝ наштети на вашата кариера, па затоа неопходно е да бидете внимателни. На крајот на месецот големи се шансите да останете без пари како последица на некој неочекуван настан кој ќе ви го промени животот. Според астролозите, не смеете да се задолжувате туку неопходно е да почнете да штедите.rnrnОткако прочитавте кои хороскопски знаци ќе се соочат со проблеми во август, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот хороскоп за август.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs