За многумина од нас, единствениот британски монарх што го познаваме е кралицата Елизабета Втора. Иако е морбидна тема, сепак неизбежно е прашањето: Што ќе се случи кога таа ќе почине?rnrn
rn
Многу е покомплицирано од што можеме да замислиме
rnВладеењето на кралицата Елизабета почнало да се оформува во 1951 година. Ако сте ја гледале ТВ серијата „Круна“ (The Crown) на Нетфликс, тогаш сигурно веќе знаете дека кралицата била однапред подготвена да го наследи својот татко по неговата смрт.rnrnВсушност, додека била на турнеја во Канада, нејзиниот приватен секретар подготвил и декларација за нејзиното возвишување, во случај тој да почине додека таа е на пат.rn
Нејзиното крунисување се одржало една година по смртта на нејзиниот татко
rnСпоред кралската традиција, големите промени во семејството, како крунисувањето, треба да бидат одложени за пристоен временски период по смртта на монарх. За нејзиното крунисување биле потребни 14 месеци и тоа било првото британско крунисување кое се пренесувало во живо.rnrnВладеењето на кралицата се протега низ поголемиот дел од нашиот живот. Па, малку е чудно кога ќе помислиме дека таа е првата која нè воведе во ерата на јавно прикажаните кралски церемонии.rnrn
rn
Кодот за нејзината смрт е наречен „Операција лондонски мост“
rnОвој план првично бил направен во 1960 година и се ажурира често. Всушност и кралицата имала удел во овој план, правејќи клучни одлуки.rn
Постои процедура доколку таа почине додека е на пат
rnДоколку кралицата почине на место кое не е Бакингемската палата, мора под итно да биде вратена назад. Но, постои специјален исклучок, а тоа е доколку почине во Шкотска, бидејќи тоа е нејзиното место на раѓање.rn
Замокот Балморал има свои правила
rnБалморал е замок во Шкотска каде што таа поминувала една четвртина од годината. Доколку почине во Шкотска, ќе биде изведен шкотски ритуал во кралскиот дом во Единбург, а потоа ќе биде вратена во Бакингемската палата со кралски воз.rnrn
rn
Премиерот ќе дознае од Приватниот секретар на кралицата
rnДржавните службеници со користење на фразата „Лондонскиот мост падна“, ќе ги информираат сите земји и нации во Велика Британија за нејзината смрт. Владата во Велика Британија официјално ќе носи црна облека, претставувајќи го своето жалење.rn
За жал, медиумските извори веќе ги имаат насловите за нејзината смрт
rnВо новинарството е стандардна пракса да постојат веќе подготвени некролози и меморијали за одредени луѓе од високата класа. Бидејќи кралицата е една од најпрестижните луѓе во светот, сигурно нема да им биде потребно многу време да објават подготвени статии.rn
24 часа по нејзината смрт, принцот Чарлс ќе биде крунисан
rnДен по нејзината смрт, Чарлс ќе биде официјално крунисан како крал Чарлс Трети. Потоа, телото на кралицата ќе биде преместено во Вестминстерската палата, придружувана од воена парада. Периодот на жалење ќе трае 10 дена.rnrn
rn
За крунисувањето на Чарлс ќе биде потребно некое време
rnНеговото вознесение на престолот ќе биде второто британско монархиско емитување во живо, во кралската историја. Неговото крунисување, за разлика од тоа на кралицата, најверојатно ќе се случи само неколку месеца по смртта на кралицата.rn
Чарлс ќе биде значително постар од неговата мајка за време на нејзиното вознесение
rnЗа разлика од кралицата која била крунисана на 25-годишна возраст, тој ќе биде многу постар. Принцот, кој сега е во неговите 70-ти, ќе биде најмалку 45 години постар од неговата мајка кога била вознесена.rn
Неговото кралско име можеби нема да биде Чaрлс
rnЗа разлика од кралицата Елизабета, тој можеби нема да го користи своето име. Претходните два крала, чие име било Чарлс, немаат добра историја: Едниот бил обезглавен, а другиот живеел „промискуитетен начин на живот“. Било најавено дека можеби ќе го преземе името Џорџ Седми.rn
Камила најверојатно ќе биде назначена за кралица
rnКога Чарлс и Камила стапиле во брак во 2005 година, палата одлучила кога Чарлс ќе стане крал, на Камила да ѝ се обраќаат со „принцеза-консорт“. Како и да е, некои сметаат дека ќе биде крунисана кралица Камила, бидејќи технички веќе била принцезата од Велс.rnrn
rn
Телото на кралицата ќе остане 4 дена во Вестминистер
rnБидејќи многу луѓе ќе сакаат да ја искажат својата почит, опатијата ќе биде отворена 23 часа на ден. Јавноста ќе има 4 дена да ја искаже својата почит.rn
Нејзиниот погреб ќе биде национален настан
rnОва значи дека во поголемиот дел од Британија ќе биде неработен ден, и ќе биде прогласен ден на жалост. Со други зборови, сè ќе биде затворено, од маркети до продавници.rn
Само мал дел влезници ќе бидат испечатени за одредени церемонии
rnОтприлика 10.000 влезници ќе бидат достапни за нејзиниот погреб и за прогласувањето на кралот. Владата ќе биде одговорна за сигурноста, транспортот и војската и полицијата која ќе ја придружува.rn
Принцот Чарлс ќе се обрати на светот
rnГолема е веројатноста Чарлс да се обрати јавно за време на смртта на кралицата, или по неговото крунисување. Говорот ќе биде емитуван низ целиот свет.rn
Владата ќе има процедура која ќе мора да ја следи
rnНеколку часа по смртта на кралицата, членовите од парламентот ќе дадат заклетви на верност за новиот крал. Двата престола ќе бидат заменети со стол, на кој ќе биде поставена перница со круна.rn
Кралот Чарлс ќе направи турнеја
rnПо крунисувањето, тој ќе направи турнеја во Британија. Ова ќе му овозможи да присуствува на најразлични служби за неговата мајка и да ги запознае членовите од владата, како и народот.rn
Ќе треба време за погребот да се организира
rnВсушност, нејзиниот погреб нема да се одржи до 9-от ден по нејзината смрт. Неколку традиции ќе бидат проследени, вклучувајќи го и изнесувањето на кралскиот накит во јавност.rn
Постојат повеќе традиции кои следат по погребот
rnТелото на кралицата ќе биде однесено во замокот Виндзор и ќе биде сместено во кралскиот гроб. Чарлс церемонијално ќе приложи црвена земја врз ковчегот.rn
Дури и Биг Бен ќе учествува
rnОд почит, на часовникот ќе биде поставен кожен нотес со цел да го стиши ѕвоното. По ударот на 9 часот по полноќ, кожниот нотес ќе го придуши ѕвонењето.rn
Кралицата веќе создаде историја
rnГолема е веројатноста дека нејзината смрт нема да влијае на рекордот за должината на нејзиното владеење. Таа е британски монарх што најдолго живеел и владеел на сите времиња досега.rnrnПогледнете ги и овие фотографии од животот на кралицата Елизабета II кои го покажуваат создавањето на модерната историја.

rnrnАртистот сметал дека ние луѓето страдаме од вродената навика пребрзо да ги осудуваме другите и да им посакуваме неуспех. Поради ова тој се залагал за ослободување од овие окови и отстранување на предрасудите во секој аспект од животот. Овие 10 инспиративни цитати ќе ви помогнат да се чувствувате многу подобро во вашата кожа.rn
rn
rn
rnrnОва е одлична вест за сите девојки, а особено за оние од поновите генерации кои ќе израснат градејќи се и запознавајќи се себе, без потреба очајно да трчаат по момчиња во потрага по својот принц.rnrnИ пред да помислиме дека принцовите немаат лошо влијание, едно неодамнешно истражување покажа дека девојчињата кои израснуваат со Дизни покажуваат голема количина на стереотипно однесување на тогашните жени.rn
rnrnНо, дали Дизни отиде доволно далеку или пак само што започна да напредува?rnrnЕдна мајка неодамна собра 55.000 потписи за да го наведе Дизни да создаде принцеза со инвалидитет.rn











rnrnВие сакате лошо момче од улиците, кој е оригинален хипстер и живее под кирија во апартман со одличен поглед кон светот. Тој многу лесно може да биде задоволен и може да го вози „магичниот килим“ со часови. Овој вид мажи сакаат често да го откриваат своето одлично граедено тело и се доволно самоуверени. Тие имаат добри морали, па дури и кога се двоумат, секогаш ја прават добрата работа. Многу често ги следи огромна среќа.rn
rnrnВие не сте го сфатиле тоа тогаш, но отсекогаш сте сакале маж со мека страна, некој со кој ќе можете да живеете во хармонија и да одите на пикник во парк. Тој е мажествен, но истовремено не се плаши да ја покаже и својата поженствена страна. Тој исто така не се грижи за вашиот финансиски статус, туку едноставно сака да ви овозможи добар живот.rn
rnrnВие го сакате оној вид мажи кои се совршено средени, од глава до пети. Исто така ви се допаѓа и ако тој има брод (уште подобро и сопствен екипаж), бидејќи имате вкус за луксуз. Вие сакате маж со музичка страна и најчесто го барате додека шетате по брегот покрај море.rn
rnrnВие ги сакате нападните мажи со подолга коса. Едноставно уживате во тоа да ги разбесните, дури и ако одвреме-навреме ве плашат со нивното однесување. Оваа сила и темперамент се всушност оние работи кои ве „палат“. Тој е агресивен, наметлив и има силна група пријатели кои исто така малку се плашат од него. Но, истовремено тој има и поблага страна, која се појавува кога неговиот темперамент не е вжештен.rn
rnrnВие сакате момци кои никогаш нема да се смират. Тоа се оние кои треба засекогаш да ги бркате. Оние кои ќе ве остават без предупредување за да патуваат низ Азија. Оние кои едноставно никогаш не можат да бидат скротени и кои ќе мора постојано да ги следите. Овој вид мажи се и оние кои ќе го скршат вашето срце и кои без разлика на она што ќе го направите, нема да можете долго да ги задржите покрај себе.rn
rnrnВие сакате етнички типови кои се оригинални. Овој вид мажи се тивки, бескрајно лојални и секогаш подготвени да ја бранат вашата чест. Тој има одлична репутација и неверојатно шармантни родители. Многу е тешко да го скршите неговиот надворешен оклоп, но откако ќе го направите тоа ќе сфатите дека внатре е мекичок. Тој сака моќни жени и ги поддржува феминистките.rn
rnrnВие сакате кралица, а не принц. Станува збор за маж на кој не му пречи идејата да живеете и спиете покрај други седум мажи. Има големи шанси тој да игра за другиот тим…rn
rnrnВие сакате силни мажи со жешко тело, одличен изглед и кои воопшто не се грижат за она што се случува горе. Тој сигурно има добро наследство и добро име, па токму затоа не можете да сметате на него дека долго време ќе остане да работи на едно место. Тој сака да биде главен, исто како што вие сакате да глумите дама во неволја.
Главни улоги:
rnrnСтанува збор за принцот Галавант (
rnrnТој нема да може да ја преболи одлуката на Маделејна, па токму затоа ќе се затвори во својот дом, каде што времето ќе го поминува пиејќи и спиејќи. Ова негово однесување ќе трае долго време и никој нема да може да влијае врз неговата депресија. Но, работите одеднаш ќе тргнат во спротивна насока, кога принцезата Изабела (

rnrnЗа да ја открие смислата на животот, малиот принц никогаш не престанува да поставува прашања. Авторот, усогласувајќи го својот светоглед со штедрата фантазија на детето, ја наоѓа волшебната формула за излез од агонијата на еден свет, лишен од вистинските вредности, каде владее грубиот рационализам и извештаченоста на возрасните. Преку ликот на принцот, се оживуваат квалитетите и доблестите, кои му даваат смисла и содржина на животот. Тој лесно стекнува пријатели, чесно ги исполнува обврските, има храбро, благородно срце и разумен поглед кон светот. Трудољубив е, постојан во својата приврзаност и без алчни или агресивни стремежи.rnrnЕдноставноста на раскажувачкиот тон, езотеричниот јазик, ненаметливоста на репликите и навидум наивните цртежи и акварели, се оние што ја кројат необичноста на „Малиот принц“, за кој несомнено се можни безброј интерпретации. Ќе уживате во едноставниот стил на кој е напишана книгата и ќе ве натера да се запрашате дали можеби и вие несвесно сте станале дел од грубиот, рационален свет на возрасните, целосно отуѓени од детскиот светоглед. Ќе ве натера да се преиспитате и да сфатите дека чувството на пожртвуваност, одговорност и солидарност во остварувањето на одредена хумана цел, му помагаат на човекот, најпрвин да стане господар на самиот себеси, а потоа во заедница со другите луѓе и господар на целиот свет.rnrn
