КАФЕ ПАУЗА

Tag: принц

  • Г. Совршен vs. Г. Реален

    Г. Совршен vs. Г. Реален

    Сите имаме некаква замисла за тој некој совршен или пак, таа совршената. На листата на девојките најчесто оди: висок, развиен, богат… немам ништо против ако има кралско потекло. Пред некое време слушнав многу јака теорија (претпоставувам дека е „генијален изум“ на некој од писателите на книги за самопомош или солење памет од типот на „The Secret“): пробај на лист хартија да го нацрташ твојот совршен и ќе видиш дека ќе го запознаеш за брзо. Јас па мислев да нацртам некоја златна песочна плажа во Мексико и да ве поздравам, одам да се сончам!rnrnГ. Совршен vs. Г. РеаленrnrnИзраснавме во светот на Снежана и Пепелашка чекајќи го принцот со штиклата што совршено ни прилега и бранејќи се од женската конкуренција, што воедно отвара друга тема, но ви ветувам дека ќе ја зачнам некој нареден пат. Продолживме во светот на тинејџерството и филмовите адаптирани според новели на Николас Спаркс, за на крај како капак на сè да ни дојде „романтичниот“ серијал „Самрак“ со вампирот што светка на сончева светлина. Па во листата на многу девојки, совршениот ги доби токму карактеристиките на Едвард, (на кои патем, би им препорачала да ја прочитаат „Дракула“ на Брам Стокер, па да го запознаат „вистинскиот вампир“, а не американизираната верзија).rnrnИ така растеме и го чекаме совршениот дури не ни пукне филмот и не свикаме „Каде си бре непрокопсан еден, цел живот те чекам тебе!“ Едно интересно истражување покажало дека дури и жените кои се во брак не се откажуваат од идејата за совршениот, не престануваат да се надеваат дека ќе наиде некој подобар. Таа сонувала за лошо и бестрашно момче, за набилдан батка кој руши сè пред себе и откако видела колку е тежок за „скротување“ се одлучила за оној кој ѝ нуди смирен, семеен живот. Оној кој ќе биде добар татко но никогаш нема да ја возбуди толку, ниту пак ќе ја натера да копнее по него толку колку идеализираната илузија во нејзината глава. Мора ли така да биде? Какви се нашите очекувања? Кои ни се идеалите за совршен партнер? Дали некогаш просто бараме премногу?rnrnШто се случува кога сонуваме за некој од типот на Хју Џекмен и го добиваме но сепак не сме задоволни? Зошто? Можеби тој едноставно не бил оној кој вистински ни бил потребен.rnrnВрските се комплицирани и бараат работа, бараат компромиси и прифаќање на многу несовршености. Дали љубовните врски ги гледаме како обврска? Дали сонот и копнежот по совршениот или совршената е само изговор?rnrnМожеби некогаш вреди да се запрашаме дали ние ги исполнуваме сите критериуми кои би се нашле на нечија листа?rnrnНо ако ме прашувате мене, јас сакам луда љубов, слатко несовршена, сакам љубов исткаена во стихови, сокриена меѓу тревите под летната роса, толку жешка што ги топи сите снегови во душата. Сакам некој кој ќе му ја „изџвака“ душата на оној кој би пробал да ме повреди, кој ќе ме засркнува од смеење секој ден и ќе направи да се чувствувам безбедно и да спијам како бебе кога ќе падне ноќ. И нејќам да плачам на плитки романтични филмови, туку на раат да си се исплачам кога ја читам последната песна на Алан По за својата Анабела Ли. И не сакам мојот идеален да биде жаба, ни вампир, ни потомок на Елизабета II.rnrnМожеби вистинската грешка ни е што не знаеме да ја потцртаме таа линија, да ја видиме разликата меѓу совршениот кој го креираме како илузија во нашите глави, и реалниот, оној кој е тука, кој би сторил сè за нас, кој вистински постои и не е производ на нашата имагинација.rnrnЕлиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубов на прв поглед!?

    Љубов на прв поглед!?

    Автор: Маја КузмановскаrnrnЕдно од најчесто поставуваните прашања од секогаш и за век и векови: Верувате ли во љубов на прв поглед!? Постои ли жена која се нема судрено со провокативен маж, притоа помислувајќи: „Да, тоа е тој, принцот, љубовта на мојот живот!“rnrnЉубов на прв поглед!?rnrnДевојки, од машки аспект принцот е возвишен поим за мажот. Нема таков што не сака да ѝ биде сè на една жена: нејзиното битие, насмевка, солзи, радост. Но, момците кои се толку едноставни суштества не знаат како да изреагираат. Не би знаеле што да направат доколку дознаат дека се нечиј принц. Обично, тоа го нахранува нивното его и во најчест случај си земаат малку повеќе права.rnrnДа бидеме на чисто со една работа. Љубов на прв, па и на втор или трет поглед не постои. Тоа е занес, страст, почеток на симпатизирање. Љубовта е една од оние работи коишто не се случуваат преку ноќ. Таа бара познавање на себеси и на љубениот, созреани ставови, разбирање, доверба, поддршка. Она што го нарекуваме љубов на прв поглед е темелот на куќата која допрва треба да се гради.rnrnАко постоеше љубов на прв поглед тогаш зошто има толку многу пропаднати врски? Зошто толку дилеми околу тоа дали треба или не треба да се стапне на лудиот камен? Вистинската љубов не познава кавги, љубомори сцени или дилеми.rnrnДоколку некогаш сретнете „рандом“ личност којашто ќе ви го украде погледот, прстот на чело, подзастанете и вдишете. Светот е хаотичен, не е на Дизни. Не можете за секоја згодна индивидуа да помислите дека токму таа е вистинската. Како што на секоја овошка ѝ треба време за да созрее така и љубовта. Вистинската љубов која ќе создава насмевка на вашето лице е онаа која ни триесет години не може да ја уништат, онаа која некој трет не може да ја расипе, онаа која како што рекол Ерих Фром – ќе направи едно од две суштества коишто притоа нема да го изгубат својот идентитет!

  • Биди ми Тарзан, ќе бидам твојата Џејн

    Биди ми Тарзан, ќе бидам твојата Џејн

    Кафето црно како ѓавол, само испушта чад, самиот мирис ти го трезни мозокот. Ова ќе биде долга ноќ. Уште еднаш го преживеав денот на оние со збрлавени хормони, декларирајќи се себеси како пијани од љубов. Други пак, се пијани… од вино, едноставно за нив секој ден е ден за пиење. За најголемиот дел беше ден за мрчење, а за некои пак… обичен ден.rnrnУште од утрото одма ми светна дека не би требало да правам некои планови со друштво, зашто најверојатно сите ќе се пијанат или љубат, па така решив и јас да кренам некоја чашка. Денот е таков. „И каков е планот, што ќе правите денес, што му купи?“ Чекај, колку што знам не ни е годишнина, што пропуштам… секако, средина на февруари… да измислам нешто или едноставно да речам „Вие сите сте ненормали“? Одбирам да бидам блага, „Сè уште не знам“. Никогаш не сум подлегнала на предизвикот на полнам нечиј џеб поради обична пропаганда. За мене љубовта е премногу света и посебна, а целата таа прашина околу овој ден, едноставно те тера уште повеќе да се нафрлиш врз виното, така помалку ќе мислиш на човековата глупост.rnrnБиди ми Тарзан, ќе бидам твојата ЏејнrnrnФевруари извини, ама тапа си. Ладно ми е, морам да учам, немам пари после сите прослави минатиот месец, желбата за лето никогаш не била поголема… Сите ние кои сме роденденци во овој месец сме некако… благо да се изразам, оригинални. Па тргнете од самиот месец. Сите останати имаат или по 30 или по 31 ден, а на овој кога ќе му текне има 28, а некогаш и 29. Па исто и ние, февруарците. Верувајте, некогаш и самите не можеме да се поднесеме, со сите наши фикс идеи и креативни начини на „тепање време“.rnrnНи на крај памет не ми беше да пишувам за Денот на вљубените, ама се стори. Всушност, на некој начин ме инспирираше. Се прашувам какви се совршените вљубени? Си ги довршуваат речениците, си објавуваат песни на ФБ и редовно постираат слики каде еден со друг си се хранат со торта или сладолед? Постои некаков критериум како треба да изгледа една совршена љубовна врска? Како новото време влијае врз човековата перцепција за совршена љубов?rnrnПрво, не постои совршена љубов, а и да постои не би сакала да бидам во таква врска, едноставно би пукнала од здодевност. Секој си има своја претстава за тоа како би требало да изгледа љубовната врска, впрочем сите луѓе се различни. Затоа ќе се најдат двајца кои ќе сакаат приближно исти работи и ќе си оформат некој вид нивна совршена врска. Ако не си велат секој ден дека неизмерно се сакаат, ако тоа редовно не го докажуваат на социјалните мрежи, ако не си разменуваат нежности во јавност, значи ли тоа дека не се сакаат доволно или дека не уживаат во врската? Но, од друга страна, ако го прават сосема спротивното, значи ли тоа дека во суштина не се сакаат доволно, туку дека пробуваат себеси, а и на другите да им докажат нешто? Мислам дека никој не може да знае како и колку вистински уживаат партнерите во нивната врска. А според мене, секогаш било подобро тие слатки љубовни моменти да си ги чуваме за себе или за мал круг луѓе околу нас.rnrnКога сме кај љубовта и совршенството, мислам дека веќе во неколку наврати сум го спомнувала принцот на бел коњ. Но, овој пат го погледнав од друга перспектива. Што ако може да постои, само што нема универзални карактеристики, туку сè зависи од тоа како девојката си го замислува својот принц на бел коњ? Впрочем, зошто никогаш, ама баш ниеднаш во сказните принцезата или девојката не тргнала по својот принц? Со исклучок кога Пепелашка замина на балот, ама околу полноќ се претвори во кралица на драмата и „фати магла“, па си замина дома и си ја чекаше чевличката. Зошто девојката да не тргне по принцот кој ѝ се допаѓа? Што ако тргнал кон нас, ама се изгубил по пат, се заглавил во трње или паднал и си ја скршил ногата? Не сум во делузија, поентата ми е, ако го посакувате вашиот принц, тргнете и најдете го, не чекајте да дојде до вас. Тој дел од сказните воопшто не се совпаѓа со реалноста.rnrnА знаете што? Со сета таа прашина околу тој фамозен принц, помислувам, зошто мора да е принцот? Зошто девојчињата уште како мали не сонуваат дека Тарзан, на пример, е нивниот иден совршен маж? Само затоа што се шетка гол низ џунглата? Како предвреме да сме го осудиле дека не чини само затоа што не живее во палата. Па всушност јас би го посакала баш Тарзан. Силен, храбар, израснат во дивината кој ќе ме заведе јазејќи се по дрва. Поентата ми е, не ги оценувајте луѓето пред да ги запознаете вистински. Можеби баш Тарзан, би бил совршениот маж од сказните и приказните. Биди ми Тарзан, а јас ќе бидам твојата Џејн. :)rnrnТоа би било сè за денес, веќе нема кафе во шолјата, а тоа би значело дека во овој момент завршувам со пишување.rnrnДо следното читање,rnrn Вашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Момци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистински

    Момци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистински

    Пораснавме надевајќи се дека еден ден ќе го запознаеме принцот на бел коњ и замислувајќи ги сите машки ликови од бајките и сказните како вистински. Но, дали желбата навистина да сретнеме такво момче во реалниот живот сосема исчезнува кога ќе пораснеме? Момците од сказните прават буквално сè за девојката која ја сакаат, пеат, играат, се борат и прелетуваат планини само за да ја освојат. Еве дел од ликовите на Дизни кои би требало да бидат вистински.rnrnМомци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистинскиrn

    Џон Смит

    rnОвој лик оди прв на листата бидејќи е вистински авантурист, бестрашно момче кое освојува со својата привлечност и шарм. Сигурно токму ова се причините поради кои Покахонтас му го подари своето срце.rnrnМомци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистинскиrn

    Тарзан

    rnА Тарзан оди втор. Кому му требаат скапи и луксузни коли кога може да јази по дрва и да се бори со диви ѕверови? Можеби е израснат од мајмуни, но тој факт ќе го занемариме со оглед на тоа што е толку згоден. Плус, можеби изгледа грубо, но во душата е плишано мече. За среќа Тарзан постои и во вистинскиот живот.rnrnМомци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистинскиrn

    Ѕверот

    rnУбавица со ѕвер покрај себе – во модерно време тоа е вистински сон за многу девојки. Најважно од сè е тоа што, настрана од моредното сфаќање за Убавицата и Ѕверот, сказната ни дава поука – не е сè до надворешниот изглед. Но, Ѕверот на Дизни открива колку всушност е убав, откако добро ќе го запознаете.rnrnМомци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистинскиrn

    Херкулес

    rnМожеби на почетокот се однесува по малку арогантно, но да бидеме реални, Херкулес е полубог! Плус, би направил сè за девојката која ја сака, и целата таа негова храброст, прави најискрено да посакаме да беше вистински.rnrnМомци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистинскиrn

    Аладин

    rnМожеби е уличар и не е вистински принц, но со сигурност знае како да шармира дама. Не јава на бел коњ, но има магичен килим! Која девојка не би сакала прв состанок на летечки килим за одблизу да ги гледа ѕвездите кои тој би ги дофатил за неа?rnrnМомци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистинскиrn

    Принцот Ерик

    rnЕдинствениот од сите принцеви на Дизни кој не пееше за својата сакана, но неговите очи просто маѓепсуваат, така што ќе му го простиме тоа.rnrnМомци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистинскиrn

    Мајло

    rnМожеби не е типичен Дизниев карактер, со впечатлив изглед и мажественост, но сепак излезе вистински херој во приказната. Впрочем, кој рече дека момче со гик изглед не може да ги освојува женските срца?rnrnМомци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистинскиrn

    Петар Пан

    rnОк, носи хеланки, но знае како да го истакне детскиот дух и како да се забавува. Која девојка не би сакала момче кое ќе ја однесе во волшебен свет и ќе го разбуди детето во неа? И како капак на сè, дечкото го победи лошиот капетан Кука, така што, кому му е грижа што носи хеланки, сепак е јунак.rnrnМомци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистинскиrn

    Шенг

    rnЛошото момче, лидер на армијата. Способен, трениран, згоден и добро граден… Веднаш ни ги освои срцата. Плус, не се плашеше да тргне по успешна и храбра девојка, нетипична за тогашното општество.rnrnМомци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистинскиrn

    Принцот од Пепелашка

    rnМожеби ни е омилен бидејќи по малку го асоцираме со штикли, но сеедно, станува збор за класичен принц на бел коњ кој секоја девојка го посакува. И секако, секоја девојка заслужува да има свој принц на бел коњ.rnrnМомци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистинскиrnrnКој принц вие би сакале да биде вистински? Кои се карактеристиките со кои би ве освоиле овие ликови? Дали и во денешно време постојат принцеви, само што се облечени поинаку за разлика од оние од цртаните и не јаваат на бели коњи, ниту летаат на магични килими?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Скептикот за љубовта

    Скептикот за љубовта

    Како е можно да си толкав антиромантичар? И како тоа не постои љубов? Љубовта е сè околу нас, љубовта е воздухот кој го дишеме, храна која нè одржува во живот… БЉАК! Наместо на малите девојчиња да им ги перат мозоците со принцеви на бели коњи, треба да ги учат да велат „Бљак“ на вакви глупости! Заради тие глупави сказни, по светов шетаат избезумени, „заљубени“ и побудалени тинејџерки, зависни од тоа да имаат дечко, зашто без љубов не се живеело… чисто информативно, мене ми успева веќе цели 20 години. Не, не зборам за љубов кон семејството, туку за онаа која луѓето најчесто погрешно ја дефинираат.rnrnЉубовта не се наоѓа во трнот на розата, ниту во бакнежот на принцот, а ја нема ни во изгубената чевличка… и фала Богу, еден најобичен крекач како што е жабата нема никогаш да се претвори во принц, па ако ви е ќеф, бакнувајте водоземци со надеж дека во иднина би биле нешто друго! Тоа се сказни и фантазии, кои треба да бидат строго одделени од реалноста.Скептикот за љубовтаЈас верувам во љубов, ама во вистинска, силна, исконска љубов, која не секој ја наоѓа и не секој кој ќе ја најде знае да ја цени. Не верувам дека се појавува од зад аголот, дека ќе ти тропне на врата и ќе ти рече: „Јас сум вистинската љубов, пушти ме да влезам“. И не мислам дека љубовта ти ја нудат на послужавник, така можеш само да си порачаш еден добар коктел, ама не љубов!rnrnВистинската љубов нема да те натера да се откажеш од она што навистина си, нема да ти поставува услови, не е себична… Поради тоа што ова чувство е толку силно и волшебно, веќе почна да му се губи секаква смисла, да се користи за да се добие нешто, да се заработи, за некој да си оствари некаква цел… Баш ме интересира, како гледате љубов во листови од рози поставени на креветот од страна на дечко чија единствена цел му е да ја „легне“ девојката, кај е тука романтиката? И фала Богу, оваа ќе се стопи и ќе „падне“ на гестот, зашто ја учеле да си го чека принцот, па лошата дефиниција за љубов и романтика ја попречиле да сфати дека тој е само коњ!rnrnЉубовта е дефинитивно потценета, и тоа ме прави уште поголем скептик, ме иритира и станувам бунтовна. На луѓево сè им е љубов! По музичките канали само љубовни песни и балади фрчат. Најтрагичното е тоа што можеби половина од оние кои пеат за љубов никогаш вистински не ја искусиле… кои лицемери! Секој самопрогласен филозоф „тропа глупости“ за љубовта… Секоја втора тинејџерка мисли дека е вљубена, кубе коси, сече вени… Има 16 години, ама после него нема да љубела повторно. Ми се лоши! Алоо, нормална си ти, свесна си дека имаш 16 години, или треба некој да ти нацрта?!rnrnДеца сте, уживајте во детството! Сето тоа го прави општеството, тоа глупаво прославување на денот на вљубените и слични глупости. На вистинските вљубени, секој ден им е ден на вљубените. Тие не чекаат одреден датум за да си посветат внимание и не мора тоа да го поделат со целокупното општествено опкружување. Вистинскиот романтичар би требало да биде оригинален, на посебен начин да ја истакне љубовта, со авантура, со страст, со нешто необично, не со „lame“ потег од праисторијата. Љубовта е нешто многу посебно и свето, затоа се вознемирувам кога ја спомнуваат во глупави контексти, кога ја потценуваат, ја прават да биде толку честа и лесна за пронаоѓање.rnrnГи жалеле луѓето кои не веруваат во љубов, но јас ги жалам оние кои мислат дека ја има насекаде. Се затрескуваат три пати дневно, а кога ќе им се случи тоа, веќе не се паметни личности, дури и да имале коефициент на интелегенција колку Ајнштајн. Зашто тоа што вие го дефинирате како пеперутки во стомакот, мене ми се цицачи на разумот.rnrnПостои љубов, она чувство кое го имате за вашето семејство, за родниот крај… тоа е љубов. Во меѓувреме не ми е во план таа љубов да ја потценам изедачувајќи ја со некаква моментална возбуда или инстинкт! Можеби ќе го пронајдам оној кон кој ќе чувствувам вистинска љубов, а можеби ќе треба да се задоволам со чувството на почит, разбирање и она кога некој ти е мил…rnrnДраги мои, нека не ве залажува насловот, јас не ви велам да не верувате во љубовта, туку да бидете претпазливи, да ги разграничувате чувствата, секогаш да им пристапувате со доза на свест и разум, и најважно од сè, да не заборавате да се цените себеси… колку и да го/ја сакате, сакајте се себе повеќе!rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.