КАФЕ ПАУЗА

Tag: превод

  • 6 грешки во преводот што направиле голема разлика

    6 грешки во преводот што направиле голема разлика

    Важноста на точниот превод станува очигледна кога ќе се откријат грешките. Талентот на преведувачот не е само во знаењето на странски јазици, туку и во вниманието што им го обрнува на деталите, како и способноста да ја согледа и анализира големата слика. Понекогаш, дури и најмалите грешки можат да предизвикаат сериозни, па дури и трагични последици. Историјата би можела да добие сосема нова насока поради мала грешка во преводот. Во продолжение погледнете некои фатални грешки во преводот, од кои некои го промениле текот на историјата.rn

    1. Дали Ева била направена од реброто на Адам?

    rn6 грешки во преводот што направиле голема разликаrnrnМногу луѓе се убедени дека првата жена, Ева, била направена од првиот маж, Адам. А понекогаш дури и не го поставуваме прашањето зошто Бог го одбрал токму реброто на Адам за да ја создаде Ева. Всушност, оваа информација не е ништо повеќе од грешка во преводот. Преведувачот веројатно не знаел дека хебрејскиот збор tsela има две значења – ребро и рефлексија. Па, Бог ја создал жената како рефлексија на мажот.rn

    2. Непријатните зборови на Џими Картер

    rn6 грешки во преводот што направиле голема разликаrnrnВо 1977-ма година, тогашниот претседател на САД, Џими Картер, ја посетил Полска. Бил придржуван од толкувач на јазици. Картер го започнал неговиот говор со поздрав: „Дојдов да го откријам вашето мислење и да разберам што сакаат луѓето од Полска во иднина.“ Толкувачот ги превел зборовите како: „Сакам да имам интимност со луѓето од Полска.“rnrnНо, ова не бил крајот на проблемите на Картер. Неговите зборови: „Ја напуштив САД ова утро…“ биле претворени во „Ја напуштив САД, за никогаш да не се вратам.“ Говорот на претседателот бил исмејуван долго време.rn

    3. Полесно ѝ е на камилата да помине низ игла, отколку на богатиот да влезе во Божјото царство

    rn6 грешки во преводот што направиле голема разликаrnrnПознатите зборови на Исус: „Полесно ѝ е на камилата да помине низ игла, отколку на богатиот да влезе во Божјото царство“ се појавуваат два пати во Библијата. Додека некои луѓе веруваат дека ова е само хипербола, другите сметаат дека иглата ја претставува тесната порта на тврдината во Ерусалим. Но всушност овој поетски цитат е резултат на мешање на два збора – kamelos (камила) со kamilos (конец, јаже). Па најверојатно поточен е преводот: „Полесно е конецот да помине низ игла, отколку богатиот да влезе во Божјото царство.“rn

    4. „Кучешки“ Острови

    rn6 грешки во преводот што направиле голема разликаrnrnПостои популарно недоразбирање дека Канарските Острови го добиле името по канаринците што живеат таму. Но, важи обратното – птиците го добиле името по островот. Островите биле именувани поради големиот број кучиња што живееле на нив, и диви и питоми. Името Канарски потекнува од латинскиот збор Canariae Insulae, што би можело да се преведи како Кучешки Острови. Според друга верзија, фоките кои живееле во големи групи, порано биле нарекувани кучиња.rn

    5. Договорот Ваитанги

    rn6 грешки во преводот што направиле голема разликаrnrnВо 1840-та година, Британците потпишале договор со поглаварите Маори, според кој Нов Зеланд станал британска колонија. Се верува дека овој договор е почетокот на државата Нов Зеланд. Првично, договорот бил напишан на англиски, а потоа бил преведен од локален мисионер. Преведениот текст содржел многу грешки и разлики од оригиналот, па имало многу контрадикции. Сепак, локалните жители се согласиле со условите без воопшто да го прочитаат текстот.rnrnПо потпишувањето, Британците добиле целосна контрола над домородното население и имале право да продаваат земја – нешто што не било дел од преведениот документ. Луѓето Маори почнале вооружени бунтови, а новата власт се борела против нив. Во 19-тиот век, властите во Нов Зеланд одлучиле да ги прогласат документите за неважечки.rn

    6. Збор што чини 70 милиони

    rn6 грешки во преводот што направиле голема разликаrnrnВо 1980-та година, Шпанецот по име Вили Рамирез бил примен во американска болница. Тој бил во критична состојба, но семејството не можело да објасни што му е бидејќи никој не зборувал англиски. Рамирез имал труење со храна. Еден од докторите направил грешка во преводот, па лекарите мислеле дека Рамирез е пијан или консумирал премногу дрога. По погрешната дијагноза, лекарите започнале третман што предизвикал компликации и парализа на екстремитетите. Поради ова, болницата му исплатила на Рамирез 70 милиони евра за оштета.rnrnПогледнете и кои историски факти најверојатно се лажни.

  • Урнебесно смешно: Шведска телевизија по грешка ставила превод од детска емисија на политичка дебата

    Урнебесно смешно: Шведска телевизија по грешка ставила превод од детска емисија на политичка дебата

    Ретко кога политиката е смешна и интересна. Политичките емисии најчесто се монотони и здодевни. Но, еден шведски телевизиски канал нашол начин да ја направи политичката дебата поинтересна со тоа што по грешка ставил превод од детска емисија. Можете да претпоставите дека резултати се навистина урнебесни!rnrn

    Урнебесно смешно: Шведска телевизија по грешка ставила превод од детска емисија на политичка дебата
    „Поздрав, земјени суштества.“
    Аса Ромсон – Министерка за животна средина
    rnrnНеочекувано забавната дебата започнува со зборовите на шведската министерка за животна средина која, според преводот, им посакува добредојде на земјените суштества. Потоа, нештата стануваат сѐ почудни и почудни! Погледнете ги фотографиите за да се уверите во тоа и самите…rnrn
    Урнебесно смешно: Шведска телевизија по грешка ставила превод од детска емисија на политичка дебата
    „Имам два пара чизми, едни црвени и едни жолти.“
    Аса Ромсон – Министерка за животна средина
    rnrn
    Урнебесно смешно: Шведска телевизија по грешка ставила превод од детска емисија на политичка дебата
    „Кои да ги земам? Ќе ги прашам моите кукли.“
    Аса Ромсон – Министерка за животна средина
    rnrn
    Урнебесно смешно: Шведска телевизија по грешка ставила превод од детска емисија на политичка дебата
    „Ќе го изградам најубавиот песочен замок во галаксијата!“
    Јан Бјорклунд – Поранешен министер за образование
    rnrn
    Урнебесно смешно: Шведска телевизија по грешка ставила превод од детска емисија на политичка дебата
    „Игнорирајте ги правилата, сите диносауруси имаат различна форма“
    Густав Фридолин – Министер за образование
    rnrn
    Урнебесно смешно: Шведска телевизија по грешка ставила превод од детска емисија на политичка дебата
    „Билетите, ве молам. Добро утро, фамилијо Птеранодон!“
    Урбан Ахлин – Портпарол на Риксдаг
    rnrn
    Урнебесно смешно: Шведска телевизија по грешка ставила превод од детска емисија на политичка дебата
    „Дали ќе патувате под вода денес? – Да!“
    Урбан Ахлин – Портпарол на Риксдаг
    rnrn
    Урнебесно смешно: Шведска телевизија по грешка ставила превод од детска емисија на политичка дебата
    „Штета што нема воз кој може да патува под вода без шини.“
    Стеван Лофвен – Премиер на Шведска
    rnrn
    Урнебесно смешно: Шведска телевизија по грешка ставила превод од детска емисија на политичка дебата
    „Најновиот изум: Фантастичен диносауруски воз… подморница!“
    Стеван Лофвен – Премиер на Шведска
    rnrnДоколку случајно ве интересира за кој цртан филм станува збор, можете да погледнете дел од него во продолжение…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=nj6Tjih0ykQrnrnКога сме веќе кај необичните преводи, погледнете ги овие смешни англиски идиоми, чии превод и значење ќе ве насмеат до солзи.

  • Смешни англиски идиоми, чии превод и значење ќе ве насмеат до солзи

    Смешни англиски идиоми, чии превод и значење ќе ве насмеат до солзи

    Рошин Хахеси неодамна се преселила во Бразил, каде што почнала да учи нов јазик, но истовремено и да предава англиски. Токму затоа, таа почнала повеќе да размислува за нејзиниот мајчин јазик. Особено за идиомите и нивното буквално значење кои ако размислите подобро, ќе сфатите дека се претерано смешни и дека луѓето кои не ги знаат никогаш не би можеле да откријат што точно тие значат. Погледнете дел од нив…rnrn

    Кул како краставица (многу смирен, сталожен и недопирлив од стрес)
    Ладен како краставица (многу смирен, сталожен и непогоден од стрес)
    rnrn

  • Што значат 10-те најчести фрази на мажите?

    Што значат 10-те најчести фрази на мажите?

    Женскиот и машкиот ум не работат на иста фреквенција, па затоа и често меѓусебно не се разбираат, како да комуницираат на различен начин. Заради полесно разбирање меѓу мажите и жените ви го откриваме преводот на 10-те најчести машки фрази. Еве што тие всушност значат кога ќе ѝ ги кажат на жена.rnrnshto-znachat-10-te-najchesti-frazi-na-mazhite-kafepauza.mkrnrn1. Тоа е машка работа. – Не постои рационално објаснување за тоа и нема шанси да најдеш никаква логика во тоа.rnrn2. Би ми требало многу време сега тоа да ги објаснувам. – Немам поим како тоа функционира.rnrn3. Додека извршувате домашни обврски: Одмори малку срце, премногу работиш. – Не можам да го слушам натпреварот од правосмукалката. Зар мора баш сега да го правиш тоа?rnrn4. Те слушнав. – Жено, немам врска за што збориш, но се надевам дека тоа нема да го забележиш, бидејќи не сакам во следните 3 дена да те слушам да ми досаѓаш.rnrn5. Интересно душо. – Аман каде ти е копчето за исклучување!? Не ми се верува дека уште мелеш од преѓеска.rnrn6. Знаеш дека слабо памтам. – Се сеќавам на мојата згодна професорка од основно, адресата на првата девојка во која бев заљубен, на првиот секс, на првото пијанство, како и на сите регистарски таблички од колите кои сум ги сменил, но да, сепак заборавив на нашата годишнина.rnrn7. Додека ви носи букет: Љубов, денес мислев на тебе и ти купив рози. – Младата цвеќарка на аголот е толку секси па морав нешто да купам од кај нејзе.rnrn8. Не можам да го најдам. – Не ми е на дофат, затоа не знам каде воопшто би требал да барам. Но затоа ти мила, знаеш каде стои сѐ во куќава.rnrn9. Додека вози: Не грижи се душо, не сме изгубени, знам точно каде сме. – Е сега сме готови! Никој нема никогаш да може да не пронајде живи!rnrn10. Додека разговарате: Аха. Да? Навистина? Да, душо. Секако, љубов. Хммм… – Овие зборови се автоматски и немаат никакво значење.

  • Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

    Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

    Јазикот е жива материја. Може да се менува, унапредува и да поприма нови фрази и значења. Британскиот и американскиот јазик, навидум слични, располагаат со интересни варијации кои навистина можат да ве доведат во непријатна ситуација. Само замислете дека некому во Англија му давате комплимент велејќи му дека ви се допаѓаат неговите панталони (pants), без да сте свесни дека вашиот коментар ќе биде протолкуван како пофалба за неговата долна облека.rn

    Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

    rnВо оваа споредба на британскиот и американскиот говор, набројани се дел од зборовите кои имаат сосем различни знаења во Британија и во САД. Којзнае, можеби некогаш оваа разлика ќе ве спаси од голема „каша“.rn

    Pants

    rnБритански – долна облека, гаќиrnrnАмерикански – панталониrn

    Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

    rnrn

    Braces

    rnБритански – трегериrnrnАмерикански – протезиrn

    Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

    rnrn

    Biscuit

    rnБритански – колачеrnrnАмерикански – ронлив леб со путер кој се служи со солени оброциrn

    Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

    rnrn

    Jumper

    rnБритански – џемперrnrnАмерикански – скокачrn

    First floor

    rnБритански – катот над приземјетоrnrnАмерикански – приземјето (катот каде е самиот влез)rn

    Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

    rnrn

    Trolley

    rnБритански – количкаrnrnАмерикански – тролејбусrn

    Fancy dress

    rnБритански – смешен костим за маскембалrnrnАмерикански – формален, елегантен фустанrn

    Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

    rnrn

    Trainers

    rnБритански – спортски обувки, патикиrnrnАмерикански – тренер за разни спортски активностиrn

    Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

    rnrn

    Bog

    rnБритански – веце-школкаrnrnАмерикански – бара, калrn

    Chaps

    rnБритански – момциrnrnАмерикански – кожни заштитници за нозете при јавањеrn

    Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

    rnrn

    Comforter

    rnБритански – бебешка цуцла (исто, dummy е друг збор за бебешка цуцла, кој во американскиот англиски значи кукла-модел на човек, најчесто за потребите на медицината)rnrnАмерикански – јорган, престилкаrn

    Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

    rnrn

    Cider

    rnБритански – алкохолен пијалак кој се добива од ферментирани јаболкаrnrnАмерикански – безалкохолен јаболков сок кој се пие на есенrn

    Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

    rnrn

    Lift

    rnБритански – лифтrnrnАмерикански – подигнуваrn

    Knob

    rnБритански – пенисrnrnАмерикански – заоблена квака од вратаrn

    Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

    rnrn

    Bin

    rnБритански – канта за отпадоциrnrnАмерикански – место за чување документиrn

    Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

    rnrn

    Chips

    rnБритански – помфритrnrnАмерикански – чипсrn

    Garden

    rnБритански – место позади куќа, заден дворrnrnАмерикански – место каде се садат цвеќиња и разни културиrn

    Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

    rnrn

    Rubber

    rnБритански – гума за бришењеrnrnАмерикански – кондомrn

    Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

    rnrn

    Pissed

    rnБритански – пијанrnrnАмерикански – лут, гневенrn

    Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

    rnrn

    Hamper

    rnБритански – кошница за хранаrnrnАмерикански – кошница за алиштаrn

    Shag

    rnБритански – сексrnrnАмерикански – тепих со долги и меки влакнаrn

    Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

    rnrn

    Vest

    rnБритански – долна облека, маицаrnrnАмерикански – елекrn

    Football

    rnБритански – фудбалrnrnАмерикански – рагбиrn

    Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 11 странски зборови за кои нема превод

    11 странски зборови за кои нема превод

    Во овој шарен и разновиден свет живеат многу народи кои зборуваат различни јазици. Во нив има и некои зборчиња кои се карактеристични само за нив, па затоа тешко се преведуваат на други јазици.rnrn

    11 странски зборови за кои нема превод
    Iktsuarpok (инуит) – чувството на исчекување што те тера упорно да гледаш надвор за да видиш дали некој ќе доаѓа
    rnrn
    11 странски зборови за кои нема превод
    Waldeinsamkeit (германски) – чувството кога си сам во шума
    rnrn
    11 странски зборови за кои нема превод
    Culaccino (италијански) – трагата од студена чаша на масата
    rnrn
    11 странски зборови за кои нема превод
    Komorebi (јапонски) – кога сонцето продира низ лисјата на дрвјата
    rnrn
    11 странски зборови за кои нема превод
    Почемучка (руски) – некој кој поставува многу прашања
    rnrn
    11 странски зборови за кои нема превод
    Sobremesa (шпански) – времето после ручекот или вечерата кога луѓето што го делеле оброкот остануваат да разговараат
    rnrn
    11 странски зборови за кои нема превод
    Jayus (индонезиски) – толку лошо кажана шега што оној што ја слушнал не може, а да не се смее
    rnrn
    11 странски зборови за кои нема превод
    Pana Poʻo (хавајски) – чинот кога се чешаш за глава обидувајќи се да се сетиш на нешто што си го заборавил
    rnrn
    11 странски зборови за кои нема превод
    Dépaysement (француски) – чувството кога знаеш дека не си во матичната држава
    rnrn
    11 странски зборови за кои нема превод
    Goya (урду) – моментот кога некој толку добро раскажува приказна што не ти пречи нејзината невистинитост
    rnrn
    11 странски зборови за кои нема превод
    Mångata (шведски) – одблесокот во вид на патека што го остава месечината врз водата
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Google Translate како ритам машина

    Google Translate како ритам машина

    Од која причина и да сакате да го употребите Google Translate во вашата музичка изведба пред интимна или поширока публика, би било чудно. Сепак, почудно е што воопшто некој се сетил да му најде ваква необична примена на сервисот за автоматски превод на Гугл.Google Translate како ритам машинаHarrichr е корисник на Редит кој вклучувајќи се во една дискусија на сајтот, го сподели ова чудно, но интересно откритие. Еве што треба да направите:rn

      rn011

    • Појдете на Гугл транслејт
    • rn011

    • Изберете германски и германски јазик во јазичниот пар
    • rn011

    • Впишете го следново во полето за превод: pv zk pv pv zk pv zk kz zk pv pv pv zk pv zk zk pzk pzk pvzkpkzvpvzk kkkkkk bsch
    • rn011

    • Кликнете на копчето Listen (Слушнете).
    • rn

    rn

    Google Translate како ритам машинаБидејќи ова откритие брзо се рашири на интернет, набрзо беше надополнето со водич за користење на ритам машината. Така, со комбинација на следните букви, можете да направите едно чудо сопствени ритами: zk, bschk, pv, bk, tk, vk, kt, kttp, krp, pv, th, thp, ds.

    rnВеројатно при преводот на германски, сервисот прави согласките да звучат како тапани.