КАФЕ ПАУЗА

Tag: препорака

  • 3-те книги што му го промениле животот на Вил Смит

    3-те книги што му го промениле животот на Вил Смит

    Вил Смит, младиот рапер кој го глумеше забавното дете од Филаделфија, успеал да заработи милиони уште пред да наполни 18 години. Пред неколку години тој почна да се појавува во големи блокбастери. Денес, кога ќе го погледнете неговото име во некој филм, голема е веројатноста да се возбудите и веднаш да сакате да го погледнете. Од инсталирање фрижидери во супермаркет, до станување еден од најпопуларните актери на светот, можеме слободно да кажеме дека Вил знае како се остваруваат соништата. Всушност, тој дури изјавил дека двете клучни нешта за успех се „трчање и читање“.rnrnrnrnОвој пат ќе го прескокнеме трчањето и ќе се посветиме на книгите за кои Вил тврди дека му го промениле животот. Можеби ќе го направат истото и за вас.rn

    1. „ Алхемичарот“ – Пауло Коелјо (The Alchemist)

    rn3-те книги што му го промениле животот на Вил СмитrnrnМалкубројни се книгите што можат засекогаш да го променат вашиот живот, а „Алхемичарот“ докажано спаѓа овде. Ова е бајка за авантурите на едно момче овчар кое се држи до верувањето дека кога сакате нешто во животот, целиот универзум прави заговор за да го добиете. Оваа инспиративна приказна имала неверојатен ефект на Вил Смит кој многупати ја спомнувал како негова омилен книга.rn

    „Верувам дека можам да создадам сè што сакам да создадам. Цврсто верувам дека ние сме личноста којашто одбираме да бидеме.“

    rn

    2. „Издвоени: Приказна за успех“ – Малком Гладвел (Outliers: The Story of Success)

    rn3-те книги што му го промениле животот на Вил СмитrnrnОва е книга што суптилно го менува начинот на којшто се гледате себеси и другите. Книгата е збир од факти, анегдоти и интересна приказна во која авторот навлегува во вистинските причини за тоа зошто успешните луѓе, издвоените, се толку поразлични.rn

    „Ја читав книгата на Малком Гладвел и тој зборува за концептот со 10.000 часови. Не постигнувате никакво ниво на умешност пред 10.000 часови.“

    rn

    3. „Богат татко, сиромав татко“ – Роберт Т. Кијосаки (Rich Dad, Poor Dad)

    rn3-те книги што му го промениле животот на Вил СмитrnrnАко вашата најголема грижа е да станете финансиски независни, ова е книгата што ќе го промени начинот на кој ги гледате парите и инвестициите. Авторот детално го опишува неговото лично искуство со татко му (кој бил сиромав) и таткото на неговиот најдобар пријател (кој бил богат). И двајцата мажи му помогнале да ја оформи неговата перспектива за парите и тој станал еден од најпродаваните автори и успешен финансиски советник.rnrnВо едно интервју Вил признал дека не може да престане да размислува како „сиромав човек“ и дека сè уште се грижел за неговата финансиска состојба во иднина. Бидејќи неговите деца живеат луксузен живот, тие немаат искусено како е да се размислува како средната класа. За да им даде поразлична перспектива, ги замолил да ја прочитаат оваа книга за подобро да ги разберат парите и богатството.rnrnПогледнете и кои се книгите што треба да ги прочита секој духовен трагач.

  • Филмска препорака: 3 одлични трилери што задолжително треба да ги погледнете овој декември

    Филмска препорака: 3 одлични трилери што задолжително треба да ги погледнете овој декември

    2016 година беше исполнета со одлични филмови кои навистина вреди да се погледнат. Понесени од целата таа филмска атмосфера, ние вие препорачуваме уште 3 одлични филма за кои дефинитивно треба да одвоите време пред да започне новата година. Станува збор за мрачни трилери со трогателни приказни што ќе ве наведат на размислување. Ова е нашата филмска препорака за декември…rn

    „Госпоѓица Слоун“ (Miss Sloane)

    rnФилмска препорака: 3 одлични трилери што задолжително треба да ги погледнете овој декемвриrnrnЏесика Честејн ја глуми ладната госпоѓица Слоун која работи како лобист и е опседната со законот за користење оружје. Тензијата станува посилна кога работата почнува да влијае на нејзиниот приватен живот и таа открива една нова темна страна на нејзината личност што почнува да го загрозува нејзиното патешествие.rn

    „Лав“ (Lion)

    rnФилмска препорака: 3 одлични трилери што задолжително треба да ги погледнете овој декемвриrnrnДев Пател одлично успева да го долови главниот лик во оваа приказна инспирирана од прекрасниот мемоар на Сару Брирли. Малото момче Сару се изгубило во Индија и живеело како скитник на улиците во Колката, сѐ додека не биде посвоено од едно тасманско семејство. По десетина години, Сару решава да ги побара неговите вистински родители. Никол Кидман и Руни Мара ги играат жените кои се сведоци на неговата потрага.rn

    „Ноќни животни“ (Nocturnal Animals)

    rnФилмска препорака: 3 одлични трилери што задолжително треба да ги погледнете овој декемвриrnrnРежисерот Том Форд предизвикал големи провокации со неговото најново филмско остварување наменето за љубителите на мрачните трилери. Ејми Адамс ја толкува улогата на успешната дилерка со уметнички дела која еден ден налетува на ракопис од нејзиниот поранешен сопруг. Џејк Гиленхал ја има улогата на писателот кој бил напуштен од неговата сопруга. Романот ѝ буди стари сеќавања на силната жена, поради што таа почнува да тагува и да се чувствува ужасно.

  • По препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитате

    По препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитате

    Во далечната 1934 година, еден амбициозен писател и новинар по име Арнолд Семјуелсон поминал долг пат за да го запознае големиот Ернест Хемингвеј во неговиот дом во Флорида. Идниот нобеловец бил импресиониран од посветеноста на младиот човек и му дал листа на книги кои според него, секој љубител на пишаниот збор треба да ги има прочитано. Еве што препорачува Хемингвеј:rnrnПо препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитатеrn

    1. „Синиот хотел“ (The Blue Hotel) од Стивен Крејн

    rnСе работи за збирка раскази кои делуваат прилично едноставно поради директниот начин на кој се напишани, но несомнено е дека по читањето оставаат длабоки траги во умот и сеќавањето.rnrn(1) По препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитатеrn

    2. „Отворениот брод“ (The Open Boat) од Стивен Крејн

    rnЧетворица мажи доживуваат бродолом. Станува збор за вистинска борба за преживување. Оваа книга е полна со филозофски мисли за смислата на животот и човечкото постоење, кои ќе предизвикаат бура на емоции кај секој читател.rnrn(2) По препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитатеrn

    3. „Мадам Бовари“ (Madame Bovary) од Густав Флобер

    rnЕма Бовари мечтае за живот исполнет со гламур и љубовни авантури. Наместо тоа таа е заробена во монотонијата на секојдневниот живот како сопруга на доктор во мал град. Провинцијалната атмосфера го гуши страсниот дух на Ема, но сите нејзини обиди да го напушти овој здодевен свет доживуваат неуспех. Има ли надеж за бегство?rnrn(3) По препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитатеrn

    4. „Даблинци“ (Dubliners) од Џејмс Џојс

    rnОваа колекција психолошки новели е претставник на првиот зрел обид на Џојс да даде придонес во светот на книжевноста. Даблин е претставен како олицетворение на сите работи кои ги мразел поврзани со начинот на живот во Ирска. Градот е главното жариште на сите гревови, уназадување, корупција, вулгарности и бездушност. „Даблинци„ се смета за првиот пример на реалистична ирска литература од 20-тиот век.rnrn(4) По препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитатеrn

    5. „Црвено и црно“ (The Red and the Black) од Стендал

    rnОва книга е универзално прифатено ремек-дело од литературата на 19-тиот век. Станува збор за приказна за амбициозен и талентиран млад човек кој е одлучен да се искачи на скалата на успехот во општеството. Познато е дека оваа приказна успеала да го зароби вниманието и на големиот Лав Толстој. Протагонистот доаѓа до заклучок дека парите се единствено важни во денешниот свет и подготвен е да направи сè за да ја оствари својата цел.rnrnПо препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитатеrn

    6. „За човековото ропство“ (Of Human Bondage) од Сомерсет Могам

    rnНајвлијателниот роман на Могам му овозможува на читателот да ги открие светлата и темната страна на човечката природа. Исто така, преку оваа книга писателот целосно ја разголува својата душа овозможувајќи му на светот да види што навистина се крие во неговата глава.rnrnПо препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитатеrnrnПродолжете на следната страна за останатите 6 книги од оваа листа.rn

  • 10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказната

    10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказната

    Дали некогаш сте читале книга која на почетокот ви се чини дека е сосема нормална, но во еден момент ќе ве извади од памет со комплицираниот пресврт и чудесниот крај? Одеднаш сфаќате дека неповрзаните карактери и настани на некој начин се многу испреплетени меѓу себе, па не можете да ја оставите книгата сѐ додека не го дознаете крајот.rnrn10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказнатаrnrnЕве неколку примери за такви книги. Дури и да сте страстен читач и одлични во решавање мистерии, овие приказни дефинитивно ќе ве импресионираат со нивните лажни протагонисти, интригантни флешбекови и брилијантни пресврти.rn

    1. „Атлас на облаците“, Дејвид Мичел

    rn10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказнатаrnrnОва е неверојатна и волшебна новела која ќе ве однесе од средината на деветнаесеттиот век во далечната, постапокалиптична иднина. Се состои од шест приказни за шест не толку случајни луѓе, кои се предодредени да ја делат нивната иднина. „Атлас на облаците“ е еден вид сложувалка и секој кој се обидува да ја реши, завршува со многу различна, но фасцинантна слика на крајот.rn

    2. „Игра на тронови“, Џорџ Р. Р. Мартин

    rn10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказнатаrnrn„Игра на тронови“ е првата книга од серијата новели насловена како „Песна за мразот и огнот“. Сигурно веќе сте ја гледале адаптираната телевизиска серија, а ако не сте ја гледале, барем сте слушнале за неа. Приказната се случува на измислениот континент Вестерос, кој долго време е растргнат од долги војни помеѓу различни династии.rn

    3. „Часови“, Мајкл Канингам

    rn10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказнатаrnrn„Часови“ е новела од 1999 година, добитник на Пулицерова награда, која ја раскажува приказната за три случајни жени кои ги живеат нивните животи во нивното време и простор. Покрај тоа, тие многу наликуваат една на друга и можеби поради тоа нивните судбини ќе се испреплетат со серија на среќни и не толку среќни настани.rn

    4. „Екстремно гласно и неверојатно блиску“, Џонатан Сафран Фоер

    rn10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказнатаrnrnТрогателна и искрена новела за деветгодишниот Оскар, кој се обидува да ја расплете мистеријата поврзана со смртта на неговиот татко. Низ приказната тој патува на различни места и се среќава со различни луѓе. Поставувајќи им неколку длабоки прашања, тој се обидува да најде одговори.rn

    5. „Г-ѓа Даловеј“, Вирџинија Вулф

    rn10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказнатаrnrnВирџинија Вулф на своите читатели им подари невообичаена новела. Оваа магична приказна нè води во нов свет од емоции и случајни настани. Мозаичка структура која во еден единствен ден ги спојува минатото и сегашноста.rn

    6. „Куќа на заспаните“, Џонатан Ко

    rn10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказнатаrnrnОваа интригантна новела ја открива психологијата на спиењето и проблемите со времето и сопствениот идентитет. Сара, Тери, Грегори и Роберт се група млади студенти кои живеат во блескава викторијанска куќа наречена Ешдаун. Неколку години подоцна, се враќаат во Ешдаун и на некој начин засекогаш се поврзани со нарушувањето на спиењето од кое сите страдаат.rn

    7. „Сага за Форсајтови“, Џон Голсворди

    rn10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказнатаrnrn„Сага за Форсајтови“ е фундаментално дело на Џон Голсворди, добитник на Нобеловата награда за литература, кое го опишува животот на три генерации од големо лондонско семејство, заедно со нивните предрасуди и верувања. Авторот одлично ја претставил високата англиска класа од тоа време со сета алчност, љубомора и предавства.rn

    8. „Чекорење по стакло“, Иан Бенкс

    rn10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказнатаrnrnНовелата се состои од три различни приказни за различни луѓе: уметник кој е лудо вљубен во една таинствена жена, параноичен психопат кој избегал од болница и двајца воени криминалци од спротивната страна на големата војна. На почеток изгледа сосема невозможно тие да делат иста судбина, но подоцна врската помеѓу овие три различни приказни ќе стане поочигледна.rn

    9. „Крвни врски“, Саманта Хејс

    rn10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказнатаrnrnВо студен зимски ден, женско бебе е киднапирано од кола. Истиот ден, млада жена раѓа машко дете. Тринаесет години подоцна, посвоената ќерка на адвокатот Робет Најт добива место во престижното музичко школо во Лондон. Единствениот проблем е што неговата жена Ерин, не сака девојчето да оди во тоа школо. Еден ден, Роберт наоѓа писма од неговата сопруга во кои открива дека таа лажела за своето минато.rn

    10. „Пржени зелени домати во кафе“ , Фени Флег

    rn10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказнатаrnrnКласичниот роман за жените и нивното пријателство, раскажан од Фени Флег, често е опишуван како народна приказна. Некои ја доживуваат и како освежителна и интересна приказна. Без разлика што велат критичарите, во секој случај ќе уживате во приказната полна со љубов и предизвици со кои се соочуваат жените.

  • Викенд книга: „Преживеј за да раскажуваш“ – Лиса Гарднер

    Викенд книга: „Преживеј за да раскажуваш“ – Лиса Гарднер

    Ова е мојата приказна… Јас сум единствениот преживеан и ова е она што го преживеав за да ви го раскажам.

    rn

    Наша оцена: 10/10

    rn

    Ваша оцена: [ratings]

    rnВикенд книга: „Преживеј за да раскажуваш“ – Лиса Гарднер

    rnСе подготвувате за летниот одмор? Каде ќе одите, и уште поважно, која книга ќе ја понесете со себе? „Преживеј за да раскажуваш“ е нешто што дефинитивно, од сè срце ви го препорачуваме. Луда авантура, трилер кој ќе ве остави без здив, драма која ќе ве држи во неизвесност од почетокот па до самиот крај. Лиса Гарднер сосема успешно и беспрекорно ги држи своите читатели во една слатка и љубопитна неизвесност, во која особено ќе уживаат љубителите на крими-романи. Секоја чест за ова дело, ви посакувам да ви стане дел од животот макар на неколку дена. Но, да не избрзуваме, со ред, прво приказната…rnrnДетективката Ди Ди Ворен е повикана на местото на грозоморното случување – брутално убиено семејство, мајка и три деца, а таткото, кој впрочем е и главен осомничен, се бори за живот. Можеби случајот е навидум едноставен. Семејството навлегло во тешка финансиска ситуација, па колку му треба на човек да го изгуби разумот? Но, нешто ѝ кажува на Ди Ди дека ништо не е така едноставно, ниту пак случајно, особено масата поставена за вечера за 6 лица, а семејството е петчлено…rnrnОваа ужасна трагедија нè поврзува со медицинската сестра Даниела Бартон, која работи во детска психијатриска болница. Таа цели 25 години живее како единствен преживеан од своето семејство, а тоа искуство е ужасно. Секоја година, на годишнината од грозоморниот настан, неа ѝ се навраќаат слики од нејзината сестричка, како јаде лимони со шеќер, па прави смешни гримаси со кората од лимонот, и од нејзиниот брат кој обожува да игра криенка и умешно се крие во најнедостапните места… од нејзината мајка, која бдее над неа кога е болна и ѝ дава сладолед од јаготка кога времето е премногу топло. Сега Даниела им помага на децата од најранливата категорија, на децата со психички болести. Таа се труди да го заборави својот насилен татко, и да го извади неговиот глас од нејзината глава, така што им помага на овие деца. Ако детето мисли дека е мачка, таа се однесува како мачка… Даниела е прекрасна личност, само ѝ треба нешто што ќе ѝ помогне да го остави минатото зад себе…rnrnВикторија Оливер е напатена, измачена мајка, која со сето срце го сака својот син, оној кој во еден момент ѝ вели „Те сакам мамичке“, а во следниот „Ќе те убијам кучко“. Еван е детенце со посебни потреби, тој е подготвен да си наштети себеси и на најблиските на најгрозоморни начини без око да му трепне.rnrnДвете убиства на две семејства ќе ги спои животите на овие три жени, ќе ги донесе на ист пат, и на секоја од нив ќе ѝ помогне да најде мир во животот, конечно, по многу долго време.rnrnОд страв да не откријам повеќе за книгава, ќе прекинам тука, а мојата препорака останува иста. Книгава мора да ви падне во раце. Маестрално дело, одлично преведено, одлично доловен секој аспект, и доволно добро да ве одведе во еден друг свет, па кога ќе ја кренете главата од книгава ќе ви требаат неколку секунди да се вратите во реалноста. Не можам да најдам замерки, ова е една од најубавите книги за кои сум среќна што некако стигнале до мене.rnrn

    Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 2 август 2015.rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.rnrn

  • Книга: „Чест“ – Елиф Шафак

    Книга: „Чест“ – Елиф Шафак

    „Извонреден роман, егзотичен, длабок и крајно неизвесен.“

    rnКнига: „Чест“ – Елиф Шафакrnrn„Мама умре двапати. Си ветив дека нема да дозволам да се заборави нејзината приказна, но никако да најдам време, волја и храброст да ја напишам. Сè до неодамна…“ Вака Есма ја започнува својата приказна, или поточно приказната за нејзината мајка. Она што следува е еден мајсторски напишан роман со „шекспирови заплети и пресврти, кобни знаци и енигми, пророштва и судбини“ (Индипендент).rnrnШафак е позната турска писателка најмногу почитувана и сакана поради нејзината отвореност и храброст во раскажувањето. Таа умее квалитетно да го опише судирот на традиции, сфаќања и верувања меѓу истокот и западот и да ги изведе на виделина најмрачните страни на традицијата, љубовта и верата. Ако подолго време сте во потрага по квалитетен роман кој ќе ви искрадува воздишки, штотуку го пронајдовте.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnКако што претходно кажав, приказната започнува со Есма која се обидува да се помири со ужасното и непростливо злосторство што го извршил нејзиниот брат – убиство од чест. Есма ја раскажува приказната на нејзината мајка враќајќи се назад за три генерации – до нејзината баба која ги раѓа двете сестри близначки во едно село близу реката Еуфрат. Таа сака да ги крсти девојчињата Судбина и Доста поради нејзината разочараност што по толку женски деца не успеала да роди син. Но, наместо тоа девојчињата се крстени Џамила и Пембе. Тие две тргнуваат по различни патишта во животот, но многу години подоцна големата трагедија ги поврзува. Џамила останува во родното село и станува позната како чесната бабица, а нејзината сестра Пембе се мажи за Адем и заедно емигрираат во Лондон во 70-тите. Соочени со силен судир на традиции, Пембе и Адем се борат да обезбедат добар живот за своите три деца, Искендер, Есма и Јунус. Откако Адем ги напушта, останува Искендер да се грижи за семејството но и да ја брани честа на нивната куќа. Токму кога Искендер дознава дека неговата мајка се гледа со друг маж, исто како што многупати бил научен на тоа додека растел, сега повторно се соочува со фактот дека можеш да сакаш некого со целото срце, но сепак да го повредиш.rnrnКнига: „Чест“ – Елиф ШафакrnrnВелат не постои подобра реклама за една книга од кажаниот збор на некој што ја прочитал. Збор кој понатаму се шири од еден на друг љубител на добрата литература. Во тој случај ќе бидам искрена со вас. „Чест“ е една од најдобрите книги што сум ги прочитала, и тоа ни помалку ни повеќе туку ја вбројувам меѓу првите три. Ќе направи да се исклучите од светот и за миг да заминете во курдското село покрај реката Еуфрат, во Истанбул, па во Лондон. Ќе станете дел од тешката судбина на Пембе и нејзината сестра Џамила.rnrnОбесправената положба на жената во муслиманската религија е само дел од темите, но овој роман е многу повеќе од тоа. Станува збор за маестрална психолошка анализа на секој од ликовите и борбата за правото на слобода и љубов што секој го заслужува. Нехронолошкиот редослед на раскажување кој ве тера да бидете целосно сосредоточени на она што го читате и да ги следите судбините на ликовите, деталното и богато раскажување исткаено во сите бои и вкусови е она што ме натера да ја засакам оваа книга уште од првата страница.rnrn
    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 6 август 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • 10 хит книги за летните горештини

    10 хит книги за летните горештини

    Без разлика дали летово ќе одите на море, езеро, планина.., или пак ќе се ладите покрај некој базен или во некоја длабока сенка, ова се 10 книги кои се апсолутни летни хитови.rnrn01-10-hit-knigi-za-letnite-goreshtini-kafepauza.mk copyrnrnКласичната препорака за „книга што се чита на плажа“, бидејќи не секој го поминува летото на плажа, добива нова форма – „книга за летни горештини“ како и „книга баш за мене“. Идејата е секој да си ја пронајде идеалната книга за ова лето и да ужива во неа.rnrn1. „Проектот Роузи“ од Грем Симсион е романтична комедија која открива дали вистинската љубов навистина може да промени еден маж… Љубовта не е егзактна наука. Но пробајте да му го кажете тоа на Дон Тилман! Кога овој триесет и девет годишен генетичар ќе се одлучи да ја пронајде својата совршена партнерка, неговиот предизвик се претвора во проектот Сопруга.rnrnletna kampanja1rnrn2. „Господин Пип“ на Лојд Џонс е чудна, оригинална приказна за придружната сила што може да ја придонесе фантазијата кога еднаш ќе се распламти. Кога артилеријата одѕвонува во планините, тринаесетгодишната Матилда и нејзините соученици се воодушевени од авантурите на младиот сирак по име Пип, во градот Лондон, град чии контури стануваат пореални од нивниот уништен пејзаж.rnrn3. „Стогодишникот кој скокна низ прозорец и исчезна“ на Јонас Јонасон ја раскажува приказната за Алан Карлсон, ведриот старец кој на својот стоти роденден скокнува низ прозорец, цврсто решен старечкиот дом во Малмкопинг да не биде место на кое ќе го заврши својот век.rnrnletna kampanja1rnrn4. „Азбуката на мојот живот“ на Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ е роман во кој една напуштена жена минува низ најзначајните мигови од својот живот по азбучен редослед додека се обидува да се справи со паниката и неизвесноста предизвикана од исчекувањето на нејзиниот маж да се врати и да си ги собере парталите.rnrn5. „Екстремно гласно и неверојатно блиску“ на Џонатан Сафран Фоер е инвентивен роман кој зборува за 9-годишниот Оскар Шел кој е на мистериозна и многу итна мисија што го води насекаде низ градот Њујорк. Неговата цел е да ја најде бравата која може да се отвори со клучот што му припаѓал на неговиот татко, кој умира во нападите на кулите близначки на 11 септември.rnrnletna kampanja1rnrn6. „Бојата на магијата“ на Тери Прачет е првиот дел од епската комична фантазија „Дисксвет“, која мора да се најде на топ листата на секој љубител на овој жанр. На светот кој лежи на грбот на една џиновска желка (од непознат пол), започнува веселата, експлозивна, безобразно ексцентрична експедиција. Тука се алчниот, но неспособен волшебник Ринсвинд, наивниот турист чиј Багаж се движи на стотици симпатични мали ноџиња, змејовите кои постојат само ако веруваш во нив, и се разбира Работ на планетата…rnrn7. „Слобода“ од Џонатан Френцен е вистинско ремек-дело на американската фикција, епска, семејна сага во која комично и трагично се доловени искушенијата на слободата: возбудлив тинејџерски копнеж, тешки средовечни компромиси, товар на едно конзервативно семејство и на една империја.rnrnletna kampanja1rnrn8. „Роналдо: Опсесија за совршенство“ на Лука Кајоли е одлично продолжение на фудбалското лето! Независно дали од љубов или омраза, од восхит или од интерес – веќе цела деценија, глобалните медиуми го следат секој чекор на Кристијано Роналдо. Па, сепак, деталната истрага на Кајоли ќе Ве убеди дека има толку многу нешта што сè уште не сте ги откриле за него.rnrn9. „Безнадежно“ на Колин Хувер е „младешки“, „женски“ роман за лажните вистини и вистинските лаги во тајните ходници на животот на седумнаесетгодишната Скај. Приказна навидум безнадежна за средбата помеѓу двајца млади луѓе која ќе Ве врати во времето на Вашата прва љубов.rnrnletna kampanja1rnrn10. „Раскажувачката“ на Џоди Пико е роман кој ќе Ве обземе и ќе Ве остави без здив! Сејџ Сингер се спријателува со еден старец, омилен во заедницата… Нивното пријателство започнува во пекарницата во која работи Сејџ. Еден ден тој ја замолува за услуга: да го убие! Таа е шокирана и одбива… И тогаш започнува исповедта на неговите најмрачни тајни – тој навистина заслужува да умре…rnrnletna kampanja1rnrnОва се хит насловите на Арс Либрис, кои ова лето се дел од читателското мени, прилагодено за различните вкусови и за местата за разладување од летните горештини.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети

    Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети

    Наоѓањето добра книга за читање понекогаш може да биде многу тешко. Но, еве една листа од предлози кои веруваме дека ќе ви помогнат да го направите вистинскиот избор.rn

    The Book Seer

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnПостете ја веб-локацијата Book Seer и врз основа на тоа која книга ја имате претходно прочитано, ќе ви даде предлози базирани на слични автори и книги.rn

    Goodreads

    rn2-pred-da-odberete-kniga-prochitajte-gi-slednive-nekolku-soveti-kafepauza.mk_rnrnНа Goodreads можете да се поврзете со милиони фанови на книжевноста од целиот свет. На овој сајт можете да видите кои книги се највисоко оценети, кои имаат најдобри критики и така да направите соодветен избор.rn

    Нобеловци

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnАко се двоумите, секогаш одберете некој автор-нобеловец, како Жан Пол Сартр, Алберт Ками или други познати писатели. Еве ја и официјалната листа на сите нобеловци во литературата.rn

    Листа на најдобри книги

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnУште еден добар начин е да ја разгледате листата со 100 најдобри дела. Таму сигурно ќе најдете нешто вредно за читање.rn

    WhichBook

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnWhichBook е сајт кој ќе ви даде листа со препорачани книги врз основа на вашите потреби и афинитети.rn

    Одбегнувајте ги бестселерите

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnОва можеби звучи чудно, но бестселерите не секогаш навистина вредат. Во повеќето случаи се прославуваат поради звучното авторско име или успешната маркетиншка кампања. Доколку многу сакате ваков тип книги, тогаш најдобро е претходно да прочитате критики за одреден бестселер за да го спречите разочарувањето. Секцијата Книги на Кафе пауза може доста да ви помогне во тоа.rn

    Пингвин класици

    rn6-pred-da-odberete-kniga-prochitajte-gi-slednive-nekolku-soveti-kafepauza.mk_rnrn Пингвин класиците се богати со одлични романи. На крајот од секоја книга стои и листа од дела во нивно издание кои сигурно ќе ви помогнат уште веднаш да се одлучите што следно да прочитате.rn

    Книжари

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnВо книжарите има добар избор на стари и нови наслови и сигурно ќе успеете да најдете некоја книга за вас. Читајте ги кратките објаснувања на задната корица или пак прочитајте ги првите неколку страни за посигурен избор.rn

    Совет од вработените

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnВработените во книжара обично се големи љубители на книжевноста, па доколку не можете да се решите, прашајте ги нив за мислење. Тие ќе ви ги посочат најквалитетните неодамна издадени книги или пак ќе ви препорачаат други одлични дела.rn

    Совет од пријателите и семејството

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnДоколку во кругот на пријателите или во семејството имате некој обожавател на книжевноста, не двоумете се и веднаш прашајте ги за совет. Сигурно ќе им биде мило да ви препорачаат некоја книга по нивен избор.rn

    Онлајн-курсеви

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnРегистрирајте се на некој онлајн-курс за книжевност. Со тоа ќе добиете список од книги што треба да ги прочитате и есеи кои треба да ги напишете. Ќе истражувате, ќе дознаете за нови автори и нови значајни дела, што ќе ви постават стандарди и ќе ви помогнат во следните избори. На пример, започнете со следнава веб-локација за бесплатен курс.rn

    Библиотека

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnНека вработените во библиотеката ви помогнат при изборот или едноставно изберете некоја книга што во моментот ви изгледа најпривлечно. Убавината на библиотеките е што книгите ги изнајмувате за малку пари, а истовремено можете да си седнете таму и да уживате во моментот.rn

    Класици

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnМожеби сте слушнале за Госпоѓа Даловеј, Злосторство и казна и други познати дела, но дали ги имате прочитано? Доколку не, без размислување уште веднаш набавете ги и почнете со читање.rn

    Саем на книга

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnСе ближи саемот на книга, каде има одличен избор на изданија по снижени цени. Дефинитивно вреди да посетите таков настан доколку сакате читање и литература.rn

    Филмови

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnМногумина мислат дека најпрвин треба да се прочита книгата, па да се гледа филмот. Но, не мора секогаш да биде така. Можеби токму филмот ќе ви открие некој одличен роман што уште веднаш ќе сакате да го прочитате.rn

    Книжевен клуб

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnОдличен начин да се сретнете со други љубители на литературата. Одбирате книга, ја читате, а по неколку недели се собирате и ја дискутирате. Вака ем ќе запознавате нови луѓе, ем ќе дознаете нови интересни книжевни автори и дела. Прочитајте зошто е добро да основате ваш книжевен клуб.rn

    Авторско дело

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnИ за крај, зошто и самите да не се обидете да напишете свое дело? Може да почнете со кратки раскази, а потоа да продолжете со краток роман од 20 илјади зборови. Запомнете, сите во себе носиме животен роман, кој само чека да излезе на површина. Среќно! :)rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Жената на војникот“ – Џоана Тролоп

    Книга: „Жената на војникот“ – Џоана Тролоп

    После службата во Авганистан, Ден Рајли се враќа дома кај своето семејство. Но колку лесно ќе биде прилагодувањето на нормалниот живот после хоророт на војната?rnrnНаслов на оригиналот: The soldier’s wife – Joanna TrollopernrnКнига: „Жената на војникот“ – Џоана ТролопЏоана Тролоп е англиска писателка чие име стои на многу бестселери. Најчесто пишува за жената во модерниот свет, семејните проблеми и животот на средната класа. Покрај тоа што е одлична новелистка, Тролоп е позната и по многуте добротворни и хуманитарни акции. Во своите новели таа покажува огромна писателска зрелост, познавање на човековата психа и начин на размислување, а неретко приказните ги пренесува фокусирајќи се и на најмали детали.rnrnСо новелата „Жената на војникот“, Тролоп уште еднаш покажува дека умее да ги разбере предизвиците во едно семејство и притисоците кои се јавуваат во одредени моменти. Овој пат одбира тема која лесно допира до многу срца, фокусирајќи се на прилагодувањето на нормалниот живот после ужасите кои ги носи војната.rnrn rn

    Синопсис

    rnПосле 6 месеци воена служба во Авганистан, Ден Рајли се враќа во својот топол и удобен дом, кај својата прекрасна жена и децата кои му значат сè на светот. Секако, тука е и неговиот миленик, верното куче Битл кое исто како и другите со нетрпение го очекува. Ужасите се завршени, тој е на безбедно во својот дом, кај своите најмили и конечно може да му се врати на нормалниот живот, а на добар пат е да добие унапредување на работното место. После сите хорори кои ги носи војната, враќањето дома наликува на одење во рајот, но дали навистина е така?rnrnНеговата жена Алекса го обожува, но е ставена пред голем предизвик. Таа не може да допре до срцето на својот сопруг. Тој одбива да ја отвори пред неа својата душа, да се олесни и да ѝ раскаже макар дел од стравотиите и ужасите низ кои поминал. И покрај тоа што се врати дома, Ден Рајли не го остава зад себе војничкиот живот, и продолжува да биде многу посветен на својата работа.rn

    Изабел, најстарата ќерка на Алекса, чувствувајќи се отфрлена почнува да краде и да бега, посакувајќи да добие повеќе внимание. Како паметна и образована жена, на Алекса понудена ѝ е работна позиција каква што отсекогаш посакувала, но таа е свесна дека нема да може да ја прифати во период кога во нејзиното семејство има толку многу нешта со кои треба да се справи.Книга: „Жената на војникот“ – Џоана Тролоп

    rnКолку жената е подготвена да се жртвува за благосостојба на своето семејство? Колку може мажот кој поминал низ тешки мигови, ја почувствувал бедата која ја носи војната, кој одблизу ги видел сите нејзини ужаси и стравотни настани, да се приспособи на секојдневието на едно нормално семејство од средната класа?rnrn rn

    Лична критика

    rnКнигата ја добив како подарок, а придружена беше со ветување дека многу ќе ми се допадне, што не беше далеку од вистината. Пред сè би ја окарактеризирала како зрело писателско дело, исполнето со концизно раскажување кое на читателот му дава целосна слика за настаните. Тролоп ненајавено ќе ве врати во минатото на ликовите за потоа повторно да ја врати сликата од сегашноста. Јас лично ги обожувам таквите писателски стилови бидејќи бараат од тебе целосно да ѝ се посветиш на книгата. Со прости зорови, нема да заспиете додека ја читате.rnrnИако неретко како тема и инспирација кај многумина автори се јавува животот во војната, Тролоп претставува една друга слика – животот после војната, опишувајќи ја транзицијата кон нормалниот живот. Опишува како едно семејство се справува со враќањето во нормала, а повеќе се задржува на товарот кој жената го има во целата ситуација. Но баш напротив, тоа не значи дека книгата би им се допаднала само на дамите.rnrnКога би требало да наведам негативна критика, би го споменала недостатокот на чувства. Можеби на моменти сето тоа изгледа како сувопарно раскажување, а човекот кој се враќа од војна и семејството кое го пречекува тој човек, имаат многу чувства кои би требало да бидат подробно опишани.rnrnКнигата е релативно нова па сè уште нема македонски превод, но се надевам дека набрзо ќе излезе и верувам дека ќе уживате читајќи ја.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Вода за поздрав живот

    Вода за поздрав живот

    Водата е од суштинско значење за здравјето на човекот. Но, на прашањето колку вода треба да се пие дневно е тешко да се даде одговор. Тоа е така, бидејќи одговорот зависи од многу фактори, како на пример каде живеете, на која возраст сте, колку сте активни во текот на денот и слично.rnВода за поздрав животОпшто земено, докторите велат дека здрав возрасен маж, во просек треба да пие по околу 3 литри вода дневно, додека спротивниот пол по 2 литри. Овие бројки се пресметани според тоа колку вода треба да се надомести за онаа која секојдневно ја изнесуваме од телото. Сепак, иако водата е добра за здравјето, не треба да се претерува со нејзиното консумирање. Единствено, количината на вода која се внесува во организмот може да се зголеми на жешко време и после исцрпувачка физичка активност.rnВода за поздрав животКонсумирањето повеќе вода од потребното може да доведе до сериозни проблеми, како што се хипонатермија (прениска количина на натриум во крвта) или интоксикација (труење). Симптомите како вртоглавица, апатија (бесчувственост), дезориентираност, гадење и слично, се најчестите кои можат да се осетат по пиење преголема количина вода и воедно се многу слични на симптомите на дехидрацијата.rnВода за поздрав животСепак, треба да се напомене и дека секојдневно внесуваме течност и преку овошјето и зеленчукот, сите газирани и негазирани сокови и нормално, преку чаевите кои ги пиеме, па така понекогаш и не мораме да внесуваме многу голема количина чиста вода.