КАФЕ ПАУЗА

Tag: праски

  • 7 намирници кои ќе ви помогнат да го намалите високиот крвен притисок

    7 намирници кои ќе ви помогнат да го намалите високиот крвен притисок

    За да го избегнете високиот крвен притисок, потребно е да внесувате храна со низок процент на сол. Нутриционистите препорачуваат да внесувате колку што е можно повеќе калиум, калциум и магнезиум во организмот. Во продолжение прочитајте кои намирници ги содржат токму овие минерали.rnrn7 намирници кои ќе ви помогнат да го намалите високиот крвен притисокrn

    1. Киви

    rnПокрај тоа што се богати со витамин Ц, кивите помагаат и при намалување на крвниот притисок. Најдобро е да ги јадете свежи во овошни салати.rn

    2. Обичен јогурт

    rnОвој млечен производ е одличен извор на калциум и други минерали кои позитивно влијаат врз здравјето на луѓето. Започнете го денот со јогурт, а можете да го искористите и за подготовка на нискокалорични преливи за салата и јадења со месо.rn

    3. Бел грав

    rnКалиумот, магнезиумот и калциумот во голема мера се содржат во гравот кој благотворно делува врз намалување на крвниот притисок. Можете да го јадете во вид на манџа, да правите супи од него, да го додадете во салати или да направите пире од грав.rn

    4. Праски

    rnЗа многумина праските се омиленото летно освежување. Добро е да се знае дека содржат многу хранливи материи и витамини кои поволно делуваат врз здравјето на луѓето. Најдобро би било да ги јадете свежи или да направите смуди од нив.rn

    5. Банани

    rnЕдна банана со средна големина покрива 12 проценти од дневните потреби за калиум. Ова егзотично овошје е и одличен сојузник во борбата против стресот. Најдобро од сè е тоа што кога бананата ќе презрее, не мора да ја фрлате. Ставете ја во замрзнувач, а потоа направете леден десерт.rn

    6. Кељ

    rnОвој вид лиснат зеленчук се нарекува и суперхрана поради големата количина на антиоксиданси и нискокалоричен состав. Можете да го јадете свеж, во салата или да го варите.rn

    7. Брокула

    rnСто грама варена брокула на пареа ќе задоволат 6 проценти од дневните потреби за калциум, 8 проценти за магнезиум и 14 проценти за калиум. Овој вид зеленчук треба постојано да биде вклучено во вашето мени со оглед на големата количина антиоксиданси кои ги содржи.rnrnОткако прочитавте кои намирници можат да ви помогнат да го намалите високиот крвен притисок, можеби ќе сакате да прочитате и кои вежби можат да ви помогнат, а кои треба да ги избегнувате ако имате висок крвен притисок.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Сочен десерт: Крем торта со праски

    Сочен десерт: Крем торта со праски

    Се прави брзо и лесно, а уживањето е загарантирано.rnrnСочен десерт: Крем торта со праскиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 3 јајца
    • rn 011

    • 3 лажици шеќер
    • rn 011

    • 3 лажици масло
    • rn 011

    • 3 лажици млеко
    • rn 011

    • 3 лажици брашно
    • rn 011

    • 1 ванилин шеќер
    • rn 011

    • 1 прашок за печиво
    • rn 011

    • излупени и сечкани праски
    • rn 011

    • 2 пудинзи од слатка павлака
    • rn 011

    • 600 милилитри млеко
    • rn 011

    • 1 шлаг крем
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗапочнете со подготовка на бисквитот – изматете ги јајцата, додајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер и продолжете со мешање. Додајте ги маслото и млекото, прашокот за печиво и брашното, па продолжете да мешате.rnrnИстурете ја смесата во калап и печете 15 минути на температура од 200 °С.rnrnПрелијте го топлиот бисквит со трите лажици млеко, наредете ги праските и над нив ставете го претходно зготвениот пудинг. Оставете да се излади, а потоа украсете со шлаг крем.rnrnПогледнете како да направите кремаст десерт со овошје по желба.

  • Пита со праски и цимет – рајско слатко задоволство

    Пита со праски и цимет – рајско слатко задоволство

    Сакате да подготвите еден интересен десерт овој викенд? Оваа пита со праски се прави лесно, а само едно залче ќе ве однесе во рајот.rnrnПита со праски и цимет – рајско слатко задоволствоrn

    Потребни состојки за тестото:

    rn

      rn 011

    • 250 грама брашно
    • rn 011

    • 125 грама путер
    • rn 011

    • 1 жолчка
    • rn 011

    • 1 лажица шеќер
    • rn 011

    • Прстофат сол
    • rn 011

    • 2 лажици ладна вода
    • rn

    rn

    Потребни состојки за филот:

    rn

      rn 011

    • 4 зрели праски
    • rn 011

    • 4 лажици мед
    • rn 011

    • Прстофат цимет
    • rn 011

    • Кора од 1 лимон
    • rn 011

    • 2 лажици презла
    • rn 011

    • Ливчиња нане
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Измешајте ги состојките за основата и замесете ги во компактно тесто. Покријте го тестото со целофанска фолија и ставете го во фрижидер добро да се излади (околу 90 минути).
    2. rn 011

    3. Потоа, помеѓу два листа хартија за печење растегнете го тестото во кружна форма со радиус од околу 25 см и дебелина од 0,5 см. Подготвеното тесто избоцкајте го со виљушка и тргнете го настрана.
    4. rn 011

    5. За тоа време исечете ги праските на парчиња. Изрендајте лимонова кора и измешајте ја со презлата и циметот.
    6. rn 011

    7. На тестото посипете ја подготвената презла, а потоа наредете ги парчињата праски и на крајот прелијте со мед.
    8. rn 011

    9. Рабовите на тестото малку поткренете ги нагоре, па кон средината за да се добие убаво формиран круг.
    10. rn 011

    11. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.
    12. rn 011

    13. Питата послужете ја топла во комбинација со топка сладолед и декорирајте со ливчиња нане.
    14. rn

    rnЉубители сте на благи пити? Пробајте ја и оваа сочна пита со боровинки.

  • Освежувачки летен пијалак: Компот од праски!

    Освежувачки летен пијалак: Компот од праски!

    Ако сте љубители на праски сигурни сме дека овој компот ќе ви биде новиот омилен летен пијалак. Компотот е популарен пијалак кој е во состојба да го подобри здравјето. Лесно се прави и е многу вкусен. И сè што ви е потребно се само 3 состојки што сигурно веќе ги имате во вашиот дом!rnrnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 килограм праски
    • rn 011

    • 1 килограм шеќер (за 10 тегли компот)
    • rn 011

    • Вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмијте ги убаво праските, исечете ги на парчиња и тргнете ги семките. Исечените парчиња ставете ги во тегла, додајте шеќер и сипете ја водата. Варете ги теглите во тенџере со вода едно петнаесетина минути. Оставете да се олади и послужете.rnrnАко сте љубители на овошните сокови, дознајте и како да направите освежителен леден кашест пијалак.

  • Вкусна летна торта со крем и овошје

    Вкусна летна торта со крем и овошје

    Лесен и убав десерт совршен за летните денови

    rn1-vkusna-letna-torta-so-krem-i-ovoshje-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки (за 12 послужувања):

    rn

    За тортата:

    rn

      rn011

    • 115 г путер, омекнат на собна температура 1 час
    • rn011

    • 290 г шеќер
    • rn011

    • 3 големи јајца
    • rn011

    • 220 г сенаменско брашно
    • rn011

    • 1 лажичка сол
    • rn011

    • 3,5 лажички прашок за пециво
    • rn011

    • 300 мл млеко
    • rn011

    • 2 лажички екстракт од ванила
    • rn

    rn

    За кремот:

    rn

      rn011

    • 470 мл шлаг/хопла
    • rn011

    • 230 мл кисела павлака
    • rn011

    • 30 г шеќер во прав
    • rn011

    • Прстофат сол
    • rn

    rn

    Овошје:

    rn

      rn011

    • 2 праски, на парчиња
    • rn011

    • 1 кајсија, на парчиња
    • rn011

    • 70 г јагоди, исецкани
    • rn011

    • 70 г капини
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Рерната загрејте ја на 180 степени. Тавчето со димензии 22×33 см премачкајте го со зејтин.
    2. rn011

    3. Со миксер во длабок сад изматете ги омекнатиот путер и шеќерот, сѐ додека не станат лесни и воздушести. Потоа, додадете ги јајцата и мешајте додека смесата не стане кремава. Ставете ги и брашното, солта, прашокот за пециво, млекото и екстрактот од ванила. На ниска брзина, матете уште 30-на секунди, а потоа на средна брзина уште 3 минути.
    4. rn011

    5. Во подготвеното тавче ставете ја смесата и оставете да се пече 40-45 минути на 180 степени. Кога ќе биде готова, оставете ја целосно да се излади барем еден час.
    6. rn011

    7. Во друг сад изматете ги шлагот/хоплата, павлаката, шеќерот во прав и солта. Кога смесата ќе биде готова, прелијте ја изладената торта.
    8. rn011

    9. На крајот, врз кремот ставете го исецканото овошје.
    10. rn011

    11. Чувајте ја во фрижидер сѐ до послужувањето.
    12. rn

    rn2-vkusna-letna-torta-so-krem-i-ovoshje-kafepauza.mk 3-vkusna-letna-torta-so-krem-i-ovoshje-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Праски во секси гаќички

    Праски во секси гаќички

    Кинеските продавачи на овошје се сетиле на еден интересен, но контроверзен изум – тие ги „пакуваат“ праксите во минијатурни секси гаќички од тантела и така ги продаваат со цел да бидат поатрактивни за потрошувачите. Иако некои сосема ги одвраќа идејата да купуваат овошје во долна облека, за многумина сепак ова е интересна маркетинг идеја на која со задоволство подлегнуваат.rnrn1-praski-vo-seksi-gakjichki-kafepauza.mkrnrnГаќичките умешно се навлекуваат така што вдлабнатиот раб на праските да доаѓа на средината, на тој начин симулирајќи мал задник. Вака облечените праски се нарекуваат Ripe Fruit (Зрели, спремни овошки) и се продаваат по 498 јуани (3.700 ден.) за кутија од 9.rnrn2-praski-vo-seksi-gakjichki-kafepauza.mk 3-praski-vo-seksi-gakjichki-kafepauza.mk 4-praski-vo-seksi-gakjichki-kafepauza.mk 5-praski-vo-seksi-gakjichki-kafepauza.mk 6-praski-vo-seksi-gakjichki-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3 вкусни филови за палачинки

    3 вкусни филови за палачинки

    Ако ви здодеало палачинките да ги јадете исклучиво со еурокрем или џем, пробајте ги овие три идеи. Доста се едноставни, а вкусовите се одлични.rn

    Фил со праски

    rn3 вкусни филови за палачинкиrn

    Потребни состојки за 8 порции:

    rn

      rn011

    • 145 грама шеќер
    • rn011

    • 2 лажици пченкарно брашно
    • rn011

    • 250 мл вода
    • rn011

    • 8 средно големи праски, излупени и исечени на тенки парчиња
    • rn011

    • 2 лажици путер
    • rn011

    • Половина лажиче екстракт од бадеми
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмешајте ги шеќерот и брашното, ставете ги во сад на оган и додајте им ја водата. Кога овие состојки ќе се соединат, додајте ги путерот и половина од праските. Гответе на среден оган додека смесата стане потенка и почнат да се создаваат меурчиња. Во следните две минути гответе на тивок оган. Потоа тргнете го садот од оган, додајте го остатокот од праските и екстрактот од бадеми и смесата ставете ја во фрижидер за добро да се излади пред да ја употребите.rn

    Кремаст фил со банани

    rn3 вкусни филови за палачинкиrn

    Потребни состојки за 12 порции:

    rn

      rn011

    • 3 лажици путер
    • rn011

    • 3 лажици кафеав шеќер
    • rn011

    • 3 средно зрели банани исечкани на парчиња од 7 мм
    • rn011

    • 235 мл кисела павлака
    • rn011

    • 2 лажици шеќер во прав
    • rn011

    • 85 грама излупени и испржени бадеми
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги путерот и кафеавиот шеќер во сад на оган и чекајте додека шеќерот не се растопи. Потоа додајте ги бананите и гответе додека не почнат да ја менуваат бојата. Во друг добро измешајте ги киселата павлака и шеќерот во прав. Потоа нанесете од оваа смеса на секоја од палачинките, па врз неа додајте од бананите и наросете од пржените бадеми.rn

    Тирамису фил

    rn3 вкусни филови за палачинкиrn

    Потребни состојки за 22 порции:

    rn

      rn011

    • 225 грама маскарпоне сирење
    • rn011

    • 225 грама крем сирење
    • rn011

    • 190 грама шеќер
    • rn011

    • 60 мл кафе или ликер од кафе
    • rn011

    • 2 лажици екстракт од ванила
    • rn

    rn

    Начина на подготовка:

    rnВо сад измешајте ги маскарпонето, крем-сирењето и шеќерот додека не добиете пенеста смеса. Додадете ги кафето или ликерот од кафе и екстрактот од ванила и повторно мешајте за добро се соединат. По желба врз палачинките можете да додадете и чоколаден сируп.

  • 4 верзии на лимонадата

    4 верзии на лимонадата

    Испробајте го овие четири верзии на лимонадата кои добро ќе ви дојдат за освежување во летните денови.rn

    Лимонада со босилек

    rn4 верзии на лимонадатаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 6 лимони
    • rn011

    • 1 литар вода
    • rn011

    • 200 грама шеќер
    • rn011

    • 8 ливчиња босилек (или повеќе ако сакате)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnМешајте ги исцедениот лимонов сок и шеќерот додека да се соединат. Во нив додајте ги ливчињата босилек и истолчете ги за да се почувствува нивниот вкус. На крајот додајте ја водата, промешајте за да се соединат и послужете.rn

    Лимонада со праски

    rn4 верзии на лимонадатаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 6 лимони
    • rn011

    • 1 литар вода
    • rn011

    • 150 грама шеќер
    • rn011

    • 3 средно големи праски
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги праските, водата и шеќерот во сад на среден оган додека почнат да вријат, а потоа оставете ги уште три минути полека да крчкаат на тивок оган. Смесата што ќе ја добиете измешајте ја во блендер, па оставете ја да отстои во него 20 минути. Потоа префрлете ја во голем сад и оставете ја во фрижидер три часа. Потоа процедете ја смесата така што ќе ви остане само течноста, и на крај во неа додајте го сокот од лимоните. Послужете со мраз.rn

    Лимонада со мајчина душица

    rn4 верзии на лимонадатаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 6 лимони
    • rn011

    • 1,5 литри вода
    • rn011

    • 150 грама шеќер
    • rn011

    • 1 шака свежа мајчина душица
    • rn011

    • краставица за декорација
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги шеќерот, мајчината душица и 250 мл од водата во сад на оган да зовријат и мешајте додека се стопи шеќерот. Сокот од лимоните измешајте го со останатата вода, а потоа сè заедно ставете во еден сад и оставете го во фрижидер за добро да се излади. Украсете со краставица и мајчина душица.rn

    Лимонана – лимонада со нане

    rn4 верзии на лимонадатаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 6 лимони
    • rn011

    • 0,5 литри вода
    • rn011

    • 100 грама шеќер
    • rn011

    • 2 шаки ливчиња нане
    • rn011

    • мраз
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете го шеќерот со 250 мл вода на оган за да се соединат. Мешајте повремено, а потоа оставете да се излади на собна температура. Потоа ставете ја оваа вода во блендер и додајте ги сокот од лимоните, нането, останатата вода и мразот. Кога ќе завршите со блендирање, лимонаната е спремна за сервирање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Храна која го подобрува либидото

    Храна која го подобрува либидото

    Подгответе се да ги заскокоткате сетилата за мирис и вкус со храна за која е научно докажано дека го подобрува либидото.rn

    Чоколадо

    rnОвој сензуален десерт не само што ќе го направи вашиот јазик посреќен, туку содржи и соединение познато како фенетиламин кое е поврзано со ослободувањето на ендорфините, односно, природни хемикалии кои прават да се чувствуваме подобро. Интересно е едно истражување направено од Универзитетот во Гвелф, Онтарио, кое испитало стотици претходно направени истражувања за потенцијалните афродизијаци. Истражувањето покажало дека иако луѓето веруваат дека нивната сексуална желба се зголемува после јадење чоколадо, тоа не е поврзано со кој било начин на сексуално возбудување или задоволство. Со други зборови, сексуалната моќ на чоколадото се наоѓа во мозокот, каде што предизвикува ослободување на серотонин и ендорфин.rnrnХрана која го подобрува либидотоrn

    Кафе

    rnИако здивот кој мириса на кафе и не е многу привлечен, сепак кафето има некои својства кои го зголемуваат либидото. Една студија открила дека нагонот за секс се зголемува кај жената откако таа ќе се напие малку кафе кое, пак, го стимулира делот од мозокот одговорен за регулирање на возбудата. Бидејќи спиењето е многу важно за вашето здравје, не заборавајте дека доволно е само мало количество кафе за да ја зголемите желбата за секс и истовремено да не му наштетите на сонот.rnrnХрана која го подобрува либидотоrn

    Јајца

    rnЈајцата се сигурен извор на Л–аргинин, вид аминокиселина која се покажала како делотворна при лекување на еректилната дисфункција. Затоа вклучете ги јајцата почесто во вашето мени. Навечер обидете се да подготвите вкусна и лесна вечера со јајца.rnrnХрана која го подобрува либидотоrn

    Праски

    rnКремастата текстура, убавата боја и привлечниот мирис се само бонус причини поради кои ги јадеме праските. Докажано е дека праските содржат големо количество на витамин Ц, што влијае позитивно на плодноста кај мажите. Поголемата консумација на праски значи и поголем број сперматозоиди. Замрзнатите парчиња праска содржат повеќе витамин Ц отколку свежите, па затоа сокријте некоја праска во замрзнувачот.rnrnХрана која го подобрува либидотоrn

    Шафран

    rnНајскапиот зачин на светот, шафранот, кој потекнува од цветот на качунката, има благ и нежен вкус и е дел од многу шпански и медитерански специјалитети. Одамна е познато дека шафранот опстојува од неговата репутација како афродизијак и оттука доаѓа и неговата висока цена (11 долари за еден грам). Најдобар начин за консумација е шафранот да го додадете во вашиот омилен чај. Освен тоа, можете да уживате и во многуте шпански деликатеси, како што е паељата, во која се додава големо количество шафран додека се подготвува.rnrnХрана која го подобрува либидотоrn

    Говедско месо

    rnГоведското месо е извор на цинк и железо, а ги задоволува и потребите за протеини и витамин Б. Тука е и привлечниот мирис и вкусот на месото подготвено на скара, за кои може да се каже дека се еден вид предигра која се јаде. Освен тоа што говедското месо го подобрува либидото, тоа е добро и за целокупната здравствена состојба.rnrnХрана која го подобрува либидотоrn

    Лубеница

    rnОва сочно овошје има невообичаено високо ниво на цитрулин, аминокиселина која телото ја користи за создавање на друга аминокиселина, аргинин, која го подобрува васкуларниот систем. Кај мажите, тоа значи здрава ерекција, а кај жените зголемено либидо.rnrnХрана која го подобрува либидото
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Храна која го намалува нивото на стрес

    Храна која го намалува нивото на стрес

    Наредниот пат кога ќе се почувствувате нервозно, под притисок или пак премногу стресно, составете оброк од наредниве неколку видови храна, кој за многу брзо време ќе ви помогне да се вратите во нормала.rnrnБлаги компири – Тие можат да бидат од голема помош при намалување на стресот бидејќи ја задоволуваат вашата потреба за јаглехидрати и шеќери. Тие се составени и од бета-каротини и други витамини кои му помагаат на вашето тело да ги процесира јаглеохидратите полека и со константно темпо.rnrnИсушени праски – Тие се полни со магнезиум, кој го намалува стресот и истовремено на природен начин ви ги релаксира мускулите.rn

    Портокали – Една германска студија во областа на психофармакологијата покажала дека витаминот Ц го намалува стресот и ги враќа крвниот притисок и кортизолот на нормално ниво, по стресна ситуација. Витаминот Ц исто така е и добар за подобрување на имуниот систем.Храна која го намалува нивото на стресБадеми, ф’стаци и ореви – Бадемите содржат во себе Б и Е витамини, кои го подобруваат вашиот имун систем, а ф’стаците и оревите помагаат при намалување на крвниот притисок.

    rnМисиркино месо – Ова месо содржи аминокиселени наречени Л-триптофан, кои го поттикнуваат испуштањето на аеротонин, хемикалија во мозокот која предизвикува да се чувствуваме добро. Поради тоа многу луѓе по јадење мисиркино месо изјавиле дека се чувствуваат релаксирано, дури и уморно. Документирано е и дека Л-триптофан има смирувачки ефект.rnrnСпанаќ – Недостатокот на магнезиум може да предизвика мигренски главоболки и чувство на умор. Една чинија спанаќ ви овозможува 40% од дневната потреба на вашето тело за магнезиум.Храна која го намалува нивото на стресЛососХраната која е богата со омега-3 масни киселини ве заштитува од срцеви болести. Нова студија покажала и дека е многу ефикасна при одржување на стресните хормони кортизол и адреналин на нормално ниво.rnrnЗелени зеленчуциБрокулите и останатите темно зелени зеленчуци изобилуваат со многу витамини, кои одлично му помагаат на вашето тело за време на стресни ситуации.rn

    Авокадомоносатурираните маснотии и калиумот во авокадото го намалуваат крвниот притисок. Националниот институт за срце, бели дробови и крв објавил студија во која пишува дека најдобриот начин за намалување на крвниот притисок е да се конзумира доволно калиум (во авокадото има поголемо количество отколку во бананата).Храна која го намалува нивото на стресДруги совети за намалување на стресот:

    rnrn

      rn011

    • Редовно вежбајте
    • rn011

    • Пијте енергетски шејк за доручек
    • rn011

    • Јадете помали оброци во текот на целиот ден, кои ќе ви помогнат со одржување на нивото на шеќерот во крвта (кога тој е низок се намалуваат менталната, физичката и психолошката енергија, а стресот се зголемува).
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.