КАФЕ ПАУЗА

Tag: прашања

  • Одговорете на овие 15 прашања и дознајте дали вашата врска има смисла

    Одговорете на овие 15 прашања и дознајте дали вашата врска има смисла

    Животот во две пар може да биде доста комплициран, а експертите откриваат дека преку овие 15 прашања навремено може да откриете дали има смисла да се впуштите во сериозна врска.rnrnОдговорете на овие 15 прашања и дознајте дали вашата врска има смислаrnrnПартнерите во многу врски се несреќни. И покрај тоа што се секојдневно заедно дури третина од нив опстојуваат во врски без секс.rnrnЗа да избегнете какви било проблеми во иднина, проф. Гери В. Левандовски Џуниор има составено збир од 15 прашања кои ќе ви помогнат да дознаете дали има смисла да влезете во врска и дали таа има иднина или е подобро, сепак, да останете сами.rnrnПрофесорот се занимава со психологијата на врските и смета дека преку овие прашања ќе откриете сè што треба да знаете за вашата врска.rn

    Еве ја листата со тие 15 златни прашања:

    rn

      rn 011

    1. Дали вашиот партнер прави да се чувствувате како подобар човек и дали вие го имате истото влијание врз него?
    2. rn 011

    3.  Дали се чувствувате пријатно при споделувањето на чувства со партнерот, дали верувате еден во друг, дали сте блиски и дали бидете премногу загрижени ако партнерот ве напушти?
    4. rn 011

    5. Дали партнерот и вие се прифаќате такви какви што сте, без да имате потреба да се менувате меѓусебно?
    6. rn 011

    7. Дали, кога се појавуваат несогласувања, разговарате со партнерот со почит и без негативност и незадоволство?
    8. rn 011

    9. Дали имате еднаква можност да донесувате одлуки во врската и дали имате еднаква моќ да влијаете врз развојот на врската?
    10. rn 011

    11. Дали сте најдобри другари со партнерот?
    12. rn 011

    13. Дали би му ја довериле на вашиот партнер лозинката од социјалните мрежи и банкарските сметки?
    14. rn 011

    15. Дали имате добро мислење за вашиот партнер без да претерувате на позитивен начин?
    16. rn 011

    17. Дали вашите пријатели и пријателите на партнерот мислат дека имате одлична врска?
    18. rn 011

    19. Дали има љубомора, изневерување или контрола на однесувањето во вашата врска?
    20. rn 011

    21.  Дали ги споделувате со партнерот истите вредности кога станува збор за политика, религија, важноста на бракот, желбата за родителство и воспитувањето на децата?
    22. rn 011

    23.  Дали вие и вашиот партнер сте подготвени да се откажете заради другиот од сопствените потреби, желби и цели, без да се почувствувате како нечија пречка?
    24. rn 011

    25.  Дали вашиот партнер и вие сте емотивно стабилни?
    26. rn 011

    27. Дали сте сексуално компатибилни со партнерот?
    28. rn 011

    29. Дали кога зборувате за себе и за вашиот партнер, почесто ги користите зборот „ние“ или зборот „мене“?
    30. rn

    rnИ покрај едноставноста, овој тест е поддржан од бројни научни студии. Преку прашања вие всушност ги осознавате темелите на здравиот однос. Можете да одговорите на нив и без партнерот, но треба да бидете потполно искрени со себе. Целта, се разбира, е да одговорите на што е можно повеќе прашања.rnrnА сега да ве запрашаме колку често се бакнувате? Одговорот може да открие колку долго ќе трае вашата врскаrn

  • 23 прашања што треба да ги поставите ако сакате некого вистински да запознаете

    23 прашања што треба да ги поставите ако сакате некого вистински да запознаете

    Дали има нешто повозбудливо од првата средба со некого и добивањето можност да се дознае неговата животна приказна? Без разлика дали станува збор за прв состанок или прва пријателска средба, можностите се широко отворени и следните неколку часови треба да ги поминете во откривање и споделување на вашите животни приказни.rnrn23 прашања што треба да ги поставите ако сакате некого вистински да запознаетеrnrnВо продолжение откријте кои прашања треба да ги поставите за да оформите целосен впечаток за личноста со која разговарате.rn

    1. Каде се гледаш себеси за 5 години?

    rnПреку ова прашање може да ги дознаете целите на личноста со која разговарате и да осознаете дали тие цели се поклопуваат со вашите.rn

    2. Кој момент од твојот живот ти е најинтересен во моментов?

    rnСо ова прашање веднаш ќе ги дознаете интересите на личноста и на тој начин ќе откриете дали си одговарате и дали споделувате нешто заедничко.rn

    3. Со кој филмски лик се идентификуваш и зошто?

    rnНа овој начин, заобиколувајќи го егото на соговорникот ќе откриете за каква личност се работи.rn

    4. Што посакуваш кога ќе ги дувнеш свеќичките од тортата или кога фрлаш паричка во фонтана?

    rnНа тој начин ќе откриете што личноста посакува и на што се надева.rn

    5. Зошто се разделивте со претходниот партнер?

    rnАко во одговорот вашиот соговорник го обвинува поранешниот партнер за тоа, тогаш вклучете го вашиот „аларм“.rn

    6. Какви се твоите релации со семејството?

    rnНе е секој близок со своето семејство, но начинот на кој соговорникот ја согледува оваа релација, многу зборува за него.rn

    7. Кој е твојот најголем страв?

    rnПонекогаш ова прашање ќе ви овозможи да ја откриете ранливата страна на другата личност. Обратете внимание!rn

    8. Кому му се обраќаше кога беше повреден/а или исплашен/а кога беше дете?

    rnАко одговорот е „Никому“- тогаш веднаш ќе дознаете како соговорникот се соочува со стресните ситуации. Но и ако одговори дека барал помош од родителите, тоа може да значи дека се работи за несигурна и зависна личност која постојано бара потврда од партнерот.rn

    9. Како се снаоѓаш со финансиите? Колку трошиш?

    rnМожеби со ова прашање ќе отидете предалеку, но имајте на ум дека финансиите се важно прашање во секоја релација.rn

    10. На што најмногу се гордееш?

    rnСо ова прашање може да откриете што најмногу цени соговорникот и како го поминува своето слободно време.rn

    11. Како се справуваш со стресот? Се јавуваш некому или се осамуваш?

    rnНачинот на кој ќе ви одговори ќе ви покаже што личноста очекува од блискиот кога има тежок период.rnrnПродолжете да читате на следната страница…rn

  • Не стапувајте во брак пред да ги одговорите овие 7 прашања!

    Не стапувајте во брак пред да ги одговорите овие 7 прашања!

    Процентот на разводи во западните земји покажува дека луѓето релативно лесно се одлучуваат за развод, најверојатно поради разликите во разбирањето на улогите во врската. Според статистиките, разводот често е поврзан со различните ставови за улогите во бракот. Затоа е важно да се утврди како двете страни меѓусебно се гледаат. Треба да се даде можност да се запознаете подобро и потоа да можете подобро да го разберете човекот со кој ќе го поминете својот живот. Се препорачува одговарање на следниве седум прашања пред да стапите во брак.rnrnОдговорете ги овие 7 прашања пред да стапите во бракrn

    1. Дали љубовта е уживање или жртвување за вас?

    rnПожртвуваност е израз кој многумина го занемаруваат во односот. Средновековните филозофи често овој вид љубов го нарекувале добар чин, а тоа значи дека потребите на другиот ги ставаме пред своите. Но, ако вие сте изворот на љубовта, треба да разговарате за тоа што се случува во ситуациите кога сте исцрпени и немате сила. Може ли другата страна да ја преземе улогата на оној што се жртвува?rn

    2. Дали бракот е нешто привремено или трајно?

    rnАко личноста каже дека бракот за неа е нешто трајно, добро е да се запрашате зошто мисли така, односно што тоа значи за неа. Што значи заветот за брак на личноста со која стапувате во брак? Тоа покажува колку во тешките ситуации тие се подготвени да бидат тука за вас.rn

    3. Кои лоши работи сте ги научиле од своите родители?

    rnСите во бракот внесуваме слабости и сили кои се темелат на она што претходно сме го научиле. Затоа, можеби би било добро во разговор да се увидат слабостите кои можете да ги пренесете од вашите родители на вашиот партнер. Она што можете да го научите од нив може да биде ваша идна слика.rn

    4. Што значи да се прости?

    rnПростувањето е основа на секој здрав брак бидејќи никој не е совршен. Многу често ќе бидете разочарани од однесувањето на вашиот партнер, но особено кога станува збор за нешто важно за двајцата, морате да умеете да простите. Простувањето не значи откажување во потрагата за правда, но понекогаш тоа може да биде ставено во втор план.rn

    5. Која улога ја игра храброста во врската?

    rnХраброста не е недостаток на страв, туку чекорење напред кога знаете дека е важно. Храброста ќе ви помогне да ги пребродите тешките периоди. Затоа, обидете се да процените во кој сооднос ја гледате храброста како морална вештина.rn

    6. Што е упорност и имате ли потешкотии да истраете пред предизвиците?

    rnКако вашиот партнер ја покажува упорноста? Дали покажал издржливост во работата, во однос на семејството и пријателите? Ако видите знаци на недостаток на упорност, тогаш бракот може да заврши на ист начин.rn

    7. Кој сум јас за тебе?

    rnДали вашиот партнер ја гледа вашата човечка вредност? Дали гледа нешто повеќе од тоа како се однесувате, како зборувате, дали сте посебни, единствени и незаменливи? Одговорот на ова треба да биде преку емоциите, да ве сака во добро и во зло. Особините на човекот кој го имате покрај себе доста говори кои сте навистина вие.rnrnЗа оние кои се двоумат, прочитајте ги и 3-те знаци кои покажуваат дека веќе сте со личноста со која ќе стапите во брак.

  • Најдобриот одговор на прашањето „Кажи ми нешто за себе“ на интервју за работа

    Најдобриот одговор на прашањето „Кажи ми нешто за себе“ на интервју за работа

    Гери Барнисон, директор на фирма за регрутирање, открива како да се однесувате на интервју за работа за да бидете вработени.rnrnНајдобриот одговор на прашањето „Кажи ми нешто за себе“ на интервју за работаrnrnРаботодавците може да ви постават секакви прашања за време на интервјуто за работа, но едно од најчестите е „Кажи ми нешто за себе“. Најдобриот одговор кој Гери го добил на ова прашање гласи: „Се имам качено на највисоките планини на секој континент, вклучувајќи го и Монт Еверест“.rnrnОној работодавач кој нема да биде импресиониран од овој одговор сигурно има нереални стандарди. Факт е дека оваа кандидатка која ги искачила највисоките врвови во светот е успешна. Гери, кој раководи со фирмата „Корн Фери“, открива што точно бараат работодавците од кандидатите.rn

    Не се плашете да бидете тоа што сте

    rnПремногу луѓе на интервјуата за работа одговараат со рецитирање на своето резиме. Но, потребно е да кажете нешто што не стои во резимето, а може да ве претстави пред работодавачот. Кое било искуство слично на она на кандидатката која го искачила Монт Еверест може да отвори тема за разговор со работодавачот.rn

    Ризикувајте

    rnРаботодавачот веќе го има разгледано вашето резиме и знае какво е вашето претходно работно искуство. Предлогот да му/ѝ кажете нешто за себе е повик да споделите некоја анегдота или лична информација која ќе ја покаже вашата лична страна.rn

    Опуштете се

    rnСекој може да каже нешто интересно за себе, без разлика дали станува збор за хоби или необичен спорт. Важно е тоа да го раскажете на начин благодарение на кој ќе му останете на работодавачот во сеќавање. Затоа, мора да бидете опуштени за да се претставите подобро.rn

    Покажете дека сте страсни

    rnНа работодавците им е битно и дека се интересирате за нешто, без разлика за што се работи. Тие не сакаат пасивни работници, туку активни. Доколку трчате, тоа значи дека сакате предизвици, а доколку учите необичен јазик, тоа значи дека не се плашите да научите нешто ново и постојано да се надградувате.rn

    Бидете автентични

    rnНа интервјуто за работа најдобро е да покажете дека сте автентични. Опуштете се, бидете такви какви што сте и зборувајте искрено. Работодавачот ќе забележи ако лажете.rnrnОткако ќе завршат прашањата од страна на работодавачот, еве 5 прашања што вие треба да ги поставите на интервјуто за работа.

  • Правилото со 5 прашања од основачот на Тојота: Проверен метод за откривање на желбите и тајните

    Правилото со 5 прашања од основачот на Тојота: Проверен метод за откривање на желбите и тајните

    Основачот на јапонскиот автомобилски гигант Тојота, Сакичи Тојода, во секојдневниот живот го користел правилото „петорка“. Ова правило му помогнало да најде одговори на сите прашања и решенија за многу проблеми.rnrnПравилото со 5 прашања од основачот на Тојота: Проверен метод за откривање на желбите и тајнитеrnrnСе работи за ефикасен метод кој ќе ви помогне подобро да ја сфатите ситуацијата, како и да дознаете што криете, што се плашите да си признаете себеси и што всушност сакате. Поставете си себеси 5 „зошто“ прашања и искрено одговорете.rnrnДа речеме дека, на пример, сакате да купите златен прстен… Еве како би се применила стратегијата на петте „зошто“ во овој случај.rnrnЗошто број 1: Зошто сакам да го имам овој прстен?rnОдговор: Затоа што сакам сите пријатели да ми завидуваат.rnrnЗошто број 2: Зошто сакам сите пријатели да ми завидуваат?rnОдговор: Затоа што сакам да бидам подобар од нив.rnrnЗошто број 3: Зошто сакам да бидам подобар од нив?rnОдговор: Затоа што сум несигурен во себе.rnrnЗошто број 4: Зошто сум несигурен во себе?rnОдговор: Затоа што не се развивам, не напредувам, јас сум обична личност.rnrnЗошто број 5: Зошто не се развивам?rnОдговор: Затоа што се плашам од потешкотии и се плашам да ја напуштам зоната на комфорот.rnrnКаква врска има сето ова со прстенот?rnrnСакичи Тојода нѐ учи дека одговорот на петтото „зошто“ ја крие главната причина, која е тешко да се открие на прв поглед. Тој одговор всушност ви ја отвора сегашноста.rnrnОва е многу ефикасна метода која го открива она што всушност се плашите да си го признаете себеси и она што вистински го сакате. Можете да ја применувате во секојдневниот живот за разни проблеми и дилеми со кои се соочувате, но подеднакво ефикасна примена има и во професионалната сфера за идентификување на пречките во работата, застој во процесите и лоцирање на грешките.rnrnВаквите методи се интересен начин за решавање на проблемите во животот. Погледнете и како да се ослободите од депресијата и анксиозноста со помош на методот 54321.

  • Заборавете на овие 6 прашања ако сакате да изградите самодоверба!

    Заборавете на овие 6 прашања ако сакате да изградите самодоверба!

    Секој од нас има моменти во кои се преиспитува, но постојат одредени работи кои никогаш не треба да ги доведувате во прашање, па дури ни кога ќе ве фатат моменти на слабост. Не е лесно да се спротивставите на потребата за преиспитување или самообвинување. Ако страдате од анксиозност или депресија тоа е „составен дел“ од секој ваш ден. Но, постојат некои работи кои никогаш не би требало себеси да си ги правиме, а поставувањето на следниве прашања е меѓу првите што се наоѓаат на „забранетата листа“. Не е лесно да се промени начинот на размислување и да се излезе од вообичаените обрасци, но вреди да се обидете. Заборавете на следниве 6 прашања!rnrnrn

    1. Дали им се допаѓам?

    rnСакате да им се допаднете на колегите на работа, на семејството, на пријателите, на личноста што ви е драга. На некое ниво секој сака да им се допадне на луѓето. Можеби се прашувате дали ве сака вашиот шеф или колегите на работа. Можеби не е важно што тие секој ден јасно ви покажуваат дека сте им драги, еднаш кога ќе тргнете да размислувате колку е важно да му се допаднете некому готово е со рационалниот пристап на проблемот. Кога ќе забележите дека сте тргнале по тој пат, пробајте да го смените таквото размислување со тоа што вам ви се допаѓа кај вас самите. Тоа е подеднакво важно – најважно е да бидете задоволни од себе.rn

    2. Дали тоа беше грешка?

    rnСекој од нас во животот направил некои грешки, тоа е човечки. Но, не би требало себеси да се обвинувате со години за секоја направена грешка. Луѓето не се богови, тие се само луѓе и како такви грешат, вклучувајќи ве и вас. Немојте да бидете строги кон себе повеќе отколку што би биле кон некој што го сакате. Единствено што се смета на крајот е дали сте научиле нешто од тие грешки што сте ги направиле во животот.rn

    3. Што ако сè тргне наопаку?

    rnАко ве очекува нешто со коешто не сте се сретнале порано, природно е да имате трема. Не е едноставно да се исчекори од личната зона на удобност. Но, ако секој пат кога треба да пробате нешто ново се прашувате дали сè ќе тргне наопаку, ќе се мачите бесконечно бидејќи кога ќе го усвоите таквиот образец на мислење многу е тешко да се прекине. Постојаната изложеност на стрес остава и физички последици во вид на висок крвен притисок или вишок килограми. Немојте да си го правите тоа. Обидете се ова прашање да го замените со прашање колку ќе биде убаво или забавно тоа ново искуство.rn

    4. Што ако не успеам?

    rnНеуспесите се неизбежни, баш како и животните грешки. Обидете се барем еднаш, за промена, да се прашате „Што ако успеам?“. Наместо однапред да го развивате најцрното можно сценарио обидете се да ги согледате работите од поинаква перспектива. Во крајна линија, дури и од неуспехот може да се научи нешто ново.rn

    5. Дали сум доволно добар/добра?

    rnДали сум доволно добар за некоја работа, за некоја личност, за среќа? Ова се низа мисли што можат буквално да ви го уништат животот. Никогаш не би требало да се прашувате дали сте доволно добри за да заслужувате да бидете среќни, дали некој ве сака, дали некому ќе бидете важни. Добро е да се трудите секогаш да напредувате, да бидете подобра личност отколку што сте биле, да растете однатре, но не така што ќе ја доведувате во прашање сопствената вредност. Работете на вашата самодоверба така што ќе го „славите“ секој ваш мал успех. Сè додека не дојде оној ден кога ќе престанете да се прашувате дали заслужувате среќа.rn

    6. Што ќе мислат другите?

    rnКога нешто правиме, природно е да се прашаме како другите ќе реагираат на тоа. Меѓутоа, станува опасно ако единствено ви е важно туѓото мислење. Убаво е да бидете подготвени и да ги послушате советите и конструктивните критики. Во ред е да не им се допаѓа на сите она што го правите. Сè додека можете да се погледнете во огледало и знаете дека сте дале сè од себе, туѓото мислење не би требало премногу да ве погодува.rnrnШто мислите за овие прашања? Дали си ги поставувате постојано? Ако го правите тоа, време е да го смените начинот на кој разговарате со себе. Со среќа во градењето и јакнењето на вашата самодоверба!rnrnДознајте ги следниве 6 трикови за подобрување на самодовербата и соочување со потешкотиите во животот.

  • 4 важни прашања што треба да си ги поставите пред да започнете нова врска

    4 важни прашања што треба да си ги поставите пред да започнете нова врска

    Започнувањето нова врска е одлука која може комплетно да ви го промени животот. Треба да бидете сигурни дека влегувањето во нова врска е токму тоа што ви треба. Но, најдобро е доколку прво се преиспитате себеси. Ќе ви биде потребен добар разговор со себе за потрагата по нова љубовна авантура да ви донесе само убави моменти. Мора да знаете што сакате и да бидете сигурни во вашата одлука. Следуваат прашањата што треба да си ги поставите пред да започнете нешто ново на љубовен план.rn

    rn

    1. Дали се трудам да ги задоволам другите?

    rnНе си дозволувате да го напуштите домот без шминка дури и ако ве мрзи да се шминкате? Се обидувате да одберете секси облека за излегување, но со задоволство би оделе во растегната маица и стари фармерки? Постојано ги заобиколувате сопствените желби за да ги задоволите другите и тоа е очигледен знак дека не се прифаќате себеси. Сè додека не ја засакате својата индивидуалност и не се научите да ја цените својата сила, ќе ви биде тешко да изградите здрави односи.rn

    2. Можам ли да си го замислам животот надвор од врската?

    rnСосема погрешно е тоа што луѓето имаат тенденција да гледаат негативно на осаменоста. Во обид да ја пополните внатрешната празнина што настанала после паузата, настојувате повторно да изградите сè без да разберете што се случило. Неуспешните романси формираат магичен круг. Паузата е одлична прилика да се запознаете себе и да го посветите времето во пронаоѓање хармонија со надворешниот свет. Таквите моменти се важни за формирање на личноста. Игнорирањето може да доведе до емоционална криза.rn

    3. Дали и понатаму сум наклонета кон поранешниот дечко?

    rnМалку е веројатно дека обидот на „префрлање“ на друг дечко може да биде крунисан со успех. Порано или подоцна вашиот нов избраник ќе сфати дека се согласивте на состанок само за да го „заборавите“ поранешниот дечко на некое време – бидејќи вашиот однос нема да има безгрижна леснотија и искреност која е присутна помеѓу двајца заљубени.rn

    4. Дали чувствувам дека не сум целосно заздравена од токсичниот однос?

    rnПосле прекинот со бившиот дечко, дали имавте чувство на гадење кон спротивниот пол? Тоа не може да се реши без помош од психолог. Пред да влезете во нова врска мора да се позанимавате со она што го предизвикало вашето незадоволство и како тоа може да се избегне во иднина.rnrnДознајте ги и следниве работи за кои никогаш не треба да се извинувате во врската.

  • Кои прашања да му ги поставите на вашиот терапевт за да го извлечете најдоброто од терапијата?

    Кои прашања да му ги поставите на вашиот терапевт за да го извлечете најдоброто од терапијата?

    Секогаш е добра идеја да се појде на терапија. Тоа е место каде што можете да седите со обучен професионалец и да разговарате за сè што ви паѓа на памет додека истовремено добивате помош и совети. Но, доколку сакате да го извлечете најдоброто од сеансите, ви нудиме неколку дополнителни работи што таму можете да ги правите, вклучувајќи и поставување прашања.rnrnКои прашања да му ги поставите на вашиот терапевт за да го извлечете најдоброто од терапијата?rn

    „Нешто како училиште, работа или врска – колку повеќе инвестирате и вложувате во себе, толку повеќе шанси имате за придобивки и растење. Треба да се чувствувате апсолутно слободни за да му поставите прашања на вашиот терапевт и да ги изразите вашите потреби низ процесот“, вели Фрејер.

    rnНа пример, ако ги извршувате неделните „домашни задачи“ што ќе ви помогнат да бидете одговорни во преземањето активни чекори кон вашите цели, кажете му го тоа.rn

    1. Каков вид терапија нудите?

    rnАко штотуку се запознавте со вашиот терапевт, едно од првите прашања што треба да ги поставите е каков вид терапија тој нуди, затоа што постојат неколку.rnrnОва ќе ви помогне да научите повеќе за нивните области на експертиза, какви специфични интервенции во третманот користат, каков е нивниот став и како изгледа терапијата во позадина. Ова може да ви помогне да добиете впечаток за вашиот терапевт и ќе ви помогне да одлучите дали ќе ви одговараат неговите методи.rnrnВие нема да добиете квалитетна терапија ако не „кликнете“ уште од првата средба и не се чувствувате пријатно со стилот на терапија. Затоа, не се плашете да прашате.rn

    2. Како ќе знам дека сме компатибилни?

    rnМожеби ова прашање звучи незгодно, но сосема е во ред да бидете директни и да прашате дали си одговарате со вашиот терапевт и дали тој смета дека би можел да ви помогне. Ова е нешто што може да се случи во воведната сесија, каде што тој ќе зборува што може да ви понуди и кои се целите на терапијата. Доколку вашиот терапевт ви препорача некој друг терапевт тоа не е лош знак. Всушност тој сака да биде сигурен дека ве испраќа кај вистинската личност што ќе ви помогне најмногу.rn

    3. Како ќе изгледа мојот план за третман?

    rnОткако ќе разговарате и ќе ги покриете основните работи зошто воопшто сте пошле на терапија, можете да го прашате за нивниот план и за целите што ќе ги имате на вашите посети.rn

    „Ова е најважно во секоја терапевтска сесија затоа што овозможува насоки“, вели Кристин Ерскин, терапевт. „Ви овозможува да бидете на иста страница со вашиот терапевт во однос на тоа што сакате од терапијата.“

    rnЌе треба заеднички да поставите некои цели.rn

    „Кога целта ќе биде остварена, ќе можете да се префрлите на следната“, вели Ерскин.rnВашите цели можат да се променат дополнително за време на советодавниот процес доколку е потребно.rn

    4. Можете да ми помогнете во одредувањето цели?

    rnСосема е во ред доколку немате цели или не сте сигурни што е потребно да се случува понатаму. Тоа е моментот кога ова прашање ќе ви помогне.rn

    „Доколку имате потешкотии со дефинирање на вашите цели – што може да се случи доколку се чувствувате бедно и знаете дека сакате да бидете подобро – прашајте го вашиот терапевт за насоки како да ги составите“, вели Викторија Фишер, психотерапевт и лиценциран клинички социјален работник.

    rn

    5. Дали можете да резимирате за тоа што го разговаравме?

    rnБидејќи вие ќе покриете повеќе теми на разговор за време на секоја сесија, може од помош да ви биде кратко резиме пред да си заминете за да ги запомните главните точки.rn

    „Прашајте за потсетник на картичка или хартија за тоа што сте разговарале за време на сесијата или сами запишувајте белешки во вашата тетратка или во телефонот“, вели Ерскин.rn„Ова ќе ви помогне во приказот што сте разговарале во текот на неделата и да запомните да ги вежбате специфичните вештини кои заедно сте ги договориле.“

    rn

    6. На што треба да работам оваа недела?

    rn

    Можеби ќе сакате да прашате што имате за „домашна задача“ или на кои одговорности треба да работите во текот на неделата, било да е тоа книга која треба да ја прочитате или да работите на некоја општа интроспекција“, вели Никол Милер, лиценциран советник за ментално здравје.rnПрашувањето за „домашна задача“ надвор од канцеларијата ќе ви помогне да го зголемите вашето знаење, и исто така тоа ќе биде катализатор за да ја забрзате промената.rn

    7. Што мислите за моето напредување?

    rnОткако веќе сте биле на три или четири сесии, слободно прашајте го вашиот терапевт што мисли за вашиот напредок. Тоа на двајцата ќе ви даде шанса да увидите до каде сте стигнале и дали е постигнат некаков напредок.rnИсто така, тоа е одличен начин за да се забележат обрасците кои се повторуваат“, вели д-р Џејми Лонг лиценциран клинички психолог во Психолошка група во Форт Лаудердел.rnЗнаејќи ги проблемите што се повторуваат ќе ви помогне да направите корекции во терапијата или да нурнете подлабоко во нерешените проблеми, што е многу важно доколку сакате да го извлечете најдоброто од сесиите.rn

    8. Дали можам да бидам искрен/а за моите чувства?

    rn

    „И терапевтите се само луѓе, но доколку почувствувате дека нешто не е како што треба, ставете им до знаење. Не чекајте да станете ужасени од одењето на терапија“, вели Фишер.rnДобриот терапевт ќе ја цени вашата искреност, како и вашиот фидбек.rnМоже да биде тешко, но ако бидете искрени на овој начин тоа само ќе ви ги подобри сеансите. „Не само што ќе ги подобри туку и ќе го придвижи терапевтскиот однос кон воспоставување доверба и разбирање. Бидејќи главен фактор за секој позитивен исход од терапијата е – поврзаноста со вашиот терапевт.“

    rn

    9. Колку често треба да доаѓам?

    rnКолку често треба да го посетувате терапевтот, дали ќе биде тоа еднаш неделно, повеќе или помалку, зависи од многу фактори. Нема да ве здоболи ако прашате за негово мислење за да бидете сигурни дека ќе добиете најдобар третман.rn

    „Секогаш е добро да се започне со еднаш неделно за да се направи проценка, а после тоа како што поминува времето ќе можете да процените и да направите промена според вашите потреби“, вели Марин Зиглмен, лиценциран клинички социјален работник.

    rn

    10. Дали можеме да разговараме надвор од канцеларијата?

    rnДоколку сакате да го добиете вашиот терапевт помеѓу сесиите, тогаш ќе треба да знаете какви се неговите правила кога се работи за јавување, пишување или испраќање имејлови.rn

    „Важно е да се знаат кои се пречките за клиентот и неговиот терапевт надвор од сесијата“, изјави Зиглмен. „Дали тој/таа наплаќа дополнително доколку го/ја побарате надвор од сесија? Доколку е така, кои се правилата што важат за тој услов? Добро е да се знае дали можете да го/ја добиете дури и кога не се работи за итен случај.“

    rn

    11. Дали можете да ми дадете објаснување?

    rnРаботите кои се дискутираат во терапијата можат да бидат збунувачки и хаотични на моменти, особено ако вашиот терапевт изнесува некои концепти кои не ви се многу познати или ако прави сложени поврзувања. Ако се почувствувате збунето, експертите советуваат да се чувствувате слободни да прашате за објаснение.rnrnОва е дел од формирање силна врска помеѓу вас и вашиот терапевт, но исто така ќе ви помогне да добиете најдобар третман додека истовремено учите нови нешта и се информирате. Немојте да се плашите да кажете што мислите.rnrnТерапијата после сè во голема мера е тоа што вие ќе го направите од неа. Секако дека вашиот терапевт игра голема улога во тој процес. Слободно поставувајте прашања, бидејќи само на тој начин ќе го добиете потребниот одговор.

  • Експертите за кариера откриваат: 5 прашања што вие треба да ги поставите на интервју за работа

    Експертите за кариера откриваат: 5 прашања што вие треба да ги поставите на интервју за работа

    Интервјуата за работа можат да бидат навистина стресни, особено доколку првпат се соочувате со средба со потенцијален работодавач. На таа средба ќе го оставите вашиот прв впечаток, но и ќе стекнете ваш. Нормално е да чувствувате трема пред можноста што ви се укажува, бидејќи не одите секој ден на интервју.rnrn5 прашања што треба да ги прашате на интервју за работа според експертите за кариера rnrnЗа време на разговорот имате шанса да покажете дека сте заинтересирани за потенцијалното работно место и да откриете повеќе дали истото е за вас. Но, доколку сакате да оставите впечаток, додека истовремено и се информирате повеќе за работната позиција, на крајот од разговорот поставете ги и следниве пет прашања што ги издвојуваат експертите за кариера.rn

    1. Дали можете да образложите кои се секојдневните обврски што ги наложува оваа работа?

    rnОва е вашата шанса да дознаете повеќе за тоа што би го правеле и да добиете увид во посебните задачи на вашите секојдневни обврски. Вообичаено описите за работа во огласите опфаќаат само неколку работни задачи, па затоа ова е одлично прашање за да одлучите дали тоа работно место е правилно за вас. Тоа би ви помогнало да разберете како би изгледала идната работа и дали ќе ви одговара.rn

    2. Кои се карактеристиките на некој што би бил успешен во оваа улога?

    rnСигурен начин да видите дали работната улога ќе ви одговара е да дознаете дали вашата личност е на исто ниво со компанијата. Како што вели експертот за кариера:rn

    „Одговорот на ова прашање ќе ви помогне да разберете кои вештини и ставови ќе треба да ги покажете за да бидете успешни и ќе добиете увид во карактеристиките на оние кои би работеле со вас доколку ја прифатите работата.“

    rn

    3. Кои се предизвиците со кои се соочувале луѓето на оваа позиција или во вашиот тим?

    rn

    „За време на интервјуто сакате да добиете јасна претстава за тоа каква е работата, а истовремено и кои се предизвиците и наградите“, велат експертите.

    rnВашата работа треба да ве предизвикува, но исто така треба да знаете што прифаќате и дали ќе бидете способни да се снајдете со тоа.rn

    4. Доколку го работам ова, како ќе биде измерена работата што ја извршувам?

    rnСите сакаат јасни и изградени цели, се согласувате? Експертите советуваат:rn

    „ Поставувањето на ова прашање ќе ви даде повеќе специфични информации за успех во работата. Одговорот на прашањето ќе биде од помош дури и доколку не ја добиете работата – ќе имате можност да го искористите тоа што сте го дознале за да препознаете нови области за професионален развој.“

    rnДоколку знаете како ќе бидат мерени вашите работни постигнувања тоа може да ви помогне да бидете подобри и поефикасни на работното место.rn

    5. Колкава е платата?

    rnСпоред експертите заработувачката спаѓа во петте најважни фактори при вработувањето и навистина нема ништо срамно доколку го поставите ова прашање за време на интервјуто.rn

    „Огласите најчесто немаат никаква информација за плата, и иако разговарањето за пари може да биде тешко, важно е да се праша ова за да може платата да се спореди со просечната плата на пазарот и да се види дали има место за спогодба.“

    rnПрочитајте ја атмосферата во просторијата, па доколку не разговаравте за пари досега, искористете ја вашата можност и прашајте.rnrnДознајте и кое е најдоброто прашање што можат да ви го постават на интервју за работа.

  • Треба да разговарате со вашите деца. Секој ден. Тие разбираат сѐ, но многу работи не знаат!

    Треба да разговарате со вашите деца. Секој ден. Тие разбираат сѐ, но многу работи не знаат!

    Децата имаат стотици прашања секој ден, а родителите немаат стотици слободни минути во денот за да им ги одговорат. Сепак, тоа не значи дека нивните прашања не се важни и дека не заслужуваат време за да бидат одговорени.rnrnПрочитајте ја оваа приказна од секојдневието на еден татко, којашто ќе ве потсети на важноста за посветувањето време за разговор со своите деца.rnrnТреба да разговарате со вашите деца. Секој ден. Тие разбираат сѐ, но многу работи не знаат!rnrnРодител сум веќе осум години.rnrnЗа осум години, децата во мое време завршуваа основно училиште – т.н. осмолетка. Од првото учење букви, до полиноми, лектири, биологија, хемија, музичко, сè – многу информации може да се примат за осум години.rnrnКај родителството сето тоа е поразлично.rnrnТоа е претстава и улога за која нема школо.rnrnСекој ден и држиш и слушаш предавања. Истовремено си и професор и ученик. Учиш од секого, вклучително и од своите деца. Чист џез – бројни импровизации, но стандардите мора да се знаат. Бидејќи без стандарди нема ни добра импровизација.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrn– Тато, може ли да ми ја исушиш косата? Ме намокри додека ме тушираше.rnrn– Се разбира. Сакаш да ти ја расчешлам?rnrn–Да, сакам. Ти тоа најдобро го правиш и речиси никогаш не ме боли кога ти ме чешлаш.rnrn[/message_box]rnrnИскрено, не дека лесно го засакав чешлањето на косата на мојата ќерка, затоа што понекогаш знаеше толку многу да биде заплеткана што тоа беше пекол – и за мене и за мојата ќерка. Но, најдов начин како да биде што побезболно, така што нашиот ритуал за чешлање секогаш е и одлична можност за разговор.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrn– Знаеш, тато, тие двете момчиња кои вчера си играа со нас ми кажаа дека старата куќа зад нашата зграда е проколната, дека ги виделе знаците на сатаната, превртена ѕвезда и крв. Тие велат дека виделе демон. Се исплашив.rnrn[/message_box]rnrnМе обзема благ шок. Ја чешлам нејзината убава свилена коса и се прашувам: Од каде им се тие глупости на овие момчиња? Тие имаат само осум-девет години. Кој им кажал? Сигурно виделе на Јутјуб.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrn– Ќерко, тоа се глупости, момчињата лажат, каков демон… Да виделе вистински демон, тие сега ќе беа помочани од страв.rnrn– Сега ми е полесно. Бев исплашена од тие безобразни момчиња. Но, тато, тогаш кажи ми:rn

      rn 011

    1. Зошто момчињата лажат?
    2. rn 011

    3. Што се демони?
    4. rn 011

    5. И зошто се вели: помочан од страв?
    6. rn

    rn[/message_box]rnrnРазмислувам од каде да почнам со одговори, а темите се сложени. Децата на осум години многу разбираат, нема повеќе смисла да им се раскажуваат бајки. Колку поскоро им објасниш некои работи – толку подобро. Претпоставувам.rnrnИли не сум во право?rnrnПа, сега јасно е зошто родителството е предизвик – треба сѐ да протолкуваш и да му објасниш на детето. Но, што ако моите одговори не се добри? А многу прашања чекаат на ред… И тогаш другите ќе речат – тоа е резултат на домашно образование, татко ѝ така ѝ кажал.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrn– Злато, момчињата лажат од повеќе причини. Прво да ги фасцинираат оние кои ги лажат, второ за да се чувствуваат важни, трето да те исплашат тебе и твоите другарки, четврто – момците ќе продолжат да лажат дури и кога ќе пораснат. Всушност, сите лажат. И момчињата и девојчињата, и стари и млади. И јас понекогаш лажам…rnrn– Знам тато дека и ти понекогаш лажеш. На пример, кога ќе кажеш дека утре ќе ги вратиме книгите во библиотеката, а два месеци ги возиш во автомобилот. Или кога ќе кажеш дека повеќе нема да вечераш.rnrn– Баш така ќерко, нема луѓе коишто се имуни на лаги. Само што некои лажат цело време и ги лажат сите луѓе, некои само понекогаш кажуваат мали лаги, а политичарите пак, постојано го лажат целиот народ, особено пред избори. А, и ти и брат ти знаете понекогаш да излажете, особено кога ќе направите некоја беља.rnrn[/message_box]rnrnНе ѝ беше сеедно што ја ставив во група со лажговците, бидејќи иако понекогаш свесно лаже, не ѝ е сеедно кога ќе ја разоткриеме и ќе ја фатиме во лага. Со насмевка се повлекува од темата…rnrnТреба да разговарате со вашите деца. Секој ден. Тие разбираат сѐ, но многу работи не знаат!rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrn– Што се тоа избори?rnrn– Тоа следниот пат – голема тема, а ти си сѐ уште мала.rnrn– Не сум мала. Избори се кога се гласа.rnrn– Токму така. Тоа е тоа, а сега да одиме на другото прашање – демони.rnrn– Демоните се некои зли суштества како тој духот од ламбата што ја наоѓа Аладин, што го гледавме минатиот викенд во кино. Тие се невидливи и наводно им се прикажуваат само на некои луѓе. За нив се вели дека им се слуги на сатаната и дека доаѓаат од пеколот за да ги преземат човечките души. Ги тераат луѓето на зло и на правење грешки. Но, тоа не мора ништо да значи. Тоа е според верските книги. Има многу луѓе кои не веруваат во тоа и тие луѓе се атеисти. И тоа е во ред.rnrn– И што има во пеколот?rnrn– Не знам ќерко, не сум бил и се надевам дека нема ни да одам. Велат дека е жешко и дека ѓаволот долу ги готви и ги измачува душите на злите луѓе кои убивале, краделе и им правеле зло на другите. Ќе го учите тоа во училиште, по литература, историја, веронаука, по разни предмети. Ќе се споменува пеколот, а некои предмети тебе ќе бидат пекол ако не ти се допаѓаат, а треба да ги учиш.rnrn– Добро. Не ми се допаѓа пеколот. А ако го излажам бато дека не знам каде се наоѓа нешто негово и притоа му го сокријам, дали и тогаш се оди во пеколот?rnrn– Претпоставувам дека за тоа не се оди во пеколот, бидејќи на крајот сите души би завршиле таму поради мали лаги. Не верувам дека има толку многу место во пеколот.rnrn– Како мислиш нема место во пеколот? Дали тоа е како хотел што може да се пополни, па да нема веќе казани за варење лоши души?rnrn[/message_box]rnrnСе смеев во себе. Нема веќе казани во Хотел Пекол. Звучи како сценарио на Тарантино.rnrnДецата се бескрајно духовити.rnrnОд спалната жена ми брза, веќе е доцна, таа не може да спие, а нас ни остана и третото прашање. Викам: Готови сме за една минута, иако знам дека ќе ни требаат најмалку уште пет.rnrnЗначи, лажам – око не ми трепнува.rnrnКосата ѝ станува се порасчешлана и поцврста. Ѝ ја мирисам. Го има тој специфичен детски мирис кој релаксира и исполнува. Понекогаш сакам да го вдишам и тој мирис на љубов засекогаш да ми остане во носот и во белите дробови. Звукот на фенот е исто така пријатен и го топли воздухот. За среќа е потребно толку малку.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrn– Тато, немој повеќе за пеколот да ми зборуваш, делува страшно. Туку, кажи ми зашто се вели: Помочан во гаќи од страв. Тоа е многу смешно. Како ем ќе се исплашиш, ем ќе се помочаш?rnrn– Тоа е затоа што кога луѓето ќе се исплашат од нешто, чувствуваат стрес и мускулите на мочниот меур и дебелото црево почнуваат да се празнат, со цел да се исфрли непотребниот товар и исплашениот човек да може полесно и побрзо да избега. Значи – стрес.rnrn– Ти и мама постојано го споменувате тој стрес, а никогаш не ви се случило тоа. Можеби евентуално кога сте биле мали бебиња. Тоа е смешно… Па тогаш вие немате толку многу стрес на работа колку што и двајцата се жалите. Дали е тоа некој вид лага?rnrn[/message_box]rnrnКосата е веќе сува, а таа требаше да биде одамна во кревет. Прашањата не престануваат, а одговорите може да траат цела ноќ. Како таа ги поврзува работите, понекогаш останувам запрепастен.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrn– За стресот ќе разговараме друг пат. Подготвена си за спиење. Бакнеж, и во кревет. Добра ноќ, ангелу.rnrn– Добра ноќ тато. Те сакам.rnrn[/message_box]rnrnТреба да разговарате со вашите деца. Секој ден. Тие разбираат сѐ, но многу работи не знаат!rnrnОди во кревет, останувам во полумрак. Фенот се лади, повторно се слушаат звуците на ноќните птици од балконот. Размислувам за ситуацијата од самиот почеток на разговорот. Што ѝ кажале момчињата и како се одвивал разговорот понатаму?rnrnТреба да се разговара со децата. Секојдневно.rnrnТие сѐ разбираат, но не знаат сѐ.rnrnТреба да им се одвои време.rnrnТреба себеси да се одвоиш од телефонот.rnrnТреба себеси да се одвоиш од телевизорот.rnrnТреба себеси да се одвоиш од сериите.rnrnТреба децата да ги одвоиш од цртаните.rnrnТреба себеси да се одвоиш од работата.rnrnТреба да најдеш време.rnrnТреба да разговараш.rnrnИнаку, луѓето за миг се оддалечуваат и отуѓуваат, и сѐ си мислиш – животот ми е одличен, сè е во ред, но всушност живееш во паралелен свет…rnrnТи во својот, а семејството во својот.rnrnТреба да се разговара, треба да се разговара со децата.rnrnНајди време. Денес си, утре може не си.rnrnА кој ќе ги подготви твоите деца за живот – ако не ти, божји човеку!?rn

    Автор: Антонина Велјановска