КАФЕ ПАУЗА

Tag: Прага

  • Дали би го пробале овој десерт инспириран од коронавирусот?

    Дали би го пробале овој десерт инспириран од коронавирусот?

    Кафуле во историскиот центар во Прага измисли десерт во облик на коронавирусот што е обид за кревање на бизнисот, а изгледа дека тоа навистина им успева, бидејќи овој десерт е веќе хит меѓу луѓето. The Black Madonna e кафуле кое постојано е полно со туристи, но поради пандемијата бизнисот стои во места, бидејќи земјата се бори со една од највисоките стапки на инфекции со коронавирус во Европа.rnrnКреаторот на десертот, Олга Будник, вели дека идејата ја добила за време на карантинот. Нашла фотографија на Интернет од коронавирус и веднаш решила дека треба да измисли таков десерт. Десертот е помал од тениско топче, има кора од чоколадо, бело чоколадо и сушени малини. Внатре има полнеж од ф’стаци и малини. Овој десерт е многу познат, а тие продаваат дури повеќе од 100 на ден.rnrnКафуле во Прага измисли десерт инспириран од коронавирусотrnrnПогледнете ги најдобрите тетоважи инспирирани од коронавирусот.

  • Прага од нова перспектива со неверојатни фотографии од дрон

    Прага од нова перспектива со неверојатни фотографии од дрон

    Патувачкиот фотограф Алан Брутеник сака да ги користи неговите способности како пилот на дрон за да истражува разни градови ширум светот. Алан го минува своето време во Лондон и Прага, па не е ни чудно што направил лет околу главниот град на Чешка. Неговите неверојатни воздушни фотографии од Прага го покажуваат градот во најдоброто светло досега и без сомнение ќе ве натераат да се спакувате и веднаш да заминете.rnrn Прага од нова перспектива со неверојатни фотографии од дронrnrnПрага е позната како градот на сто кули, и Алан навистина успеал да фати по една во секоја фотографија. Оние на кои им е позната Прага, веднаш ќе го препознаат плоштадот во Стариот град, домот на познатиот Астрономски часовник и градбите што ја покажуваат богатата историја на градот. Друга позната знаменитост е мостот Чарлс кој се протега над В’лтва и ги поврзува Замокот на прага и Стариот град.rnrn Прага од нова перспектива со неверојатни фотографии од дронrnrnПравејќи ги фотографиите за време на изгрејсонце, фотографот успеал да долови огнено небо кое ги „пали“ црвените покриви на градот. За Алан овие уметнички избори се основа за доловување на духот на градот. Неговата мисија е да ги охрабри другите да патуваат повеќе и да го истражат светот.rnrn Прага од нова перспектива со неверојатни фотографии од дронrnrnБез разлика дали ја истражува природата на Нов Зеланд или ја доловува историската архитектура на Фиренца, способноста на Алан да раскажува инспиративни приказни за неговите патувања го направила навистина влијателен. Уживајте во неверојатната Прага.rnrn Прага од нова перспектива со неверојатни фотографии од дронrnrn Прага од нова перспектива со неверојатни фотографии од дронrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Ако сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие места

    Ако сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие места

    Која е вашата дестинација од соништата? Кога би можеле да избирате, каде би отпатувале? Се вели дека човекот се богати само со искуствата. Секоја нова дестинација која ја посетуваме во нас остава неизбришлива трага и впечаток кој не може да се опише со зборови. Од ниедно патување никој не се враќа ист – нашите погледи кон животот и светот се со секој нов поминат километар малку поопширни. Всушност, во тоа се состои и суштината на патувањето – запознавање со новото.rn

    Париз, Франција

    rnАко сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие местаrnrnНа прво место, сосема оправдано, се наоѓа француската престолнина која важи за една од најромантичните градови во светот и ретки се луѓето кои немаат желба да го посетат ова место. За љубителите на француската култура, историја, уметност и фотографија, Париз е една непресушна инспирација. Конкретно, ако сте во Париз, тогаш мора да ја посетите и познатата Ајфелова кула која е и една од најпознатите знаменитости која градот може да ја понуди.rn

    Лондон, Велика Британија

    rnАко сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие местаrnrnЛондон е еден од најголемите европски градови кој вреди да го посетите поради неговата фантастична и специфична архитектура која е синоним за европската уметност, но и поради оние објекти кои го карактеризираат градот во поп културата како што се црвените говорници, нивниот јавен транспорт или познатите улици и места од историјата.rn

    Њујорк и Централниот парк, САД

    rnАко сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие местаrnrnНезависно колку ја сакате или не ја сакате Америка, сепак вреди да се истражат сите географски богатства кои ги нуди оваа земја на соништата. Прв на листата се разбира е Њујорк – големото јаболко кое денес стои како симбол за урбаната култура и модерниот живот во кој сѐ е дозволено. Природата и зеленилото се секогаш достапни кога на њујоршкото население ќе му здодее од модернизмот и брзото работно темпо и тие доаѓаат во форма на најпознатиот парк во светот. Централниот парк е едно естетски и визуелно привлечно место со неверојатна хортикултура кое секогаш изобилува со туристи.rn

    Езерото Абрахам, Канада

    rnАко сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие местаrnrnКанада сама по себе е неверојатна земја, посебно ако ја сакате зимата и снегот. Тука задолжително мора да го посетите и замрзнатото езеро Абрахам кое крие мноштво сино-бели балончиња, замрзнати под неговата површина. Оваа појава всушност е резултат на „работата“ на бактериите кои живеат во езерото, кога се хранат со алги, а потоа испуштаат гасови на метан кои во зимските периоди замрзнуваат и ја чинат оваа интересна глетка.rn

    Сината Лагуна, Исланд

    rnАко сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие местаrnrnСтанува збор за најпосетената и најпопуларната туристичка атракција на Исланд, која всушност настанала сосем случајно. Локалното населените забележало дека отпадната вода од геотермалната електрана која ги наводнува полињата што со години биле обликувани од лава, има лековити својства за нивната кожа, па така со тек на време таа вода ја претвориле во светски позната бања.rnrnПродолжете на следната страница за останатите 5 неверојатни градови на оваа листа.rn

  • Што треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?

    Што треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?

    Вистинскиот и најдобриот водич за патување најчесто доаѓа од непрофесионалните извори како што се пријателите или познаниците кои ги посетиле местата пред вие да го направите тоа. Искуството е секогаш гаранција за подобра реприза и може многу да помогне за оние кои за прв пат патуваат на некоја дестинација, доколку претходно се информираат пред да тргнат во својата авантура. Во продолжение прочитајте ги најважните работи кои треба да ги знаете за најголемите европски градови кои важат за едни од најдобрите туристички атракции, според искуствата на редовните туристи и посетители кои сигурно ќе ви помогнат многу повеќе од кој било водич.rn

    1. Виена

    rnШто треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?rnrnВистинските Виенчани се воздржани, културни и конзервативни луѓе, па препорачливо е да не се флертува со секоја дама, ниту пак да се започнува разговор со мажите во костуми. Во Виена само туристите носат хеланки, шорцеви и патики. Тука, кафето и утринските весници се дневен ритуал, a водата не се купува, туку се пие од чешма. Доколку сакате да го користите градскиот превоз, тогаш добро би било ако платите за билет, бидејќи виенските контролори се немилосрдни.rn

    2. Рим

    rnШто треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?rnrnПрво правило е дека не треба да се фрла паричка во секоја фонтана. Исто така, не треба да се чека ред за Колосеумот, бидејќи се влегува со истата карта која се купува на влезот на Форумот или во Музејот. Влезот во Ватикан е бесплатен во последната недела од месецот, а Пантеон е секогаш џабе. На улиците треба да се избегнуваат средбите со „трговците“ кои нудат по некој ситен подарок, а потоа трчаат по вас за да им дадете пари.rn

    3. Барселона

    rnШто треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?rnrnКатедралата Саграда фамилија навистина вреди да се посети. Колку и да е гладен, туристот не треба да јаде на Ла Рамбла, туку во Готскиот кварт. Локалното население добро го владее англискиот јазик, така што ќе можете да очекувате помош за насоки во секое време. Во Барселона, иако шаренилото, разиграноста и разнобојноста се присутни насекаде, сепак не треба да се очекува фламенко и весела, распеана атмосфера, бидејќи Каталонија не е Шпанија.rn

    4. Париз

    rnШто треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?rnrnВо Париз е невозможно да се види сѐ, а максимумот може да се постигне само со прецизно планирање и користење на метрото. Париз е скап град, па доколку сакате да заштедите тогаш треба да избегнувате да јадете на познатите авении или на Монмартр. Најдобрата и најевтината алтернатива се рестораните на железничките станици, кои се вистински уметнички дела. Да се чека ред за Ајфеловата кула е „фрлен“ ден, а доколку навистина сакате да се искачите, тогаш поминете ги 328-те скали до првото ниво, бидејќи погледот е прекрасен и оттука, а надолу можете да слезете со лифт. Мудрите туристи не влегуваат во големите продавници и шопинг центри, колку и да се привлечни, бидејќи тука се губат минимум 3 часа. Елисејските полиња најдобро е само да се поминат, бидејќи постојат само за Американците.rn

    5. Прага

    rnШто треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?rnrnБез размислување треба да се доплати за хотел во центарот. Не е пожелно да се оди на шопинг на Венцеславскиот плоштад, бидејќи може да се најдат идентични работи во околните места кои се многу поевтини. Не мора да пиете кафе во Старбакс или да јадете брза храна, бидејќи чешките ресторани имаат многу достапни и разумни цени на своите деликатеси. Доколку сакате да го посетите Карловиот мост, тогаш тоа треба да го строите наутро или во квечерините. Не треба да се нервира гардата на Дворецот Храдчани, бидејќи имаат силен темперамент и брзо го губат трпението. Во Прага секогаш треба со себе да понесете јакна, во кое било годишно време.

  • Колоритна прошетка низ Прага

    Колоритна прошетка низ Прага

    Сара Коцевска се занимава со фотографија само 2 и пол години, но нејзините дела се полни со живост и енергија која блика дури и од дождливите и мрачни сцени.rnrnКолоритна прошетка низ ПрагаrnrnВо октомври, 2013, таа ја посетила Прага, а од прошетката произлегол прекрасен сет фотографии кои го доловуваат чувството на градот.rn
    rn

    „Лично сметам дека најдобрите фотографии се оние случајните, ненаместените во студио. Оние природните, фатени во момент посебен сам за себе. Најмногу од сè сакам да шетам. Сакам да посетувам необични земји, а љубител сум и на различна храна и култура… Сакам да видам и дознаам сè што е различно, и особено сум среќна кога ќе фатам некој таков момент од секојдневниот живот, без разлика дали е тоа тука во Македонија или во странство.“

    rnКолоритна прошетка низ ПрагаrnrnОд прошетката во Прага, нејзиниот следен фотографско-туристички предизвик бил Сингапур, а следна на листата е Австралија. Со нетрпение очекуваме да ја видиме приказната која ќе ни ја раскажат фотографиите од новите прошетки на Сара.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Потеклото на најпознатите плоштади

    Потеклото на најпознатите плоштади

    Плоштадите се места каде што луѓето се среќаваат, прават бизнис зделки, се дружат или дискутираат за политика. Овие места ја комбинираат историјата на градот со моменталната атмосфера. За патниците, токму плоштадите се првите места кои тие ги посетуваат.rn
    rn

    Плоштадот Навона во Рим

    rnНа местото каде што денес се наоѓа плоштадот Навона, порано се наоѓал староримски стадион изграден од императорот Диоклецијан. Стадионот имал овална форма, исто како и денешниот плоштад. Плоштадот Навона е познат по Фонтаната на четирите реки кои всушност ги претставуваат четирите големи реки од познатите континенти: Нил во Африка, Ганг во Азија, Дунав во Европа и Рио де ла Плата во Америка. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Плоштадот Конкорд во Париз

    rnСместен во средината на Елисејските полиња, Плоштадот Конкорд изобилува со статуи сместени околу 3000 години стариот обелиск, подарок од Египет за Франција во 1829 година. Кога плоштадот бил изграден во 1763 година, тој бил на самиот раб на градот, кога граничел со полиња и градини. Елеганцијата на овој плоштад стои наспроти неговата мрачна историја, кога Конкорд бил место каде биле егзекутирани кралот Луј XVI, Марија Антоанета и Максимилијан Робеспјер. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Плоштадот Свети Марко во Венеција

    rnОвој плоштад го добил своето име според истоимената базилика Свети Марко и модерната палата Дукале, најпознатите венецијански атракции кои се наоѓаат една до друга. Плоштадот Свети Марко е создаден за време на првите денови од прогласувањето на Венецијанската Република. Заради нивната големина, токму овие градби се првото нешто што ќе го забележите кога ќе пристигнете во Венеција. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Црвениот плоштад во Москва

    rnИмето на овој плоштад не се поврзува со црвената боја, ниту со комунизмот. На руски се вика Krásnaja Plóščaď, што во превод значи убав или црвен плоштад. Најпозната атракција на овој плоштад е катедралата Свети Василиј, препознатлива по нејзините шарени куполи. На Црвениот плоштад, исто така, се наоѓаат и мавзолејот на Ленин и црквите и палатите на Кремљ. Во минатото, Црвениот плоштад бил пазар, место за крунисување на царевите, терен за воени паради, а денес е и концертна сцена. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Големиот плоштад во Брисел

    rnТрагедијата понекогаш може да доведе до големина. Откако централниот плоштад во Брисел бил уништен во војната со Луј XIV во 1695 година, градоначалниците на Белгија одлучиле да изградат нов плоштад, каде што сите градби ќе имаат иста висина и барокна фасада. Така, по четири години интензивна работа, беше создаден Големиот плоштад. Денес на Големиот плоштад се наоѓаат градското собрание, една црква и еснафски куќи за различни професии. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Плоштадот на имамот во Иран

    rnПлоштадот на имамот е вториот најголем плоштад во светот, веднаш зад плоштадот Тјенанмен во Пекинг. Конструкцијата на џамијата на овој плоштад е слична со конструкцијата на Таџ Махал. На овој плоштад, освен главната џамија, се наоѓаат и џамијата на шеикот Лотф Алах, Кралската палата и чаршијата која води до северната страна на плоштадот. Многубројните чајџилници на плоштадот ја надополнуваат глетката на плочките кои ја менуваат бојата во зависност од позицијата на сонцето. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Вашингтон сквер парк во Њујорк

    rnПред три децении Вашингтон сквер парк во Њујорк беше збиралиште на дилерите на дрога. Меѓутоа, со неговата реставрација која вклучуваше детално уредување и центрирање на фонтаната, ова место го доби својот гламур. Историјата на Вашингтон сквер парк опфаќа најразлични протести, закопи и паради. Денес во близина на фонтаната се собираат џез музичари кои импровизираат со музиката. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Плоштадот во стариот дел од градот Краков

    rnВеќе 800 години по ред, секој час од кулата Света Марија во стариот дел на Краков се слуша звук што означува предупредување. Уште од тоа време овој плоштад бил најголемиот средновековен плоштад во Европа. Тоа што порано бил пазарот во овој дел од Краков, денес е продавница за рачно изработени чипка, накит од килибар, украсни јајца во рококо стил и многу други орнаменти. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Плоштадот во стариот дел од градот Прага

    rnПлоштадот во стариот дел од градот Прага претставува хармонија на романескни, барокни и готски градби. Со векови ова место било центар на трговијата, сè додека во 1990-тите години не се појавиле договорите за приватизација. Во средината на плоштадот се наоѓа статуата на Јан Хус, верски реформатор кој бил изгорен на клада заради неговите верувања. Најинтересната атракција на овој плоштад е астрономскиот часовник, на кој секој час е претставен со симболични фигури, како што се Суетата и Смртноста. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Плоштадот Зокало во Мексико Сити

    rnПлоштадот Зокало е центар на животот во Мексико Сити од времето на Ацтеките. Опкружен е со федералните згради и Националниот дворец, а како најголема градба се издвојува катедралата, до која се наоѓа музејот во кој се изложени сите предмети пронајдени од ископувањата кои, исто така, се вршат во непосредна близина на катедралата. На овој плоштад секојдневно може да се сретнат улични забавувачи маскирани како Ацтеки кои го вршат ритуалот на прочистување пред катедралата. Потеклото на најпознатите плоштади
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • На кафе во Прага

    На кафе во Прага

    Автор: Александра ЧакаровскаrnrnКафетериите во Прага, главниот град на Р. Чешка, постојат уште од 19-иот век. Во тоа време биле главни центри на собирање на прашките интелектуалци, кои покрај дневниот весник задолжително имале и шолја кафе. Некои од овие кафе барови се зачувани до денес и привлекуваат многубројни туристи, токму поради нивната специфичност.На кафе во ПрагаДенешна Прага нуди многубројни кафе барови, каде освен добро кафе можете да пробате и вкусен десерт. По долгите прошетки низ магичните прашки улици, направете кафе пауза во едни од најпознатите кафе барови во Европа.rn
    rn

    Славија (Slavia)

    rnЦелата прекрасна атмосфера во Прага може да се долови токму од овој кафе бар. Славија е едно од најпознатите туристички места во Прага, кое освен добро кафе нуди и прекрасен поглед кон Прашкиот замок, Карловиот мост и Националниот театар. Ова место постои уште од 1884 година и било центар за собирање на сите познати писатели, интелектуалци и актери во Прага. Поранешниот претседател на Р. Чешка, Вацлав Хавел, во времето на својата младост бил редовен гостин.На кафе во Прагаrn

    Лувр (Louvre)

    rnОва место е познато по тоа што често го посетувале значајни личности како Франц Кафка, Алберт Ајнштајн и многу други. Уреден во француски стил, Лувр е задолжително место да се види доколку се наоѓате во Прага. Освен многуте варијанти на кафе, овде можете да вкусите и прекрасни десерти. Сепак, она по што овој кафе бар е познат е топлото чоколадо, кое со сигурност може да се каже дека е најдоброто во Прага.На кафе во Прагаrn

    Глоуб (Globe)

    rnКафе барот Глоуб е вистинско место каде можете да избегате од прашкиот метеж и да се релаксирате со некоја книга, пиејќи го вашето омилено кафе. Ова место истовремено е  книжарница и кафе бар, кое освен добро кафе нуди над 10,000 наслови на книги. А во случај да огладнете, од менито можете да изберете интересни закуски и десерти.На кафе во Прагаrn

    Ориент (Grand Café Orient)

    rnОвој кафе бар е уникатен по својот внатрешен декор, бидејќи е изработен во стилот на кубизмот. Сместен во центарот на Прага, Ориент е прекрасно место да направите кафе пауза од долгите прошетки низ градот. За подобар поглед на Прага, препорачуваме да седнете на една од терасите. Под кафе барот се наоѓа продавница со предмети во кубистички стил, каде можете да се подновите со некој сувенир.На кафе во Прага
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чешки бар во кој наместо келнери ве служат вовчиња

    Чешки бар во кој наместо келнери ве служат вовчиња

    Чешкиот бар „Vytopna“, згодните келнерки ги заменил со вовчиња-играчки. Инсталирал високотехнолошки модел на железничка пруга, во должина од 400 метри. Жедните гости ги послужуваат програмирани вовчиња, чии вагони се натоварени со нарачките. За да стигнат до нив и да им ги однесат пијалаците, тие минуваат низ тунели, градови и шуми. Инсталацијата е комплетна, идејата автентична, а резултатот фасцинантен. Чешки бар во кој наместо келнери ве служат вовчиња
    rn

    „Возовите се направени да испуштаат најразлични звуци. Персоналот знае точно колава е нивната брзина и ја регулира уште пред да ги натовари пијачките и да ги испорача до гостите. Претходно, електронски ги подесува вовчињата, во кој дел од шанкот тие да застанат. Сосема е лесно да се работи со нив“, вели менаџерот на барот, Томас Цекава.

    rn Чешки бар во кој наместо келнери ве служат вовчињаПреку следното видео погледнете како функционира новиот високотехнолошки систем на чешкиот бар:rn

    rn

    rnОваа необична инвестиција е вредна речиси 700.000 американски долари. Па, ако некогаш ве води патот во Прага, вреди да го посетите овој оригинален бар, каде пијачките никогаш не доцнат :-).rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?

    Зошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?

    Магична, мистична, прекрасна се само дел од атрибутите кои Прага, главната престолнина на Република Чешка, со сигурност ги заслужува. Сместена во срцето на Европа, плени со својата специфична архитектонска традиција, а воедно претставува и значајна раскрсница на која се среќаваат уметници и научници од целиот свет. Како популарна туристичка дестинација, Прага со гордост го зазема шестото место на најпосетувани европски градови.rnrnЗошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?rnrnПрага можете да ја сретнете под различни синоними: Градот со 100-те врвови, Срцето на Европа, Мајка на градовите. Но, дали сте знаеле дека овој град е познат и како Златна Прага?rnrnЗошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?Зошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?rnrnЕдна теорија поврзана со името Златна Прага, вели дека овој епитет ѝ е додаден за време на владеењето на чешкиот крал Чарлс IV, кога кулите на Прашкиот Замок биле покриени со злато.rnrnЗошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?Зошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?rnrnДруга теорија за Златна Прага е поврзана со владеењето на Рудолф II, кој ангажирал алхемичари за да ги претворат обичните метали во златни.rnrnЗошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?Зошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ѕидот посветен на Џон Ленон

    Ѕидот посветен на Џон Ленон

    Дали сте знаеле дека во Прага, Чешка постои ѕид посветен на големиот Џон Ленон? Овој некогаш обичен ѕид, во 80-тите години од минатиот век почнал да се преплавува со графити, пораки и стихови од песни на Битлси, па оттогаш претставува свето место за неговите фанови.rnrnЅидот посветен на Џон ЛенонrnrnВо 1988 година ѕидот претставувал место за искажување револт против режимот на Густав Хусак. Ова искажување на незадоволството подоцна довело до судир помеѓу стотици студенти и полицијата на „Карловиот мост“. Подоцна ова движење на младите студенти, од страна на властите иронично било наречено „Ленонизам“, претставувајќи ги овие млади луѓе како  алкохоличари, ментално заостанати, социопати и агенти на западниот капитализам.rnrnЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонrnrnСкоро сите посетители на ова место оставаат своја порака на ѕидот. Сепак, 90% од пораките не се поврзани само со Ленон, туку со  Битлси воопшто. Тажно е само тоа што ѕидот постојано се обновува и старите пораки веќе не се видливи. Сепак, луѓето секогаш смислуваат нешто креативно кое останува да инспирира, а многумина се навраќаат за да се потсетат и да ги видат новите работи.rnrnЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон Ленонrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.