КАФЕ ПАУЗА

Tag: поза

  • Едноставна јога поза што треба да ја правите по обилен оброк

    Едноставна јога поза што треба да ја правите по обилен оброк

    Празниците се период кога дури и најупорните прават отстапки кога станува збор за здравата исхрана. Но, без разлика дали си дозволувате залак повеќе само за време на празниците, еднаш неделно или еднаш месечно, добро е да знаете на кој начин може да се вари целата таа храна побрзо, подобро и полесно. Постои една јога поза што може да ви помогне во тоа. Имено, по оброкот, добро е да помогнете во варењето на храната со лесни вежби и истегнување. Сè што треба да направите по обилен оброк е да седнете на подот и да земете перница во рацете.rnrnЕдноставна јога поза што треба да ја правите по обилен оброкrn

    Вежба за забрзување на циркулацијата и на метаболизмот

    rn

      rn 011

    • Земете помека перница што ќе можете да ја завиткате и направете ја како валјак.
    • rn 011

    • Колку е поцврста перницата, толку е подобра за масажа на стомакот.
    • rn 011

    • Истегнете ги нозете и свиткајте ги стапалата кон остатокот од телото колку што можете повеќе.
    • rn 011

    • Свиткајте се нанапред, односно свиткајте го торзото над перницата и вдишете абдоминално и длабоко.
    • rn 011

    • Останете во таа положба онолку колку што ви е потребно за да се чувствувате полесно.
    • rn

    rnПогледнете го овој 20-минутен тренинг за почетници.

  • Позата „мачка“ е решение за сите проблеми во сексот

    Позата „мачка“ е решение за сите проблеми во сексот

    Женскиот оргазам е сè уште мистерија, не само за мажите, туку и за жените кои не си го познаваат своето тело и кои никогаш не истражувале што им одговара во креветот. Поради тоа, тешко доживуваат оргазам.rnrnПозата „мачка“ е решение за сите проблеми во сексотrnrnМеѓутоа, постои поза што ќе го реши овој проблем. Станува збор за „мачка“. Оваа поза е варијација на мисионерската и е одлична за стимулирање на клиторисот.rnrnОдносот го започнувате со мисионерската поза, така што пенетрацијата ќе биде полесна, но потоа партнерот нема да се потпира на рацете. Тој полека се спушта кон телото на жената, префрлајќи ја тежината на подлактиците и на колената. Целта е да бидете што е можно повеќе припиени еден до друг за да може машкиот полов орган да го стимулира клиторисот.rnrnМногу важна работа во врска со оваа поза е да ги одредите точниот притисок и близината затоа што оваа поза во никој случај не е наменета за груби и брзи движења. За стимулацијата да биде посилна, се советува жената да ги крене колковите кон телото на мажот. Позата е идеална за долг секс затоа што полека доведува до оргазам, но многу интензивен, особено за жената.rnrnСте чуле за секс позата НЛО? Оние што ја пробале гарантираат галактички добар секс.

  • Која е најлошата и најопасната секс поза за вашите гениталии?

    Која е најлошата и најопасната секс поза за вашите гениталии?

    Некои секс пози можат да бидат навистина опасни. Ако се надевате дека ќе доживеете оргазам додека стоите на глава, некој сигурно ќе се повреди. Додека повредите од сексот не се ништо ново, научниците откриле дека постои една поза која е поопасна од сите останати.rnrnКоја е најлошата и најопасната секс поза за вашите гениталии?rnrnСтанува збор за позата наречена „каубојка“.rnrnСпоред едно истражување, речиси 50% од случаите со скршен пенис се последица на оваа поза. Кога настанува оваа повреда, пенисот навистина се крши и предизвикува силна болка и отоци. За жал бидејќи повеќето мажи чувствуваат срам поради целата ситуација, не одат на лекар доволно брзо.rnrnСпоред истражувањето некои мажи трпеле и до 6 часа болка пред да побараат медицинска помош. Ова чекање е опасно бидејќи се зголемува ризикот од деформитет, па дури и полошо.rnrnИстражувањето открило дека причината за големиот број повреди е тежината на жената врз пенисот.rn

    „Нашата претпоставка е дека кога жената е врз мажот, таа ги контролира движењата и целата нејзина тежина е врз машкиот пенис. Ако настане грешка во пенетрацијата, таа речиси и да не чувствува и не прекинува.“

    rnНо „каубојката“ не е единствената поза виновна за скршени пениси. Истражувањето покажало дека „кучешката“ поза е одговорна за 29% од скршениците. Во овој случај вината им припаѓа само на мажите.rnrnЦелта на истражувањето е да им покаже на сите сексуално активни луѓе дека иако нема коски, пенисот може да се скрши. Ако имате секс и чувствувате и најмала болка, најдобро е да престанете. Еден оргазам не вреди за живот без оргазми.rnrnСте ги пробале ли секс позите кои ќе ви помогнат да се заљубите?

  • Одберете ја позата што ви делува најудобно и ќе ви откриеме каква самодоверба имате

    Одберете ја позата што ви делува најудобно и ќе ви откриеме каква самодоверба имате

    Можеби не сте знаеле, но постојат повеќе типови самодоверба кои во голема мера можат да го определат развојот на вашата кариера и изборот на професија. Доколку сакате да дознаете каква е вашата самодоверба, погледнете ја сликата и одберете ја позата што ви делува најудобно. Откако ќе одберете, прочитајте ги резултатите кои можеби ќе ве изненадат…rnrnОдберете ја позата што ви делува најудобно и ќе ви откриеме каква самодоверба иматеrn

    ПОЗА БРОЈ 1

    rn

    Имате самодоверба на ментор!

    rnНачинот на кој го држите зглобот покажува дека имате голема самодоверба во ситуации каде што сте еден на еден. Повеќе сакате да водите мали групи отколку големи. Ви се допаѓа кога луѓето ве слушаат, но го цените туѓото мислење. Сакате да решавате проблеми и да им помогнете на што е можно повеќе луѓе. Не е никакво изненадување тоа што имате улога на ментори на кои останатите им се восхитуваат.rn

    ПОЗА БРОЈ 2

    rn

    Имате пријателска самодоверба!

    rnНачинот на кој ја држите раката покажува дека уживате во односите и работата со колегите кои ги почитувате и кои ве почитуваат вас. Знаете дека врските се двонасочна улица и немате време за луѓето кои не го возвраќаат она што го добиваат. Не можете да ги поднесете непријатните луѓе. Претпочитате да поминувате време со поединци кои секогаш го кажуваат она што го мислат и никогаш не ја заобиколуваат вистината. Многу се фрустрирате кога луѓето ве лажат во лице. Ваков карактер имаат милионерите и луѓето на висока функција.rn

    ПОЗА БРОЈ 3

    rn

    Имате харизматична самодоверба!

    rnНачинот на кој ја држите раката зад грбот покажува дека сте харизматични водачи. Не ги гледате другите од високо и никому не сте љубоморни. Знаете дека во животот секогаш ќе постојат препреки, па затоа сакате да им помагате на луѓето. Останатите ви се восхитуваат поради вашата љубезност, великодушност и грижливост. Патот до успехот нема да ви биде толку долг! Ваков карактер имаат луѓето на високи позиции, како што се главните извршни директори и слично.rnrn[message_box title=”Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за себе, одберете како би ја носеле чантата и откријте ја вистината за вашиот карактер.” color=”yellow”]rnrnrn(1) Интересен тест што ќе ја открие вистината за вашиот карактерrnrn[/message_box]

  • Најефикасната јога поза за уништување на целулитот

    Најефикасната јога поза за уништување на целулитот

    Дали сте незадоволни од изгледот на вашите бутови и задник? И покрај тоа што внимавате на исхраната и редовно вежбате, сѐ уште имате целулит. За среќа, постои одличен, евтин и здрав начин како повторно да добиете цврста и затегната кожа. Ве заинтересиравме? Станува збор за една ефикасна јога поза.rnrnНајефикасната јога поза за уништување на целулитотrnrnОсвен што е корисна за опуштање, јогата помага и во борбата против целулитот. Истражувањата од Универзитетот во Харвард докажале дека вежбањето јога е најефикасен начин на подобрување на протокот на лимфата, за елиминација на токсините и спречување на задржувањето течности во телото.rnrnЈогата ја зголемува флексибилноста, кожата станува поеластична и посјајна, мускулите се дефинираат и зголемуваат, а сето тоа се одразува на општата состојба на телото што навистина станува помладо и повитално. Освен тоа, јогата ја подобрува целата мускулатура на телото и го зајакнува имунолошкиот систем.rnrnДоколку заедно со јогата, го промените и начинот на исхрана што значи дека ќе треба да се откажете од шеќерот и сите преработени производи и да се храните на природен начин со свежо овошје и зеленчук, јаткасти плодови, свежи немасни млечни производи, без премногу зачини, резултатите ќе ви бидат гарантирани.rnrnПоради детоксикацијата на телото и подобреното здравје, убавината на физичкото тело ќе стане огледало на вашата внатрешна убавина и мир, а токму внатрешното задоволство е она што ѝ дава посебен сјај и убавина на жената.rnrnПостојат неколку јога пози што се добри за оваа цел, но ова е најефикасната. Треба секојдневно да ја практикувате оваа поза (можете да ја комбинирате и со други јога пози) околу 20 минути за да забележите видни резултати. Ако не можете да го правите ова секој ден, вежбајте барем 20 минути три пати неделно.rnrnКомбинирајте ја оваа јога вежба со трчање и физички вежби како што се клекнувања и исчекорувања. Ако имате време, вметнете и кратки масажи на критичните зони на суво (со сува четка) или со помош на омиленото масло и крема. Вежбата треба да ја правите што е можно посмирено, побавно и поконтролирано. Резултатите ќе бидат видливи по само еден месец.rn

    Како изгледа оваа јога поза?

    rnНајефикасната јога поза за уништување на целулитотrn

      rn011

    • Направете тесен расчекор.
    • rn011

    • Ставете ги рацете на колковите, свиткајте ја десната нога во колено и подигнете ја нагоре.
    • rn011

    • Со лесни движења, туркајте ја петата кон таванот.
    • rn011

    • Кога ќе завршите со подигнувањето на петата нагоре, со десната рака фатете го десниот зглоб на ногата.
    • rn011

    • Повлечете ја ногата што е можно погоре, а истовремено кревајте го и горниот дел од телото и левата рака во вис.
    • rn011

    • Останете во таа положба 20 секунди и притоа обидете се да дишете правилно.
    • rn011

    • Длабокото ритмичко дишење при изведување на оваа поза ја поттикнува хормоналната рамнотежа и на тој начин го снабдува телото со поголема количина на кислород, кој е неопходен дел од борбата против маснотиите.
    • rn011

    • Вратете се во почетната положба и повторете ја вежбата и со другата нога.
    • rn

    rnПа, што чекате? Започнете го денот со оваа ефикасна јога поза и гледајте како целулитот полека исчезнува!rnrnДоколку сакате да почнете со вежбање, погледнете ги и овие 7 ефективни јога пози за прекрасни гради.

  • Начинот на кој спиете со партнерот зборува за вашата врска

    Начинот на кој спиете со партнерот зборува за вашата врска

    Начинот на кој спиете заедно со вашиот партнер може да каже многу за вас, но и за вашата врска. Одредете го значењето според вашата вообичаена поза.rnrn(1) nachinot-na-koj-spiete-zboruva-za-vashata-vrska-kafepauza.mkrn

    Лажица

    rnВо оваа поза паровите лежат странично, при што партнерите се свртени еден зад друг и се допираат (како прегратка одзади). Овој начин на спиење е вообичаен на почетокот на врските и открива страст и потреба од блискост со партнерот.rnrnНачинот на кој спиете со партнерот зборува за вашата врскаrn

    Прегратка како на меден месец

    rnВо оваа поза партнерите лежат странично, свртени кон друг во цврста испреплетена прегратка. Делува многу романтично, но оваа поза покажува дека врската е на самиот почеток. Спиењето во оваа положба всушност е нереално бидејќи ја сопира циркулацијата на крвта во рацете, но партнерите кои вака спијат не можат да се изнаситат еден од друг, па затоа сакаат да се толку блиску дури и кога спијат.rn

    Заштитничка поза

    rnПартнерите спијат на грб, партнерката ја држи главата благо потпрена на градите и рамото на партнерот, а тој ја прегрнува со раката преку нејзиното рамо. Во оваа поза спие парот кој се чувствува пријатно и тоа укажува на долгогодишна и сериозна врска. Во прегратка е најчесто партнерката бидејќи таа е обично пониска, но може да биде и обратно, бидејќи оваа поза може да сугерира и потреба од внимание и кај двајцата партнери.rnrnНачинот на кој спиете со партнерот зборува за вашата врскаrn

    Заљубена прегратка

    rnВо оваа поза која потсетува на претходната, машкото лежи на грб, а партнерката странично, притоа свртена кон него. Таа ја потпира нејзината глава на неговите гради и го гали за едната рака. Тој пак ја држи партнерката во голема прегратка, а со другата рака ја држи нејзината. Ова е уште поинтимна поза од претходната и обично ја практикуваат паровите кои обожаваат да се галат, но и да се заштитуваат меѓусебно додека спијат.rn

    Лежерна прегратка

    rnПосле неколкугодишна врска, ова е омилената поза на многу парови. Оваа поза е многу слична на лажицата, но зафаќа повеќе простор. Двајцата партнери лежат странично, свртени во истата насока, но не се споени, туку помеѓу нив има простор, а машкото лежерно ја држи раката на својата партнерка, ја допира по рамото или по лицето. Оваа поза укажува на интимност во врската, како и на потреба од удобност за да можат партнерите да се наспијат.rn

    Прегратка со нога

    rnОваа поза им доаѓа на партнерите кога им е многу потребен сон, но сепак сакаат да го задржат контактот со саканиот/та. Двајцата се блиску, едниот партнер може да лежи на грб, а другиот на стомак, со префрлена нога преку нозете на партнерот. Всушност оваа поза може да настане во каква било поза на партнерите сè додека е возможна прегратка со ногата. На овој начин се покажува дека чувствата се силни, но сепак партнерите имаат потреба од сопствен простор за спиење. Се случува и кога заљубените ќе си легнат скарани.rnrnНачинот на кој спиете со партнерот зборува за вашата врскаrn

    Обратна лажица

    rnВо овој случај двајцата партнери лежат странично, исто како кај лажицата, со тоа што оној партнер кој вообичаено прегрнува одзади се врти кон другиот со грб барајќи да биде прегрнат. Дополнително оваа поза може да се засили со триење во интимниот дел. Ваквата поза често ја практикуваат жените кои сакаат да добијат прегратка од партнерот, но неретко значи и повик за секс.rn

    Зен стил

    rnПартнерите лежат на страна, свртени еден кон друг со грб и со подвиткани нозе кај колената, благо допирајќи се. Оваа поза ја преферираат партнерите кои сакаат да си имаат свој простор за спиење, но исто така укажува на независна двојка. Допирите се знак дека не отсуствува љубов и привлечност.rnrnНачинот на кој спиете со партнерот зборува за вашата врскаrn

    Секој на своја страна

    rnОва е всушност многу честа поза, бидејќи скоро половина луѓе во текот на спиењето се оттргнуваат од партнерот и се вртат на своја страна, така што нема потреба да се грижите. Во оваа поза партнерите спијат далеку еден од друг без никаков контакт. Во некои случаи, доколку партнерот во текот на спиењето се сврти кон својата страна, може да значи израз на желба за разделба или независност.rn

    На работ на креветот

    rnОва е многу ретка поза, но вообичаено подразбира дека еден од партнерите спие буквално на работ на креветот. Тоа може да значи две работи, или парот сè уште трага по удобна поза за спиење или се работи за многу креативни личности. Но, истовремено може да укажува и на желба едниот од партнерите да избега или крај на врската.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хороскопскиот знак ја открива вашата омилена секс-поза

    Хороскопскиот знак ја открива вашата омилена секс-поза

    Истражувањата покажуваат дека луѓето родени во различен хороскопски знак сакаат различни работи. Па така, истото се случува и со сексот. Ѕвездите им ги препорачуваат следниве секс-пози на хороскопските знаци за поквалитетен и поуспешен љубовен живот.rnrnХороскопскиот знак ја открива вашата омилена секс-позаrn

    Земјени знаци

    rnБиковите, девиците и јарците се познати како страсни љубовници, кои за време на екстазата мислат само на себе и на своето уживање. Овие хороскопски знаци сакаат да експериментираат и да испробуваат различни секс-пози. Сепак, најмногу уживаат во водење љубов стоечки. Најмногу им одговара тоа да биде интимно, односно лице во лице.rn

    Водени знаци

    rnРаковите, скорпиите и рибите ги карактеризира силен сексуален интензитет. Овие хороскопски знаци неретко градат емоционална врска преку сексуалните задоволства. Иако најмногу им одговара мисионерска поза, често практикуваат и некои други не толку конвенционални пози.rn

    Воздушни знаци

    rnДобрите познавачи на хороскопот велат дека близнаците, вагите и водолиите се променливи души. Тоа се однесува на нивниот карактер, но и на нивниот љубовен живот. Меѓутоа тоа не значи дека тие се склони на прељуба повеќе од другите. Добрата вест е што овие личности сакаат да експериментираат. Досада во кревет за нив е непозната работа. Обожаваат да водат љубов седечки.rn

    Огнени знаци

    rnКога станува збор за сексот, овните, лавовите и стрелците спаѓаат во групата на поагресивни љубовници. Мажите најмногу ги обожаваат кучешките позиции, додека жените преферираат да бидат одозгора. Овие личности сакаат пози во кои ќе можат да доминираат над партнерот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Запознајте ја Мими – мечката што сака јога

    Запознајте ја Мими – мечката што сака јога

    Честопати се зачудуваме кога ќе слушнеме дека животните прават работи кои се невообичаени за нив, како на пример кога вежбаат јога. Родена во финската зоолошка градина Атари, Мими е убава кафена мечка која секое утро практикува јога. Има три 2-годишни мечиња, па истегнувањето со јога-вежби го прави за да има поголема агилност при ловењето храна за нејзините малечки.Запознајте ја Мими: мечката што сака јогаИако денот кога овие слики се направени бил претерано топол, тоа не ја сопрело Мими да си ги направи своите вежби. Ова е невообичаено поради тоа што во топлиот период од денот сите животни одмараат и се засолнуваат од Сонцето, но со Мими тоа не е случај. Таа ја одржува секоја позиција 2 минути, а потоа преминува на следната.Запознајте ја Мими: мечката што сака јога.rn

    Фотографот Мета вели: „Мими прави три пози. Најпрво со левата шепа ја држи левата нога, па потоа со десната шепа, десната нога. Понекогаш и двете нозе ù се кренати, па таа со шепите ги одржува подигнати. Додека јас бев таму, таа го правеше тоа 15 минути.“

    rnЗапознајте ја Мими: мечката што сака јогаЗапознајте ја Мими: мечката што сака јогаОвие јога потези, Мими најверојатно ги научила од нејзината мајка. Чуварите на зоолошката градина никогаш не ù покажувале слични чекори. Таа исто така им покажува јога позиции на своите малечки, но иако тие не се во најдобра форма, убаво е да се види дека се трудат.Запознајте ја Мими: мечката што сака јога
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Како да бидете пофотогенични?

    Како да бидете пофотогенични?

    Според статистиките, на секоја секунда во светот се прават по 23 милиони фотографии, а на секои две секунди на Фејсбук се прикачуваат повеќе од 600.000 слики, така што воопшто не е чудно доколку сакате да научите неколку трикови за да бидете пофотогенични. Како и многу други работи во животот така и позирањето е талент кој може да се подобрува и усовршува.rnrnКако да бидете пофотогеничниrn

    Грижете се за кожата и лицето

    rnВашата прва одбрана од лоши фотографии е чистата и жива кожа. Мијте го редовно лицето и користите лосиони и хидратантни креми за да го освежите, но и за ги исчистите затнатите пори. Машките кои имаат брада пожелно е секогаш да внимаваат таа да е уредена и еднаква од двете страни на лицето.rnrnКако да бидете пофотогеничниrn

    Одберете ја вистинската облека

    rnВелат дека облеката го прави човекот. Посветете повеќе време при изборот на гардеробата пред да излезете надвор. Усогласете ги боите и дезените за да бидете сигурни дека тие ќе изгледаат одлично пред апаратот, притоа имајќи предвид дека големите и воочливи шари ќе ве засенат. Ова не значи дека секогаш треба да ги носите вашите најскапи парчиња облека за да изгледате добро, туку да искомбинирате парчиња облека кои навистина ќе одговараат на вашиот стил. Почнете да носите бои кои одговараат на вашата кожа (за мажи, за жени) и избегнувајте риги кои ќе му додаваат широчина на вашето тело. Клучно е да изгледате спокојно и смирено во она што го носите. Не само што облеката ќе изгледа одлично на вас, вие ќе изгледате посамоуверени на фотографиите.rnrnКако да бидете пофотогеничниrn

    Најдете ја вашата омилена фотографија

    rnЕве ви шанса малку да си ја истакнете суетата. Пребарајте нив вашите албуми и најдете ја онаа фотографија која ја сметате за ваша најдобра. Доколку не можете да се одлучите на која слика изгледате најзгодно и најубаво, побарајте друго лице да ја изврши задачата како непристрасен судија. Откако ќе ја најдете вашата омилена фотографија, добро проучете ги сите елементи и позиционирањето на вашето тело, запаметете ги и секогаш имајте ги на ум.rnrnКако да бидете пофотогеничниrn

    Вежбајте ја вашата поза

    rnДоколку во претходниот чекор не сте успеале да ја најдете вашата омилена фотографија, тогаш преминете на вежбање на класичната моделска поза. Класичната моделска поза бара од вас да го позиционирате вашето тело закосено од камерата прикажувајќи 3/4 од него, со едната нога понапред и едното рамо поблиску до апаратот од другото. Ова е многу полесно за девојките бидејќи тие имаат тенденција тоа да го прават природно, додека мажите си имаат потешкотии, поставувајќи се централно исправени пред апаратот. Исто така, можете благо да ја завртите главата на страна и да гледате право напред. Оној кој ќе ја погледне фотографијата ќе добие чувство дека вашиот поглед е вперен кон него, без разлика на аголот на гледање.rnrnКако да бидете пофотогеничниrn

    Смејте се

    rnВизуелизирајте се себеси како успевате. Верувале или не, оваа реченица навистина помага за да направите една фотогенична насмевка. Основната идеја е да се направи природна насмевка преку обземање од позитивни мисли. Позитивната мисла ќе се отслика и во вашите очи.rnrnКако да бидете пофотогеничниrnrnДа се сметате за фотогенична личност во голема мера се поистоветува со тоа да бидете опуштени и да се чувствувате слободно пред апаратот. Среќата навистина се пренесува од моментот на фотографијата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Декодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!

    Декодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!

    Секоја девојка има различен вкус за мажи. На некои им се допаѓаат момци со бебешко лице, други мечтаат за партнер кој има чоколаден тен. На некои најбитна им е бојата на неговите очи, на други неговото убаво тело, на трети стилот на облекување. Секој човек несвесно испраќа голем број невербални сигнали, кои доколку научите да ги препознавате ќе ви бидат од голема полза во секое животно поле. Па така додека „плакнете очи“ гледајќи во некое згодно момче, истовремено можете да дознаете доста информации за него: каков е неговиот карактер и што навистина чувствува за вас.rn.rn

    Што значи кога тој е свртен со неговите раменици и гради накај вас?

    rnДекодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Без разлика дали е свртен со горниот дел од телото кон вас, кон вашата пријателка или кон големата боца со пиво во кафулето во кое сте седнати на пијачка – бидете сигурни дека тоа му е најдрагото нешто во просторијата. Па доколку вие сте таа среќница кон која сексапилното момче е свртено, тогаш со сигурност ќе знаете дека му се допаѓате.rn.rn

    Што сака да каже кога ве гледа долго во очи?

    rnДекодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Прво нешто кое ќе ви падне на ум, е дека тој е „луд“ по вас, но бидете внимателни – тој можеби само си поигрува со вас. Одржувањето поглед во очи подолго од 5 секунди не е нешто кое му доаѓа природно, затоа што сте му привлечни. Можеби употребува некоја техника на заведување, со која сака да ве наведе да имате секс со него.rn.rn

    Што мисли кога ви се насмевнува со пола уста?

    rnДекодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Постојат големи шанси ова момче да сака малку да флертува, без притоа да има некакви сериозни намери со вас. „Насмевка со доза на иронија и потсмев е знак дека тој не е доволно искрен со вас“ – истакнува експертот за говор на телото, Пети Вуд. „Тоа е половична гестикулација. Со двете половини од неговото лице, тој ви кажува две различни приказни“ – додава таа.rn.rn

    Зошто ги поткрева веѓите кога ќе ве погледнува?

    rnДекодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Ова е добар знак. Кога маж гледа во жена која го привлекува, тој автоматски ги поткрева веѓите и притоа го збрчкува челото. Тоа трае кратко, па затоа вие ќе треба повеќе да се потрудите за да ја забележите оваа фацијална експресија.rn.rn

    Зошто ги потпира рацете на коланот?

    rnДекодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Ако го допира коланот, ги става палците во предните џебови, тој потсвесно сака да ви го сврти вниманието кон неговата „машкост“.rn.rn

    Тој стои со раширени нозе

    rnДекодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Момче кое често стои пред вас со раширени нозе и карлица, е дефинитивно „загреано“ за вас. Тоа е примитивен, биолошки инстинкт, за кој повеќето мажи не се свесни дека ја издава нивната намера.rn.rn

    Стои или седи со неговите стапала свртени едно кон друго

    rnДекодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Ова значи дека тој се чувствува малку несигурно во ваша близина. Па затоа ако забележите згодно момче кое ја прави оваа поза додека гледа во вас, значи дека е заинтересиран, но му треба некаков знак дека интересот е обостран.rn.rn

    Што значи кога ви се смешка срамежливо, со затворена уста?

    rnДекодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Со сигурност може да се каже дека му се допаѓате, но не сака да ви ги открие неговите чувства прерано. Тој е најверојатно малку срамежлив, а можеби и несигурен кога е во ваша близина.rn.rn

    Зошто ја врти главата на страна или надолу секогаш кога ќе ви се сретнат погледите?

    rnДекодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Наведнувањето на главата надолу или вртење на погледот на страна, е потсвесен секси знак дека машкото има чувства за девојката. Па доколку некое момче секогаш кога ќе го сретнете, срамежливо го оттргнува погледот од вас, а е повеќе од очигледно дека ве погледнувал, тоа е вашиот знак дека треба да му пријдете и да му се претставите, па дури и да му пуштите пијачка преку келнерот.rn.rn

    Што значи кога тој ви се насмевнува, поткревајќи ја неговата горна усна нагоре и притоа малце му се ѕиркаат забите?

    rnДекодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Оваа фацијална експресија е учтив знак дека нему му е убаво во ваше друштво, но нема романтични чувства за вас. Но, не грижете се. Ова не значи дека неговите чувства не можат подлабоко да се развијат.rn.rn

    Прстите му се потпрени на устата, ве гледа директно во очи и ѓаволски ви се потсмевнува. Хммм…

    rnДекодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!На ваков тип на маж ќе морате да му глумите недостижна девојка доколку сакате да ја придобиете неговата љубов. Тој сака да биде ваш предизвик, за да види колку сте спремни да се борите за него. Фатете го ако можете. 🙂